договор од Пржино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-od-przino/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Nov 2023 14:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png договор од Пржино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-od-przino/ 32 32 Пржинската влада може да се укине во секој момент онака како што се донесе, со 61 глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/przhinskata-vlada-mozhe-da-se-ukine-vo-sekoj-moment-onaka-kako-shto-se-donese-so-61-glas/ Sat, 25 Nov 2023 14:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=716181

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека немало време да се укине техничката влада.Т.н „Пржинска влада“ беше договорена на преговорите во населбата Пржино во 2016 година како решение за политичката криза.Тогаш со голема поддршка на ЕУ и САД, СДСМ доби неколку алтернативни министри во клучните ресори и промена на акtуелниот премиер Груевски.

Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Но дали е тоа така.Техничката влада е дел од Законот за Влада и тој може да се укине со 61 глас во Собранието. 

Но, немањето „време“ за Османи се вика усниот договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети пред минатите избори.Тие двајца си дадоа беса последните сто дена од оваа влада премиерот да биде Албанец.

Затоа е неразбирлив ставот на Османи, бидејќи премиер Албанец може да има и без техничка влада бидејќи и онака имаат какво-такво мнозинство во Собранието.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-se-otkazhe-od-tehnichka-vlada-dokolku-dui-nema-tehnichki-premier/

ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека се подготвени да се откажат од техничката влада само ДУИ да не добие премиер.

The post Пржинската влада може да се укине во секој момент онака како што се донесе, со 61 глас appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека немало време да се укине техничката влада.Т.н „Пржинска влада“ беше договорена на преговорите во населбата Пржино во 2016 година како решение за политичката криза.Тогаш со голема поддршка на ЕУ и САД, СДСМ доби неколку алтернативни министри во клучните ресори и промена на акtуелниот премиер Груевски.
Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.
Но дали е тоа така.Техничката влада е дел од Законот за Влада и тој може да се укине со 61 глас во Собранието.  Но, немањето „време“ за Османи се вика усниот договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети пред минатите избори.Тие двајца си дадоа беса последните сто дена од оваа влада премиерот да биде Албанец. Затоа е неразбирлив ставот на Османи, бидејќи премиер Албанец може да има и без техничка влада бидејќи и онака имаат какво-такво мнозинство во Собранието. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-se-otkazhe-od-tehnichka-vlada-dokolku-dui-nema-tehnichki-premier/ ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека се подготвени да се откажат од техничката влада само ДУИ да не добие премиер.    

The post Пржинската влада може да се укине во секој момент онака како што се донесе, со 61 глас appeared first on Република.

]]>
По примерот на Заев и „Пржино“: Српската опозиција сака без избори да дојде на власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-primerot-na-zaev-i-przhino-srpskata-opozitsija-saka-bez-izbori-da-dojde-na-vlast/ Tue, 09 May 2023 07:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=638565

Српската опозиција осоколена од протестите поради двете убиства во Белград и Младеновац, ги зголеми апетитите како оваа трагедија да ја искористи за политички цели.

Опозицијата во Србија, длабоко поделена но со силна меѓународна поддршка сака по примерот на Македонија без да има избори да дојде на власт и дури откако ќе навлезат во сите институции да се организираат избори.

Немаме никаков проблем да одиме на избори. Но,тие саакаат да владеат а ние да ги избереме да владеат околу една година а потоа да се оди на избори-истакна синоќа Вучиќ.

На ист начин преку Договорот од Пржино и техничката влада, СДСМ на чело со Заев влезе во власта со неколку клучни минитерства меѓу кои и МВР. Истата техничка влада ги организираше изборите во 2016 на кои СДСМ повторно не победи но со голема помош на меѓународната заедница дојде на власт.

The post По примерот на Заев и „Пржино“: Српската опозиција сака без избори да дојде на власт appeared first on Република.

]]>

Српската опозиција осоколена од протестите поради двете убиства во Белград и Младеновац, ги зголеми апетитите како оваа трагедија да ја искористи за политички цели. Опозицијата во Србија, длабоко поделена но со силна меѓународна поддршка сака по примерот на Македонија без да има избори да дојде на власт и дури откако ќе навлезат во сите институции да се организираат избори.
Немаме никаков проблем да одиме на избори. Но,тие саакаат да владеат а ние да ги избереме да владеат околу една година а потоа да се оди на избори-истакна синоќа Вучиќ.
На ист начин преку Договорот од Пржино и техничката влада, СДСМ на чело со Заев влезе во власта со неколку клучни минитерства меѓу кои и МВР. Истата техничка влада ги организираше изборите во 2016 на кои СДСМ повторно не победи но со голема помош на меѓународната заедница дојде на власт.

