Додик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dodik/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 08:17:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Додик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dodik/ 32 32 Додик со остар одговор кон Лондон: Тие држат лекции за отцепување, а ги имаат Шкотска и Ирска кои сакаат да излезат од Кралството! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-so-ostar-odgovor-kon-london-tie-drzhat-lektsii-za-ottsepuvane-a-gi-imaat-shkotska-i-irska-koi-sakaat-da-izlezat-od-kralstvoto/ Wed, 13 Mar 2024 08:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=754255

Ако некој има сецесионистички движења во својата земја, тогаш тоа е Велика Британија, која ги има многу, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

- И сега ни раскажуваат приказна од нивните стари царски времиња. Тоа време помина, но тие се уште не сфатиле - изјави Додик.

Претседателот на Српска изјави дека Британците на тој план ги имаат Шкотска, Ирска и секакви работи и посочи дека нема план за отцепување на Српска, но дека Британците се забавуваат околу тоа прашање, пренесе РТРС.

Комисијата за меѓународни односи и одбрана на Домот на лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство испрати писмо до британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, во кое меѓу другото Џеси Бартон Хронешова од Лондонскиот колеџ наведува дека „преземени се чекори за правно отцепување на Српска“.

https://www.youtube.com/watch?v=hErE8KwDBs4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Додик со остар одговор кон Лондон: Тие држат лекции за отцепување, а ги имаат Шкотска и Ирска кои сакаат да излезат од Кралството! appeared first on Република.

]]>

Ако некој има сецесионистички движења во својата земја, тогаш тоа е Велика Британија, која ги има многу, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик. - И сега ни раскажуваат приказна од нивните стари царски времиња. Тоа време помина, но тие се уште не сфатиле - изјави Додик. Претседателот на Српска изјави дека Британците на тој план ги имаат Шкотска, Ирска и секакви работи и посочи дека нема план за отцепување на Српска, но дека Британците се забавуваат околу тоа прашање, пренесе РТРС. Комисијата за меѓународни односи и одбрана на Домот на лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство испрати писмо до британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, во кое меѓу другото Џеси Бартон Хронешова од Лондонскиот колеџ наведува дека „преземени се чекори за правно отцепување на Српска“. https://www.youtube.com/watch?v=hErE8KwDBs4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Додик со остар одговор кон Лондон: Тие држат лекции за отцепување, а ги имаат Шкотска и Ирска кои сакаат да излезат од Кралството! appeared first on Република.

]]>
Додик се сретна со Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-se-sretna-so-putin/ Wed, 21 Feb 2024 14:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=746617

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска (РС) Милорад Додик, кој е на листата на санкции на САД и Велика Британија, на 21 февруари се сретна со претседателот на Русија Владимир Путин во Република Татарстан, која е дел од Руската Федерација, јавува Радио-телевизијата на Република Српска (РТРС).

Како што е соопштено од јавниот сервис, Додик му рекол на Путин дека Република Српска одбива да се приклучи на западните санкции против Русија и оти не сака да влезе во НАТО.

Ги потврдуваме добрите односи што Република Српска ги има и ги негува кон руската држава и кон вас. Она што го правиме во сегашните околности е дека отфрламе секаква можност за приклучување на западните санкции против Русија“, рекол Додик.

Новинската агенција Срна пренесува дека Путин рекол оти посетата на Додик ќе биде „корисна“, и дека му е благодарен што одржува редовни контакти.

Редовно не посетуваат претставници на раководството на Република Српска. Ние соработуваме со вас на различни полиња. Сигурен сум дека и оваа ваша посета ќе биде корисна и дека ќе успееме да го искористиме времето за да разговараме за билатералните односи во низа области“, рекол Путин.

На почетокот на средбата Путин најави дека има намера да разговара со Додик за билатералните односи, за ситуацијата во Република Српска и посочи дека „Русија знае дека ситуацијата не е едноставна“.

The post Додик се сретна со Путин appeared first on Република.

