дојави за бомби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojavi-za-bombi/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дојави за бомби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dojavi-za-bombi/ 32 32 Дојави за бомби во трговски центри во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-trgovski-tsentri-vo-saraevo/ Wed, 25 Sep 2024 10:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=819524

Ариа мол во Сараево е евакуиран поради дојава за бомба, откако истото се случи утринава во уште неколку трговски центри во главниот град на Босна и Херцеговина. Посетителите и вработените во трговскиот центар се повикани на итна евакуација.

Сараевските медиуми пренесуваат дека Сараево Сити Центар, Маријин Двор како и Импортан Центарот како и центарот Импортан, кој се наоѓа на другата страна од американската амбасада во Сараево, малку порано добија известување за бомбите.

Лажна пријава на аеродром
Двата центри се евакуирани заради контра-субверзивна инспекција од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Ден претходно, во понеделникот, меѓународниот аеродром во Сараево добил анонимна дојава за поставена експлозивна направа во просториите на објектот, по што надлежните служби веднаш ги презеле сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи, јави Анадолија.

Од аеродромот соопштија дека безбедноста на патниците и вработените не е загрозена и дека летовите продолжиле според планираниот распоред на летови.

The post Дојави за бомби во трговски центри во Сараево appeared first on Република.

]]>

Ариа мол во Сараево е евакуиран поради дојава за бомба, откако истото се случи утринава во уште неколку трговски центри во главниот град на Босна и Херцеговина. Посетителите и вработените во трговскиот центар се повикани на итна евакуација. Сараевските медиуми пренесуваат дека Сараево Сити Центар, Маријин Двор како и Импортан Центарот како и центарот Импортан, кој се наоѓа на другата страна од американската амбасада во Сараево, малку порано добија известување за бомбите. Лажна пријава на аеродром Двата центри се евакуирани заради контра-субверзивна инспекција од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.
Ден претходно, во понеделникот, меѓународниот аеродром во Сараево добил анонимна дојава за поставена експлозивна направа во просториите на објектот, по што надлежните служби веднаш ги презеле сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи, јави Анадолија.
Од аеродромот соопштија дека безбедноста на патниците и вработените не е загрозена и дека летовите продолжиле според планираниот распоред на летови.

The post Дојави за бомби во трговски центри во Сараево appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во неколку деловни објекти, училиште, хотел и такси компанија во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojavi-za-bombi-vo-nekolku-delovni-objekti-uchilishte-hotel-i-taksi-kompanija-vo-ohrid/ Wed, 28 Feb 2024 15:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=749346

Два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија денеска биле мета на лажна дојава на бомби, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата, во полиција било пријавено околу 10 часот, а по деталните проверки било констатирано дека се работи за лажни пријави.

СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави, стои во соопштението.

МИА денеска информираше дека лажни дојави за експлозивни направи имало во деловни објекти во индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта и во еден објект на Основното училиште „Братство единство“. Вработените биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. Евакуирани биле и уенииците.

Во координација со јавен обвинител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави портпаролот на СВР Стефан Димоски.

The post Дојави за бомби во неколку деловни објекти, училиште, хотел и такси компанија во Охрид appeared first on Република.

]]>

Два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија денеска биле мета на лажна дојава на бомби, соопшти СВР Охрид. Според информацијата, во полиција било пријавено околу 10 часот, а по деталните проверки било констатирано дека се работи за лажни пријави.
СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави, стои во соопштението.
МИА денеска информираше дека лажни дојави за експлозивни направи имало во деловни објекти во индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта и во еден објект на Основното училиште „Братство единство“. Вработените биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. Евакуирани биле и уенииците.
Во координација со јавен обвинител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави портпаролот на СВР Стефан Димоски.

The post Дојави за бомби во неколку деловни објекти, училиште, хотел и такси компанија во Охрид appeared first on Република.

]]>
Голема полициска акција во Србија поради дојавите за бомби, досега уапсени четири лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-politsiska-aktsija-vo-srbija-poradi-dojavite-za-bombi-dosega-uapseni-chetiri-litsa/ Fri, 15 Dec 2023 13:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=723332

Во повеќе градови во Србија и ЕУ во тек се апсења на осомничени за лажни дојави за бомби во училишта и други институции во Србија. Три лица се веќе уапсени во Србија и едно во Чешка, објави РТС.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на повеќе локации во Србија во тек се апсења на осомничени за дојави за поставени бомби.

Дојавите за бомби во основните и средните училишта во Белград зачестија во последниот месец. Дојави добиле и градинките, кои се покажале дека се лажни.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека до крајот на денешниот ден се очекува да биде спроведена опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со честите дојави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.

Министерството во вчерашното соопштение наведува дека интензивно соработува со сите надлежни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на ИП адресите на испраќачите на пријавите и нивните корисници.

The post Голема полициска акција во Србија поради дојавите за бомби, досега уапсени четири лица appeared first on Република.

]]>

Во повеќе градови во Србија и ЕУ во тек се апсења на осомничени за лажни дојави за бомби во училишта и други институции во Србија. Три лица се веќе уапсени во Србија и едно во Чешка, објави РТС. Како што јави дописникот на МИА од Белград, на повеќе локации во Србија во тек се апсења на осомничени за дојави за поставени бомби. Дојавите за бомби во основните и средните училишта во Белград зачестија во последниот месец. Дојави добиле и градинките, кои се покажале дека се лажни. Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека до крајот на денешниот ден се очекува да биде спроведена опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со честите дојави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија. Министерството во вчерашното соопштение наведува дека интензивно соработува со сите надлежни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на ИП адресите на испраќачите на пријавите и нивните корисници.

The post Голема полициска акција во Србија поради дојавите за бомби, досега уапсени четири лица appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во РТС и РТВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-rts-i-rtv/ Fri, 24 Nov 2023 13:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=715940

Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак во Белград, (МВП), а дојави за бомби пристигнаа и на адресата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во тек е работата на специјализирани, контрадиверзантски екипи на полицијата.

Двете згради на РТВ утрово повторно се евакуирани поради закана за бомба. Како што е објавено на сајтот на јавниот сервис на Војводина, вработените во РТВ повторно добиле заканувачка порака за наводно поставена бомба во зградата.

Известени се и припадниците на полицијата, а во моментов се врши антидиверзантски увид на објектот.

Ова е втор пат оваа недела РТВ да добива заканувачки мејл за поставување експлозивна направа.

Претходно, тоа беше во вторник, на 21 ноември, во исто време кога и РТС во Белград доби дојава за бомбата.

Во средата централниот ТВ Дневник на Радио телевизија на Србија (РСС) кој започнува во 19 часот и 30 минути доцнел неколку минути бидејќи системот бил нападнат од хакери, соопшти водителката.

-Веќе втор ден нашата куќа се соочува со технички проблеми по вчерашната дојава за бомба, кажа водителката на дневникот РТС, додавајќи дека „не сме во можност да емитуваме некои програми по планираниот редослед, а некои можеби нема да можеме да ги прикажеме“.

 

The post Дојави за бомби во РТС и РТВ appeared first on Република.

]]>

Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак во Белград, (МВП), а дојави за бомби пристигнаа и на адресата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во тек е работата на специјализирани, контрадиверзантски екипи на полицијата. Двете згради на РТВ утрово повторно се евакуирани поради закана за бомба. Како што е објавено на сајтот на јавниот сервис на Војводина, вработените во РТВ повторно добиле заканувачка порака за наводно поставена бомба во зградата. Известени се и припадниците на полицијата, а во моментов се врши антидиверзантски увид на објектот. Ова е втор пат оваа недела РТВ да добива заканувачки мејл за поставување експлозивна направа. Претходно, тоа беше во вторник, на 21 ноември, во исто време кога и РТС во Белград доби дојава за бомбата. Во средата централниот ТВ Дневник на Радио телевизија на Србија (РСС) кој започнува во 19 часот и 30 минути доцнел неколку минути бидејќи системот бил нападнат од хакери, соопшти водителката. -Веќе втор ден нашата куќа се соочува со технички проблеми по вчерашната дојава за бомба, кажа водителката на дневникот РТС, додавајќи дека „не сме во можност да емитуваме некои програми по планираниот редослед, а некои можеби нема да можеме да ги прикажеме“.  

