добивка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobivka/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 09:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png добивка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dobivka/ 32 32 Ништо не им можат санкциите: Во 2023 година раст од 47 проценти на нето добивката на „Роснефт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nishto-ne-im-mozhat-sanktsiite-vo-2023-godina-rast-od-47-protsenti-na-neto-dobivkata-na-rosneft/ Tue, 20 Feb 2024 09:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=745985

Нето добивката на најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ во 2023 година се зголеми за 47 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 1,3 трилиони рубљи (околу 13,15 милијарди евра).

Во соопштението на „Роснефт“ се наведува дека приходите на компанијата минатата година се зголемиле за 1,3 отсто во споредба со 2022 година и достигнале 9,2 трилиони рубљи (околу 93 милијарди евра).

„Роснефт“ тврди дека нето добивката на компанијата се зголемила за 47 отсто на 1,3 трилиони рубљи.

Руската нафтена компанија минатата година произвела 270 милиони тони јаглеводород и 92,7 милијарди кубни метри природен гас.

„Роснефт“ учествува со околу 35 отсто од вкупното производство на нафта во Русија.

The post Ништо не им можат санкциите: Во 2023 година раст од 47 проценти на нето добивката на „Роснефт“ appeared first on Република.

]]>

Нето добивката на најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ во 2023 година се зголеми за 47 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 1,3 трилиони рубљи (околу 13,15 милијарди евра). Во соопштението на „Роснефт“ се наведува дека приходите на компанијата минатата година се зголемиле за 1,3 отсто во споредба со 2022 година и достигнале 9,2 трилиони рубљи (околу 93 милијарди евра). „Роснефт“ тврди дека нето добивката на компанијата се зголемила за 47 отсто на 1,3 трилиони рубљи. Руската нафтена компанија минатата година произвела 270 милиони тони јаглеводород и 92,7 милијарди кубни метри природен гас. „Роснефт“ учествува со околу 35 отсто од вкупното производство на нафта во Русија.

The post Ништо не им можат санкциите: Во 2023 година раст од 47 проценти на нето добивката на „Роснефт“ appeared first on Република.

]]>
Годинава почна бериќетно за нив: Три хороскопски знаци да очекуваат финансиски пораст https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/godinava-pochna-beriketno-za-niv-tri-horoskopski-znatsi-da-ochekuvaat-finansiski-porast/ Sun, 07 Jan 2024 16:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=730608

После празничната сезона, многумина остануваат со празни џебови, па јануари се смета за најтешкиот месец финансиски, но овие хороскопски знаци нема да го забележат на почетокот на 2024 година.

Јануари е месец богат со бројни прослави кога паричниците се истенчуваат и многумина трошат повеќе отколку што треба. Покрај новогодишните, има и божиќни празници, па не е чудно што многумина сметаат дека јануари е најдолгиот месец во годината.

Но, судејќи според најавите на астролозите, трите знаци на Зодијакот во јануари 2024 година нема да мора да се грижат за финансиите. Очекуваат унапредување на работното место, но и зголемување на платата.

Тие ќе доживеат значителни промени во областа на финансиите и деловниот напредок, како резултат на нивната работа, напор и посветеност, а покачувањето ќе биде награда за напорите. За нив овој период ќе биде обележан со нови можности и перспективи за понатамошен кариерен развој.

Рак – Награда за напорна работа

Јануари 2024 година ќе донесе големи промени за припадниците на хороскопскиот знак Рак кога станува збор за деловниот живот. Овој период е обележан со значително унапредување на работа за родените во овој знак, што ќе резултира со зголемување на платата. По долг период на работа и труд, Раковите конечно ја добија заслужената награда за својот труд. Оваа промоција дополнително ќе ги мотивира да продолжат со истото темпо и посветеност.

