доказм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokazm/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Mar 2023 15:01:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доказм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokazm/ 32 32 Кардиологија: Марјан Стаменковски на свое инсистирање ја напушти клиниката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kardiologija-marjan-stamenkovski-na-svoe-insistirane-ja-napushti-klinikata/ Sat, 18 Mar 2023 15:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=621020

Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиниката за кардиологија, на негово барање, информира Канал 5.

Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби.

Веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/marjan-stamenkovski-sinoka-bil-prenesen-vo-bolnitsa/

The post Кардиологија: Марјан Стаменковски на свое инсистирање ја напушти клиниката appeared first on Република.

]]>

Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиниката за кардиологија, на негово барање, информира Канал 5. Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби. Веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/marjan-stamenkovski-sinoka-bil-prenesen-vo-bolnitsa/

The post Кардиологија: Марјан Стаменковски на свое инсистирање ја напушти клиниката appeared first on Република.

]]>
Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudeneto-protiv-sopstvenikot-na-dokazm/ Fri, 10 Mar 2023 09:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=618049

Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела.

Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката. Вишото јавно обвинителство го одби ова барање.

Јавната обвинителка, Зорица Павловиќ, тогаш предложи до судот јавноста да се исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста.

По одложувањето на расправата, оштетените Ирена Мулачка и Валентина Вурмо во изјава за медиуми кажаа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена.

Помеѓу другите оштетени присутни беа и Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

The post Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ appeared first on Република.

]]>

Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката. Вишото јавно обвинителство го одби ова барање. Јавната обвинителка, Зорица Павловиќ, тогаш предложи до судот јавноста да се исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста. По одложувањето на расправата, оштетените Ирена Мулачка и Валентина Вурмо во изјава за медиуми кажаа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена. Помеѓу другите оштетени присутни беа и Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

The post Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ appeared first on Република.

]]>
Поднесено обвинение против Марјан-Доказ, формиран и нов предмет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podneseno-obvinenie-protiv-marjan-dokaz-formiran-i-nov-predmet/ Fri, 17 Feb 2023 10:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=610116

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост.

Така, во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело – Уцена.

Oд почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, обвинетиот на веб порталот ставил на располагање на јавноста заштитено аудиовизуелно дело, овозможувајќи негово неограничено јавно прикажување. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината. Притоа обвинетиот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело.

Преку веб порталот во сопственост на обвинетиот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон двајца пријавители – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, обвинетиот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив, но и раздор во верската заедница. Во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите обвинетиот ги споделувал и на својот профил на социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања, со што сторил кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и обезбеди докази и по поднесена кривична пријава од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Во текстовите обвинетиот директно промовирал омраза и врз основа етничка припадност. Со тоа обвинетиот се товари дека сторил уште едно кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против обвинетиот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, па затоа обвинетиот се товари и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Со оглед на тоа што се уште постојат основите заради кои претходно беше определен притворот, особено имајќи го предвид начинот на извршување на делата и потребата да се заштитат жртвите, кои во подолг временски период биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку интернет порталот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка.

Со наредба обезбедена од надлежен суд, беше извршен претрес во домот на обвинетиот бидејќи постоело сомнение дека кај него можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела.

-При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела. За ова е оформен уште еден предмет во Основното јавно обвинителство Скопје по кој интензивно се постапува, а вештачењата на пронајдените предмети и документи се во тек. Во рамките на тој предмет се вршат проверки и по кривични пријави поднесени од други лица, кои во меѓувреме пријавуваат во обвинителството дека биле жртви на истиот веб портал, соопштија од ОЈО.

