договор за добрососедство со бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-za-dobrososedstvo-so-bugarija/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 10:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png договор за добрососедство со бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-za-dobrososedstvo-so-bugarija/ 32 32 Ѓорчев: Францускиот предлог не е добар, Договорот со Бугарија може да се репреговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorchev-frantsuskiot-predlog-ne-e-dobar-dogovorot-so-bugarija-mozhe-da-se-repregovara/ Fri, 31 May 2024 10:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=783478

Марјан Ѓорчев, поранешен македонски амбасадор во Бугарија денеска изјави дека францускиот предлог не е добар за Македонија и дека Договорот со Бугарија може да се репреговара.

Францускиот предлог не е добар за Македонија. Договорот со Бугарија може да се репреговара. Има член каде што стои дека може да се репреговара, рече Ѓорчев во емисијата „Дејли клик“ на ТВ 21.

На прашањето дека еврокомесарот Оливер Вархеји неодамна изјави дека Договор не може да се репреговара, Ѓорчев рече дека дека тој сега ќе биде сменет, а исто така ќе има избори и во Бугарија.

Вархеји сега ќе биде сменет. Нема да биде тој, ќе биде некој друг. Тоа е шансата. Прво има шанса затоа што има избори во Бугарија, и вие ќе видите кои се тие сили. Во Бугарија има многу рационални полчитичари кои ја ценат Македонија. Лично сметам дека со овие лица од ГЕРБ можеме да преговараме. Петков беше во ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме многу конструктивно, паметно како да ги надминеме проблемите. Вие имате право да дадете предлог анекс на тој договор. А, СДСМ кога видоа дека тоа е ќорскокак, требаше да предложат промени на истиот, изјави Ѓорчев

The post Ѓорчев: Францускиот предлог не е добар, Договорот со Бугарија може да се репреговара appeared first on Република.

]]>

Бугарија среде Скопје промовира филм за Мара Бунева, поради „добрососедството“ на Заев, Македонија не смее да сними филм со историска тематика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-srede-skopje-promovira-film-za-mara-buneva-poradi-dobrososedstvoto-na-zaev-makedonija-ne-smee-da-snimi-film-so-istoriska-tematika/ Wed, 17 Jan 2024 14:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=734045

Во  Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје беше претставен филмот „Одмаздничката“ посветен на големата бугарска хероина од Тетово Мара Бунева.

Филмот прикажува факти од животот на младата тетовчанка, преку документи, автентични фотографии, а се претставени и мислења на научници и експерти, кои зборуваат за подвигот на Бунева. Таа на 13 јануари 1928 г. го убива српскиот обвинител Велимир Прелиќ, кој е одговорен за тортурата врз обвинетите во Скопскиот студентски процес студенти припадници на ММТРО.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-snimi-film-za-mara-buneva-spored-dogovorot-za-dobrososedstvo-nie-ke-treba-da-dobieme-dozvola-od-niv-ako-sakame-da-snimime-za-lik-od-makedonskata-istorija/

Во своето обраќање амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов ја нарече Бунева икона за македонските Бугари.

Таа млада жена е икона. Икона на локалните Бугари, кои му се спротивставиле на српското угнетување. Тоа угнетување за кое што пишува Вазов во неговата песна „Па шта си ти“. Овој спомен им смета на некои луѓе, им сметал на тие кои ја скршиле првата плоча во 1945 г. и ги скршиле сите плочи, кои се поставуваат на местото, каде што е извршен атентатот. Но споменот не може да биде „скршен“, бидејќи историјата не може да биде „скршена“. Дури вештачката интелигенција ќе ви каже дека Мара Бунева постоела и го направила тоа, што го направила“, вели амбасадор Ангелов.

The post Бугарија среде Скопје промовира филм за Мара Бунева, поради „добрососедството“ на Заев, Македонија не смее да сними филм со историска тематика appeared first on Република.

]]>

Во  Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје беше претставен филмот „Одмаздничката“ посветен на големата бугарска хероина од Тетово Мара Бунева. Филмот прикажува факти од животот на младата тетовчанка, преку документи, автентични фотографии, а се претставени и мислења на научници и експерти, кои зборуваат за подвигот на Бунева. Таа на 13 јануари 1928 г. го убива српскиот обвинител Велимир Прелиќ, кој е одговорен за тортурата врз обвинетите во Скопскиот студентски процес студенти припадници на ММТРО. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-snimi-film-za-mara-buneva-spored-dogovorot-za-dobrososedstvo-nie-ke-treba-da-dobieme-dozvola-od-niv-ako-sakame-da-snimime-za-lik-od-makedonskata-istorija/ Во своето обраќање амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов ја нарече Бунева икона за македонските Бугари.
Таа млада жена е икона. Икона на локалните Бугари, кои му се спротивставиле на српското угнетување. Тоа угнетување за кое што пишува Вазов во неговата песна „Па шта си ти“. Овој спомен им смета на некои луѓе, им сметал на тие кои ја скршиле првата плоча во 1945 г. и ги скршиле сите плочи, кои се поставуваат на местото, каде што е извршен атентатот. Но споменот не може да биде „скршен“, бидејќи историјата не може да биде „скршена“. Дури вештачката интелигенција ќе ви каже дека Мара Бунева постоела и го направила тоа, што го направила“, вели амбасадор Ангелов.

The post Бугарија среде Скопје промовира филм за Мара Бунева, поради „добрососедството“ на Заев, Македонија не смее да сними филм со историска тематика appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-makedonija-nema-zaednichka-istoija-so-bugarija-za-zaednichki-da-odbelezhuva-istoriski-datumi-i-lichnosti/ Mon, 08 May 2023 12:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=638382

„Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е клучниот создавач на сите проблеми во односите меѓу двете земји, кои се на најниско ниво во последните 80 години. Тие односи ќе продолжат уште повеќе да се влошуваат, ако бугарската страна продолжи со агресивната експанзионистичка политика.’ – сметаат соговорниците-историчари, аналитичари и професори.“ Ова се наведува во анализата со наслов „Македонија сама најдобро си ги слави историските личности и датуми“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Заедничкото чествување датуми и личности со Бугарија се покажува како контрапродуктивно

Покрај другото, во анализата пишува: Без инциденти, протестни ноти и вербални закани за нови блокади од страна на Бугарија помина неодамнешното одбележување на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Тоа е најдобра потврда дека заедничкото чествување е погрешен пристап, кој само дополнително ги конфронтира двете држави и двата народа.

Годинашново одбележување на денот на убиството на Гоце Делчев, иако со засилено полициско присуство и контроли, сепак помина во една понормална атмосфера, слична на оние кога Македонија сама ги одбележуваше датумите од сопствената историја. Во исто време, Бугарија сама го одбележа овој датум со својот познат став дека Гоце Делчев „се борел за слободата на Бугарија“.

Историчарот Тодор Чепреганов целосно се согласува дека проблемите настанале во оној момент кога во Договорот за пријателство и соработка се спомнало заедничко чествување на важните датуми и личности. „Ние треба да си се вратиме на чествувањето на Гоце Делчев како што беше пред потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка. Додека не беше потпишан тој договор, ние си имавме многу нормално чествување секоја година, како на 4 февруари, така и на 4 мај. Секоја година сме оделе и сме положувале цвеќе без никаков проблем – вели Чепреганов.

Според него, ова е вистинскиот начин како Македонија треба да си ги одбележува важните датуми од сопствената историја.„Не се потребни никакви заеднички чествувања. Бугарите нека си го прославуваат како што сакаат, ние ќе си го прославуваме како што нам ни одговара. Ова важи за сите датуми од нашата историја.“ – истакнува Чепреганов.

Тој укажува дека Бугарија во целата работа настапува со стремеж да да наметне дека Македонија има заедничка историја со Бугарија. „ Што ќе чествуваме заеднички со нив? Гоце Делчев се борел за санстефанска Бугарија? Не. Гоце Делчев се борел за македонска држава и самостојност. Како ќе ги споиме тие две работи на заедничко чествување? Тоа се две спротивни идеологии.“

The post Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности appeared first on Република.

]]>

„Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е клучниот создавач на сите проблеми во односите меѓу двете земји, кои се на најниско ниво во последните 80 години. Тие односи ќе продолжат уште повеќе да се влошуваат, ако бугарската страна продолжи со агресивната експанзионистичка политика.’ – сметаат соговорниците-историчари, аналитичари и професори.“ Ова се наведува во анализата со наслов „Македонија сама најдобро си ги слави историските личности и датуми“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Заедничкото чествување датуми и личности со Бугарија се покажува како контрапродуктивно Покрај другото, во анализата пишува: Без инциденти, протестни ноти и вербални закани за нови блокади од страна на Бугарија помина неодамнешното одбележување на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Тоа е најдобра потврда дека заедничкото чествување е погрешен пристап, кој само дополнително ги конфронтира двете држави и двата народа. Годинашново одбележување на денот на убиството на Гоце Делчев, иако со засилено полициско присуство и контроли, сепак помина во една понормална атмосфера, слична на оние кога Македонија сама ги одбележуваше датумите од сопствената историја. Во исто време, Бугарија сама го одбележа овој датум со својот познат став дека Гоце Делчев „се борел за слободата на Бугарија“. Историчарот Тодор Чепреганов целосно се согласува дека проблемите настанале во оној момент кога во Договорот за пријателство и соработка се спомнало заедничко чествување на важните датуми и личности. „Ние треба да си се вратиме на чествувањето на Гоце Делчев како што беше пред потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка. Додека не беше потпишан тој договор, ние си имавме многу нормално чествување секоја година, како на 4 февруари, така и на 4 мај. Секоја година сме оделе и сме положувале цвеќе без никаков проблем – вели Чепреганов. Според него, ова е вистинскиот начин како Македонија треба да си ги одбележува важните датуми од сопствената историја.„Не се потребни никакви заеднички чествувања. Бугарите нека си го прославуваат како што сакаат, ние ќе си го прославуваме како што нам ни одговара. Ова важи за сите датуми од нашата историја.“ – истакнува Чепреганов. Тој укажува дека Бугарија во целата работа настапува со стремеж да да наметне дека Македонија има заедничка историја со Бугарија. „ Што ќе чествуваме заеднички со нив? Гоце Делчев се борел за санстефанска Бугарија? Не. Гоце Делчев се борел за македонска држава и самостојност. Како ќе ги споиме тие две работи на заедничко чествување? Тоа се две спротивни идеологии.“

The post Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности appeared first on Република.

