Добро за Ромите добро за Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobro-za-romite-dobro-za-makedonija/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 14:47:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Добро за Ромите добро за Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobro-za-romite-dobro-za-makedonija/ 32 32 Благосостојбата на нацијата е меѓузависна и од просперитетот на Ромите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/blagosostojbata-na-natsijata-e-meguzavisna-i-od-prosperitetot-na-romite/ Fri, 02 Feb 2024 13:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=739798

Ромите во Македонија ги трпат последиците од политиките кои се спроведуваат по Охридскиот Рамковен договор кој резултира со политичка маргинализација и последователно, неправда и исклучување. Ова е заклучок од денешната средба на претставници на Фондацијата Ромите за Демократија со новинарите.

Извршниот директор на Фондацијата во Македониј, Селвије Мустафи Алкан, го најави утрешниот настан насловен како „Добро за Ромите, добро за Македонија”, кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија.

Како што се доближуваме до изборите во 2024 година, Фондацијата Ромите за демократија - членка на пан-Европската мрежа околу новоформираната Фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, го организира овој настан како почеток на иницијатива за справување со овие предизвици. На престојните избори, Фондацијата ќе ги предводи напорите за решавање на итните прашања поврзани со ромската заедница. Преку остроумни говори на ценети лидери, настанот го исцртува стратешкиот пат кон напред, препознавајќи ја внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на нацијата. Премостувајќи ги локалните и меѓународните перспективи, овие истакнати говорници ќе придонесат за прецизно разбирање на проблемите кои постојат и ќе инспирираат колективни решенија”, вели Мустафи Алкан.

На појадокот говореше и Андријано Џеладин, главен уредник на Политички Контрапункт Подкаст. Според него, овој настан претставува светилник за почеток на промените кои ќе бидат и во полза и на Ромите и на Македонија.

Стремеж на Фондацијата е да се поддржат најкредибилните и најкомпетентните лица од ромската заедница, не само во Македонија туку и низ Европа“, потенцираше Џеладин.

Дополнително, на утрешниот настан ќе се одржи и концерт на Роми: Силата на природата“, покажувајќи ја трансформативната моќ на културната дипломатија. Концертот „Хармонизирање на нациите: Ромите - пулсот на единството на Западен Балкан" ја слави отпорноста на Ромите и нивната интегрална улога во обликување на европскииот наратив. Покрај музиката, настанот служи како доказ за клучниот придонес на Ромите во европската интеграција, нагласувајќи ја нивната улога во поттикнување на различноста и единството. Преку богата програма која отсликува живописни портрети на љубовта, издржливоста и културната величественост, концертот ги отелотворува заедничките аспирации на Ромите и Македонија за просперитетна иднина.

The post Благосостојбата на нацијата е меѓузависна и од просперитетот на Ромите appeared first on Република.

]]>

Ромите во Македонија ги трпат последиците од политиките кои се спроведуваат по Охридскиот Рамковен договор кој резултира со политичка маргинализација и последователно, неправда и исклучување. Ова е заклучок од денешната средба на претставници на Фондацијата Ромите за Демократија со новинарите. Извршниот директор на Фондацијата во Македониј, Селвије Мустафи Алкан, го најави утрешниот настан насловен како „Добро за Ромите, добро за Македонија”, кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија.