документ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokument/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 11:32:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png документ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokument/ 32 32 Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ke-se-donese-nov-zakon-za-uchebnitsi-taka-shto-ke-se-razgranichi-shto-e-uchebnik-a-shto-materijal-za-uchene/ Mon, 28 Oct 2024 11:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=831638

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи, од кои треба да се нагласат зголемувањето на платите на наставниците, обезбедените учебници пред почетокот на учебната година, вложувањата во 36 големи реконструкции и 36 помали санации на инфраструктурни објекти како и континуираните средби со граѓански, претежно младински организации, што резултираше со неколку експресно прифатени барања на студентите.

Ова одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето за приоритетите во изминатите 4 месеци, на Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, што денес се одржа во Владата.

Ова покачување на платите на наставниците претставува сериозен придонес кон она што постојано го велиме: дека образованието е еден од приоритетите на оваа Влада, затоа што продуктот што образованието го дава претставува чувар на државата. Не само што овозможивме да се одвојат средства за покачување на платите, туку со СОНК успеавме да направиме повеќегодишен договор, за наставниците да се чувствуваат сигурни, да не зависат од моменталната состојба туку да знаат дека во следните 4 години загарантирано им е покачувањето на платите од најмалку 46% “, рече министерката Јаневска.

Во Министерството за образование и наука се подготвува стратешки документ во кој ќе има јасно дефинирани цели за долгорочен развој на квалитетот на образованието и насоки за остварување на тие цели.

Идејата е овој документ да биде на јавна расправа, а потоа да се донесе во Собранието, за во иднина, кој министер и да дојде, да знае по која патека ќе се движи образованието“, објасни министерката Јаневска, додавајќи дека врз основа на овој документ, потоа ќе се изготви и следната Стратегија за образование, во која подетално ќе бидат објаснети целите од Декларацијата.

Одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот на учебници во Општината Тетово, министерката посочи дека се обезбедени сите учебници што биле одобрени, а не биле испечатени во минатото и исто така, се дистрибуирани сите што биле побарани од училиштата. Напомена дека директорите не пријавувале оштетени учебници, за да ги заштитат сакајќи да ги заштитат родителите, кои според Законот, треба да се плати оштета во висина од 75% од цената на учебникот.

Колку учебници биле нарачани, толку биле дистрибуирани. Побарани беа учебници за предметите физичко воспитување, ликовно и музичко образование, а истите не се предвидени со Концепцијата за основното образование“, одговори Јаневска.

Наскоро, рече Јаневска, ќе се донесе нов Закон за учебници, по што ќе следи и донесувањето на подзаконските акти, носење нови концепции, како и нови учебници.

Откако ќе се донесе ова законско решение, ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење“, рече Јаневска.

 

The post Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење appeared first on Република.

]]>

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи, од кои треба да се нагласат зголемувањето на платите на наставниците, обезбедените учебници пред почетокот на учебната година, вложувањата во 36 големи реконструкции и 36 помали санации на инфраструктурни објекти како и континуираните средби со граѓански, претежно младински организации, што резултираше со неколку експресно прифатени барања на студентите.

Ова одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето за приоритетите во изминатите 4 месеци, на Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, што денес се одржа во Владата.

Ова покачување на платите на наставниците претставува сериозен придонес кон она што постојано го велиме: дека образованието е еден од приоритетите на оваа Влада, затоа што продуктот што образованието го дава претставува чувар на државата. Не само што овозможивме да се одвојат средства за покачување на платите, туку со СОНК успеавме да направиме повеќегодишен договор, за наставниците да се чувствуваат сигурни, да не зависат од моменталната состојба туку да знаат дека во следните 4 години загарантирано им е покачувањето на платите од најмалку 46% “, рече министерката Јаневска.

Во Министерството за образование и наука се подготвува стратешки документ во кој ќе има јасно дефинирани цели за долгорочен развој на квалитетот на образованието и насоки за остварување на тие цели.

Идејата е овој документ да биде на јавна расправа, а потоа да се донесе во Собранието, за во иднина, кој министер и да дојде, да знае по која патека ќе се движи образованието“, објасни министерката Јаневска, додавајќи дека врз основа на овој документ, потоа ќе се изготви и следната Стратегија за образование, во која подетално ќе бидат објаснети целите од Декларацијата.

Одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот на учебници во Општината Тетово, министерката посочи дека се обезбедени сите учебници што биле одобрени, а не биле испечатени во минатото и исто така, се дистрибуирани сите што биле побарани од училиштата. Напомена дека директорите не пријавувале оштетени учебници, за да ги заштитат сакајќи да ги заштитат родителите, кои според Законот, треба да се плати оштета во висина од 75% од цената на учебникот.

Колку учебници биле нарачани, толку биле дистрибуирани. Побарани беа учебници за предметите физичко воспитување, ликовно и музичко образование, а истите не се предвидени со Концепцијата за основното образование“, одговори Јаневска.

Наскоро, рече Јаневска, ќе се донесе нов Закон за учебници, по што ќе следи и донесувањето на подзаконските акти, носење нови концепции, како и нови учебници.

