договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 10:41:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor/ 32 32 Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stavot-na-vladata-za-ustavnite-izmeni-e-jasen-i-ostanuvame-na-istiot-izjavi-miteva/ Thu, 28 Nov 2024 10:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=842690

Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева на новинарско прашање за коментар на изјавата на евромесарката за проширување Марта Кос вчера ги повтори истите барања од ЕУ за спроведување на уставните измени за одблокирање на пристапните преговори.

Како Влада ценам дека имавме одговор на оваа состојба и на овие прашања. Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот - рече Митева.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата има дефинирани „црвени линии” во процесот на уставните измени и дека нема да отстапи од нив, ни да се подложи на „понижување“ и уништување на својот идентитет.

Прашана дали не смета дека е своевиден пристисок врз судството и обвинителството вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека робусно ќе им влезе на обвинителите и на судиите, кои се дел од судската власт, која е одделна од извршна власт, односно дали се враќа повторно партизираното судство, порпаролката на Владата кажа дека не се согласува со таквата оценка.

Кој го кажува овој став дека е притисок, јас не можам да се согласам со тоа. Многу ми е драго што имате од спротивната страна правник со којшто разговарате, така што можеме да ги вкрстиме правните аргументи и да ви кажам дека тоа е ваш личен став и не станува збор за притисок. Многу ми е жал што не можете можеби да видите дека кога имате два проценти доверба во правосудството во целина кога граѓаните ви велат дека правосудството е навистина девастирано, партизирано да се согласите дека станува збор за притисок кога некој сака да ги промени работите. Жалам што имате такво размислување - рече Митева.

На новинарско прашање како жена како се чувствува по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема да толерира обвинителки кои имаат добиено кога треба да апсат“, Митева уверува дека познавајќи го начинот на комуникација на премиерот тој во ниедна состојба немал намера да навреди.

Јас можам да кажам дека во рамки на она што се случува во Судскиот совет и во правосудството во целина можеме да видиме дека состојбите коишто ги има таму и коишто треба да се случуваат во рамки на поднесени кривични постапки се случуваат состојби коишто навистина се несвојствени. Познавајќи го начинот на комуникација на премиерот можам да ви кажам дека во ниедна состојба немал намера за навреда по однос на ликот и делото на која било жена што се занимава со општествена работа или, пак, е дел од политиката или жена во целост - вели Митева.

Таа одговори потврдно дека Владата ќе му помогне на ЈСП-Скопје доколку остане повторно без нафта.

Во многу наврати зборувавме за состојбите коишто се случуваат во градот Скопје и за менаџментот којшто таму не успева да ги менаџира работите. Ќе ве потсетам дека многу време пред да се случи состојбата со ЈСП имавме состанок со градоначалничката која што тогаш велеше дека е одлична и дека ќе се справи со ситуацијата дојдовме до степен каде што имавме ваков застој. Се надеваме како Влада дека по завршување на набавката, која што сега е во моментов дека нема да се случи ваква состојба. Како Влада се разбира дека ќе помагаме во секој момент и онолку колку што можеме - рече Митева.

The post Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева appeared first on Република.

]]>

Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот, изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева на новинарско прашање за коментар на изјавата на евромесарката за проширување Марта Кос вчера ги повтори истите барања од ЕУ за спроведување на уставните измени за одблокирање на пристапните преговори.
Како Влада ценам дека имавме одговор на оваа состојба и на овие прашања. Ставот на Владата е јасен и остануваме на истиот - рече Митева.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата има дефинирани „црвени линии” во процесот на уставните измени и дека нема да отстапи од нив, ни да се подложи на „понижување“ и уништување на својот идентитет. Прашана дали не смета дека е своевиден пристисок врз судството и обвинителството вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека робусно ќе им влезе на обвинителите и на судиите, кои се дел од судската власт, која е одделна од извршна власт, односно дали се враќа повторно партизираното судство, порпаролката на Владата кажа дека не се согласува со таквата оценка.
Кој го кажува овој став дека е притисок, јас не можам да се согласам со тоа. Многу ми е драго што имате од спротивната страна правник со којшто разговарате, така што можеме да ги вкрстиме правните аргументи и да ви кажам дека тоа е ваш личен став и не станува збор за притисок. Многу ми е жал што не можете можеби да видите дека кога имате два проценти доверба во правосудството во целина кога граѓаните ви велат дека правосудството е навистина девастирано, партизирано да се согласите дека станува збор за притисок кога некој сака да ги промени работите. Жалам што имате такво размислување - рече Митева.
На новинарско прашање како жена како се чувствува по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема да толерира обвинителки кои имаат добиено кога треба да апсат“, Митева уверува дека познавајќи го начинот на комуникација на премиерот тој во ниедна состојба немал намера да навреди.
Јас можам да кажам дека во рамки на она што се случува во Судскиот совет и во правосудството во целина можеме да видиме дека состојбите коишто ги има таму и коишто треба да се случуваат во рамки на поднесени кривични постапки се случуваат состојби коишто навистина се несвојствени. Познавајќи го начинот на комуникација на премиерот можам да ви кажам дека во ниедна состојба немал намера за навреда по однос на ликот и делото на која било жена што се занимава со општествена работа или, пак, е дел од политиката или жена во целост - вели Митева.
Таа одговори потврдно дека Владата ќе му помогне на ЈСП-Скопје доколку остане повторно без нафта.
Во многу наврати зборувавме за состојбите коишто се случуваат во градот Скопје и за менаџментот којшто таму не успева да ги менаџира работите. Ќе ве потсетам дека многу време пред да се случи состојбата со ЈСП имавме состанок со градоначалничката која што тогаш велеше дека е одлична и дека ќе се справи со ситуацијата дојдовме до степен каде што имавме ваков застој. Се надеваме како Влада дека по завршување на набавката, која што сега е во моментов дека нема да се случи ваква состојба. Како Влада се разбира дека ќе помагаме во секој момент и онолку колку што можеме - рече Митева.

The post Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева appeared first on Република.

]]>
Стапи на сила вчера изутрина: Погледнете го Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stapi-na-sila-vchera-izutrina-poglednete-go-dogovorot-za-prekin-na-ognot-megu-liban-i-izrael/ Thu, 28 Nov 2024 10:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=842676

Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел стапи во сила вчера изутрина и со него се става крај на повеќе од 14-месечните борби меѓу израелската армија и Хезболах.

Во документ составен од 13 члена, либанскиот кабинет ја потврди својата посветеност кон спроведувањето на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации во целост.

Резолуцијата 1701, усвоена на 11 август 2006 година, повикува на целосен прекин на непријателствата меѓу Хезболах и Израел и воспоставување на демилитаризирана зона помеѓу Сината линија и реката Литани во јужен Либан, со исклучоци за либанската армија и мировните сили на ОН (UNIFIL).

Договорот за прекин на огнот стапи во сила неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е постигнат предлог за прекин на конфликтот.

Повеќе од 3.800 луѓе се убиени во израелските напади во Либан, а повеќе од еден милион раселени од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.

Текст на документот кој агенцијата Анадолија го доби на увид.

1. Израел и Либан ќе спроведат прекин на непријателствата со почеток во 04:00 часот на 27 ноември 2024 година, во согласност со обврските наведени подолу.

2. Од 04:00 часот на 27 ноември 2024 година па натаму, Владата на Либан ќе го спречи Хезболах и сите други вооружени групи на нејзината територија да спроведуваат какви било операции против Израел. За возврат, Израел нема да спроведува никакви офанзивни воени операции против либански цели, вклучувајќи цивилни, воени или други државни цели, по копно, воздух или море.

3. Израел и Либан ја препознаваат важноста на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации за постигнување траен мир и безбедност и преземаат чекори за нејзино целосно спроведување без прекршување.

4. Овие обврски не ги спречуваат ниту Израел ниту Либан да го искористат своето неотуѓиво право на самоодбрана во согласност со меѓународното право.

5. Без да се во спротивност со Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) и нејзините одговорности или обврски според Резолуцијата 1701 на ОН и нејзините претходни резолуции, официјалните воени и безбедносни сили, инфраструктурата и оружјето на Либан ќе бидат единствените вооружени групи, оружје, и придружниот материјал распореден во јужната област Литани, како што е прикажано во приложениот План за распоредување на либанските вооружени сили (ЛАФ) (во натамошниот текст „Површина Јужна Литани“).

6. Во согласност со Резолуцијата на ОН1701 и нејзините претходни резолуции, со цел да се спречи повторното воспоставување и повторно вооружување на недржавни вооружени групи во Либан, секоја продажба или испорака на оружје и сродни материјали во Либан ќе биде регулирана и контролирана од Владата на Либан. Дополнително, целото производство на оружје и сродни материјали во Либан ќе биде регулирано и контролирано од Владата на Либан.

7. По започнувањето на прекинот на непријателствата, Владата на Либан ќе ги даде сите неопходни овластувања, вклучително и слободата на движење, на официјалните либански воени и безбедносни сили. Така, во согласност со резолуцијата 1701 на VSUN и нејзините претходни резолуции:

а. Набљудување и спроведување мерки против какво било неовластено влегување на оружје и сродни материјали во и низ Либан, како и преку сите гранични премини и против неовластено производство на оружје и материјали во Либан.

б. Отстранување на сите неовластени објекти вклучени во производството на оружје и сродни материјали во јужната област Литани и спречување формирање на такви објекти во иднина.

в. Конфискување на целото неовластено оружје и демонтирање на неовластена инфраструктура и воени позиции во областа Литани.

8. Соединетите Американски Држави и Франција имаат намера да работат во рамките на Воено-техничкиот комитет за Либан (MTC4L) за да го олеснат распоредувањето на 10.000 либански војници во јужен Либан што е можно поскоро. Тие, исто така, имаат намера да работат со меѓународната заедница за поддршка на способностите на либанските вооружени сили.

