дојави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojavi/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 17:39:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дојави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojavi/ 32 32 Лажни се денешнте дојави за бомби во училишта во Кочани, тврди МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhni-se-deneshnte-dojavi-za-bombi-vo-uchilishta-vo-kochani-tvrdi-mvr/ Fri, 15 Dec 2023 17:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=723425

МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни.

Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.

Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, денеска полицијата ги направила сите потребни проверки и во врска со пријавите од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.

The post Лажни се денешнте дојави за бомби во училишта во Кочани, тврди МВР appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни. Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.
Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците, велат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, денеска полицијата ги направила сите потребни проверки и во врска со пријавите од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.  

The post Лажни се денешнте дојави за бомби во училишта во Кочани, тврди МВР appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби на повеќе места во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-na-poveke-mesta-vo-zagreb/ Fri, 14 Jul 2023 08:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=661182

Неколку хрватски медиуми и полицијата во Загреб утрово добиле дојави за наводно поставени бомби на повеќе локации во главниот град на Хрватска.

Заканите биле дека експлозивни направи се поставени во зградата каде се наоѓа редакцијата на весникот „Јутарњи лист“, во трамвајската клучка во областа Дубрава, земјоделското училиште, хотелот „Резиденс“ и во Полициската станица во Дубрава.

Загрепската полиција веднаш по дојавите излегла на терен и ги проверила локации. На четири од нив, јавува „Индекс“, не се пронајдени експлозиви односно дојавите биле лажни, додека петтата локација сè уште се проверува. Неофицијално, единствената локација каде не е завршена проверката е во редакцијата на „Јутарњи лист“.

Порталот пишува дека во порака со дојавата за бомби пишува дека секоја експлозивна направа содржи експлозив Ц4 и нервен агенс сарин, како и дека има тајмер.

The post Дојави за бомби на повеќе места во Загреб appeared first on Република.

]]>

Неколку хрватски медиуми и полицијата во Загреб утрово добиле дојави за наводно поставени бомби на повеќе локации во главниот град на Хрватска. Заканите биле дека експлозивни направи се поставени во зградата каде се наоѓа редакцијата на весникот „Јутарњи лист“, во трамвајската клучка во областа Дубрава, земјоделското училиште, хотелот „Резиденс“ и во Полициската станица во Дубрава. Загрепската полиција веднаш по дојавите излегла на терен и ги проверила локации. На четири од нив, јавува „Индекс“, не се пронајдени експлозиви односно дојавите биле лажни, додека петтата локација сè уште се проверува. Неофицијално, единствената локација каде не е завршена проверката е во редакцијата на „Јутарњи лист“. Порталот пишува дека во порака со дојавата за бомби пишува дека секоја експлозивна направа содржи експлозив Ц4 и нервен агенс сарин, како и дека има тајмер.  

The post Дојави за бомби на повеќе места во Загреб appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во Нови Сад во два факултети и три трговски центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-novi-sad-vo-dva-fakulteti-i-tri-trgovski-tsentri/ Mon, 05 Jun 2023 08:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=647906

Утрово во периодот од 07:20 до 8 часот во полиција пристигнале пријави за подметнати бомби на повеќе локации, пренесуваат српските медиуми. Според извештаите, бомби биле пријавени на два факултети во Нови Сад, три трговски центри, хотел и други објекти.

Полициската акција е во тек. Се вршат претреси. Граѓаните се безбедни – вели извор на „Блиц“.

Во објектите кои досега биле проверени било констатирано дека пријавите се лажни.

The post Дојави за бомби во Нови Сад во два факултети и три трговски центри appeared first on Република.

Дојава за бомби во неколку институции во Белград и Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bombi-vo-nekolku-institutsii-vo-belgrad-i-novi-sad/ Fri, 19 May 2023 16:37:59 +0000 https://republika.mk/?p=642763

Во КБЦ „Звездара“ и на ВМА, како и во Зоолошката градина во Белград, имало информации за подметнати бомби, пренесуваат српските медиуми.

Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, стои во написите.

На имејл-адресите на надлежните служби и медиумите била испратена порака во која се вели дека „бомбите се темпирани да се активираат денеска во текот на утрото и рано попладне“.

Полицијата е на терен и врши увид во објектите.