]]>
Османи со порака до бугарски пријатели дека обврските од Договорот и од двата протокола не се заборавени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-so-poraka-do-bugarski-prijateli-deka-obvrskite-od-dogovorot-i-od-dvata-protokola-ne-se-zaboraveni/ Wed, 26 Apr 2023 10:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=634231

По бројни предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Република Македонија минатата година направи историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство. За остварување на оваа стратешка цел минатата година беше потребна политичка храброст и ние ја презедовме без двоумење во интерес на нашите сограѓани. Многумина дома се уште не се убедени дека ја донесовме вистинската одлука и наша заедничка цел треба да биде да ги увериме со дела дека проширувањето е живо и дека и нашите граѓани наскоро ќе имаат шанса да ја почуствуваат конкретната корист од трансформацијата која ни претстои.

Ова го истакна шефот на дипломатијата Бјар Османи во обраќањето пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во Брисел.

Тој потсети дека во меѓувреме земјата успешно го започна скрининг процесот на европското законодавство и нашите преговарачки тимови со исклучителна посветеност, знаење и професионализам успешно ги бранат досегашните придобивки од нашата макотрпна работа и нашите колеги се целосно подготвени и ангажирани да одговорат на сите обврски во однос на усогласувањето и спроведувањето на европското законодавство, што ќе биде значајно за натамошната динамика на процесот на преговори.

Меѓутоа, она што е особено важно за нас во периодот кој доаѓа и за што вие самите имате значајно влијание е што е можно поскоро да го добиеме Скрининг извештајот за Кластерот 1 - Темели од Европската комисија и да започне конкретната работа врз подготовка на трите патокази, за владеењето на правото, реформата на јавната администрација, и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за малцинства и заедници, кој го прифативме токму за да ѝ покажеме дека Македонија има многу што да и понуди на ЕУ, а не да скрие, рече Османи.

Тој подвлече дека руската агресија врз Украина длабоко ja промени геополитичкaта реалност и Македонија веднаш и недвосмислено се приклучи кон едногласната осуда на ЕУ и меѓународните партнери за неоправданата и неиспровоцираната агресија врз суверена земја и согласно своите можности пружи хуманитарна, воена и дипломатска помош.

Македонија се приклучи кон сите рестриктивни мерки кои ЕУ ги воведе кон Руската Федерација, вклучувајќи ги и оние воведени во 2014г., постигнувајќи 100% усогласување со позициите на ЕУ во доменот на Заедничката надворешна и безбедносна политика. Со овој чекор ја реафирмиравме својата посветеност кон споделување на европските вредности и принципи врз кои се базира надворешната политика на ЕУ, потврдувајќи го партнерството со ЕУ и стратешката европска ориентација. Нашата принципиелна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина исто така ја споделуваме и преку активностите на ОБСЕ, чие претседавање во многу тешки услови го преземавме на почетокот на оваа година, нагласи Османи.

Министерот Османи се осврна и на динамиката на внатрешните реформи во државата нагласувајќи дека остануваме целосно посветени кон зајакнување на функционирањето на демократските институции и на владеењето на правото, области, како што рече, за кои сме свесни дека ќе бидат од клучно значење за натамошните чекори. Тој меѓу другото, додаде дека спроведувањето на договорите од Преспа со Република Грција и за пријателство со Бугарија, преку дијалог базиран на меѓусебно почитување, во духот на европските вредности, се и ќе останат наш врвен приоритет.

Во претстојниот период нашата Влада ќе вложи максимални напори за успешно спроведување на неопходните реформи, особено во делот на владеењето на правото, успешно завршување на скрининг процесот и исполнување на условот од заклучоците на Советот на ЕУ од минатиот јули за спроведување на уставни амандмани со цел отворање првиот Кластер посветен на Темелите до крајот на 2023 и динамизирање на нашиот пристапен процес. Си поставивме амбициозна цел - Македонија да биде да биде потполно подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ до крајот на 2030 година. За ова да се оствари ни преостанува многу работа, подвлече Османи.

Тој со порака и „до бугарски пријатели дека обврските од Договорот и од двата протокола не се заборавени“.

Лично ги надгледувам работните групи за реализација на зеамните обврски и наскоро ќе излеземе со резултати од нивната работа во делот на говорот на омраза, за рехабилитација на жртвите на репресиите на комунистичкиот период, за спроведување на усвоените препораки од работата на историската комисија, како и за заштита од дискриминација. Меѓутоа, истовремено бараме услови за водење на конструктивен и добронамерен дијалог базиран на меѓусебно уважување и почитување и од страна на Бугарија. Верувам дека набрзо со формирањето на новата Влада во Софија ќе успееме да го постигнеме тоа, порача Османи.

Тој укажа и на дилемите и стравовите на граѓаните во земјава дома, но и на неповторлива шанса која ни претстои конечно да отскокнеме и да ја зацврстиме нашата самодоверба и заедничка мисија.

Таа во моментов поради демократски зовриената размена не се препознава добро, но набрзо ќе се соочиме, секој на свој начин, со сопствената одговорност. Напред кон Европа со повеќе интеграција долж патот до полноправно членство или назад повторно кон поделби и залудно изгубено време, вели Османи.

Новата комплексна геополитичка реалност, рече, ја зајакна потребата од зголемен фокус и анганжман на ЕУ во регионот на Западен Балкан со динамизирање на ЕУ пристапниот процес, што ќе придонесе за унапредување на демократскиот развој, стабилноста и просперитетот на опшествата и сите наши граѓани.

Тој упати порака и до европратениците дека новата комплексна геополитичка реалност ја зајакна потребата од зголемен фокус и анганжман на ЕУ во регионот на Западен Балкан со динамизирање на ЕУ пристапниот процес, што ќе придонесе за унапредување на демократскиот развој, стабилноста и просперитетот на опшествата и сите наши граѓани. При тоа кажа дека е особено важно процесот на преговори уште во рана фаза да генерира видливи бенефити преку позабрзана интеграција  во области во кои Македонија ќе биде подготвена и наскоро ќе демонстрира значаен напредок

Еден од клучните аспекти би можело да се однесува на потребата од димензионирање пакет сличен на структурните и кохезионите фондови на ЕУ. Тоа ќе овозможи поголема економско-социјална конвергенција на Македонија со земјите од ЕУ, односно намалување на економскиот диспаритет, како суштинска цел на пристапниот процес и членството во ЕУ. Сметам дека ваквиот пристап заслужува сериозно внимание и веруваме дека ЕУ ќе изнајде начин за негова конкретна имплементација, порача во своето обраќање пред членовите на АФЕТ министерот за надворешни работи Бујар Османи.

The post Османи со порака до бугарски пријатели дека обврските од Договорот и од двата протокола не се заборавени appeared first on Република.

]]>

По бројни предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Република Македонија минатата година направи историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство. За остварување на оваа стратешка цел минатата година беше потребна политичка храброст и ние ја презедовме без двоумење во интерес на нашите сограѓани. Многумина дома се уште не се убедени дека ја донесовме вистинската одлука и наша заедничка цел треба да биде да ги увериме со дела дека проширувањето е живо и дека и нашите граѓани наскоро ќе имаат шанса да ја почуствуваат конкретната корист од трансформацијата која ни претстои. Ова го истакна шефот на дипломатијата Бјар Османи во обраќањето пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во Брисел. Тој потсети дека во меѓувреме земјата успешно го започна скрининг процесот на европското законодавство и нашите преговарачки тимови со исклучителна посветеност, знаење и професионализам успешно ги бранат досегашните придобивки од нашата макотрпна работа и нашите колеги се целосно подготвени и ангажирани да одговорат на сите обврски во однос на усогласувањето и спроведувањето на европското законодавство, што ќе биде значајно за натамошната динамика на процесот на преговори.
Меѓутоа, она што е особено важно за нас во периодот кој доаѓа и за што вие самите имате значајно влијание е што е можно поскоро да го добиеме Скрининг извештајот за Кластерот 1 - Темели од Европската комисија и да започне конкретната работа врз подготовка на трите патокази, за владеењето на правото, реформата на јавната администрација, и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за малцинства и заедници, кој го прифативме токму за да ѝ покажеме дека Македонија има многу што да и понуди на ЕУ, а не да скрие, рече Османи.
Тој подвлече дека руската агресија врз Украина длабоко ja промени геополитичкaта реалност и Македонија веднаш и недвосмислено се приклучи кон едногласната осуда на ЕУ и меѓународните партнери за неоправданата и неиспровоцираната агресија врз суверена земја и согласно своите можности пружи хуманитарна, воена и дипломатска помош.
Македонија се приклучи кон сите рестриктивни мерки кои ЕУ ги воведе кон Руската Федерација, вклучувајќи ги и оние воведени во 2014г., постигнувајќи 100% усогласување со позициите на ЕУ во доменот на Заедничката надворешна и безбедносна политика. Со овој чекор ја реафирмиравме својата посветеност кон споделување на европските вредности и принципи врз кои се базира надворешната политика на ЕУ, потврдувајќи го партнерството со ЕУ и стратешката европска ориентација. Нашата принципиелна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина исто така ја споделуваме и преку активностите на ОБСЕ, чие претседавање во многу тешки услови го преземавме на почетокот на оваа година, нагласи Османи.
Министерот Османи се осврна и на динамиката на внатрешните реформи во државата нагласувајќи дека остануваме целосно посветени кон зајакнување на функционирањето на демократските институции и на владеењето на правото, области, како што рече, за кои сме свесни дека ќе бидат од клучно значење за натамошните чекори. Тој меѓу другото, додаде дека спроведувањето на договорите од Преспа со Република Грција и за пријателство со Бугарија, преку дијалог базиран на меѓусебно почитување, во духот на европските вредности, се и ќе останат наш врвен приоритет.
Во претстојниот период нашата Влада ќе вложи максимални напори за успешно спроведување на неопходните реформи, особено во делот на владеењето на правото, успешно завршување на скрининг процесот и исполнување на условот од заклучоците на Советот на ЕУ од минатиот јули за спроведување на уставни амандмани со цел отворање првиот Кластер посветен на Темелите до крајот на 2023 и динамизирање на нашиот пристапен процес. Си поставивме амбициозна цел - Македонија да биде да биде потполно подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ до крајот на 2030 година. За ова да се оствари ни преостанува многу работа, подвлече Османи.
Тој со порака и „до бугарски пријатели дека обврските од Договорот и од двата протокола не се заборавени“.
Лично ги надгледувам работните групи за реализација на зеамните обврски и наскоро ќе излеземе со резултати од нивната работа во делот на говорот на омраза, за рехабилитација на жртвите на репресиите на комунистичкиот период, за спроведување на усвоените препораки од работата на историската комисија, како и за заштита од дискриминација. Меѓутоа, истовремено бараме услови за водење на конструктивен и добронамерен дијалог базиран на меѓусебно уважување и почитување и од страна на Бугарија. Верувам дека набрзо со формирањето на новата Влада во Софија ќе успееме да го постигнеме тоа, порача Османи.
Тој укажа и на дилемите и стравовите на граѓаните во земјава дома, но и на неповторлива шанса која ни претстои конечно да отскокнеме и да ја зацврстиме нашата самодоверба и заедничка мисија.
Таа во моментов поради демократски зовриената размена не се препознава добро, но набрзо ќе се соочиме, секој на свој начин, со сопствената одговорност. Напред кон Европа со повеќе интеграција долж патот до полноправно членство или назад повторно кон поделби и залудно изгубено време, вели Османи.
Новата комплексна геополитичка реалност, рече, ја зајакна потребата од зголемен фокус и анганжман на ЕУ во регионот на Западен Балкан со динамизирање на ЕУ пристапниот процес, што ќе придонесе за унапредување на демократскиот развој, стабилноста и просперитетот на опшествата и сите наши граѓани. Тој упати порака и до европратениците дека новата комплексна геополитичка реалност ја зајакна потребата од зголемен фокус и анганжман на ЕУ во регионот на Западен Балкан со динамизирање на ЕУ пристапниот процес, што ќе придонесе за унапредување на демократскиот развој, стабилноста и просперитетот на опшествата и сите наши граѓани. При тоа кажа дека е особено важно процесот на преговори уште во рана фаза да генерира видливи бенефити преку позабрзана интеграција  во области во кои Македонија ќе биде подготвена и наскоро ќе демонстрира значаен напредок
Еден од клучните аспекти би можело да се однесува на потребата од димензионирање пакет сличен на структурните и кохезионите фондови на ЕУ. Тоа ќе овозможи поголема економско-социјална конвергенција на Македонија со земјите од ЕУ, односно намалување на економскиот диспаритет, како суштинска цел на пристапниот процес и членството во ЕУ. Сметам дека ваквиот пристап заслужува сериозно внимание и веруваме дека ЕУ ќе изнајде начин за негова конкретна имплементација, порача во своето обраќање пред членовите на АФЕТ министерот за надворешни работи Бујар Османи.

