Дојче Веле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojche-vele/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 17:33:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дојче Веле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojche-vele/ 32 32 Странските медиуми ја најавија промената на власта во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stranskite-mediumi-ja-najavija-promenata-na-vlasta-vo-makedonija/ Wed, 08 May 2024 17:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=775728

ласачите   во Македонија избираат нов парламент и одлучуваат за нивниот следен претседател. Последните анкети укажуваат на можна промена на власта во балканската нација. Се очекува националистичката опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ да победи на парламентарните избори и да ја предводи следната владина коалиција. Партијата очекува и добри вести во вториот круг од гласањето за претседателската функција.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски (61), кој е поддржан од актуелните владејачки социјалдемократи (СДСМ), беше втор во првиот круг пред две недели.

Предизвикувачот Гордана Силјановска-Давкова (70) од ВМРО-ДПМНЕ доби двојно повеќе гласови од Пендаровски.

За време на предизборната кампања, националистите најавија дека доколку победат ќе водат поконфронтациски курс против соседните Грција и Бугарија.
-------------------------------

Reuters
Избирачките места во Македонија беа отворени денеска за парламентарните и за претседателските избори на кои се очекува десничарската опозиција да добие предност против владејачката партија која не успеа да ги подобри преговорите за влез во ЕУ и да ја елиминира корупцијата.

Не се објавени анкети пред гласањето, но посилните резултати од очекуваното на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори минатиот месец укажуваат на тоа дека гласачите се фрустрирани од владејачките социјалдемократи. Некои од оние што гласаа рекоа дека сакаат влада способна да внесува инвестиции и да ја искорени корупцијата. Љубљанскиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) наведе дека победата на ВМРО-ДПМНЕ може да ги комплицира понатамошните разговори со ЕУ, со оглед на нивното противење на договорите со Грција и Бугарија.
----------------------
Аl Jazeera 
Во Македонија излегуваат на гласање за парламентарни и претседателски избори кои можат да претставуваат тест за амбициите на балканската држава за Европската унија.

Гласањето денеска доаѓа  откако Гордана Силјановска-Давкова од десничарската ВМРО-ДПМНЕ убедливо поведе во првиот круг од претседателските избори одржани минатиот месец. Победата на националистичката партија ќе ја постави сцената за тензии со соседните Грција и Бугарија, заканувајќи се да ги оптоварува веќе бавните разговори за пристап во ЕУ. Сепак, левичарската партија, која моментално ја води владата и може да се пофали со претседателската функција, се бори да ја врати иницијативата по тешката загуба во првиот круг во претседателските избори, при што популистичката агенда на Мицкоски се покажа моќна.
--------------------
AP (Associated Press)
Гласачите во Македонија гласаа денеска на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори во кои доминираа прашања како што се патот на земјата кон членство во Европската унија, корупцијата и економијата.

Првиот круг од изборите за претседател, главно церемонијална функција, се сметаше за барометар за парламентарното гласање. Тоа и даде јасно водство на Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот поддржан од десниот центар, пред актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој е поддржан од владината левичарска коалиција. Патот на Македонија кон ЕУ е блокиран од соседна Бугарија, која бара да се измени Уставот за да се признае бугарското малцинство. И додека левиот центар се согласи со барањето, ВМРО-ДПМНЕ го осуди владиниот „капитулантски бугарски диктат. Нешто повеќе од 3.500 луѓе од речсии 1,84 милиони се идентификувале како Бугари на последниот попис во Македонија, во 2021 година.
--------------------------
AFP
Се чини дека Македонија е вo судир со нејзините соседи во ЕУ, Грција и Бугарија, со двоjните избори денееска на кои најверојатно, ќе ја вратат на власт десничарската опозиција во земјата. Гласањето може да има голем ефект врз сонот на балканската земја за пристапување во Европската унија. Откако постигна убедлива победа во првиот круг од претседателските избори минатиот месец, националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ преполни со доверба се упатија кон вториот круг гласање и на парламентарни избори.
------------------------
Washingotn post
Во Македонија се одржуваат избори на кои доминира патот на земјата кон членство во ЕУ и борбата со корупцијата. Преговорите за членство во ЕУ со Македонија - и со другата кандидатка Албанија - започнаа во 2022 година и се очекува процесот да трае со години.

Корупцијата е другото жешко прашање, при што извештајот на Европската комисија минатата година вели дека таа „останува распространета во многу области“ во Македонија. Во декември, американската амбасадорка Ангела Агелер рече дека има „епидемија на корупција во оваа земја што го погоди секој сектор, секоја организација и само со разоткривање на корумпираните актери можеме да почнеме да и помагаме на земјата да ги реши овие прашања“.
-----------------
DW
На опасност предупредува Улф Брунбауер, научен директор на Лајбниц Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија, кој смета дека исходот од изборите во Македонија ќе биде „доказ за геополитичкото слепило на ЕУ“, алудирајќи на фактот дека и по 20 години откако стана кандидат, државата уште формално не ги започнала преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„За ЕУ, оваа прогноза е засрамувачка“, напиша Брунбауер во коментарот.
„Постои закана од обновување на етничките конфликти, уште една земја од Западен Балкан може да се сврти кон исток, додека Брисел целосно го загуби својот кредибилитет како фактор на стабилноста во тој регион исполнет со тензии. Според се, очигледно актерите во ЕУ се уште не ја разбрале експлозивната геополитичка динамика на Балканот“, заклучува германскиот експерт.

The post Странските медиуми ја најавија промената на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>

ласачите   во Македонија избираат нов парламент и одлучуваат за нивниот следен претседател. Последните анкети укажуваат на можна промена на власта во балканската нација. Се очекува националистичката опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ да победи на парламентарните избори и да ја предводи следната владина коалиција. Партијата очекува и добри вести во вториот круг од гласањето за претседателската функција. Актуелниот претседател Стево Пендаровски (61), кој е поддржан од актуелните владејачки социјалдемократи (СДСМ), беше втор во првиот круг пред две недели. Предизвикувачот Гордана Силјановска-Давкова (70) од ВМРО-ДПМНЕ доби двојно повеќе гласови од Пендаровски. За време на предизборната кампања, националистите најавија дека доколку победат ќе водат поконфронтациски курс против соседните Грција и Бугарија. ------------------------------- Reuters Избирачките места во Македонија беа отворени денеска за парламентарните и за претседателските избори на кои се очекува десничарската опозиција да добие предност против владејачката партија која не успеа да ги подобри преговорите за влез во ЕУ и да ја елиминира корупцијата. Не се објавени анкети пред гласањето, но посилните резултати од очекуваното на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори минатиот месец укажуваат на тоа дека гласачите се фрустрирани од владејачките социјалдемократи. Некои од оние што гласаа рекоа дека сакаат влада способна да внесува инвестиции и да ја искорени корупцијата. Љубљанскиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) наведе дека победата на ВМРО-ДПМНЕ може да ги комплицира понатамошните разговори со ЕУ, со оглед на нивното противење на договорите со Грција и Бугарија. ---------------------- Аl Jazeera  Во Македонија излегуваат на гласање за парламентарни и претседателски избори кои можат да претставуваат тест за амбициите на балканската држава за Европската унија. Гласањето денеска доаѓа  откако Гордана Силјановска-Давкова од десничарската ВМРО-ДПМНЕ убедливо поведе во првиот круг од претседателските избори одржани минатиот месец. Победата на националистичката партија ќе ја постави сцената за тензии со соседните Грција и Бугарија, заканувајќи се да ги оптоварува веќе бавните разговори за пристап во ЕУ. Сепак, левичарската партија, која моментално ја води владата и може да се пофали со претседателската функција, се бори да ја врати иницијативата по тешката загуба во првиот круг во претседателските избори, при што популистичката агенда на Мицкоски се покажа моќна. -------------------- AP (Associated Press) Гласачите во Македонија гласаа денеска на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори во кои доминираа прашања како што се патот на земјата кон членство во Европската унија, корупцијата и економијата. Првиот круг од изборите за претседател, главно церемонијална функција, се сметаше за барометар за парламентарното гласање. Тоа и даде јасно водство на Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот поддржан од десниот центар, пред актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој е поддржан од владината левичарска коалиција. Патот на Македонија кон ЕУ е блокиран од соседна Бугарија, која бара да се измени Уставот за да се признае бугарското малцинство. И додека левиот центар се согласи со барањето, ВМРО-ДПМНЕ го осуди владиниот „капитулантски бугарски диктат. Нешто повеќе од 3.500 луѓе од речсии 1,84 милиони се идентификувале како Бугари на последниот попис во Македонија, во 2021 година. -------------------------- AFP Се чини дека Македонија е вo судир со нејзините соседи во ЕУ, Грција и Бугарија, со двоjните избори денееска на кои најверојатно, ќе ја вратат на власт десничарската опозиција во земјата. Гласањето може да има голем ефект врз сонот на балканската земја за пристапување во Европската унија. Откако постигна убедлива победа во првиот круг од претседателските избори минатиот месец, националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ преполни со доверба се упатија кон вториот круг гласање и на парламентарни избори. ------------------------ Washingotn post Во Македонија се одржуваат избори на кои доминира патот на земјата кон членство во ЕУ и борбата со корупцијата. Преговорите за членство во ЕУ со Македонија - и со другата кандидатка Албанија - започнаа во 2022 година и се очекува процесот да трае со години. Корупцијата е другото жешко прашање, при што извештајот на Европската комисија минатата година вели дека таа „останува распространета во многу области“ во Македонија. Во декември, американската амбасадорка Ангела Агелер рече дека има „епидемија на корупција во оваа земја што го погоди секој сектор, секоја организација и само со разоткривање на корумпираните актери можеме да почнеме да и помагаме на земјата да ги реши овие прашања“. ----------------- DW На опасност предупредува Улф Брунбауер, научен директор на Лајбниц Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија, кој смета дека исходот од изборите во Македонија ќе биде „доказ за геополитичкото слепило на ЕУ“, алудирајќи на фактот дека и по 20 години откако стана кандидат, државата уште формално не ги започнала преговорите за полноправно членство во ЕУ. „За ЕУ, оваа прогноза е засрамувачка“, напиша Брунбауер во коментарот. „Постои закана од обновување на етничките конфликти, уште една земја од Западен Балкан може да се сврти кон исток, додека Брисел целосно го загуби својот кредибилитет како фактор на стабилноста во тој регион исполнет со тензии. Според се, очигледно актерите во ЕУ се уште не ја разбрале експлозивната геополитичка динамика на Балканот“, заклучува германскиот експерт.