]]>

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска (РС) Милорад Додик, кој е на листата на санкции на САД и Велика Британија, на 21 февруари се сретна со претседателот на Русија Владимир Путин во Република Татарстан, која е дел од Руската Федерација, јавува Радио-телевизијата на Република Српска (РТРС). Како што е соопштено од јавниот сервис, Додик му рекол на Путин дека Република Српска одбива да се приклучи на западните санкции против Русија и оти не сака да влезе во НАТО.
Ги потврдуваме добрите односи што Република Српска ги има и ги негува кон руската држава и кон вас. Она што го правиме во сегашните околности е дека отфрламе секаква можност за приклучување на западните санкции против Русија“, рекол Додик.
Новинската агенција Срна пренесува дека Путин рекол оти посетата на Додик ќе биде „корисна“, и дека му е благодарен што одржува редовни контакти.
Редовно не посетуваат претставници на раководството на Република Српска. Ние соработуваме со вас на различни полиња. Сигурен сум дека и оваа ваша посета ќе биде корисна и дека ќе успееме да го искористиме времето за да разговараме за билатералните односи во низа области“, рекол Путин.
На почетокот на средбата Путин најави дека има намера да разговара со Додик за билатералните односи, за ситуацијата во Република Српска и посочи дека „Русија знае дека ситуацијата не е едноставна“.

The post Додик се сретна со Путин appeared first on Република.

]]>
Обвинителството на БиХ предложи на Додик да му се забрани вршење на должноста претседател на РС https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obvinitelstvoto-na-bih-predlozhi-na-dodik-da-mu-se-zabrani-vrshene-na-dolzhnosta-pretsedatel-na-rs/ Wed, 13 Sep 2023 15:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=681661

- Во обвинението против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и вршителот на должноста директор на Службениот гласник на Република Српска, Милош Лукиќ, Обвинителството на Босна и Херцеговина предложи тие да добијат забрана за вршење на функцијата во период од десет години, пренeсе Бета.

„На осомничените треба да им се изрече забрана за вршење на функцијата, и тоа на осомничениот Милорад Додик, престанок на функцијата претседател на Република Српска, а на осомничениот Милош Лукиќ престанок на функцијата директор на Јавната установа, Службен весник на Република Српска за период од десет години“, се наведува во предлогот поднесен од Обвинителството на Босна и Херцеговина испратен до Судот на Босна и Херцеговина.

Во понеделникот, на 11 септември, Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението против Милорад Додик и Милош Лукиќ, кои се товарат за кривично дело неизвршување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

The post Обвинителството на БиХ предложи на Додик да му се забрани вршење на должноста претседател на РС appeared first on Република.

]]>

- Во обвинението против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и вршителот на должноста директор на Службениот гласник на Република Српска, Милош Лукиќ, Обвинителството на Босна и Херцеговина предложи тие да добијат забрана за вршење на функцијата во период од десет години, пренeсе Бета. „На осомничените треба да им се изрече забрана за вршење на функцијата, и тоа на осомничениот Милорад Додик, престанок на функцијата претседател на Република Српска, а на осомничениот Милош Лукиќ престанок на функцијата директор на Јавната установа, Службен весник на Република Српска за период од десет години“, се наведува во предлогот поднесен од Обвинителството на Босна и Херцеговина испратен до Судот на Босна и Херцеговина. Во понеделникот, на 11 септември, Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението против Милорад Додик и Милош Лукиќ, кои се товарат за кривично дело неизвршување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

The post Обвинителството на БиХ предложи на Додик да му се забрани вршење на должноста претседател на РС appeared first on Република.

]]>
Милорад Додик тврди дека Босна и Херцеговина нема суверенитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milorad-dodik-tvrdi-deka-bosna-i-hertsegovina-nema-suverenitet/ Wed, 09 Aug 2023 13:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=670446

Водачот на босанските Срби, Милорад Додик, во средата уште еднаш ја доведе во прашање државноста на Босна и Херцеговина, тврдејќи дека таа е држава колку да се рече затоа што нема вистински суверенитет, туку им припаѓа на ентитетите во неа.

Во објава на социјалната мрежа „Х“ (Твитер), Додик тврди дека суверенитетот им припаѓа на ентитетите и дека БиХ има „ограничен внатрешен суверенитет“ кој, според неговата интерпретација се сведува на десет овластувања изричито наведени во уставот, кој е составен дел на Дејтонскиот договор.