9. По прекинот на непријателствата и во координација со УНИФИЛ, Израел и Либан ќе го преформулираат и подобрат трипартитниот механизам (во натамошниот текст Механизам). Преформулираниот и подобрен механизам, чиј домаќин е УНИФИЛ, со кој претседаваат САД, вклучително и Франција, ќе:

а. Следи, проверува и помага во обезбедувањето на спроведувањето на овие обврски.

б. Зајакнување на капацитетот на либанските вооружени сили за проверка и демонтирање на неовластени локации, запленување оружје и спречување на присуство на неовластени вооружени групи.

10. Израел и Либан ќе ги пријават сите наводни прекршувања до Механизмот и УНИФИЛ, без да се нарушат нивните права на директна комуникација со Советот за безбедност на ОН.

11. По прекинот на непријателствата, Либан ќе ги распореди своите официјални воени и безбедносни сили на сите граници и ќе ги регулира сите копнени, воздушни и поморски премини.

12. Израел ќе ги повлече своите сили јужно од Сината линија во фази, додека либанските вооружени сили ќе се распоредат во јужната област Литани, како што е наведено во приложениот План за распоредување. Овој процес ќе биде завршен во рок од 60 дена.

13. Израел и Либан бараат САД, во партнерство со Обединетите нации, да ги олеснат индиректните преговори за решавање на преостанатите точки на спор по Сината линија, во согласност со Резолуцијата 1701.

Овие обврски имаат за цел да им овозможат на цивилите од двете страни на Сината линија безбедно да се вратат во своите домови и земји. Соединетите Држави и Франција продолжуваат да ги водат меѓународните напори за поддршка на градењето капацитети и економскиот развој низ Либан за да се промовира стабилноста и просперитетот во регионот“.

The post Стапи на сила вчера изутрина: Погледнете го Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел appeared first on Република.

]]>

Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел стапи во сила вчера изутрина и со него се става крај на повеќе од 14-месечните борби меѓу израелската армија и Хезболах. Во документ составен од 13 члена, либанскиот кабинет ја потврди својата посветеност кон спроведувањето на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации во целост. Резолуцијата 1701, усвоена на 11 август 2006 година, повикува на целосен прекин на непријателствата меѓу Хезболах и Израел и воспоставување на демилитаризирана зона помеѓу Сината линија и реката Литани во јужен Либан, со исклучоци за либанската армија и мировните сили на ОН (UNIFIL). Договорот за прекин на огнот стапи во сила неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е постигнат предлог за прекин на конфликтот. Повеќе од 3.800 луѓе се убиени во израелските напади во Либан, а повеќе од еден милион раселени од октомври минатата година, според либанските здравствени власти. Текст на документот кој агенцијата Анадолија го доби на увид. 1. Израел и Либан ќе спроведат прекин на непријателствата со почеток во 04:00 часот на 27 ноември 2024 година, во согласност со обврските наведени подолу. 2. Од 04:00 часот на 27 ноември 2024 година па натаму, Владата на Либан ќе го спречи Хезболах и сите други вооружени групи на нејзината територија да спроведуваат какви било операции против Израел. За возврат, Израел нема да спроведува никакви офанзивни воени операции против либански цели, вклучувајќи цивилни, воени или други државни цели, по копно, воздух или море. 3. Израел и Либан ја препознаваат важноста на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации за постигнување траен мир и безбедност и преземаат чекори за нејзино целосно спроведување без прекршување. 4. Овие обврски не ги спречуваат ниту Израел ниту Либан да го искористат своето неотуѓиво право на самоодбрана во согласност со меѓународното право. 5. Без да се во спротивност со Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) и нејзините одговорности или обврски според Резолуцијата 1701 на ОН и нејзините претходни резолуции, официјалните воени и безбедносни сили, инфраструктурата и оружјето на Либан ќе бидат единствените вооружени групи, оружје, и придружниот материјал распореден во јужната област Литани, како што е прикажано во приложениот План за распоредување на либанските вооружени сили (ЛАФ) (во натамошниот текст „Површина Јужна Литани“). 6. Во согласност со Резолуцијата на ОН1701 и нејзините претходни резолуции, со цел да се спречи повторното воспоставување и повторно вооружување на недржавни вооружени групи во Либан, секоја продажба или испорака на оружје и сродни материјали во Либан ќе биде регулирана и контролирана од Владата на Либан. Дополнително, целото производство на оружје и сродни материјали во Либан ќе биде регулирано и контролирано од Владата на Либан. 7. По започнувањето на прекинот на непријателствата, Владата на Либан ќе ги даде сите неопходни овластувања, вклучително и слободата на движење, на официјалните либански воени и безбедносни сили. Така, во согласност со резолуцијата 1701 на VSUN и нејзините претходни резолуции: а. Набљудување и спроведување мерки против какво било неовластено влегување на оружје и сродни материјали во и низ Либан, како и преку сите гранични премини и против неовластено производство на оружје и материјали во Либан. б. Отстранување на сите неовластени објекти вклучени во производството на оружје и сродни материјали во јужната област Литани и спречување формирање на такви објекти во иднина. в. Конфискување на целото неовластено оружје и демонтирање на неовластена инфраструктура и воени позиции во областа Литани. 8. Соединетите Американски Држави и Франција имаат намера да работат во рамките на Воено-техничкиот комитет за Либан (MTC4L) за да го олеснат распоредувањето на 10.000 либански војници во јужен Либан што е можно поскоро. Тие, исто така, имаат намера да работат со меѓународната заедница за поддршка на способностите на либанските вооружени сили. 9. По прекинот на непријателствата и во координација со УНИФИЛ, Израел и Либан ќе го преформулираат и подобрат трипартитниот механизам (во натамошниот текст Механизам). Преформулираниот и подобрен механизам, чиј домаќин е УНИФИЛ, со кој претседаваат САД, вклучително и Франција, ќе: а. Следи, проверува и помага во обезбедувањето на спроведувањето на овие обврски. б. Зајакнување на капацитетот на либанските вооружени сили за проверка и демонтирање на неовластени локации, запленување оружје и спречување на присуство на неовластени вооружени групи. 10. Израел и Либан ќе ги пријават сите наводни прекршувања до Механизмот и УНИФИЛ, без да се нарушат нивните права на директна комуникација со Советот за безбедност на ОН. 11. По прекинот на непријателствата, Либан ќе ги распореди своите официјални воени и безбедносни сили на сите граници и ќе ги регулира сите копнени, воздушни и поморски премини. 12. Израел ќе ги повлече своите сили јужно од Сината линија во фази, додека либанските вооружени сили ќе се распоредат во јужната област Литани, како што е наведено во приложениот План за распоредување. Овој процес ќе биде завршен во рок од 60 дена. 13. Израел и Либан бараат САД, во партнерство со Обединетите нации, да ги олеснат индиректните преговори за решавање на преостанатите точки на спор по Сината линија, во согласност со Резолуцијата 1701. Овие обврски имаат за цел да им овозможат на цивилите од двете страни на Сината линија безбедно да се вратат во своите домови и земји. Соединетите Држави и Франција продолжуваат да ги водат меѓународните напори за поддршка на градењето капацитети и економскиот развој низ Либан за да се промовира стабилноста и просперитетот во регионот“.

The post Стапи на сила вчера изутрина: Погледнете го Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел appeared first on Република.

]]>
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-fiskalniot-sovet/ Mon, 18 Nov 2024 12:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=839152

Зајакнување на комуникацијата и соработката од областа на макроекономските движења и макроекономската рамка, размена на податоци, анализи и други релевантни материјали коишто се од заемен интерес, консултации и експертизи за проекти, пренос на стручни знаења и вештини, обуки и едукативни настани. Ова се придобивките коишто се содржани во Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет, којшто го потпишаа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев. На потпишувањето, присуствуваа и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и членовите на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети и проф.д-р Марина Трпеска.

Координацијата помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е од суштинско значење за постигнување долгорочна макроекономска стабилност. Фискалниот совет го следи спроведувањето на фискалните политики и фискалната одржливост, додека централната банка е засегната од влијанието на фискалните политики врз ценовната и финансиската стабилност. На средбата беше нагласена улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на институциите како важни фактори коишто придонесуваат за успешно остварување на целите.

Независноста на Народната банка е исклучително важна за одржување на ценовната и финансиската стабилност во земјава. Според индексот на независноста на централните банки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. Поголемата независност на централните банки во периодот на неколку последователни кризи се поврзува и со преземените мерки за стабилизирање на инфлацијата, одржување на стабилноста на девизниот курс и за постигнување стабилен долгорочен економски раст, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека целта на двете институции е преку независни стручни мислења да придонесат кон обезбедување макроекономска стабилност.

На средбата беше истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е предност при донесувањето одлуки засновани на податоци и факти коишто придонесуваат за подобро согледување на целокупниот економски амбиент во земјава заради остварување повисок економски раст.

The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет appeared first on Република.