The post Дојава за бомби во неколку институции во Белград и Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Во КБЦ „Звездара“ и на ВМА, како и во Зоолошката градина во Белград, имало информации за подметнати бомби, пренесуваат српските медиуми. Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, стои во написите. На имејл-адресите на надлежните служби и медиумите била испратена порака во која се вели дека „бомбите се темпирани да се активираат денеска во текот на утрото и рано попладне“. Полицијата е на терен и врши увид во објектите.

The post Дојава за бомби во неколку институции во Белград и Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Нови закани за поставени бомби низ училишта во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-zakani-za-postaveni-bombi-niz-uchilishta-vo-bugarija/ Thu, 30 Mar 2023 12:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=625475

Четврти ден закани со бомби до училиштата во Софија и низ Бугарија. Повеќе од 45 нови закани, повторно испратени по електронска пошта, затворија училишта. Истрагата на полицијата чија цел е да се утврди каде се наоѓа испраќачот, продолжува. Директорите на локацијата одлучуваат дали часовите треба да продолжат, јавија бугарските медиуми.

Неколку училишта во Бургас го започнаа денот со мејлови за поставени експлозивни направи во зградите, поради што учениците беа евакуирани. Образовни институции во Пловдив, Стара Загора, Добрич, Јамбол и Софија, исто така, добија заканувачки пораки.

Не знаеме како да реагираме на такви сигнали, изјави за бугарски медиуми експертот за национална безбедност Милен Иванов. „Дури и да не е конкретно хибридна војна, создавањето психоза исто така не е корисно за општеството и донекаде помага да се постигнат целите. Кај нас постои проблем – имаме стратешки рамковен Акт за антитероризам, но, за жал , немаме тактички дејствија, не знаеме што да правиме“, објасни тој.

Националниот бугарски план за борба против тероризмот се очекува да биде ажуриран до 31 мај.

The post Нови закани за поставени бомби низ училишта во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Четврти ден закани со бомби до училиштата во Софија и низ Бугарија. Повеќе од 45 нови закани, повторно испратени по електронска пошта, затворија училишта. Истрагата на полицијата чија цел е да се утврди каде се наоѓа испраќачот, продолжува. Директорите на локацијата одлучуваат дали часовите треба да продолжат, јавија бугарските медиуми. Неколку училишта во Бургас го започнаа денот со мејлови за поставени експлозивни направи во зградите, поради што учениците беа евакуирани. Образовни институции во Пловдив, Стара Загора, Добрич, Јамбол и Софија, исто така, добија заканувачки пораки. Не знаеме како да реагираме на такви сигнали, изјави за бугарски медиуми експертот за национална безбедност Милен Иванов. „Дури и да не е конкретно хибридна војна, создавањето психоза исто така не е корисно за општеството и донекаде помага да се постигнат целите. Кај нас постои проблем – имаме стратешки рамковен Акт за антитероризам, но, за жал , немаме тактички дејствија, не знаеме што да правиме“, објасни тој. Националниот бугарски план за борба против тероризмот се очекува да биде ажуриран до 31 мај.

The post Нови закани за поставени бомби низ училишта во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во 35 училишта во Софија, властите не знаат од каде доаѓаат заканите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-35-uchilishta-vo-sofija-vlastite-ne-znaat-od-kade-doagaat-zakanite/ Wed, 29 Mar 2023 10:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=624982

Утринава, 35 училишта во Софија добиле заканувачка електронска пошта, во која се тврди дека во училиштето била поставена експлозивна направа.

Некои од образовните институции што денеска добиле дојави сè уште не го продолжиле процесот на учење по вчерашната серија закани.

Бугарскиот претседател Румен Радев ги коментира дојавите и ги опиша како хибридни напади.

Шефот на државата истакна дека нема реални закани ниту за образовниот систем ниту за изборите.

Како што можете да видите, ваква серија закани со бомби се случуваат не само во Бугарија туку и во Европа и САД. Агенциите за спроведување на законот заедно со партнерските служби прават сè за да ги идентификуваат изворите на овие закани и да ги неутрализираат. Но, во моментот нема реални закани ниту за образовниот систем ниту за изборите. Сè додека не го видиме изворот јасно идентификуван, не можеме со сигурност да кажеме од каде точно доаѓаат заканите - рече Радев.

Десетици дојави за бомби беа регистрирани и во текот на вчерашниот ден.