The post По примерот на Заев и „Пржино“: Српската опозиција сака без избори да дојде на власт appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата понесоа законски измени за бришење на т.н. „пржинска влада“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-koalicijata-ponesoa-zakonski-izmeni-za-brishenje-na-t-n-przinska-vlada/ Mon, 24 Jan 2022 12:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=448739

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска до Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада. Очекуваат предлогот да биде ставен на седница што ќе се одржи во среда и бараат што побрзо одржување предвремени парламентарни избори.

-На Македонија веднаш и се потребни итни предвремени парламентарни избори. За таа цел пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада. Со овој Предлог на закон, ние бараме бришење на одредбите од законот за начин на избор на влада кои предвидуваат 100 дена пред одржувањето на парламентарни избори да се избере нова, преодна влада, изјави координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во овој момент кога се актуелни неколку кризи и кога, како што рече, владее општ хаос во државата, „Македонија не смее и не може да губи ниту ден, а не пак 100 дена техничка влада која нема да реши ниту еден од проблемите со кои се соочуваат државата и граѓаните“.

-Втората клучна интервенција во овој Предлог-закон е што согласно Деловникот за работа на Собранието предлагаме и бараме тој да биде ставен како точка на дневен ред на 61. седница на Собранието кое треба да се одржи во среда, 26 јануари. Од овие причини овој Предлог закон го поднесуваме во скратена постапка, рече Мицевски.

Тој информира дека денеска на редовна координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери ги понудиле измените за поддршка и потписи до парламентарното мнозинство, но, од таму не се изјасниле по однос на прашањето.

Дали очекувам да биде прифатен? Јас очекувам да биде прифатен затоа што гледаме дека начинот на функционирање, односно „пржинската влада“ не функционираше, ниту на минатите парламентарни избори кога на политички договор, предлог на министри за таа влада имаше измена на еден министер. Дополнително државата се наоѓа во толку лоша катастрофална состојба што одржување на парламентарни избори со 100 дена влада е неодржливо и незамисливо. Замислете во држава во која што во моментот имаме четири вонредни ситуации, односно кризни состојби прогласени од страна на државата во ситуација, кога пола Македонија се смрзнува и во ситуација кога енергетската криза виси најјако на главите на македонските граѓани за разлика од соседните земји ние да преговараме и да договараме „пржинска влада“, рече Мицевски.

Тој вели дека е поминато времето за „пржинска влада“ и оти што побрзо треба да се излезе од оваа ситуација. Предвремените парламентарни избори, вели, се неопходни, а власта треба да излезе пред граѓаните затоа што на последните локални избори македонските граѓани го кажале својот став по однос на ова владејачко мнозинство.

-Брзите предвремени избори се неопходност за државата. Гледате самите дека ниту новиот премиер, ниту ова мнозинство има кредибилитет од граѓаните после резултатите од последните локални избори. Анкетите и анализите коишто ги прават и тие самите покажуваат дека граѓаните не им веруваат на ова мнозинство, дека единственото барање односно желба за останување на власт е да продолжат да лажат и да крадат од граѓаните. Затоа ние бараме брзи предвремени избори, рече Мицевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата понесоа законски измени за бришење на т.н. „пржинска влада“ appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе достави предлог за укинување на „пржинската“ влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-deneska-kje-dostavi-predlog-za-ukinuvanje-na-przinskata-vlada/ Mon, 24 Jan 2022 06:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=448506

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го достави предлогот за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори.

Предложените измени  предвидуваат бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори.

Концептот техничка влада предвидува соработка меѓу власта и опозицијата во периодот до спроведување на изборите, имајќи предвид дека одлуките усогласено треба да ги носат и министерот и заменикот во ресорите, каде и власта и опозицијата имаат свои претставници. Решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Зоран Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Од 2016 година досега Македонија имаше две технички влади, првата предводена од Емил Димитриев, втората од Оливер Спасовски.

Согласно сегашното законско решение техничкиот премиер го предлага партијата на власт, најголемата опозициска партија ги предлага министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Власта има свои заменици во МВР и МТСП, додека опозицијата има свои заменици во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

The post ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе достави предлог за укинување на „пржинската“ влада appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го достави предлогот за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори. Предложените измени  предвидуваат бришење на околу девет точки од законот, со што практично техничката влада би заминала во историја, но и дека измените одат со барање за предвремени избори. Концептот техничка влада предвидува соработка меѓу власта и опозицијата во периодот до спроведување на изборите, имајќи предвид дека одлуките усогласено треба да ги носат и министерот и заменикот во ресорите, каде и власта и опозицијата имаат свои претставници. Решението за техничка Влада првично беше применето по кризата која настана, откако Зоран Заев како лидер на опозицијата во 2015 година почна со објавувањето на „бомбите“, по што следеа предвремени избори. Од 2016 година досега Македонија имаше две технички влади, првата предводена од Емил Димитриев, втората од Оливер Спасовски. Согласно сегашното законско решение техничкиот премиер го предлага партијата на власт, најголемата опозициска партија ги предлага министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Власта има свои заменици во МВР и МТСП, додека опозицијата има свои заменици во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство.  