Да повториме: ентитетите се држави, а Босна и Херцеговина како заедница на два ентитета е само „колку-толку држава““, напиша Додик.

Како доказ за овие тврдења тој ја понуди изјавата дека Република Српска со години ги испраќа своите извештаи за состојбата во БиХ до Советот за безбедност на ОН во исто време со високиот претставник на меѓународната заедница, што, како што истакна, „политичкото Сараево не успеа да го спречи“.

Со оваа објава Додик всушност ја продолжи полемиката која со денови ја води со членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ. и кој во низа јавни изјави потсетува дека во Дејтонскиот договор се пишува јасно и дека на тоа не можат да влијаат различните толкувања кои се обидуваат да го намалат значењето на државата.

„Суверенитетот на државата Босна и Херцеговина е јасно и прецизно определен со Дејтонскиот договор и уставот на БиХ. Суверенитетот не се стекнува преку Твитер и други објави на политички функционери. Тој несомнено и припаѓа само на државата БиХ“, Беќировиќ рече во вторникот.

 

The post Милорад Додик тврди дека Босна и Херцеговина нема суверенитет appeared first on Република.

]]>

Водачот на босанските Срби, Милорад Додик, во средата уште еднаш ја доведе во прашање државноста на Босна и Херцеговина, тврдејќи дека таа е држава колку да се рече затоа што нема вистински суверенитет, туку им припаѓа на ентитетите во неа. Во објава на социјалната мрежа „Х“ (Твитер), Додик тврди дека суверенитетот им припаѓа на ентитетите и дека БиХ има „ограничен внатрешен суверенитет“ кој, според неговата интерпретација се сведува на десет овластувања изричито наведени во уставот, кој е составен дел на Дејтонскиот договор. Да повториме: ентитетите се држави, а Босна и Херцеговина како заедница на два ентитета е само „колку-толку држава““, напиша Додик. Како доказ за овие тврдења тој ја понуди изјавата дека Република Српска со години ги испраќа своите извештаи за состојбата во БиХ до Советот за безбедност на ОН во исто време со високиот претставник на меѓународната заедница, што, како што истакна, „политичкото Сараево не успеа да го спречи“. Со оваа објава Додик всушност ја продолжи полемиката која со денови ја води со членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ. и кој во низа јавни изјави потсетува дека во Дејтонскиот договор се пишува јасно и дека на тоа не можат да влијаат различните толкувања кои се обидуваат да го намалат значењето на државата. „Суверенитетот на државата Босна и Херцеговина е јасно и прецизно определен со Дејтонскиот договор и уставот на БиХ. Суверенитетот не се стекнува преку Твитер и други објави на политички функционери. Тој несомнено и припаѓа само на државата БиХ“, Беќировиќ рече во вторникот.  

The post Милорад Додик тврди дека Босна и Херцеговина нема суверенитет appeared first on Република.

]]>
Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-sad-ne-gi-biraa-funktsionerite-na-rs-nema-ni-da-gi-menuvaat/ Tue, 01 Aug 2023 07:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=667449

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“.

„САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на „црната листа“.

Додик го нарече „непотребно“ воведувањето американски санкции за српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, премиерот на РС Радован Вишковиќ, претседателот на Националното собрание Ненад Стевандиќ и министерот за правда на РС, Милош Букејловиќ.

„Санкциите ја покажуваат и немоќта на една голема глобална сила како што се САД. Без разлика на се, тие сакаат да ја санкционираат оваа нација, бидејќи ние сме претставници на народот. Тие сакаат да не сменат, да дојде некој што ќе молчи, ќе клима со глава и ќе одобрува“, рече Додик.

Како што пренесе Радио-телевизија РС (РТРС), тој вели дека Република Српска нема да се откаже од својата политика и дека „не се загрижени за овие санкции“.

САД воведоа санкции за Цвијановиќ, Вишковиќ, Букејловиќ и Стевандиќ, бидејќи, како што е соопштено, „овие политичари се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното собрание на РС, со кој се одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина се прогласуваат за неприменливи во РС, а со тоа се попречува и загрозува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор“.