The post Дојави за бомби во РТС и РТВ appeared first on Република.

]]>
За пет дена, повеќе од 70 лажни закани за бомби во Франција, повеќето испратени од истата е-пошта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-pet-dena-poveke-od-70-lazhni-zakani-za-bombi-vo-frantsija-poveketo-isprateni-od-istata-e-poshta/ Sun, 22 Oct 2023 20:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=694018

Во Франција за пет дена има повеќе од 70 лажни закани за бомби, а повеќето од нив биле насочени кон аеродромите. Речиси сите се испратени од иста електронска пошта од Швајцарија, изјави францускиот министер за транспорт Клеман Бон.

„Големи идиоти, дури и големи деликвенти“, рече Бон за сторителите на повеќекратни лажни закани со бомби, пренесе „Фигаро“.

Бон истакна дека, за среќа, имало многу помалку лажни тревоги во саботата, првиот ден од викендот за многу Французи.нМинистерот рече дека некои од тие луѓе кои испраќаат лажни закани прават лоши шеги, додека други навистина сакаат да ги исплашат луѓето и дека понекогаш постои еден вид „натпревар на глупост меѓу хакерите“.

„Сите имаат одговорност, вклучително и платформите и социјалните мрежи, да не поддржуваат ваков тип на напади и што е можно поскоро да соработуваат со француската полиција и нашето правосудство“, рече Бон.

Според него, правењето лажна тревога е крајно опасно бидејќи се мобилизираат безбедносните сили неколку часа, како и принудување на луѓето да се евакуираат, што, во некои случаи, доведува до собирање на луѓе надвор, што е исто така безбедносен проблем.

Покрај аеродромите, на мета на лажни дојави за бомби се и одредени јавни институции.

Версајската палата денеска беше привремено евакуирана по седми пат во последните осум дена.

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво откако напаѓачот го уби наставникот Доминик Бернар и тешко рани уште три лица во средното училиште во Арас на 13 октомври.

The post За пет дена, повеќе од 70 лажни закани за бомби во Франција, повеќето испратени од истата е-пошта appeared first on Република.

]]>

Во Франција за пет дена има повеќе од 70 лажни закани за бомби, а повеќето од нив биле насочени кон аеродромите. Речиси сите се испратени од иста електронска пошта од Швајцарија, изјави францускиот министер за транспорт Клеман Бон.
„Големи идиоти, дури и големи деликвенти“, рече Бон за сторителите на повеќекратни лажни закани со бомби, пренесе „Фигаро“.
Бон истакна дека, за среќа, имало многу помалку лажни тревоги во саботата, првиот ден од викендот за многу Французи.нМинистерот рече дека некои од тие луѓе кои испраќаат лажни закани прават лоши шеги, додека други навистина сакаат да ги исплашат луѓето и дека понекогаш постои еден вид „натпревар на глупост меѓу хакерите“. „Сите имаат одговорност, вклучително и платформите и социјалните мрежи, да не поддржуваат ваков тип на напади и што е можно поскоро да соработуваат со француската полиција и нашето правосудство“, рече Бон. Според него, правењето лажна тревога е крајно опасно бидејќи се мобилизираат безбедносните сили неколку часа, како и принудување на луѓето да се евакуираат, што, во некои случаи, доведува до собирање на луѓе надвор, што е исто така безбедносен проблем. Покрај аеродромите, на мета на лажни дојави за бомби се и одредени јавни институции. Версајската палата денеска беше привремено евакуирана по седми пат во последните осум дена. Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво откако напаѓачот го уби наставникот Доминик Бернар и тешко рани уште три лица во средното училиште во Арас на 13 октомври.

The post За пет дена, повеќе од 70 лажни закани за бомби во Франција, повеќето испратени од истата е-пошта appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-osnovni-uchilishta-vo-belgrad-i-kraguevats/ Mon, 29 May 2023 07:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=645553

Во неколку основни училишта низ Србија од утрово пристигнуваат дојави за бомби, јави Нова.рс.

Како што пренесува Н1, во тек е увид во некои училишта, по што ќе се знае дали учениците ќе влезат во училниците.

За некои училишта веќе е утврдено дека се работи за лажни дојави.

Дојави за бомби утрово добиле и две основни училишта во Крагуевац.

Полицијата ги евакуирала и тие објекти, каде во тек е контрадиверзантски увид, јави Ucentar.rs.

The post Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац appeared first on Република.

]]>

Во неколку основни училишта низ Србија од утрово пристигнуваат дојави за бомби, јави Нова.рс. Како што пренесува Н1, во тек е увид во некои училишта, по што ќе се знае дали учениците ќе влезат во училниците. За некои училишта веќе е утврдено дека се работи за лажни дојави. Дојави за бомби утрово добиле и две основни училишта во Крагуевац. Полицијата ги евакуирала и тие објекти, каде во тек е контрадиверзантски увид, јави Ucentar.rs.

The post Дојави за бомби во основни училишта во Белград и Крагуевац appeared first on Република.

]]>
Нема дојави за бомби откако се донесени новите протоколи, вели Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-dojavi-za-bombi-otkako-se-doneseni-novite-protokoli-veli-spasovski/ Thu, 25 May 2023 12:34:41 +0000 https://republika.mk/?p=644614

Министерството за внатрешни работи во изминатите денови нема дојави за бомби низ училиштата или други институции, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашањето дали има дојави за хибридни закани.

Тој посочи дека сме единствена држава во регионот која во изминатиот период презеде низа  мерки и донесе упатства и протоколи за справување со хибридни закани.

Знаете дека донесовме упатства и донесовме протоколи, како единствена држава во регионот којашто сите овие протоколи ги сообрази со новите времиња и тенденции. Знаете дека ние работевме со протоколи, коишто беа од деведесеттите години или од поранешна Југославија. Денеска времето е поинакво, денеска технолошкиот напредок е поинаков и вие не можете да преземете мерки во 2023 година со методи од 1990 година. Затоа и тие протоколи ги сменивме, вели Спасовски.

Министерот посочи дека службите се подготвени максимално и нивниот капацитет е на едно повисоко ниво, се со цел во чекор да ги следат сите активности.

The post Нема дојави за бомби откако се донесени новите протоколи, вели Спасовски appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи во изминатите денови нема дојави за бомби низ училиштата или други институции, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашањето дали има дојави за хибридни закани. Тој посочи дека сме единствена држава во регионот која во изминатиот период презеде низа  мерки и донесе упатства и протоколи за справување со хибридни закани.
Знаете дека донесовме упатства и донесовме протоколи, како единствена држава во регионот којашто сите овие протоколи ги сообрази со новите времиња и тенденции. Знаете дека ние работевме со протоколи, коишто беа од деведесеттите години или од поранешна Југославија. Денеска времето е поинакво, денеска технолошкиот напредок е поинаков и вие не можете да преземете мерки во 2023 година со методи од 1990 година. Затоа и тие протоколи ги сменивме, вели Спасовски.
Министерот посочи дека службите се подготвени максимално и нивниот капацитет е на едно повисоко ниво, се со цел во чекор да ги следат сите активности.

