докази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokazi/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 09:08:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png докази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokazi/ 32 32 Лекарски извештај потврдува дека Имане е биолошки маж со теститси и микро пенис, а без матка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/lekarski-izveshtaj-potvrduva-deka-imane-e-bioloshki-mazh-so-testitsi-i-mikro-penis-a-bez-matka/ Tue, 05 Nov 2024 08:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=834239

Францускиот новинар Џафар Аит Аудиа тврди дека има докази дека Алжирецот Имане Келиф, кој пред неколку месеци го освои златото во бокс за жени на Олимпијадата, е биолошки маж. Аит Аудиа, наводно, добил копија од целосниот медицински извештај кој открива дека Келиф всушност има тестиси.

Станува збор за извештај создаден во јуни 2023 година во соработка помеѓу париска и алжирска болница, во кој ендокринолозите Сомаја Федала и Жак Јанг заклучуваат дека Келиф има недостаток на 5-алфа редуктаза.

Тоа е сексуално нарушување кое може да се појави само кај биолошки мажи и го спречува нормалниот развој на половите органи кај детето. Бидејќи нивните гениталии не се развиваат како што треба, машките бебиња често се погрешно означени како женски под влијание на 5-алфа редуктаза.

Сè станува забележливо во пубертетот, кога кај адолесцентите почнуваат да се забележуваат знаци на маскулинизација. Им растат мускули и влакна по телото, а немаат ни менструација и не развиваат ткиво на дојка, открива „Редукс“.

Извештајот открива дека со магнетната резонанца е утврдено и дека Келиф нема матка, туку внатрешни тестиси и микропенис кој наликува на зголемен клиторис.

Хромозомскиот тест, пак, потврдил дека Келиф има кариотип XY, а хормоналниот тест покажал дека има високо ниво на тестостерон, што е карактеристично за мажите.

Лекарите во извештајот додаваат и препорака Келиф да се подложи на хируршка корекција и хормонска терапија за да ѝ се помогне физички да се усогласи со родовиот идентитет во кој се гледа сам себе, пишува новинарот Аит Аудиа.

„Редукс“ додава дека сè се совпаѓа со претходните изјави на тренерот на алжирскиот боксер, Џорџ Казорла, кој рече дека Келиф бил на евалуација во болница во Париз откако Меѓународната боксерска федерација го дисквалификувала од женскиот бокс во март 2023 година.

Во таа прилика тој призна дека ендокринолозите утврдиле дека има проблеми со хромозомите, но сепак инсистирал на Келиф да му биде дозволено да се натпреварува против жени. Дополнително, тој додаде дека Келиф добил лекови за да го потисне тестостеронот.

The post Лекарски извештај потврдува дека Имане е биолошки маж со теститси и микро пенис, а без матка appeared first on Република.

]]>

Францускиот новинар Џафар Аит Аудиа тврди дека има докази дека Алжирецот Имане Келиф, кој пред неколку месеци го освои златото во бокс за жени на Олимпијадата, е биолошки маж. Аит Аудиа, наводно, добил копија од целосниот медицински извештај кој открива дека Келиф всушност има тестиси. Станува збор за извештај создаден во јуни 2023 година во соработка помеѓу париска и алжирска болница, во кој ендокринолозите Сомаја Федала и Жак Јанг заклучуваат дека Келиф има недостаток на 5-алфа редуктаза. Тоа е сексуално нарушување кое може да се појави само кај биолошки мажи и го спречува нормалниот развој на половите органи кај детето. Бидејќи нивните гениталии не се развиваат како што треба, машките бебиња често се погрешно означени како женски под влијание на 5-алфа редуктаза. Сè станува забележливо во пубертетот, кога кај адолесцентите почнуваат да се забележуваат знаци на маскулинизација. Им растат мускули и влакна по телото, а немаат ни менструација и не развиваат ткиво на дојка, открива „Редукс“. Извештајот открива дека со магнетната резонанца е утврдено и дека Келиф нема матка, туку внатрешни тестиси и микропенис кој наликува на зголемен клиторис. Хромозомскиот тест, пак, потврдил дека Келиф има кариотип XY, а хормоналниот тест покажал дека има високо ниво на тестостерон, што е карактеристично за мажите.
Лекарите во извештајот додаваат и препорака Келиф да се подложи на хируршка корекција и хормонска терапија за да ѝ се помогне физички да се усогласи со родовиот идентитет во кој се гледа сам себе, пишува новинарот Аит Аудиа.
„Редукс“ додава дека сè се совпаѓа со претходните изјави на тренерот на алжирскиот боксер, Џорџ Казорла, кој рече дека Келиф бил на евалуација во болница во Париз откако Меѓународната боксерска федерација го дисквалификувала од женскиот бокс во март 2023 година. Во таа прилика тој призна дека ендокринолозите утврдиле дека има проблеми со хромозомите, но сепак инсистирал на Келиф да му биде дозволено да се натпреварува против жени. Дополнително, тој додаде дека Келиф добил лекови за да го потисне тестостеронот.