The post Дојави за бомби во 35 училишта во Софија, властите не знаат од каде доаѓаат заканите appeared first on Република.

]]>

Утринава, 35 училишта во Софија добиле заканувачка електронска пошта, во која се тврди дека во училиштето била поставена експлозивна направа. Некои од образовните институции што денеска добиле дојави сè уште не го продолжиле процесот на учење по вчерашната серија закани. Бугарскиот претседател Румен Радев ги коментира дојавите и ги опиша како хибридни напади. Шефот на државата истакна дека нема реални закани ниту за образовниот систем ниту за изборите.
Како што можете да видите, ваква серија закани со бомби се случуваат не само во Бугарија туку и во Европа и САД. Агенциите за спроведување на законот заедно со партнерските служби прават сè за да ги идентификуваат изворите на овие закани и да ги неутрализираат. Но, во моментот нема реални закани ниту за образовниот систем ниту за изборите. Сè додека не го видиме изворот јасно идентификуван, не можеме со сигурност да кажеме од каде точно доаѓаат заканите - рече Радев.
Десетици дојави за бомби беа регистрирани и во текот на вчерашниот ден.

The post Дојави за бомби во 35 училишта во Софија, властите не знаат од каде доаѓаат заканите appeared first on Република.

]]>
Еве ги повторно: Дојави за бомби на сите факултети во Крагуевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eve-gi-povtorno-dojavi-za-bombi-na-site-fakulteti-vo-kraguevats/ Wed, 29 Mar 2023 09:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=624944

Полициската управа во Крагуевац утрово била информирана дека сите факултети добиле информација за поставена бомба.

На факултетите е извршена итна евакуација, а специјални екипи вршат претрес на зградите, потврдија од полицијата за Нова.рс.

Тие наведуваат дека поради темелна проверка се уште немаат информации од терен.

The post Еве ги повторно: Дојави за бомби на сите факултети во Крагуевац appeared first on Република.

]]>

Полициската управа во Крагуевац утрово била информирана дека сите факултети добиле информација за поставена бомба. На факултетите е извршена итна евакуација, а специјални екипи вршат претрес на зградите, потврдија од полицијата за Нова.рс. Тие наведуваат дека поради темелна проверка се уште немаат информации од терен.

The post Еве ги повторно: Дојави за бомби на сите факултети во Крагуевац appeared first on Република.

]]>
Бугарија се соочува со масовни дојави за бомби во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-se-soochuva-so-masovni-dojavi-za-bombi-vo-uchilishtata/ Tue, 28 Mar 2023 15:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=624746

Дури 102 училишта во Бугарија добиле закани за бомби вчера, објави главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров. Биле испратени мејлови до образовните институции во Софија, Варна, Бургас, Плевен и Сливен. Голем дел од нив се евакуирани. Досега не е пронајдена експлозивна направа.

Софиското градско обвинителство отвори истрага за тероризам.

Главната верзија на МВР за заканите со бомби е хибриден напад поврзан со Русија. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев.

Заканите доаѓаат од е-пошти регистрирани во „Гугл“. Затоа е испратен сигнал до американските служби за да го утврдат нивниот извор.

Одговорноста е на ‘Гугл’ е нивна одговорност, тие мора да откријат од каде доаѓаат овие мејлови. Немаме начин да дознаеме во Бугарија, коментира министерот.

Според него, сите европски земји се подложени на слични напади. Изворите се исти, пристапот е ист – се упатуваат закани против критичната инфраструктура за да се создаде паника. Изминативе денови закани добија и голем број образовни институции во Македонија.

Водечката теорија, општо земено, е дека ова се хибридни напади поврзани на некој начин со Русија - рече Демерџиев.

Според него, шпекулации се тврдењата дека мејловите биле испратени од Бугарија. Во такви случаи, сторителот најчесто се открива во рок од 24 часа, рече министерот.