The post Странските медиуми ја најавија промената на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>
Maкедонија под власт на СДСМ прогласена за најдепресивна земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-pod-vlast-na-sdsm-proglasena-za-najdepresivna-zemja/ Thu, 31 Aug 2023 06:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=677434

На  Македонија не и е лесно ниту во Европа, ниту со неа. Најпрво соседна Грција го спречи почетокот на преговорите за членство во ЕУ а сега и Бугарија.

По спорот кој траеше повеќе од две и пол децении, Скопје се согласи да го смени претходното име на државата. Ова му го отвори патот за влез во НАТО, па Македонија стана нејзина членка во 2020 година.

Но, Бугарија долго време го кочи приближувањето на земјата кон ЕУ. Таа сака да изнуди промени во толкувањето на националната историја од Македонија според волјата на Софија. Дополнително, Бугарија тврди дека македонскиот не е самостоен јазик, туку само западно-бугарски дијалект, пишува „Дојче веле“.

И, конечно, се бара бугарското малцинство, кое брои само 3.000 припадници, да биде вклучено во Уставот на Македонија како „државотворна нација“. Во исто време, во Бугарија се негира постоењето на македонското национално малцинство-пишува Дојче веле

 

И покрај охрабрувачките говори и празните ветувања на западните политичари: Македонија е сè уште играчка на меѓународната политика. И земја кандидат за членство во ЕУ која толку долго чекаше на почеток на преговорите како ниедна друга земја пред неа. Сепак, т.н

Пристапната конференција во јули 2022 година го означи формалниот почеток на преговорите. Но, поради бугарската блокада тоа се уште не се вистински преговори, каде би се отвориле поединечни поглавја.

 

The post Maкедонија под власт на СДСМ прогласена за најдепресивна земја appeared first on Република.

]]>

На  Македонија не и е лесно ниту во Европа, ниту со неа. Најпрво соседна Грција го спречи почетокот на преговорите за членство во ЕУ а сега и Бугарија. По спорот кој траеше повеќе од две и пол децении, Скопје се согласи да го смени претходното име на државата. Ова му го отвори патот за влез во НАТО, па Македонија стана нејзина членка во 2020 година. Но, Бугарија долго време го кочи приближувањето на земјата кон ЕУ. Таа сака да изнуди промени во толкувањето на националната историја од Македонија според волјата на Софија. Дополнително, Бугарија тврди дека македонскиот не е самостоен јазик, туку само западно-бугарски дијалект, пишува „Дојче веле“.
И, конечно, се бара бугарското малцинство, кое брои само 3.000 припадници, да биде вклучено во Уставот на Македонија како „државотворна нација“. Во исто време, во Бугарија се негира постоењето на македонското национално малцинство-пишува Дојче веле
  И покрај охрабрувачките говори и празните ветувања на западните политичари: Македонија е сè уште играчка на меѓународната политика. И земја кандидат за членство во ЕУ која толку долго чекаше на почеток на преговорите како ниедна друга земја пред неа. Сепак, т.н Пристапната конференција во јули 2022 година го означи формалниот почеток на преговорите. Но, поради бугарската блокада тоа се уште не се вистински преговори, каде би се отвориле поединечни поглавја.  

The post Maкедонија под власт на СДСМ прогласена за најдепресивна земја appeared first on Република.

]]>
Незнаење, неодговорност и планетарната корупција ја претворија Македонија во една голема надземна септичка јама https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neznaenje-neodgovornost-i-planetarnata-korupcija-ja-pretvorija-makedonija-vo-edna-golema-nadzemna-septichka-jamai/ Wed, 10 Aug 2022 12:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=538750

Македонската власт во континуитет не гради институции, туку разградува, вели во интервјуто за Дојче веле поранешниот лидер на СКМ-ПДП, поранешен министер за финансии и ексгувернер на Народна банка на Македонија, Петар Гошев.

Нашиот систем во суштина е „систем свој човек“. Го немаш ли, тешко ти се пишува. Деградираните институции – лишени од знаење и одговорност, како и планетарната корупција која се претвори во „најпрестижна дејност“, се главната причина за претворањето на Македонија во една голема надземна септичка јама, вели Гошев.

Тој прогнозира, како и премиерот Димитар Ковачевски, дека нѐ чека тешка зима.

Дефицитите на јавниот сектор се огромни, структурните слабости се несовладливи дури и на среден рок, а зависноста од надворешните шокови е непремостлива, смета Гошев.

Бившиот лидер на СКМ-ПДП, а потоа и на Демократската партија вели дека Македонија нема плурализам:

Немаме плурализам, туку конкуренција на олигархии. Со вадење пиштоли на маса, со разни закани за одмазда, се изнудуваат привилегии – чиниш ја живееме добата на најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото, оценува Гошев.

Целото интервју во Дојче веле.

The post Незнаење, неодговорност и планетарната корупција ја претворија Македонија во една голема надземна септичка јама appeared first on Република.

]]>

Македонската власт во континуитет не гради институции, туку разградува, вели во интервјуто за Дојче веле поранешниот лидер на СКМ-ПДП, поранешен министер за финансии и ексгувернер на Народна банка на Македонија, Петар Гошев.
Нашиот систем во суштина е „систем свој човек“. Го немаш ли, тешко ти се пишува. Деградираните институции – лишени од знаење и одговорност, како и планетарната корупција која се претвори во „најпрестижна дејност“, се главната причина за претворањето на Македонија во една голема надземна септичка јама, вели Гошев.
Тој прогнозира, како и премиерот Димитар Ковачевски, дека нѐ чека тешка зима.
Дефицитите на јавниот сектор се огромни, структурните слабости се несовладливи дури и на среден рок, а зависноста од надворешните шокови е непремостлива, смета Гошев.
Бившиот лидер на СКМ-ПДП, а потоа и на Демократската партија вели дека Македонија нема плурализам:
Немаме плурализам, туку конкуренција на олигархии. Со вадење пиштоли на маса, со разни закани за одмазда, се изнудуваат привилегии – чиниш ја живееме добата на најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото, оценува Гошев.
Целото интервју во Дојче веле.