The post Лекарски извештај потврдува дека Имане е биолошки маж со теститси и микро пенис, а без матка appeared first on Република.

]]>
Снимка открива дека „цитроенот“ гори веќе во 9:37 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/snimka-otkriva-deka-tsitroenot-gori-veke-vo-9-37-chasot/ Thu, 07 Dec 2023 08:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=720574

Споделувајќи снимки од Визбегово утрото кога 14-годишната Вања Ѓорчевска е киднапирања, новинарот Фуркан Салиу на „ПорталиX“ објави видео на кое се гледа украдениот „цитроен“ на Панче Жежовски, кој вози кон Бразда.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-e-ova-teloto-na-vana/

Во видеото се гледаат возач и совозач со црни капи во „цитроенот“, како и нешто што наликува на бела вреќа во задниот дел од возилото. Заедно со „цитроенот“ е снимено и другото возило „рено“.

Според снимките на Салиу, се гледа оган од пожар на местото каде што подоцна е пронајдено опожареното возило, но и закопаното тело на убиеното девојче. Тоа гори веќе во 9:37 часот.

The post Снимка открива дека „цитроенот“ гори веќе во 9:37 часот appeared first on Република.

]]>

Споделувајќи снимки од Визбегово утрото кога 14-годишната Вања Ѓорчевска е киднапирања, новинарот Фуркан Салиу на „ПорталиX“ објави видео на кое се гледа украдениот „цитроен“ на Панче Жежовски, кој вози кон Бразда. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-e-ova-teloto-na-vana/ Во видеото се гледаат возач и совозач со црни капи во „цитроенот“, како и нешто што наликува на бела вреќа во задниот дел од возилото. Заедно со „цитроенот“ е снимено и другото возило „рено“. Според снимките на Салиу, се гледа оган од пожар на местото каде што подоцна е пронајдено опожареното возило, но и закопаното тело на убиеното девојче. Тоа гори веќе во 9:37 часот.

The post Снимка открива дека „цитроенот“ гори веќе во 9:37 часот appeared first on Република.

]]>
Првиот предизвик за Абази: Во времето на Пеливанов, по суспензијата на Рускоска, исчезнале докази доставени од европска институција за криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prviot-predizvik-za-abazi-vo-vremeto-na-pelivanov-po-suspenzijata-na-ruskoska-ischeznale-dokazi-dostaveni-od-evropska-institucija-za-kriminal/ Fri, 18 Nov 2022 21:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=575664

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, дознава Сведок од извори во обвинителството.

Доказите исчезнале во периодот кога беше суспендирана Вилма Русокска и со ова обвиниелство раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати.

Сведок од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив. Тогаш и настанала паниката, бидејќи доказите кои биле доставени лично во текот на август, ги снемало. Доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор. Истиот извор изрази сомневање дека доказите исчезнале при празнење на фиоките од биророто на Русковска, по налог на Трајче Пеливанов кој беше поставен за „прием на пошта“, а на кое отворање не била повикана Русковска, на што и самата реагираше во еден јавен настап, пишува Сведок.

Повеќе ТУКА

The post Првиот предизвик за Абази: Во времето на Пеливанов, по суспензијата на Рускоска, исчезнале докази доставени од европска институција за криминал appeared first on Република.