Откако ќе се донесе ова законско решение, ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење“, рече Јаневска.

 

The post Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење appeared first on Република.

]]>
Во документ на израелското Mинистерство за разузнавање се зборува за преместување на Палестинците од Газа во Синај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-dokument-na-izraelskoto-ministerstvo-za-razuznavane-se-zboruva-za-premestuvane-na-palestintsite-od-gaza-vo-sinaj/ Tue, 31 Oct 2023 08:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=696555

Во документ на израелското Министерство за разузнавање е претставена идејата за преселување на 2,3 милиони жители на Појасот Газа на Синајскиот Полуостров во Египет, објави „Тајмс оф Израел“.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна постоење таков документ, но го опиша како „концептуален“ и рече дека тој само изложува друга хипотетичка можна алтернатива.

Документот е со датум од 13 октомври - во него е опишана идејата за преместување на жителите на Газа во шаторски камп на северниот дел на Синајскиот Полуостров, потоа изградба на постојани градови за нив и создавање хуманитарен коридор.

Во документот не се споменува ништо за тоа што ќе се случи со територијата на Газа по преселувањето на нејзините жители. Досега нема сериозни дискусии во владата во врска со предлогот, се додава во извештајот на израелскиот медиум.

На 17 октомври, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во интервју за Си-Ен-Ен рече дека Каиро е подготвен да пропушти низ преминот Рафа на египетската граница со Газа камиони со хуманитарна помош за жителите на енклавата, но предупреди дека неговата земја нема намера да прими бегалци од таму на нејзина територија.

The post Во документ на израелското Mинистерство за разузнавање се зборува за преместување на Палестинците од Газа во Синај appeared first on Република.

]]>

Во документ на израелското Министерство за разузнавање е претставена идејата за преселување на 2,3 милиони жители на Појасот Газа на Синајскиот Полуостров во Египет, објави „Тајмс оф Израел“. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна постоење таков документ, но го опиша како „концептуален“ и рече дека тој само изложува друга хипотетичка можна алтернатива. Документот е со датум од 13 октомври - во него е опишана идејата за преместување на жителите на Газа во шаторски камп на северниот дел на Синајскиот Полуостров, потоа изградба на постојани градови за нив и создавање хуманитарен коридор. Во документот не се споменува ништо за тоа што ќе се случи со територијата на Газа по преселувањето на нејзините жители. Досега нема сериозни дискусии во владата во врска со предлогот, се додава во извештајот на израелскиот медиум. На 17 октомври, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во интервју за Си-Ен-Ен рече дека Каиро е подготвен да пропушти низ преминот Рафа на египетската граница со Газа камиони со хуманитарна помош за жителите на енклавата, но предупреди дека неговата земја нема намера да прими бегалци од таму на нејзина територија.

The post Во документ на израелското Mинистерство за разузнавање се зборува за преместување на Палестинците од Газа во Синај appeared first on Република.

]]>
Русија и Украина го поздравија кинескиот мировен план, но на Зеленски некои точки од договорот не му се јасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-ukraina-go-pozdravija-kineskiot-miroven-plan-no-na-zelenski-nekoi-tochki-od-dogovorot-ne-mu-se-jasni/ Fri, 24 Feb 2023 19:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=612897

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Москва го цени кинескиот план за решавање на конфликтот во Украина и е отворена за опцијата за постигнување на целите на „специјалната воена операција“ преку политички и дипломатски средства, додавајќи дека тоа би претпоставувало признавање на „новата територијална реалност“ во Украина, пишува Гардијан.

И украинскиот претседател денеска го искоментира кинескиот мировен план за време на прес-конференцијата по повод годишнината од руската инвазија.

„Добро е што Кина зборува за Украина. Пекинг нема лоши интереси. Според соопштението, Кина го почитува нашиот територијален интегритет. Но, прашањето е што следи по тие зборови. Прашањето е во чекорите и каде ќе водат тие. Некои точки во декларацијата ми се разбирливи, а со некои не се согласувам“, рече Зеленски.

Кина повика на обновување на мировните преговори меѓу Русија и Украина со цел да се стави крај на војната. На веб-страницата на кинеското МНР објавија документ со 12 точки. Во првата точка сите инволвирани страни се повикуваат да го почитуваат суверенитетот на сите народи. Планот го повикува светот „да го напушти менталитетот на Студената војна“ со ставање крај на „сите еднострани санкции кои не се одобрени од Советот за безбедност на ОН“.

Голем број земји воведоа санкции кон Русија, земјата која ја почна војната во Украина. Кина повикува на прекин на непријателствата преку дијалог и преговори, додавајќи дека Пекинг планира да „игра конструктивна улога“.

Кина исто така бара решенија за хуманитарната криза предизвикана од војната, заштита на цивилите и воените заробеници и безбедноста на нуклеарните централи. Под точката „намалување на стратешките ризици“ во кинескиот документ, се наведува дека „не смее да се користи нуклеарно оружје“ и се изразува противење на каква било закана која вклучува нуклеарно оружје.

Имено, Кина  објави документ од 12 точки во кој детално се опишува нејзината позиција за војната во Украина и повикува на прекин на непријателствата и започнување на мировни преговори.

