додаток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dodatok/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 14:22:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png додаток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dodatok/ 32 32 Во Србија додатокот за прво дете се зголеми на 3.250 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-dodatokot-za-prvo-dete-se-zgolemi-na-3-250-evra/ Tue, 16 Jul 2024 14:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=797456

Родителскиот додаток за родено прво дете во Србија од 1 јули годинава изнесува 380.161 динари (3.250 евра), предвидено со решението потпишано од министерката за семејна грижа и демографија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, јави Бета.

Родителскиот додаток за второ дете, што се исплаќа на 24 рати, сега изнесува 337.225 динари (2.880 евра), 14.051 динари месечно, за трето дете што се исплаќа на 120 рати, 2.023.352 динари (16.861 динари месечно), а за четврто дете 3.035 029 динари на 120 рати (25.291 динари месечно), се наведува во соопштението.

Еднократната помош за родено второ и трето дете, за деца родени на 1 јули годинава и подоцна, изнесува 126.720 динари, додека паушалот за набавка на опрема за детето изнесува 7.025 динари.

The post Во Србија додатокот за прво дете се зголеми на 3.250 евра appeared first on Република.

]]>

Родителскиот додаток за родено прво дете во Србија од 1 јули годинава изнесува 380.161 динари (3.250 евра), предвидено со решението потпишано од министерката за семејна грижа и демографија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, јави Бета. Родителскиот додаток за второ дете, што се исплаќа на 24 рати, сега изнесува 337.225 динари (2.880 евра), 14.051 динари месечно, за трето дете што се исплаќа на 120 рати, 2.023.352 динари (16.861 динари месечно), а за четврто дете 3.035 029 динари на 120 рати (25.291 динари месечно), се наведува во соопштението. Еднократната помош за родено второ и трето дете, за деца родени на 1 јули годинава и подоцна, изнесува 126.720 динари, додека паушалот за набавка на опрема за детето изнесува 7.025 динари.

The post Во Србија додатокот за прво дете се зголеми на 3.250 евра appeared first on Република.

]]>
Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ako-babite-i-dedovtsite-vo-shvedska-gi-chuvaat-vnutsite-ke-im-bide-plateno/ Wed, 03 Jul 2024 11:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=793080

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.

Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување.

Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете.

Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.

 

The post Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено appeared first on Република.

]]>

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето. Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките. Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето. Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување. Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете. Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден. Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.  

The post Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено appeared first on Република.

]]>
Во тек е исплата на образовниот додаток за четврти мерен период за учебната година 2022/2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-e-isplata-na-obrazovniot-dodatok-za-chetvrti-meren-period-za-uchebnata-godina-2022-2023-godina/ Thu, 27 Jul 2023 09:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=665815

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2022/2023 година. Со ваа исплата се опфатени 30.999 корисници на образовен додаток на ниво на држава.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,

за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,

за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и

за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

The post Во тек е исплата на образовниот додаток за четврти мерен период за учебната година 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2022/2023 година. Со ваа исплата се опфатени 30.999 корисници на образовен додаток на ниво на држава. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

The post Во тек е исплата на образовниот додаток за четврти мерен период за учебната година 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>
Тренчевска не им го исплати додатокот на корисниците на гарантирана минимална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-ne-im-go-isplati-dodatokot-na-korisnicite-na-garantirana-minimalna-pomosh/ Tue, 23 Aug 2022 10:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=543207

Министерството за труд и социјална политика не им го исплати додатокот од 1.000 денари на корисниците на гарантирана минимална помош, aлармираат од Левица.

Овој додаток МТСП го исплаќа со цел покривање на трошоците за енергенси на посебна категорија на социјално загрозени семејства, како и на лицата со попреченост и согласно законските одредби, овој додаток се исплаќа од октомври до март, но истиот поради ковид кризата, оваа година беше продолжен до јуни.

Од партијата потенцираат дека ако се земе предвид енормното зголемување на цената на електрична енергија, како и зголемувањето на цените на основите прехрамбени продукти, неразбирливо е зошто надлежното министерство не превзеде соодветни мерки за оваа мерка да продолжи во текот на целата година.

Во услови на економска криза, овој додаток од 1.000 денари не само што треба да се исплаќа преку целата тековна година, туку истиот треба и да се зголеми, со цел да одговори на потребите за кои што е наменет.

