Добој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doboj/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Jan 2023 18:10:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Добој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doboj/ 32 32 Го убила сопругот, па зачистила и сменила теписи пред да викне полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-ubila-soprugot-pa-zachistila-i-smenila-tepisi-pred-da-vikne-politsija/ Wed, 04 Jan 2023 18:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=593692

Жена осомничена дека го убила сопругот во семејната куќа е уапсена во Добој, Република Српска.

Како што неофицијално дознава порталот Nezavisne.com, Ханифа Мујезиновиќ (59) наводно со кујнски нож го исекла својот сопруг Хасан (55) во надлактицата, погодувајќи го во крвните садови, по што тој искрварил до смрт. На убиството му претходела расправија во семејниот дом.

Откако починал, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите од кои починал.

Но, полицијата ги пронашла крвавите теписи.

Полициската управа Добој извести дека во понеделникот била уапсена жена поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.

Постои сомнение дека дотичната истиот ден во семејниот дом му го одзела животот на сопругот на Х.М., по што го сменила местото на злосторот и потоа побарала интервенција на полициски службеници, наведуваат од полицијата.

Оттаму додаваат дека таа вчера била предадена во надлежност на Окружното јавно обвинителство Добој заедно со пријава за стореното кривично дело.

The post Го убила сопругот, па зачистила и сменила теписи пред да викне полиција appeared first on Република.

]]>

Жена осомничена дека го убила сопругот во семејната куќа е уапсена во Добој, Република Српска. Како што неофицијално дознава порталот Nezavisne.com, Ханифа Мујезиновиќ (59) наводно со кујнски нож го исекла својот сопруг Хасан (55) во надлактицата, погодувајќи го во крвните садови, по што тој искрварил до смрт. На убиството му претходела расправија во семејниот дом. Откако починал, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите од кои починал. Но, полицијата ги пронашла крвавите теписи. Полициската управа Добој извести дека во понеделникот била уапсена жена поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.