The post Османи со порака до бугарски пријатели дека обврските од Договорот и од двата протокола не се заборавени appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: По сите тие договори од 2001 до денес Македонија секогаш излегувала како победник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-po-site-tie-dogovori-od-2001-do-denes-makedonija-sekogash-izleguvala-kako-pobednik/ Mon, 03 Apr 2023 21:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=626885

„Ние досега сме донеле голем број на тешки одлуки, почнувајќи од 2001 година со Охридскиот рамковен договор, потоа со Преспанскиот договор, со договорот со Грција, како и со прифаќањето на преговарачката рамка и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Можам да кажам дека после сите тие договори, Македонија секогаш излегувала како победник“, порача премиерот Ковачевски во интервјуто за РТВ Словенија.

После Охридскиот рамковен договор, како што посочи премиерот Ковачевски, ние имаме држава којашто е изградена на принципите на демократско општество каде што секоја етничка заедница, секој граѓанин има еднакви можности за личен и професионален развој; после договорот од Преспа станавме земја членка на НАТО и сега го гледаме значењето на зачленувањето во НАТО; по прифаќањето на преговарачката рамка ги почнавме преговорите со ЕУ, после 17 години чекање.

„Значи секогаш големите и стратешки одлуки носат бенефит за граѓаните“, оцени премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека е од големо значење поддршката на Македонија во своите аспирации за полноправно членство во ЕУ, од страна на пријателите од НАТО и ЕУ.

„Македонија е држава којашто на својот пат кон европските и евроатланските интеграции мораше да ги донесе веројатно најтешките одлуки во споредба со сите други држави кои се зачлениле и во НАТО и во ЕУ. Тие одлуки навистина можам слободно да кажам дека предизвикуваат мачнина кај најголемиот дел од нашиот народ исто и кај мене. Јас ги делам тие чувства. Меѓутоа од друга страна, ние како држава немаме друга алтернатива. Единствената алтернатива на Македонија и она што е зацртано во стратешките документи на нашата држава е интеграција во НАТО и интеграција во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.

Во интервјуто, премиерот Ковачевски посочи дека - „добивме преговарачка рамка со чист македонски јазик, со заштитен идентитет на Македонците, со сите културни и други обележја коишто обележуваат еден народ и со тоа да ги започнеме преговорите со ЕУ“, и нагласи дека - „стабилна политичка Влада е секогаш добра за секоја држава“.

Премиерот Ковачевски рече дека државите од регионот, посебно земја членка на ЕУ, има обврска да промовира европски вредности кај другите земји од регионот, бидејќи регионот има потреба да оди напред.

„И единствено преку политичка волја, соработка и институционално разбирање помеѓу државите можеме да одиме напред“, оцени премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: По сите тие договори од 2001 до денес Македонија секогаш излегувала како победник appeared first on Република.

]]>

„Ние досега сме донеле голем број на тешки одлуки, почнувајќи од 2001 година со Охридскиот рамковен договор, потоа со Преспанскиот договор, со договорот со Грција, како и со прифаќањето на преговарачката рамка и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Можам да кажам дека после сите тие договори, Македонија секогаш излегувала како победник“, порача премиерот Ковачевски во интервјуто за РТВ Словенија.
После Охридскиот рамковен договор, како што посочи премиерот Ковачевски, ние имаме држава којашто е изградена на принципите на демократско општество каде што секоја етничка заедница, секој граѓанин има еднакви можности за личен и професионален развој; после договорот од Преспа станавме земја членка на НАТО и сега го гледаме значењето на зачленувањето во НАТО; по прифаќањето на преговарачката рамка ги почнавме преговорите со ЕУ, после 17 години чекање.
„Значи секогаш големите и стратешки одлуки носат бенефит за граѓаните“, оцени премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека е од големо значење поддршката на Македонија во своите аспирации за полноправно членство во ЕУ, од страна на пријателите од НАТО и ЕУ.
„Македонија е држава којашто на својот пат кон европските и евроатланските интеграции мораше да ги донесе веројатно најтешките одлуки во споредба со сите други држави кои се зачлениле и во НАТО и во ЕУ. Тие одлуки навистина можам слободно да кажам дека предизвикуваат мачнина кај најголемиот дел од нашиот народ исто и кај мене. Јас ги делам тие чувства. Меѓутоа од друга страна, ние како држава немаме друга алтернатива. Единствената алтернатива на Македонија и она што е зацртано во стратешките документи на нашата држава е интеграција во НАТО и интеграција во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.
Во интервјуто, премиерот Ковачевски посочи дека - „добивме преговарачка рамка со чист македонски јазик, со заштитен идентитет на Македонците, со сите културни и други обележја коишто обележуваат еден народ и со тоа да ги започнеме преговорите со ЕУ“, и нагласи дека - „стабилна политичка Влада е секогаш добра за секоја држава“. Премиерот Ковачевски рече дека државите од регионот, посебно земја членка на ЕУ, има обврска да промовира европски вредности кај другите земји од регионот, бидејќи регионот има потреба да оди напред.
„И единствено преку политичка волја, соработка и институционално разбирање помеѓу државите можеме да одиме напред“, оцени премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: По сите тие договори од 2001 до денес Македонија секогаш излегувала како победник appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Нови услови од Бугарија не може да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-novi-uslovi-od-bugarija-ne-mozhe-da-ima/ Thu, 16 Mar 2023 19:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=620471

Двотретинско мнозинство и е потребно на државата. До сега не блокираа со вето, сега за прв пат можеме сами себе да се блокираме на нашиот пат кон ЕУ, изјави премиерот, Димитар Ковачевски, во вечерашното гостување на дневникот на ТВ Сител.

-Ние не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, врз основа на критериуми. Скринингот кога ќе заврши јавно ќе се увериме што се треба да направиме како држава по однос на реформите, правото, јавната администрација, демократијата, акцискиот план за заштита на малцинствата. Нови услов од Бугарија не може да има, преговарачката рамка и критериумите за влез во ЕУ се јасни, иако секогаш ќе постојат поединци и групи кои ќе саакаат да го свртат вниманието – рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Нови услови од Бугарија не може да има appeared first on Република.

САД ја поздравуваат деескалцијата на реториката меѓу Софија и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sad-ja-pozdravuvaat-deeskaltsijata-na-retorikata-megu-sofija-i-skopje/ Mon, 06 Feb 2023 21:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=605711

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА.

На прашање од МИА дали САД сметаат дека бугарската реакција околу нападот во Охрид врз едно лице, како и декларацијата изгласана во Собранието на Бугарија, е преувеличување до невидени размери од страна на официјална Софија, Вашингтон одговори дека Софија и Скопје веќе работат на деескалација на ретороиката и го поздравија мирното чествување на роденденот на Делчев.

-Иднината на Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на Македонија, изјави официјален Вашингтон.

The post САД ја поздравуваат деескалцијата на реториката меѓу Софија и Скопје appeared first on Република.

]]>

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА. На прашање од МИА дали САД сметаат дека бугарската реакција околу нападот во Охрид врз едно лице, како и декларацијата изгласана во Собранието на Бугарија, е преувеличување до невидени размери од страна на официјална Софија, Вашингтон одговори дека Софија и Скопје веќе работат на деескалација на ретороиката и го поздравија мирното чествување на роденденот на Делчев.
-Иднината на Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на Македонија, изјави официјален Вашингтон.

The post САД ја поздравуваат деескалцијата на реториката меѓу Софија и Скопје appeared first on Република.

]]>
МВР демантира дека во сабота ќе доаѓаат бугарски полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-demantira-deka-vo-sabota-ke-doagaat-bugarski-politsajtsi/ Thu, 02 Feb 2023 21:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=604048

Министерството за внатрешни работи (МВР) најостро ги демантира лагите изнесени на порталот Макпрес дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и бугарски полицајци.

-Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно, велат од МВР.

Додаваат дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, во било какви услови – да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните.

