документарец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokumentarec/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:36:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png документарец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokumentarec/ 32 32 Документарецот „20 дена во Мариупол“ вечер во Музејот на современа уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dokumentaretsot-20-dena-vo-mariupol-vecher-vo-muzejot-na-sovremena-umetnost/ Thu, 27 Jun 2024 09:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=791219

Фондациите Отворено општество - Западен Балкан организираат проекција на документарецот „20 дена во Мариупол", добитник на „Оскар“ за документарен филм во 2024 година, информираат организаторите на настанот.

Документарецот ќе може да се погледне вечер од 21 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарен филм е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на „Пулицерова награда“ од 2023 година и претседател на Украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиејтедпрес“ и „Фронтлајн“, се наведува во соопштението.

The post Документарецот „20 дена во Мариупол“ вечер во Музејот на современа уметност appeared first on Република.

]]>

Фондациите Отворено општество - Западен Балкан организираат проекција на документарецот „20 дена во Мариупол", добитник на „Оскар“ за документарен филм во 2024 година, информираат организаторите на настанот. Документарецот ќе може да се погледне вечер од 21 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.
Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарен филм е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на „Пулицерова награда“ од 2023 година и претседател на Украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиејтедпрес“ и „Фронтлајн“, се наведува во соопштението.
 
The post Документарецот „20 дена во Мариупол“ вечер во Музејот на современа уметност appeared first on Република.

]]>
Премиера на документарецот за Авичи кој раскажува за последните денови на познатиот ди-џеј https://arhiva3.republika.mk/scena/film/premiera-na-dokumentaretsot-za-avichi-koj-raskazhuva-za-poslednite-denovi-na-poznatiot-di-dhej/ Sat, 15 Jun 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=787764

Новиот документарен филм за животот на ди-џеј Авичи, музичката легенда која трагично почина во 2018 година на 28-годишна возраст, од 9 јуни ќе биде достапен за пошироката публика. Приказната под наслов „Јас сум Тим“ (Avicii: I'm Tim) ќе го раскаже животот и последните денови на познатиот ди-џеј.

Тим Берглинг е роден во Шведска и првиот светски успех го постигна со песната „Levels“ од 2011 година. Се надоврзаа и хитовите „Lonely Together“, „Wake Me Up“, „Waiting For Love“ итн. Документарецот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Трибека“ во Њујорк. На интернет-страницата на филмскиот фестивал има и опис за филмов. Се вели:

„Во 2011 година, Авичи го освои светот со своите револуционерни хитови, поставувајќи рекорди и воодушевувајќи ја публиката со неговата заразна електронска музика. Неверојатната приказна за Тим Берглинг е обработена со страст и разбирање во филмот во режија на Хенрик Бурман, нурнувајќи длабоко во метеорскиот подем на Авичи до славата“.

Документарецот ги истражува и психичките проблеми на музичарот, особено анксиозноста и земањето непрепишани лекови. 3а тоа говорат и неговите пријатели.

Дознав дека зема лекови за болки. Јас пораснав со семејство каде што се дрогираа и гледав како луѓето земаат опијати и очите им се менуваат. Очите (на Берглинг) му беа како на зомби. Тие апчиња го менуваат и начинот на однесување, раскажува неговиот пријател Џеси Вејтс во документарецот.

Ќе бидат прикажани и досега невидени снимки од турнеите и поглед зад сцената - за шест години ди-џеј Авичи имал повеќе од 800 концерти.

The post Премиера на документарецот за Авичи кој раскажува за последните денови на познатиот ди-џеј appeared first on Република.

]]>

Новиот документарен филм за животот на ди-џеј Авичи, музичката легенда која трагично почина во 2018 година на 28-годишна возраст, од 9 јуни ќе биде достапен за пошироката публика. Приказната под наслов „Јас сум Тим“ (Avicii: I'm Tim) ќе го раскаже животот и последните денови на познатиот ди-џеј. Тим Берглинг е роден во Шведска и првиот светски успех го постигна со песната „Levels“ од 2011 година. Се надоврзаа и хитовите „Lonely Together“, „Wake Me Up“, „Waiting For Love“ итн. Документарецот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Трибека“ во Њујорк. На интернет-страницата на филмскиот фестивал има и опис за филмов. Се вели: „Во 2011 година, Авичи го освои светот со своите револуционерни хитови, поставувајќи рекорди и воодушевувајќи ја публиката со неговата заразна електронска музика. Неверојатната приказна за Тим Берглинг е обработена со страст и разбирање во филмот во режија на Хенрик Бурман, нурнувајќи длабоко во метеорскиот подем на Авичи до славата“. Документарецот ги истражува и психичките проблеми на музичарот, особено анксиозноста и земањето непрепишани лекови. 3а тоа говорат и неговите пријатели.
Дознав дека зема лекови за болки. Јас пораснав со семејство каде што се дрогираа и гледав како луѓето земаат опијати и очите им се менуваат. Очите (на Берглинг) му беа како на зомби. Тие апчиња го менуваат и начинот на однесување, раскажува неговиот пријател Џеси Вејтс во документарецот.
Ќе бидат прикажани и досега невидени снимки од турнеите и поглед зад сцената - за шест години ди-џеј Авичи имал повеќе од 800 концерти.  

