договор бектел и енка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-bektel-i-enka/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 09:00:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png договор бектел и енка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dogovor-bektel-i-enka/ 32 32 Власта даде 200 милиони евра за коридорите 8 и 10, а нема лопата фрлено – и таблата избледе https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-dade-200-milioni-evra-za-koridorite-8-i-10-a-nema-lopata-frleno-i-tablata-izblede/ Wed, 17 Jan 2024 08:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=733876

182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да биде почната некаква работа на терен. Осум месеци откако власта официјално ја отпочна изградбата на коридорите 8 и 10, на терен нема ништо. И таблата која ја поставија веќе избледе, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

200 милиони евра се уплатени однапред, а на терен не само што нема отпочнато изградба, туку нема ни експропријација, ниту пак проект, народски кажано една лопата не е фрлена, а 200 милиони веќе 8-ми месец се на сметката на изведувачот.Власта спроведе криминогена постапка, уште со надзорот, кој наместо реномирана фирма од областа на градежништвото е фабрика за долен веш. Со влада како СДС и ДУИ коридорите 8 и 10 никогаш не би биле довршени. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Власта даде 200 милиони евра за коридорите 8 и 10, а нема лопата фрлено – и таблата избледе appeared first on Република.

]]>

Дали Пендаровски го потпиша Договорот за „Бектел и Енка“ без да го види во целост? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-pendarovski-go-potpisha-dogovorot-za-bektel-i-enka-bez-da-go-vidi-vo-tselost/ Fri, 02 Jun 2023 12:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=647130

Откако вчера вицепремиерот Артан Груби напомена дека никој, освен Јавното обвинителство го нема добиено Договорот за изградба на коридорите, се поставува прашањето дали претседателот Стево го указот за прогласување на овие закони без во целост да ги прочита.

Во образоложението, шефот на државата рече дека по консултациите што ги направил со правните експерти се убедил во уставнота на законските содржини, па дури и за најспорниот за работни односи. за Пендаровски било доволно што во него ја немало формулацијата 60 часовна работна недела“.

„Република“ прашува како шефот на државата дали во законите има спорни делови кога Груби беше јасен дека секаде е пратена редактирана, односно со други зборови цензурирана верзија?

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-do-dksk-ne-e-dostaven-tseliot-dogovor-so-behtel-i-enka-poradi-klauzulata-za-doverlivost/

The post Дали Пендаровски го потпиша Договорот за „Бектел и Енка“ без да го види во целост? appeared first on Република.

]]>

Откако вчера вицепремиерот Артан Груби напомена дека никој, освен Јавното обвинителство го нема добиено Договорот за изградба на коридорите, се поставува прашањето дали претседателот Стево го указот за прогласување на овие закони без во целост да ги прочита. Во образоложението, шефот на државата рече дека по консултациите што ги направил со правните експерти се убедил во уставнота на законските содржини, па дури и за најспорниот за работни односи. за Пендаровски било доволно што во него ја немало формулацијата 60 часовна работна недела“. „Република“ прашува како шефот на државата дали во законите има спорни делови кога Груби беше јасен дека секаде е пратена редактирана, односно со други зборови цензурирана верзија? https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-do-dksk-ne-e-dostaven-tseliot-dogovor-so-behtel-i-enka-poradi-klauzulata-za-doverlivost/  

The post Дали Пендаровски го потпиша Договорот за „Бектел и Енка“ без да го види во целост? appeared first on Република.

]]>
Молк во Владата дека ќе плати 11 милиони евра за специјалисти за надзор со плата од 36.500 евра месечно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/molk-vo-vladata-deka-ke-plati-11-milioni-evra-za-spetsijalisti-za-nadzor-so-plata-od-36-500-evra-mesechno/ Mon, 29 May 2023 08:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=645590

Домазетот во владата Ковачевски и Груби ќе потрошат дополнителни 11 милиони за специјалисти со плата од 36.500 евра за надзор над коридорите.Според деловите од договорот помеѓу изведувачот и владата кои до ВМРО-ДПМНЕ ги доставија свиркачи може да се заклучи дека ќе бидат исплатени дополнителни 11 милиони евра за ангажирање на најмалку пет специјалисти за надзор за период од пет години со месечна плата од 36.500 евра,обвинува опозициската партија.