-Со изнесувањето на овие дезинформации, порталот Макпрес ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија и наместо да помогне во достоинствено одбележување на роденденот на великанот Делчев, што подразбира ангажирано и одговорно пренесување на проверени информации, а не одработување за нечии деструктивни влијанија со пласирање лаги кои имаат за цел само да наштетат не само на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, туку и на угледот на државата. Оттаму, бараме порталот кој ги изнесе овие лаги да го повлече текстот и да се извини, а текстот со овие дезинформации да го повлечат и останатите портали кои без проверка на фактите го ископираа на своите страни, побараат од ресорот полиција.

The post МВР демантира дека во сабота ќе доаѓаат бугарски полицајци appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи (МВР) најостро ги демантира лагите изнесени на порталот Макпрес дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и бугарски полицајци. -Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно, велат од МВР. Додаваат дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, во било какви услови – да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните. -Со изнесувањето на овие дезинформации, порталот Макпрес ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија и наместо да помогне во достоинствено одбележување на роденденот на великанот Делчев, што подразбира ангажирано и одговорно пренесување на проверени информации, а не одработување за нечии деструктивни влијанија со пласирање лаги кои имаат за цел само да наштетат не само на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, туку и на угледот на државата. Оттаму, бараме порталот кој ги изнесе овие лаги да го повлече текстот и да се извини, а текстот со овие дезинформации да го повлечат и останатите портали кои без проверка на фактите го ископираа на своите страни, побараат од ресорот полиција.

The post МВР демантира дека во сабота ќе доаѓаат бугарски полицајци appeared first on Република.

]]>
Халили: Бугарија ја призна Македонија, но ги забораваме нивните тврдења дека како „втора бугарска држава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/halili-bugarija-ja-prizna-makedonija-no-gi-zaboravame-nivnite-tvrdena-deka-kako-vtora-bugarska-drzhava/ Thu, 02 Feb 2023 19:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=604032

Бугарија ја призна Македонија како независна, но ние ги заборавивме нивните тврдења зошто ја признаа Македонија, вели Мухамед Халили, претседател на Советот на амбасадорите во интервју за Макфакс.

– Нивниот тогашен премиер се изјаснил: „Ние ја признаваме Македонија како втора бугарска држава“ и таа негова констатација ние не ја зедовме здраво за готово. И според мемоарите на Глигоров, самиот тогашен премиер Георгиевски со радост ја примил веста, но рекол дека проблемот со јазикот и нацијата ќе го решат историјата и историчарите. За жал, многу време помина од тогаш, ниту историјата ниту политиката не го решила тој проблем, вели Халили.

Анализирајќи ги најновите случувања во врска со македонско-бугарските односи, Халили оценува дека Бугарија погрешила и дека е свесна за тоа.

„Сега сака да ја покрие својата грешка. Овој проблем излезе на виделина кога Бугарија пред светот сакаше да ја пласира тезата: да, држава Македонија постои, но не постојат македонски народ и македонски јазик. Бидејќи нивната теза не беше прифатена, тие го променија мислењето и западнаа во замка, па сега велат, ние се бориме за правата на бугарското малцинство кое живее во Македонија“.

За инцидентот со претепаниот Пендиков и за реакцијата на шефот на државата, Халили оценува дека Пендаровски требало да почека со реакцијата.

„Проблемот е многу деликатен, тој се наоѓал пред една дилема дали да реагира или да не реагира. Но, секоја реакција, каде што минското поле не е расчистено, има ризик да паднеш на мина. Според мене, подобро ќе беше да чекаше да заврши процесот на полициско-судските постапки, па кога ќе имавме јасна слика на овие институции, тој да реагира“.

Оценува дека Османи успешно се справува во проблемот со Бугарија.

„Некои му наоѓаат мана зошто тој е Албанец и се грижи за еден проблем, кој е типично етнички“.

Дали ЕУ има исти аршини во односот со Бугарија и Македонија, дали има причина да стравуваме дека 4 февруари може да биде настан од висок ризик, за Џамбаски, за македонската дипломатија и за кроењето на владината коалиција, во интервју за „Макфакс“.

Видео разговорот на следниот линк

The post Халили: Бугарија ја призна Македонија, но ги забораваме нивните тврдења дека како „втора бугарска држава“ appeared first on Република.

]]>

Бугарија ја призна Македонија како независна, но ние ги заборавивме нивните тврдења зошто ја признаа Македонија, вели Мухамед Халили, претседател на Советот на амбасадорите во интервју за Макфакс.
– Нивниот тогашен премиер се изјаснил: „Ние ја признаваме Македонија како втора бугарска држава“ и таа негова констатација ние не ја зедовме здраво за готово. И според мемоарите на Глигоров, самиот тогашен премиер Георгиевски со радост ја примил веста, но рекол дека проблемот со јазикот и нацијата ќе го решат историјата и историчарите. За жал, многу време помина од тогаш, ниту историјата ниту политиката не го решила тој проблем, вели Халили.
Анализирајќи ги најновите случувања во врска со македонско-бугарските односи, Халили оценува дека Бугарија погрешила и дека е свесна за тоа.
„Сега сака да ја покрие својата грешка. Овој проблем излезе на виделина кога Бугарија пред светот сакаше да ја пласира тезата: да, држава Македонија постои, но не постојат македонски народ и македонски јазик. Бидејќи нивната теза не беше прифатена, тие го променија мислењето и западнаа во замка, па сега велат, ние се бориме за правата на бугарското малцинство кое живее во Македонија“.
За инцидентот со претепаниот Пендиков и за реакцијата на шефот на државата, Халили оценува дека Пендаровски требало да почека со реакцијата.
„Проблемот е многу деликатен, тој се наоѓал пред една дилема дали да реагира или да не реагира. Но, секоја реакција, каде што минското поле не е расчистено, има ризик да паднеш на мина. Според мене, подобро ќе беше да чекаше да заврши процесот на полициско-судските постапки, па кога ќе имавме јасна слика на овие институции, тој да реагира“.
Оценува дека Османи успешно се справува во проблемот со Бугарија.
„Некои му наоѓаат мана зошто тој е Албанец и се грижи за еден проблем, кој е типично етнички“.
Дали ЕУ има исти аршини во односот со Бугарија и Македонија, дали има причина да стравуваме дека 4 февруари може да биде настан од висок ризик, за Џамбаски, за македонската дипломатија и за кроењето на владината коалиција, во интервју за „Макфакс“.   Видео разговорот на следниот линк

The post Халили: Бугарија ја призна Македонија, но ги забораваме нивните тврдења дека како „втора бугарска држава“ appeared first on Република.

]]>
Ковачев бара Пендаровски, Ковачевски и Спасовски да се сретнат со македонските Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachev-bara-pendarovski-kovachevski-i-spasovski-da-se-sretnat-so-makedonskite-bugari/ Thu, 02 Feb 2023 15:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=603966

Претставниците на македонските Бугари треба сериозно да се сфатат и нивните проблеми да бидат воочени и решени од институциите на Република Македонија. На ова инсистирал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој денеска во Европскиот парламент се сретнал со претставници на здруженијата на македонските Бугари.

Ковачев бара претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се сретнат со нив.

-Да слушнат од нив кои се нивните проблеми, институциите да ги заштитат како нивни граѓани од атмосферата што ја создава говорот на омраза и да престане со практиките од минатото, инсистирал Ковачев.

Тој додал дека македонските Бугари се залагаат за што побрзо членство на Македонија во ЕУ.

-Ова е од корист за сите граѓани на РСМ, за Бугарија, за целиот регион и за Европа. Тоа е она за што работиме и затоа бугарското претседавање со Советот на ЕУ имаше за цел да ги убеди нашите партнери дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се случи што е можно побрзо. Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили, изјавил Ковачев, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, гостите разговарале и за спроведувањето на Договорот меѓу Софија и Скопје за добрососедство, како и за вклучување на Бугарите во Уставот, што е услов Скопје да ги започне преговорите за приклучување кон ЕУ.

The post Ковачев бара Пендаровски, Ковачевски и Спасовски да се сретнат со македонските Бугари appeared first on Република.

]]>

Претставниците на македонските Бугари треба сериозно да се сфатат и нивните проблеми да бидат воочени и решени од институциите на Република Македонија. На ова инсистирал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој денеска во Европскиот парламент се сретнал со претставници на здруженијата на македонските Бугари. Ковачев бара претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се сретнат со нив.
-Да слушнат од нив кои се нивните проблеми, институциите да ги заштитат како нивни граѓани од атмосферата што ја создава говорот на омраза и да престане со практиките од минатото, инсистирал Ковачев.
Тој додал дека македонските Бугари се залагаат за што побрзо членство на Македонија во ЕУ.
-Ова е од корист за сите граѓани на РСМ, за Бугарија, за целиот регион и за Европа. Тоа е она за што работиме и затоа бугарското претседавање со Советот на ЕУ имаше за цел да ги убеди нашите партнери дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се случи што е можно побрзо. Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили, изјавил Ковачев, пренесуваат бугарските медиуми.
Според него, гостите разговарале и за спроведувањето на Договорот меѓу Софија и Скопје за добрососедство, како и за вклучување на Бугарите во Уставот, што е услов Скопје да ги започне преговорите за приклучување кон ЕУ.

The post Ковачев бара Пендаровски, Ковачевски и Спасовски да се сретнат со македонските Бугари appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kuchuk-se-dodeka-ne-se-priznavaat-pravata-na-lugeto-koi-se-smetaat-za-bugari-tenzijata-ke-prodolzhi/ Sun, 29 Jan 2023 09:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=602175

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.

Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.

Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите.

Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.

– Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.

The post Ќучук: Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи appeared first on Република.

]]>

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.
Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.
– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.
Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите. Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.
– Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.

The post Ќучук: Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи appeared first on Република.

]]>
Криминогеноста на власта е причина за попустливоста- како дојдовме до тоа „маргиналците“ од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kriminogenosta-na-vlasta-e-prichina-za-popustlivosta-kako-dojdovme-do-toa-marginaltsite-od-bugarija-da-stanat-tema-na-sovet-za-bezbednost/ Sat, 28 Jan 2023 09:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=601894

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши. Дојде ред на толку потпишани договори, анекси, протоколи и слично, односите меѓу двете земји да бидат тема на Советот за безбедност и да дојде спуштање на нивото на дипломатските односи. Тоа е резултат на попустливоста на власта на СДС и ДУИ, што пак е последица на криминогеноста на нејзините функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски и Пендаровски и должат одговори на македонската јавност како дојде до оваа студена дипломатска војна? Како дојде до тоа “маргиналните“ ликови од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност во Македонија? Што работат нашите служби во насока на спречување на тие, како што вели Пендаровски структури од Бугарија под инструкции на странска служба?