The post Незнаење, неодговорност и планетарната корупција ја претворија Македонија во една голема надземна септичка јама appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Не ја поминавме црвената линија, некој друг ја премина линијата на здравиот разум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ne-ja-pominavme-crvenata-linija-nekoj-drug-ja-premina-linijata-na-zdraviot-razum/ Wed, 27 Jul 2022 09:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=533728

Европската Унија го троши својот кредибилитет кога се удоволуваат мегаломанските барања на поединечни држави, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле.

Токму за време на посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски на Будимпешта, каде остварија средба со Виктор Орбан – премиер на Унгарија и претседател на нивната сестринска партија ФИДЕС, еврокомесарот за проширување, Унгарецот Оливер Вархеји, во интервју за Еуроактив упати критики до македонската опозиција – дека таа ги поминала основните демократски црвени линии во дејствувањето против францускиот предлог.

За Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, и за опозицијата. Палењето документи во пленарна сала, туркањето на луѓето во насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја процена е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата, изјави меѓудругото Вархеји.

За оваа критика и за тековните активности на ВМРО-ДПМНЕ, ДВ побара одговор од нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

ДВ: Ги поминавте ли црвените линии?

Сметам дека единствените црвени линии кои беа поминати беа тие на распродажбата на македонскиот идентитет, грубата трговија со нашите историски наследства и културни обележја врз кои како народ ја градиме нашата држава и го негуваме нашиот идентитет. Познавајќи ја европската бирократија, го разбирам господинот Вархеји кој како политичар во ЕУ сака уште едно завршено поглавје на своето биро, уште едно затворено прашање. И воедно, јасно ми е дека од негова гледна точка тешко е да се разбере она што за нас е исклучително важно, а тоа е нашиот идентитет и правото како немногуброен народ да опстоиме и тоа во состојба кога нашиот сосед има аспирации и неоправдано нѐ блокира, искористувајќи ја слабата и корумпирана влада, која не можејќи да испорача резултати – тргува со идентитетските обележја. Но исто така и комесарот треба да сфати дека во ситуација кога никој од владата не ја консултираше опозицијата при изработка на документот кој беше усвоен како преговарачка рамка, кога целосно беше игнорирана опозицијата и нашите барања јавно да се објави текстот од протоколот каде седат бугарските мегаломански барања, кога се прифати преговарачка рамка по која немаме вистински старт на преговорите туку обична фото-сесија и истите проблеми кои останаа, единствената црвена линија која се помина е таа на здравиот разум, на идентитетското распознавање на Македонија и народот како и бескрајната толеранција на Европската Унија на неразумните блокади и тапкањето во место. Воедно и Европската Унија го троши својот кредибилитет кога се удоволуваат мегаломанските барања на поединечни држави. Единствено што сакам и на што опстојувам е доследно почитување на вредностите врз кои почива ЕУ, а тоа е почитување на различностите, на силно вреднување на солидарноста, затоа што ниту Европа ниту Бугарија ќе има поголема корист од тоа што криминална влада и условени политичари исполниле мегаломански барања преку кои довеле една земја и народ во потчинета состојба.

ДВ: Дали на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан ви беше пренесена слична порака, со оглед дека Вархеји потекнува од истата политичка опција?

Не, разговорите со премиерот на Унгарија, Орбан, воопшто не беа во тој дух. Напротив. Тој е пријател на Македонија и голем поддржувач на стратешките интереси. Одблиску го запознав со деталите околу преговарачката рамка, и тоа што нам ни пречи, а тоа е правото кое се дозволува на земја членка на Унијата да ги менува нашите учебници, нашиот Устав, да го негира нашиот јазик, а за возврат ние сѐ уште да сме пред портите на ЕУ, сѐ додека некој од Бугарија не рече – доволно е обезличување, сега можете да влезете. Разговаравме и за состојбите во регионот, енергетската криза и ред други теми и прашања. Пријателска и средечна средба.

Целото интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прочитајте го ТУКА

The post Мицкоски: Не ја поминавме црвената линија, некој друг ја премина линијата на здравиот разум appeared first on Република.

]]>

Европската Унија го троши својот кредибилитет кога се удоволуваат мегаломанските барања на поединечни држави, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле. Токму за време на посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски на Будимпешта, каде остварија средба со Виктор Орбан – премиер на Унгарија и претседател на нивната сестринска партија ФИДЕС, еврокомесарот за проширување, Унгарецот Оливер Вархеји, во интервју за Еуроактив упати критики до македонската опозиција – дека таа ги поминала основните демократски црвени линии во дејствувањето против францускиот предлог. За Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, и за опозицијата. Палењето документи во пленарна сала, туркањето на луѓето во насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја процена е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата, изјави меѓудругото Вархеји. За оваа критика и за тековните активности на ВМРО-ДПМНЕ, ДВ побара одговор од нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. ДВ: Ги поминавте ли црвените линии? Сметам дека единствените црвени линии кои беа поминати беа тие на распродажбата на македонскиот идентитет, грубата трговија со нашите историски наследства и културни обележја врз кои како народ ја градиме нашата држава и го негуваме нашиот идентитет. Познавајќи ја европската бирократија, го разбирам господинот Вархеји кој како политичар во ЕУ сака уште едно завршено поглавје на своето биро, уште едно затворено прашање. И воедно, јасно ми е дека од негова гледна точка тешко е да се разбере она што за нас е исклучително важно, а тоа е нашиот идентитет и правото како немногуброен народ да опстоиме и тоа во состојба кога нашиот сосед има аспирации и неоправдано нѐ блокира, искористувајќи ја слабата и корумпирана влада, која не можејќи да испорача резултати – тргува со идентитетските обележја. Но исто така и комесарот треба да сфати дека во ситуација кога никој од владата не ја консултираше опозицијата при изработка на документот кој беше усвоен како преговарачка рамка, кога целосно беше игнорирана опозицијата и нашите барања јавно да се објави текстот од протоколот каде седат бугарските мегаломански барања, кога се прифати преговарачка рамка по која немаме вистински старт на преговорите туку обична фото-сесија и истите проблеми кои останаа, единствената црвена линија која се помина е таа на здравиот разум, на идентитетското распознавање на Македонија и народот како и бескрајната толеранција на Европската Унија на неразумните блокади и тапкањето во место. Воедно и Европската Унија го троши својот кредибилитет кога се удоволуваат мегаломанските барања на поединечни држави. Единствено што сакам и на што опстојувам е доследно почитување на вредностите врз кои почива ЕУ, а тоа е почитување на различностите, на силно вреднување на солидарноста, затоа што ниту Европа ниту Бугарија ќе има поголема корист од тоа што криминална влада и условени политичари исполниле мегаломански барања преку кои довеле една земја и народ во потчинета состојба. ДВ: Дали на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан ви беше пренесена слична порака, со оглед дека Вархеји потекнува од истата политичка опција? Не, разговорите со премиерот на Унгарија, Орбан, воопшто не беа во тој дух. Напротив. Тој е пријател на Македонија и голем поддржувач на стратешките интереси. Одблиску го запознав со деталите околу преговарачката рамка, и тоа што нам ни пречи, а тоа е правото кое се дозволува на земја членка на Унијата да ги менува нашите учебници, нашиот Устав, да го негира нашиот јазик, а за возврат ние сѐ уште да сме пред портите на ЕУ, сѐ додека некој од Бугарија не рече – доволно е обезличување, сега можете да влезете. Разговаравме и за состојбите во регионот, енергетската криза и ред други теми и прашања. Пријателска и средечна средба. Целото интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прочитајте го ТУКА

The post Мицкоски: Не ја поминавме црвената линија, некој друг ја премина линијата на здравиот разум appeared first on Република.

]]>
„Дојче Веле“ го објави спорниот предлог: Бугарските позиции влегуваат во преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dojche-vele-go-objavi-sporniot-predlog-bugarskite-pozicii-vleguvaat-vo-pregovarachkata-ramka/ Fri, 17 Jun 2022 17:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=516471

ДВ дојде до двата документи кои се понудени од Франција како решение за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија: Преговарачката рамка и Нацрт-заклучоците на Советот на ЕУ.

Македонија ќе треба да се обврзе да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа и да донесе Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со ЕУ, се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија. Официјално Скопје, барем засега, тврди дека до нив не стигнал овој документ. Притоа, поголем дел од планот „4+1″ на чија основа двете земји преговараат за надминување на билатералниот спор, се сели во Преговарачката рамка. Па така, во Акцискиот план кој треба да го спроведе Скопје, освен заштитата на малцинствата и недискриминацијата, се споменува и образованието. Дополнително, за воопшто да почнат пристапните преговори, Бугарија ќе треба да биде задоволна дека повеќе не се врши дискриминација во земјата и дека нема говор на омраза. Тие прашања ќе бидат регулирани со Акцискиот план на кој Скопје ќе мора да се обврзе.