]]>

Зајакнување на комуникацијата и соработката од областа на макроекономските движења и макроекономската рамка, размена на податоци, анализи и други релевантни материјали коишто се од заемен интерес, консултации и експертизи за проекти, пренос на стручни знаења и вештини, обуки и едукативни настани. Ова се придобивките коишто се содржани во Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет, којшто го потпишаа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев. На потпишувањето, присуствуваа и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и членовите на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети и проф.д-р Марина Трпеска. Координацијата помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е од суштинско значење за постигнување долгорочна макроекономска стабилност. Фискалниот совет го следи спроведувањето на фискалните политики и фискалната одржливост, додека централната банка е засегната од влијанието на фискалните политики врз ценовната и финансиската стабилност. На средбата беше нагласена улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на институциите како важни фактори коишто придонесуваат за успешно остварување на целите. Независноста на Народната банка е исклучително важна за одржување на ценовната и финансиската стабилност во земјава. Според индексот на независноста на централните банки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. Поголемата независност на централните банки во периодот на неколку последователни кризи се поврзува и со преземените мерки за стабилизирање на инфлацијата, одржување на стабилноста на девизниот курс и за постигнување стабилен долгорочен економски раст, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека целта на двете институции е преку независни стручни мислења да придонесат кон обезбедување макроекономска стабилност. На средбата беше истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е предност при донесувањето одлуки засновани на податоци и факти коишто придонесуваат за подобро согледување на целокупниот економски амбиент во земјава заради остварување повисок економски раст.

The post Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет appeared first on Република.

]]>
Две нови инвестиции тешки 8,5 милиони евра кои носат 240 работни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dve-novi-investitsii-teshki-8-5-milioni-evra-koi-nosat-240-rabotni-mesta/ Tue, 12 Nov 2024 09:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=836655

Денеска со почеток од 11:15 часот во Свечената сала во Владата претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти.

Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода.

Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус.

Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа:

• Бреинчајлд Продукција во 2020 година и

• Бреинчајлд Производство во 2022 година.

Се потпишуваат два независни договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти.

Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2.

Бреинчајлд Продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година.

Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.

Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра.

И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали.

Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината.

Предвидена е во 11:30 часот заедничка прес- конференција за медиуми да дадат претседателот Мицкоски и сопственикот и менаџерот на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел во Медија центарот на Владата.

The post Две нови инвестиции тешки 8,5 милиони евра кои носат 240 работни места appeared first on Република.

]]>

Денеска со почеток од 11:15 часот во Свечената сала во Владата претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти. Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода. Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус. Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа: • Бреинчајлд Продукција во 2020 година и • Бреинчајлд Производство во 2022 година. Се потпишуваат два независни договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти. Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2. Бреинчајлд Продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година. Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места. Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали. Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината. Предвидена е во 11:30 часот заедничка прес- конференција за медиуми да дадат претседателот Мицкоски и сопственикот и менаџерот на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел во Медија центарот на Владата.

The post Две нови инвестиции тешки 8,5 милиони евра кои носат 240 работни места appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Владата Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pretsedatelot-na-vladata-mitskoski-i-sopstvenikot-i-menadher-na-breinchajld-ralf-hening-grosel-ke-potpishat-dva-dogovori-za-drzhavna-pomosh-za-dva-oddelni-investitsiski-proekti/ Mon, 11 Nov 2024 21:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=836491

Утре 12.11.2024 година (вторник) во 11:15 часот во Свечената сала во Владата претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти.

Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода.

Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус.

Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа:

• Бреинчајлд Продукција во 2020 година и

• Бреинчајлд Производство во 2022 година.

Се потпишуваат два независни договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти.

Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2.

Бреинчајлд Продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година.

Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.

Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра.

И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали.

Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината.

Предвидена е во 11:30 часот заедничка прес- конференција за медиуми да дадат претседателот Мицкоски и сопственикот и менаџерот на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел во Медија центарот на Владата.

The post Претседателот на Владата Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти appeared first on Република.

]]>

Утре 12.11.2024 година (вторник) во 11:15 часот во Свечената сала во Владата претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти. Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода. Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус. Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа: • Бреинчајлд Продукција во 2020 година и • Бреинчајлд Производство во 2022 година. Се потпишуваат два независни договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти. Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2. Бреинчајлд Продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година. Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места. Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали. Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината. Предвидена е во 11:30 часот заедничка прес- конференција за медиуми да дадат претседателот Мицкоски и сопственикот и менаџерот на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел во Медија центарот на Владата.

The post Претседателот на Владата Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-filipche-vladata-na-sdsm-i-dui-si-naplatila-provizija-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-a-nishto-ne-izgradile-pa-se-platija-350-milioni-dolari-penali/ Thu, 31 Oct 2024 12:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=832787

Коридорите 8 и 10д биле дел од програмите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владите на ВМРО-ДПМНЕ многу долго време, можеби биле дел и од програмите на СДСМ. И логично е да бидат, бидејќи станува збор за политички партии кои што одат на избори со понудата и кажуваат што треба да им понудат на граѓаните. Но, она кое што е важно да се каже е дека тоа што вие го направивте посебно во проектот кој што вие го нарековте Бектел и Енка, јас ќе го наречам за изградба на коридорот 8 и 10д најпрво беше срам и понижување кон министерот тогашен за транспорт и кон тогашниот премиер кој што ја водеше Владата. Ги доведовте како нивни колеги, вие не бевте во таа влада но има кои што биле, ги доведовте до подредена положба да им се смеат и со нив да си играат мајтап вашите коалициони партнери во тогашната влада кои што играа фудбалчиња во канцеларија, на начин на кој што овде во Парламентот носевте закони кои што немаат никаква врска со европските закони, ги злоупотребувавте и европските вредности и македонското право и Устав. И тогаш го злоупотребувавте европското знаме, впрочем тоа вас ви е и навика, со едната рака да правите вака, со другата да мавтате со европското знаме. Тоа е карактерна особина на СДСМ 7 години и коалицијата - му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Венко Филипче на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Премиерот Мицкоски истакна дека бил против тоа да се трошат парите на граѓаните, укажувајќи дека во време на владата на СДСМ и ДУИ се потрошени 350 милиони долари, а ниту еден милиметар од изградбата на коридорите не е направена.

И да бевме против тоа. И ден денеска сме против тоа. Две години стоеја потрошени околу 350 милиони долари, ниту милиметар не беше поместена трасата, имотно правни односи би рекол неколку 10-тици парцели и многу основани сомневања за злоупотреба на буџетски пари. Тоа што злоупотребувате европско знаме, тоа што мислевте тоа е решението, а ве предупредувавме не е тоа решението, треба да се засукаат ракавите и да се работи, вие мислевте дека на тој начин сте ја завршиле работата, и готово ќе им се допаднеме на меѓународната заедница и повторно ќе бидеме Влада. Ете видовте до каде ве дотера таа политика, 18 пратеници - рече Мицкоски.

Во однос на договорот за Бехтел и Енка, премиерот Мицкоски нагласи дека тој договор е класифициран, но се проверуваат сите можности и се прават напори истиот да се декласифицира за да може да се покаже пред македонската јавност и да се увиди дека сè што тој претходно зборувал е точно.

Бехтел и Енка е класифициран документ, и ги проверуваме сите можности договорот со Бехтел и Енка да го декласифицираме и да го покажеме на македонската јавност. Но, она што можам да го кажам дека сите оние основани тврдења кои што ги имавме во опозиција се точни. Сите - додаде премиерот Мицкоски.

Мицкоски кажа дека како Влада имале две опции од кои едната да се прекине изградбата и да се плаќаат пенали исто како што се плаќале пенали за сите претходни договори и концесии кои што СДСМ и ДУИ ги укинале и долгови кои што ги оставиле или да продолжи со работи и да се гради.

„Како Влада имавме две опции или да излеземе од проектот да останат овие 350 милиони долари кои што се платени и да платиме неколку стотини милиони оштета откако ќе завршиме арбитражен спор во судот во Лондон по британско, шкотско ирско, велшко законодавство, не по наше континентално и да извадиме уште неколку стотини милиони евра за сето тоа кое што ќе биде досудено како казна, бидејќи мораме сега слични такви спорови кои што ги укинувавте концесиите како Казан Дол сега ние да ги плаќаме. Исто како што сега ги плаќаме долговите во ЕСМ 5 милијарди денари плаќаме долгови. Исто како што ги плаќаме долговите за друг дел од коридорот 8 делницата од Кичево до Охрид 80 милиони долари, неплатени фактури од ноември 2023 година на изведувачите. Пред банкрот ги доведовте, ама провизиите биле наплатени. Некој ги наплатил, дали сте вие или некој од оваа сала што е, некој ги наплатил. За тоа се погрижиле авансно и за тоа истражуваме. Немојте да мислите дека тоа ќе остане така неистражено. Сè ќе истражиме и сè ќе излезе на виделина“, дециден е Мицкоски.

Премиерот Мицкоски вели дека првата средба со Бехтел ја имал во Вашингтон каде што замолил да не се плаќаат пенали од стотици милиони евра, потенцирајќи дека пред една недела започнала официјалната работа за изградба на коридорите бидејќи за разлика од претходно, сега се решени неколку имотно правни односи, со расчистена траса и како што рече има отворен фронт за да се започне со работа.

„Ние одлучивме да работиме. Првата моја средба на Бехтел ја имав во Вашингтон и тогаш молев бидејќи согласно договорот луѓето требаше веќе да ни наплатат неколку стотици милиони евра пенали. И да молев и ќе молам ако треба секој денар да го заштедам на граѓанинот, ќе молам и не се срамам, но знам сум направил нешто добро. И што направивме сега заедно со потпретседателот на Владата, директорот на ЈПДП со претставници на компанијата и со меѓународната заедница излеговме на истото тоа место каде што се пукаа петарди за да означиме официјално траса отворен фронт од околу 11 километри кои што ќе можат да се работат со неколку решени имотно правни односи, со расчистена траса, се како што треба еден проект да личи“, му порача Мицкоски на Филипче.

The post Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали appeared first on Република.