Во документот насловен „Позицијата на Кина за политичкото решавање на кризата во Украина“, кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Секоја точка е проследена со параграф кој ја објаснува позицијата на Кина, но не дава конкретни предлози за тоа како треба да се постигнат позициите на Кина.

Во документот се наведени следните 12 точки: почитување на суверенитетот на сите земји, напуштање на менталитетот на Студената војна, завршување на непријателствата, продолжување на мировните преговори, решавање на хуманитарната криза, заштита на цивилите и воените заробеници, зачувување на безбедноста на нуклеарните централи, намалување на стратешките ризици, олеснување на извозот на жито, запирање на еднострани санкции, одржување стабилни индустриски и синџири на снабдување, како и промовирање на постконфликтна реконструкција.

Кинеската влада ги повика Русија и Украина да се вратат на дијалогот и ја отфрли секоја употреба на нуклеарно оружје како неприфатлива.

– Сите страни мора да ги охрабрат Русија и Украина да се движат во иста насока и што е можно поскоро да се вратат на директен дијалог – соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Министерството потврди дека „не смее да се користи нуклеарно оружје“.

– Не треба да се користи нуклеарно оружје и да не се вклучува нуклеарна војна. Треба да се спротивстави на заканата од нуклеарно оружје или нивна употреба – се наведува во документот.

Покрај тоа, Кина бара од двете земји да избегнуваат напади врз цивили.

– Страните во конфликтот мора строго да се придржуваат до меѓународното хуманитарно право, да избегнуваат напади врз цивили и цивилни објекти – нагласуваат од министерството.

Оваа војна е чувствително прашање за Пекинг поради неговите многу силни долгогодишни дипломатски и економски врски со Москва, зацементирани од заедничкиот интерес за противтежа на Вашингтон.

Утрово и Киев го објави таканаречениот „мировен план“ на Пекинг, велејќи дека тоа е „добар знак и сигнал дека Кина сака да се приклучи на глобалните напори за запирање на војната во Украина“, пишува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од украинската дипломатија.

Изворот додаде дека „Украина има и мировен план за кој се надева дека ќе ја добие поддршката од Кина“.

The post Русија и Украина го поздравија кинескиот мировен план, но на Зеленски некои точки од договорот не му се јасни appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Москва го цени кинескиот план за решавање на конфликтот во Украина и е отворена за опцијата за постигнување на целите на „специјалната воена операција“ преку политички и дипломатски средства, додавајќи дека тоа би претпоставувало признавање на „новата територијална реалност“ во Украина, пишува Гардијан. И украинскиот претседател денеска го искоментира кинескиот мировен план за време на прес-конференцијата по повод годишнината од руската инвазија.
„Добро е што Кина зборува за Украина. Пекинг нема лоши интереси. Според соопштението, Кина го почитува нашиот територијален интегритет. Но, прашањето е што следи по тие зборови. Прашањето е во чекорите и каде ќе водат тие. Некои точки во декларацијата ми се разбирливи, а со некои не се согласувам“, рече Зеленски.
Кина повика на обновување на мировните преговори меѓу Русија и Украина со цел да се стави крај на војната. На веб-страницата на кинеското МНР објавија документ со 12 точки. Во првата точка сите инволвирани страни се повикуваат да го почитуваат суверенитетот на сите народи. Планот го повикува светот „да го напушти менталитетот на Студената војна“ со ставање крај на „сите еднострани санкции кои не се одобрени од Советот за безбедност на ОН“. Голем број земји воведоа санкции кон Русија, земјата која ја почна војната во Украина. Кина повикува на прекин на непријателствата преку дијалог и преговори, додавајќи дека Пекинг планира да „игра конструктивна улога“. Кина исто така бара решенија за хуманитарната криза предизвикана од војната, заштита на цивилите и воените заробеници и безбедноста на нуклеарните централи. Под точката „намалување на стратешките ризици“ во кинескиот документ, се наведува дека „не смее да се користи нуклеарно оружје“ и се изразува противење на каква било закана која вклучува нуклеарно оружје. Имено, Кина  објави документ од 12 точки во кој детално се опишува нејзината позиција за војната во Украина и повикува на прекин на непријателствата и започнување на мировни преговори. Во документот насловен „Позицијата на Кина за политичкото решавање на кризата во Украина“, кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Секоја точка е проследена со параграф кој ја објаснува позицијата на Кина, но не дава конкретни предлози за тоа како треба да се постигнат позициите на Кина. Во документот се наведени следните 12 точки: почитување на суверенитетот на сите земји, напуштање на менталитетот на Студената војна, завршување на непријателствата, продолжување на мировните преговори, решавање на хуманитарната криза, заштита на цивилите и воените заробеници, зачувување на безбедноста на нуклеарните централи, намалување на стратешките ризици, олеснување на извозот на жито, запирање на еднострани санкции, одржување стабилни индустриски и синџири на снабдување, како и промовирање на постконфликтна реконструкција. Кинеската влада ги повика Русија и Украина да се вратат на дијалогот и ја отфрли секоја употреба на нуклеарно оружје како неприфатлива.
– Сите страни мора да ги охрабрат Русија и Украина да се движат во иста насока и што е можно поскоро да се вратат на директен дијалог – соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Министерството потврди дека „не смее да се користи нуклеарно оружје“.
– Не треба да се користи нуклеарно оружје и да не се вклучува нуклеарна војна. Треба да се спротивстави на заканата од нуклеарно оружје или нивна употреба – се наведува во документот.
Покрај тоа, Кина бара од двете земји да избегнуваат напади врз цивили.
– Страните во конфликтот мора строго да се придржуваат до меѓународното хуманитарно право, да избегнуваат напади врз цивили и цивилни објекти – нагласуваат од министерството.
Оваа војна е чувствително прашање за Пекинг поради неговите многу силни долгогодишни дипломатски и економски врски со Москва, зацементирани од заедничкиот интерес за противтежа на Вашингтон. Утрово и Киев го објави таканаречениот „мировен план“ на Пекинг, велејќи дека тоа е „добар знак и сигнал дека Кина сака да се приклучи на глобалните напори за запирање на војната во Украина“, пишува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од украинската дипломатија. Изворот додаде дека „Украина има и мировен план за кој се надева дека ќе ја добие поддршката од Кина“.