The post Нема дојави за бомби откако се донесени новите протоколи, вели Спасовски appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-nekolku-gradovi-vo-srbija-2/ Tue, 23 May 2023 09:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=643876

Училиштата во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград.

Утринава дојави за бомби добија седум училиштата во Нови Сад, две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани и Таково.

Во полициската управа во Чачак било пријавено дека на е-маил адресите на Машинско-медицинското училиште пристигнала е-пошта за поставена бомба. Две средни училишта во Ниш утринава исто така добиле електронска пошта за поставени бомби.

На 10 локации во Крагуевац утринава имаше информации дека се поставени бомби и тоа во осум основни училишта, Втората гимназија во Крагуевац и Економскиот факултет.

По извршениот контрадиверзивен увид било утврдено дека се работи за лажни пријави во училиштата во Ниш, Чачак и Горњи Милановац.

The post Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија appeared first on Република.

]]>

Училиштата во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград. Утринава дојави за бомби добија седум училиштата во Нови Сад, две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани и Таково. Во полициската управа во Чачак било пријавено дека на е-маил адресите на Машинско-медицинското училиште пристигнала е-пошта за поставена бомба. Две средни училишта во Ниш утринава исто така добиле електронска пошта за поставени бомби. На 10 локации во Крагуевац утринава имаше информации дека се поставени бомби и тоа во осум основни училишта, Втората гимназија во Крагуевац и Економскиот факултет. По извршениот контрадиверзивен увид било утврдено дека се работи за лажни пријави во училиштата во Ниш, Чачак и Горњи Милановац.

The post Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија appeared first on Република.

]]>
Повторно дојави за бомби во основни училишта во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-dojavi-za-bombi-vo-osnovni-uchilishta-vo-belgrad/ Wed, 17 May 2023 08:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=641618

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми.

Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац.

Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо.

Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.

 

The post Повторно дојави за бомби во основни училишта во Белград appeared first on Република.

]]>

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо. Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.  

The post Повторно дојави за бомби во основни училишта во Белград appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Дојавувачите на бомби ќе добијат кривични, уште се работи на нивно разоткривање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-dojavuvachite-na-bombi-ke-dobijat-krivichni-ushte-se-raboti-na-nivno-razotkrivane/ Mon, 24 Apr 2023 13:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=633638

Во моментов се работи на вештачењето на материјалите и на доказите за да можат да бидат поднесени кривичните пријави против лоцираната група која што изминатиот период испраќаше хибридни закани, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во одговор на новинарско прашање за групата која преку Ај-Пи адреси во Иран и Русија праќала закани, министерот потврди дека таа е лоцирана врз основа на криминалистички активности на кои што работат секторите за борба против тероризмот, за справување со криминал и за меѓународна полициска соработка.

- На самиот почеток кога започнаа ваквите напади, објавивме дека секојдневно работиме заедно со сите меѓународни организации. Така што, во целата постапка и наши и споделување на податоци, информации од страна на нашиот партнер и целосните детали ќе можеме да ги соопштиме во моментот кога ќе заврши прибирањето на доказите и подготвувањето на кривични пријави, рече тој.

Според министерот, завршувањето на постапката зависи од завршувањето на вештачењето.

- Ниту едно откривање на кривично дело не може да биде детерминирано со временска рамка. Ниту во минути, ниту во денови, ниту во недели. Тогаш кога ќе заврши вештачењето, кога ќе се обезбедат доказите тогаш ќе бидат поднесени кривичните пријави. Многу е важно да имате квалитетно завршена работа и тоа што ќе го поднесете да биде поддржано со доказ, рече тој.

Во врска со истрагата за упадот во Фонд за здравство, министерот рече дека тоа е дел од хибридната војна.

- Тоа е хибриден напад и таму сè уште се работи. Тоа е една огромна работа заради тоа што, знаете дека таму беше извршен напад во кој што беа загрозени многу документи и во овој дел имавме такви, имавме и во Бирото за јавни набавки, така да таму се работи на обезбедување на целосно затворање, рече министерот.

На прашањето, како го толкува фактот дека Обвинителството го преквлификува делото, министерот одговори дека тоа е работа на друга институција.

- Обвинителството ја води истрагата и го квалификува делото. Ние можеби имаме свое видување, свој став во овој дел, и јас сметам сѐ уште дека дојавите за поставување на бомби, предизвикувањето на страв и нетрпеливост кај населението од терористички акт мора да биде кривично дело тероризам, меѓутоа, сепак, тоа е работа на друга институција и ние ќе постапуваме така како што ќе бидат покренати постапките заради тоа што истрагите ги води исклучиво ЈО, рече Спасовски.

Во однос на бројката на пријави за лажните дојави за бомби во училиштата, министерот одговори дека тоа ќе се знае откако ќе завршат вештачењата.

- Во моментов не можам да кажам кокава ќе биде бројката заради тоа што до крај не се завршени вештачењата, а од тие вештачења ќе знаеме за кои напади и за кој временски период и кон кои институции е тоа упатено. Секако, добар дел од овие напади, претежно мислам дека нападите кои што се однесуваат на јануари оваа година, кога беа интензивирани, ќе бидат затворен. Меѓутоа, да почекаме да знаеме точно колку проценти, рече тој, дополнувајќи го фактот дека досега се поднесени и пет кривични пријави кои се исто така дел заканите во училиштата во Скопје, а помеѓу кои, како што информраше, целосно е расчистен случајот во Кавадарци, Делчево и Тетово.

The post Спасовски: Дојавувачите на бомби ќе добијат кривични, уште се работи на нивно разоткривање appeared first on Република.

]]>

Во моментов се работи на вештачењето на материјалите и на доказите за да можат да бидат поднесени кривичните пријави против лоцираната група која што изминатиот период испраќаше хибридни закани, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во одговор на новинарско прашање за групата која преку Ај-Пи адреси во Иран и Русија праќала закани, министерот потврди дека таа е лоцирана врз основа на криминалистички активности на кои што работат секторите за борба против тероризмот, за справување со криминал и за меѓународна полициска соработка.
- На самиот почеток кога започнаа ваквите напади, објавивме дека секојдневно работиме заедно со сите меѓународни организации. Така што, во целата постапка и наши и споделување на податоци, информации од страна на нашиот партнер и целосните детали ќе можеме да ги соопштиме во моментот кога ќе заврши прибирањето на доказите и подготвувањето на кривични пријави, рече тој.
Според министерот, завршувањето на постапката зависи од завршувањето на вештачењето.
- Ниту едно откривање на кривично дело не може да биде детерминирано со временска рамка. Ниту во минути, ниту во денови, ниту во недели. Тогаш кога ќе заврши вештачењето, кога ќе се обезбедат доказите тогаш ќе бидат поднесени кривичните пријави. Многу е важно да имате квалитетно завршена работа и тоа што ќе го поднесете да биде поддржано со доказ, рече тој.
Во врска со истрагата за упадот во Фонд за здравство, министерот рече дека тоа е дел од хибридната војна.
- Тоа е хибриден напад и таму сè уште се работи. Тоа е една огромна работа заради тоа што, знаете дека таму беше извршен напад во кој што беа загрозени многу документи и во овој дел имавме такви, имавме и во Бирото за јавни набавки, така да таму се работи на обезбедување на целосно затворање, рече министерот.
На прашањето, како го толкува фактот дека Обвинителството го преквлификува делото, министерот одговори дека тоа е работа на друга институција.
- Обвинителството ја води истрагата и го квалификува делото. Ние можеби имаме свое видување, свој став во овој дел, и јас сметам сѐ уште дека дојавите за поставување на бомби, предизвикувањето на страв и нетрпеливост кај населението од терористички акт мора да биде кривично дело тероризам, меѓутоа, сепак, тоа е работа на друга институција и ние ќе постапуваме така како што ќе бидат покренати постапките заради тоа што истрагите ги води исклучиво ЈО, рече Спасовски.
Во однос на бројката на пријави за лажните дојави за бомби во училиштата, министерот одговори дека тоа ќе се знае откако ќе завршат вештачењата.
- Во моментов не можам да кажам кокава ќе биде бројката заради тоа што до крај не се завршени вештачењата, а од тие вештачења ќе знаеме за кои напади и за кој временски период и кон кои институции е тоа упатено. Секако, добар дел од овие напади, претежно мислам дека нападите кои што се однесуваат на јануари оваа година, кога беа интензивирани, ќе бидат затворен. Меѓутоа, да почекаме да знаеме точно колку проценти, рече тој, дополнувајќи го фактот дека досега се поднесени и пет кривични пријави кои се исто така дел заканите во училиштата во Скопје, а помеѓу кои, како што информраше, целосно е расчистен случајот во Кавадарци, Делчево и Тетово.

