Договорот за добрососедство со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 19:22:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Договорот за добрососедство со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovorot-za-dobrososedstvo-so-bugarija/ 32 32 Радев: На државниот врв на Република Cеверна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-na-drzhavniot-vrv-na-republika-ceverna-makedonija-im-nedostasuva-poznavane-na-megunarodnoto-pravo/ Tue, 02 Jul 2024 19:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=792877

Државното раководство на Република Cеверна Македонија очигледно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, што очигледно недостига. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни од сите идни влади, а не да се ревидира, изјави бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека Договорот за добрососедство со Бугарија може да се репреговара. Радев ја даде изјавата по брифинг со бугарски медиуми во Атина, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави БТА.

Мицкоски вчера изјави дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а Договорот за добрососедство е веќе репреговаран, со додадавањето на т.н. „француски предлог“, од кои произлегуваат уставните измени, поради што, како што рече, не гледа причина, зошто кон него да не се додаде некаков друг предлог, што ќе ги опфати барањата на македонскиот народ.

Според Радев, „на властите во Скопје им недостига познавање по уставно право“.

- Моделот на бугарскиот Устав и на оној на Република Cеверна Македонија се многу различни - нивниот ги заштитува колективните права, додека моделот на на нашиот Устав ги почитува индивидуалните права. Очигледно немаат познавања и во однос на европското законодавство за тоа, дека кога има заклучоци на Советот, усвоени со консензус, тие не се објект на пазарења, туку треба да се исполнуваат, рекол Радев.

Тој оценил дека „државниот врв на Република Cеверна Македонија има многу да научи“, додавајќи дека „се подготвени да помагаат и оти отсекогаш помагале на Република Cеверна Македонија на нејзиниот европски пат“.

The post Радев: На државниот врв на Република Cеверна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право appeared first on Република.

]]>

Државното раководство на Република Cеверна Македонија очигледно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, што очигледно недостига. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни од сите идни влади, а не да се ревидира, изјави бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека Договорот за добрососедство со Бугарија може да се репреговара. Радев ја даде изјавата по брифинг со бугарски медиуми во Атина, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави БТА. Мицкоски вчера изјави дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а Договорот за добрососедство е веќе репреговаран, со додадавањето на т.н. „француски предлог“, од кои произлегуваат уставните измени, поради што, како што рече, не гледа причина, зошто кон него да не се додаде некаков друг предлог, што ќе ги опфати барањата на македонскиот народ. Според Радев, „на властите во Скопје им недостига познавање по уставно право“.