The post Поднесено обвинение против Марјан-Доказ, формиран и нов предмет appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Така, во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело – Уцена. Oд почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, обвинетиот на веб порталот ставил на располагање на јавноста заштитено аудиовизуелно дело, овозможувајќи негово неограничено јавно прикажување. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината. Притоа обвинетиот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело. Преку веб порталот во сопственост на обвинетиот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон двајца пријавители – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, обвинетиот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив, но и раздор во верската заедница. Во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите обвинетиот ги споделувал и на својот профил на социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања, со што сторил кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и обезбеди докази и по поднесена кривична пријава од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Во текстовите обвинетиот директно промовирал омраза и врз основа етничка припадност. Со тоа обвинетиот се товари дека сторил уште едно кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против обвинетиот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, па затоа обвинетиот се товари и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци. Со оглед на тоа што се уште постојат основите заради кои претходно беше определен притворот, особено имајќи го предвид начинот на извршување на делата и потребата да се заштитат жртвите, кои во подолг временски период биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку интернет порталот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка. Со наредба обезбедена од надлежен суд, беше извршен претрес во домот на обвинетиот бидејќи постоело сомнение дека кај него можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. -При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела. За ова е оформен уште еден предмет во Основното јавно обвинителство Скопје по кој интензивно се постапува, а вештачењата на пронајдените предмети и документи се во тек. Во рамките на тој предмет се вршат проверки и по кривични пријави поднесени од други лица, кои во меѓувреме пријавуваат во обвинителството дека биле жртви на истиот веб портал, соопштија од ОЈО.

The post Поднесено обвинение против Марјан-Доказ, формиран и нов предмет appeared first on Република.

]]>
Клиника Жан Митрев: Приклучок кон обвинението за Стаменковски е единствениот начин да се заштитиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/klinika-zhan-mitrev-prikluchok-kon-obvinenieto-za-stamenkovski-e-edinstveniot-nachin-da-se-zashtitime/ Sat, 11 Feb 2023 20:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=607882

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет, информираа денеска од клиниката на Митрев.

„Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на јавното обвинителство кое ја води постапката против нас. Имено, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која обвинителството ја побара три дена после објавата на текстот“, велат од клиниката.

Оттаму тврдат дека во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката биле предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ биле објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа била нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци.

„Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија. Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели“, велат од клиниката.

Оттаму веруваат во транспарентност, во објективност и ги поддржуваат начелата на истражувачкото новинарство и посебно слободата на говорот.

„Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение“, велат од клиниката Жан Митрев.

 

The post Клиника Жан Митрев: Приклучок кон обвинението за Стаменковски е единствениот начин да се заштитиме appeared first on Република.

]]>

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет, информираа денеска од клиниката на Митрев. „Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на јавното обвинителство кое ја води постапката против нас. Имено, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која обвинителството ја побара три дена после објавата на текстот“, велат од клиниката. Оттаму тврдат дека во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката биле предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ биле објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа била нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. „Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија. Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели“, велат од клиниката. Оттаму веруваат во транспарентност, во објективност и ги поддржуваат начелата на истражувачкото новинарство и посебно слободата на говорот. „Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение“, велат од клиниката Жан Митрев.  

The post Клиника Жан Митрев: Приклучок кон обвинението за Стаменковски е единствениот начин да се заштитиме appeared first on Република.

]]>
Судот му изрече осум дена притвор на сопственикот на интернет страницата „Доказ” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-mu-izreche-osum-dena-pritvor-na-sopstvenikot-na-internet-stranitsata-dokaz/ Fri, 10 Feb 2023 19:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=607555

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд го прифати барањето на јавниот обвинител и на сопственикот на интернет страницата „Доказ“ Марјан Стаменковски му определи осумдневен притвор.

Сопственикот на овој контроверзен сајт е осомничен за повеќе кривични дела како уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал и злоупотреба на личните податоци.

Обвинителството го побара притворот заради проценка дека постои опасност тој да избега од земјава, но и заради заштита од влијание врз сведоците, односно негови жртви.

Синоќа во домот на сопственикот на „Доказ” бил извршен претрес, како и пребарување на компјутерскиот систем и компјутерските податоци..

The post Судот му изрече осум дена притвор на сопственикот на интернет страницата „Доказ” appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд го прифати барањето на јавниот обвинител и на сопственикот на интернет страницата „Доказ“ Марјан Стаменковски му определи осумдневен притвор. Сопственикот на овој контроверзен сајт е осомничен за повеќе кривични дела како уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал и злоупотреба на личните податоци. Обвинителството го побара притворот заради проценка дека постои опасност тој да избега од земјава, но и заради заштита од влијание врз сведоците, односно негови жртви. Синоќа во домот на сопственикот на „Доказ” бил извршен претрес, како и пребарување на компјутерскиот систем и компјутерските податоци..

The post Судот му изрече осум дена притвор на сопственикот на интернет страницата „Доказ” appeared first on Република.

]]>