САД досега два пати го ставија Додик на својата „црна листа“

The post Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“.
„САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на „црната листа“.
Додик го нарече „непотребно“ воведувањето американски санкции за српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, премиерот на РС Радован Вишковиќ, претседателот на Националното собрание Ненад Стевандиќ и министерот за правда на РС, Милош Букејловиќ.
„Санкциите ја покажуваат и немоќта на една голема глобална сила како што се САД. Без разлика на се, тие сакаат да ја санкционираат оваа нација, бидејќи ние сме претставници на народот. Тие сакаат да не сменат, да дојде некој што ќе молчи, ќе клима со глава и ќе одобрува“, рече Додик.
Како што пренесе Радио-телевизија РС (РТРС), тој вели дека Република Српска нема да се откаже од својата политика и дека „не се загрижени за овие санкции“. САД воведоа санкции за Цвијановиќ, Вишковиќ, Букејловиќ и Стевандиќ, бидејќи, како што е соопштено, „овие политичари се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното собрание на РС, со кој се одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина се прогласуваат за неприменливи во РС, а со тоа се попречува и загрозува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор“. САД досега два пати го ставија Додик на својата „црна листа“

The post Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат appeared first on Република.

]]>
Додик без надзор летал над половина Хрватска со хеликоптер на српско МВР, прекршени се сите процедури https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-bez-nadzor-letal-nad-polovina-hrvatska-so-helikopter-na-srpsko-mvr-prekrsheni-se-site-protseduri/ Fri, 28 Jul 2023 06:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=666131

Хеликоптерот на српското Министерство за внатрешни работи, со регистарски број YU-VIP F-WWOC, со кој претседателот на Република Српска Милорад Додик во вторникот слетал на Хвар, влегол во Хрватска како обично цивилно летало, пишува Јутарњи лист.

Ова произлегува од одговорот на Хрватската контрола на летање (ХКЗП) до Јутарњи лист, во кој се наведува дека „планот на летот за наведениот лет е доставен до хрватската контрола на летање од страна на АРО (Канцеларија за известување АТС) на аеродромот во Бања Лука“. Во планот на летот, во колоната предвидена за тоа не бил наведен посебен статус на летот“.

Тоа значи дека официјалните органи на Република Српска и Србија целосно ги измамиле официјалните органи на Република Хрватска и ги прекршиле сите важечки дипломатски протоколи бидејќи леталото го пријавиле како цивилно.

Во одговорот на ХКЗП се наведува и дека „податоците од планот за летање не содржат информации за идентитетот на патниците и затоа ХКЗП немала информации за тоа кој се наоѓа во хеликоптерот“. За разлика од нив, хрватските безбедносни служби знаеле кој доаѓа на Хвар со овој хеликоптер. Весникот наведува дека неколку дена претходно од Кабинетот на претседателот ја известиле полицијата дека во Хрватска доаѓа хеликоптер со пет патници, а нивните имиња биле препратени на гранична контрола. А полицијата претходно била известена дека Додик ќе биде придружуван од неговото обезбедување, кое со себе има лично оружје, што било одлучено по вообичаениот протокол.

Пречекот на патниците на хелиодромот на Хвар го презеле вработени во Управата за безбедносни работи на МВР, кои со своите автомобили ги превезувале гостите до претседателската резиденција. Затоа, неверојатно звучат зборовите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека не знаел дека Додик дошол на Хвар додека на интернет не видел дека Александар Вучиќ рекол дека дошол со хеликоптер од Република Србија.

Најголемо безбедносно нарушување во овој случај е влегувањето на хеликоптерот на МВР на Србија во хрватскиот воздушен простор, кој практично без надзор прелета над половина Хрватска. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман вчера потврди дека се прекршени сите процедури, велејќи дека „Министерството за надворешни работи немало информации за доаѓањето на Милорад Додик во Хрватска и неговата средба со претседателот Зоран Милановиќ“. Вообичаен начин е да се извести Министерството за надворешни работи, да се испрати дипломатска нота. Затоа, претседателот на државата се согласи на тоа“.