Вага – Финансиски раст

За припадниците на хороскопскиот знак Вага, јануари 2024 година ќе донесе значителен финансиски раст. Овој период ќе биде одбележан со зголемување на платите и дополнителни финансиски поволности за Вагите кои вредно работеле и вложиле труд во својата работа. Оваа промена ќе ги инспирира да размислуваат за нови инвестиции и планови за иднината. Финансиската стабилност што ќе ја постигнат ќе им донесе чувство на сигурност и самодоверба.

Јарец – Напредок преку дополнителна обука

За Јарците, јануари 2024 година ќе биде период посветен на дополнителна обука. Наместо директно зголемување на платата, припадниците на овој знак ќе се фокусираат на стекнување нови вештини и знаења за подобрување на нивните деловни можности. Преку дополнителна обука и едукација, Јарците ќе постигнат значителен напредок на работа и ќе отворат нови перспективи за понатамошен развој на кариерата. Оваа инвестиција во личен и професионален развој ќе им донесе долгорочни придобивки и можности за напредување, но и значително зголемување на финансиите.

The post Годинава почна бериќетно за нив: Три хороскопски знаци да очекуваат финансиски пораст appeared first on Република.

]]>

После празничната сезона, многумина остануваат со празни џебови, па јануари се смета за најтешкиот месец финансиски, но овие хороскопски знаци нема да го забележат на почетокот на 2024 година. Јануари е месец богат со бројни прослави кога паричниците се истенчуваат и многумина трошат повеќе отколку што треба. Покрај новогодишните, има и божиќни празници, па не е чудно што многумина сметаат дека јануари е најдолгиот месец во годината. Но, судејќи според најавите на астролозите, трите знаци на Зодијакот во јануари 2024 година нема да мора да се грижат за финансиите. Очекуваат унапредување на работното место, но и зголемување на платата. Тие ќе доживеат значителни промени во областа на финансиите и деловниот напредок, како резултат на нивната работа, напор и посветеност, а покачувањето ќе биде награда за напорите. За нив овој период ќе биде обележан со нови можности и перспективи за понатамошен кариерен развој. Рак – Награда за напорна работа Јануари 2024 година ќе донесе големи промени за припадниците на хороскопскиот знак Рак кога станува збор за деловниот живот. Овој период е обележан со значително унапредување на работа за родените во овој знак, што ќе резултира со зголемување на платата. По долг период на работа и труд, Раковите конечно ја добија заслужената награда за својот труд. Оваа промоција дополнително ќе ги мотивира да продолжат со истото темпо и посветеност. Вага – Финансиски раст За припадниците на хороскопскиот знак Вага, јануари 2024 година ќе донесе значителен финансиски раст. Овој период ќе биде одбележан со зголемување на платите и дополнителни финансиски поволности за Вагите кои вредно работеле и вложиле труд во својата работа. Оваа промена ќе ги инспирира да размислуваат за нови инвестиции и планови за иднината. Финансиската стабилност што ќе ја постигнат ќе им донесе чувство на сигурност и самодоверба. Јарец – Напредок преку дополнителна обука За Јарците, јануари 2024 година ќе биде период посветен на дополнителна обука. Наместо директно зголемување на платата, припадниците на овој знак ќе се фокусираат на стекнување нови вештини и знаења за подобрување на нивните деловни можности. Преку дополнителна обука и едукација, Јарците ќе постигнат значителен напредок на работа и ќе отворат нови перспективи за понатамошен развој на кариерата. Оваа инвестиција во личен и професионален развој ќе им донесе долгорочни придобивки и можности за напредување, но и значително зголемување на финансиите.

The post Годинава почна бериќетно за нив: Три хороскопски знаци да очекуваат финансиски пораст appeared first on Република.

]]>
Добил 40 милиони долари на лотарија, па се откажал од нив поради потрена причина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dobil-40-milioni-dolari-na-lotarija-pa-se-otkazhal-od-niv-poradi-potrena-prichina/ Fri, 08 Dec 2023 11:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=720981

Кога дознал дека на лотарија освоил 40 милиони американски долари, околу 37 милиони евра, добитникот на лото Том Крист, воопшто не се возбудил и се откажал од своите пари освоени на канадската лотарија.