The post Русија и Украина го поздравија кинескиот мировен план, но на Зеленски некои точки од договорот не му се јасни appeared first on Република.

]]>
Трипуновски објави документ: Фирма за пелети блиска до Николовски купува дрва од Македонски шуми 10 пати поевтино од народот и книжи милиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-objavi-dokument-firma-za-peleti-bliska-do-nikolovski-kupuva-drva-od-makedonski-shumi-10-pati-poevtino-od-narodot-i-knizi-milioni/ Tue, 18 Oct 2022 09:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=562456

Слабата реализација на ЈП Македонски шуми, кои оваа година не обезбеди ниту 20% од потребната дрвна маса, што e далеку од потребната количина, ако се земе во предвид дека во државата скоро 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс, покрај тоа што има за цел да ги насочи купувачите кај одредени приватни стоваришта, ја вивна и цената на дрвната маса во плафон, што резултираше со поскапување на цената и на пелетите, истакна Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта и во пелетите власта виде бизнис, па гледаме како се распродава дрвна маса по цена 10 пати пониска цена од пазарната на фирми блиски до власта, за истите потоа да направат пелети и да инкасираат милионски добивки.

Ова е еден од договорите кој ЈП Македонски шуми го склучила со фирмата Еко Лајф ДООЕЛ, за сеча во Свети Николе, фирма која важи за блиска до Љупчо Николовски. Со овој договор ЈП Македонски шуми продава 3.165 метар кубен дрвна маса по цена за метар кубен од 300 денари за чемпрес и 525 денари за црн бор, изјави Трипубовски.

Тој подвлече:

Еден кубен метар дрвна маса по цена од 300 и цена од 525 денари, за фирма блиска до власта во услови кога еден кубен метар огревно дрво се продава и по цена над 5.000 денари.

Доколку власта навистина водеше грижа за граѓаните тогаш ова дрво наместо да се понуди на граѓаните со ниски примања кои не можат да си дозволат да се снабдат со доволна количина огревно дрво, за полесно да ја поминат зимата се дава на фирма блиска до власта и Николовски.

Но, очигледно е дека на власта не и е приоритет народот кој не може да си купи дрва и едвај преживува, туку бизнисот и процентите.

Имено, вкупната цена на дрвната маса од договорот е 1.578.250 денари за 3165 м3, и според пресметките ќе се добие околу 650.000 килограми пелет. Ако оваа количина ја помножиме со цена од 30 денари за килограм пелет доаѓаме до сума од 19.500.000 денари.

Дополнително, истата фирма има добиено договор за сеча во Делчево за 35.000 метри кубни дрво, од што би се добиле над 7 милиони килограми пелети, или ако се земе во предвид дека просечната цена на еден килограм пелет е околу 30 денари, фирмата ќе инкасира над 200 милиони денари.

Само со овие два договори, власта овозможува чиста заработка од над 3 и пол милиони евра за фирмата Еко Лајф блиска до Љупчо Николовски и СДС.

Тој го повика Јавното обвинителство да отвори случај и да утврди зошто ЈП Македонски шуми не обезбедило доволно дрвна маса во своите складишта.

Зошто реализацијата е скоро 4 пати помала од време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт?

Дали зад сето ова се крие бизнис со цел вештачки кревање на цената на огревното дрво и пелетите, и овозможување на бизнис за фирми блиски до власта?

Дополнително, Николовски наместо да бега мора да одговори зошто ги остави граѓаните и домаќинствата на самиот почеток од грејната сезона без огревно дрво, а прашање е дали воопшто и ќе го има до крајот на зимата.

Одговорност мора и ќе има кога тогаш!, подвлекува Трипуновски.

https://youtu.be/Uym0WCJsOu0

The post Трипуновски објави документ: Фирма за пелети блиска до Николовски купува дрва од Македонски шуми 10 пати поевтино од народот и книжи милиони appeared first on Република.

