доделување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dodeluvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Mar 2022 14:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доделување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dodeluvanje/ 32 32 Ова признание го примам во свое и во име на моите колешки и колеги кои веќе не се меѓу нас, рече доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова која е одликувана со Орден за заслуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ova-priznanie-go-primam-vo-svoe-i-vo-ime-na-moite-koleshki-i-kolegi-koi-vekje-ne-se-megju-nas-reche-doajenkata-na-makedonskoto-glumishte-milica-stojanova-koja-e-odlikuvana-so-orden-za-zaslugi/ Fri, 25 Mar 2022 14:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=478428

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија денеска ги одликува Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги за Македонија и го додели признанието Повелба на Македонија на Факултетот за Драмски уметности, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар.

Доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова (90) се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот фундаментален придонес во основачките процеси на македонскиот театар, како и за воспоставување иновативни методи, високи критериуми и за нивен развој во современото актерско мајсторство и за афирмација на македонскиот театар и на македонскиот филм на национално и на меѓународно ниво.

Огромна е честа што ни ја укажува претседателот Пендаровски. Ова признание го примам во свое име, како и во име на моите колешки и колеги и оние кои веќе не се меѓу нас, а придонеле за резултите, рече македонската театарска, филмска и телевизиска актерка, заблагодарувајќи се.

Стојанова во својата богата и исполнета кариерра работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.

Ефтимова се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот исклучителен и траен придонес во развојот на оперското пеење, со што придонесе за афирмација на македонската оперска уметност на национално и на меѓународно ниво, како и за посветената и значајна педагошка активност.

Многумина заслужуваат да бидат спомнати и тие се дел од ова призниние, рече Евтимова, заблагодарувајќи им на своите студенти, професори, пријатели кои и помогнале во нејзината кариера.

Вангеловска се одликува со Орден за заслуги за нејзините постигнати највисоки резултати во кошарката на домашен и на меѓународен план како играч и како тренер, како исклучителен придонес во македонската кошарка и на македонскиот спорт, воопшто.

Чест е денеска да се биде со храбри и силни жени, доајени во нивните професии. Тежок е патот кон успехот, полн со предизвици. Бара многу вложување, но пред се голема дисциплина и одговорност. Во својата долгогодишна кариера освоив се што можеше да се освои, постигнав врвни резлтати, рече Вангеловска.

На Факултетот за Драмски уметности се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и на филмската уметност, како и на драмското творештво преку педагошка дејност и преку автономна и автохтона театарска и филмска едукација.

На Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се доделува признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата.

На Националната установа Турски театар се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 70-годишното постоење и за особени постигнувања на полето на театарската уметност и за нејзина афирмација и популаризација, како во земјата така и во странство.

Радост е, но истовремно и голема чест да се оддаде признание на личности и институции кои ги претставуваат 'рбетот, обрзот и честа на вашата работа, рече претседателот Пендаровски.

