Добри гости Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobri-gosti/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Oct 2022 08:49:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Добри гости Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobri-gosti/ 32 32 Од Штип почнува серијата книжевни гостувања „Добри гости“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-shtip-pochnuva-serijata-knizevni-gostuvanja-dobri-gosti/ Fri, 28 Oct 2022 08:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=566689

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје в сабота, на 29 октомври ќе го започне проектот „Добри гости“ преку кој ќе иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори и во соработка со локални чинители.

На првиот настан во Штип што ќе започне во 19:30 часот ќе гостуваат дваесет домашни писатели и поети и тоа Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Андреј Ал-Асади, Николина Андова Шопова, Андреј Медиќ Лазаревски, Иван Шопов, Марија Ангеловска, Стефан Костоски и Јулијана Величковска, а домаќини ќе бидат Павлина Атанасова, Марија Велинова, Марија Шаклева, Трајче Кацаров, Милена Ристова-Михајловска, Искра Постолова, Матеја Богдан, Макрина Јорданова и Ребека Спасова.

Покрај нив, посетителите на настанот, како што информираат организаторите од издавачката куќа „ПНВ Публикации“, ќе имаат можност да се запознаат и со творештвото на поетите Иван Херцег од Хрватска и Марија Костиќ од Србија.

Во најавата пишува дека по настанот, публиката ќе има можност да се сретне со авторите во пабот „Онли фулс енд хорсес“.

„’Добри гости’“ ќе се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања би се случувале во повеќе градови, во период од околу една година. Планирано е иницијативата да заврши со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори“, велат организаторите.

Поетските филмови што ќе бидат прикажани како дел од настанот се изработени за проектот „Стиховно мапирање на Скопје“ од Марија Шаклева, Сандра Ѓоргиева, Диме Данов и Валентина Бакти, а тие претходно беа премиерно прикажани на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“.

Настанот ќе го водат Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски.

Локални поддржувачи на настанот се: НУЦК „Ацо Шопов“ ‒ Штип, „Онли фулс енд хорсес ‒ паб бар енд грил“ и винарницата „Киево“.

 

The post Од Штип почнува серијата книжевни гостувања „Добри гости“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје в сабота, на 29 октомври ќе го започне проектот „Добри гости“ преку кој ќе иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори и во соработка со локални чинители. На првиот настан во Штип што ќе започне во 19:30 часот ќе гостуваат дваесет домашни писатели и поети и тоа Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Андреј Ал-Асади, Николина Андова Шопова, Андреј Медиќ Лазаревски, Иван Шопов, Марија Ангеловска, Стефан Костоски и Јулијана Величковска, а домаќини ќе бидат Павлина Атанасова, Марија Велинова, Марија Шаклева, Трајче Кацаров, Милена Ристова-Михајловска, Искра Постолова, Матеја Богдан, Макрина Јорданова и Ребека Спасова. Покрај нив, посетителите на настанот, како што информираат организаторите од издавачката куќа „ПНВ Публикации“, ќе имаат можност да се запознаат и со творештвото на поетите Иван Херцег од Хрватска и Марија Костиќ од Србија. Во најавата пишува дека по настанот, публиката ќе има можност да се сретне со авторите во пабот „Онли фулс енд хорсес“. „’Добри гости’“ ќе се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања би се случувале во повеќе градови, во период од околу една година. Планирано е иницијативата да заврши со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори“, велат организаторите. Поетските филмови што ќе бидат прикажани како дел од настанот се изработени за проектот „Стиховно мапирање на Скопје“ од Марија Шаклева, Сандра Ѓоргиева, Диме Данов и Валентина Бакти, а тие претходно беа премиерно прикажани на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“. Настанот ќе го водат Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски. Локални поддржувачи на настанот се: НУЦК „Ацо Шопов“ ‒ Штип, „Онли фулс енд хорсес ‒ паб бар енд грил“ и винарницата „Киево“.  

The post Од Штип почнува серијата книжевни гостувања „Добри гости“ appeared first on Република.