The post Премиера на документарецот за Авичи кој раскажува за последните денови на познатиот ди-џеј appeared first on Република.

]]>
Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokumentaretsot-na-tamara-kotevska-ke-ima-svetska-premiera-vo-nujork-na-9-noemvri/ Tue, 31 Oct 2023 14:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=696726

Документарниот филм „The Walk“ на македонската режисерка Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември годинава на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти.

Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар.

Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена Земја“ во 2019 година, кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

Главен продуцент на филмот е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за Филм.

The post Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „The Walk“ на македонската режисерка Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември годинава на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови. Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар. Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена Земја“ во 2019 година, кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории. Главен продуцент на филмот е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за Филм.  

The post Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември appeared first on Република.

]]>
Документарец за „супермоделите“ кои ги одбележаа деведесеттите https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/dokumentarets-za-supermodelite-koi-gi-odbelezhaa-devedesettite/ Thu, 13 Jul 2023 10:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=660832

Документарна серија „Супермодели“ ќе се прикажува оваа есен. Како што посочува и насловот, се работи за низа ексклузивни интервјуа со супермоделки кои ќе проговорат што се случува на модната писта, но и зад неа.

Во документарецот на „Епл ТВ плус“ ќе учествуваат Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон. Режисерка е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грезер и Рон Хауард. Денот на прикажувањето е 20 октомври.

Моите сестри Кристи, Линда, Синди и јас сме воодушевени што можеме да ја споделиме нашата приказна со светот. Нема подобри луѓе од Брајан Грисер и Рон Хауард кои би ја оживеале нашата приказна, бидејќи знаеме дека тие ќе ја почитуваат, изјави Наоми во една прилика.

Денес четирите супермодели остануваат во првите редови на културата преку својот активизам, филантропија и деловна моќ.

The post Документарец за „супермоделите“ кои ги одбележаа деведесеттите appeared first on Република.

]]>

Документарна серија „Супермодели“ ќе се прикажува оваа есен. Како што посочува и насловот, се работи за низа ексклузивни интервјуа со супермоделки кои ќе проговорат што се случува на модната писта, но и зад неа. Во документарецот на „Епл ТВ плус“ ќе учествуваат Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон. Режисерка е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грезер и Рон Хауард. Денот на прикажувањето е 20 октомври.
Моите сестри Кристи, Линда, Синди и јас сме воодушевени што можеме да ја споделиме нашата приказна со светот. Нема подобри луѓе од Брајан Грисер и Рон Хауард кои би ја оживеале нашата приказна, бидејќи знаеме дека тие ќе ја почитуваат, изјави Наоми во една прилика.
Денес четирите супермодели остануваат во првите редови на културата преку својот активизам, филантропија и деловна моќ.  

The post Документарец за „супермоделите“ кои ги одбележаа деведесеттите appeared first on Република.

]]>
Се снимаше документарец за ,,Копачка” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-snimashe-dokumentarets-za-kopachka/ Mon, 03 Jul 2023 11:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=657688

Многубројни пејачи, играорци и инструменталисти од ЗФГ ,,Копачка" с. Драмче, Делчево викендов настапија на локалитетот Белчанско маало во с. Драмче и месноста Шишаро кај вила „Самовила“, каде се снимаше документарен филм за ,,Копачката". Документарниот филм е по сценарио и режија на Андреј Волкашин од Делчево, во соработка со ОХО продукција.

Имавме една извонредна можност на свој пијанечки автентичен начин да ја раскажеме приказната за фолклорното добро орото „Копачката“, кое е национално и светско културно наследство, впишано во УНЕСКО, во Репрезенативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото, но и за останатиот пијанечки изворен фолклор и сето тоа преку танцот, песните свадбарски, ороводните песни и раскажувањето за одржливоста на Групата и репертоарот, истакна претседателот на ЗФГ ,,Копачка", Перса Стојановска.

За членовите на групата како што додаде претседателката искуството е од огромно значење за презентирање на заштитеното оро од УНЕСКО.

Во една многу пријатна атмофера и возвишеност членовите ги редеа чекорите на орото и стиховите на песните. Во очекување на монтирање на конечната верзија на овој за нас многу значаен документарен филм, има се заблагодаруваме на сите за прекрасната соработка пред и во текот на снимањето, додаде Стојановска.