Од кабинетот на Милановиќ денеска соопштија дека МВР било информирано за пристигнувањето на Додик на Хвар и дека тешко веројатно дека за тоа не бил запознаен ниту премиерот Андреј Пленковиќ, кој претходно изјави дека не знаел дека Милановиќ и Додик ќе одржат средба во Хрватска.

The post Додик без надзор летал над половина Хрватска со хеликоптер на српско МВР, прекршени се сите процедури appeared first on Република.

]]>

Хеликоптерот на српското Министерство за внатрешни работи, со регистарски број YU-VIP F-WWOC, со кој претседателот на Република Српска Милорад Додик во вторникот слетал на Хвар, влегол во Хрватска како обично цивилно летало, пишува Јутарњи лист. Ова произлегува од одговорот на Хрватската контрола на летање (ХКЗП) до Јутарњи лист, во кој се наведува дека „планот на летот за наведениот лет е доставен до хрватската контрола на летање од страна на АРО (Канцеларија за известување АТС) на аеродромот во Бања Лука“. Во планот на летот, во колоната предвидена за тоа не бил наведен посебен статус на летот“. Тоа значи дека официјалните органи на Република Српска и Србија целосно ги измамиле официјалните органи на Република Хрватска и ги прекршиле сите важечки дипломатски протоколи бидејќи леталото го пријавиле како цивилно. Во одговорот на ХКЗП се наведува и дека „податоците од планот за летање не содржат информации за идентитетот на патниците и затоа ХКЗП немала информации за тоа кој се наоѓа во хеликоптерот“. За разлика од нив, хрватските безбедносни служби знаеле кој доаѓа на Хвар со овој хеликоптер. Весникот наведува дека неколку дена претходно од Кабинетот на претседателот ја известиле полицијата дека во Хрватска доаѓа хеликоптер со пет патници, а нивните имиња биле препратени на гранична контрола. А полицијата претходно била известена дека Додик ќе биде придружуван од неговото обезбедување, кое со себе има лично оружје, што било одлучено по вообичаениот протокол. Пречекот на патниците на хелиодромот на Хвар го презеле вработени во Управата за безбедносни работи на МВР, кои со своите автомобили ги превезувале гостите до претседателската резиденција. Затоа, неверојатно звучат зборовите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека не знаел дека Додик дошол на Хвар додека на интернет не видел дека Александар Вучиќ рекол дека дошол со хеликоптер од Република Србија. Најголемо безбедносно нарушување во овој случај е влегувањето на хеликоптерот на МВР на Србија во хрватскиот воздушен простор, кој практично без надзор прелета над половина Хрватска. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман вчера потврди дека се прекршени сите процедури, велејќи дека „Министерството за надворешни работи немало информации за доаѓањето на Милорад Додик во Хрватска и неговата средба со претседателот Зоран Милановиќ“. Вообичаен начин е да се извести Министерството за надворешни работи, да се испрати дипломатска нота. Затоа, претседателот на државата се согласи на тоа“. Од кабинетот на Милановиќ денеска соопштија дека МВР било информирано за пристигнувањето на Додик на Хвар и дека тешко веројатно дека за тоа не бил запознаен ниту премиерот Андреј Пленковиќ, кој претходно изјави дека не знаел дека Милановиќ и Додик ќе одржат средба во Хрватска.

The post Додик без надзор летал над половина Хрватска со хеликоптер на српско МВР, прекршени се сите процедури appeared first on Република.

]]>
Додик го потпиша спорниот закон, сега би можел кривично да одговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-go-potpisha-sporniot-zakon-sega-bi-mozhel-krivichno-da-odgovara/ Fri, 07 Jul 2023 13:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=658991

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на законот, што претходно беше поништен од високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Од Кабинетот на Додик потврдија дека тој го потпишал законот, според кој одлуките на високиот претставник нема да се објавуваат во Службен весник на РС, ниту да се спроведуваат.

Но, Шмит го поништи тој закон на 1 јули, а во исто време одлучи дека секој обид за спроведување на тој закон ќе стане кривично дело, за што е предвидена долгогодишна затворска казна.