Домазетот Ковачевски и Груби се обврзале дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и Владата, кој што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите.ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток кажува дека изградбата нема да чини 1.3 милијарди. Првин власта се обврза на пенали од над 150 милиони евра, а сега секој ден излегуваат нови детали од договорот, со кој гледаме нови ставки кои ќе треба да бидат платени од буџетот.Дополнително на сето тоа, се става и сумата која ќе биде потрошена на покривање на експропријациите на недвижниот имот на трасата, што може да оди и до неколку стотина милиони евра.Домазетот во владата Ковачевски и Груби го прават грабежот на векот, и за тоа одговорност ќе има.

The post Молк во Владата дека ќе плати 11 милиони евра за специјалисти за надзор со плата од 36.500 евра месечно appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ по изгласувањето на законите за „Бектел и Енка“: Владата го девалвира Собранието и го користи за одобрување на криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-po-izglasuvaneto-na-zakonite-za-bektel-i-enka-vladata-go-devalvira-sobranieto-i-go-koristi-za-odobruvane-na-kriminalot/ Fri, 26 May 2023 15:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=645001

Владата на СДС и ДУИ го девалвира собранието и го користи за одобрување на криминалот и корупцијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ денеска со злоупотреба на европското знаменце и гласање на измените на седум закони повторно покажа дека работи на штета на граѓаните.

Со гласање на измените на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, пратениците на владејачкото мнозинство и коалицијата станаа директни учесници во криминалот и корупцијата на владата на СДС и ДУИ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/usvoeni-zakonite-za-bektel-i-enka-rabotnitsite-ke-rmbaat-po-70-chasa-vo-nedelata/

СДС и ДУИ работата само на штета на граѓаните. СДС и ДУИ се крајно безобразно и свесно се впушта во историски криминал.

Денеска цела јавност виде дека кога станува збор за криминал владата на СДС и ДУИ поддржана од цело владино мнозинство е спремна на се.

Стратешки интерес на владата на СДС и ДУИ е исклучиво криминалот, провизиите, тендерите и милионските бизниси, а не изградба на коридорите 8 и 10д.

Многу брзо од денес доаѓа казната од граѓаните, а потоа и одговорност.

The post ВМРО-ДПМНЕ по изгласувањето на законите за „Бектел и Енка“: Владата го девалвира Собранието и го користи за одобрување на криминалот appeared first on Република.

]]>

Владата на СДС и ДУИ го девалвира собранието и го користи за одобрување на криминалот и корупцијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ денеска со злоупотреба на европското знаменце и гласање на измените на седум закони повторно покажа дека работи на штета на граѓаните.
Со гласање на измените на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, пратениците на владејачкото мнозинство и коалицијата станаа директни учесници во криминалот и корупцијата на владата на СДС и ДУИ. https://republika.mk/vesti/makedonija/usvoeni-zakonite-za-bektel-i-enka-rabotnitsite-ke-rmbaat-po-70-chasa-vo-nedelata/ СДС и ДУИ работата само на штета на граѓаните. СДС и ДУИ се крајно безобразно и свесно се впушта во историски криминал.
Денеска цела јавност виде дека кога станува збор за криминал владата на СДС и ДУИ поддржана од цело владино мнозинство е спремна на се.
Стратешки интерес на владата на СДС и ДУИ е исклучиво криминалот, провизиите, тендерите и милионските бизниси, а не изградба на коридорите 8 и 10д. Многу брзо од денес доаѓа казната од граѓаните, а потоа и одговорност.

The post ВМРО-ДПМНЕ по изгласувањето на законите за „Бектел и Енка“: Владата го девалвира Собранието и го користи за одобрување на криминалот appeared first on Република.

]]>
Усвоени законите за „Бектел и Енка“: Работниците ќе „рмбаат“ по 70 часа во неделата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/usvoeni-zakonite-za-bektel-i-enka-rabotnitsite-ke-rmbaat-po-70-chasa-vo-nedelata/ Fri, 26 May 2023 14:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=644980

Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со  63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, сите по скратена постапка

Од Владата, по усвојувањето на законските измени поврзани со  изградбата на автопатите на коридороите 8 и 10д, во соопштение порачаа дека законските интервенции се за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес и ги истакнаа економските придобивки од реализацијата на планираните активности.

-Промената на законските решенија се однесува на доуредување на постоечките закони, со кои ќе се овозможи ефикасна и брза реализиција на стратешките проекти кои се однесуваат на изградба на патиштата, железничките пруги, гасоводи и други градби од национален интерес. Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој, што крајно значи и дополнителен импулс за развојот на вкупната економија.   Меѓу позначајните стратешките проекти е изградбата на Коридорите 8 и 10д, со кои како држава за прв пат, се поврзуваме кон запад и исток, се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас, истакнаа од Владата.

