Дојче банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojche-banka/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 11:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дојче банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojche-banka/ 32 32 Закрепнувањето на германската економија е тешко, вели централната банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zakrepnuvaneto-na-germanskata-ekonomija-e-teshko-veli-tsentralnata-banka/ Fri, 16 Jun 2023 13:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=652156

Германската економија тешко закрепнува од кризите во изминатите три години, предупреди германската централна банка Bundesbank, прогнозирајќи благ пад на активностите годинава и намалувајќи ја процената за раст во следната 2024 гоина поради повисоките каметни стапки и послабата конкурентност.

Германското стопанство тешко ќе закрепне од кризата од претходните три години. Сѐ уште ги чувствува последиците од високата инфлација, иако барем тој притисок слабее, објави централната банка во соопштението.

Во банката не очекуваат дека економските активности во годинава незначително ќе се намали, и тоа за 0,3 отсто, поблаго отколку што проценија во декември благодарејќи на пониските цени на енергијата. Во 2024-та економијата би требало да порасне за 1,2 отсто и за 1,3 отсто во 2025 година.

Растот во 2024-та и во 2025-та ќе биде послаб отколку што се очекуваше пред половина година поради повисоките каматни стапки и намалената конкурентност“, се наведува во извештајот.

Инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој се користи за споредба меѓу земјите членки на Европската унија би требало оваа година да изнесува 6,0 отсто и ќе биде значитело пониска отколку што во централната банка на Германија прогнозираа во декември. Чувствително е намалена и процената за 2024-та, на 3,1 отсто.

„Решителните мерки на монетарната политика се важни за сузбивање на економските и општествените ризици од долготрајната инфлација“, вели претседателот на Bundesbank, Јоаким Нагел.

Челниците на Bundesbank заговараат строга монетарна политика, и покрај длабоката криза во германската индустрија.

Иако цените на енергијата во меѓувремето паднаа, базичната инфлација и натаму е висока, истакнува германскиот гувернер, алудирајќи на стапката на инфлација којашто не ги вклучува цените на храната и на енергијата. Високата инфлација би можела да биде вкоренета, доколку платите и профитите растат уште посилно, предупредува Нагел.

Европската централна банка (ЕЦБ – ECB) предупреди во четвртокот дека добивките на компаниите и повисоките плати, делумно поради еднократите поддршки во кризниот период, се сѐ поважни извори на инфлацијата во еврозоната, со последици од поскапувањето на енергијата во претходниот период и засилената побарувачка по пандемијата на коронавирусот, особено во секторот услуги.

The post Закрепнувањето на германската економија е тешко, вели централната банка appeared first on Република.

]]>

Германската економија тешко закрепнува од кризите во изминатите три години, предупреди германската централна банка Bundesbank, прогнозирајќи благ пад на активностите годинава и намалувајќи ја процената за раст во следната 2024 гоина поради повисоките каметни стапки и послабата конкурентност. Германското стопанство тешко ќе закрепне од кризата од претходните три години. Сѐ уште ги чувствува последиците од високата инфлација, иако барем тој притисок слабее, објави централната банка во соопштението. Во банката не очекуваат дека економските активности во годинава незначително ќе се намали, и тоа за 0,3 отсто, поблаго отколку што проценија во декември благодарејќи на пониските цени на енергијата. Во 2024-та економијата би требало да порасне за 1,2 отсто и за 1,3 отсто во 2025 година. Растот во 2024-та и во 2025-та ќе биде послаб отколку што се очекуваше пред половина година поради повисоките каматни стапки и намалената конкурентност“, се наведува во извештајот. Инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој се користи за споредба меѓу земјите членки на Европската унија би требало оваа година да изнесува 6,0 отсто и ќе биде значитело пониска отколку што во централната банка на Германија прогнозираа во декември. Чувствително е намалена и процената за 2024-та, на 3,1 отсто. „Решителните мерки на монетарната политика се важни за сузбивање на економските и општествените ризици од долготрајната инфлација“, вели претседателот на Bundesbank, Јоаким Нагел. Челниците на Bundesbank заговараат строга монетарна политика, и покрај длабоката криза во германската индустрија. Иако цените на енергијата во меѓувремето паднаа, базичната инфлација и натаму е висока, истакнува германскиот гувернер, алудирајќи на стапката на инфлација којашто не ги вклучува цените на храната и на енергијата. Високата инфлација би можела да биде вкоренета, доколку платите и профитите растат уште посилно, предупредува Нагел. Европската централна банка (ЕЦБ – ECB) предупреди во четвртокот дека добивките на компаниите и повисоките плати, делумно поради еднократите поддршки во кризниот период, се сѐ поважни извори на инфлацијата во еврозоната, со последици од поскапувањето на енергијата во претходниот период и засилената побарувачка по пандемијата на коронавирусот, особено во секторот услуги.