Со формалното објавување на спорниот закон, Додик сега е потенцијален обвинет за кривично дело дефинирано како „неизвршување на одлуките на високиот претставник“. Доколку би бил осуден, тоа би значело автоматска забрана за вршење на сегашната функција

The post Додик го потпиша спорниот закон, сега би можел кривично да одговара appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на законот, што претходно беше поништен од високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. Од Кабинетот на Додик потврдија дека тој го потпишал законот, според кој одлуките на високиот претставник нема да се објавуваат во Службен весник на РС, ниту да се спроведуваат. Но, Шмит го поништи тој закон на 1 јули, а во исто време одлучи дека секој обид за спроведување на тој закон ќе стане кривично дело, за што е предвидена долгогодишна затворска казна. Со формалното објавување на спорниот закон, Додик сега е потенцијален обвинет за кривично дело дефинирано како „неизвршување на одлуките на високиот претставник“. Доколку би бил осуден, тоа би значело автоматска забрана за вршење на сегашната функција

The post Додик го потпиша спорниот закон, сега би можел кривично да одговара appeared first on Република.

]]>
Обвинителството на БиХ формира предмет против Додик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obvinitelstvoto-na-bih-formira-predmet-protiv-dodik/ Thu, 06 Jul 2023 20:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=658762

Обвинителството на Босна и Херцеговина формира предмет против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој минатата недела поднесе кривична пријава против себе за усвојување на Законот за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во Република Српска.

Додик, зборувајќи за пријавата против себе и неговите соработници, рече дека се одлучил на тој чекор бидејќи никој од Федерацијата БиХ не го пријавил, пренесува порталот „Независни новини“, а Обвинителството на БиХ соопшти дека немало други пријави кои се однесуваат на наведеното, освен онаа на Додик.

Од претходно, во работењето има повеќе предмети во кои Додик Милорад е во својство на пријавен или осомничен за различни кривични дела, соопшти Обвинителството на БиХ

The post Обвинителството на БиХ формира предмет против Додик appeared first on Република.

]]>

Обвинителството на Босна и Херцеговина формира предмет против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој минатата недела поднесе кривична пријава против себе за усвојување на Законот за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во Република Српска. Додик, зборувајќи за пријавата против себе и неговите соработници, рече дека се одлучил на тој чекор бидејќи никој од Федерацијата БиХ не го пријавил, пренесува порталот „Независни новини“, а Обвинителството на БиХ соопшти дека немало други пријави кои се однесуваат на наведеното, освен онаа на Додик.
Од претходно, во работењето има повеќе предмети во кои Додик Милорад е во својство на пријавен или осомничен за различни кривични дела, соопшти Обвинителството на БиХ

The post Обвинителството на БиХ формира предмет против Додик appeared first on Република.

]]>
Додик: ЕУ ме потсетува на бордел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-eu-me-potsetuva-na-bordel/ Tue, 21 Feb 2023 13:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=611520

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, ја спореди Европската унија со бордел, тврдејќи дека таа има лоши намери кон Босна и Херцеговина и нејзините ентитети.

ЕУ ме потсетува на бордел каде што се плаќа за проституција“, им рече Додик на новинарите во Бања Лука откако се сретна со членовите на цивилната заштита на ентитетот кои учествуваа во операцијата за спасување на жртвите од земјотресот во Турција.

Тоа беше коментарот на Додик на претходното појаснување од ЕУ дека БиХ ќе добие отштета од европските фондови во висина од 75 отсто од трошоците што ги направиле тимовите за пребарување и спасување за време на нивниот престој во Турција, доколку бидат испратени таму врз основа на одлуката на Советот на Министрите на БиХ, односно државата.

Министерскиот совет на БиХ никогаш не донел таква одлука, па субјектите самостојно испратиле свои тимови во Турција, а сите тие трошоци сега ќе ги плаќаат даночните обврзници. Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, претходно изрази жалење за овој факт, истакнувајќи дека Советот на министри паднал на првиот испит поради овој пропуст, пренесуваат медиумите.