За „ЦБЦ њуз“, овој долгогодишен директор на електрична компанија во Канада вели:

Имав среќа да работам за компанијата 44 години. Во текот на мојата кариера заработив доволно пари за да се грижам за себе и за моите деца. Затоа не ми требаат освоените пари на лотарија“.

Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира милиони во добротворни цели, но, позадината на таквата одлука е потресна, пренесува германски МСН.ком.

Неколку месеци пред да освои пари на лотарија, Том Крист доживеал тежок судбински удар, неговата сопруга почина од рак на белите дробови.

Ова, како што објаснува, е и причината поради која ги донирал големите добивки од лотарија на добротворна организација која се грижи за децата на кои им е потребен посебен третман за рак.

The post Добил 40 милиони долари на лотарија, па се откажал од нив поради потрена причина appeared first on Република.

]]>

Кога дознал дека на лотарија освоил 40 милиони американски долари, околу 37 милиони евра, добитникот на лото Том Крист, воопшто не се возбудил и се откажал од своите пари освоени на канадската лотарија. За „ЦБЦ њуз“, овој долгогодишен директор на електрична компанија во Канада вели:
Имав среќа да работам за компанијата 44 години. Во текот на мојата кариера заработив доволно пари за да се грижам за себе и за моите деца. Затоа не ми требаат освоените пари на лотарија“.
Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира милиони во добротворни цели, но, позадината на таквата одлука е потресна, пренесува германски МСН.ком. Неколку месеци пред да освои пари на лотарија, Том Крист доживеал тежок судбински удар, неговата сопруга почина од рак на белите дробови. Ова, како што објаснува, е и причината поради која ги донирал големите добивки од лотарија на добротворна организација која се грижи за децата на кои им е потребен посебен третман за рак.

The post Добил 40 милиони долари на лотарија, па се откажал од нив поради потрена причина appeared first on Република.

]]>
Освоила 12 милиони долари на лото, но парите никогаш не ги подигнала, направила една кобна грешка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/osvoila-12-milioni-dolari-na-loto-no-parite-nikogash-ne-gi-podignala-napravila-edna-kobna-greshka/ Mon, 23 Oct 2023 18:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=694303

Џенет Валенти (77) од Њујорк пред 31 година на лотарија освоила џекпот од 12 милиони долари, но никогаш не ги подигнала парите.

Жената тврди дека пред 31 година имала добитно ливче со броевите 2, 3, 6, 43, 46 и 52, но дека го фрлила во канта за отпадоци заедно со недобитните тикети.

Оваа грешка ја чинела неверојатна сума пари, но таа вели дека контактирала со локалните лотарии. Сепак, од лотаријата објасниле дека наградата може да ја побара само сопственикот на тикетот кој лично ќе го донесе.

Сè уште играм Лото, но добивките ми се мали, само неколку долари или кусур - објаснува жената.

Во тој јули 1991 година, Џенет брзала да излезе од дома со двете деца и мајка си и во тој хаос добитниот тикет по грешка го фрлила во ѓубре. Таа отишла кај пријател за викенд и кога се вратила дома се обидела да си го најде тикетот, но за жал не успеала.

Оваа награда е вратена во фондот на државната лотарија една година подоцна и се смета за рекордна сума во историјата на Њујорк.

Џенет објасниува дека долго време била „болна“ поради грешката што ја направила, но и дека научила да „не жали“ поради тоа.

The post Освоила 12 милиони долари на лото, но парите никогаш не ги подигнала, направила една кобна грешка appeared first on Република.