The post Спасовски: Дојавувачите на бомби ќе добијат кривични, уште се работи на нивно разоткривање appeared first on Република.

]]>
Бомби има, решение нема: Децата по улици наместо во училници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bombi-ima-reshenie-nema-detsata-po-ulitsi-namesto-vo-uchilnitsi/ Fri, 03 Mar 2023 08:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=615331

И во текот на вчерашниот ден повеќе средни и основни училишта во Скопје добија дојави за бомби, за кои МВР подоцна соопшти дека по извршените проверки сите биле лажни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, рече дека интензивно работат со МОН и веќе се направени одредени усогласувања, бидејќи, како што посочи, сите треба заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jalova-e-istragata-na-spasovski-politsaets-vleze-vo-uchilnitsata-i-ni-reche-ajde-odime-bomba/

Шаќири кажа дека во средата најголем број училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-i-edno-dete-ne-mozhe-da-ja-sledi-nastavata-onlajn-togash-toa-ne-e-nachin-roditelite-na-malite-detsa-ne-go-prifakaat-predlogot-na-mon/

 

Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите  што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците.  Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација.

Дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна  одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-lesno-da-se-donese-odluka-za-tselosna-onlajn-nastava-reche-ministerot-shakiri-po-zakanite-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/

 

На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори  дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-i-jas-se-prashuvam-zoshto-nema-dojavi-za-bombi-vo-privatnite-uchilishta/

Министерството за образование и МВР веќе направиле одредени усогласувања за заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби во училиштата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-od-utre-imame-novi-nasoki-po-dojava-za-bomba-ke-ima-poinakvi-aktivnosti/

 

Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки.

Како што посочи, се бараат и решенија за решавања на целата состојба поврзана со дојавите за бомби, и напомена дека она што вчера е донесено како акт, ќе биде дел од решението на процесот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nitu-edno-privatno-uchilishte-ne-dobilo-mejl-so-bomba-mvr-tvrdi-deka-zakani-imalo-vo-albanskite-shkoli/

The post Бомби има, решение нема: Децата по улици наместо во училници appeared first on Република.

]]>

И во текот на вчерашниот ден повеќе средни и основни училишта во Скопје добија дојави за бомби, за кои МВР подоцна соопшти дека по извршените проверки сите биле лажни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, рече дека интензивно работат со МОН и веќе се направени одредени усогласувања, бидејќи, како што посочи, сите треба заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес. https://republika.mk/vesti/makedonija/jalova-e-istragata-na-spasovski-politsaets-vleze-vo-uchilnitsata-i-ni-reche-ajde-odime-bomba/ Шаќири кажа дека во средата најголем број училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава. https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-i-edno-dete-ne-mozhe-da-ja-sledi-nastavata-onlajn-togash-toa-ne-e-nachin-roditelite-na-malite-detsa-ne-go-prifakaat-predlogot-na-mon/   Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите  што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците.  Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација. Дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна  одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-lesno-da-se-donese-odluka-za-tselosna-onlajn-nastava-reche-ministerot-shakiri-po-zakanite-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/   На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори  дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-i-jas-se-prashuvam-zoshto-nema-dojavi-za-bombi-vo-privatnite-uchilishta/ Министерството за образование и МВР веќе направиле одредени усогласувања за заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби во училиштата. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-od-utre-imame-novi-nasoki-po-dojava-za-bomba-ke-ima-poinakvi-aktivnosti/   Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки. Како што посочи, се бараат и решенија за решавања на целата состојба поврзана со дојавите за бомби, и напомена дека она што вчера е донесено како акт, ќе биде дел од решението на процесот. https://republika.mk/vesti/makedonija/nitu-edno-privatno-uchilishte-ne-dobilo-mejl-so-bomba-mvr-tvrdi-deka-zakani-imalo-vo-albanskite-shkoli/

The post Бомби има, решение нема: Децата по улици наместо во училници appeared first on Република.

]]>
Спасовски: За од утре имаме нови насоки, по дојава за бомба ќе има поинакви активности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-od-utre-imame-novi-nasoki-po-dojava-za-bomba-ke-ima-poinakvi-aktivnosti/ Thu, 02 Mar 2023 19:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=615251

Интензивно работиме со Министерството за образование и наука (МОН) и веќе се направени одредени усогласувања. Ќе почне и комуникацијата меѓу нашите Сектори за внатрешни работи и образовните институции, заради тоа што сите треба заеднички да постапуваме за да дојдеме до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби во училиштата.

Прашан за тоа дали размислува да се воведе 24 часовно обезбедување во училиштата, Спасовски информираше дека денеска е донесен посебен акт во делот на тероризмот, поради тоа што претходниот е застарен, и согласно овој акт од утре ќе се почне со нови активности. Како што рече, веќе се донесени одредени насоки за утрешниот ден.

Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки.

Ова не е активност со која може да се справи само МВР. Ова е активност со која треба да се справат сите институции и затоа се формираше работен тим во рамките на Владата, во кој влегуваат институциите - Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации и секој има свои активности кои треба да бидат преземени во овој дел. Ние во овој период работевме интензивно и денеска донесовме посебно упатство, односно посебен акт, што е во согласност со приликите кои се сега, заради тоа што имаше упатство кое беше застарено во делот на тероризмот. Согласно тоа упатство ќе започнеме нови активности, изјави Спасовски при посетата на полициските службеници кои се дел од сообраќајната патрола на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, во одговор на новинарско прашање.

Како што посочи, се бараат и решенија за решавања на целата состојба поврзана со дојавите за бомби, и напомена дека она што денеска е донесено како акт, ќе биде дел од решението на процесот.

Во овој процес треба да учествуваат сите институции. Ние писмено се обративме до одредени институции со прашање кои мерки ги имаат преземено од она што е во делот на нивната надлежност. Очекуваме дека ќе дадат одговори. Доколку има институции кои не преземале одредени активности од своја надлежност а биле должни да ги преземат, ќе го известиме и Јавното обвинителство. Оваа битка е битка на секој еден во институциите и сите заедно мора да работиме, заради тоа што ако станува збор за терористичка закана, тогаш сите треба да бидеме во борбата против теротизмот. За нас, безбедноста на учениците и на наставниот кадар е на прво место, потенцираше Спасовски.

 

The post Спасовски: За од утре имаме нови насоки, по дојава за бомба ќе има поинакви активности appeared first on Република.