]]>

Коридорите 8 и 10д биле дел од програмите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владите на ВМРО-ДПМНЕ многу долго време, можеби биле дел и од програмите на СДСМ. И логично е да бидат, бидејќи станува збор за политички партии кои што одат на избори со понудата и кажуваат што треба да им понудат на граѓаните. Но, она кое што е важно да се каже е дека тоа што вие го направивте посебно во проектот кој што вие го нарековте Бектел и Енка, јас ќе го наречам за изградба на коридорот 8 и 10д најпрво беше срам и понижување кон министерот тогашен за транспорт и кон тогашниот премиер кој што ја водеше Владата. Ги доведовте како нивни колеги, вие не бевте во таа влада но има кои што биле, ги доведовте до подредена положба да им се смеат и со нив да си играат мајтап вашите коалициони партнери во тогашната влада кои што играа фудбалчиња во канцеларија, на начин на кој што овде во Парламентот носевте закони кои што немаат никаква врска со европските закони, ги злоупотребувавте и европските вредности и македонското право и Устав. И тогаш го злоупотребувавте европското знаме, впрочем тоа вас ви е и навика, со едната рака да правите вака, со другата да мавтате со европското знаме. Тоа е карактерна особина на СДСМ 7 години и коалицијата - му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Венко Филипче на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Премиерот Мицкоски истакна дека бил против тоа да се трошат парите на граѓаните, укажувајќи дека во време на владата на СДСМ и ДУИ се потрошени 350 милиони долари, а ниту еден милиметар од изградбата на коридорите не е направена.
И да бевме против тоа. И ден денеска сме против тоа. Две години стоеја потрошени околу 350 милиони долари, ниту милиметар не беше поместена трасата, имотно правни односи би рекол неколку 10-тици парцели и многу основани сомневања за злоупотреба на буџетски пари. Тоа што злоупотребувате европско знаме, тоа што мислевте тоа е решението, а ве предупредувавме не е тоа решението, треба да се засукаат ракавите и да се работи, вие мислевте дека на тој начин сте ја завршиле работата, и готово ќе им се допаднеме на меѓународната заедница и повторно ќе бидеме Влада. Ете видовте до каде ве дотера таа политика, 18 пратеници - рече Мицкоски.
Во однос на договорот за Бехтел и Енка, премиерот Мицкоски нагласи дека тој договор е класифициран, но се проверуваат сите можности и се прават напори истиот да се декласифицира за да може да се покаже пред македонската јавност и да се увиди дека сè што тој претходно зборувал е точно.
Бехтел и Енка е класифициран документ, и ги проверуваме сите можности договорот со Бехтел и Енка да го декласифицираме и да го покажеме на македонската јавност. Но, она што можам да го кажам дека сите оние основани тврдења кои што ги имавме во опозиција се точни. Сите - додаде премиерот Мицкоски.
Мицкоски кажа дека како Влада имале две опции од кои едната да се прекине изградбата и да се плаќаат пенали исто како што се плаќале пенали за сите претходни договори и концесии кои што СДСМ и ДУИ ги укинале и долгови кои што ги оставиле или да продолжи со работи и да се гради.   „Како Влада имавме две опции или да излеземе од проектот да останат овие 350 милиони долари кои што се платени и да платиме неколку стотини милиони оштета откако ќе завршиме арбитражен спор во судот во Лондон по британско, шкотско ирско, велшко законодавство, не по наше континентално и да извадиме уште неколку стотини милиони евра за сето тоа кое што ќе биде досудено како казна, бидејќи мораме сега слични такви спорови кои што ги укинувавте концесиите како Казан Дол сега ние да ги плаќаме. Исто како што сега ги плаќаме долговите во ЕСМ 5 милијарди денари плаќаме долгови. Исто како што ги плаќаме долговите за друг дел од коридорот 8 делницата од Кичево до Охрид 80 милиони долари, неплатени фактури од ноември 2023 година на изведувачите. Пред банкрот ги доведовте, ама провизиите биле наплатени. Некој ги наплатил, дали сте вие или некој од оваа сала што е, некој ги наплатил. За тоа се погрижиле авансно и за тоа истражуваме. Немојте да мислите дека тоа ќе остане така неистражено. Сè ќе истражиме и сè ќе излезе на виделина“, дециден е Мицкоски.   Премиерот Мицкоски вели дека првата средба со Бехтел ја имал во Вашингтон каде што замолил да не се плаќаат пенали од стотици милиони евра, потенцирајќи дека пред една недела започнала официјалната работа за изградба на коридорите бидејќи за разлика од претходно, сега се решени неколку имотно правни односи, со расчистена траса и како што рече има отворен фронт за да се започне со работа.   „Ние одлучивме да работиме. Првата моја средба на Бехтел ја имав во Вашингтон и тогаш молев бидејќи согласно договорот луѓето требаше веќе да ни наплатат неколку стотици милиони евра пенали. И да молев и ќе молам ако треба секој денар да го заштедам на граѓанинот, ќе молам и не се срамам, но знам сум направил нешто добро. И што направивме сега заедно со потпретседателот на Владата, директорот на ЈПДП со претставници на компанијата и со меѓународната заедница излеговме на истото тоа место каде што се пукаа петарди за да означиме официјално траса отворен фронт од околу 11 километри кои што ќе можат да се работат со неколку решени имотно правни односи, со расчистена траса, се како што треба еден проект да личи“, му порача Мицкоски на Филипче.

The post Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ispolneto-e-edno-od-kluchnite-vetuvana-na-vladata-opshtinite-go-dobivaat-prviot-del-od-250-milioni-evra-za-realizatsija-na-kapitalni-investitsii/ Sun, 27 Oct 2024 12:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=831400

Денес е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик, ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините, дел од тие средства ќе бидат реализирани во овој буџет, останатиот дел дополнет со оние средства коишто недостигаат ќе биде со следниот буџет за следната година, посочи премиерот Христијан Мицкоски.

Согласно првиот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа денес вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари. Денес се потпишуваат договорите кои се темелат на 6 владини одлуки, поделени на 6 клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти. Прво, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 година за што се издвојуваат речиси 133 милиони денари (132.619.804 денари). Со оваа одлука се опфатени општини како Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. При тоа се однесува на реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образование - посочи Мицкоски.

Денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за што ќе се инвестираат 2 милијарди и 800 милиони денари (2 786.655.032 денари).

Опфатени се општини како Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други. Овие проекти се инвестиции во локална патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици.

Трето, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на Министерството за социјална политика, демографија и млади за што ќе се инвестираат околу 59 милиони денари (58.573.514 денари). Овие пари ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба. Четврто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на спортот за што се потпишуваат договори во висина од 220 милиони денари (220.064.186 денари) и тоа за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови, и спортски сали во општини како Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други. Петто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа културата и туризмот за што се предвидени близу 200 милиони денари (199.460.590 денари) за реставрација на културни знаменитости, туристички атракции, музеи, домови на култура во општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба - рече премиерот Мицкоски.

Шесто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа животната средина и просторното планирање за што ќе се инвестираат близу 630 милиони денари (629.263.261 денари) за инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи, регулации на реки и други проекти. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други, рече тој.

Посочи дека ова беше клучно ветување до граѓаните и е доказ за нивната посветена работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани.

За само три месеци овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините. Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици се до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра. Сакам да апелирам општините да изработуваат квалитетни проекти и тие ќе бидат реализирани. На овој начин државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе на Македонија - порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции appeared first on Република.

]]>

Денес е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик, ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините, дел од тие средства ќе бидат реализирани во овој буџет, останатиот дел дополнет со оние средства коишто недостигаат ќе биде со следниот буџет за следната година, посочи премиерот Христијан Мицкоски.
Согласно првиот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа денес вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари. Денес се потпишуваат договорите кои се темелат на 6 владини одлуки, поделени на 6 клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти. Прво, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 година за што се издвојуваат речиси 133 милиони денари (132.619.804 денари). Со оваа одлука се опфатени општини како Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. При тоа се однесува на реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образование - посочи Мицкоски.
Денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за што ќе се инвестираат 2 милијарди и 800 милиони денари (2 786.655.032 денари). Опфатени се општини како Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други. Овие проекти се инвестиции во локална патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици.
Трето, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на Министерството за социјална политика, демографија и млади за што ќе се инвестираат околу 59 милиони денари (58.573.514 денари). Овие пари ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба. Четврто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на спортот за што се потпишуваат договори во висина од 220 милиони денари (220.064.186 денари) и тоа за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови, и спортски сали во општини како Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други. Петто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа културата и туризмот за што се предвидени близу 200 милиони денари (199.460.590 денари) за реставрација на културни знаменитости, туристички атракции, музеи, домови на култура во општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба - рече премиерот Мицкоски.
Шесто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа животната средина и просторното планирање за што ќе се инвестираат близу 630 милиони денари (629.263.261 денари) за инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи, регулации на реки и други проекти. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други, рече тој. Посочи дека ова беше клучно ветување до граѓаните и е доказ за нивната посветена работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани.
За само три месеци овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините. Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици се до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра. Сакам да апелирам општините да изработуваат квалитетни проекти и тие ќе бидат реализирани. На овој начин државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе на Македонија - порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции appeared first on Република.

]]>
Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-dogovor-za-sorabotka-vo-bezbednosni-prashana/ Thu, 17 Oct 2024 16:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=828145

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања, со што Грција стана 21 земја-членка на Унијата која потпиша соодветен билатерален договор со Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.

Грција е подготвена да продолжи да ги исполнува најитните одбранбени потреби на Украина. Исто така, ќе обезбеди дополнителни ресурси за забрзување на обуката за F-16 за нашите пилоти и техничари. Ја упатувам мојата благодарност до Грција за помошта и за можностите што ги обезбедува за одбрана на нашата земја и народ, напиша украинскиот претседател.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека договорот следи по пристапувањето на Грција и ЕУ кон Заедничката декларација на Г7 од јули 2023 година за поддршка на безбедноста на Украина на долг рок, но и по соодветниот договор ЕУ-Украина, потпишан на 27 јуни 2024 година на маргините на Европската Советот во Брисел.