Со предлогот, за кој Софија треба да се изјасни деновиве, останува активен и спорот за македонскиот јазик кој го отвори Бугарија, затоа што во него се предвидува двете земји со унилатерални декларации да и се обратат на ЕУ со објаснување за јазикот.

Притоа, Франција предлага и едно уникатно решение за организирање на две Меѓувладини конференции. Првата уште на 23 јуни во Брисел, која ја претставува како „политичка“, и втората во иднина, тогаш- кога Македонија ќе заврши со уставните измени.

Дојче веле од дипломатски извори дојде до двата документи од кои, во продолжение, ви ги пренесуваме клучните точки. Првиот е Преговарачката рамка во која се додадени повеќе бугарски барања, а вториот е Предлог-заклучокот кој претседавачот Франција му го доставува на Советот на ЕУ.

Комисијата ќе го следи напредокот

Во самата Преговарачка рамка, во точката 4 каде се наведуваат обврските на Македонија да ги почитува вредностите на ЕУ, освен „традиционалните“ барања за напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата и основните права, француското претседателство ги додава и „анти-дискриминацијата и борбата против говорот на омраза“.

Во точката 10, уште еднаш се потенцира потребата од заштита и недискриминаторски однос кон лица кои припаѓаат кон малцинства или заедници. „За да се обезбеди неповратноста на напредокот во овие сегменти и целосната имплементација, напредокот одблиску ќе се набљудува од Комисијата, која за тоа ќе му реферира на Советот“.

Што се однесува до дилемата дали Бугарија се откажала од спорењето со постоењето на македонскиот јазик, точката 11 во голема мерка ги решава тие дилеми. Иако Брисел го нарекува јазикот „македонски“, Бугарија сака да ја објасни својата позиција со декларација.
„Што се однесува до преводот на законите на ЕУ на македонски, ЕУ ја бележи намерата на Бугарија и Македонија да поднесат унилатерални декларации за македонскиот јазик“.

Акциски план за бугарските барања

Во точката 35 од поглавјето Преговарачки процедури поместен е уште еден дел кој одговара на барањата на Бугарија. Имено, оваа точка го опишува Патоказот во однос на владеењето на правото во земјата, кој владата во Скопје треба да го усвои врз база на скринингот кој ќе го изврши Европската комисија во земјата. Она што е ново во овој дел е следното:

Македонија ќе усвои, низ инклузивен процес, Акциски план насочен кон заштита на правата на лицата кои припаѓаат кон малцинства или заедници, вклучително и во делот на не-дискриминацијата, борбата против говорот на омраза, образованието, обезбедувањето ефективни мерки, механизми за пријавување и идентификување на одговорни институции за тоа. Усвојувањето и имплементацијата на овој Акциски план понатаму е додаден и како услов за отворање на првиот кластер со ЕУ наречен „Темели”.

Понатаму, во точката 47, каде се објаснува следењето на напредокот на Македонија од страна на Комисијата, е додадена уште една реченица:

Комисијата ќе обрне специјално внимание кон заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во точката 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивната имплементација“.

Останатите детали за тоа што може да се очекува од билатералниот договор меѓу владите во Скопје и Софија се наоѓаат во Предлог заклучоците кои Франција му ги предлага на Советот на ЕУ. Париз тука наведува дека „Македонија планира приоритетно” да изврши „уставни измени со цел да ги вклучи во Преамбулата на Уставот граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други нации, како Бугарите.”

Доколку Скопје се обврзе да го стори тоа, уште на 23 јуни во Брисел ќе се одржи „политичка меѓувладина конференција“ која, како што може да се разбере од Предлог-заклучоците нема да биде Меѓувладина конференција со која ќе се овозможи почеток на пристапните преговори. Таквата, вистинска Меѓувладина конференција, би се одржала дури откако ќе се промени Уставот и во него ќе се вметнат Бугарите. Преговорите со ЕУ за полноправно членство би започнале откако ќе се исполнат предусловите за отворање на кластерот Темели.

Кластерот Темели ќе се отвори прв и ќе се затвора последен, за да може да се следи напредокот во тој сегмент, се наведува натаму. Притоа, во точката 51, францускиот предлог предвидува паралелна контрола на Патоказот за напредок во делот на владеењето на правото, и Акцискиот план со кој треба да се обезбеди заштита на малцинствата. Понатаму, во точката 53 каде што се објаснуваат одредниците за кластерот Темели, се прецизира дека Патоказот за владеењето на правото и Акцискиот план, кој практично произлегува oд бугарските барања, се изедначуваат по важност и без нивното целосно исполнување државата нема да може да продолжи натаму.

The post „Дојче Веле“ го објави спорниот предлог: Бугарските позиции влегуваат во преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

ДВ дојде до двата документи кои се понудени од Франција како решение за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија: Преговарачката рамка и Нацрт-заклучоците на Советот на ЕУ. Македонија ќе треба да се обврзе да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа и да донесе Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со ЕУ, се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија. Официјално Скопје, барем засега, тврди дека до нив не стигнал овој документ. Притоа, поголем дел од планот „4+1″ на чија основа двете земји преговараат за надминување на билатералниот спор, се сели во Преговарачката рамка. Па така, во Акцискиот план кој треба да го спроведе Скопје, освен заштитата на малцинствата и недискриминацијата, се споменува и образованието. Дополнително, за воопшто да почнат пристапните преговори, Бугарија ќе треба да биде задоволна дека повеќе не се врши дискриминација во земјата и дека нема говор на омраза. Тие прашања ќе бидат регулирани со Акцискиот план на кој Скопје ќе мора да се обврзе. Со предлогот, за кој Софија треба да се изјасни деновиве, останува активен и спорот за македонскиот јазик кој го отвори Бугарија, затоа што во него се предвидува двете земји со унилатерални декларации да и се обратат на ЕУ со објаснување за јазикот. Притоа, Франција предлага и едно уникатно решение за организирање на две Меѓувладини конференции. Првата уште на 23 јуни во Брисел, која ја претставува како „политичка“, и втората во иднина, тогаш- кога Македонија ќе заврши со уставните измени. Дојче веле од дипломатски извори дојде до двата документи од кои, во продолжение, ви ги пренесуваме клучните точки. Првиот е Преговарачката рамка во која се додадени повеќе бугарски барања, а вториот е Предлог-заклучокот кој претседавачот Франција му го доставува на Советот на ЕУ. Комисијата ќе го следи напредокот Во самата Преговарачка рамка, во точката 4 каде се наведуваат обврските на Македонија да ги почитува вредностите на ЕУ, освен „традиционалните“ барања за напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата и основните права, француското претседателство ги додава и „анти-дискриминацијата и борбата против говорот на омраза“. Во точката 10, уште еднаш се потенцира потребата од заштита и недискриминаторски однос кон лица кои припаѓаат кон малцинства или заедници. „За да се обезбеди неповратноста на напредокот во овие сегменти и целосната имплементација, напредокот одблиску ќе се набљудува од Комисијата, која за тоа ќе му реферира на Советот“. Што се однесува до дилемата дали Бугарија се откажала од спорењето со постоењето на македонскиот јазик, точката 11 во голема мерка ги решава тие дилеми. Иако Брисел го нарекува јазикот „македонски“, Бугарија сака да ја објасни својата позиција со декларација. „Што се однесува до преводот на законите на ЕУ на македонски, ЕУ ја бележи намерата на Бугарија и Македонија да поднесат унилатерални декларации за македонскиот јазик“. Акциски план за бугарските барања Во точката 35 од поглавјето Преговарачки процедури поместен е уште еден дел кој одговара на барањата на Бугарија. Имено, оваа точка го опишува Патоказот во однос на владеењето на правото во земјата, кој владата во Скопје треба да го усвои врз база на скринингот кој ќе го изврши Европската комисија во земјата. Она што е ново во овој дел е следното:
Македонија ќе усвои, низ инклузивен процес, Акциски план насочен кон заштита на правата на лицата кои припаѓаат кон малцинства или заедници, вклучително и во делот на не-дискриминацијата, борбата против говорот на омраза, образованието, обезбедувањето ефективни мерки, механизми за пријавување и идентификување на одговорни институции за тоа. Усвојувањето и имплементацијата на овој Акциски план понатаму е додаден и како услов за отворање на првиот кластер со ЕУ наречен „Темели”.
Понатаму, во точката 47, каде се објаснува следењето на напредокот на Македонија од страна на Комисијата, е додадена уште една реченица:
Комисијата ќе обрне специјално внимание кон заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во точката 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивната имплементација“.
Останатите детали за тоа што може да се очекува од билатералниот договор меѓу владите во Скопје и Софија се наоѓаат во Предлог заклучоците кои Франција му ги предлага на Советот на ЕУ. Париз тука наведува дека „Македонија планира приоритетно” да изврши „уставни измени со цел да ги вклучи во Преамбулата на Уставот граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други нации, како Бугарите.” Доколку Скопје се обврзе да го стори тоа, уште на 23 јуни во Брисел ќе се одржи „политичка меѓувладина конференција“ која, како што може да се разбере од Предлог-заклучоците нема да биде Меѓувладина конференција со која ќе се овозможи почеток на пристапните преговори. Таквата, вистинска Меѓувладина конференција, би се одржала дури откако ќе се промени Уставот и во него ќе се вметнат Бугарите. Преговорите со ЕУ за полноправно членство би започнале откако ќе се исполнат предусловите за отворање на кластерот Темели. Кластерот Темели ќе се отвори прв и ќе се затвора последен, за да може да се следи напредокот во тој сегмент, се наведува натаму. Притоа, во точката 51, францускиот предлог предвидува паралелна контрола на Патоказот за напредок во делот на владеењето на правото, и Акцискиот план со кој треба да се обезбеди заштита на малцинствата. Понатаму, во точката 53 каде што се објаснуваат одредниците за кластерот Темели, се прецизира дека Патоказот за владеењето на правото и Акцискиот план, кој практично произлегува oд бугарските барања, се изедначуваат по важност и без нивното целосно исполнување државата нема да може да продолжи натаму.