]]>

Слабата реализација на ЈП Македонски шуми, кои оваа година не обезбеди ниту 20% од потребната дрвна маса, што e далеку од потребната количина, ако се земе во предвид дека во државата скоро 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс, покрај тоа што има за цел да ги насочи купувачите кај одредени приватни стоваришта, ја вивна и цената на дрвната маса во плафон, што резултираше со поскапување на цената и на пелетите, истакна Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Власта и во пелетите власта виде бизнис, па гледаме како се распродава дрвна маса по цена 10 пати пониска цена од пазарната на фирми блиски до власта, за истите потоа да направат пелети и да инкасираат милионски добивки. Ова е еден од договорите кој ЈП Македонски шуми го склучила со фирмата Еко Лајф ДООЕЛ, за сеча во Свети Николе, фирма која важи за блиска до Љупчо Николовски. Со овој договор ЈП Македонски шуми продава 3.165 метар кубен дрвна маса по цена за метар кубен од 300 денари за чемпрес и 525 денари за црн бор, изјави Трипубовски.
Тој подвлече:
Еден кубен метар дрвна маса по цена од 300 и цена од 525 денари, за фирма блиска до власта во услови кога еден кубен метар огревно дрво се продава и по цена над 5.000 денари. Доколку власта навистина водеше грижа за граѓаните тогаш ова дрво наместо да се понуди на граѓаните со ниски примања кои не можат да си дозволат да се снабдат со доволна количина огревно дрво, за полесно да ја поминат зимата се дава на фирма блиска до власта и Николовски. Но, очигледно е дека на власта не и е приоритет народот кој не може да си купи дрва и едвај преживува, туку бизнисот и процентите. Имено, вкупната цена на дрвната маса од договорот е 1.578.250 денари за 3165 м3, и според пресметките ќе се добие околу 650.000 килограми пелет. Ако оваа количина ја помножиме со цена од 30 денари за килограм пелет доаѓаме до сума од 19.500.000 денари. Дополнително, истата фирма има добиено договор за сеча во Делчево за 35.000 метри кубни дрво, од што би се добиле над 7 милиони килограми пелети, или ако се земе во предвид дека просечната цена на еден килограм пелет е околу 30 денари, фирмата ќе инкасира над 200 милиони денари.
Само со овие два договори, власта овозможува чиста заработка од над 3 и пол милиони евра за фирмата Еко Лајф блиска до Љупчо Николовски и СДС. Тој го повика Јавното обвинителство да отвори случај и да утврди зошто ЈП Македонски шуми не обезбедило доволно дрвна маса во своите складишта.
Зошто реализацијата е скоро 4 пати помала од време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт? Дали зад сето ова се крие бизнис со цел вештачки кревање на цената на огревното дрво и пелетите, и овозможување на бизнис за фирми блиски до власта? Дополнително, Николовски наместо да бега мора да одговори зошто ги остави граѓаните и домаќинствата на самиот почеток од грејната сезона без огревно дрво, а прашање е дали воопшто и ќе го има до крајот на зимата. Одговорност мора и ќе има кога тогаш!, подвлекува Трипуновски.
https://youtu.be/Uym0WCJsOu0

The post Трипуновски објави документ: Фирма за пелети блиска до Николовски купува дрва од Македонски шуми 10 пати поевтино од народот и книжи милиони appeared first on Република.

]]>
БГНЕС: Објавен е францускиот документ, Петков дозволува ЕУ да започне преговори со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bgnes-objaven-e-francuskiot-dokument-petkov-dozvoluva-eu-da-zapochne-pregovori-so-makedonija/ Fri, 17 Jun 2022 15:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=516428

Советот на Европската Унија договори финален документ кој содржи рамка за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, како и декларација за отворање на првата Меѓувладина конференција со Скопје.

Од документот со кој се запозна БГНЕС, јасно се гледа дека ништо од досегашната официјална бугарска позиција не фигурира во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија.

Ниту еден од бугарските услови наведени во Рамковниот став од 2019 година не се појавува во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската унија. Единствено условот, кој не е дел од Рамковниот став и кој е објавен во 2021 година, за вклучување на Бугарите во уставот на Македонија, се гледа во заедничкиот став на Советот.

Сите други услови, особено оние кои се однесуваат на објективизација на заедничката историја, говорот на омраза во учебниците и медиумите, рехабилитацијата на жртвите на комунистичкиот режим врз граѓаните со бугарски идентитет, воопшто не фигурираат во предлог-одлуката. Не се предвидува ниту еден од бугарските услови во самата преговарачка рамка, а оттука и немање гаранции за спроведување на преземените обврски од страна на Скопје.

Предлог-одлуката се однесува на два дополнителни билатерални документи, чија содржина засега не е позната, објави БГНЕС. Едниот е веројатно поопшт документ наречен протокол, кој преклопува некои од точките што Кирил Петков му ги опиша на пратеникот на ИТН Балабанов. Без оглед на неговата специфична содржина, гаранциите за имплементација на овој протокол не се предвидени во самата преговарачка рамка, како што сведочи предлог-одлуката на Советот.