]]>

Интензивно работиме со Министерството за образование и наука (МОН) и веќе се направени одредени усогласувања. Ќе почне и комуникацијата меѓу нашите Сектори за внатрешни работи и образовните институции, заради тоа што сите треба заеднички да постапуваме за да дојдеме до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби во училиштата. Прашан за тоа дали размислува да се воведе 24 часовно обезбедување во училиштата, Спасовски информираше дека денеска е донесен посебен акт во делот на тероризмот, поради тоа што претходниот е застарен, и согласно овој акт од утре ќе се почне со нови активности. Како што рече, веќе се донесени одредени насоки за утрешниот ден. Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки.
Ова не е активност со која може да се справи само МВР. Ова е активност со која треба да се справат сите институции и затоа се формираше работен тим во рамките на Владата, во кој влегуваат институциите - Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации и секој има свои активности кои треба да бидат преземени во овој дел. Ние во овој период работевме интензивно и денеска донесовме посебно упатство, односно посебен акт, што е во согласност со приликите кои се сега, заради тоа што имаше упатство кое беше застарено во делот на тероризмот. Согласно тоа упатство ќе започнеме нови активности, изјави Спасовски при посетата на полициските службеници кои се дел од сообраќајната патрола на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, во одговор на новинарско прашање.
Како што посочи, се бараат и решенија за решавања на целата состојба поврзана со дојавите за бомби, и напомена дека она што денеска е донесено како акт, ќе биде дел од решението на процесот.
Во овој процес треба да учествуваат сите институции. Ние писмено се обративме до одредени институции со прашање кои мерки ги имаат преземено од она што е во делот на нивната надлежност. Очекуваме дека ќе дадат одговори. Доколку има институции кои не преземале одредени активности од своја надлежност а биле должни да ги преземат, ќе го известиме и Јавното обвинителство. Оваа битка е битка на секој еден во институциите и сите заедно мора да работиме, заради тоа што ако станува збор за терористичка закана, тогаш сите треба да бидеме во борбата против теротизмот. За нас, безбедноста на учениците и на наставниот кадар е на прво место, потенцираше Спасовски.
 

The post Спасовски: За од утре имаме нови насоки, по дојава за бомба ќе има поинакви активности appeared first on Република.

]]>
Денеска 30 училишта добиле дојави за бомби, сите се лажни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-30-uchilishta-dobile-dojavi-za-bombi-site-se-lazhni/ Thu, 02 Mar 2023 11:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=615054

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

 

The post Денеска 30 училишта добиле дојави за бомби, сите се лажни appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.  

The post Денеска 30 училишта добиле дојави за бомби, сите се лажни appeared first on Република.

]]>
Постоењето на тоа што го нема https://arhiva3.republika.mk/kolumni/postoeneto-na-toa-shto-go-nema/ Thu, 02 Mar 2023 08:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=614939

Атанас Кирјаковски

За оваа колумна потребен ни е еден измислен лик, лик кој никаде физички не постои, ниту на планетава Земја, ниту во целиот универзум. Чирибу чириба — нека се вика Чкљнѕр Сфрџњски. Кога е веќе измислен, нека му биде и името такво. И пак некако, на некој чуден парадоксален начин, сепак тој постои, тука некаде се крие меѓу овие редови, ѕирка и прогледува кон нас низ буквите о и а, измислен е таму далеку, а тука е – во нашата глава!

Чкљнѕр е одличен ученик и ги има прочитано сите непостоечки книги на светот. Сите се чудеа кога за само минус два дена успеа да го прочита невидливиот том од 1200 страници за влезот на Арктичка Македонија во ЕУ. Тој не само што чита, туку и ужива да пишува цели романи, страници и страници и страници, шарени секојневни авантури во сивиот град каде што живее и тоа без ниту една печатна грешка или поправки. Секогаш прво ги пишува на запареното огледало во неговото купатило, а по неколку дена ги препишува и зачувува на својот дрвен лаптоп. Неговиот типичен ден започнува кога ќе се разбуди во 8 часот навечер, ќе скокне возбудено од својот кревет и ќе седне на неговото омилено десетножно столче за да си ги облече ракавиците на стапалата. Веднаш се спушта на подот и не прави десет склека, а потоа оди право во купатилото и пет минути внимателно не си ги мие забите. Откако ќе заврши, оди во кујната и сече неколку тенки парчиња од невидливиот леб што го нема низ продавници и си прави сендвич од сув воздух и без премногу путер – да не речам ич.

Младиот Сфрџњски потоа за едно петнаесетина минути поминува 1300 км до неизграденото училиште каде што учи, тетеравејќи се со чантата полна учебници кои никој не му ги дал уште од септември. Иако сѐ уште не се испечатени, сепак некако му тежат и кога би можел, би ги споил предметите историја и општество во еден учебник – за да не носи три (види подолу околу математиката за да ти стане јасен збиров). Кога пристигнува во дворот на училиштето, Чкљнѕр обично проверува дали има дојава за бомба и за чудо, дента немаше нешто такво. Првиот час обично внимателно го преспива, слушајќи го тенкиот глас на неговиот учител, а најмногу се радува кога учат за славната антифашистичка историја на соседната Буругарија. Всушност во измислената земја на овој измислен лик, освен историја и општество, други предмети и не се изучуваат – математиката, логиката, физиката и биологијата сѐ уште не се откриени како дисциплини.

Родителите на Чкљнѕр се многу горди на него. Г. Сфрџњски и г-ѓа Сфрџњска се типично непостоечко семејство во непостоечката држава коешто раскошно живее од плата, не плаќа радиодифузна такса и безгрижно пере и готви на скапа тарифа. Татко му работи во фабрика која се затвори пред повеќе децении, а мајка му веќе неколку години работи за инвестицијата на Гугл која требаше да се случи пред точно три години (како хаусмајсторка). Ако човек подобро размисли, тие не ни мора да работат бидејќи повеќе од доволни им се сумите коишто ги собираат преку апликацијата МојотДДФ за перјаст и удобен живот, создадена од најдобрата, најбезгрешната, најнапредната, најспособната и најобразуваната (на Харвард) влада на светот. Но животот, како и сѐ во животот, не им е секогаш песна. Во време на корона пандемијата, иако беше вакциниран дури и пред да бидат произведени и набавени вакцините, Чкљнѕр се разболе дотолку што мораше да го однесат во клиничкиот центар кој никогаш не се изгради и каде што мораше да лежи неколку дена. Во таа паничност и анксиозност, Г. Сфрџњски и г-ѓа Сфрџњска за првпат помислија да се иселат од измислената држава, но тогаш им текна дека тука има правда, има мир, најмала инфлација на планетата, скоро бесплатно гориво и најниски цени, па се пишманија, а откако им текна и тоа дека владата субвенционира сметки за струја, дури беа и благодарни што се нашле во најсеверниот рај на светот.

Иднината за Чкљнѕр Сфрџњски е светла и од него се очекува само да оди напред, да ита кон ЕУ, на крилата на авионите од НАТО, да има најдобри резултати на писа тестот и лепче на масата. Сета среќа што ваквите измислените ликови постојат и се наоѓаат насекаде околу нас. Да не постоеја, ќе мораше да ги измислиме.