The post „Дојче Веле“ го објави спорниот предлог: Бугарските позиции влегуваат во преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>
Германски воен експерт за „Дојче веле“: На Путин добро му оди во Украина, затоа нема никаква мотивација да оди на преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-voen-ekspert-za-dojche-vele-na-putin-dobro-mu-odi-vo-ukraina-zatoa-nema-nikakva-motivacija-da-odi-na-pregovori/ Tue, 31 May 2022 21:36:50 +0000 https://republika.mk/?p=509498

Руските трупи напредуваат во Донбас така што и украинскиот претседател Зеленски признава дека ќе биде тешко воено да се вратат териториите. Кремљ наводно е подготвен на преговори, но бара укинување на дел од западните санкции.

На источниот фронт траат тешки борби за Северодоњецк, еден од последните градови во регионот Луганск кој руските трупи и сепаратисти сè уште не ги заземале. Фронтот сепак секој ден се поместува за малку на запад, што сведочи за успесите на руската стратегија.

На тоа – како и на фактот дека на украинците им недостасува тешко вооружување – укажува и Карло Масала, политиколог и воен експерт Бундесверскиот универзитет во Минхен.

„За разлика од досегашниот тек на војната, Русите повеќе не удираат по ширина на фронтот туку ги концентрираат трупите за да напредуваат на мали делови од фронтот“, рекол тој за агенцијата „dpa“. „Со тоа остваруваат бројчена предност“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата признал дека ситуацијата е комплицирана во Донбас и Харков, каде „руската армија се обидува да извлече барем некој успех“.

Зеленски отворено рекол дека не верува дека сите територии кои Русите ги заземале – вклучувајќи го и Крим – може да се вратат со воени средства. „Кога би се одлучиле за тој пат, би изгубиле стотици илјади животи“, навел тој во видео-порака.

Претседателот на Украина додал Украина ќе врати се на други начини и ја нарекол Русија терористичка држава.

По конфузниот почеток на инвазијата, делува дека руската војска е на пат да го освои цел Донбас каде постојат две самопрогласени народни републики кои Москва ги признала.

Според гледиштето на воениот експерт Масала, моментално рускиот претседател Владимир Путин не мора да се грижи бидејќи му делува дека со продолжување на војната повеќе добива отколку што губи. „Нему добро му оди. Затоа нема никаква мотивација да оди на преговори“.

Освен можеби повлекување на барем дел од западните санкции. Имено, во саботата Путин долго разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Двајцата побарале од него да ја сопре војната и да ги повлече руските трупи.

Според извештаите, Путин сигнализирал подготвеност за преговори. Навел дека Москва е подготвена да овозможи извоз на украинските житарки преку Црното море, каде има морски мини, што практично го блокира пристаништето во Одеса.

„Исто така, зголемувањето на обемот на извоз на руското ѓубриво и земјоделски производи би помогнало во намалувањето на тензиите на глобалниот пазар за храна“, соопштил Кремљ по телефонските разговори. Нaведено е дека тоа подразбира и укинување на соодветните санкции.

Славниот германски политиколог Херфрид Минклер се обидел да ја опише ситуацијата пред која се наоѓаат Киев и Западот. „Сега е клучно политички да се погрижат за тоа отпорот на Украинците во првите 90 дена од оваа војна да не биде залуден“.

„Бидејќи, откако владееше извесна еуфорија дека Украина би можела да ја добие војната или дури и да ги протера Русите од цела Украина, сега состојбата за Украина е многу тешка. Таа е на пат да ја изгуби војната“, рекол Минклер.

Како што додал, мировните преговори веројатно ќе одат кон тоа Украина да го изгуби цел Донбас, може и уште поголема територија. „Западот мора да ја поддржи Украина така што да остане само „остаток од држава западно од Дњепар"“, навел Минклер.

„Бидејќи ако на Путин му помине анксиозната политика на голема територија, тоа ќе биде глобална поука“, рекол политикологот. Како што објаснил, попуштањето на Путин во оваа работа би можело да води кон ера на освојувачки војни ширум светот.

https://www.youtube.com/watch?v=tF5Z7zUYcA4

The post Германски воен експерт за „Дојче веле“: На Путин добро му оди во Украина, затоа нема никаква мотивација да оди на преговори appeared first on Република.

]]>

Руските трупи напредуваат во Донбас така што и украинскиот претседател Зеленски признава дека ќе биде тешко воено да се вратат териториите. Кремљ наводно е подготвен на преговори, но бара укинување на дел од западните санкции.
На источниот фронт траат тешки борби за Северодоњецк, еден од последните градови во регионот Луганск кој руските трупи и сепаратисти сè уште не ги заземале. Фронтот сепак секој ден се поместува за малку на запад, што сведочи за успесите на руската стратегија. На тоа – како и на фактот дека на украинците им недостасува тешко вооружување – укажува и Карло Масала, политиколог и воен експерт Бундесверскиот универзитет во Минхен. „За разлика од досегашниот тек на војната, Русите повеќе не удираат по ширина на фронтот туку ги концентрираат трупите за да напредуваат на мали делови од фронтот“, рекол тој за агенцијата „dpa“. „Со тоа остваруваат бројчена предност“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата признал дека ситуацијата е комплицирана во Донбас и Харков, каде „руската армија се обидува да извлече барем некој успех“. Зеленски отворено рекол дека не верува дека сите територии кои Русите ги заземале – вклучувајќи го и Крим – може да се вратат со воени средства. „Кога би се одлучиле за тој пат, би изгубиле стотици илјади животи“, навел тој во видео-порака. Претседателот на Украина додал Украина ќе врати се на други начини и ја нарекол Русија терористичка држава. По конфузниот почеток на инвазијата, делува дека руската војска е на пат да го освои цел Донбас каде постојат две самопрогласени народни републики кои Москва ги признала. Според гледиштето на воениот експерт Масала, моментално рускиот претседател Владимир Путин не мора да се грижи бидејќи му делува дека со продолжување на војната повеќе добива отколку што губи. „Нему добро му оди. Затоа нема никаква мотивација да оди на преговори“. Освен можеби повлекување на барем дел од западните санкции. Имено, во саботата Путин долго разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Двајцата побарале од него да ја сопре војната и да ги повлече руските трупи. Според извештаите, Путин сигнализирал подготвеност за преговори. Навел дека Москва е подготвена да овозможи извоз на украинските житарки преку Црното море, каде има морски мини, што практично го блокира пристаништето во Одеса. „Исто така, зголемувањето на обемот на извоз на руското ѓубриво и земјоделски производи би помогнало во намалувањето на тензиите на глобалниот пазар за храна“, соопштил Кремљ по телефонските разговори. Нaведено е дека тоа подразбира и укинување на соодветните санкции. Славниот германски политиколог Херфрид Минклер се обидел да ја опише ситуацијата пред која се наоѓаат Киев и Западот. „Сега е клучно политички да се погрижат за тоа отпорот на Украинците во првите 90 дена од оваа војна да не биде залуден“. „Бидејќи, откако владееше извесна еуфорија дека Украина би можела да ја добие војната или дури и да ги протера Русите од цела Украина, сега состојбата за Украина е многу тешка. Таа е на пат да ја изгуби војната“, рекол Минклер. Како што додал, мировните преговори веројатно ќе одат кон тоа Украина да го изгуби цел Донбас, може и уште поголема територија. „Западот мора да ја поддржи Украина така што да остане само „остаток од држава западно од Дњепар"“, навел Минклер. „Бидејќи ако на Путин му помине анксиозната политика на голема територија, тоа ќе биде глобална поука“, рекол политикологот. Како што објаснил, попуштањето на Путин во оваа работа би можело да води кон ера на освојувачки војни ширум светот. https://www.youtube.com/watch?v=tF5Z7zUYcA4