Другиот билатерален документ што најверојатно ќе биде објавен се однесува на формулацијата на македонскиот јазик, што значи и негово де факто признавање. Во документот се наведува дека Бугарија и Македонија ќе дадат еднострани декларации за македонскиот јазик, а самите декларации ќе бидат приложени кон записникот од првата Меѓувладина конференција.

Како што вчера објави БГНЕС, Франција најави дека ќе достави формален предлог до сите земји-членки за укинување на ветото за Македонија, а потоа бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го испрати францускиот предлог до Народното собрание.

На 16 јуни 2022 година, Националното собрание беше домаќин на средба на француската амбасадорка Флоренс Робин со заменици од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција.

На средбата, која започна во 11.00 часот, таа изјави дека во рок од неколку часа ќе биде доставен францускиот предлог за укинување на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и Европската унија и се надева дека ќе се изгласаат во наредните денови. Договореното е постигнато.

Претходно БГНЕС го извести премиерот Кирил Петков дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“: „Во четврток (16.06.) официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ. и јас лично ќе го испратам утре во парламентот“. Ова беа токму зборовите со кои се пофали и дека „Лично, Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад мене. Ќе го прифатиме, а потоа ќе паднеме и ќе продолжиме понатаму“.

На самиот почеток на состанокот на Советот на министри во средата, Петков го прочита барањето, кое веднаш беше прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“. Со овој потег Петков освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, практично од бугарската јавнбост крие се што поединечно договарал и продолжува да преговара со странските дипломати.

Кирил Петков денеска вети и „брутален дипломатски напад врз сите бугарски политичари од странски дипломати во Софија“. Според него, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати.

Вчера на сослушувањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во Националното собрание стана јасно дека Кирил Петков му ветил на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дека ќе го укине ветото пред крајот на француското претседателство на крајот на зимата, кое завршува само десет дена подоцна, на 1. јули.

Очигледно Кирил Петков има намера лично да ја донесе оваа одлука за време на самитот на ЕУ што ќе се одржи на 23 и 24 јуни во Париз.

Упатствата што бугарската Владата ги испратила до постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Румен Александров во врска со разговорите меѓу Скопје и Софија го истакнуваат недостатокот на чувствително прашање за заедничката историја и постои намера да не се придржува до Бугарската Рамка од октомври 2019 година. Позиција, поддржана со декларација на Националното собрание и два Советодавни совети за национална безбедност под претседателот (имплементацијата на Договорот за добрососедство ќе биде дел од условите што се применуваат во преговорите, а првата Меѓувладина конференција ќе биде поврзана со вистински напредок во спроведувањето на Договорот).

Вознемирувачки е и молкот на претседателот Румен Радев, кој пред еден месец му се заблагодари на претседателот Макрон за неговите напори, објави БГНЕС.

БГНЕС го објави целосниот тест на нацрт-заклучокот на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија:

1. Потсетувајќи се на своите заклучоци од 14 декември 2021 година, Советот ја поздравува континуираната определба на Македонија да продолжи со реформската агенда на ЕУ и да постигне опипливи и одржливи резултати, што го отвори патот за одлуката за отворање на пристапните преговори во март. 2020 година

2. На патот на Македонија кон членство во Европската Унија, Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и добронамерното спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

3. Во овој контекст, Советот го поздравува договорот за [билатерален протокол] (конечното име да се потврди) за спроведување на Договорот меѓу Бугарија и Македонија. Овој важен чекор ќе придонесе за добрососедски односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација.

4. Исто така, ќе ги зајакне правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата и заедниците во Македонија и, како такви, ќе придонесе за усогласување со политичките критериуми од Копенхаген. Во таа насока, Советот ја поздравува намерата на Македонија приоритетно да иницира и спроведе релевантни уставни измени со цел во преамбулата на Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во државата и дел од други народи, како што се како Бугари.

5. Земајќи го целосно предвид овој напредок и континуираното усогласување со барањата во сите области идентификувани од Советот во јуни 2018 година, Советот одлучи да ја одобри Рамката за преговори и да одржи, во согласност со подобрената методологија, политичка меѓувладина конференција со Македонија на 23 јуни 2022 година во Брисел на ниво на шефови на држави или влади за да ги претстави следните чекори во процесот на проширување по усвојувањето на Преговарачката рамка

6. Советот, исто така, одлучува да свика нова Меѓувладина конференција за отворање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ и е подготвен да ја одржи без натамошно одлагање и без дополнителни политички одлуки, штом Македонија ја исполни својата обврска за да ги склучи горенаведените уставни измени согласно своите внатрешни процедури.

7. Во овој контекст, Советот забележува дека Комисијата постигна напредок во спроведувањето и завршувањето на процесот на аналитички преглед на правото на ЕУ (ЕЦА) и е подготвена да ги претстави своите резултати на Македонија во догледно време. Врз основа на ова, Советот ја повикува Комисијата да продолжи да ја оценува состојбата на подготовките на Македонија за почеток на преговорите во одредени области и да ги идентификува најверојатните прашања што ќе се појават во текот на преговорите, почнувајќи од кластерот Основи, кој со прво ќе се отвори преговарачката рамка, откако Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот.

