доброволни пожарникари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobrovolni-pozarnikari/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 10:32:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доброволни пожарникари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobrovolni-pozarnikari/ 32 32 Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид https://arhiva3.republika.mk/vesti/dobrovolnite-pozharnikari-od-kochani-spasija-povreden-i-dezorientiran-orel-od-zagrozen-vid/ Mon, 05 Aug 2024 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=803483

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел.

По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило.

[caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]

Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.

[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption]

Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки.

[caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption]

Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел. По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило. [caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]
Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.
[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption] Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки. [caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption] Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>