Пендаровски и Ковачевски не треба да глумат изненадени. Овие структури, политичари и навреди кои тие ги упатуваат кон Македонија и македонскиот народ не се од вчера, само што нашите власти не превземаа ништо тоа да го спречат и да ги заштитат националните и државните интереси.

Со кусогледоста, аматерскиот пристап во дипломатијата и со дебелиот криминален багаж кој што оваа власт на СДС и ДУИ го има очигледно се загрозува Македонија. Нивната килавост раѓа нови и нови понижувања за Македонија.

Ова мора да се смени. Понижувањата на Македонија мора да престанат. Оваа власт мора да замине, стои во партиското соопштение.

The post Криминогеноста на власта е причина за попустливоста- како дојдовме до тоа „маргиналците“ од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност“ appeared first on Република.

]]>

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши. Дојде ред на толку потпишани договори, анекси, протоколи и слично, односите меѓу двете земји да бидат тема на Советот за безбедност и да дојде спуштање на нивото на дипломатските односи. Тоа е резултат на попустливоста на власта на СДС и ДУИ, што пак е последица на криминогеноста на нејзините функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ковачевски и Пендаровски и должат одговори на македонската јавност како дојде до оваа студена дипломатска војна? Како дојде до тоа “маргиналните“ ликови од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност во Македонија? Што работат нашите служби во насока на спречување на тие, како што вели Пендаровски структури од Бугарија под инструкции на странска служба? Пендаровски и Ковачевски не треба да глумат изненадени. Овие структури, политичари и навреди кои тие ги упатуваат кон Македонија и македонскиот народ не се од вчера, само што нашите власти не превземаа ништо тоа да го спречат и да ги заштитат националните и државните интереси. Со кусогледоста, аматерскиот пристап во дипломатијата и со дебелиот криминален багаж кој што оваа власт на СДС и ДУИ го има очигледно се загрозува Македонија. Нивната килавост раѓа нови и нови понижувања за Македонија. Ова мора да се смени. Понижувањата на Македонија мора да престанат. Оваа власт мора да замине, стои во партиското соопштение.

The post Криминогеноста на власта е причина за попустливоста- како дојдовме до тоа „маргиналците“ од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност“ appeared first on Република.

]]>
Бугарија усвои декларација: РСМ веднаш да престане со агресивните антибугарски манифестации и манипулации од минатото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-usvoi-deklaratsija-rsm-vednash-da-prestane-so-agresivnite-antibugarski-manifestatsii-i-manipulatsii-od-minatoto/ Sat, 28 Jan 2023 09:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=601886

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во пленарната сала.

Документот, како што е наведено, „категорично ги осудува актите на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата“. Се додава дека Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на РСМ и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите.

Заштита на правата на бугарските граѓани со бугарска самосвет во РСМ мора да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите содржани во преговарачката рамка, се наведува во декларацијата што во целост ја пренесе БГНЕС.

– Со почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и на демократските принципи вградени во актите на Советот на Европа;

– Врз основа на Договорот за Европската унија и Договорот за функционирање на Европската унија и вредностите вградени во нив, особено „вредностите на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, како и почитување на човековите права“ и „плурализам, недискриминација, толеранција, правда и солидарност“;

– Со потврдување на фундаменталното значење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2017 година и важноста на билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година, како и Одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание на Република Бугарија во врска со проширувањето на Европската унија и преговарачкиот процес со Република Cеверна Македонија од 24 јуни 2022 година;

– Со повикување на институциите во Република Cеверна Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно ќе ги нарушат односите меѓу двете земји и нивните граѓани,

ИЗЈАВА:

1. Категорична осуда за актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во Cеверна Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство против Бугаринот Христијан Пендиков, и цврсто инсистирање на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и доведување на сторителите пред правдата;

2. Осуда на говорот на омраза во Cеверна Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичката, јавната и медиумската средина. Повик до властите и институциите во Cеверна Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. Се изразува целосна подготвеност за обезбедување на каква било помош за постигнување на оваа цел, вклучително и заеднички со меѓународните партнери и институции;

3. Се отфрла континуираното негирање, омаловажување и отклонување на одговорноста за постоењето на проблем со правата и безбедноста на Бугарите во Cеверна Македонија;

4. Приговор на трајно неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Cеверна Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година;

5. Загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања во Cеверна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што служи на интересите на земјите од трети страни;

6. Противење на измените во Законот за здруженија и фондации од 2022 година, кои го дискриминираат и намерно го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во Cеверна Македонија. Овие промени може да ги попречат и предодредат активностите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана со договорот од 2017 година за одредени периоди и лица;

7. Отфрлање на лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Cеверна Македонија и сфаќање како намерно влевање омраза против Бугарија и Бугарите;

8. Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Cеверна Македонија, исто така, мора да се гарантира преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлука на Четириесет и седмото Национално собрание од 25 јуни 2022 година;

9. Повик до граѓаните, организациите и институциите во Cеверна Македонија, кои се вистински посветени на демократските вредности и европскиот пат на земјата, да заземат јасен став и да инсистираат на потребната промена.

The post Бугарија усвои декларација: РСМ веднаш да престане со агресивните антибугарски манифестации и манипулации од минатото appeared first on Република.

]]>

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во пленарната сала. Документот, како што е наведено, „категорично ги осудува актите на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата“. Се додава дека Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на РСМ и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите.
Заштита на правата на бугарските граѓани со бугарска самосвет во РСМ мора да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите содржани во преговарачката рамка, се наведува во декларацијата што во целост ја пренесе БГНЕС.
– Со почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и на демократските принципи вградени во актите на Советот на Европа; – Врз основа на Договорот за Европската унија и Договорот за функционирање на Европската унија и вредностите вградени во нив, особено „вредностите на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, како и почитување на човековите права“ и „плурализам, недискриминација, толеранција, правда и солидарност“; – Со потврдување на фундаменталното значење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2017 година и важноста на билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година, како и Одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание на Република Бугарија во врска со проширувањето на Европската унија и преговарачкиот процес со Република Cеверна Македонија од 24 јуни 2022 година; – Со повикување на институциите во Република Cеверна Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно ќе ги нарушат односите меѓу двете земји и нивните граѓани, ИЗЈАВА: 1. Категорична осуда за актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во Cеверна Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство против Бугаринот Христијан Пендиков, и цврсто инсистирање на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и доведување на сторителите пред правдата; 2. Осуда на говорот на омраза во Cеверна Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичката, јавната и медиумската средина. Повик до властите и институциите во Cеверна Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. Се изразува целосна подготвеност за обезбедување на каква било помош за постигнување на оваа цел, вклучително и заеднички со меѓународните партнери и институции; 3. Се отфрла континуираното негирање, омаловажување и отклонување на одговорноста за постоењето на проблем со правата и безбедноста на Бугарите во Cеверна Македонија; 4. Приговор на трајно неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Cеверна Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година; 5. Загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања во Cеверна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што служи на интересите на земјите од трети страни; 6. Противење на измените во Законот за здруженија и фондации од 2022 година, кои го дискриминираат и намерно го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во Cеверна Македонија. Овие промени може да ги попречат и предодредат активностите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана со договорот од 2017 година за одредени периоди и лица; 7. Отфрлање на лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Cеверна Македонија и сфаќање како намерно влевање омраза против Бугарија и Бугарите; 8. Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Cеверна Македонија, исто така, мора да се гарантира преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлука на Четириесет и седмото Национално собрание од 25 јуни 2022 година; 9. Повик до граѓаните, организациите и институциите во Cеверна Македонија, кои се вистински посветени на демократските вредности и европскиот пат на земјата, да заземат јасен став и да инсистираат на потребната промена.

The post Бугарија усвои декларација: РСМ веднаш да престане со агресивните антибугарски манифестации и манипулации од минатото appeared first on Република.

]]>
Aна Павловска Данева: Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ana-pavlovska-daneva-ne-se-oni-krivi-shto-ne-posipuvaat-so-fekalii-tuku-nashive-shto-sramno-molchat/ Thu, 26 Jan 2023 13:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=601284

Професорката од Правниот факултет Ана Павловска Данева со свој став на тема „бугарски провокации“.

Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат!

Најопасни се оние наши политикантски релативизатори, што прифаќаат да излегуваат во јавност за да бранат сервилност и понизност, а ни се претставуваат како рационални интелектуалци, познавачи на политиката и дипломатијата.

Па, колку што вие можете да си ја наведнете кичмата и подадете задникот, не можат ни најнавежбани танчери и акробати на циркуска сцена!  - порача професорката на својот фејбук профил.

The post Aна Павловска Данева: Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! appeared first on Република.

]]>

Професорката од Правниот факултет Ана Павловска Данева со свој став на тема „бугарски провокации“.
Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! Најопасни се оние наши политикантски релативизатори, што прифаќаат да излегуваат во јавност за да бранат сервилност и понизност, а ни се претставуваат како рационални интелектуалци, познавачи на политиката и дипломатијата. Па, колку што вие можете да си ја наведнете кичмата и подадете задникот, не можат ни најнавежбани танчери и акробати на циркуска сцена!  - порача професорката на својот фејбук профил.

The post Aна Павловска Данева: Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Уставни измени под вакви услови нема да има, ЕУ мора да ни гарантира македонскиот идентитет и дека Бугарија да блокира кога ќе посака https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ustavni-izmeni-pod-vakvi-uslovi-nema-da-ima-eu-mora-da-ni-garantira-makedonskiot-identitet-i-deka-bugarija-da-blokira-koga-ke-posaka/ Thu, 26 Jan 2023 07:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=601115

Ние имаме партнер во граѓаните, тие на анкетите кажуваат што мислат. Изборите ќе дојдат и на избори ќе кажат што мислат. ВМРО-ДПМНЕ во својата коалиција нема никаков проблем, проблем си има и СДСМ, тоа го видовме, а проблем има и ДУИ. Нашиот обид да собереме 61 за оваа влада да си замине е затоа што граѓаните го бараат тоа, и наша должност и обврска е како опозиција, ако не успее, доаѓаат изборите на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа - вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

За уставните измени, Андоновски потенцираше дека во сегашнава ситуација и пратенички состав уставни измени нема да има, ВМРО-ДПМНЕ не подржува уставни измени под вакви услови.