The post Бугарија се соочува со масовни дојави за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>

Дури 102 училишта во Бугарија добиле закани за бомби вчера, објави главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров. Биле испратени мејлови до образовните институции во Софија, Варна, Бургас, Плевен и Сливен. Голем дел од нив се евакуирани. Досега не е пронајдена експлозивна направа. Софиското градско обвинителство отвори истрага за тероризам. Главната верзија на МВР за заканите со бомби е хибриден напад поврзан со Русија. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев. Заканите доаѓаат од е-пошти регистрирани во „Гугл“. Затоа е испратен сигнал до американските служби за да го утврдат нивниот извор. Одговорноста е на ‘Гугл’ е нивна одговорност, тие мора да откријат од каде доаѓаат овие мејлови. Немаме начин да дознаеме во Бугарија, коментира министерот. Според него, сите европски земји се подложени на слични напади. Изворите се исти, пристапот е ист – се упатуваат закани против критичната инфраструктура за да се создаде паника. Изминативе денови закани добија и голем број образовни институции во Македонија.
Водечката теорија, општо земено, е дека ова се хибридни напади поврзани на некој начин со Русија - рече Демерџиев.
Според него, шпекулации се тврдењата дека мејловите биле испратени од Бугарија. Во такви случаи, сторителот најчесто се открива во рок од 24 часа, рече министерот.

The post Бугарија се соочува со масовни дојави за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-od-voveduvaneto-na-novite-protokoli-imavme-samo-dve-dojavi-za-bombi/ Thu, 16 Mar 2023 13:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=620349

Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, следниот ден имавме една дојава за бомба, а наредниот ден уште една. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен во текот на овој месец, за што Спасовски потенцираше дека истиот ќе биде дел од решението на процесот.

Состојбата е целосно под контрола. Полицијата е тука, ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. Будно работиме, во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место, порача неодамна министерот Спасовски.

The post Спасовски: Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби appeared first on Република.

]]>

Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, следниот ден имавме една дојава за бомба, а наредниот ден уште една. Понатаму веќе немаше дојави за бомби, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање. Инаку, новиот протокол, кој предвидува преземање на посебни мерки при дојава за бомба, беше воведен во текот на овој месец, за што Спасовски потенцираше дека истиот ќе биде дел од решението на процесот. Состојбата е целосно под контрола. Полицијата е тука, ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. Будно работиме, во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место, порача неодамна министерот Спасовски.

The post Спасовски: Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Нема упатства од МОН и писмен протокол од МВР за училиштата за справување со дојавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nema-upatstva-od-mon-i-pismen-protokol-od-mvr-za-uchilishtata-za-spravuvane-so-dojavite/ Mon, 06 Mar 2023 19:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=616614

Упатство од МОН како што вети министерот дека денес ќе има, нема, а писмен протокол од МВР исто така нема. Факт е дека во петокот службеници од МВР посетуваа училишта и даваа инструкции на директорите, денес беа повикани директорите на некакви состаноци, но се е тоа усно кажано и МВР смета дека со усни упатства ќе треба да функционира безбедносниот систем. Дали е тоа прифатливо, нека суди јавноста, според мене не е прифатливо, треба посериозно да се сфати обезбедувањето на училиштата, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Таа посочи дека тоа што имавме мирен привидно, не значи дали навистина е мирен или се обиди да се намали стравот кај родителите и учениците, додека треба да има конкретни чекори од страна на МВР, наместо упатства да се сменат мејловите.

-Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска.

Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видеокамери, сензори.

Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне.

-Ако нема, што треба да се преземе за да на крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји, нагласи Јаневска.

The post Јаневска: Нема упатства од МОН и писмен протокол од МВР за училиштата за справување со дојавите appeared first on Република.

]]>

Упатство од МОН како што вети министерот дека денес ќе има, нема, а писмен протокол од МВР исто така нема. Факт е дека во петокот службеници од МВР посетуваа училишта и даваа инструкции на директорите, денес беа повикани директорите на некакви состаноци, но се е тоа усно кажано и МВР смета дека со усни упатства ќе треба да функционира безбедносниот систем. Дали е тоа прифатливо, нека суди јавноста, според мене не е прифатливо, треба посериозно да се сфати обезбедувањето на училиштата, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Таа посочи дека тоа што имавме мирен привидно, не значи дали навистина е мирен или се обиди да се намали стравот кај родителите и учениците, додека треба да има конкретни чекори од страна на МВР, наместо упатства да се сменат мејловите.
-Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска. Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видеокамери, сензори.
Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне. -Ако нема, што треба да се преземе за да на крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји, нагласи Јаневска.