The post Постоењето на тоа што го нема appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

За оваа колумна потребен ни е еден измислен лик, лик кој никаде физички не постои, ниту на планетава Земја, ниту во целиот универзум. Чирибу чириба — нека се вика Чкљнѕр Сфрџњски. Кога е веќе измислен, нека му биде и името такво. И пак некако, на некој чуден парадоксален начин, сепак тој постои, тука некаде се крие меѓу овие редови, ѕирка и прогледува кон нас низ буквите о и а, измислен е таму далеку, а тука е – во нашата глава! Чкљнѕр е одличен ученик и ги има прочитано сите непостоечки книги на светот. Сите се чудеа кога за само минус два дена успеа да го прочита невидливиот том од 1200 страници за влезот на Арктичка Македонија во ЕУ. Тој не само што чита, туку и ужива да пишува цели романи, страници и страници и страници, шарени секојневни авантури во сивиот град каде што живее и тоа без ниту една печатна грешка или поправки. Секогаш прво ги пишува на запареното огледало во неговото купатило, а по неколку дена ги препишува и зачувува на својот дрвен лаптоп. Неговиот типичен ден започнува кога ќе се разбуди во 8 часот навечер, ќе скокне возбудено од својот кревет и ќе седне на неговото омилено десетножно столче за да си ги облече ракавиците на стапалата. Веднаш се спушта на подот и не прави десет склека, а потоа оди право во купатилото и пет минути внимателно не си ги мие забите. Откако ќе заврши, оди во кујната и сече неколку тенки парчиња од невидливиот леб што го нема низ продавници и си прави сендвич од сув воздух и без премногу путер – да не речам ич. Младиот Сфрџњски потоа за едно петнаесетина минути поминува 1300 км до неизграденото училиште каде што учи, тетеравејќи се со чантата полна учебници кои никој не му ги дал уште од септември. Иако сѐ уште не се испечатени, сепак некако му тежат и кога би можел, би ги споил предметите историја и општество во еден учебник – за да не носи три (види подолу околу математиката за да ти стане јасен збиров). Кога пристигнува во дворот на училиштето, Чкљнѕр обично проверува дали има дојава за бомба и за чудо, дента немаше нешто такво. Првиот час обично внимателно го преспива, слушајќи го тенкиот глас на неговиот учител, а најмногу се радува кога учат за славната антифашистичка историја на соседната Буругарија. Всушност во измислената земја на овој измислен лик, освен историја и општество, други предмети и не се изучуваат – математиката, логиката, физиката и биологијата сѐ уште не се откриени како дисциплини. Родителите на Чкљнѕр се многу горди на него. Г. Сфрџњски и г-ѓа Сфрџњска се типично непостоечко семејство во непостоечката држава коешто раскошно живее од плата, не плаќа радиодифузна такса и безгрижно пере и готви на скапа тарифа. Татко му работи во фабрика која се затвори пред повеќе децении, а мајка му веќе неколку години работи за инвестицијата на Гугл која требаше да се случи пред точно три години (како хаусмајсторка). Ако човек подобро размисли, тие не ни мора да работат бидејќи повеќе од доволни им се сумите коишто ги собираат преку апликацијата МојотДДФ за перјаст и удобен живот, создадена од најдобрата, најбезгрешната, најнапредната, најспособната и најобразуваната (на Харвард) влада на светот. Но животот, како и сѐ во животот, не им е секогаш песна. Во време на корона пандемијата, иако беше вакциниран дури и пред да бидат произведени и набавени вакцините, Чкљнѕр се разболе дотолку што мораше да го однесат во клиничкиот центар кој никогаш не се изгради и каде што мораше да лежи неколку дена. Во таа паничност и анксиозност, Г. Сфрџњски и г-ѓа Сфрџњска за првпат помислија да се иселат од измислената држава, но тогаш им текна дека тука има правда, има мир, најмала инфлација на планетата, скоро бесплатно гориво и најниски цени, па се пишманија, а откако им текна и тоа дека владата субвенционира сметки за струја, дури беа и благодарни што се нашле во најсеверниот рај на светот. Иднината за Чкљнѕр Сфрџњски е светла и од него се очекува само да оди напред, да ита кон ЕУ, на крилата на авионите од НАТО, да има најдобри резултати на писа тестот и лепче на масата. Сета среќа што ваквите измислените ликови постојат и се наоѓаат насекаде околу нас. Да не постоеја, ќе мораше да ги измислиме.

The post Постоењето на тоа што го нема appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во 31 училиште во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojavi-za-bombi-vo-31-uchilishte-vo-skopje/ Wed, 01 Mar 2023 09:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=614535

На електронските адреси на 31 училиште во Скопје утринава е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.

https://republika.mk/vesti/skopje/chasovite-ne-ni-zapochnaa-detsata-se-evakuiraat-od-nekolku-tsentarski-uchilishta/

The post Дојави за бомби во 31 училиште во Скопје appeared first on Република.

]]>

На електронските адреси на 31 училиште во Скопје утринава е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа од Министерството за внатрешни работи. Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки. https://republika.mk/vesti/skopje/chasovite-ne-ni-zapochnaa-detsata-se-evakuiraat-od-nekolku-tsentarski-uchilishta/

The post Дојави за бомби во 31 училиште во Скопје appeared first on Република.

]]>
Часовите не ни почнаа, децата се евакуираат од неколку центарски училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/chasovite-ne-ni-zapochnaa-detsata-se-evakuiraat-od-nekolku-tsentarski-uchilishta/ Wed, 01 Mar 2023 07:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=614419

Утринава во неколку училишта во скопската општина Центар повторно има дојави за поставени експлозивни направи. Дојави стигнале во основите училишта „Коле Неделковски“, „Гоце Делчев“, „Јохан Хајнрих Песталоци“, „Киро Глигоров“. Овојпат заканувачките пораки пристигнале уште пред почетокот на часовите во првата смена.

Родителите кои штотуку ги оставиле децата во училиште, веќе се на пат да си ги земат. Засега нема најави дали наставата ќе продолжи од далечина.

Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.

The post Часовите не ни почнаа, децата се евакуираат од неколку центарски училишта appeared first on Република.

]]>

Утринава во неколку училишта во скопската општина Центар повторно има дојави за поставени експлозивни направи. Дојави стигнале во основите училишта „Коле Неделковски“, „Гоце Делчев“, „Јохан Хајнрих Песталоци“, „Киро Глигоров“. Овојпат заканувачките пораки пристигнале уште пред почетокот на часовите во првата смена. Родителите кои штотуку ги оставиле децата во училиште, веќе се на пат да си ги земат. Засега нема најави дали наставата ќе продолжи од далечина. Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.

The post Часовите не ни почнаа, децата се евакуираат од неколку центарски училишта appeared first on Република.

]]>
4 месеци сме беспомошни жртви на лошото владеење и неспособноста на Спасовски, МОН и институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/4-mesetsi-sme-bespomoshni-zhrtvi-na-loshoto-vladeene-i-nesposobnosta-na-spasovski-mon-i-institutsiite/ Tue, 28 Feb 2023 12:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=614225

„Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата. Ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова, треба да има на ум дека не може да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија.“ Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на 27.10.2022 година кога за првпат во 8 училишта во Скопје беа пристигнати лажни закани за поставени бомби, потсети денеска Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

Од тогаш до денес, додава тој, во скоро 40 наврати, на речиси 500 локации, од кои најголем дел училишта, па дури и градинки ширум земјава, веќе 4 месеци сме беспомошни сведоци и жртви на страв, немир, паника и терор.

Но, во исто време сме и жртви на лошото владеење со институциите кои не можат да се справат со овој проблем. Очигледно некој дозволува да си игра со судбините на децата, да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, што е сосема спротивно на она што го изјави Спасовски пред 4 месеци. Но тоа е апсолвирана тема. Оваа власт, МВР со ова раководство, но и останатите надлежни институции, за жал не се способни да се справат со проблемот кој го вознемирува целото наше општество. Прекинот на редовната настава, како последица од лажните пријави, покрај психолошкиот, социјалниот и образовниот негативен инпакт врз децата, сериозно влијаат и на животот и работата на нивните семејства. Имено, не секој родител може да го напушти работното место за безбедно да го спроведе детето до својот дом. Од таа причина, многу деца остануваат без соодветна поддршка и помош при честите ситуации со лажни пријави за бомби, што понатаму може да предизвика дополнителни несакани последици, посочи тој.

