добрососедство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobrososedstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 15:56:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png добрососедство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobrososedstvo/ 32 32 Димитриевски: Политиката на „наведната глава, сабја не ја сече“ и на „виткање кичма” не дава резултат кога се работи за националните интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-politikata-na-navednata-glava-sabja-ne-ja-seche-i-na-vitkane-kichma-ne-dava-rezultat-koga-se-raboti-za-natsionalnite-interesi/ Thu, 16 Feb 2023 16:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=609864

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во мега интервјуто за печатениот медиум Фокус порачува дека со сите наши соседи треба да се разговара отворено со однапред поставени црвени линии кои ќе го заштитат постоењето на македонскиот народ, јазик, историја, култура и неговиот континуитет.

Мојата единствена цел е да се градат добри односи со сите наши соседи. Во таа насока беше и моето гостување на бугарската национална телевизија. Јас таму го соопштив и го бранев мојот долгогодишен став, а верувам дека тоа е ставот и на мнозинството Македонци во Македонија. Сметам дека политиката на „наведната глава, сабја не ја сече“ или политиката на “виткање кичма”, особено кога се работи за државните и национални интереси не дава резултат, потенцира Димитриевски.

Димитриевски вели дека во Европската унија треба да влеземе достоинствено, со почитување на нашата национална и етничката припадност.

Се надевам дека ако тоа аргументирано го објасниме на нашите соседи, но и на нашите партнери во ЕУ, наместо да прифаќаме се што ќе побараат од нас, ќе не разберат и нема да го блокираат нашиот европски пат. Во спротивно треба да се самопоништиме. За мене тоа е неприфатливо, затоа што во Европската Унија треба да влеземе како Македонци, кои говорат македонски јазик, со своја, а не со заедничка историја, достоинствено како што тоа го направиле сите народи на земјите членки на Унијата. Постоењето на еден народ и јазик е основната вредност на ЕУ, а почитувањето на националната и етничката припадност особено на малите народи е еден од основните постулати на Унијата која што има за цел да ги заштити помалите, а не како во овој случај да овозможи на поголемите да присвојат или избришат. Поради таквите импровизации на поединци, недефинирани договори држени во тајност, ад-хок предлози, несреќни изјави во кои окупатори се претставуваа како администратори и голем број на други круцијални грешки не одалечија многу од патот на Жељу Желев и Киро Глигоров кои единствени со мудрите и умни политики успеаја по долгогодишните лоши односи да ги приближат нашите два народа кои реално се блиски“, вели Димитриевски.

На прашањето како ја оценува реакцијата и организацијата на македонските институции на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, тој истакнува дека застанал во заштита и упатил честитки на македонските полициски службеници на граничниот премин Деве Баир за добро завршената работа.

Тие покажаа високо ниво на професионалност, трпение, но и оперативно делување. Иако беа навредувани, провоцирани и во одреден момент напаѓани вербално, па и попречувани согласно безбедносните стандарди и високото ниво на ризик во дадената ситуација, сметам дека беа на висина на поставените работни задачи. Ако ги погледнеме сите изјави на лицата кои што дента беа снимени на граничниот премин и ги навредуваа нашите полициски службеници при влез во Македонија, ќе се потврди фактот дека добар дел од нив се и претставници на медиуми коишто недолично се однесуваа кон нашите полициски службеници, а подоцна се жалеа дека им бил попречен и оневозможен влезот во Македонија. Дали доколку некој наш граѓанин или новинар се однесува исто така при премин на државна граница и влез во Бугарија ќе му биде дозволен влезот или овозможен непречен премин? Секако не, а во многу случаи претходно, наши новинари биле третирани слично и не им бил дозволен влез веднаш во Бугарија, но за жал никој тоа не го експлоатирал во јавноста, а најмалку нашите политички претставници, порачува Димитриевски.

Димитриевски вели дека треба да се направи јасна дистинкција во чија заштита застанал, на полициските службеници, но тоа не се однесува на раководството на МВР бидејќи тие претходно се среќавале, менаџирале и договарале со нивните колеги од Бугарија и на крајот излегло дека не се договориле ништо. Самото одбележување на големиот датум остави слика во јавноста дека се празнува под полициска заштита еден голем празник во сопствената држава што според него не е потребно, а најмалку обезбедување кога сака во сопствената држава да се поклони и одаде почит на некој од нашите великани како што е Гоце Делчев.

Гоце Делчев е еден од најголемите борци за независна македонска држава, револуционер, борец и личност од најголемо значење во нашата историја. Гоце Делчев е Македонија, Македонија е Гоце Делчев. Чествувањето на неговиот роденден требаше да биде празник за сите македонски граѓани. Но, сведоци бевме дека и официјално пријавени делегации чекаа по неколку часа за да изразат почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Да не зборуваме за обичните граѓани кои немаа никаков пристап до гробот на Гоце Делчев. Тоа е недозволиво. Самото место на одбележување беше блокирано неколку дена пред чествувањето што за мене е срамно и недостоинствено. Тоа е резултат на катастрофалните политики на владата и лошото планирање на раководството на МВР. Таквата ситуација и ваквото одбележување никогаш повеќе не треба да се повтори. Гоце ги сакал сите и сите го сакаат Гоце, и ние треба да се гордееме со тоа. Без разлика кој од каде или од која држава доаѓа, или кој за чиј потомок се претставува. Неговите посмртни останки се тука, неговите последна желба е да почива во Македонија и тоа се најсилните аргументи во делот на многуте оспорувања кој бил и за што се борел Делчев, потенцира Димитриевски.

The post Димитриевски: Политиката на „наведната глава, сабја не ја сече“ и на „виткање кичма” не дава резултат кога се работи за националните интереси appeared first on Република.

]]>