документарни филмови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokumentarni-filmovi/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 11:00:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png документарни филмови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokumentarni-filmovi/ 32 32 3. издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/film/3-izdanie-na-internatsionalniot-etnografski-filmski-festival-vo-bitola/ Fri, 19 Jul 2024 10:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=798397

Темите на третото издание на Интернационалниот Фестивал преку документарни филмови што ги избравме меѓу 2681 предложени за официјална селекција ги откриваат еколошките, социјалните и културните кризи од вчера и денес.

Некои ќе ве насмеат, некои ќе ве допрат, велат организаторите.

Влезот е бесплатен, а салата климатизирана.

Меѓународниот филмски фестивал на етнографски филмови годинава го има своето трето издание. На фестивалот ќе бидат прикажани 40 филмови, кои ја поминаа строгата селекција од вкупно 2.681 пријавени, што зборува за еден неверојатен интерес. Селекторот Тони Гламчевски ја изрази својата посветеност кон овој млад фестивал и кон одржувањето на традицијата на големиот фестивал.

Нашата цел е да останеме верни на суштината на „Илинденски денови“, прикажувајќи го потеклото и богатството на светските традиции преку седмата уметност. Филмовите годинава вклучуваат неверојатни автентични приказни кои даваат поинаква визура на традициите кои станале фокус на луѓето кои снимаат филмови.

The post 3. издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал во Битола appeared first on Република.

]]>

Проекција на документарен филм и дискусија за еколошката деструкција на војните https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsija-na-dokumentaren-film-i-diskusija-za-ekoloshkata-destruktsija-na-vojnite/ Mon, 22 Apr 2024 09:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=769200

Денес во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 19:30 часот а по повод Денот на планетата Земја ќе биде организирана проекција и дискусија на тема: еколошката деструкција на војните. Причината, за жал, е повеќе од јасна. Ужасите на војните се намножија во последните години: геноцидот во Газа, Украинската војна, војната во Судан, во Конго…

Природата е безгласната жртва на секоја војна. А сепак, голем дел од екологистите денес – молчат кога станува збор за војните. Како војната да не е ужас сам по себе! Како војната неизбежно да не предизвикува еколошка деструкција, страдање на целиот жив свет, а не само на луѓето! Па има прилично екологисти што се држат настрана од темата запирање на војните, како премногу политичка за нивниот префинет аполитичен вкус. Дури има и такви што активно учествуваат во разгорувањето на војните! Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, од Партијата на Зелените, со својот придонес за разгорување на Украинската војна, е најсрамниот пример!

Ќе биде прикажан документарецот „Отпечатокот на војните: природата на отстрел“ (2014) на Максимилијан Менх. Во него се прикажани низа последици од модерните војни што со години и децении по завршувањето на војните го загрозуваат нашиот екосистем и нас самите како дел од него. Проекцијата ќе биде на англиски јазик.

The post Проекција на документарен филм и дискусија за еколошката деструкција на војните appeared first on Република.

]]>

Денес во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 19:30 часот а по повод Денот на планетата Земја ќе биде организирана проекција и дискусија на тема: еколошката деструкција на војните. Причината, за жал, е повеќе од јасна. Ужасите на војните се намножија во последните години: геноцидот во Газа, Украинската војна, војната во Судан, во Конго… Природата е безгласната жртва на секоја војна. А сепак, голем дел од екологистите денес – молчат кога станува збор за војните. Како војната да не е ужас сам по себе! Како војната неизбежно да не предизвикува еколошка деструкција, страдање на целиот жив свет, а не само на луѓето! Па има прилично екологисти што се држат настрана од темата запирање на војните, како премногу политичка за нивниот префинет аполитичен вкус. Дури има и такви што активно учествуваат во разгорувањето на војните! Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, од Партијата на Зелените, со својот придонес за разгорување на Украинската војна, е најсрамниот пример!   Ќе биде прикажан документарецот „Отпечатокот на војните: природата на отстрел“ (2014) на Максимилијан Менх. Во него се прикажани низа последици од модерните војни што со години и децении по завршувањето на војните го загрозуваат нашиот екосистем и нас самите како дел од него. Проекцијата ќе биде на англиски јазик.

The post Проекција на документарен филм и дискусија за еколошката деструкција на војните appeared first on Република.

]]>
Шведски документарни филмови од денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shvedski-dokumentarni-filmovi-od-deneska-vo-kinoteka/ Thu, 10 Aug 2023 10:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=670733

Во Кинотека на Македонија од денеска до 15-ти месецов, во соработка со Амбасадата на Шведска, ќе бидат прикажани шведски документарни филмови. Како што е најавено, вечер на репертоарот ќе биде „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг.

Утревечер ќе се прикажува филмот „Историја – конци за Сами“ на Томас Џексон, а на 12-ти август „Децата на непријателот“ на Горки Гласер – Милер. Во понеделник, на програмата ќе биде филмот „Хор – една приказна за госпел хорот Тенста“ на Аманда Пешикан, а следниот ден филмот „Сабаја“ на Хогир Хирори.