The post Германски воен експерт за „Дојче веле“: На Путин добро му оди во Украина, затоа нема никаква мотивација да оди на преговори appeared first on Република.

]]>
НАТО никогаш се нема обврзано дека нема да се шири на Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nato-nikogash-se-nema-obvrzano-deka-nema-da-se-shiri-na-istok/ Tue, 22 Feb 2022 14:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=462003

Надвиснатата опасност од војна во Украина не обврзува да фрлиме поглед наназад во историјата за да ги откриеме длабоките корени за денешните високонапонски тензии. Затоа, да ги погледнеме историските факти, анализира бугарската редакција на „Дојче Веле“

Ја измамија ли Москва за проширувањето на НАТО

Руската официјална доктрина и пропаганда долго време најмногу го повторува следното: САД и НАТО го излажаа Горбачов дека Алијансата нема ниту сантиметар да се шири на исток-имено, тоа е причината за денешните тензии. Меѓутоа, такво ветување никаде не е потврдено црно на бело. Денес веќе се достапни доволно документи и извори од кои станува јасно што се случувало во текот на историската 1990 година кога беше донесена одлуката за обединувањето на Германија.

Според германскиот „Зидојче цајтунг“, тие материјали никој ги нема проучено подобро од харвардската историчарка Мари Илис Сарот, која минатата година ја издаде својата трета книга посветена на крајот на Студената војна. Книгата се вика „Ниту сантиметар“, а насловот се однесува токму на спорното ветување дека НАТО нема да се проширува. Против Сарот често се употребува аргументот дека како американска граѓанка таа самата е пристрасна, потсетува германскиот весник, но се спротивставува со наводите дека никој не вложил толкави напори за историската вистина колку самата Сарот. Написот во германскиот весник е насловен „Беше ли измамен Советскиот сојуз од Западот?„.

Опширен разговор со 34-годишната историчарка е објавен во друг германски весник-„Велт ам зонтаг“. Во него таа потсетува дека на почетокот на 1990 година главното прашање било-Што следи од тука, па натаму? Студената војна завршила, но на територијата на тогашна ДР Германија се уште има 380.000 советски војници. И воопшто не е јасно дали Москва ќе се согласи Германија одново да се обедини. Во интервјуто за „Велт ам зонтаг“ историчарката објаснува:

-На почетокот на 1990 година се одржаа низа дипломатски разговори. Во еден од нив, тогашниот државен секретар на САД, Џејмс Бејкер, му го кажал на Горбачов приближно следното:„Како ви звучи приближно една ваква хипотетичка идеја: Вие и дозволувате на Германија да се обедини, а ние Ви велиме дека НАТО нема да се помести ни сантиметар во правец на исток“. На што Горбачов одговорил: Да, звучи како добра идеја, во иднина можеме да ја разгледаме“.

Мари Илис Сарот потсетува дека околу тој разговор нема никакви сомневања, но истовремено на хартија не е ништо потпишано. Црно на бело постои само во познатиот Договор 2+3 од септември 1990 година.

-Во тој договор пишува дека НАТО има право да ја прошири зоната во која ќе делува членот 5 за обврската на организацијата да ги штити своите членки-да ја прошири од другата страна на Студената војна т.е. и на територијата на ДР Германија. Москва го потпишала. Но, Путин денес го премолчува, зашто тој факт не му одговара, вели Сарот.

Историчарката говори и за противречните тврдења на Михаил Горбачов, кој во 2014 година вели дека за време на преговорите за обединувањето на Германија не станувало збор за НАТО. Но, архивите на самиот Горбачов содржат белешка дека тој лично зборувал со американскиот државен секретар Бејкер за НАТО. И ја споделил претпоставката дека државите од Средна и Источна Европа сакаат да го напуштат Варшавскиот договор и подоцна да влезат во НАТО. Со други зборови, посочува Сарот, било зборувано за НАТО.

Во опширното интервју за „Велт ам зонтаг“ станува збор и за последниот напис на „Шпигел“ на истата тема во кој се цитираат „ново откриени извори“. Тие исто така потврдуваат дека-за разлика од искажаното од Горбачов во 2014 година-во преговорите за обединувањето на Германија како тема било присутно проширувањето на НАТО на исток. Двајца дипломати, кои учествувале во тогашните преговори-Германецот Јирген Хробог и Американецот Рејмонд Сејц-во 1991 година се на мислење дека Западот, сепак, ја прифатил обврската, НАТО да не се шири од другата страна на Елба. Меѓутоа, таму работата е во тоа што нивните претпоставени-претседателот на САД, Џорџ Буш, и канцеларот на СР Германија, Хелмут Кол-не ги ополномоштиле за такви ветувања. Околу тоа прашање историчарката вели:

-Ако во рамките на преговорите „2+4“ Сејц и Хроборг сепак преговарале со Советите за иднината на НАТО-и тоа наспроти укажувањата од Белата куќа и од германската влада-тие ги пречекориле своите овластувања. И нема значење кој што си кажал во 1991 година-тоа што се брои е официјално потпишано во 1990. А, тоа е јасно, таква била официјалната позиција на Федералната Република, Велика Британија, Франција и САД.

Во разговорот со историчарката натаму станува збор за следната фаза на разведрување во односите меѓу Западот и Москва. Околу ова прашање Мари Илис Сарот вели:

-Имаше три решавачки моменти-еден уште за време на владеењето на Џорџ Буш, а другите два веќе во времето на Бил Клинтон. Од гледна точка на Буш, Студената војна беше добиена од НАТО, така што немаше потреба од нов мировен поредок или од какви било промени. (…)Буш јасно даде на знаење дека новиот мировен поредок во Европа ќе биде многу сличен на стариот и така ги симна од дневен ред сите можни алтернативи, во прв ред неутрална Средна Европа, ако не и распуштањето на НАТО.

Вториот решавачки момент, според историчарката, настапува во моментот кога за време на мандатот на Бил Клинтон неколку источноевропски држави, како на пример Полска и Унгарија, јасно велат дека сакаат да влезат во НАТО. Таа ги цитира зборовите на Клинтон, така како што ги пренела и во својата книга „Ниту сантиметар“: Момент. Да не брзаме толку. Зашто, ќе ни се појави проблем. Што ќе се случи тогаш со Украина? Што ќе се случи со другите бивши советски републики“? Според историчарката, Клинтон водел сметка дека низ Европа одново ќе се повлекува црта на раздвојување-меѓу државите кои се под закрилата на НАТО и оние кои не се.

-На почетокот на 1994, Клинтон го кажува приближно следното:„Најголем проблем е Украина. Нема да има траен мир ако Украина ја оставиме сама“. Кога го прочитав тоа, едвај не паднав од столицата.

Историчарката потестува дека на тој фон администрацијата на Бил Клинтон разработува една меѓуфаза-т.н.„Партнерство за мир“, во чии рамки државите од Средна Европа постепено ќе се придвижат кон членството во НАТО, а партнерството да биде отворено и за држави како Украина, Белорусија и Казахстан.