Додик, од друга страна, рече дека не му требаат пари од ЕУ и дека отфрла каков било обид тимовите за цивилна заштита од РС да настапуваат под знамето на државата Босна и Херцеговина, која ја нарече „ фарса“.

Не треба да и верувате на ЕУ, рече Додик, тврдејќи дека Унијата секогаш има скриени намери и сега се обидува да ја централизира Босна и Херцеговина.

The post Додик: ЕУ ме потсетува на бордел appeared first on Република.

]]>

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, ја спореди Европската унија со бордел, тврдејќи дека таа има лоши намери кон Босна и Херцеговина и нејзините ентитети.
ЕУ ме потсетува на бордел каде што се плаќа за проституција“, им рече Додик на новинарите во Бања Лука откако се сретна со членовите на цивилната заштита на ентитетот кои учествуваа во операцијата за спасување на жртвите од земјотресот во Турција.
Тоа беше коментарот на Додик на претходното појаснување од ЕУ дека БиХ ќе добие отштета од европските фондови во висина од 75 отсто од трошоците што ги направиле тимовите за пребарување и спасување за време на нивниот престој во Турција, доколку бидат испратени таму врз основа на одлуката на Советот на Министрите на БиХ, односно државата. Министерскиот совет на БиХ никогаш не донел таква одлука, па субјектите самостојно испратиле свои тимови во Турција, а сите тие трошоци сега ќе ги плаќаат даночните обврзници. Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, претходно изрази жалење за овој факт, истакнувајќи дека Советот на министри паднал на првиот испит поради овој пропуст, пренесуваат медиумите. Додик, од друга страна, рече дека не му требаат пари од ЕУ и дека отфрла каков било обид тимовите за цивилна заштита од РС да настапуваат под знамето на државата Босна и Херцеговина, која ја нарече „ фарса“.
Не треба да и верувате на ЕУ, рече Додик, тврдејќи дека Унијата секогаш има скриени намери и сега се обидува да ја централизира Босна и Херцеговина.

The post Додик: ЕУ ме потсетува на бордел appeared first on Република.

]]>
Додик: Не ја сакам БиХ, Република Српска мора да стане независна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-ne-ja-sakam-bih-republika-srpska-mora-da-stane-nezavisna-drzhava/ Fri, 03 Feb 2023 13:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=604347

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повторно потврди дека сака српскиот ентитет во Босна и Херцеговина да стана независна држава во интервјуто за руската меѓународна телевизија Russia Today (RT).

„Јас (БиХ) не ја сакам, не сум подготвен да војувам но ќе бидам задоволен, доколку не успеам во својот политички или биолошки живот да создадам ситуација Република Српска да се придвижи кон статусот независна држава, да оставам зад себе генерација политичари кои ќе се борат Република Српска да биде независна држава“, рече Додик за каналот RT Balkans во емисијата „Релативизација“ која ја води Лилјана Смајловиќ, поранешна главна уредничка на белградскиот дневен весник Политика.

Тезата на Додик е дека на Балканот ништо не е завршено и дека прашањето на границите сѐ уште е отворено, па затоа, како што сугерира, останува отворена можноста и за обединување на Република Српска со Србија.

Додаде дека е воспитуван на приказните за усташите кои неговите предци ги носеле по концентрациониот логор во кој се погубени илјадници српски, еврејски, ромски па и хрватски жртви Јасеновац во Втората светска војна во тогашната Независна држава Хрватска, сојузничка на нацистичка Германија на Адолф Хитлер. Вели дека поради тоа стекнал свест дека треба да постои Република Српска, којашто ја опишува како највисок национален интерес на Србија.

Коментирајќи ги тензичните односи меѓу Србија и нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија каде што албанското мнозинство со поддршка на Западот во 2008 година еднострано прогласи независност на Република Косово, рече дека е нужно е полната косовска независност да содржи елемент каков што е денес Република Српска во БиХ.

„Ако сте се согласиле на Заедницата на српски општини, тогаш тоа е тоа“, рече Додик.