]]>

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, дознава Сведок од извори во обвинителството. Доказите исчезнале во периодот кога беше суспендирана Вилма Русокска и со ова обвиниелство раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати.
Сведок од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив. Тогаш и настанала паниката, бидејќи доказите кои биле доставени лично во текот на август, ги снемало. Доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор. Истиот извор изрази сомневање дека доказите исчезнале при празнење на фиоките од биророто на Русковска, по налог на Трајче Пеливанов кој беше поставен за „прием на пошта“, а на кое отворање не била повикана Русковска, на што и самата реагираше во еден јавен настап, пишува Сведок.

Повеќе ТУКА

The post Првиот предизвик за Абази: Во времето на Пеливанов, по суспензијата на Рускоска, исчезнале докази доставени од европска институција за криминал appeared first on Република.

]]>
Русиja објави: Ова се вистински докази дека масакрот во Буча нема никаква врска со руската војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-objavi-ova-se-vistinski-dokazi-deka-masakrot-vo-bucha-nema-nikakva-vrska-so-ruskata-vojska/ Mon, 04 Apr 2022 22:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=483362

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат дека тврдењето оти Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.

Тоа е јасна провокација во стилот на Гебелс. Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жители не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони па можеа да објават каква било слика или видео од некакво теоретско насилство ако имало таков случај. Но, тоа не се случи - истакна рускиот амбасадор во ОН.

Тој на прес-конференцијата објави видео снимка од градоначалникот на Буча, снимена на 31 март.

Тоа видео е снимено ден по повлекувањето на руските сили, што е презентирано како победа на украинската армија. Интересно е што тој не спомна никакво масовно насилство, убиства, масовни гробници или нешто слично. Тешко е да се замисли дека градоначалникот заборавил да спомне такви грозни работи. Градоначалникот Федеров се насмевнува, тешко е да се однесува така ако има масакр на улиците околу него - истакна рускиот амбасадор, а потоа ја објави снимката од градоначалникот на Буча.

На снимката, градоначалникотФедеров е среќен што руските војници се повлекоа и вели дека ова е голема победа за украинската армија. Тој не спомнува никакви злосторства во градот. Ова видео го објави украинската телевизија „Канал 24“ на 1 април и нагласувам дека ништо не е кажано за злосторствата. Сакам да ви покажам и слика од потпретседателот на украинскиот Парламент кој исто така се смее и не спомнува ништо за злосторствата во својата објава - истакна Небензја.

На 2 април Националната гарда на Украина објави видео од влегувањето во Буча и никаде не се гледаат тела. Тие разговараа со жителите и никој не го спомна масакрот - нагласи Небензија.

Тој го покажа и објавеното видео на кое се гледа влегувањето на украинските сили во градот.

Да резимираме, нема никакви извештаи за злосторници во Буча за кои сега е обвинета руската армија, што би се случиле пред да влезе украинската војска во градот. Четири дена откако руската армија го напушти градот немаше ништо, повторувам, не се споменува злосторство.

Видеото со телата се појавува на 3 април, полно со несовпаѓања и очевидни лаги. Телата лежат на улица најмалку четири дена, но не се вкочанети. Како е можно тоа? Ова е спротивно на законите на биологијата. Нема знаци на распаѓање. Тоа, исто така, покажува дека видеото е лажно - истакна Небензја

Освен што тврди дека телата на цивилите немаат никаква врска со руската армија, Небензја отиде и чекор понатаму. Тој ги обвини Украинците дека убивале луѓе кои носеле бели ленти на рацете, што било знак дека се цивили додека градот бил под руска контрола.

Кога украинските сили влегле во градот пукале во луѓе со бели ленти, убивајќи цивили. Постои снимка од разговор меѓу украинските војници што е објавена на социјалните мрежи. Еден радикал прашува дали може да пука во луѓе без сини ленти, а друг одговара: „Се разбира“ - изјави Небензја.

Тој истакна дека украинската снимка од телата на улиците на Буча е „груб фалсификат“.

Небензја потсети на случаите на лажни сведоштва за малтретирање, спомнувајќи ја една од двете трудници во Мариупол, чии слики го обиколија светот.

Таа е блогерка, зборуваше и призна на руска телевизија дека ја натерале да го направи тоа -  изјави Небензја.

Потоа, тој уште еднаш се осврна на масакрот во Буча, тврдејќи дека се е лага.

Одеднаш се појавуваат тела. Некои покажуваат знаци на живот. Тоа е инсценирано, тоа е лажно, тоа е провокација. Имаме докази дека тоа е организирано од украинската информативна воена машина.