Снимањето на документарниот филм се реализира по повод 75 години од постоењето на Фолклорната група ,,Копачка".

The post Се снимаше документарец за ,,Копачка” appeared first on Република.

На „Браќа Манаки“ ќе се прикаже документарецот за Бигорскиот манастир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-brakja-manaki-kje-se-prikaze-dokumentarecot-za-bigorskiot-manastir/ Tue, 16 Aug 2022 13:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=540949

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината" посветен на големиот јубилеј на Бигорскиот манастир ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки".

„Со посебна радост информираме дека документарниот филм '1000 години Сведок на Светлината' на КАТ продукција, во вторник ќе биде прикажан во рамки на фестивалот „Браќа Манаки", на платото пред Офицерскиот дом во Битола, рече сестра Ефимија и порача дека проекцијата е слободна.

Таа потсетува дека филмот „1000 години Сведок на Светлината", кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод големиот јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година.

Премиерата на филмот беше на 15 април во Македонскиот народен театар и предизвика голем интерес и доби позитивни критики.

The post На „Браќа Манаки“ ќе се прикаже документарецот за Бигорскиот манастир appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината" посветен на големиот јубилеј на Бигорскиот манастир ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки".
„Со посебна радост информираме дека документарниот филм '1000 години Сведок на Светлината' на КАТ продукција, во вторник ќе биде прикажан во рамки на фестивалот „Браќа Манаки", на платото пред Офицерскиот дом во Битола, рече сестра Ефимија и порача дека проекцијата е слободна.
Таа потсетува дека филмот „1000 години Сведок на Светлината", кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод големиот јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година. Премиерата на филмот беше на 15 април во Македонскиот народен театар и предизвика голем интерес и доби позитивни критики.  

The post На „Браќа Манаки“ ќе се прикаже документарецот за Бигорскиот манастир appeared first on Република.

]]>
„Амадеус бенд“ во Скопје ќе промовира нова песна, видеоспот и документарецот за нивниот член Токан, кој почина од корона https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/amadeus-bend-vo-skopje-kje-promovira-nova-pesna-videospot-i-dokumentarecot-za-nivniot-chlen-tokan-koj-pochina-od-korona/ Tue, 15 Mar 2022 14:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=473263

На 17-ти март, во Скопје ќе гостува популарната група „Амадеус бенд“, кога ќе ја промовира новата песна и видеоспот за „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан.
„Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи
во целиот регион ја закажа промоцијата за 12 часот напладне во ресторан „Дион“ – ГТЦ.
Во присуство на членовите на бендот и македонската премиера на видеото, ќе биде прикажан и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од корона.
Истата вечер, со почеток во 20 часот „Амадеус“ во ресторанот ќе имаат концерт.

The post „Амадеус бенд“ во Скопје ќе промовира нова песна, видеоспот и документарецот за нивниот член Токан, кој почина од корона appeared first on Република.

]]>

На 17-ти март, во Скопје ќе гостува популарната група „Амадеус бенд“, кога ќе ја промовира новата песна и видеоспот за „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан. „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион ја закажа промоцијата за 12 часот напладне во ресторан „Дион“ – ГТЦ. Во присуство на членовите на бендот и македонската премиера на видеото, ќе биде прикажан и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од корона. Истата вечер, со почеток во 20 часот „Амадеус“ во ресторанот ќе имаат концерт.

The post „Амадеус бенд“ во Скопје ќе промовира нова песна, видеоспот и документарецот за нивниот член Токан, кој почина од корона appeared first on Република.

]]>
Шон Пен во Украина работи на документарец за војната со Русија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/shon-pen-vo-ukraina-raboti-na-dokumentarec-za-vojnata-so-rusija/ Fri, 25 Feb 2022 07:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=463550

Глумецот и режисер Шон Пен е во Украина и работи на документарен филм за тековниот руски напад.

Снимањето на филмот го потврдија од Кабинетот на претседателот на Украина од каде што вчера објавија на Фејсбук дека режисерот присуствувал на известувања за медиумите, се сретнал со вицепремиерката Ирина Верешчук и разговарал со новинарите и воениот персонал за руската инвазија.

Шон Пен ја покажува храброста што им недостасува на многу други, особено на западните политичари - се вели во соопштението, во кое се додава дека режисерот дошол во Киев да ги сними сите актуелни настани во Украина и „да му ја каже вистината на светот за руската инвазија“ во земјата.

Пен беше во Украина и лани во ноември, кога работеше на проект продуциран од студиото „Вајс“.