Со овие два коридора, потенцираат, прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас. За споредба, досега имавме пристап само до пристаништето во Солун. Трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите.

-Реализацијата на овој стратешки проект, во кој е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 procenti годишно во наредните пет години. Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа, стои во соопштението од владината прес-служба.

На денешната собраниска седница беа изгласани измени на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и на Законот за урбанистичко планирање, како и измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија

The post Усвоени законите за „Бектел и Енка“: Работниците ќе „рмбаат“ по 70 часа во неделата appeared first on Република.

]]>

Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со  63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, сите по скратена постапка Од Владата, по усвојувањето на законските измени поврзани со  изградбата на автопатите на коридороите 8 и 10д, во соопштение порачаа дека законските интервенции се за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес и ги истакнаа економските придобивки од реализацијата на планираните активности.  
-Промената на законските решенија се однесува на доуредување на постоечките закони, со кои ќе се овозможи ефикасна и брза реализиција на стратешките проекти кои се однесуваат на изградба на патиштата, железничките пруги, гасоводи и други градби од национален интерес. Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој, што крајно значи и дополнителен импулс за развојот на вкупната економија.   Меѓу позначајните стратешките проекти е изградбата на Коридорите 8 и 10д, со кои како држава за прв пат, се поврзуваме кон запад и исток, се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас, истакнаа од Владата.
Со овие два коридора, потенцираат, прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас. За споредба, досега имавме пристап само до пристаништето во Солун. Трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите.
-Реализацијата на овој стратешки проект, во кој е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 procenti годишно во наредните пет години. Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа, стои во соопштението од владината прес-служба.
На денешната собраниска седница беа изгласани измени на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и на Законот за урбанистичко планирање, како и измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија

The post Усвоени законите за „Бектел и Енка“: Работниците ќе „рмбаат“ по 70 часа во неделата appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-kolku-shto-mozheme-najbrzo-ke-go-zavrshime-razgleduvaneto-na-dogovorot-so-behtel-i-enka/ Thu, 25 May 2023 18:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=644694

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата.

Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.

Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите.

– Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.

Таа информираше дека договорот што им бил доставен има околу 200 страни и дека во него се предвидени сите обврски на државата.

На прашањето во кој дел би постапувала Антикорупциска, одговори дека за тоа ќе соопштат наскоро.

Сега не сакам да вадам делови, тоа ќе го кажеме во јавност. Не е само договорот што го разгледуваме туку и начинот на избор на надзорот, лиценците што ги има надзорот, фирмите што се ангажирани, свој коментар ќе дадеме и за законите, а исто така, особено внимание посветуваме и за земјиштето што ќе се експроприра затоа што е многу важно кога е купено тоа земјиште, рече Ивановска.

Во однос на временската рамка што ќе им биде потребна, Ивановска не посочи конкретен рок.

Овој предмет на сите ни тежи, нас најмногу затоа што од нас се очекува да кажеме што сме прочитале. Навистина даваме сѐ од себе за да можеме нешто да постигнеме плус. Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме, истакна Ивановска.

Доколку утврдат дека постоела некаква злоупотреба или дека ќе има негативни реперкусии кон државата, следниот чекор, како што посочи, би бил иницијатива до Јавното Обвинителство.

И таму е предметот отворен. Во меѓувреме се видов со јавниот обвинител и се договоривме дека би било добро да видиме кој до каде е и да ги стегнеме силите заеднички за ја истераме целата работа, рече таа.

Во врска со одлуката на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, за прекин на работата на администрацијата како привремена мерка за заштита на вработените поради инцидентот што се случи на 23 мај кога градоначалникот добил закани по живот од 69-годишен жител на Арачиново, таа рече оти тоа е резултат на партиски нерасчистени сметки.

Дали во општината треба да важат законите што се однесуваат за локалната самоуправа или некакви правила на партијата. Ова е по мене страшен сигнал, рече таа.

The post Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата.
Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.
Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите.
– Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.
Таа информираше дека договорот што им бил доставен има околу 200 страни и дека во него се предвидени сите обврски на државата. На прашањето во кој дел би постапувала Антикорупциска, одговори дека за тоа ќе соопштат наскоро.