Една работа не можете да ја оспорите, Украинците ги користат жителите како жив штит во станбените згради - истакна Небензја.

Небензја реагираше и дека не е свикана седница на Советот за безбедност на ОН, иако Русија тоа го побарала и дека состанокот секогаш се одржувал во рок од неколку часа кога една од земјите-членки на Советот за безбедност побарала состанок.

The post Русиja објави: Ова се вистински докази дека масакрот во Буча нема никаква врска со руската војска appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, одржа прес-конференција на која изрази незадоволство поради тоа што на барање на Русија не е свикан состанок на Советот за безбедност на ОН и изнесе голем број тврдења за кои наведе дека докажуваат дека тврдењето оти Русите го извршиле масакрот во Буча е „лага“.
Тоа е јасна провокација во стилот на Гебелс. Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жители не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони па можеа да објават каква било слика или видео од некакво теоретско насилство ако имало таков случај. Но, тоа не се случи - истакна рускиот амбасадор во ОН.
Тој на прес-конференцијата објави видео снимка од градоначалникот на Буча, снимена на 31 март.
Тоа видео е снимено ден по повлекувањето на руските сили, што е презентирано како победа на украинската армија. Интересно е што тој не спомна никакво масовно насилство, убиства, масовни гробници или нешто слично. Тешко е да се замисли дека градоначалникот заборавил да спомне такви грозни работи. Градоначалникот Федеров се насмевнува, тешко е да се однесува така ако има масакр на улиците околу него - истакна рускиот амбасадор, а потоа ја објави снимката од градоначалникот на Буча.
 
На снимката, градоначалникотФедеров е среќен што руските војници се повлекоа и вели дека ова е голема победа за украинската армија. Тој не спомнува никакви злосторства во градот. Ова видео го објави украинската телевизија „Канал 24“ на 1 април и нагласувам дека ништо не е кажано за злосторствата. Сакам да ви покажам и слика од потпретседателот на украинскиот Парламент кој исто така се смее и не спомнува ништо за злосторствата во својата објава - истакна Небензја.
 
На 2 април Националната гарда на Украина објави видео од влегувањето во Буча и никаде не се гледаат тела. Тие разговараа со жителите и никој не го спомна масакрот - нагласи Небензија.
Тој го покажа и објавеното видео на кое се гледа влегувањето на украинските сили во градот.
Да резимираме, нема никакви извештаи за злосторници во Буча за кои сега е обвинета руската армија, што би се случиле пред да влезе украинската војска во градот. Четири дена откако руската армија го напушти градот немаше ништо, повторувам, не се споменува злосторство.   Видеото со телата се појавува на 3 април, полно со несовпаѓања и очевидни лаги. Телата лежат на улица најмалку четири дена, но не се вкочанети. Како е можно тоа? Ова е спротивно на законите на биологијата. Нема знаци на распаѓање. Тоа, исто така, покажува дека видеото е лажно - истакна Небензја
Освен што тврди дека телата на цивилите немаат никаква врска со руската армија, Небензја отиде и чекор понатаму. Тој ги обвини Украинците дека убивале луѓе кои носеле бели ленти на рацете, што било знак дека се цивили додека градот бил под руска контрола.
Кога украинските сили влегле во градот пукале во луѓе со бели ленти, убивајќи цивили. Постои снимка од разговор меѓу украинските војници што е објавена на социјалните мрежи. Еден радикал прашува дали може да пука во луѓе без сини ленти, а друг одговара: „Се разбира“ - изјави Небензја.
Тој истакна дека украинската снимка од телата на улиците на Буча е „груб фалсификат“. Небензја потсети на случаите на лажни сведоштва за малтретирање, спомнувајќи ја една од двете трудници во Мариупол, чии слики го обиколија светот.
Таа е блогерка, зборуваше и призна на руска телевизија дека ја натерале да го направи тоа -  изјави Небензја.
Потоа, тој уште еднаш се осврна на масакрот во Буча, тврдејќи дека се е лага.
Одеднаш се појавуваат тела. Некои покажуваат знаци на живот. Тоа е инсценирано, тоа е лажно, тоа е провокација. Имаме докази дека тоа е организирано од украинската информативна воена машина.   Една работа не можете да ја оспорите, Украинците ги користат жителите како жив штит во станбените згради - истакна Небензја.