Дополнително посочија дека „договорот го отвора патот за активно учество на Грција во напорите за обнова на Украина“.

The post Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања, со што Грција стана 21 земја-членка на Унијата која потпиша соодветен билатерален договор со Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.
Грција е подготвена да продолжи да ги исполнува најитните одбранбени потреби на Украина. Исто така, ќе обезбеди дополнителни ресурси за забрзување на обуката за F-16 за нашите пилоти и техничари. Ја упатувам мојата благодарност до Грција за помошта и за можностите што ги обезбедува за одбрана на нашата земја и народ, напиша украинскиот претседател.
Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека договорот следи по пристапувањето на Грција и ЕУ кон Заедничката декларација на Г7 од јули 2023 година за поддршка на безбедноста на Украина на долг рок, но и по соодветниот договор ЕУ-Украина, потпишан на 27 јуни 2024 година на маргините на Европската Советот во Брисел. Дополнително посочија дека „договорот го отвора патот за активно учество на Грција во напорите за обнова на Украина“.

The post Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања appeared first on Република.

]]>
Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pandev-lazarov-i-idhe-poveke-nema-da-reklamiraat-kazina-ili-oblozhuvalnitsi/ Wed, 09 Oct 2024 09:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=824495

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка.

Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.

Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.

Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.

Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.

Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка. Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.
Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>
Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-dogovorot-za-zaem-od-500-milioni-evra-od-ungarija/ Tue, 08 Oct 2024 13:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=824241

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните - рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.

Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.

Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно .ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање - рече Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари

Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст.

Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

The post Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија appeared first on Република.

]]>

Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните - рече министерката за финансии по потпишување на Договорот.
Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.
Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно .ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање - рече Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари Она што е за потенцирање, според министерката, е дека делот од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст. Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

The post Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија appeared first on Република.

]]>
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, сите линии се враќаат во нормала https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-postignaa-dogovor-so-jsp-site-linii-se-vrakaat-vo-normala/ Mon, 02 Sep 2024 12:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=812310

Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје.

Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа само по една тура, сега колегите се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје, изјави Петрушевски.

Петрушевски, исто така, посочи дека веќе има некои разговори и за цената на километарот и повика тоа да биде разговарано на следната седница на Советот на Град Скопје.

Очекуваме на првата седница на Град Скопје да биде ставена како точка на дневен ред. Советниците на Град Скопје ќе мора да одлучат дали ќе ги прифатат нашите барања за километарот да биде рентабилен и да можеме во иднина да го обновиме возниот парк и да ги плаќаме шоферите со подобра плата за да не ни бегаат, посочи Петрушевски.

Прашан дали протестот е дело од политичките превирања во градската власт, Петрушевски рече дека, не се политички во ниту еден поглед и дека само си ги бараат своите пари.

Два месеци досега возиме наизменично и прва и трета смена, но сега дојдовме во ситуација едногласно сите колеги, дека нема средства за да продолжат да возат. Немаше што да правиме и мораше да застанеме, изјави Петрушевски.

Дел од приватните автобуси претходно се заканија дека денеска ќе сообраќаат по само една смена, од пет часот, односно дека еден автобус ќе вози само една тура, на една линија и тоа на автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20.

The post Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, сите линии се враќаат во нормала appeared first on Република.

Трипуновски: Постигнат е договор за спас на оризарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-postignat-e-dogovor-za-spas-na-orizarite/ Fri, 09 Aug 2024 13:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=804995

Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Вака денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го започна разговорот со откупувачите на ориз.

На средбата присуствуваше и Васе Анакиев директорот на Државен инспекторат за земјоделство. Се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена.

Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви. Kако што веќе потенциравме, оваа мерка претставува гаранција за нашите оризопроизводители.

Оризот претставува една од најстарите житарици кои се одгледуваат во нашата земја. Затоа нашата цел е да ставиме акцент на препознатливиот квалитет на оризот кој важи за еден од најквалитетните во регионот потенцираше Министерот на средбата.

The post Трипуновски: Постигнат е договор за спас на оризарите appeared first on Република.

]]>

Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Вака денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го започна разговорот со откупувачите на ориз. На средбата присуствуваше и Васе Анакиев директорот на Државен инспекторат за земјоделство. Се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена. Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви. Kако што веќе потенциравме, оваа мерка претставува гаранција за нашите оризопроизводители. Оризот претставува една од најстарите житарици кои се одгледуваат во нашата земја. Затоа нашата цел е да ставиме акцент на препознатливиот квалитет на оризот кој важи за еден од најквалитетните во регионот потенцираше Министерот на средбата.  

The post Трипуновски: Постигнат е договор за спас на оризарите appeared first on Република.

]]>
Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-i-egipet-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/ Sat, 13 Jul 2024 11:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=796385

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, денесka во Каиро беше потпишан Договор за слободна трговија меѓу Србија и Египет и 10 други билатерални документи за соработка меѓу двете земји во различни области, јави дописникот на МИА од Белград.

На заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега, по пленарната средба на двете делегации, претседателот Вучиќ изјави дека Договорот за слободна трговија е исклучително важен. Тој наведе дека се потпишани вкупно 10.412 тарифни линии за Србија и 6.075 тарифни линии за Египет.

Побрзо ќе ги развиваме нашите трговски односи и односите меѓу нашите индустрии, истакна Вучиќ.

Претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси изјави дека потпишаните договори дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите односи меѓу Србија и Египет.

- На денешните средби се согласивме за важноста од зајакнување на соработката во науката, преку договорот за слободна трговија што беше потпишан денеска и многу други документи. Тоа ќе ја зајакне економската и трговската соработка меѓу Србија и Египет, рече Сиси.

Тој ја нагласи значајната улога на Србија во зајакнувањето на соработката и стабилноста во регионот во кој се наоѓа.

Ние навистина го поддржуваме спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан. И сакаме земјите од Западен Балкан да се зближат и да ја зајакнат регионалната стабилност, рече Ел Сиси.

Тој изјави дека со претседателот Вучиќ разговарал за случувањата на меѓународната сцена, со посебен осврт на Појасот Газа и Украина.

Договорот за слободна трговија го потпишаа министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за инвестиции и надворешна трговија на Египет, Хасан ел Хатиб.

Министерот Момировиќ изјави дека по ратификацијата на Договорот за слободна трговија со Египет, царините ќе бидат укинати за речиси целото српско земјоделство.

Штом ќе биде ратификуван Договорот за слободна трговија, ќе се укинат царините од 40 отсто за свежите јаболка, како и царините од 30 отсто за сувите сливи и 20 отсто за замрзнатите бобинки. Царините за производите од нашата прехранбена индустрија, кои сега се движат од 20 на 60 отсто полека ќе почнат да се намалуваат, а ќе се укинат и царините за минералната вода и безалкохолното пиво, кои сега се движат меѓу 20 и 30 отсто, рече Момировиќ.

Тој посочи дека тоа е голема шанса за земјоделците и домаќините од Србија, но и огромна шанса за српската керамичка индустрија, фармацевтската индустрија и многу други индустрии.

The post Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија appeared first on Република.

]]>

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, денесka во Каиро беше потпишан Договор за слободна трговија меѓу Србија и Египет и 10 други билатерални документи за соработка меѓу двете земји во различни области, јави дописникот на МИА од Белград. На заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега, по пленарната средба на двете делегации, претседателот Вучиќ изјави дека Договорот за слободна трговија е исклучително важен. Тој наведе дека се потпишани вкупно 10.412 тарифни линии за Србија и 6.075 тарифни линии за Египет.
Побрзо ќе ги развиваме нашите трговски односи и односите меѓу нашите индустрии, истакна Вучиќ.
Претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси изјави дека потпишаните договори дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите односи меѓу Србија и Египет. - На денешните средби се согласивме за важноста од зајакнување на соработката во науката, преку договорот за слободна трговија што беше потпишан денеска и многу други документи. Тоа ќе ја зајакне економската и трговската соработка меѓу Србија и Египет, рече Сиси. Тој ја нагласи значајната улога на Србија во зајакнувањето на соработката и стабилноста во регионот во кој се наоѓа.
Ние навистина го поддржуваме спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан. И сакаме земјите од Западен Балкан да се зближат и да ја зајакнат регионалната стабилност, рече Ел Сиси.
Тој изјави дека со претседателот Вучиќ разговарал за случувањата на меѓународната сцена, со посебен осврт на Појасот Газа и Украина. Договорот за слободна трговија го потпишаа министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за инвестиции и надворешна трговија на Египет, Хасан ел Хатиб. Министерот Момировиќ изјави дека по ратификацијата на Договорот за слободна трговија со Египет, царините ќе бидат укинати за речиси целото српско земјоделство.
Штом ќе биде ратификуван Договорот за слободна трговија, ќе се укинат царините од 40 отсто за свежите јаболка, како и царините од 30 отсто за сувите сливи и 20 отсто за замрзнатите бобинки. Царините за производите од нашата прехранбена индустрија, кои сега се движат од 20 на 60 отсто полека ќе почнат да се намалуваат, а ќе се укинат и царините за минералната вода и безалкохолното пиво, кои сега се движат меѓу 20 и 30 отсто, рече Момировиќ.
Тој посочи дека тоа е голема шанса за земјоделците и домаќините од Србија, но и огромна шанса за српската керамичка индустрија, фармацевтската индустрија и многу други индустрии.

The post Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија appeared first on Република.