-Тоа решение не беше особено популарно, зашто Полска и Унгарија сакаа веднаш да влезат во НАТО. Но, „Партнерството за мир“ имаше една голема предност-тоа беше прифатливо за сите, вклучувајќи ја и Русија, која дури и се присоедини. Полска од срце ја мразеше таа идеја, но Бил Клинтон го убеди Лех Валенса.

„Сивата зона настаната во деновите меѓу 8 и 25 февруари“

На крајот од интервјуто историчарката стигнува до третиот решавачки момент, кој ги предодредил денешните тензии меѓу Русија и НАТО:

-За него е виновен не само Клинтон, туку и Елцин. Првично, демократизацијата во Русија започна многу ветувачки, во во октомври 1993 година Елцин испрати тенкови против парламентарците/ А, уште полошо беше навлегувањето во Чеченија во 1994 година. За Полјаците тоа беше пресвртен момент и токму тогаш тие рекоа-Откако Русија навлезе во Чеченија, ние имаме потреба од закрилата на членот 5. Источноевропејците го засилија притисокот. Да не ги заборавиме и изборите во САД, што ги добија републиканците, кои беа за проширување на НАТО. Под притисок на тие настани, а и како резултат на Меморандумот од Будимпешта, со кој Украина се откажа од нуклеарното оружје и така изгуби дел од своето значење, Клинтон го смени своето мислење и на источноеврпејците им го даде членот 5. И оттогаш тргнавме по патот на кој се наоѓаме сега.

Во тој дел Мари Илис Сарот се враќа на тогашната одлука на Украина да и го предаде на Руската Федерација нуклеарното оружје од советско време. По нејзините наводи, „Зидојче цајтунг“ резимира:

-Тоест, никогаш немало правно обврзувачки ветувања или договори за улогата на НАТО по обединувањето на Германија. Во преговорите за надворешнополитичките аспекти на германското обединување (преговорите „2+4) темата повеќе не се појавува. Тоа си останува една сива зона, настаната во усмената комуникација во деновите меѓу 8 и 25 февруари.

Извор: Дојче Веле Бугарија

 

The post НАТО никогаш се нема обврзано дека нема да се шири на Исток appeared first on Република.

]]>

Надвиснатата опасност од војна во Украина не обврзува да фрлиме поглед наназад во историјата за да ги откриеме длабоките корени за денешните високонапонски тензии. Затоа, да ги погледнеме историските факти, анализира бугарската редакција на „Дојче Веле“ Ја измамија ли Москва за проширувањето на НАТО Руската официјална доктрина и пропаганда долго време најмногу го повторува следното: САД и НАТО го излажаа Горбачов дека Алијансата нема ниту сантиметар да се шири на исток-имено, тоа е причината за денешните тензии. Меѓутоа, такво ветување никаде не е потврдено црно на бело. Денес веќе се достапни доволно документи и извори од кои станува јасно што се случувало во текот на историската 1990 година кога беше донесена одлуката за обединувањето на Германија. Според германскиот „Зидојче цајтунг“, тие материјали никој ги нема проучено подобро од харвардската историчарка Мари Илис Сарот, која минатата година ја издаде својата трета книга посветена на крајот на Студената војна. Книгата се вика „Ниту сантиметар“, а насловот се однесува токму на спорното ветување дека НАТО нема да се проширува. Против Сарот често се употребува аргументот дека како американска граѓанка таа самата е пристрасна, потсетува германскиот весник, но се спротивставува со наводите дека никој не вложил толкави напори за историската вистина колку самата Сарот. Написот во германскиот весник е насловен „Беше ли измамен Советскиот сојуз од Западот?„. Опширен разговор со 34-годишната историчарка е објавен во друг германски весник-„Велт ам зонтаг“. Во него таа потсетува дека на почетокот на 1990 година главното прашање било-Што следи од тука, па натаму? Студената војна завршила, но на територијата на тогашна ДР Германија се уште има 380.000 советски војници. И воопшто не е јасно дали Москва ќе се согласи Германија одново да се обедини. Во интервјуто за „Велт ам зонтаг“ историчарката објаснува: -На почетокот на 1990 година се одржаа низа дипломатски разговори. Во еден од нив, тогашниот државен секретар на САД, Џејмс Бејкер, му го кажал на Горбачов приближно следното:„Како ви звучи приближно една ваква хипотетичка идеја: Вие и дозволувате на Германија да се обедини, а ние Ви велиме дека НАТО нема да се помести ни сантиметар во правец на исток“. На што Горбачов одговорил: Да, звучи како добра идеја, во иднина можеме да ја разгледаме“. Мари Илис Сарот потсетува дека околу тој разговор нема никакви сомневања, но истовремено на хартија не е ништо потпишано. Црно на бело постои само во познатиот Договор 2+3 од септември 1990 година. -Во тој договор пишува дека НАТО има право да ја прошири зоната во која ќе делува членот 5 за обврската на организацијата да ги штити своите членки-да ја прошири од другата страна на Студената војна т.е. и на територијата на ДР Германија. Москва го потпишала. Но, Путин денес го премолчува, зашто тој факт не му одговара, вели Сарот. Историчарката говори и за противречните тврдења на Михаил Горбачов, кој во 2014 година вели дека за време на преговорите за обединувањето на Германија не станувало збор за НАТО. Но, архивите на самиот Горбачов содржат белешка дека тој лично зборувал со американскиот државен секретар Бејкер за НАТО. И ја споделил претпоставката дека државите од Средна и Источна Европа сакаат да го напуштат Варшавскиот договор и подоцна да влезат во НАТО. Со други зборови, посочува Сарот, било зборувано за НАТО. Во опширното интервју за „Велт ам зонтаг“ станува збор и за последниот напис на „Шпигел“ на истата тема во кој се цитираат „ново откриени извори“. Тие исто така потврдуваат дека-за разлика од искажаното од Горбачов во 2014 година-во преговорите за обединувањето на Германија како тема било присутно проширувањето на НАТО на исток. Двајца дипломати, кои учествувале во тогашните преговори-Германецот Јирген Хробог и Американецот Рејмонд Сејц-во 1991 година се на мислење дека Западот, сепак, ја прифатил обврската, НАТО да не се шири од другата страна на Елба. Меѓутоа, таму работата е во тоа што нивните претпоставени-претседателот на САД, Џорџ Буш, и канцеларот на СР Германија, Хелмут Кол-не ги ополномоштиле за такви ветувања. Околу тоа прашање историчарката вели:
-Ако во рамките на преговорите „2+4“ Сејц и Хроборг сепак преговарале со Советите за иднината на НАТО-и тоа наспроти укажувањата од Белата куќа и од германската влада-тие ги пречекориле своите овластувања. И нема значење кој што си кажал во 1991 година-тоа што се брои е официјално потпишано во 1990. А, тоа е јасно, таква била официјалната позиција на Федералната Република, Велика Британија, Франција и САД.
Во разговорот со историчарката натаму станува збор за следната фаза на разведрување во односите меѓу Западот и Москва. Околу ова прашање Мари Илис Сарот вели: -Имаше три решавачки моменти-еден уште за време на владеењето на Џорџ Буш, а другите два веќе во времето на Бил Клинтон. Од гледна точка на Буш, Студената војна беше добиена од НАТО, така што немаше потреба од нов мировен поредок или од какви било промени. (…)Буш јасно даде на знаење дека новиот мировен поредок во Европа ќе биде многу сличен на стариот и така ги симна од дневен ред сите можни алтернативи, во прв ред неутрална Средна Европа, ако не и распуштањето на НАТО. Вториот решавачки момент, според историчарката, настапува во моментот кога за време на мандатот на Бил Клинтон неколку источноевропски држави, како на пример Полска и Унгарија, јасно велат дека сакаат да влезат во НАТО. Таа ги цитира зборовите на Клинтон, така како што ги пренела и во својата книга „Ниту сантиметар“: Момент. Да не брзаме толку. Зашто, ќе ни се појави проблем. Што ќе се случи тогаш со Украина? Што ќе се случи со другите бивши советски републики“? Според историчарката, Клинтон водел сметка дека низ Европа одново ќе се повлекува црта на раздвојување-меѓу државите кои се под закрилата на НАТО и оние кои не се. -На почетокот на 1994, Клинтон го кажува приближно следното:„Најголем проблем е Украина. Нема да има траен мир ако Украина ја оставиме сама“. Кога го прочитав тоа, едвај не паднав од столицата. Историчарката потестува дека на тој фон администрацијата на Бил Клинтон разработува една меѓуфаза-т.н.„Партнерство за мир“, во чии рамки државите од Средна Европа постепено ќе се придвижат кон членството во НАТО, а партнерството да биде отворено и за држави како Украина, Белорусија и Казахстан. -Тоа решение не беше особено популарно, зашто Полска и Унгарија сакаа веднаш да влезат во НАТО. Но, „Партнерството за мир“ имаше една голема предност-тоа беше прифатливо за сите, вклучувајќи ја и Русија, која дури и се присоедини. Полска од срце ја мразеше таа идеја, но Бил Клинтон го убеди Лех Валенса. „Сивата зона настаната во деновите меѓу 8 и 25 февруари“ На крајот од интервјуто историчарката стигнува до третиот решавачки момент, кој ги предодредил денешните тензии меѓу Русија и НАТО:
-За него е виновен не само Клинтон, туку и Елцин. Првично, демократизацијата во Русија започна многу ветувачки, во во октомври 1993 година Елцин испрати тенкови против парламентарците/ А, уште полошо беше навлегувањето во Чеченија во 1994 година. За Полјаците тоа беше пресвртен момент и токму тогаш тие рекоа-Откако Русија навлезе во Чеченија, ние имаме потреба од закрилата на членот 5. Источноевропејците го засилија притисокот. Да не ги заборавиме и изборите во САД, што ги добија републиканците, кои беа за проширување на НАТО. Под притисок на тие настани, а и како резултат на Меморандумот од Будимпешта, со кој Украина се откажа од нуклеарното оружје и така изгуби дел од своето значење, Клинтон го смени своето мислење и на источноеврпејците им го даде членот 5. И оттогаш тргнавме по патот на кој се наоѓаме сега.
Во тој дел Мари Илис Сарот се враќа на тогашната одлука на Украина да и го предаде на Руската Федерација нуклеарното оружје од советско време. По нејзините наводи, „Зидојче цајтунг“ резимира:
-Тоест, никогаш немало правно обврзувачки ветувања или договори за улогата на НАТО по обединувањето на Германија. Во преговорите за надворешнополитичките аспекти на германското обединување (преговорите „2+4) темата повеќе не се појавува. Тоа си останува една сива зона, настаната во усмената комуникација во деновите меѓу 8 и 25 февруари.
Извор: Дојче Веле Бугарија  