Христовски јавно го повика Министерството за образование и наука итно и во најкус можен рок да преземе активности за изготвување на официјален план и протокол кој ќе предвидува функционални мерки и процедури за постапување при случаи на лажни пријави за бомби и други безбедносни закани во училиштата и други објекти.

Државниот образовен систем не смее да остави ниту едно дете без соодветна поддршка, превоз и безбедна локација, после пријави за бомби кои сериозно влијаат на психофизичкиот развој на децата. Бараме од надлежните институции да престанат со игнорантниот однос и наместо да бидат соучесници во креирање хаос, неизвесност и недоверба во системот со своето неделување, веднаш да изготват применлив план со кој, секое дете ќе биде соодветно згрижено и заштитено, а родителите изземени од незавидна ситуација во која секојдневно се наоѓаат. Јавно апелирам и до сите останати чинители, училишта, локална самоуправа, родителите и сите останати да бидат вклучени во овој процес. Доста е молчење. Време е за акција. Децата се наш приоритет и се што е поврзано со нив не трпи импровизации, порача тој.

The post 4 месеци сме беспомошни жртви на лошото владеење и неспособноста на Спасовски, МОН и институциите appeared first on Република.

]]>

„Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата. Ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова, треба да има на ум дека не може да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија.“ Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на 27.10.2022 година кога за првпат во 8 училишта во Скопје беа пристигнати лажни закани за поставени бомби, потсети денеска Бојан Христовски, претседател на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш до денес, додава тој, во скоро 40 наврати, на речиси 500 локации, од кои најголем дел училишта, па дури и градинки ширум земјава, веќе 4 месеци сме беспомошни сведоци и жртви на страв, немир, паника и терор.
Но, во исто време сме и жртви на лошото владеење со институциите кои не можат да се справат со овој проблем. Очигледно некој дозволува да си игра со судбините на децата, да си игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, што е сосема спротивно на она што го изјави Спасовски пред 4 месеци. Но тоа е апсолвирана тема. Оваа власт, МВР со ова раководство, но и останатите надлежни институции, за жал не се способни да се справат со проблемот кој го вознемирува целото наше општество. Прекинот на редовната настава, како последица од лажните пријави, покрај психолошкиот, социјалниот и образовниот негативен инпакт врз децата, сериозно влијаат и на животот и работата на нивните семејства. Имено, не секој родител може да го напушти работното место за безбедно да го спроведе детето до својот дом. Од таа причина, многу деца остануваат без соодветна поддршка и помош при честите ситуации со лажни пријави за бомби, што понатаму може да предизвика дополнителни несакани последици, посочи тој.
Христовски јавно го повика Министерството за образование и наука итно и во најкус можен рок да преземе активности за изготвување на официјален план и протокол кој ќе предвидува функционални мерки и процедури за постапување при случаи на лажни пријави за бомби и други безбедносни закани во училиштата и други објекти.
Државниот образовен систем не смее да остави ниту едно дете без соодветна поддршка, превоз и безбедна локација, после пријави за бомби кои сериозно влијаат на психофизичкиот развој на децата. Бараме од надлежните институции да престанат со игнорантниот однос и наместо да бидат соучесници во креирање хаос, неизвесност и недоверба во системот со своето неделување, веднаш да изготват применлив план со кој, секое дете ќе биде соодветно згрижено и заштитено, а родителите изземени од незавидна ситуација во која секојдневно се наоѓаат. Јавно апелирам и до сите останати чинители, училишта, локална самоуправа, родителите и сите останати да бидат вклучени во овој процес. Доста е молчење. Време е за акција. Децата се наш приоритет и се што е поврзано со нив не трпи импровизации, порача тој.

The post 4 месеци сме беспомошни жртви на лошото владеење и неспособноста на Спасовски, МОН и институциите appeared first on Република.

]]>
Нов ден, нови дојави во 39 скопски училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-den-novi-dojavi-vo-39-skopski-uchilishta/ Tue, 28 Feb 2023 10:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=614162

Денеска до 10.00 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Како што потврдија од МВР за МИА, веднаш по добиените пријави, полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат и мерки за расчистување на случаите.

The post Нов ден, нови дојави во 39 скопски училишта appeared first on Република.

]]>

Денеска до 10.00 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Како што потврдија од МВР за МИА, веднаш по добиените пријави, полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат и мерки за расчистување на случаите.

The post Нов ден, нови дојави во 39 скопски училишта appeared first on Република.

]]>
Ако и едно дете не може да ја следи наставата онлајн, тогаш тоа не е начин: Родителите на малите деца не го прифаќаат предлогот на МОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-i-edno-dete-ne-mozhe-da-ja-sledi-nastavata-onlajn-togash-toa-ne-e-nachin-roditelite-na-malite-detsa-ne-go-prifakaat-predlogot-na-mon/ Sat, 25 Feb 2023 08:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=612675

Решение на Министерството за образование децата да се приклучуваат на онлајн настава кога во училиштето има дојава за бомба е неприфатливо за родителите на децата од пониските одделенија. Тие се револтирани од неможноста на државата да ги исполни своите обврски кон граѓаните - да им гарантира безбедност и да им обезбеди образование на учениците.

Изложени на секојдневен стрес уште од октомври минатата година, родителите не се согласуваат да ги преземат обрските на државата и за час-два по дојавата да им обезбедат на децата услови за онлајн настава. Училиштата се мета на дојави за поставени бомби од почетокот на учебната година и тоа практично им го парализира живтот на граѓаните, особено на оние кои имаат деца во пониските одделенија.

Маневрите да ги земаме децата од училиште по секоја дојава за бомба доволно ни ги комплицираат животите. Свесна сум дека безбедноста на децата е најважна, но не можеме туку така да излетаме од работа и потоа да дојдеме дома со детето и цел ден да го поминеме на компјутер. Моето дете е мало и не може да следи онлајн настава без родителска помош. За мене е неизводливо решението што се предлага, вели мајка на второодделенка.

Според Владата, дојавите за бомби се дел од „хибридната војна“ што се води паралелно со војната во Украина. Настава нема, а уште помалку информации за тоа кој ги праќа заканувачките мејлови. И по пет месеци Министерството за внатрешни работи не може да дојде до испраќачот на заканувачките пораки, а Министерството за образование нема начин да обезбеди настава во вакви услови.

Решението што се нуди не е соломонско решение. Неприфатливо е привремено да се реши проблемот, затоа што никој не знае ова лудило до кога ќе трае. Има дечиња кои ќе можат да се вклучат, но што со оние кои нема да можат. Какво решение ни се нуди за тие деца? Надлежните требада најдат соодветно решение како ќе се одвива наставата отсега натаму, а ова дефинитивно не е решение. Па и во короната малите деца беа изземени од наставата на далечина, вели мајка на првоодделенец од едно скопско училиште.

Во дописот од МОН до директорите на училиштата во земјава се бара тие да преземат итни мерки за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина. МОН укажува да се зајакне контролата за влез и излез во училиштата, а во деновите кога има заканувачка дојава училиштето да организира учење на далечина.

Кој ќе седи со децата? Кој ќе им помага да следат онлајн настава? Моето дете е со попреченост, кога сме на работа за него се грижат моите родители. Тие го земаат од училиште и седи со нив додека да дојдеме од работа. И покрај сите обврски што ги повлекува грижата за моето дете, јас не можам татко ми на 80 години да го учам работа на компјутери. Сметам дека е нехумано и кон детето и кон дедото, вели татко, чие дете учи во четврто одделение.

Родителите велат дека се снаоѓаат за децата. Некогаш ги земаат баби и дедовци, некогаш комшии или пак се органзираат во одделението, па еден родител или една баба земаат по неколку деца.