- Во услови кога немате гаранции за вашиот идентитет, јазик, кога имате високи државни претставници, највисоките да велат дека македонскиот идентитет не постои, дека Македонија не постои како ентитет, дека македонскиот јазик е бугарски, а Македонците постојат од 1945, тогаш со што е гаранцијата дека ако се внесат Бугарите во Устав, ако следниот ден истите овие претставници се решат да не блокираат. Прво гаранции за македонскиот идентитет од ЕУ, на тој начин да бидат гаранции кои нема да ни го попречат европскиот пат, изјави Андоновски.

Андоновски посочи дека затоа се потребни избори и секој да си излезе со програма, а ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди план за излез од ситуацијата.

- Не сум сигурен дека ништо не може да биде променето. Имаше меѓународни фактори кои потпишуваа и излегуваа од меѓународни договори. Во нашава ситуација станува за билатерален договор кој влезе во рамката. Дали можеме овие две работи да ги раздвоиме и да не ни бидат кочница, рече Андоновски.

Во врска со можно коалицирање за влада Андоновски истакна дека сериозна опозиција ќе има следниов период во албанскиот блок, а не како независно дали и одговара да биде со ДУИ или не, еден ден се плукаат, и дека принципот победник со победник веќе не важи.

- Принципот победник на победник заврши во 2017 година и не постои и е надминат, треба да зборуваме за влада во која доверба ќе имаат граѓаните, оваа влада на пример нема таква доверба. Оваа влада на Ковачевски никој не ја гласал, тој не излегол на избори, никој не му дал легитимитет, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосниот легитимитет ќе го црпи од граѓаните, нагласи Андоновски.

The post Андоновски: Уставни измени под вакви услови нема да има, ЕУ мора да ни гарантира македонскиот идентитет и дека Бугарија да блокира кога ќе посака appeared first on Република.

]]>

Ние имаме партнер во граѓаните, тие на анкетите кажуваат што мислат. Изборите ќе дојдат и на избори ќе кажат што мислат. ВМРО-ДПМНЕ во својата коалиција нема никаков проблем, проблем си има и СДСМ, тоа го видовме, а проблем има и ДУИ. Нашиот обид да собереме 61 за оваа влада да си замине е затоа што граѓаните го бараат тоа, и наша должност и обврска е како опозиција, ако не успее, доаѓаат изборите на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа - вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ За уставните измени, Андоновски потенцираше дека во сегашнава ситуација и пратенички состав уставни измени нема да има, ВМРО-ДПМНЕ не подржува уставни измени под вакви услови.
- Во услови кога немате гаранции за вашиот идентитет, јазик, кога имате високи државни претставници, највисоките да велат дека македонскиот идентитет не постои, дека Македонија не постои како ентитет, дека македонскиот јазик е бугарски, а Македонците постојат од 1945, тогаш со што е гаранцијата дека ако се внесат Бугарите во Устав, ако следниот ден истите овие претставници се решат да не блокираат. Прво гаранции за македонскиот идентитет од ЕУ, на тој начин да бидат гаранции кои нема да ни го попречат европскиот пат, изјави Андоновски.
Андоновски посочи дека затоа се потребни избори и секој да си излезе со програма, а ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди план за излез од ситуацијата.
- Не сум сигурен дека ништо не може да биде променето. Имаше меѓународни фактори кои потпишуваа и излегуваа од меѓународни договори. Во нашава ситуација станува за билатерален договор кој влезе во рамката. Дали можеме овие две работи да ги раздвоиме и да не ни бидат кочница, рече Андоновски.
Во врска со можно коалицирање за влада Андоновски истакна дека сериозна опозиција ќе има следниов период во албанскиот блок, а не како независно дали и одговара да биде со ДУИ или не, еден ден се плукаат, и дека принципот победник со победник веќе не важи.
- Принципот победник на победник заврши во 2017 година и не постои и е надминат, треба да зборуваме за влада во која доверба ќе имаат граѓаните, оваа влада на пример нема таква доверба. Оваа влада на Ковачевски никој не ја гласал, тој не излегол на избори, никој не му дал легитимитет, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосниот легитимитет ќе го црпи од граѓаните, нагласи Андоновски.

The post Андоновски: Уставни измени под вакви услови нема да има, ЕУ мора да ни гарантира македонскиот идентитет и дека Бугарија да блокира кога ќе посака appeared first on Република.

]]>
Османи: Комуникацијата со Бугарија мора да биде постојана и интензивна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-komunikacijata-so-bugarija-mora-da-bide-postojana-i-intenzivna/ Sat, 12 Nov 2022 15:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=573051

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска порача дека комуникацијата со Република Бугарија мора да биде постојана и интензивна.

-Колку повеќе оставаме простор без комуникација, некој друг влегува во таа комуникација и ја киднапира агендата и не одвраќа од траекторијата која сме ја исцртале од јули годинава. Се договоривме веднаш да ги активираме секторските работни групи затоа што идната недела тим од двете министерства ќе направи календар за фиксни средби на секторските работни групи, петте групи кои беа формирани уште на почетокот на годината. Ќе се состануваат еднаш месечно за да одржат постојана комуникација, постојано следење на акциските планови во делот на соработката, рече Османи на денешната средба со медиумите.

Османи информира дека за еден настан уште веднаш се договориле со неговиот бугарски колега Николај Милков, а останатиот календар, како што рече, тимовите ќе го подготват следната недела. Информира дека ги одредиле луѓето кои од нашето и од бугарското МНР ќе се сретнат онлајн оваа недела за да го утврдат календарот.

На средбата со медиумите, Османи се задржа на работната посета на Бугарија на почетокот на неделава која ја оцени како многу важна. Информираше за остварените средби во Софија, со премиерот Галаб Донев, со бугарскиот министер за надворешни работи Милков и средбите со речиси сите лидери на парламетарните политички партии во Република Бугарија.

-Целта беше не само одржување на нормална комуникација, враќање на агендата, но и еден тип на превентивна дипломатија затоа што почнаа да не ми се допаѓа трендот и динамиката на односите со Република Бугарија, посебно по големиот исчекор кој го направивме во јули оваа година. Бидејќи таму нема политичка влада сакав да се видам и со службената, но и со политичките партии, рече Османи.

Додаде дека инсистирал на таков формат на средби е разговорите во самиот бугарски Парламент, особено за време на конститутивната седница кога, како што рече, почнаа лидери на политички партии да лиферуваат ставови по однос на нова Декларција за Република Македонија.

Министерот Османи информира дека се договориле да се одржи бизнис форум со Република Бугарија, кој ќе се одржи на почетокот на декември во Скопје. Очекуваат голем број бизнисмени и компании од Бугарија заедно со министерот Милков да дојдат во Скопје. Со тоа, како што рече, ќе одбележиме една милијарда евра трговска размена оваа година.

– Ние тука формиравме работни тематски групи за имплементација на протоколот. За секоја тема една работна група плус меѓуресорска, односно министерска работна група. Бугарија истото тоа го направи во нивното Министерство, со што и таму и овде има работни групи за следење на протоколот. Значи покрај следење на протоколот и секторските работни групи се активираат и овој тим што ќе се состане идната недела ќе направи календар за нивните комуникации, почести комуникации. Тоа што останува да се договори во наредниоит период, а е обврска во протоколот, е календарот за заеднички чествувања за веќе договорените историски личности, информира Османи.

Османи информира дека треба за петте договорени историски личности да се утврди календар согласно протоколот за 2023 и 2024.

– Ќе видиме овој тим којшто го презентиравме да може освен календарот за секторските работни групи за работните групи за протоколот и да почнат разговори евентаулно во соработка со Историската комисија, иако тоа е работа на двете влади да утврдат одредени календари, дали тоа ќе бидат јубилејни, дали ќе бидат на пет години, на десет, на една година…Ќе видиме во зависност од личностите коишто се договорени, рече Османи.

За една личност, како што посочи, веќе имаме воспоставен модел, а тоа е во Рим, 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, празник кој веќе со години заедно го чествуаме. Остануваат Свети Климент, Свети Наум и Самоил за коишто ќе треба да ги почнат разговорите.

Во рамки на работната посета на Бугарија се разговарало и за Културниот центар во Благоевград за што, како што рече, има позитивен став. -Останува да видиме кога, во кој период ние ќе бидеме подготвени во однос на целокупната процедура, постапка, документација итн. за да се отвори културниот центар во Благоевград, рече Османи.

Додаде дека средбите со политичките партии биле позитивни и конструктивни.

Одговарајќи на новинарско прашање за работната посета на Бугарија, Османи нагласи дека провокациите, особено тие кои се однесуваат на прашањата на идентитетот, посебноста и на јазикот особено, како што рече, ги вознемируваат граѓаните и особоено го стеснуваат просторот за соработка во кој било друг дел во кој треба да има соработка.

-Немаше состанок посебно со лидерите на политичките партии во Парламентот на кој не се задржав значително токму во овој дел, кога тие изјави кои се однесуваат на посебноста, на идентитетот и на јазикот и укажав дека колку повеќе и ако воопшто има разговори по тоа прашање, толку ќе се стесни просторот за било каква нормална комуникација во однос на другите прашања. Мислам дека сите ја разбраа пораката колку е тоа сензитивно и колку треба да внимаваат по однос на прашања кои се однесуват на теми како идентитет, засебност и јазик, рече Османи.