The post НАТО никогаш се нема обврзано дека нема да се шири на Исток appeared first on Република.

]]>
Русија го забрани емитувањето на германскиот меѓународен радиодифузер „Дојче веле“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-zabrani-emituvanjeto-na-germanskiot-megjunaroden-radiodifuzer-dojche-vele/ Thu, 03 Feb 2022 14:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=453653

Русија воведе забрана за емитување на германскиот меѓународен радиодифузер „Дојче веле“, ја затвора неговата канцеларија во Москва и ќе ја одземе акредитацијата на новинарите од тој медиум, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва.

Потегот на Москва е одговор на вчерашната одлука на германскиот регулатор, кој ги блокираше преносите на рускиот ТВ канал „РТ ДЕ“. Кремљ ја критикуваше таквата одлука како „ништо помалку од напад на слободата на говорот“.

https://republika.mk/vesti/svet/germanija-zabrani-emituvanje-na-rasha-tudej-na-germanski/

Германската Комисија за лиценцирање и надзор (ЗАК), која е одговорна за регулирање на медиумите во Германија, му забрани на каналот на германски јазик „РТ ДЕ“ да емитува програма во земјата, наведувајќи дека нема дозвола за емитување.

„РТ“, поранешна „Раша Тудеј“, се емитува на меѓународно ниво на шест јазици и тврди дека нејзината програма на германски јазик придонесува за различноста на мислењата во Европа. Во меѓувреме, критичарите ја обвинуваат „РТ“ дека е гласноговорник на Кремљ и се користи за ширење пропаганда и дезинформации.

„Дојче веле“ или „ДВ“ е германски државен 24-часовен информативен канал финансиран од федералниот даночен буџет. Се емитува програма на германски, англиски, шпански и арапски јазик.

The post Русија го забрани емитувањето на германскиот меѓународен радиодифузер „Дојче веле“ appeared first on Република.

]]>

Русија воведе забрана за емитување на германскиот меѓународен радиодифузер „Дојче веле“, ја затвора неговата канцеларија во Москва и ќе ја одземе акредитацијата на новинарите од тој медиум, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва. Потегот на Москва е одговор на вчерашната одлука на германскиот регулатор, кој ги блокираше преносите на рускиот ТВ канал „РТ ДЕ“. Кремљ ја критикуваше таквата одлука како „ништо помалку од напад на слободата на говорот“. https://republika.mk/vesti/svet/germanija-zabrani-emituvanje-na-rasha-tudej-na-germanski/ Германската Комисија за лиценцирање и надзор (ЗАК), која е одговорна за регулирање на медиумите во Германија, му забрани на каналот на германски јазик „РТ ДЕ“ да емитува програма во земјата, наведувајќи дека нема дозвола за емитување. „РТ“, поранешна „Раша Тудеј“, се емитува на меѓународно ниво на шест јазици и тврди дека нејзината програма на германски јазик придонесува за различноста на мислењата во Европа. Во меѓувреме, критичарите ја обвинуваат „РТ“ дека е гласноговорник на Кремљ и се користи за ширење пропаганда и дезинформации. „Дојче веле“ или „ДВ“ е германски државен 24-часовен информативен канал финансиран од федералниот даночен буџет. Се емитува програма на германски, англиски, шпански и арапски јазик.

The post Русија го забрани емитувањето на германскиот меѓународен радиодифузер „Дојче веле“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во новата влада се истите лица чии политики беа поразени! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vo-novata-vlada-se-istite-lica-chii-politiki-bea-porazeni/ Tue, 11 Jan 2022 09:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=442968

Она што можам да го кажам е дека оваа влада го загуби кредибилитетот од народот уште на локалните избори кои што беа своевиден дебакл на сите политики на актуелната влада“, вели за „Дојче веле“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сега во оваа влада се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени. Го имате Љупчо Николовски кој беше задолжен за антикорупција во времето кога оваа влада на сите скали е на првото место по корупција. Повторно министер е Маричиќ, кој е познат по неправдите и хаосот во правосудството и монтираните случаи кои завршуваат со неспроведување на правдата. Во владата продолжува да биде министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е главниот бранител на мафијата и во чие време се случија најголемите скандали поврзани со разни шверцови, пасоши, нерасветлени убиства и слично. Министер е и Битиќи, кој ќе остане запаметен по фијаското во економијата, инфлацијата, високите цени во маркетите, а ниските плати. Од друга страна, имате и невпечатливи министри, чии портфолија кажуваат дека таму се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници. Министер е и професорот Тупанчески, кој би било добро да го чуеме што мисли како добар правник за главното барање на Алтернатива кое е дел од договорот со СДСМ - за реотворање на случаите Монструм и другите правно утврдени случаи“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст овде.

The post Мицкоски: Во новата влада се истите лица чии политики беа поразени! appeared first on Република.

]]>

Она што можам да го кажам е дека оваа влада го загуби кредибилитетот од народот уште на локалните избори кои што беа своевиден дебакл на сите политики на актуелната влада“, вели за „Дојче веле“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Сега во оваа влада се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени. Го имате Љупчо Николовски кој беше задолжен за антикорупција во времето кога оваа влада на сите скали е на првото место по корупција. Повторно министер е Маричиќ, кој е познат по неправдите и хаосот во правосудството и монтираните случаи кои завршуваат со неспроведување на правдата. Во владата продолжува да биде министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е главниот бранител на мафијата и во чие време се случија најголемите скандали поврзани со разни шверцови, пасоши, нерасветлени убиства и слично. Министер е и Битиќи, кој ќе остане запаметен по фијаското во економијата, инфлацијата, високите цени во маркетите, а ниските плати. Од друга страна, имате и невпечатливи министри, чии портфолија кажуваат дека таму се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници. Министер е и професорот Тупанчески, кој би било добро да го чуеме што мисли како добар правник за главното барање на Алтернатива кое е дел од договорот со СДСМ - за реотворање на случаите Монструм и другите правно утврдени случаи“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Целиот текст овде.

The post Мицкоски: Во новата влада се истите лица чии политики беа поразени! appeared first on Република.

]]>