The post Ова признание го примам во свое и во име на моите колешки и колеги кои веќе не се меѓу нас, рече доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова која е одликувана со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија денеска ги одликува Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги за Македонија и го додели признанието Повелба на Македонија на Факултетот за Драмски уметности, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар. Доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова (90) се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот фундаментален придонес во основачките процеси на македонскиот театар, како и за воспоставување иновативни методи, високи критериуми и за нивен развој во современото актерско мајсторство и за афирмација на македонскиот театар и на македонскиот филм на национално и на меѓународно ниво.
Огромна е честа што ни ја укажува претседателот Пендаровски. Ова признание го примам во свое име, како и во име на моите колешки и колеги и оние кои веќе не се меѓу нас, а придонеле за резултите, рече македонската театарска, филмска и телевизиска актерка, заблагодарувајќи се.
Стојанова во својата богата и исполнета кариерра работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје. Ефтимова се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот исклучителен и траен придонес во развојот на оперското пеење, со што придонесе за афирмација на македонската оперска уметност на национално и на меѓународно ниво, како и за посветената и значајна педагошка активност.
Многумина заслужуваат да бидат спомнати и тие се дел од ова призниние, рече Евтимова, заблагодарувајќи им на своите студенти, професори, пријатели кои и помогнале во нејзината кариера.
Вангеловска се одликува со Орден за заслуги за нејзините постигнати највисоки резултати во кошарката на домашен и на меѓународен план како играч и како тренер, како исклучителен придонес во македонската кошарка и на македонскиот спорт, воопшто.
Чест е денеска да се биде со храбри и силни жени, доајени во нивните професии. Тежок е патот кон успехот, полн со предизвици. Бара многу вложување, но пред се голема дисциплина и одговорност. Во својата долгогодишна кариера освоив се што можеше да се освои, постигнав врвни резлтати, рече Вангеловска.
На Факултетот за Драмски уметности се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и на филмската уметност, како и на драмското творештво преку педагошка дејност и преку автономна и автохтона театарска и филмска едукација. На Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се доделува признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата. На Националната установа Турски театар се доделува признанието Повелба на Македонија по повод 70-годишното постоење и за особени постигнувања на полето на театарската уметност и за нејзина афирмација и популаризација, како во земјата така и во странство.
Радост е, но истовремно и голема чест да се оддаде признание на личности и институции кои ги претставуваат 'рбетот, обрзот и честа на вашата работа, рече претседателот Пендаровски.

The post Ова признание го примам во свое и во име на моите колешки и колеги кои веќе не се меѓу нас, рече доајенката на македонското глумиште Милица Стојанова која е одликувана со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>
Доказ за вакцинација против Ковид-19 и најмалку два негативни ПЦР тестови за да се следи церемонијата за доделување „Оскари“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokaz-za-vakcinacija-protiv-kovid-19-i-najmalku-dva-negativni-pcr-testovi-za-da-se-sledi-ceremonijata-za-dodeluvanje-oskari/ Fri, 18 Feb 2022 09:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=460279

Академијата за филмски уметности и науки ќе бара од присутните на 94. церемонија на доделување „Оскари“ во март да покажат доказ за вакцинација против Ковид-19 и најмалку два негативни ПЦР тестови, објави „Ројтерс“ цитирајќи извор запознаен со плановите.

Изведувачите и презентерите на највисоките почести во филмската индустрија, исто така, мора да направат ПЦР тест, но нема да треба да покажат доказ за вакцинација.

Барањата за покривање на лицето ќе се разликуваат на настанот на 27 март во театарот „Долби“ во Холивуд, според изворот.

Номинираните и нивните гости во долните делови на театарот нема да мораат да носат маски. Тие ќе седат со поголемо растојание од вообичаеното. Во „Долби“ ќе бидат поканети 2,500 луѓе.

Од оние што седат во мезанин може да се бара да носат маски, бидејќи ќе седат еден до друг.

The post Доказ за вакцинација против Ковид-19 и најмалку два негативни ПЦР тестови за да се следи церемонијата за доделување „Оскари“ appeared first on Република.

]]>

Академијата за филмски уметности и науки ќе бара од присутните на 94. церемонија на доделување „Оскари“ во март да покажат доказ за вакцинација против Ковид-19 и најмалку два негативни ПЦР тестови, објави „Ројтерс“ цитирајќи извор запознаен со плановите. Изведувачите и презентерите на највисоките почести во филмската индустрија, исто така, мора да направат ПЦР тест, но нема да треба да покажат доказ за вакцинација. Барањата за покривање на лицето ќе се разликуваат на настанот на 27 март во театарот „Долби“ во Холивуд, според изворот. Номинираните и нивните гости во долните делови на театарот нема да мораат да носат маски. Тие ќе седат со поголемо растојание од вообичаеното. Во „Долби“ ќе бидат поканети 2,500 луѓе. Од оние што седат во мезанин може да се бара да носат маски, бидејќи ќе седат еден до друг.

The post Доказ за вакцинација против Ковид-19 и најмалку два негативни ПЦР тестови за да се следи церемонијата за доделување „Оскари“ appeared first on Република.

]]>