Со оглед на чувствителноста на темата, БГНЕС смета дека е неопходно да се наведе воведната реченица од Декларацијата на ЕУ за пристапни преговори:

„Во име на Европската Унија, со задоволство ги пречекувам денеска угледните претставници на Македонија за отворањето на преговорите за пристапување на вашата земја во Европската унија.

Ова е историски момент за сите нас, кој означува пресвртница во развојот на нашата врска. Процесот на проширување дава силен поттик за политичките и економските реформи, ги зајакнува мирот, демократијата и стабилноста во Европа и ги зближува луѓето“, објави БГНЕС.

 

The post БГНЕС: Објавен е францускиот документ, Петков дозволува ЕУ да започне преговори со Македонија appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската Унија договори финален документ кој содржи рамка за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ, како и декларација за отворање на првата Меѓувладина конференција со Скопје. Од документот со кој се запозна БГНЕС, јасно се гледа дека ништо од досегашната официјална бугарска позиција не фигурира во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија. Ниту еден од бугарските услови наведени во Рамковниот став од 2019 година не се појавува во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската унија. Единствено условот, кој не е дел од Рамковниот став и кој е објавен во 2021 година, за вклучување на Бугарите во уставот на Македонија, се гледа во заедничкиот став на Советот. Сите други услови, особено оние кои се однесуваат на објективизација на заедничката историја, говорот на омраза во учебниците и медиумите, рехабилитацијата на жртвите на комунистичкиот режим врз граѓаните со бугарски идентитет, воопшто не фигурираат во предлог-одлуката. Не се предвидува ниту еден од бугарските услови во самата преговарачка рамка, а оттука и немање гаранции за спроведување на преземените обврски од страна на Скопје. Предлог-одлуката се однесува на два дополнителни билатерални документи, чија содржина засега не е позната, објави БГНЕС. Едниот е веројатно поопшт документ наречен протокол, кој преклопува некои од точките што Кирил Петков му ги опиша на пратеникот на ИТН Балабанов. Без оглед на неговата специфична содржина, гаранциите за имплементација на овој протокол не се предвидени во самата преговарачка рамка, како што сведочи предлог-одлуката на Советот. Другиот билатерален документ што најверојатно ќе биде објавен се однесува на формулацијата на македонскиот јазик, што значи и негово де факто признавање. Во документот се наведува дека Бугарија и Македонија ќе дадат еднострани декларации за македонскиот јазик, а самите декларации ќе бидат приложени кон записникот од првата Меѓувладина конференција. Како што вчера објави БГНЕС, Франција најави дека ќе достави формален предлог до сите земји-членки за укинување на ветото за Македонија, а потоа бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го испрати францускиот предлог до Народното собрание. На 16 јуни 2022 година, Националното собрание беше домаќин на средба на француската амбасадорка Флоренс Робин со заменици од Групата за пријателство меѓу Бугарија и Франција. На средбата, која започна во 11.00 часот, таа изјави дека во рок од неколку часа ќе биде доставен францускиот предлог за укинување на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и Европската унија и се надева дека ќе се изгласаат во наредните денови. Договореното е постигнато. Претходно БГНЕС го извести премиерот Кирил Петков дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“: „Во четврток (16.06.) официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ. и јас лично ќе го испратам утре во парламентот“. Ова беа токму зборовите со кои се пофали и дека „Лично, Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад мене. Ќе го прифатиме, а потоа ќе паднеме и ќе продолжиме понатаму“. На самиот почеток на состанокот на Советот на министри во средата, Петков го прочита барањето, кое веднаш беше прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“. Со овој потег Петков освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, практично од бугарската јавнбост крие се што поединечно договарал и продолжува да преговара со странските дипломати. Кирил Петков денеска вети и „брутален дипломатски напад врз сите бугарски политичари од странски дипломати во Софија“. Според него, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати. Вчера на сослушувањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во Националното собрание стана јасно дека Кирил Петков му ветил на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дека ќе го укине ветото пред крајот на француското претседателство на крајот на зимата, кое завршува само десет дена подоцна, на 1. јули. Очигледно Кирил Петков има намера лично да ја донесе оваа одлука за време на самитот на ЕУ што ќе се одржи на 23 и 24 јуни во Париз. Упатствата што бугарската Владата ги испратила до постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Румен Александров во врска со разговорите меѓу Скопје и Софија го истакнуваат недостатокот на чувствително прашање за заедничката историја и постои намера да не се придржува до Бугарската Рамка од октомври 2019 година. Позиција, поддржана со декларација на Националното собрание и два Советодавни совети за национална безбедност под претседателот (имплементацијата на Договорот за добрососедство ќе биде дел од условите што се применуваат во преговорите, а првата Меѓувладина конференција ќе биде поврзана со вистински напредок во спроведувањето на Договорот). Вознемирувачки е и молкот на претседателот Румен Радев, кој пред еден месец му се заблагодари на претседателот Макрон за неговите напори, објави БГНЕС. БГНЕС го објави целосниот тест на нацрт-заклучокот на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија: 1. Потсетувајќи се на своите заклучоци од 14 декември 2021 година, Советот ја поздравува континуираната определба на Македонија да продолжи со реформската агенда на ЕУ и да постигне опипливи и одржливи резултати, што го отвори патот за одлуката за отворање на пристапните преговори во март. 2020 година 2. На патот на Македонија кон членство во Европската Унија, Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и добронамерното спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. 3. Во овој контекст, Советот го поздравува договорот за [билатерален протокол] (конечното име да се потврди) за спроведување на Договорот меѓу Бугарија и Македонија. Овој важен чекор ќе придонесе за добрососедски односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. 4. Исто така, ќе ги зајакне правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата и заедниците во Македонија и, како такви, ќе придонесе за усогласување со политичките критериуми од Копенхаген. Во таа насока, Советот ја поздравува намерата на Македонија приоритетно да иницира и спроведе релевантни уставни измени со цел во преамбулата на Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во државата и дел од други народи, како што се како Бугари. 5. Земајќи го целосно предвид овој напредок и континуираното усогласување со барањата во сите области идентификувани од Советот во јуни 2018 година, Советот одлучи да ја одобри Рамката за преговори и да одржи, во согласност со подобрената методологија, политичка меѓувладина конференција со Македонија на 23 јуни 2022 година во Брисел на ниво на шефови на држави или влади за да ги претстави следните чекори во процесот на проширување по усвојувањето на Преговарачката рамка 6. Советот, исто така, одлучува да свика нова Меѓувладина конференција за отворање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ и е подготвен да ја одржи без натамошно одлагање и без дополнителни политички одлуки, штом Македонија ја исполни својата обврска за да ги склучи горенаведените уставни измени согласно своите внатрешни процедури. 7. Во овој контекст, Советот забележува дека Комисијата постигна напредок во спроведувањето и завршувањето на процесот на аналитички преглед на правото на ЕУ (ЕЦА) и е подготвена да ги претстави своите резултати на Македонија во догледно време. Врз основа на ова, Советот ја повикува Комисијата да продолжи да ја оценува состојбата на подготовките на Македонија за почеток на преговорите во одредени области и да ги идентификува најверојатните прашања што ќе се појават во текот на преговорите, почнувајќи од кластерот Основи, кој со прво ќе се отвори преговарачката рамка, откако Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот. Со оглед на чувствителноста на темата, БГНЕС смета дека е неопходно да се наведе воведната реченица од Декларацијата на ЕУ за пристапни преговори: „Во име на Европската Унија, со задоволство ги пречекувам денеска угледните претставници на Македонија за отворањето на преговорите за пристапување на вашата земја во Европската унија. Ова е историски момент за сите нас, кој означува пресвртница во развојот на нашата врска. Процесот на проширување дава силен поттик за политичките и економските реформи, ги зајакнува мирот, демократијата и стабилноста во Европа и ги зближува луѓето“, објави БГНЕС.  