Во одделението кај ќерка ми една баба зема и по пет деца. Кога има дојава за бомба јас ја земам ќерка ми и ја носам со мене на работа, па заедно одиме по синот да го земеме од градинка. Немам друго решение. Сопругот работи во „Бунарџик“ и невозможно е да излегува кога ќе посака и да го зема детето во разумно време. Сепак, имајте на ум ова не е инцидент, не е еднаш. Навистина детето треба да има образование, но треба и да јаде. Не можеме да си дозволиме да се сведеме на една плата, загрижена е мајка на девојче од основно училиште од Аеродром.

Кои други опции ги имаме, прашуваат родителите и не се согласуваат дека треба да се благодарни што „се наоѓа решение и не ни ги оставаат децата само да дремат дома туку се трудат што побезболно да ја поминат годината“. Велат, директорите да се издигнат над интересите на оние што ги поставиле и да застанат на страната на децата. Ако и едно дете не може да ја следи наставата на предложениот начин, тогаш тоа не е начин.

Можеби јас ќе се снајдам да бидам со детето на компјутер, но тоа е селекција, моето дете може, твоето не може. Треба да можат сите деца.

Училиштата се нудат да најдат решение, но во рамките на предложеното од МОН. Ќе имаат разборање за децата и наставниците кои не можат за час-два да стигнат дома. Како решение се предлага и наставата да продолжи подоцна, по 16 часот. Исто така, се предлага наставникот да подели материјали, па децата да учат дома со родителите. На децата кои немаат компјутери ќе им се печатат материјали, ќе се испраќаат материјали на вибер или меил, ќе работат од телефон, велат од училиштата.

МОН ќе обезбеди кодови за децата од прво одделение за да можат да пристапат на платформата Тимс за да следат настава. Дотогаш ќе добиваат наставно ливче и материјал за работа дома.

Се ќе се прави во договор со наставникот, разборање ќе има, но наставно-образвониот процес мора да продолжи по насоките добиени од МОН, велат од училиштата.

The post Ако и едно дете не може да ја следи наставата онлајн, тогаш тоа не е начин: Родителите на малите деца не го прифаќаат предлогот на МОН appeared first on Република.

]]>

Решение на Министерството за образование децата да се приклучуваат на онлајн настава кога во училиштето има дојава за бомба е неприфатливо за родителите на децата од пониските одделенија. Тие се револтирани од неможноста на државата да ги исполни своите обврски кон граѓаните - да им гарантира безбедност и да им обезбеди образование на учениците. Изложени на секојдневен стрес уште од октомври минатата година, родителите не се согласуваат да ги преземат обрските на државата и за час-два по дојавата да им обезбедат на децата услови за онлајн настава. Училиштата се мета на дојави за поставени бомби од почетокот на учебната година и тоа практично им го парализира живтот на граѓаните, особено на оние кои имаат деца во пониските одделенија.
Маневрите да ги земаме децата од училиште по секоја дојава за бомба доволно ни ги комплицираат животите. Свесна сум дека безбедноста на децата е најважна, но не можеме туку така да излетаме од работа и потоа да дојдеме дома со детето и цел ден да го поминеме на компјутер. Моето дете е мало и не може да следи онлајн настава без родителска помош. За мене е неизводливо решението што се предлага, вели мајка на второодделенка.
Според Владата, дојавите за бомби се дел од „хибридната војна“ што се води паралелно со војната во Украина. Настава нема, а уште помалку информации за тоа кој ги праќа заканувачките мејлови. И по пет месеци Министерството за внатрешни работи не може да дојде до испраќачот на заканувачките пораки, а Министерството за образование нема начин да обезбеди настава во вакви услови.
Решението што се нуди не е соломонско решение. Неприфатливо е привремено да се реши проблемот, затоа што никој не знае ова лудило до кога ќе трае. Има дечиња кои ќе можат да се вклучат, но што со оние кои нема да можат. Какво решение ни се нуди за тие деца? Надлежните требада најдат соодветно решение како ќе се одвива наставата отсега натаму, а ова дефинитивно не е решение. Па и во короната малите деца беа изземени од наставата на далечина, вели мајка на првоодделенец од едно скопско училиште.
Во дописот од МОН до директорите на училиштата во земјава се бара тие да преземат итни мерки за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина. МОН укажува да се зајакне контролата за влез и излез во училиштата, а во деновите кога има заканувачка дојава училиштето да организира учење на далечина.
Кој ќе седи со децата? Кој ќе им помага да следат онлајн настава? Моето дете е со попреченост, кога сме на работа за него се грижат моите родители. Тие го земаат од училиште и седи со нив додека да дојдеме од работа. И покрај сите обврски што ги повлекува грижата за моето дете, јас не можам татко ми на 80 години да го учам работа на компјутери. Сметам дека е нехумано и кон детето и кон дедото, вели татко, чие дете учи во четврто одделение.
Родителите велат дека се снаоѓаат за децата. Некогаш ги земаат баби и дедовци, некогаш комшии или пак се органзираат во одделението, па еден родител или една баба земаат по неколку деца.
Во одделението кај ќерка ми една баба зема и по пет деца. Кога има дојава за бомба јас ја земам ќерка ми и ја носам со мене на работа, па заедно одиме по синот да го земеме од градинка. Немам друго решение. Сопругот работи во „Бунарџик“ и невозможно е да излегува кога ќе посака и да го зема детето во разумно време. Сепак, имајте на ум ова не е инцидент, не е еднаш. Навистина детето треба да има образование, но треба и да јаде. Не можеме да си дозволиме да се сведеме на една плата, загрижена е мајка на девојче од основно училиште од Аеродром.
Кои други опции ги имаме, прашуваат родителите и не се согласуваат дека треба да се благодарни што „се наоѓа решение и не ни ги оставаат децата само да дремат дома туку се трудат што побезболно да ја поминат годината“. Велат, директорите да се издигнат над интересите на оние што ги поставиле и да застанат на страната на децата. Ако и едно дете не може да ја следи наставата на предложениот начин, тогаш тоа не е начин.
Можеби јас ќе се снајдам да бидам со детето на компјутер, но тоа е селекција, моето дете може, твоето не може. Треба да можат сите деца.
Училиштата се нудат да најдат решение, но во рамките на предложеното од МОН. Ќе имаат разборање за децата и наставниците кои не можат за час-два да стигнат дома. Како решение се предлага и наставата да продолжи подоцна, по 16 часот. Исто така, се предлага наставникот да подели материјали, па децата да учат дома со родителите. На децата кои немаат компјутери ќе им се печатат материјали, ќе се испраќаат материјали на вибер или меил, ќе работат од телефон, велат од училиштата. МОН ќе обезбеди кодови за децата од прво одделение за да можат да пристапат на платформата Тимс за да следат настава. Дотогаш ќе добиваат наставно ливче и материјал за работа дома.
Се ќе се прави во договор со наставникот, разборање ќе има, но наставно-образвониот процес мора да продолжи по насоките добиени од МОН, велат од училиштата.

The post Ако и едно дете не може да ја следи наставата онлајн, тогаш тоа не е начин: Родителите на малите деца не го прифаќаат предлогот на МОН appeared first on Република.

]]>
И денешните дојави се лажни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/i-deneshnite-dojavi-se-lazhni/ Fri, 24 Feb 2023 12:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=612766

Лажни се денешните дојави за бомби во 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп, соопшти МВР по направените проверки.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Дојава бомба школо

На електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска беа упатени закани за поставени експлозивни направи.

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн.

The post И денешните дојави се лажни appeared first on Република.

]]>

Лажни се денешните дојави за бомби во 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп, соопшти МВР по направените проверки. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Дојава бомба школо На електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска беа упатени закани за поставени експлозивни направи. Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата. Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн.

The post И денешните дојави се лажни appeared first on Република.

]]>