договор за жито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-za-zito/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Sep 2023 16:50:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png договор за жито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-za-zito/ 32 32 Лавров: Русија ќе го почитува Договорот за житарките кога ќе бидат исполнети условите на Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-rusija-ke-go-pochituva-dogovorot-za-zhitarkite-koga-ke-bidat-ispolneti-uslovite-na-moskva/ Sun, 10 Sep 2023 17:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=680652

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе се врати на Договорот за извоз на украинските житарки преку Црното Море „истиот ден“ кога ќе бидат исполнети условите на Москва за извоз на сопствено жито и ѓубриво на светскиот пазар.

Кога ќе се преземат сите неопходни активности за отстранување на пречките за нашиот извоз на жито и вештачко ѓубриво, истиот ден ќе се вратиме на колективното спроведување на украинскиот дел од иницијативата за Црното Море, посочи Лавров по Самитот на Г20 во Индија.

Во вчера усвоената декларацијата од Самитот на Г-20 се апелира на „целосна, навремена и ефикасна имплементација за да се обезбеди моментална испорака на жито, храна и ѓубриво од Русија и Украина за да се задоволи побарувачката во земјите во развој“.

Договорот за извоз на украински житарки беше потпишан под покровителство на Анкара и ОН минатото летото, а неговата цел беше да се обезбеди извоз на украинските житарки преку украинските пристаништа на Црното Море. Во јули Русија се повлече од Договорот, кој е важен за снабдувањето со храна во светот, тврдејќи дека западните санкции го блокираат пристапот на нејзините земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари.

The post Лавров: Русија ќе го почитува Договорот за житарките кога ќе бидат исполнети условите на Москва appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе се врати на Договорот за извоз на украинските житарки преку Црното Море „истиот ден“ кога ќе бидат исполнети условите на Москва за извоз на сопствено жито и ѓубриво на светскиот пазар.
Кога ќе се преземат сите неопходни активности за отстранување на пречките за нашиот извоз на жито и вештачко ѓубриво, истиот ден ќе се вратиме на колективното спроведување на украинскиот дел од иницијативата за Црното Море, посочи Лавров по Самитот на Г20 во Индија.
Во вчера усвоената декларацијата од Самитот на Г-20 се апелира на „целосна, навремена и ефикасна имплементација за да се обезбеди моментална испорака на жито, храна и ѓубриво од Русија и Украина за да се задоволи побарувачката во земјите во развој“. Договорот за извоз на украински житарки беше потпишан под покровителство на Анкара и ОН минатото летото, а неговата цел беше да се обезбеди извоз на украинските житарки преку украинските пристаништа на Црното Море. Во јули Русија се повлече од Договорот, кој е важен за снабдувањето со храна во светот, тврдејќи дека западните санкции го блокираат пристапот на нејзините земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари.

The post Лавров: Русија ќе го почитува Договорот за житарките кога ќе бидат исполнети условите на Москва appeared first on Република.

]]>
Рама го пофали Ердоган за „одлучувачка улога“ во обновувањето на транспортот на украинско жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-go-pofali-erdogan-za-odluchuvachka-uloga-vo-obnovuvaneto-na-transportot-na-ukrainsko-zhito/ Thu, 18 May 2023 21:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=642468

Албанскиот премиер, Еди Рама, го поздрави обновувањето со уште два месеца на Црноморската иницијатива за транспорт на украинскo жито.

Тој во објава на социјалните мрежи ја оценува како одлучувачка улогата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за обновувањето на овој договор.

Ги повторувам моите честитки до претседателот на Република Турција, Ердоган, за неговата одлучувачка улога. Обезбедувањето непречено снабдување за светските пазари е од витално значење за обезбедување на храна ширум светот, пишува Рама, кој е голем пријател на Ердоган.

Русија и Украина се договорија да го продолжат договорот за транспорт на украинско жито преку Црното Море за уште два месеца.

Договорот е важен бидејќи Украина е еден од водечките светски извозници на пченица.

The post Рама го пофали Ердоган за „одлучувачка улога“ во обновувањето на транспортот на украинско жито appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер, Еди Рама, го поздрави обновувањето со уште два месеца на Црноморската иницијатива за транспорт на украинскo жито. Тој во објава на социјалните мрежи ја оценува како одлучувачка улогата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за обновувањето на овој договор.
Ги повторувам моите честитки до претседателот на Република Турција, Ердоган, за неговата одлучувачка улога. Обезбедувањето непречено снабдување за светските пазари е од витално значење за обезбедување на храна ширум светот, пишува Рама, кој е голем пријател на Ердоган.
Русија и Украина се договорија да го продолжат договорот за транспорт на украинско жито преку Црното Море за уште два месеца. Договорот е важен бидејќи Украина е еден од водечките светски извозници на пченица.

The post Рама го пофали Ердоган за „одлучувачка улога“ во обновувањето на транспортот на украинско жито appeared first on Република.

]]>
Русија се враќа во договорот за извоз на жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-se-vrakja-vo-dogovorot-za-izvoz-na-zito/ Wed, 02 Nov 2022 11:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=568741

Русија ќе го продолжи нејзиното учество во црноморскиот договор за житото, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Руската Федерација смета дека добиените гаранции во моментов изгледаат доволни и продолжува со спроведувањето на договорот – Иницијативата за безбеден транспорт на жито и храна од пристаништата на Украина („Црноморската иницијатива”), суспендиран по терористичкиот напад во Севастопол”, се вели во соопштението на Министерството.

Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито, заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина.

Русија во саботата објави дека го „суспендира” учеството во договорот, откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Според Москва, нападите биле извршени користејќи го „хуманитарниот коридор” во Црното Море за извоз на украинско жито.

Од друга страна, Украина тврдеше дека Русија користи лажен изговор за да не го спроведе договорот.

The post Русија се враќа во договорот за извоз на жито appeared first on Република.

]]>

Русија ќе го продолжи нејзиното учество во црноморскиот договор за житото, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Руската Федерација смета дека добиените гаранции во моментов изгледаат доволни и продолжува со спроведувањето на договорот – Иницијативата за безбеден транспорт на жито и храна од пристаништата на Украина („Црноморската иницијатива”), суспендиран по терористичкиот напад во Севастопол”, се вели во соопштението на Министерството.
Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито, заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина. Русија во саботата објави дека го „суспендира” учеството во договорот, откако го обвини Киев дека е одговорен за нападите со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим. Според Москва, нападите биле извршени користејќи го „хуманитарниот коридор” во Црното Море за извоз на украинско жито. Од друга страна, Украина тврдеше дека Русија користи лажен изговор за да не го спроведе договорот.

The post Русија се враќа во договорот за извоз на жито appeared first on Република.

]]>