The post Јаневска: Нема упатства од МОН и писмен протокол од МВР за училиштата за справување со дојавите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: МВР се однесува аматерски, директори на скопски училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mvr-se-odnesuva-amaterski-direktori-na-skopski-uchilishta-dobile-nasoki-od-mvr-da-ja-ignoriraat-elektronskata-poshta/ Fri, 03 Mar 2023 12:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=615578

При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на континуитетот на закани за бомби по училиштата и дали тоа е слабост на системот истакна дека МВР се однесува аматерски, директорите на скопските училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошта, претседателот Пендаровски молчи и тактизира и не свикува совет за безбедност а во МОН има епска неспособност.

Јас денеска добив уште една уште пошокантна информација, не знам колку е точна, треба да се провери, со неколку директори во училиштата во Скопје и во основните и во средните, дека биле посетувани, повторно поставувам како дилема, биле посетувани од страна на припадници на министерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите кои што стигнуваат на службените емаил адреси, односно на електронска пошта, да ги игнорираат како тоа да не се случува, па дури и некој биле советувани и воопшто да не ја отвораат електронската пошта. Со други зборови претседателот молчи, кога треба да е најгласен наместо сега кога сме цел на еве според нив хибриден напад да го свика советот за безбедност тој молчи, тактизира, не добива насока од неговиот стопан, никаде го нема, ќе го слушните тука таму со по некоја егзибионистичка изјава, никаде го нема, МВР ако ова е точно аматерски се однесува, односно наместо да спречи и да превенира, тие дополнително ја загрозуваат безбедноста на учениците, а МОН јас немам што повеќе да додадам за тој министер таму кога измина годината се уште нема учебници, станува збор за епска неспособност и епски најнеспособниот министер што за жал поради определени коалициски гимнастики се уште е министер за образование. Но не за долго, реков месеци не делат кога конечно Македонија и граѓаните ќе се ослободат од овие неспособни луѓе ќе дојдат луѓе кои што знаат како да се справат со предизвиците. За жал повторно ќе кажам ние се соочуваме со максимално криминални и неспособни политичари, кои што немаат стратегија и не знаат како да се справат со предизвиците, а жртва се најмилите а тоа се нашите деца учениците без разлика дали се тоа во основните или во средните училишта. После егзибициите со КОВИД денеска еве со месеци сме сведоци на епска неспособност од страна на надлежните и ресорни министерства, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: МВР се однесува аматерски, директори на скопски училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошта appeared first on Република.

Дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojavi-za-bombi-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-vo-skopje-i-prilep-i-vo-osnovniot-sud-vo-ohrid/ Mon, 27 Feb 2023 09:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=613641

Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има дојави за бомби. Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.

The post Дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има дојави за бомби. Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.

The post Дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид appeared first on Република.

]]>
Лажни се пријавите за наводно поставени бомби, завршија сите потребни проверки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhni-se-prijavite-za-navodno-postaveni-bombi-zavrshija-site-potrebni-proverki/ Fri, 24 Feb 2023 12:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=612751

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

The post Лажни се пријавите за наводно поставени бомби, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

The post Лажни се пријавите за наводно поставени бомби, завршија сите потребни проверки appeared first on Република.

]]>
Се евакуираат училиштата во Скопје – нови дојави за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-evakuiraat-uchilishtata-vo-skopje-novi-dojavi-za-bombi/ Fri, 24 Feb 2023 09:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=612657

Утрово во 9.30 часот, повторно, на адресите на неколку училишта во Скопје стигнала дојава за бомба.

Известена е полиција, која излегува на терен и ги проверува просториите, откако учениците и персоналот се евакуирани.

Вчера МОН препорача, учениците, по евакуацијата да продолжат со училишниот ден со онлајн настава. Но, како што сведочат учениците, во повеќето училишта тоа нема да се случи денеска.

Колку точно дојави стигнале, МВР најавува информација за подоцна.

The post Се евакуираат училиштата во Скопје – нови дојави за бомби appeared first on Република.

]]>

Утрово во 9.30 часот, повторно, на адресите на неколку училишта во Скопје стигнала дојава за бомба. Известена е полиција, која излегува на терен и ги проверува просториите, откако учениците и персоналот се евакуирани. Вчера МОН препорача, учениците, по евакуацијата да продолжат со училишниот ден со онлајн настава. Но, како што сведочат учениците, во повеќето училишта тоа нема да се случи денеска. Колку точно дојави стигнале, МВР најавува информација за подоцна.