]]>

Џенет Валенти (77) од Њујорк пред 31 година на лотарија освоила џекпот од 12 милиони долари, но никогаш не ги подигнала парите. Жената тврди дека пред 31 година имала добитно ливче со броевите 2, 3, 6, 43, 46 и 52, но дека го фрлила во канта за отпадоци заедно со недобитните тикети. Оваа грешка ја чинела неверојатна сума пари, но таа вели дека контактирала со локалните лотарии. Сепак, од лотаријата објасниле дека наградата може да ја побара само сопственикот на тикетот кој лично ќе го донесе.
Сè уште играм Лото, но добивките ми се мали, само неколку долари или кусур - објаснува жената.
Во тој јули 1991 година, Џенет брзала да излезе од дома со двете деца и мајка си и во тој хаос добитниот тикет по грешка го фрлила во ѓубре. Таа отишла кај пријател за викенд и кога се вратила дома се обидела да си го најде тикетот, но за жал не успеала. Оваа награда е вратена во фондот на државната лотарија една година подоцна и се смета за рекордна сума во историјата на Њујорк. Џенет објасниува дека долго време била „болна“ поради грешката што ја направила, но и дека научила да „не жали“ поради тоа.

The post Освоила 12 милиони долари на лото, но парите никогаш не ги подигнала, направила една кобна грешка appeared first on Република.

]]>
На Флорида извлечен џекпот од дури 1,58 милијарди долари – втор најголем во историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-florida-izvlechen-dhekpot-od-duri-1-58-milijardi-dolari-vtor-najgolem-vo-istorijata/ Thu, 10 Aug 2023 17:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=670884

Една од двете најголеми американски лотариски куќи, „Мега милионс“ објавила рекордна добивка на џекпот од дури 1,58 милијарди долари, што е еден од најголемите во историјата на американската лотарија.

Добитникот е од Флорида, а тикетот го купил во супермаркет. Неговото име не е објавено, пренесува „Индепендент“.

Броевите на добитната комбинација биле 13,14,19, 20, 32 и 33.

Добитникот има две опции за преземање на парите: целосната сума да му биде исплатена во наредните 29 години во годишни исплати или да добие паушална сума од околу 783 милиони долари.

Џекпотот скокнал на 1,58 милијарди долари, бидејќи ниеден друг лоз немал добитните шест бројки.

Шансата играчот да ги има сите шест броеви е многу мала, еден наспроти 302,6 милиони.

Според правилата, добитникот сега има 180 дена да ги побара своите пари лично во седиштето на лотаријата во Талахаси, на Флорида.

Сумата од 1,58 милијарди долари е најголема освоена сума во историјата на „Мега милионс“. Претходната најголема сума изнесувала 1,53 милијарди долари, а лозот е продаден во 2018 година во Јужна Каролина.

Меѓутоа, тоа и натаму е помалку од 2,04 милијарди долари на лотариската куќа „Пауербол“, кои минатиот ноември ги освои Едвин Кастро од Калифорнија.

Последниот џекпот на „Мега милионс“ е извлечен на 18 април и тогаш изнесувал 20 милиони долари.

The post На Флорида извлечен џекпот од дури 1,58 милијарди долари – втор најголем во историјата appeared first on Република.

]]>

Една од двете најголеми американски лотариски куќи, „Мега милионс“ објавила рекордна добивка на џекпот од дури 1,58 милијарди долари, што е еден од најголемите во историјата на американската лотарија. Добитникот е од Флорида, а тикетот го купил во супермаркет. Неговото име не е објавено, пренесува „Индепендент“. Броевите на добитната комбинација биле 13,14,19, 20, 32 и 33. Добитникот има две опции за преземање на парите: целосната сума да му биде исплатена во наредните 29 години во годишни исплати или да добие паушална сума од околу 783 милиони долари. Џекпотот скокнал на 1,58 милијарди долари, бидејќи ниеден друг лоз немал добитните шест бројки. Шансата играчот да ги има сите шест броеви е многу мала, еден наспроти 302,6 милиони. Според правилата, добитникот сега има 180 дена да ги побара своите пари лично во седиштето на лотаријата во Талахаси, на Флорида. Сумата од 1,58 милијарди долари е најголема освоена сума во историјата на „Мега милионс“. Претходната најголема сума изнесувала 1,53 милијарди долари, а лозот е продаден во 2018 година во Јужна Каролина. Меѓутоа, тоа и натаму е помалку од 2,04 милијарди долари на лотариската куќа „Пауербол“, кои минатиот ноември ги освои Едвин Кастро од Калифорнија. Последниот џекпот на „Мега милионс“ е извлечен на 18 април и тогаш изнесувал 20 милиони долари.