-Секој од филмовите на репертоарот на неделата на шведски документарни филмови ве носи на едно поинакво кинематографско патешествие, почнувајќи со еден времеплов низ богатата историја и застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија, преку фасцинантно патување низ историските настани и митолошките слики на Сами (Лапонците) исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Самите, соопштија од Кинотека.

The post Шведски документарни филмови од денеска во Кинотека appeared first on Република.

АППТ организира инфо тури за странски новинари и блогери за промоција на македонските туристички атракции и дестинации https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-organizira-info-turi-za-stranski-novinari-i-blogeri-za-promocija-na-makedonskite-turistichki-atrakcii-i-destinacii/ Tue, 07 Jun 2022 12:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=512215

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја зајакна промоцијата на туристичките капацитети и можности на Македонија, водејќи се од заложбите и програмските активности, а кои ќе донесат бенефит во секој туристички регион во нашата земја.

Една од алатките која овозможува таргетирана, комплетна, сеопфатна и посуштинска промоција е организација на информативни патувања за странски туристички делегации.

Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони, велат оттаму.

Агенцијата за туризам ќе биде домаќин на претставници на Шибенско -Книнска Жупанија. Во хрватската делегација од градот Шибеник на информативното патување ќе дојдат, Ирис Укиќ Которац –заменик жупан шибенско – книнска жупанија, Грго Сожа – прочелник на општина Примоштен, Сашо Георгиевски – претседател на Хрватско-македонска тангента и Милена Георгиевска – секретар на Хрватско-македонска тангента.
Инфо Тура ќе се реализира и за ТВ Романија, со цел преставниците Тити Динка и Елена Дину од романската телевизија, кои се уредници на емисијата “кап компас” да снимаат документарен филм на тема културни наследства на Македонија, која ќе биде емитувана на програмата на ТВР.

Почесен гостин ќе ни биде г-ѓа Марјам Али Бин Тани Алфаласи која е СЕО на туристичката агенција Алабра Интернатионал и член на кабинетот на премиерот на ОАЕ. Ова информативно патување се организира со цел Македонија да биде овозможена како дестинација за туристите од Обединетите Арапски Емирати.

Македонскиот туристички сектор ќе реализира инфо тура за турски блогер Мелих Дасгин и Озлем Дасгин. Ова информативно патување ќе биде од големо значење за Македонија, блогерот Мелих ќе ја претстави земјава на турскиот пазар на неговиот фејсбук и инстаграм профил како и на неговата веб страна “inzinthegit.com”.
Andrea Quero и Daniele Fuccini при посетата на Македонија ќе снимаат два документарни филмови на тема културно наследство, кои ќе бидат емитувани на емисиите “Geo” и “Kilimangaro” на италијанските национални телевизии “RAI 1” и “RAI3”.
Деновиве во посета на Охрид и регионот се претставници на интернационалниот туроператор ТУИ-Обединето Кралство, чија цел е промоција на дестинацијата и привлекување на што поголем број на туристи од Англија.

Директорот на Агенцијата за туризам, д-р Љупчо Јаневски потенцира дека се е во насока за враќање на туризмот и зголемување на бројот на туристи на локално и државно ниво. Можеби ќе бидат потребни уште две години македонскиот туристички сектор да се врати на статистичките бројки од туристи и остварени ноќевања, доколку се задржи оваа позитивна прогресија во 2022 година приливот од туристичкиот сектор во македонската економија се очекува да ја надмине 2019 година. Девизниот прилив од ставка туризам во првиот квартал за 2022 година е 78.52 милиони долари што е за 8,45% поголем споредбено со истиот период 2019. Со ова темпо се очекува 400 милиони долари девизен прилив во БДП од туризмот за 2022, со што ќе ја надминеме одличната 2019г.

Директорот Јаневски во овој контекст ја коментираше и иницијативата “Отворен Балкан” која гледано од туристички аспект ќе овозможии поголема координација и соработка на меѓусебните активности поврзани со промоција и поттикнување на туристичките групи да ги посетат земјите, со цел зголемување на туризмот во овој дел на Европа. Лидерите од земјите на иницијативата „Отворен Балкан“ го видоа економскиот бенефит од туризмот како стопанска гранка, па така фокусот на самитот во Охрид на 7 и 8 јуни ќе биде насочен на туризмот и културата. На настанот ќе присуствуваат повеќе од сто новинари од регионот и Европа, што е одлична можност за туристичка промоција на земјите од Западен Балкан. Би сакал да надополнам дека “Отворениот Балкан” создава дестинација од 12 милиони домашни туристи доволно конкурентна и во самата дестинација, овозможувајки многу подобри конекции, делење позитивни практики, едукација и градење на стручен кадар, зголемена промоција со што се очекува на уделот од туризмот во БДП на секоја земја.