The post Се евакуираат училиштата во Скопје – нови дојави за бомби appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во 14 училишта во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojavi-za-bombi-vo-14-uchilishta-vo-skopje/ Thu, 23 Feb 2023 09:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=612221

На електронските адреси на 14 училишта во Скопје утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во 86 училишта, една градинка и Заводот за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп. Утврдено е дека сите дојави се лажни.

The post Дојави за бомби во 14 училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>

На електронските адреси на 14 училишта во Скопје утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР. Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во 86 училишта, една градинка и Заводот за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп. Утврдено е дека сите дојави се лажни.

The post Дојави за бомби во 14 училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во 66 училишта и една градинка во Скопје и едно училиште во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojavi-za-bombi-vo-66-uchilishta-i-edna-gradinka-vo-skopje-i-edno-uchilishte-vo-prilep/ Wed, 22 Feb 2023 11:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=611900

Бројот на училишта до кои денеска до 11 часот се пристигнати дојави за бомби се зголеми на 66 во Скопје и едно училиште во Прилеп. Дојава е упатен и до една скопска детска градинка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.

Утринава до 10 часот дојави за бомби преку електрински адреси имаше пристигнато до 32 училишта во Скопје и едно училиште во Прилеп.

The post Дојави за бомби во 66 училишта и една градинка во Скопје и едно училиште во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Бројот на училишта до кои денеска до 11 часот се пристигнати дојави за бомби се зголеми на 66 во Скопје и едно училиште во Прилеп. Дојава е упатен и до една скопска детска градинка. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки. Утринава до 10 часот дојави за бомби преку електрински адреси имаше пристигнато до 32 училишта во Скопје и едно училиште во Прилеп.  

The post Дојави за бомби во 66 училишта и една градинка во Скопје и едно училиште во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Дојави за бомби има во сите 11 училишта во Гази Баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-dojavi-za-bombi-ima-vo-site-11-uchilishta-vo-gazi-baba/ Wed, 22 Feb 2023 09:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=611821

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека се пристигнати дојави за бомби во сите 11 училишта на територија на општина Гази Баба.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

Во овој момент ме информираа дека во сите 11 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба има пристигнато дојави за поставени бомби.

Од страна на директорите на училиштата веднаш се спроведени протоколите за евакуација на учениците и сите дечиња во овој момент се надвор од училишните згради и се на безбедно.

За пристигнатите дојави е пријавено во надлежните институции и се очекува да започнат проверките на терен.

Изразувам најостра осуда кон креаторите на ваквите појави. Ова е недозволиво!

Апелирам и барам, надлежните институции да превземат итни и неодложни чекори и мерки со цел оваа појава час поскоро да запре. Недозволиво е вакви појави веќе подолг период да ги вознемируваат учениците и родителите, напиша Стефковски.

The post Стефковски: Дојави за бомби има во сите 11 училишта во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека се пристигнати дојави за бомби во сите 11 училишта на територија на општина Гази Баба. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша: Во овој момент ме информираа дека во сите 11 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба има пристигнато дојави за поставени бомби. Од страна на директорите на училиштата веднаш се спроведени протоколите за евакуација на учениците и сите дечиња во овој момент се надвор од училишните згради и се на безбедно. За пристигнатите дојави е пријавено во надлежните институции и се очекува да започнат проверките на терен. Изразувам најостра осуда кон креаторите на ваквите појави. Ова е недозволиво! Апелирам и барам, надлежните институции да превземат итни и неодложни чекори и мерки со цел оваа појава час поскоро да запре. Недозволиво е вакви појави веќе подолг период да ги вознемируваат учениците и родителите, напиша Стефковски.

The post Стефковски: Дојави за бомби има во сите 11 училишта во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojavi-za-bombi-vo-32-uchilishta-vo-skopje-i-edno-vo-prilep/ Wed, 22 Feb 2023 09:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=611809

Во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска се упатени дојави за бомби. Пријавите се пристигнати на електронските адреси на училиштата.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Вчера дојави за бомби освен во училишта имаше и во институции, хотели, згради и трговски центри во Скопје.

The post Дојави за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп appeared first on Република.