The post Османи: Комуникацијата со Бугарија мора да биде постојана и интензивна appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска порача дека комуникацијата со Република Бугарија мора да биде постојана и интензивна.
-Колку повеќе оставаме простор без комуникација, некој друг влегува во таа комуникација и ја киднапира агендата и не одвраќа од траекторијата која сме ја исцртале од јули годинава. Се договоривме веднаш да ги активираме секторските работни групи затоа што идната недела тим од двете министерства ќе направи календар за фиксни средби на секторските работни групи, петте групи кои беа формирани уште на почетокот на годината. Ќе се состануваат еднаш месечно за да одржат постојана комуникација, постојано следење на акциските планови во делот на соработката, рече Османи на денешната средба со медиумите.
Османи информира дека за еден настан уште веднаш се договориле со неговиот бугарски колега Николај Милков, а останатиот календар, како што рече, тимовите ќе го подготват следната недела. Информира дека ги одредиле луѓето кои од нашето и од бугарското МНР ќе се сретнат онлајн оваа недела за да го утврдат календарот. На средбата со медиумите, Османи се задржа на работната посета на Бугарија на почетокот на неделава која ја оцени како многу важна. Информираше за остварените средби во Софија, со премиерот Галаб Донев, со бугарскиот министер за надворешни работи Милков и средбите со речиси сите лидери на парламетарните политички партии во Република Бугарија.
-Целта беше не само одржување на нормална комуникација, враќање на агендата, но и еден тип на превентивна дипломатија затоа што почнаа да не ми се допаѓа трендот и динамиката на односите со Република Бугарија, посебно по големиот исчекор кој го направивме во јули оваа година. Бидејќи таму нема политичка влада сакав да се видам и со службената, но и со политичките партии, рече Османи.
Додаде дека инсистирал на таков формат на средби е разговорите во самиот бугарски Парламент, особено за време на конститутивната седница кога, како што рече, почнаа лидери на политички партии да лиферуваат ставови по однос на нова Декларција за Република Македонија. Министерот Османи информира дека се договориле да се одржи бизнис форум со Република Бугарија, кој ќе се одржи на почетокот на декември во Скопје. Очекуваат голем број бизнисмени и компании од Бугарија заедно со министерот Милков да дојдат во Скопје. Со тоа, како што рече, ќе одбележиме една милијарда евра трговска размена оваа година.
– Ние тука формиравме работни тематски групи за имплементација на протоколот. За секоја тема една работна група плус меѓуресорска, односно министерска работна група. Бугарија истото тоа го направи во нивното Министерство, со што и таму и овде има работни групи за следење на протоколот. Значи покрај следење на протоколот и секторските работни групи се активираат и овој тим што ќе се состане идната недела ќе направи календар за нивните комуникации, почести комуникации. Тоа што останува да се договори во наредниоит период, а е обврска во протоколот, е календарот за заеднички чествувања за веќе договорените историски личности, информира Османи.
Османи информира дека треба за петте договорени историски личности да се утврди календар согласно протоколот за 2023 и 2024.
– Ќе видиме овој тим којшто го презентиравме да може освен календарот за секторските работни групи за работните групи за протоколот и да почнат разговори евентаулно во соработка со Историската комисија, иако тоа е работа на двете влади да утврдат одредени календари, дали тоа ќе бидат јубилејни, дали ќе бидат на пет години, на десет, на една година…Ќе видиме во зависност од личностите коишто се договорени, рече Османи.
За една личност, како што посочи, веќе имаме воспоставен модел, а тоа е во Рим, 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, празник кој веќе со години заедно го чествуаме. Остануваат Свети Климент, Свети Наум и Самоил за коишто ќе треба да ги почнат разговорите.
Во рамки на работната посета на Бугарија се разговарало и за Културниот центар во Благоевград за што, како што рече, има позитивен став. -Останува да видиме кога, во кој период ние ќе бидеме подготвени во однос на целокупната процедура, постапка, документација итн. за да се отвори културниот центар во Благоевград, рече Османи.
Додаде дека средбите со политичките партии биле позитивни и конструктивни. Одговарајќи на новинарско прашање за работната посета на Бугарија, Османи нагласи дека провокациите, особено тие кои се однесуваат на прашањата на идентитетот, посебноста и на јазикот особено, како што рече, ги вознемируваат граѓаните и особоено го стеснуваат просторот за соработка во кој било друг дел во кој треба да има соработка.
-Немаше состанок посебно со лидерите на политичките партии во Парламентот на кој не се задржав значително токму во овој дел, кога тие изјави кои се однесуваат на посебноста, на идентитетот и на јазикот и укажав дека колку повеќе и ако воопшто има разговори по тоа прашање, толку ќе се стесни просторот за било каква нормална комуникација во однос на другите прашања. Мислам дека сите ја разбраа пораката колку е тоа сензитивно и колку треба да внимаваат по однос на прашања кои се однесуват на теми како идентитет, засебност и јазик, рече Османи.

The post Османи: Комуникацијата со Бугарија мора да биде постојана и интензивна appeared first on Република.

]]>
Османи: Да им се спротивставиме на провокациите и на оние кои не сакаат добри односи меѓу Скопје и Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-da-im-se-sprotivstavime-na-provokaciite-i-na-onie-koi-ne-sakaat-dobri-odnosi-megju-skopje-i-sofija/ Tue, 08 Nov 2022 19:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=571599

Целта на мојата посета на Софија е продлабочување на односите меѓу Македонија и Бугарија, како и зајакнување на институционалната соработка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за емисијата „Светот и ние” на Бугарската национална телевизија (БНТ).

Како што јави дописникот на МИА од Скопје, Османи во интервјуто изрази жалење што оние кои прават обиди да ги влошат македонско-бугарските односи добиваат повеќе на значење во двете земји, од она што е постигнато меѓу институциите.

Тој посочи дека годинава првпат трговската размена меѓу двете земји ќе достигне една милијарда евра, што е резултат на напорната работа на бизнисите од двете страни од границата, но тоа не е видливо за јавноста, туку вниманието е насочено кон провокациите.

– Од двете страни има луѓе кои создаваат тензии и предизвикуваат провокации. Мора да им се спротивставиме на овие провокации, изјави шефот на дипломатијата.

Според Османи, соработката треба да се воспостави не само меѓу политичарите, туку и меѓу претставниците на сите сегменти на општествата на двете земји и таа треба да бидат еден вид мрежа која ќе опстои, дури и кога би се нарушиле политичките односи.

– За тоа треба сеопфатна соработка не само меѓу нас, министрите Османи и Милков, туку и меѓу универзитетите, студентите, докторите… На тој начин да се создаде комплекс од мрежи кои ќе ја одржуваат изградбата на добри односи меѓу нашите две земји и тие да не зависат од политичарите, кои се зависни од внатрешната динамика. Очигледно е дека некој нема интерес за добри односи меѓу Бугарија и Македонија. Има трети земји кои не сакаат регионот на Западен Балкан да биде стабилен и двајца НАТО сојузници да имаат добри односи, изјави Османи.

Според него, добрата вест е дека оние кои се обидоа да градат политичка кариера во Бугарија делувајќи против Македонија, не ја добија поддршката од бугарските граѓани на парламентарните избори.

– Важно е кога станува збор за идентитетот и јазикот, македонските граѓани да не се провоцираат, бидејќи тие стануваат чувствителни и тоа го ограничува просторот да се фокусираме на прашањата кои навистина се дел од Договорот од 2017 година, како што е работата на историската комисија и сите други сектори, како и на патот кон ЕУ, рече Османи.

Шефот на дипломатијата потенцира дека Договорот што беше потпишан во областа на енергетиката меѓу Македонија и Бугарија, освен што е многу важен, има и симболично значење затоа што ова ќе биде првиот договор што и дава можност на земјава да добива друг гас освен рускиот, што е почеток на големиот проект за диверзификација на изворите на енергија.

– Овој договор има врска и со безбедноста и со геополитиката, додаде Османи во интервјуто за БНТ.

Во однос на уставните измени министерот Османи најави дека тие треба да влезат во процедура во текот на наредните месеци.

– Процесот на консултации за ова прашање, но и за другите сегменти е веќе започнат меѓу политичките партии во Собранието, додаде Османи, изрази желба уставните измени да бидат прифатени со највисок степен на консензус.

The post Османи: Да им се спротивставиме на провокациите и на оние кои не сакаат добри односи меѓу Скопје и Софија appeared first on Република.

]]>

Целта на мојата посета на Софија е продлабочување на односите меѓу Македонија и Бугарија, како и зајакнување на институционалната соработка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за емисијата „Светот и ние” на Бугарската национална телевизија (БНТ). Како што јави дописникот на МИА од Скопје, Османи во интервјуто изрази жалење што оние кои прават обиди да ги влошат македонско-бугарските односи добиваат повеќе на значење во двете земји, од она што е постигнато меѓу институциите. Тој посочи дека годинава првпат трговската размена меѓу двете земји ќе достигне една милијарда евра, што е резултат на напорната работа на бизнисите од двете страни од границата, но тоа не е видливо за јавноста, туку вниманието е насочено кон провокациите.
– Од двете страни има луѓе кои создаваат тензии и предизвикуваат провокации. Мора да им се спротивставиме на овие провокации, изјави шефот на дипломатијата.
Според Османи, соработката треба да се воспостави не само меѓу политичарите, туку и меѓу претставниците на сите сегменти на општествата на двете земји и таа треба да бидат еден вид мрежа која ќе опстои, дури и кога би се нарушиле политичките односи.
– За тоа треба сеопфатна соработка не само меѓу нас, министрите Османи и Милков, туку и меѓу универзитетите, студентите, докторите… На тој начин да се создаде комплекс од мрежи кои ќе ја одржуваат изградбата на добри односи меѓу нашите две земји и тие да не зависат од политичарите, кои се зависни од внатрешната динамика. Очигледно е дека некој нема интерес за добри односи меѓу Бугарија и Македонија. Има трети земји кои не сакаат регионот на Западен Балкан да биде стабилен и двајца НАТО сојузници да имаат добри односи, изјави Османи.
Според него, добрата вест е дека оние кои се обидоа да градат политичка кариера во Бугарија делувајќи против Македонија, не ја добија поддршката од бугарските граѓани на парламентарните избори.
– Важно е кога станува збор за идентитетот и јазикот, македонските граѓани да не се провоцираат, бидејќи тие стануваат чувствителни и тоа го ограничува просторот да се фокусираме на прашањата кои навистина се дел од Договорот од 2017 година, како што е работата на историската комисија и сите други сектори, како и на патот кон ЕУ, рече Османи.
Шефот на дипломатијата потенцира дека Договорот што беше потпишан во областа на енергетиката меѓу Македонија и Бугарија, освен што е многу важен, има и симболично значење затоа што ова ќе биде првиот договор што и дава можност на земјава да добива друг гас освен рускиот, што е почеток на големиот проект за диверзификација на изворите на енергија.
– Овој договор има врска и со безбедноста и со геополитиката, додаде Османи во интервјуто за БНТ.
Во однос на уставните измени министерот Османи најави дека тие треба да влезат во процедура во текот на наредните месеци.
– Процесот на консултации за ова прашање, но и за другите сегменти е веќе започнат меѓу политичките партии во Собранието, додаде Османи, изрази желба уставните измени да бидат прифатени со највисок степен на консензус.

The post Османи: Да им се спротивставиме на провокациите и на оние кои не сакаат добри односи меѓу Скопје и Софија appeared first on Република.