The post На Флорида извлечен џекпот од дури 1,58 милијарди долари – втор најголем во историјата appeared first on Република.

]]>
Милионерки од гетото: 11 хигиеничарки едвај собрале пари да уплатат лото тикет, па добиле џекпот од 1,2 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milionerki-od-getoto-11-higienicharki-edvaj-sobrale-pari-da-uplatat-loto-tiket-pa-dobile-dhekpot-od-1-2-milioni-dolari/ Wed, 02 Aug 2023 14:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=667953

Единаесет хигиеничарки во јужната индиска држава Керала собрале пари за да купат тикет за лотарија, а минатата недела тие освоиле џекпот од 100 милиони рупии, што е 1,2 милиони долари.

Овие жени собираат неоргански отпад од домаќинствата во градот Парапанангади, а платата им е околу 250 рупии дневно, со повремен додаток кој локалната корпорација им го дава од продажбата на отпадот кој го собираат, пишува „Би-Би-Си“.

Сепак, тие пари не им се доволни за живот, па повеќето од нив позајмувале и подигнувале кредити за да ги школуваат децата и за други трошоци. Затоа, повремено собирале пари за да купат лото тикет.

Минатиот месец, 11-те хигиеничарки одлучиле да купат тикет од 250 рупии, едната од нив - Кутималу (72) немала доволно пари, па нејзината колешка ѝ позајмила половина за тикетот. Така, двете дале по 12,5 рупии за својот дел од тикетот, додека останатите девет жени платиле по 25 рупии.

Хигиеничарките дознале за добивката еден ден по извлекување на џекпотот, кога една од нив го замолила својот сопруг да ги провери резултатите. Тие за „Би-Би-Си“ изјавиле дека нема да ја напуштат работата која ја работат бидејќи токму тој колектив им донел среќа.

The post Милионерки од гетото: 11 хигиеничарки едвај собрале пари да уплатат лото тикет, па добиле џекпот од 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Единаесет хигиеничарки во јужната индиска држава Керала собрале пари за да купат тикет за лотарија, а минатата недела тие освоиле џекпот од 100 милиони рупии, што е 1,2 милиони долари. Овие жени собираат неоргански отпад од домаќинствата во градот Парапанангади, а платата им е околу 250 рупии дневно, со повремен додаток кој локалната корпорација им го дава од продажбата на отпадот кој го собираат, пишува „Би-Би-Си“. Сепак, тие пари не им се доволни за живот, па повеќето од нив позајмувале и подигнувале кредити за да ги школуваат децата и за други трошоци. Затоа, повремено собирале пари за да купат лото тикет. Минатиот месец, 11-те хигиеничарки одлучиле да купат тикет од 250 рупии, едната од нив - Кутималу (72) немала доволно пари, па нејзината колешка ѝ позајмила половина за тикетот. Така, двете дале по 12,5 рупии за својот дел од тикетот, додека останатите девет жени платиле по 25 рупии. Хигиеничарките дознале за добивката еден ден по извлекување на џекпотот, кога една од нив го замолила својот сопруг да ги провери резултатите. Тие за „Би-Би-Си“ изјавиле дека нема да ја напуштат работата која ја работат бидејќи токму тој колектив им донел среќа.