The post АППТ организира инфо тури за странски новинари и блогери за промоција на македонските туристички атракции и дестинации appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја зајакна промоцијата на туристичките капацитети и можности на Македонија, водејќи се од заложбите и програмските активности, а кои ќе донесат бенефит во секој туристички регион во нашата земја.
Една од алатките која овозможува таргетирана, комплетна, сеопфатна и посуштинска промоција е организација на информативни патувања за странски туристички делегации. Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони, велат оттаму.
  Агенцијата за туризам ќе биде домаќин на претставници на Шибенско -Книнска Жупанија. Во хрватската делегација од градот Шибеник на информативното патување ќе дојдат, Ирис Укиќ Которац –заменик жупан шибенско – книнска жупанија, Грго Сожа – прочелник на општина Примоштен, Сашо Георгиевски – претседател на Хрватско-македонска тангента и Милена Георгиевска – секретар на Хрватско-македонска тангента. Инфо Тура ќе се реализира и за ТВ Романија, со цел преставниците Тити Динка и Елена Дину од романската телевизија, кои се уредници на емисијата “кап компас” да снимаат документарен филм на тема културни наследства на Македонија, која ќе биде емитувана на програмата на ТВР. Почесен гостин ќе ни биде г-ѓа Марјам Али Бин Тани Алфаласи која е СЕО на туристичката агенција Алабра Интернатионал и член на кабинетот на премиерот на ОАЕ. Ова информативно патување се организира со цел Македонија да биде овозможена како дестинација за туристите од Обединетите Арапски Емирати. Македонскиот туристички сектор ќе реализира инфо тура за турски блогер Мелих Дасгин и Озлем Дасгин. Ова информативно патување ќе биде од големо значење за Македонија, блогерот Мелих ќе ја претстави земјава на турскиот пазар на неговиот фејсбук и инстаграм профил како и на неговата веб страна “inzinthegit.com”. Andrea Quero и Daniele Fuccini при посетата на Македонија ќе снимаат два документарни филмови на тема културно наследство, кои ќе бидат емитувани на емисиите “Geo” и “Kilimangaro” на италијанските национални телевизии “RAI 1” и “RAI3”. Деновиве во посета на Охрид и регионот се претставници на интернационалниот туроператор ТУИ-Обединето Кралство, чија цел е промоција на дестинацијата и привлекување на што поголем број на туристи од Англија. Директорот на Агенцијата за туризам, д-р Љупчо Јаневски потенцира дека се е во насока за враќање на туризмот и зголемување на бројот на туристи на локално и државно ниво. Можеби ќе бидат потребни уште две години македонскиот туристички сектор да се врати на статистичките бројки од туристи и остварени ноќевања, доколку се задржи оваа позитивна прогресија во 2022 година приливот од туристичкиот сектор во македонската економија се очекува да ја надмине 2019 година. Девизниот прилив од ставка туризам во првиот квартал за 2022 година е 78.52 милиони долари што е за 8,45% поголем споредбено со истиот период 2019. Со ова темпо се очекува 400 милиони долари девизен прилив во БДП од туризмот за 2022, со што ќе ја надминеме одличната 2019г. Директорот Јаневски во овој контекст ја коментираше и иницијативата “Отворен Балкан” која гледано од туристички аспект ќе овозможии поголема координација и соработка на меѓусебните активности поврзани со промоција и поттикнување на туристичките групи да ги посетат земјите, со цел зголемување на туризмот во овој дел на Европа. Лидерите од земјите на иницијативата „Отворен Балкан“ го видоа економскиот бенефит од туризмот како стопанска гранка, па така фокусот на самитот во Охрид на 7 и 8 јуни ќе биде насочен на туризмот и културата. На настанот ќе присуствуваат повеќе од сто новинари од регионот и Европа, што е одлична можност за туристичка промоција на земјите од Западен Балкан. Би сакал да надополнам дека “Отворениот Балкан” создава дестинација од 12 милиони домашни туристи доволно конкурентна и во самата дестинација, овозможувајки многу подобри конекции, делење позитивни практики, едукација и градење на стручен кадар, зголемена промоција со што се очекува на уделот од туризмот во БДП на секоја земја.

The post АППТ организира инфо тури за странски новинари и блогери за промоција на македонските туристички атракции и дестинации appeared first on Република.

]]>
Литванскиот режисер на документарни филмови, Мантас Квадеравичиус бил убиен во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/scena/film/litvanskiot-reziser-na-dokumentarni-filmovi-mantas-kvaderavichius-bil-ubien-vo-mariupol/ Mon, 04 Apr 2022 06:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=482882

Литванскиот режисер на документарни филмови, Мантас Квадеравичиус бил убиен во Мариупол, известила во неделата на "Twittter" информативната агенција на украинското министерство за одбрана.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа во изјава изразил сочувство.

Не само Литванија, туку и светот, изгуби познат креатор кој до последен момент, и покрај опасноста, работеше во Украина. Им посакувам на роднините, пријателите и љубителите на неговиот талент да пронајдат сили, рекол Науседа.

The post Литванскиот режисер на документарни филмови, Мантас Квадеравичиус бил убиен во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Литванскиот режисер на документарни филмови, Мантас Квадеравичиус бил убиен во Мариупол, известила во неделата на "Twittter" информативната агенција на украинското министерство за одбрана. Литванскиот претседател Гитанас Науседа во изјава изразил сочувство.