]]>
Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ организира серија книжевни гостувања низ земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izdavachkata-kukja-pnv-publikacii-organizira-serija-knizevni-gostuvanja-niz-zemjata/ Sun, 23 Oct 2022 18:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=564751

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 29 октомври ќе го започне проектот „Добри гости“ преку кој ќе иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори и во соработка со локални чинители.

„Добри гости“ својот прв настан ќе го одржи во Штип, во сабота, на 29 октомври, со почеток во 19:30 часот во Домот на култура „Ацо Шопов“, а потем публиката ќе има можност да се сретне со авторите во пабот „Онли фулс енд хорсес“.

Ќе настапат дваесет автори, а ќе бидат емитувани и дел од поетските филмови изработени за проектот „Стиховно мапирање на Скопје“ што премиерно беа прикажани на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“.

Гости ќе бидат: Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Андреј Ал-Асади, Николина Андова Шопова, Андреј Медиќ Лазаревски, Иван Шопов, Марија Ангеловска, Стефан Костоски и Јулијана Величковска, а домаќини ќе бидат: Павлина Атанасова, Марија Велинова, Марија Шаклева, Трајче Кацаров, Милена Ристова-Михајловска, Искра Постолова, Матеја Богдан, Макрина Јорданова и Ребека Спасова.

Овој пат читањето ќе добие и предзнак интернационално, бидејќи штипјани ќе можат да се запознаат и со творештвото на Иван Херцег од Хрватска и Марија Костиќ од Србија.
Поетските филмови, пак, се дело на Марија Шаклева, Сандра Ѓоргиева, Диме Данов и Валентина Бакти од Србија.

Настанот ќе го водат Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски, а „Култура бета“ ќе биде медиумски партнер на проектот.

Локални поддржувачи на настанот се: НУЦК „Ацо Шопов“ ‒ Штип, „Онли фулс енд хорсес ‒ паб бар енд грил“ и винарницата „Киево“.

„Добри гости“ ќе се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања би се случувале во повеќе градови, во период од околу една година. Планирано е иницијативата да заврши со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.

The post Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ организира серија книжевни гостувања низ земјата appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 29 октомври ќе го започне проектот „Добри гости“ преку кој ќе иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори и во соработка со локални чинители. „Добри гости“ својот прв настан ќе го одржи во Штип, во сабота, на 29 октомври, со почеток во 19:30 часот во Домот на култура „Ацо Шопов“, а потем публиката ќе има можност да се сретне со авторите во пабот „Онли фулс енд хорсес“. Ќе настапат дваесет автори, а ќе бидат емитувани и дел од поетските филмови изработени за проектот „Стиховно мапирање на Скопје“ што премиерно беа прикажани на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“. Гости ќе бидат: Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Андреј Ал-Асади, Николина Андова Шопова, Андреј Медиќ Лазаревски, Иван Шопов, Марија Ангеловска, Стефан Костоски и Јулијана Величковска, а домаќини ќе бидат: Павлина Атанасова, Марија Велинова, Марија Шаклева, Трајче Кацаров, Милена Ристова-Михајловска, Искра Постолова, Матеја Богдан, Макрина Јорданова и Ребека Спасова. Овој пат читањето ќе добие и предзнак интернационално, бидејќи штипјани ќе можат да се запознаат и со творештвото на Иван Херцег од Хрватска и Марија Костиќ од Србија. Поетските филмови, пак, се дело на Марија Шаклева, Сандра Ѓоргиева, Диме Данов и Валентина Бакти од Србија. Настанот ќе го водат Јулијана Величковска и Андреј Медиќ Лазаревски, а „Култура бета“ ќе биде медиумски партнер на проектот. Локални поддржувачи на настанот се: НУЦК „Ацо Шопов“ ‒ Штип, „Онли фулс енд хорсес ‒ паб бар енд грил“ и винарницата „Киево“. „Добри гости“ ќе се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања би се случувале во повеќе градови, во период од околу една година. Планирано е иницијативата да заврши со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.

The post Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ организира серија книжевни гостувања низ земјата appeared first on Република.

]]>