]]>
Димитров: Вето ќе имаше и да не го потпишевме Договорот со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-veto-kje-imashe-i-da-ne-go-potpishevme-dogovorot-so-bugarija/ Mon, 17 Oct 2022 20:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=562297

Поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров смета дека доколку не го потпишевме Договорот за добрососедство со Бугарија, Бугарија повторно ќе ни ставеше вето на нашиот евроинтеграциски пат.

Сигурно и уште поголеми шанси ќе беа за таква работа бидејќи без договорот ќе беше многу полесно и да се брани такво вето. Големата разлика меѓу Договорот со Бугарија и Грција е тоа што Преспанскиот договор го реши прашањето. Грција го прифати нашето право на самоопредувалње и се потпиша под македонски јазик. Само така беше можно да додадеме Cеверна кон нашата Македонија за да има дистинкција меѓу нашата Македонија и нивната Македонија. Со сегашната ситуација, спорот стои и ќе стои се додека Бугарија го негира македонскиот идентитет и јазик, рече Димитров меѓу другото во емисијата „Само вистина“.

The post Димитров: Вето ќе имаше и да не го потпишевме Договорот со Бугарија appeared first on Република.

Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт подготвени сме да репреговараме за Договорот со Бугарија, ако тоа не успее, ќе побараме 61 пратеник за негово поништување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-koga-kje-dojdeme-na-vlast-podgotveni-sme-da-go-repregovarame-dogovorot-so-bugarija-ako-toa-ne-uspee-kje-pobarame-61-pratenik-za-negovo-ponishtuvanje/ Mon, 17 Oct 2022 19:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=562281

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја води Владата не доведе до една ваква ситуација и ВМРО-ДПМНЕ многу пати до сега предупредуваше дека на овој начин практично билатералниот спор ќе стане мултилатерален. Односно сега ќе стане спор помеѓу Македонија и Европската Унија, нема да биде веќе Македонија и Бугарија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Македонската телевизија во емисијата „Отворено студио“.

Мицкоски смета дека тоа е огромна и катастрофална грешка која ја направи оваа Влада, бидејќи не ги отпочна преговорите. Повторно лажни вести кажува во јавност, односно го манипулира сопствениот народ. Ако ги отпочнеа преговорите чуму сето ова околу менувањето на Уставот и не требаше да имаме дополнителни услови бидејќи Албанија нема.

Тој додаде дека тоа значи дека ние имаме дополнителен услов. Дека не сме ги почнале тие преговори што значи дека власта направи грешки и отстапки, а не добија ништо за возврат.

„Тоа што тие го погрешија, треба да го коригираме, тоа е задачата на идната Влада, тоа е задачата на ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада да тоа го коригира, репреговара и цениме дека тука треба да има сериозен капацитет од страна на Европската Унија и поддршка од меѓународната заедница да се репреговараат тие позиции, бидејќи тие позиции и овие околности во кои сега се наоѓа Македонија не нудат европска иднина“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека нема Француски предлог, туку дека има бугарски договор.

„Ние сме подготвени со формирањето на новата Влада да седнеме со нашиот источен сосед и да го репреговараме оној дел кој цениме дека не нуди иднина, односно не нуди интеграција туку напротив не фрустрира. Има за обид да ја оддалечи Македонија од Европската Унија и подготвени сме буквално да инсистираме на тоа да седнеме на маса и се надеваме дека со поддршка на нашите пријатели од меѓународната заедница тоа ќе го издејствуваме“, кажа Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека доколку не наидат на соговорник од другата страна, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да собере 61 пратеник во Парламентот и да го напушти договорот со нашиот источен сосед, бидејќи тој договор не е ниту договор за пријателство, ниту е договор за добрососедство, а тоа можеме да го видиме преку последното однесување од страна на нашиот источен сосед.

The post Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт подготвени сме да репреговараме за Договорот со Бугарија, ако тоа не успее, ќе побараме 61 пратеник за негово поништување appeared first on Република.

]]>

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја води Владата не доведе до една ваква ситуација и ВМРО-ДПМНЕ многу пати до сега предупредуваше дека на овој начин практично билатералниот спор ќе стане мултилатерален. Односно сега ќе стане спор помеѓу Македонија и Европската Унија, нема да биде веќе Македонија и Бугарија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Македонската телевизија во емисијата „Отворено студио“.
Мицкоски смета дека тоа е огромна и катастрофална грешка која ја направи оваа Влада, бидејќи не ги отпочна преговорите. Повторно лажни вести кажува во јавност, односно го манипулира сопствениот народ. Ако ги отпочнеа преговорите чуму сето ова околу менувањето на Уставот и не требаше да имаме дополнителни услови бидејќи Албанија нема. Тој додаде дека тоа значи дека ние имаме дополнителен услов. Дека не сме ги почнале тие преговори што значи дека власта направи грешки и отстапки, а не добија ништо за возврат.
„Тоа што тие го погрешија, треба да го коригираме, тоа е задачата на идната Влада, тоа е задачата на ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада да тоа го коригира, репреговара и цениме дека тука треба да има сериозен капацитет од страна на Европската Унија и поддршка од меѓународната заедница да се репреговараат тие позиции, бидејќи тие позиции и овие околности во кои сега се наоѓа Македонија не нудат европска иднина“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека нема Француски предлог, туку дека има бугарски договор.
„Ние сме подготвени со формирањето на новата Влада да седнеме со нашиот источен сосед и да го репреговараме оној дел кој цениме дека не нуди иднина, односно не нуди интеграција туку напротив не фрустрира. Има за обид да ја оддалечи Македонија од Европската Унија и подготвени сме буквално да инсистираме на тоа да седнеме на маса и се надеваме дека со поддршка на нашите пријатели од меѓународната заедница тоа ќе го издејствуваме“, кажа Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека доколку не наидат на соговорник од другата страна, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да собере 61 пратеник во Парламентот и да го напушти договорот со нашиот источен сосед, бидејќи тој договор не е ниту договор за пријателство, ниту е договор за добрососедство, а тоа можеме да го видиме преку последното однесување од страна на нашиот источен сосед.

The post Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт подготвени сме да репреговараме за Договорот со Бугарија, ако тоа не успее, ќе побараме 61 пратеник за негово поништување appeared first on Република.

]]>
Петифер: Доброто однесување на македонските влади носи сѐ поголеми понижувања, а Преспанскиот договор е најлошото нешто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petifer-dobroto-odnesuvanje-na-makedonskite-vladi-nosi-s-pogolemi-ponizuvanja-a-prespanskiot-dogovor-e-najloshoto-neshto/ Wed, 05 Oct 2022 07:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=557475

Во Нивици беше потпишан договор што ја институционализира Македонија како земја од втора категорија, вели во интервјуто за МКД.мк Џејмс Петифер, професор по историја на универзитетот Оксфорд, кој уште пред потпишувањето повикуваше на запирање на преименувањето на македонската држава и на целиот пакет на уставни промени поврзани со тоа.

Јa познавам Македонија уште кога беше социјалистичка република. Мислам дека постоењето на Македонија никогаш не беше признаено од соседите уште од тогаш. Меѓународната заедница направи голема грешка со тоа што не се изјасни јасно за Македонија, не покажа јасна посветеност и никогаш не ја призна како независна. Тоа беше препорачано уште во извештајот на Арен.

Но Британија и Франција не го прифатија тоа сакајќи да ја зачуваат Југославија. Долго водеа политика за да ја зачуваат Југославија. Затоа сме тука каде што сме. Повеќето проблеми водат корени од тогаш. Се разбира дека Грција и Бугарија, бранејќи ги националните интереси, го искористија правото на вето за членството на Македонија во НАТО и ЕУ затоа што беа единствените членки на ЕУ и НАТО од регионот. Тоа не беше добра ситуација. Охридскиот договор беше неопходен. Но тука требаше да се застане. Преспанскиот договор е чекор назад од тоа. Сериозен чекор назад. Премногу ѝ се даде на Грција. И се понижија луѓето тука, во Македонија, вели тој.

Професорот Џејмс Петифер е автор на 11 книги за Балканот по Отоманската Империја и предава историја на Универзитетот Оксфорд, Велика Британија. Вчера во Матица македонска беше промовирано македонското издание на книгата „Езерата и империите во македонската историја – оспорување на водите“ на професорите од Лондон - Џејмс Петифер и Миранда Викерс.

Целото интервју на МКД.мк

The post Петифер: Доброто однесување на македонските влади носи сѐ поголеми понижувања, а Преспанскиот договор е најлошото нешто appeared first on Република.

]]>

Во Нивици беше потпишан договор што ја институционализира Македонија како земја од втора категорија, вели во интервјуто за МКД.мк Џејмс Петифер, професор по историја на универзитетот Оксфорд, кој уште пред потпишувањето повикуваше на запирање на преименувањето на македонската држава и на целиот пакет на уставни промени поврзани со тоа.
Јa познавам Македонија уште кога беше социјалистичка република. Мислам дека постоењето на Македонија никогаш не беше признаено од соседите уште од тогаш. Меѓународната заедница направи голема грешка со тоа што не се изјасни јасно за Македонија, не покажа јасна посветеност и никогаш не ја призна како независна. Тоа беше препорачано уште во извештајот на Арен. Но Британија и Франција не го прифатија тоа сакајќи да ја зачуваат Југославија. Долго водеа политика за да ја зачуваат Југославија. Затоа сме тука каде што сме. Повеќето проблеми водат корени од тогаш. Се разбира дека Грција и Бугарија, бранејќи ги националните интереси, го искористија правото на вето за членството на Македонија во НАТО и ЕУ затоа што беа единствените членки на ЕУ и НАТО од регионот. Тоа не беше добра ситуација. Охридскиот договор беше неопходен. Но тука требаше да се застане. Преспанскиот договор е чекор назад од тоа. Сериозен чекор назад. Премногу ѝ се даде на Грција. И се понижија луѓето тука, во Македонија, вели тој.
Професорот Џејмс Петифер е автор на 11 книги за Балканот по Отоманската Империја и предава историја на Универзитетот Оксфорд, Велика Британија. Вчера во Матица македонска беше промовирано македонското издание на книгата „Езерата и империите во македонската историја – оспорување на водите“ на професорите од Лондон - Џејмс Петифер и Миранда Викерс. Целото интервју на МКД.мк

The post Петифер: Доброто однесување на македонските влади носи сѐ поголеми понижувања, а Преспанскиот договор е најлошото нешто appeared first on Република.

]]>