The post Милионерки од гетото: 11 хигиеничарки едвај собрале пари да уплатат лото тикет, па добиле џекпот од 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Лани 99 извршители оствариле профит од 3,4 милиони евра, на прво место е жена која имала добивка од 130.000 евра! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lani-99-izvrshiteli-ostvarile-profit-od-3-4-milioni-evra-na-prvo-mesto-e-zena-koja-imala-dobivka-od-130-000-evra/ Mon, 03 Oct 2022 12:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=556844

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за Пари, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка).

За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата што ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра.

Пари ексклузивно ги открива добивките на ТОП 10 извршители кои имале среќа да направат извршувања со најголема вредност и со тоа да остварат за себе најголем нето-приход (приход минус расходи минус пресметан данок од Годишна даночна пријава). Вкупните нивни добивки се над 1 милион евра. Значи: 10 извршители направиле профит од 1 милион евра, а вкупниот профит на останатите 89 е 2,4 милиони евра.

На самиот врв по заработка од извршувања е извршителката Катерина Кокина. Оваа извршителка успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра.

Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати. На второ место, со профит од 123.000 евра, е извршителот Гордан Станковиќ. Станковиќ е познат во јавноста, тој едно време беше и претседател на Комората на извршители, а се памети и по тоа што со години беше неприкосновен во однос на правењето профит. Според информациите кои јавно беа објавени во медиумите, во периодот од 2012 до 2017 година, односно за пет години, тој направил нето-профит од 1,3 милиони евра, или, во просек, по 260.000 евра годишно.

Токму пласирањето на ваквите добивки во јавноста, како и притисокот на невладиниот сектор, доведоа до извесни законски измени со кои се намалија плаќањата за извршувањата.

Иако не заработиле колку што би заработиле во минатото, во групата на ТОП 10 извршители за 2021 година, најнискиот профит е 78.169 евра, а го направила извршителката Славица Ацовска.

Погледнете ја целата листа на најпрофитните 10 извршители ТУКА.

The post Лани 99 извршители оствариле профит од 3,4 милиони евра, на прво место е жена која имала добивка од 130.000 евра! appeared first on Република.

]]>

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за Пари, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка). За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата што ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра. Пари ексклузивно ги открива добивките на ТОП 10 извршители кои имале среќа да направат извршувања со најголема вредност и со тоа да остварат за себе најголем нето-приход (приход минус расходи минус пресметан данок од Годишна даночна пријава). Вкупните нивни добивки се над 1 милион евра. Значи: 10 извршители направиле профит од 1 милион евра, а вкупниот профит на останатите 89 е 2,4 милиони евра. На самиот врв по заработка од извршувања е извршителката Катерина Кокина. Оваа извршителка успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра. Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати. На второ место, со профит од 123.000 евра, е извршителот Гордан Станковиќ. Станковиќ е познат во јавноста, тој едно време беше и претседател на Комората на извршители, а се памети и по тоа што со години беше неприкосновен во однос на правењето профит. Според информациите кои јавно беа објавени во медиумите, во периодот од 2012 до 2017 година, односно за пет години, тој направил нето-профит од 1,3 милиони евра, или, во просек, по 260.000 евра годишно. Токму пласирањето на ваквите добивки во јавноста, како и притисокот на невладиниот сектор, доведоа до извесни законски измени со кои се намалија плаќањата за извршувањата. Иако не заработиле колку што би заработиле во минатото, во групата на ТОП 10 извршители за 2021 година, најнискиот профит е 78.169 евра, а го направила извршителката Славица Ацовска. Погледнете ја целата листа на најпрофитните 10 извршители ТУКА.

The post Лани 99 извршители оствариле профит од 3,4 милиони евра, на прво место е жена која имала добивка од 130.000 евра! appeared first on Република.