]]>
Касами: „ВЛЕН“ добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-vlen-dobiva-pretsedatel-na-sobranieto-pet-ministerstva-plus-minister-bez-resor/ Mon, 27 May 2024 19:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=782210

Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами, еден од предводниците на коалицијата „Влен“.

- Генерално, од почеток на разговорите, има добар амбиент во делот на распределба на одговорностите, во делот на хармонизација на програмата. Така што, во фазата во која се наоѓаме денеска, веќе имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон, односно министерствата и замениците на министрите. Исто така, има договор дека и претседател на Собранието ќе биде од редовите на „Влен“. Но, за тоа што веќе имаме договорено, кога ќе заврши целиот процес, ќе излеземе официјално со целиот договор, не би сакал да излезам со детали затоа што лошо е чувството и во органите на партијата, кога некоја информација која треба официјално да ја слушнат, ја дознаваат од медиумите. Имаме начелно договор за претседател на Собрание, како и за првиот и вториот ешалон, вели Касами во интервју за „360 степени“.

За „Влен“, во владата со 20 ресори, ќе има пет министерства, плус министер без ресор.

Можам да потврдам дека еден од ресорите кој би требало да биде воден од кадар на коалицијата е Секретаријатот (за европски прашања н.з) кој е предвидено да стане ресорно министерство и согласно важноста на позицијата да биде и вицепремиер. Исто така, можам да потврдам дека и во делот на економијата, нашите еколошки определби и животната средина, би требало да раководиме и со некој од тие ресори. Главно, се работи за меѓусебно разбирање целата влада да биде фокусирана на исполнување на тоа што ќе го договориме без разлика кој каде ќе биде министер, посочува Касами.

Коментирајќи ја идната задача на министерот без ресор, Касами вели дека тој ќе биде задолжен за борба против корупцијата и злоупотребата на службените позиции.

Одговарајќи на прашањето дали не е претенциозна квалификацијата дека идната ќе биде влада на национален спас, лидерот на „Беса“ потенцира дека освен одреден прогрес во евроинтегративниот процес, власта предводена од СДСМ и ДУИ сериозно ја уназадила државата.

Имајќи предвид дека претходните два состави на влади направија некои работи во делот на надминување на некои препреки со соседите со Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, во друга насока тие направија многу штета. На домашен план во делот на корупција и злоупотреба на службените позиции…Така што, сегашната економска ситуација, во делот на владеењето на правото, во делот на исполнување на барањата на европскиот процес за реформа на системот и за приближување кон ЕУ, мислам дека не чека многу работа, така што можам да земам за право да кажам дека оваа влада треба да биде за национален спас, затоа што во многу од овие сегменти има многу назадувања. Државата е доведена до незавидна позиција со која ќе треба да се занимава следната влада, вели Касами.

Кога станува збор за најавеното реструктуирање на министерствата и основање нови, со што од 16 ресори како што е сега, владата би имало 20 министерства, Касами вели дека најверојатно ќе нема многу министри без ресор како што било пракса досега.

Само таму каде што ќе има нешто конкретно во дел на програмските определби на владата ќе треба да има министри без ресор, главно сите би требало да покријат одреден ресор, бидејќи сакаме да имаме поефикасна влада и тоа што ќе биде назначено да има и конкретни работи, т.е надлежности со кои ќе се занимава. И ова е во рамки на таа реорганизација, затоа што во дел на ресорите одат од едно во друго, дел се делат, но не зборуваме за нешто ново кое е надвор од овој систем, туку зборуваме за реорганизација на целата влада и институуците кои се под нејзината надлежност за да биде поефикасна согласно одредени стратегии кои ги имаме, рече Касами.

Според Касами, позицијата министер за односи помеѓу заедниците кое сега се вика Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, не била програмска определба на „Влен“, а дополнително и поради честите злоупотреби кои, како што рече, ги правел министерот Артан Груби, не сакаат да го добијат во распределбата на владиниот колач.

Мислам дека тоа беше едно од министерствата кои беа синоним на злоупотреба на Груби и на ДУИ на институциите и знаеме дека во рамките на тоа министерство беа фиктивно вработени многу граѓани кои потоа немаше каде да одат на работа… Како да беше дизајнирано за Артан Груби за да му се најде место и беше еден од примерите како претходната влада работеше наместо да најде соодветни кадри за институциите. Се знаеше дека претходно тоа беше Секретаријат за имплементација на Охридскиот рамковен договор, па потоа направија министерство, па го ставија и политичкиот систем, па го додадоа и прв вицепремиер… Затоа, не би сакале ние да продолжиме да бидеме налик на нешто што сме го критикувале, вели тој.

Прашан што ќе пишува во владината програма за уставните измени за внесување на Бугарите, Касами нагласи дека еден од главните столбови на програмата на следната влада ќе биде интегрирање на државата во ЕУ и сѐ што треба да се преземе за да се забрза тој процес. Касами го повтори својот став дека уставни измени полесно можат да се донесат со влада на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“, која, според него, е решителна да го продолжи европскиот пат не само како декларативна заложба.

Немам сомневање дека оваа влада ќе ги имплементира Уставот и законот. Во ниту еден случај нема искажано двоумење во тој дел. Без разлика што имаше некои такви ситуации. Во тој дел, како институционалисти, и претседателот на државата и премиерот и другите чинители како идна влада, би требало и верувам дека ќе се почитува Уставот и законите. И во тој дел треба да се види што е законито и уставно во однос на имплементирање на тоа што е постигнато досега. Јас можам уште еднаш да потврдам дека нема да има враќање во тој дел, зашто тоа го имаат кажано и сегашниот претседател и идниот мандатар, рече тој.

За официјалните обраќања на претседателката Сиљновска-Давкова, која не го користи уставното име на државата, Касами вели дека треба на тоа да се гледа и од друг агол.

Може да одиме и на друга линија, таа на сегашните патувања користи пасош со тоа име, и заклетвата – писмениот дел беше потпишан со уставното име. Нема да биде интерес на ниту една страна да бидеме блокирани и да не добиеме ништо ново во делот на достоинството. Чинителите на следната влада, и претседателот и владините функционери, ќе најдеме начин како тоа да биде во рамките на Уставот, во рамките на зкаоните, односно тоа што е претходно договорено со Грција и да се продолжи патот напред, вели Касами.

На прашањето за можно вето од грчка страна поради непочитување на Договорот од Преспа, Касами вели дека приоритет на владата ќе биде деблокирање на процесот на еворинтеграции.

The post Касами: „ВЛЕН“ добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор appeared first on Република.

]]>

Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами, еден од предводниците на коалицијата „Влен“.
- Генерално, од почеток на разговорите, има добар амбиент во делот на распределба на одговорностите, во делот на хармонизација на програмата. Така што, во фазата во која се наоѓаме денеска, веќе имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон, односно министерствата и замениците на министрите. Исто така, има договор дека и претседател на Собранието ќе биде од редовите на „Влен“. Но, за тоа што веќе имаме договорено, кога ќе заврши целиот процес, ќе излеземе официјално со целиот договор, не би сакал да излезам со детали затоа што лошо е чувството и во органите на партијата, кога некоја информација која треба официјално да ја слушнат, ја дознаваат од медиумите. Имаме начелно договор за претседател на Собрание, како и за првиот и вториот ешалон, вели Касами во интервју за „360 степени“.
За „Влен“, во владата со 20 ресори, ќе има пет министерства, плус министер без ресор.
Можам да потврдам дека еден од ресорите кој би требало да биде воден од кадар на коалицијата е Секретаријатот (за европски прашања н.з) кој е предвидено да стане ресорно министерство и согласно важноста на позицијата да биде и вицепремиер. Исто така, можам да потврдам дека и во делот на економијата, нашите еколошки определби и животната средина, би требало да раководиме и со некој од тие ресори. Главно, се работи за меѓусебно разбирање целата влада да биде фокусирана на исполнување на тоа што ќе го договориме без разлика кој каде ќе биде министер, посочува Касами.
Коментирајќи ја идната задача на министерот без ресор, Касами вели дека тој ќе биде задолжен за борба против корупцијата и злоупотребата на службените позиции. Одговарајќи на прашањето дали не е претенциозна квалификацијата дека идната ќе биде влада на национален спас, лидерот на „Беса“ потенцира дека освен одреден прогрес во евроинтегративниот процес, власта предводена од СДСМ и ДУИ сериозно ја уназадила државата.
Имајќи предвид дека претходните два состави на влади направија некои работи во делот на надминување на некои препреки со соседите со Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, во друга насока тие направија многу штета. На домашен план во делот на корупција и злоупотреба на службените позиции…Така што, сегашната економска ситуација, во делот на владеењето на правото, во делот на исполнување на барањата на европскиот процес за реформа на системот и за приближување кон ЕУ, мислам дека не чека многу работа, така што можам да земам за право да кажам дека оваа влада треба да биде за национален спас, затоа што во многу од овие сегменти има многу назадувања. Државата е доведена до незавидна позиција со која ќе треба да се занимава следната влада, вели Касами.
Кога станува збор за најавеното реструктуирање на министерствата и основање нови, со што од 16 ресори како што е сега, владата би имало 20 министерства, Касами вели дека најверојатно ќе нема многу министри без ресор како што било пракса досега.
Само таму каде што ќе има нешто конкретно во дел на програмските определби на владата ќе треба да има министри без ресор, главно сите би требало да покријат одреден ресор, бидејќи сакаме да имаме поефикасна влада и тоа што ќе биде назначено да има и конкретни работи, т.е надлежности со кои ќе се занимава. И ова е во рамки на таа реорганизација, затоа што во дел на ресорите одат од едно во друго, дел се делат, но не зборуваме за нешто ново кое е надвор од овој систем, туку зборуваме за реорганизација на целата влада и институуците кои се под нејзината надлежност за да биде поефикасна согласно одредени стратегии кои ги имаме, рече Касами.
Според Касами, позицијата министер за односи помеѓу заедниците кое сега се вика Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, не била програмска определба на „Влен“, а дополнително и поради честите злоупотреби кои, како што рече, ги правел министерот Артан Груби, не сакаат да го добијат во распределбата на владиниот колач.
Мислам дека тоа беше едно од министерствата кои беа синоним на злоупотреба на Груби и на ДУИ на институциите и знаеме дека во рамките на тоа министерство беа фиктивно вработени многу граѓани кои потоа немаше каде да одат на работа… Како да беше дизајнирано за Артан Груби за да му се најде место и беше еден од примерите како претходната влада работеше наместо да најде соодветни кадри за институциите. Се знаеше дека претходно тоа беше Секретаријат за имплементација на Охридскиот рамковен договор, па потоа направија министерство, па го ставија и политичкиот систем, па го додадоа и прв вицепремиер… Затоа, не би сакале ние да продолжиме да бидеме налик на нешто што сме го критикувале, вели тој.
Прашан што ќе пишува во владината програма за уставните измени за внесување на Бугарите, Касами нагласи дека еден од главните столбови на програмата на следната влада ќе биде интегрирање на државата во ЕУ и сѐ што треба да се преземе за да се забрза тој процес. Касами го повтори својот став дека уставни измени полесно можат да се донесат со влада на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“, која, според него, е решителна да го продолжи европскиот пат не само како декларативна заложба.
Немам сомневање дека оваа влада ќе ги имплементира Уставот и законот. Во ниту еден случај нема искажано двоумење во тој дел. Без разлика што имаше некои такви ситуации. Во тој дел, како институционалисти, и претседателот на државата и премиерот и другите чинители како идна влада, би требало и верувам дека ќе се почитува Уставот и законите. И во тој дел треба да се види што е законито и уставно во однос на имплементирање на тоа што е постигнато досега. Јас можам уште еднаш да потврдам дека нема да има враќање во тој дел, зашто тоа го имаат кажано и сегашниот претседател и идниот мандатар, рече тој.
За официјалните обраќања на претседателката Сиљновска-Давкова, која не го користи уставното име на државата, Касами вели дека треба на тоа да се гледа и од друг агол.
Може да одиме и на друга линија, таа на сегашните патувања користи пасош со тоа име, и заклетвата – писмениот дел беше потпишан со уставното име. Нема да биде интерес на ниту една страна да бидеме блокирани и да не добиеме ништо ново во делот на достоинството. Чинителите на следната влада, и претседателот и владините функционери, ќе најдеме начин како тоа да биде во рамките на Уставот, во рамките на зкаоните, односно тоа што е претходно договорено со Грција и да се продолжи патот напред, вели Касами.
На прашањето за можно вето од грчка страна поради непочитување на Договорот од Преспа, Касами вели дека приоритет на владата ќе биде деблокирање на процесот на еворинтеграции.