The post БГНЕС: Објавен е францускиот документ, Петков дозволува ЕУ да започне преговори со Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Решението со Бугарија треба да биде базирано на европски вредности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-reshenieto-so-bugarija-treba-da-bide-bazirano-na-evropski-vrednosti/ Thu, 05 May 2022 20:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=498327

Не може да се разговара за парцијални барања од двете страни. Договор со Бугарија е можен единствено кога ќе има сеопфатно решение што ќе ги затвори сите отворени прашња и ќе занчи безусловно кревање на ветото за почнување на првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека политичките прашања со Бугарија се разговараат меѓу експертите од министерствата за надворешни работи, кои разменуваат идеи и одржуваат состаноци, но дека во моментов не постои документ прифатлив за двете страни.

Финален документ, прифатлив за двете страни во моментов нема. Кога таков документ ќе е достапен тој ќе биде споделен со институциите и во нашата држава и во Бугарија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека решението со Бугарија треба да биде базирано на европски вредности, на принципот на достоинство на сите граѓани и дека идентитетот и јазикот не се и нема да бидат предмет на разговор.

The post Ковачевски: Решението со Бугарија треба да биде базирано на европски вредности appeared first on Република.

]]>

Не може да се разговара за парцијални барања од двете страни. Договор со Бугарија е можен единствено кога ќе има сеопфатно решение што ќе ги затвори сите отворени прашња и ќе занчи безусловно кревање на ветото за почнување на првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде дека политичките прашања со Бугарија се разговараат меѓу експертите од министерствата за надворешни работи, кои разменуваат идеи и одржуваат состаноци, но дека во моментов не постои документ прифатлив за двете страни.
Финален документ, прифатлив за двете страни во моментов нема. Кога таков документ ќе е достапен тој ќе биде споделен со институциите и во нашата држава и во Бугарија“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека решението со Бугарија треба да биде базирано на европски вредности, на принципот на достоинство на сите граѓани и дека идентитетот и јазикот не се и нема да бидат предмет на разговор.

The post Ковачевски: Решението со Бугарија треба да биде базирано на европски вредности appeared first on Република.

]]>