Дојави за бомби на 17 локации во Скопје меѓу кои и Вила Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dojavi-za-bombi-na-17-lokatsii-vo-skopje-megu-koi-i-vila-vodno/ Tue, 21 Feb 2023 08:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=611382

На електронските адреси на повеќе медиуми, меѓу кои и „360 степени“, утрово била испратена закана за поставени експлозивни направи на повеќе локации во главниот град. Според заканувачката порака, минирани со динамит се претседателската резиденција Вила Водно, повеќе музеи и трговски центри, хотели и јавни објекти.

Како што може да се види од пораката, таа е испратена од имејл-адреса grahamkleiny72@gmail.com.

Пораката, во чиј наслов односно предмет (subject) е наведено „закана“, освен на електронските адреси на медиумите е испратена и на имејл-адреса на Министерството за внатрешни работи.

Нема да застенеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат. Во здружение со нашите следбеници ги миниравме следните локации во главниот град (Скопје) со експлозивни динамити:

  • Музеј на Град Скопје (МГС)
  • Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје
  • Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83
  • Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000
  • Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза
  • ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје
  • Шопинг центар East Gate Mall
  • Трговски центар Бисер
  • Станбена зграда Агора Флатирон
  • Станбените кули Џевахир
  • Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје
  • Куќата на Претседателот – Вила Водно

На следниве локации е поставен GPS Контролиран цевчест експлозив:

  • Хотел Марриот (Плоштад на Скопје),
  • Хотел Александар Палас,
  • Спортски Центар Борис Трајковски,
  • Централна Железничка Станица Скопје,
  • Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ)

А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука. Нема да застенеме додека корупмираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“, стои во заканата, пренесуваат од 360 степени.

извор: 360 степени

The post Дојави за бомби на 17 локации во Скопје меѓу кои и Вила Водно appeared first on Република.

]]>

На електронските адреси на повеќе медиуми, меѓу кои и „360 степени“, утрово била испратена закана за поставени експлозивни направи на повеќе локации во главниот град. Според заканувачката порака, минирани со динамит се претседателската резиденција Вила Водно, повеќе музеи и трговски центри, хотели и јавни објекти. Како што може да се види од пораката, таа е испратена од имејл-адреса grahamkleiny72@gmail.com.
Пораката, во чиј наслов односно предмет (subject) е наведено „закана“, освен на електронските адреси на медиумите е испратена и на имејл-адреса на Министерството за внатрешни работи.
Нема да застенеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат. Во здружение со нашите следбеници ги миниравме следните локации во главниот град (Скопје) со експлозивни динамити:
  • Музеј на Град Скопје (МГС)
  • Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје
  • Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83
  • Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000
  • Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза
  • ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје
  • Шопинг центар East Gate Mall
  • Трговски центар Бисер
  • Станбена зграда Агора Флатирон
  • Станбените кули Џевахир
  • Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје
  • Куќата на Претседателот – Вила Водно
На следниве локации е поставен GPS Контролиран цевчест експлозив:
  • Хотел Марриот (Плоштад на Скопје),
  • Хотел Александар Палас,
  • Спортски Центар Борис Трајковски,
  • Централна Железничка Станица Скопје,
  • Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ)
А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука. Нема да застенеме додека корупмираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“, стои во заканата, пренесуваат од 360 степени.
извор: 360 степени

The post Дојави за бомби на 17 локации во Скопје меѓу кои и Вила Водно appeared first on Република.

]]>
Лажни се дојавите за бомби во училиштата и скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhni-se-dojavite-za-bombi-vo-uchilishtata-i-skopskiot-aerodrom/ Mon, 20 Feb 2023 12:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=611035

Лажни се дојавите за бомби кои пристигнале во 12 училишта и на скопскиот аеродром.

МВР информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

-Меѓународниот Аеродром Скопје денеска преку електронска пошта доби закана за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавивме во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР еднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки, и утврдија дека заканата е лажна, соопштуваат од ТАВ Македонија.

The post Лажни се дојавите за бомби во училиштата и скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Лажни се дојавите за бомби кои пристигнале во 12 училишта и на скопскиот аеродром. МВР информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. -Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР. -Меѓународниот Аеродром Скопје денеска преку електронска пошта доби закана за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавивме во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР еднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки, и утврдија дека заканата е лажна, соопштуваат од ТАВ Македонија.  

The post Лажни се дојавите за бомби во училиштата и скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>