The post Закрепнувањето на германската економија е тешко, вели централната банка appeared first on Република.

]]>
Шефот на Бундесбанк повика на мерки против високите нивоа на инфлација во еврозоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-bundesbank-povika-na-merki-protiv-visokite-nivoa-na-inflacija-vo-evrozonata/ Fri, 06 May 2022 16:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=498683

Претседателот на германската Централна банка, Јоаким Нагел изрази уверување дека европските централни банки ќе успеат да го контролираат високото ниво на инфлација во еврозоната.

Сè уште сум уверен дека можеме да се справивме со ова во однос на монетарната политика на таков начин што на крајот можеме да го исполниме нашиот мандат и да излеземе со инфлација од два отсто на среден рок, рече денеска Нагел.

Во исто време, Нагел, кој како претседател на Бундесбанк е член на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), предупреди дека „прозорецот на можности што сега се отвора за мерките на монетарната политика полека се затвора и треба да се направи нешто околу тоа“.

Имаше одредени фактори кои монетарната политика не можеше да ги контролира, призна Нагел, додавајќи дека централната банка сепак може да влијае на инфлациските очекувања.

Но, не смееме да чекаме предолго. Ако очекувањата за инфлација станат вкоренети на одредено ниво, „тогаш тоа влијае на другите цени, предупреди Нагел.

Тој рече дека во моментов не гледа никаква загриженост дека крајот на ултра-лабавата монетарна политика на ЕЦБ може да ја задуши економијата. Врз основа на сегашните податоци, тој предвиде дека нема да има рецесија.

ЕЦБ најави дека би можела да одлучи да стави крај на нето-откупот на обврзници на состанокот на Советот во јуни. Прекинот на купувањата е предуслов за зголемување на каматните стапки, според ЕЦБ.

The post Шефот на Бундесбанк повика на мерки против високите нивоа на инфлација во еврозоната appeared first on Република.

]]>

Претседателот на германската Централна банка, Јоаким Нагел изрази уверување дека европските централни банки ќе успеат да го контролираат високото ниво на инфлација во еврозоната.
Сè уште сум уверен дека можеме да се справивме со ова во однос на монетарната политика на таков начин што на крајот можеме да го исполниме нашиот мандат и да излеземе со инфлација од два отсто на среден рок, рече денеска Нагел.
Во исто време, Нагел, кој како претседател на Бундесбанк е член на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), предупреди дека „прозорецот на можности што сега се отвора за мерките на монетарната политика полека се затвора и треба да се направи нешто околу тоа“. Имаше одредени фактори кои монетарната политика не можеше да ги контролира, призна Нагел, додавајќи дека централната банка сепак може да влијае на инфлациските очекувања.
Но, не смееме да чекаме предолго. Ако очекувањата за инфлација станат вкоренети на одредено ниво, „тогаш тоа влијае на другите цени, предупреди Нагел.
Тој рече дека во моментов не гледа никаква загриженост дека крајот на ултра-лабавата монетарна политика на ЕЦБ може да ја задуши економијата. Врз основа на сегашните податоци, тој предвиде дека нема да има рецесија. ЕЦБ најави дека би можела да одлучи да стави крај на нето-откупот на обврзници на состанокот на Советот во јуни. Прекинот на купувањата е предуслов за зголемување на каматните стапки, според ЕЦБ.

The post Шефот на Бундесбанк повика на мерки против високите нивоа на инфлација во еврозоната appeared first on Република.

]]>