Очекувањата дека ќе се промени ги нарече „ненормални“ и најави дека ќе продолжи да дава отпор на политиката на Западот, а особено на САД за коишто тврди дека исклучиво им одат во прилог на интересите на Бошњаците во БиХ.

На прашањето како тоа има добри односи со сегашниот политички врв на босанскохерцеговските Хрвати, Додик одговори со тврдењето дека Хрватите и Србите во БиХ денес имаат ист однос кон оваа земја, бидејќи се променила ситуацијата каква што преовладувала во времето кога претседател на Хрватска во 1990-те години беше Фрањо Туѓман.

Хрватите во БиХ, Додик ги гледа како „жртви на самостојноста на Хрватска“, па сугерира дека на Туѓман му било важно единствено да носи одлуки важно за јакнење на хрватската независност, што вклучувало сојузништво со Бошњаците во борбата против Србите.

„Мене ми беше важно да се одржат конститутивноста и правата на Хрватите, бидејќи со тоа всушност се бранат правата на Србите“, додаде Додик.

The post Додик: Не ја сакам БиХ, Република Српска мора да стане независна држава appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повторно потврди дека сака српскиот ентитет во Босна и Херцеговина да стана независна држава во интервјуто за руската меѓународна телевизија Russia Today (RT). „Јас (БиХ) не ја сакам, не сум подготвен да војувам но ќе бидам задоволен, доколку не успеам во својот политички или биолошки живот да создадам ситуација Република Српска да се придвижи кон статусот независна држава, да оставам зад себе генерација политичари кои ќе се борат Република Српска да биде независна држава“, рече Додик за каналот RT Balkans во емисијата „Релативизација“ која ја води Лилјана Смајловиќ, поранешна главна уредничка на белградскиот дневен весник Политика. Тезата на Додик е дека на Балканот ништо не е завршено и дека прашањето на границите сѐ уште е отворено, па затоа, како што сугерира, останува отворена можноста и за обединување на Република Српска со Србија. Додаде дека е воспитуван на приказните за усташите кои неговите предци ги носеле по концентрациониот логор во кој се погубени илјадници српски, еврејски, ромски па и хрватски жртви Јасеновац во Втората светска војна во тогашната Независна држава Хрватска, сојузничка на нацистичка Германија на Адолф Хитлер. Вели дека поради тоа стекнал свест дека треба да постои Република Српска, којашто ја опишува како највисок национален интерес на Србија. Коментирајќи ги тензичните односи меѓу Србија и нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија каде што албанското мнозинство со поддршка на Западот во 2008 година еднострано прогласи независност на Република Косово, рече дека е нужно е полната косовска независност да содржи елемент каков што е денес Република Српска во БиХ. „Ако сте се согласиле на Заедницата на српски општини, тогаш тоа е тоа“, рече Додик. Очекувањата дека ќе се промени ги нарече „ненормални“ и најави дека ќе продолжи да дава отпор на политиката на Западот, а особено на САД за коишто тврди дека исклучиво им одат во прилог на интересите на Бошњаците во БиХ. На прашањето како тоа има добри односи со сегашниот политички врв на босанскохерцеговските Хрвати, Додик одговори со тврдењето дека Хрватите и Србите во БиХ денес имаат ист однос кон оваа земја, бидејќи се променила ситуацијата каква што преовладувала во времето кога претседател на Хрватска во 1990-те години беше Фрањо Туѓман. Хрватите во БиХ, Додик ги гледа како „жртви на самостојноста на Хрватска“, па сугерира дека на Туѓман му било важно единствено да носи одлуки важно за јакнење на хрватската независност, што вклучувало сојузништво со Бошњаците во борбата против Србите. „Мене ми беше важно да се одржат конститутивноста и правата на Хрватите, бидејќи со тоа всушност се бранат правата на Србите“, додаде Додик.

The post Додик: Не ја сакам БиХ, Република Српска мора да стане независна држава appeared first on Република.

]]>
Додик положи заклетва https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-polozi-zakletva/ Tue, 15 Nov 2022 20:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=574203

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска.

Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир

Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик.

Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ.

Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот.

Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

The post Додик положи заклетва appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска. Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик. Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ. Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот. Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

The post Додик положи заклетва appeared first on Република.

]]>