The post Касами: „ВЛЕН“ добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор appeared first on Република.

]]>
Многу скоро се очекува да биде објавен договорот за новата влада, Собранието ја закажа конститутивната седница за вторник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-skoro-se-ochekuva-da-bide-objaven-dogovorot-za-novata-vlada-sobranieto-ja-zakazha-konstitutivnata-sednitsa-za-vtornik/ Fri, 24 May 2024 07:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=781322

Разговорите за формирање на новата влада се уште траат. Се најавува дека наскоро би можело да биде објавено дека е постигнат конечен договор за влада. Медиумите веќе објавуваат неофицијални информации за поделбата на ресорите и за можниот нов претседател на Собранието. За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав, каде најмногу пратеници ќе има коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ ќе има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ ќе има исто 18 пратеници, коалицијата ВЛЕН 14, а Левица и ЗНАМ по шест пратеници.

Тимчо Муцунски, кој е дел од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за преговори за новата влада синоќа изјави дека блиску се до конечен договор со Вреди без да посочува детали.

Местото на ДУИ е во опозиција тоа што го ветивме го реализираме. Блиску сме до договор со Вреди, не можам да кажувам детали, но извесно е дека сме блиску до конечен одговор, рече Муцунски.

Околу бројот на пратеници во Собранието, Муцунски кажа дека е извесно оти тие ќе имаат повеќе од 70 пратеници и дека постои можност владината коалиција да има и 80 пратеници, но оти во следниве денови ќе се види како ќе изгледа тоа.

Според него, можно е да се постигне и се работи на тоа да има и двотретинско мнозинство за клучни теми.

Со Вреди, евентуално и со Знам има двотретинско мнозинство. Целта е да се изврши промена на Законот за организација и работа на органите за државна управа пред да се формира новата влада. Тоа беше едно од нашите ветувања, бидејќи со тоа ќе правиме модернизација во владата, а со тоа и искоренување на огромен број непотребни институции кои не покажале ефикасност и затоа мислам ќе постигнеме голем консензус, изјави Муцунски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е партија која нудела решенија кои треба да го направат процесот на интеграција во ЕУ предвидлив, напоменувајќи дека треба да постои и некоја сигурност.

Остануваме и на ставот со одложена примена, и дека Бугарија треба да ги применува пресудите на Судот од Стразбур. Остануваме на позициите и со поддршка од стратешките партнери и нашиот сосед Бугарија мислам дека може дојде до реализација на нашата идеја, рече Муцунски.

Во врска со Преспанскиот договор, Муцунски кажа дека секоја страна треба да ги почитува обврските, и оти обврски има и Грција.

Тоа што ние сме го кажале дека на ВМРО-ДПМНЕ не му се допаѓа Договорот од Преспа, дека е погрешен, понижувачки, останува, но истовремено не можеме да бегаме од уставната и правната реалност, која тој ја има создадено во нашата држава, кажа Муцунски.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, пак, изјави дека нема решено дали во идниот владин состав ќе биде министер. Тој потврди дека дел од пишувањата на некои медиуми за распределба на владините ресори и функционерски места се точни.

Според Таравари, можеби денеска или утре ќе биде објавен дефинитивно договорот меѓу идните владини партнери, Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

Освен нас, се надевам и друга партија, сега немам информација од ВМРО дали е постигнат договор и со ЗНАМ, така што следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено, рече Таравари.

Според него, она што вчера било најавено во повеќе медиуми е точно и како што рече, наскоро ќе има официјални резултати од преговорите.

За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен, рече Таравари.

Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир од Тетово вчера порача дека демократските и мирни избори ќе резултираат со нова Влада, а тие како ЕУ сакаат да соработуваат со сите политички партии кои ќе ги одржуваат и унапредуваат евро-интегративните процеси на државата. Тој рече дека нема да ги коментира преговорите што се одвиваат за состав на нова Влада.

– Очигледно имаше демократски и мирни избори кои ќе резултираат со формирање на нова Влада. Ние во Европската Унија, се разбира, ќе сакаме да работиме со сите оние кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ и интеграцијата во ЕУ, спроведување на реформите и сите неопходни чекори кои би ја довеле земјата што е можно поскоро во ЕУ, истакна Дејвид Гир.

На новинарско прашањето дали тие разговараат со партиите и дали ќе се заложат за интеграција на земјата во ЕУ, Гир одговори дека се во комуникација со сите, но дека формирањето влада не припаѓа на ЕУ.

-Сега практично сите политички партии за време на изборната кампања поставија јасна агенда, про-ЕУ агенда и нивното верување дека ќе ја придвижат земјата напред кон Европската унија, истакна Дејвид Гир.

Конститутивната седница на Собранието е закажана за вторник, 28 мај. Со конститутивната седница до изборот на новиот претседател на Собранието, согласно новиот Деловник за работа, ќе претседава највозрасниот пратеник, а во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Од собраниската прес-служба информираа дека претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот.

Претседателот Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател.

На состанокот присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина – СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, како највозрасна пратеничка, како и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

The post Многу скоро се очекува да биде објавен договорот за новата влада, Собранието ја закажа конститутивната седница за вторник appeared first on Република.