Оскаровецот со години учествува во многу меѓународни хуманитарни и антивоени акции.

The post Шон Пен во Украина работи на документарец за војната со Русија appeared first on Република.

]]>

Глумецот и режисер Шон Пен е во Украина и работи на документарен филм за тековниот руски напад. Снимањето на филмот го потврдија од Кабинетот на претседателот на Украина од каде што вчера објавија на Фејсбук дека режисерот присуствувал на известувања за медиумите, се сретнал со вицепремиерката Ирина Верешчук и разговарал со новинарите и воениот персонал за руската инвазија.
Шон Пен ја покажува храброста што им недостасува на многу други, особено на западните политичари - се вели во соопштението, во кое се додава дека режисерот дошол во Киев да ги сними сите актуелни настани во Украина и „да му ја каже вистината на светот за руската инвазија“ во земјата.
Пен беше во Украина и лани во ноември, кога работеше на проект продуциран од студиото „Вајс“. Оскаровецот со години учествува во многу меѓународни хуманитарни и антивоени акции.

The post Шон Пен во Украина работи на документарец за војната со Русија appeared first on Република.

]]>
По ненадејната смрт на актерката: Документарецот за Бети Вајт доби нов наслов https://arhiva3.republika.mk/scena/film/po-nenadejnata-smrt-na-akterkata-dokumentarecot-za-beti-vajt-dobi-nov-naslov/ Tue, 04 Jan 2022 12:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=440450

Во 900 кина ширум САД од 17 јануари ќе се прикажува документарниот филм за 100-годишнината од раѓањето на глумицата Бети Вајт. На 17 јануари таа ќе наполнеше точно сто години.

Сепак, откако, сега веќе, легендарната актерка почина на новогодишната ноќ, продуцентите го сменија насловот на ова остварување.

Така, „Бети Вајт: 100 години млада – роденденска прославаа“ (Betty White: 100 Years Young – A Birthday Celebration) го доби називот – „Бети Вајт: Прослава“ (Betty White: A Celebration).

Ние сме тажни поради нејзиното заминување. Во многуте години во коишто работевме со неа, развивме восхит и голема љубов кон Бети. Таа беше исклучителна личност и успешна забавувачка… Ќе продолжиме со плановите да го прикажеме филмот со надеж дека тоа ќе им овозможи на сите што ја сакаат - да го прослават нејзиниот живот, нагласувајќи дека она што таа го направи е национално богатство - соопшти продукциската двојка Стив Бошер и Мајк Тринклин.

https://republika.mk/scena/estrada/na-17-januari-trebashe-da-napolni-100-godini-pochina-holivudskata-akterka-beti-vajt/

Во меѓувреме, на интернет почнаа да се шират информации дека глумицата починала откако примила трета доза од вакцината против Ковид-19. Нејзиниот менаџер Џеф Витјас го негираше тоа.

Бети умре мирно во сон во нејзиниот дом. Некои тврдат дека нејзината смрт била поврзана со засилена доза, но тоа не е точно. Таа почина од природна смрт. Нејзината смрт не треба да се политизира бидејќи тоа не е животот што го живеела - изјави тој за „Пипл“.

Во документарецот ќе биде прикажан и дел од последното интервју со Бети.

The post По ненадејната смрт на актерката: Документарецот за Бети Вајт доби нов наслов appeared first on Република.

]]>

Во 900 кина ширум САД од 17 јануари ќе се прикажува документарниот филм за 100-годишнината од раѓањето на глумицата Бети Вајт. На 17 јануари таа ќе наполнеше точно сто години. Сепак, откако, сега веќе, легендарната актерка почина на новогодишната ноќ, продуцентите го сменија насловот на ова остварување. Така, „Бети Вајт: 100 години млада – роденденска прославаа“ (Betty White: 100 Years Young – A Birthday Celebration) го доби називот – „Бети Вајт: Прослава“ (Betty White: A Celebration).
Ние сме тажни поради нејзиното заминување. Во многуте години во коишто работевме со неа, развивме восхит и голема љубов кон Бети. Таа беше исклучителна личност и успешна забавувачка… Ќе продолжиме со плановите да го прикажеме филмот со надеж дека тоа ќе им овозможи на сите што ја сакаат - да го прослават нејзиниот живот, нагласувајќи дека она што таа го направи е национално богатство - соопшти продукциската двојка Стив Бошер и Мајк Тринклин.
https://republika.mk/scena/estrada/na-17-januari-trebashe-da-napolni-100-godini-pochina-holivudskata-akterka-beti-vajt/ Во меѓувреме, на интернет почнаа да се шират информации дека глумицата починала откако примила трета доза од вакцината против Ковид-19. Нејзиниот менаџер Џеф Витјас го негираше тоа.