Добри луѓе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobri-luge/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 08:08:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Добри луѓе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobri-luge/ 32 32 Претставата „Добри луѓе“ на малата сцена на Велешкиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-dobri-luge-na-malata-stsena-na-veleshkiot-teatar/ Mon, 26 Feb 2024 08:08:54 +0000 https://republika.mk/?p=748314

На малата сцена во Велешкиот театар вечерва во 20 часот ќе се одигра претстaвата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“.

„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири, велат од „Златен Елец“.

Претставата е дуодрама, работена според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од „The relation work project“ (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај.

Играат младите актери од Велес - Тијана Трајчевска и Филип Христовски, музиката е на Ива Дамјановски и Виктор Танасковски, фотографиите се на Данчо Стефков, а извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски.

Следната изведба на оваа претстава е најавена за на 11 март во театар „Комедија“ во Скопје.

The post Претставата „Добри луѓе“ на малата сцена на Велешкиот театар appeared first on Република.

]]>

На малата сцена во Велешкиот театар вечерва во 20 часот ќе се одигра претстaвата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“.
„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири, велат од „Златен Елец“.
Претставата е дуодрама, работена според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од „The relation work project“ (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Играат младите актери од Велес - Тијана Трајчевска и Филип Христовски, музиката е на Ива Дамјановски и Виктор Танасковски, фотографиите се на Данчо Стефков, а извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски. Следната изведба на оваа претстава е најавена за на 11 март во театар „Комедија“ во Скопје.

The post Претставата „Добри луѓе“ на малата сцена на Велешкиот театар appeared first on Република.

]]>
Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dobrite-luge-zhiveat-devet-godini-podolgo-potvrdi-naukata/ Mon, 13 Nov 2023 09:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=700936

Светот денеска го слави Денот на љубезноста. А, ако правите добро, Ве чека долговечност - гласи заклучокот на научниците од Универзитетот на Мичиген и Универзитетот на Бафало.

Науката потврди: Добрите луѓе помалку се разболуваат, имаат подобар имунитет и здраво срце. Во текот на пет години, истражувачите го следеле семејниот живот на над 400 парови. Се покажало дека обѕирните луѓе кои покажуваат внимание и грижа кон партнерот или партнерката, се разболуваат двапати поретко, и живеат во просек 9 години подолго од другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои „прават добро“, доживуваат пониски нивоа на стрес.

Тоа ја посочува врска меѓу својството да се биде љубезен и да им се помага на другите без очекување ништо за возврат, несебичноста и - помалата опасност од рана смрт.

Според Универзитетот во Висконсин-Медисон, алтруистите во канцеларијата, на пр. се посклони кон својата работа и помала е веројатноста да ја напуштат. Дополнително, љубезноста го подобрува и менталното здравје, како и чувството на среќа поради зголеменото ниво на серотонин, ендорфин, допамин и окситоцин, па така, тоа го спречува и лошото расположение.

На 13 ноември 1998 година, во Токио се одржала првата Конференција на „Светското движење за добрина“, на којашто учествувале луѓе од Австралија, Јапонија, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Канада и САД. Тогаш е усвоена и „Декларацијата на љубезноста“ што на луѓето им порачува да заборават на самољубието, да размислуваат повеќе за другите околу себе и да престанат да робуваат на етничките, расни, полови, верски разлики. Францускиот уметник Орел (Орелијан Фромен) нацрта посебен симбол за оваа пригода - отворено срце.

На овој датум се слави и Меѓународниот ден на слепите лица. Обединетите Нации во 1946 година го избрале 13 ноември, зашто тогаш се родил францускиот благородник Валентин Ауј - докажан борец за правата на слепите лица, обврзувајќи да го направат животот на овие луѓе подостоинствен.

 

The post Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката appeared first on Република.

]]>

Светот денеска го слави Денот на љубезноста. А, ако правите добро, Ве чека долговечност - гласи заклучокот на научниците од Универзитетот на Мичиген и Универзитетот на Бафало. Науката потврди: Добрите луѓе помалку се разболуваат, имаат подобар имунитет и здраво срце. Во текот на пет години, истражувачите го следеле семејниот живот на над 400 парови. Се покажало дека обѕирните луѓе кои покажуваат внимание и грижа кон партнерот или партнерката, се разболуваат двапати поретко, и живеат во просек 9 години подолго од другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои „прават добро“, доживуваат пониски нивоа на стрес. Тоа ја посочува врска меѓу својството да се биде љубезен и да им се помага на другите без очекување ништо за возврат, несебичноста и - помалата опасност од рана смрт. Според Универзитетот во Висконсин-Медисон, алтруистите во канцеларијата, на пр. се посклони кон својата работа и помала е веројатноста да ја напуштат. Дополнително, љубезноста го подобрува и менталното здравје, како и чувството на среќа поради зголеменото ниво на серотонин, ендорфин, допамин и окситоцин, па така, тоа го спречува и лошото расположение. На 13 ноември 1998 година, во Токио се одржала првата Конференција на „Светското движење за добрина“, на којашто учествувале луѓе од Австралија, Јапонија, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Канада и САД. Тогаш е усвоена и „Декларацијата на љубезноста“ што на луѓето им порачува да заборават на самољубието, да размислуваат повеќе за другите околу себе и да престанат да робуваат на етничките, расни, полови, верски разлики. Францускиот уметник Орел (Орелијан Фромен) нацрта посебен симбол за оваа пригода - отворено срце. На овој датум се слави и Меѓународниот ден на слепите лица. Обединетите Нации во 1946 година го избрале 13 ноември, зашто тогаш се родил францускиот благородник Валентин Ауј - докажан борец за правата на слепите лица, обврзувајќи да го направат животот на овие луѓе подостоинствен.  

The post Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Добри луѓе“ на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-dobri-luge-na-malata-stsena-vo-teatarot-jordan-hadhi-konstantinov-dhinot-vo-veles/ Tue, 07 Nov 2023 08:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=699017

Независниот театар „Златен Елец“, денеска ќе ја изведе претставата „Добри луѓе“ на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.

Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат младите актери од Велес: Тијана Трајчевска и Филип Христовски. Музиката ја работеше Ива Дамјановски, рекламниот материјал е на Бојана Цилевска, извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски, а материјалите ги преведе Наташа Пеевска.

„Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај.

Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање.

Проектот е реализиран со поддршка од Министерство за култура. Репризата на „Добри луѓе“ ќе биде во декември во Велес.

 

The post Премиера на „Добри луѓе“ на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес appeared first on Република.

]]>

Независниот театар „Златен Елец“, денеска ќе ја изведе претставата „Добри луѓе“ на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат младите актери од Велес: Тијана Трајчевска и Филип Христовски. Музиката ја работеше Ива Дамјановски, рекламниот материјал е на Бојана Цилевска, извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски, а материјалите ги преведе Наташа Пеевска. „Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање. Проектот е реализиран со поддршка од Министерство за култура. Репризата на „Добри луѓе“ ќе биде во декември во Велес.  

The post Премиера на „Добри луѓе“ на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес appeared first on Република.

]]>