]]>
На Индиец му преседнала добивка на лотарија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-indiec-mu-presednala-dobivka-na-lotarija/ Tue, 27 Sep 2022 11:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=554593

Добитник на лотарија во Индија објави дека ќе мора со семејството да се исели од домот, бидејќи не може повеќе да се одбрани од безбројните барања за финансиска помош поради зажалил за освојувањето на парите.

Возачот Аноп од јужната сојузна држава Керала освоил 250 милиони рупии, околу три милиони евра, на државната лотарија овој месец, пренесува BBC.

Една седмица подоцна објави видео во кое бара од туѓинците да престанат да го тормозат него и неговото семејство.

„Би сакал да не победев“, вели Индиецот.

Аноп во видеото вели дека размислува за селење за да го избегне огромното внимание на јавноста.

Тој се најде насловните страници на весниците кога ја освоил наградата, најголемата понудена на лотаријата во таа јужна индиска држава.

Лозот го купил на 18-ти септември, ден пред да замине за Малезија на работа, откако ги земал парите за уплата од штедната касичка на синот.

Но откако била објавена веста за неговата добивка, семејството дошло во центарот на вниманието на јавноста.

„Бев пресреќен кога победив. Имаше многу луѓе и камери во куќата и бевме среќни“, вели Аноп во видеото и додава дека набрзо ситуацијата набрзо излегла надвор од контрола.

„Не можам да излезам од куќата, не можам да одам никаде, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, вели Индиецот.,

Аноп, кој ќе добие 150 милиони рупии откако ќе ги плати државните даноци, вели дека луѓето доаѓаат во неговата куќа секое утро.

„На сите можам да им кажам дека сѐ уште не сум ги добил парите. Се чини дека тоа никој не го разбира, колку пати и да им кажам тоа“, вели.

Аноп вели и дека тој и неговото семејство се преселиле кај роднините за да го избегнат вниманието.

Владата на сојузната држава Керала рекла дека за Аноп организира еднодневна програма за обука за финансиско управување за да му помогне подобро да ги искористи парите.

The post На Индиец му преседнала добивка на лотарија appeared first on Република.

]]>

Добитник на лотарија во Индија објави дека ќе мора со семејството да се исели од домот, бидејќи не може повеќе да се одбрани од безбројните барања за финансиска помош поради зажалил за освојувањето на парите. Возачот Аноп од јужната сојузна држава Керала освоил 250 милиони рупии, околу три милиони евра, на државната лотарија овој месец, пренесува BBC. Една седмица подоцна објави видео во кое бара од туѓинците да престанат да го тормозат него и неговото семејство. „Би сакал да не победев“, вели Индиецот. Аноп во видеото вели дека размислува за селење за да го избегне огромното внимание на јавноста. Тој се најде насловните страници на весниците кога ја освоил наградата, најголемата понудена на лотаријата во таа јужна индиска држава. Лозот го купил на 18-ти септември, ден пред да замине за Малезија на работа, откако ги земал парите за уплата од штедната касичка на синот. Но откако била објавена веста за неговата добивка, семејството дошло во центарот на вниманието на јавноста. „Бев пресреќен кога победив. Имаше многу луѓе и камери во куќата и бевме среќни“, вели Аноп во видеото и додава дека набрзо ситуацијата набрзо излегла надвор од контрола. „Не можам да излезам од куќата, не можам да одам никаде, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, вели Индиецот., Аноп, кој ќе добие 150 милиони рупии откако ќе ги плати државните даноци, вели дека луѓето доаѓаат во неговата куќа секое утро. „На сите можам да им кажам дека сѐ уште не сум ги добил парите. Се чини дека тоа никој не го разбира, колку пати и да им кажам тоа“, вели. Аноп вели и дека тој и неговото семејство се преселиле кај роднините за да го избегнат вниманието. Владата на сојузната држава Керала рекла дека за Аноп организира еднодневна програма за обука за финансиско управување за да му помогне подобро да ги искористи парите.

The post На Индиец му преседнала добивка на лотарија appeared first on Република.

]]>