Иако законските одредби налагаат усогласување на овој додаток со порастот на цените на трошоците за живот од минатата година, овој надоместок со години е ист и изнесува смешни 1.000 денари.

Со ваквата игнорантска политика на МТСП, само уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за потребите на социјално ранливите категории и лицата со попреченост.

Само за потсетување, пробугарската влада на СДС и ДУИ неодамна потрошија стотици илјади евра пари на граѓаните за набавка на луксузни возила и за прослава на Рамковниот договор, велат од Левица.

The post Тренчевска не им го исплати додатокот на корисниците на гарантирана минимална помош appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика не им го исплати додатокот од 1.000 денари на корисниците на гарантирана минимална помош, aлармираат од Левица. Овој додаток МТСП го исплаќа со цел покривање на трошоците за енергенси на посебна категорија на социјално загрозени семејства, како и на лицата со попреченост и согласно законските одредби, овој додаток се исплаќа од октомври до март, но истиот поради ковид кризата, оваа година беше продолжен до јуни. Од партијата потенцираат дека ако се земе предвид енормното зголемување на цената на електрична енергија, како и зголемувањето на цените на основите прехрамбени продукти, неразбирливо е зошто надлежното министерство не превзеде соодветни мерки за оваа мерка да продолжи во текот на целата година.
Во услови на економска криза, овој додаток од 1.000 денари не само што треба да се исплаќа преку целата тековна година, туку истиот треба и да се зголеми, со цел да одговори на потребите за кои што е наменет. Иако законските одредби налагаат усогласување на овој додаток со порастот на цените на трошоците за живот од минатата година, овој надоместок со години е ист и изнесува смешни 1.000 денари. Со ваквата игнорантска политика на МТСП, само уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за потребите на социјално ранливите категории и лицата со попреченост. Само за потсетување, пробугарската влада на СДС и ДУИ неодамна потрошија стотици илјади евра пари на граѓаните за набавка на луксузни возила и за прослава на Рамковниот договор, велат од Левица.

The post Тренчевска не им го исплати додатокот на корисниците на гарантирана минимална помош appeared first on Република.

]]>
МТСП: Додатокот од 1000 денари за корисниците на ГМП ќе продолжи од октомври до март https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-dodatokot-od-1000-denari-za-korisnicite-na-gmp-kje-prodolzi-od-oktomvri-do-mart/ Mon, 22 Aug 2022 09:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=542770

Министерството за труд и социјална политика демантира дека имало кратење на висината на средствата за корисниците на Гарантирана минимална помош. Кратењето на споменуваните 1.000 денари, велат од МТСП, се средства кои биле наменети за потрошувачка на енергенси за корисниците на Гарантирана минимална помош во текот на целата година во период на вонредна состојба. Откако Собранието ја укина вонредната состојба во државата, потенцираат од МТСП, овие средства се исплаќаат во месеците на грејна сезона, како што беше и пред нејзиното воведување.

Додатокот од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно.
Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, се вели во соопштението од МТСП.

Ваквите одлуки за постапување, додаваат од Министерството за труд и социјална политика, се донесени согласно Закон и за нив јавноста беше известена со соопштение до медиумите објавено на 5 август годинава.

The post МТСП: Додатокот од 1000 денари за корисниците на ГМП ќе продолжи од октомври до март appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика демантира дека имало кратење на висината на средствата за корисниците на Гарантирана минимална помош. Кратењето на споменуваните 1.000 денари, велат од МТСП, се средства кои биле наменети за потрошувачка на енергенси за корисниците на Гарантирана минимална помош во текот на целата година во период на вонредна состојба. Откако Собранието ја укина вонредната состојба во државата, потенцираат од МТСП, овие средства се исплаќаат во месеците на грејна сезона, како што беше и пред нејзиното воведување. Додатокот од 1.000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите кошто ги донесе Владата престана да се исплаќа додатокот на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно. Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, се вели во соопштението од МТСП. Ваквите одлуки за постапување, додаваат од Министерството за труд и социјална политика, се донесени согласно Закон и за нив јавноста беше известена со соопштение до медиумите објавено на 5 август годинава.

The post МТСП: Додатокот од 1000 денари за корисниците на ГМП ќе продолжи од октомври до март appeared first on Република.

]]>