]]>

Разговорите за формирање на новата влада се уште траат. Се најавува дека наскоро би можело да биде објавено дека е постигнат конечен договор за влада. Медиумите веќе објавуваат неофицијални информации за поделбата на ресорите и за можниот нов претседател на Собранието. За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав, каде најмногу пратеници ќе има коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ ќе има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ ќе има исто 18 пратеници, коалицијата ВЛЕН 14, а Левица и ЗНАМ по шест пратеници. Тимчо Муцунски, кој е дел од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за преговори за новата влада синоќа изјави дека блиску се до конечен договор со Вреди без да посочува детали. Местото на ДУИ е во опозиција тоа што го ветивме го реализираме. Блиску сме до договор со Вреди, не можам да кажувам детали, но извесно е дека сме блиску до конечен одговор, рече Муцунски. Околу бројот на пратеници во Собранието, Муцунски кажа дека е извесно оти тие ќе имаат повеќе од 70 пратеници и дека постои можност владината коалиција да има и 80 пратеници, но оти во следниве денови ќе се види како ќе изгледа тоа. Според него, можно е да се постигне и се работи на тоа да има и двотретинско мнозинство за клучни теми. Со Вреди, евентуално и со Знам има двотретинско мнозинство. Целта е да се изврши промена на Законот за организација и работа на органите за државна управа пред да се формира новата влада. Тоа беше едно од нашите ветувања, бидејќи со тоа ќе правиме модернизација во владата, а со тоа и искоренување на огромен број непотребни институции кои не покажале ефикасност и затоа мислам ќе постигнеме голем консензус, изјави Муцунски. Според него, ВМРО-ДПМНЕ е партија која нудела решенија кои треба да го направат процесот на интеграција во ЕУ предвидлив, напоменувајќи дека треба да постои и некоја сигурност. Остануваме и на ставот со одложена примена, и дека Бугарија треба да ги применува пресудите на Судот од Стразбур. Остануваме на позициите и со поддршка од стратешките партнери и нашиот сосед Бугарија мислам дека може дојде до реализација на нашата идеја, рече Муцунски. Во врска со Преспанскиот договор, Муцунски кажа дека секоја страна треба да ги почитува обврските, и оти обврски има и Грција. Тоа што ние сме го кажале дека на ВМРО-ДПМНЕ не му се допаѓа Договорот од Преспа, дека е погрешен, понижувачки, останува, но истовремено не можеме да бегаме од уставната и правната реалност, која тој ја има создадено во нашата држава, кажа Муцунски. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, пак, изјави дека нема решено дали во идниот владин состав ќе биде министер. Тој потврди дека дел од пишувањата на некои медиуми за распределба на владините ресори и функционерски места се точни. Според Таравари, можеби денеска или утре ќе биде објавен дефинитивно договорот меѓу идните владини партнери, Вреди и ВМРО-ДПМНЕ. Освен нас, се надевам и друга партија, сега немам информација од ВМРО дали е постигнат договор и со ЗНАМ, така што следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено, рече Таравари. Според него, она што вчера било најавено во повеќе медиуми е точно и како што рече, наскоро ќе има официјални резултати од преговорите. За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен, рече Таравари. Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир од Тетово вчера порача дека демократските и мирни избори ќе резултираат со нова Влада, а тие како ЕУ сакаат да соработуваат со сите политички партии кои ќе ги одржуваат и унапредуваат евро-интегративните процеси на државата. Тој рече дека нема да ги коментира преговорите што се одвиваат за состав на нова Влада. – Очигледно имаше демократски и мирни избори кои ќе резултираат со формирање на нова Влада. Ние во Европската Унија, се разбира, ќе сакаме да работиме со сите оние кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ и интеграцијата во ЕУ, спроведување на реформите и сите неопходни чекори кои би ја довеле земјата што е можно поскоро во ЕУ, истакна Дејвид Гир. На новинарско прашањето дали тие разговараат со партиите и дали ќе се заложат за интеграција на земјата во ЕУ, Гир одговори дека се во комуникација со сите, но дека формирањето влада не припаѓа на ЕУ. -Сега практично сите политички партии за време на изборната кампања поставија јасна агенда, про-ЕУ агенда и нивното верување дека ќе ја придвижат земјата напред кон Европската унија, истакна Дејвид Гир. Конститутивната седница на Собранието е закажана за вторник, 28 мај. Со конститутивната седница до изборот на новиот претседател на Собранието, согласно новиот Деловник за работа, ќе претседава највозрасниот пратеник, а во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику. Од собраниската прес-служба информираа дека претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот. Претседателот Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател. На состанокот присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина – СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, како највозрасна пратеничка, како и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

The post Многу скоро се очекува да биде објавен договорот за новата влада, Собранието ја закажа конститутивната седница за вторник appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-sad-ostanuvaat-tsvrsto-posveteni-na-dogovorot-od-prespa-i-evroatlantskite-integratsii-na-makedonija/ Mon, 13 May 2024 20:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=777755

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.

САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.

Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели.

Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.

Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.

САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.

Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот.

-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот.

The post Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија appeared first on Република.

]]>

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.
САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.
Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели. Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.
Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.
САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.
Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот.
-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот.

The post Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија appeared first on Република.

]]>
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/parkovi-i-zelenilo-nemame-sklucheno-dogovor-so-vladata-za-odrzhuvane-na-dvorot/ Mon, 13 May 2024 16:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=777707

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата.

„Таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка.

Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институцции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено“, се наведува во соопштението на ЈП Паркови и зеленило.

The post „Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот appeared first on Република.

]]>

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата. „Таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка.
Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институцции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено“, се наведува во соопштението на ЈП Паркови и зеленило.
 
The post „Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот appeared first on Република.

]]>
Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/potpishan-dogovor-za-zaemno-priznavane-na-penziite-megu-italija-i-albanija/ Tue, 06 Feb 2024 11:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=740952

По околу 10 години интензивни преговори, Италија и Албанија денеска го финализира меѓусебното признавање на социјалното осигурување, односно заемното признавање на пензиите.

Овој долгоочекуван договор за албанските граѓани кои живеат и работат во соседната земја, во Рим, го потпишаа министерот за надворешни работи на Италија Антонио Тајани и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани. Се очекува имплементацијата да започне со околу четири илјади пензии годишно, а од година в година да продолжи да се зголемува. Една од главните придобивки е спојувањето на периодите за придонеси, објави Топ чанел.

Во врска со ова прашање реагираше и премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи наведувајќи дека од овој договор со Италија корист ќе имаат 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија.

Добра вест денеска од Рим, каде се потпиша финалниот документ од долгоочекуваниот договор за заемно признавање на социјалното осигурување. Директни корисници на овој договор се над 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија. Ви посакувам убав ден, пишува Рама.

Според Топ чанел, Италија е 17. земја со која Албанија има потпишано вакви договори, додека во процес на преговори е со 17 други земји.

По потпишувањето, Договорот ќе биде ратификуван од двете држави, во согласност со нивните соодветни процедури, а инструментите за ратификација ќе бидат разменети што е можно поскоро.

The post Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија appeared first on Република.

]]>

По околу 10 години интензивни преговори, Италија и Албанија денеска го финализира меѓусебното признавање на социјалното осигурување, односно заемното признавање на пензиите. Овој долгоочекуван договор за албанските граѓани кои живеат и работат во соседната земја, во Рим, го потпишаа министерот за надворешни работи на Италија Антонио Тајани и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани. Се очекува имплементацијата да започне со околу четири илјади пензии годишно, а од година в година да продолжи да се зголемува. Една од главните придобивки е спојувањето на периодите за придонеси, објави Топ чанел. Во врска со ова прашање реагираше и премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи наведувајќи дека од овој договор со Италија корист ќе имаат 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија. Добра вест денеска од Рим, каде се потпиша финалниот документ од долгоочекуваниот договор за заемно признавање на социјалното осигурување. Директни корисници на овој договор се над 500 илјади албански државјани во Италија и илјадници италијански државјани во Албанија. Ви посакувам убав ден, пишува Рама. Според Топ чанел, Италија е 17. земја со која Албанија има потпишано вакви договори, додека во процес на преговори е со 17 други земји. По потпишувањето, Договорот ќе биде ратификуван од двете држави, во согласност со нивните соодветни процедури, а инструментите за ратификација ќе бидат разменети што е можно поскоро.

The post Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Нема одлагање: Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nema-odlagane-grtsija-ke-insistira-na-pochituvane-na-rokovite-za-pasoshite-i-registerskite-tablichki/ Wed, 31 Jan 2024 09:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=738897

Договорот од Преспа е меѓународен договор, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, така и од Парламентот утрово, одговарајќи на пратеничко прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека Нова демократија навремено излезе со ставови за Договорот од Преспа за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.

Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување - истакна Герапетритис од Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.

Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблици на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочи дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат.

Додаде дека Министерството за надворешни работи ќе биде строго во однос на предвиденото од Договорот од Преспа и Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските кои произлегуваат.

За трите меморандуми со Македонија кои сè уште не се донесени за ратификација во грчкиот Парламентот, Герапетритис рече дека „апсолутно зависат од верното и строго почитување на одредбите на Договорот од Преспа“.

The post Нема одлагање: Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички appeared first on Република.

]]>

Договорот од Преспа е меѓународен договор, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, така и од Парламентот утрово, одговарајќи на пратеничко прашање, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија посочи дека Нова демократија навремено излезе со ставови за Договорот од Преспа за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.
Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување - истакна Герапетритис од Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.
Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблици на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочи дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат. Додаде дека Министерството за надворешни работи ќе биде строго во однос на предвиденото од Договорот од Преспа и Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските кои произлегуваат. За трите меморандуми со Македонија кои сè уште не се донесени за ратификација во грчкиот Парламентот, Герапетритис рече дека „апсолутно зависат од верното и строго почитување на одредбите на Договорот од Преспа“.

The post Нема одлагање: Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички appeared first on Република.

]]>
Пивотот Милан Лазаревски останува во Вардар до 2026 година https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/pivotot-milan-lazarevski-ostanuva-vo-vardar-do-2026-godina/ Wed, 24 Jan 2024 18:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=736465

Пикерот Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и македонскиот репрезентативец соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двете страни брзо се договорија за продолжување на верноста.

Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 27 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во македонската репрезентацијата. Настапи на Европското првенство што се одржува во Германија.

Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, изјави Лазаревски.

Извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Лазаревски.

Драго ми е што тој го препозна она што ние го работиме во клубот, и сигурен сум дека заеднички ќе ги оствариме сите наши зацртани цели за оваа сезона. Можам да потврдам дека 90 отсто од играчите имаат долгогодишни договори, што укажува дека сакаме да бидеме стабилен тим и да го смениме сегашниот начинот на функционирање на клубовите во Македонија, и Вардар да биде позитивен пример за градење на долгорочни проекти, истакна Ристовски.

Во пролетниот дел од сезоната, во разигрувањето за титулата Вардар ќе стартува со три бода, и пред себе ќе има уште 14 кола, во обид за враќање на титулата, и за задржување на титулата во Купот на Македонија.

The post Пивотот Милан Лазаревски останува во Вардар до 2026 година appeared first on Република.

]]>

Пикерот Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и македонскиот репрезентативец соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двете страни брзо се договорија за продолжување на верноста. Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 27 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во македонската репрезентацијата. Настапи на Европското првенство што се одржува во Германија.