до тебе е“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/do-tebe-e/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 11:28:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png до тебе е“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/do-tebe-e/ 32 32 Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/karavanot-ne-e-do-niv-do-tebe-e-vo-nedela-doaga-vo-gradski-park-na-shkolka/ Thu, 18 Apr 2024 11:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=767526

Пораката „Не е до нив, до тебе е“ пристигна до многумина, затоа што караванот од оваа кампања отпатува низ повеќе градови низ Македонија. А во недела, диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски доаѓаат во Скопје, во Градски парк на Школка. Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и оваа недела (21.04.2024) во 15:00 часот, бидете во првите редови од публиката на Школка на стенд ап настапот на Бојан Кирковски.

Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе посвети многу поголемо внимание на правото на глас и на одговорноста што ја имаме кон нашата најголема граѓанска должност. Но, доколку ти сеуште со недоверба си го поставуваш прашањето „Што ќе смени баш мојот глас“, тогаш дефинитивно треба да ги зачуваш следните локации и датуми на караванот, за да го добиеш вистинскиот одговор – „Не е до нив, до тебе е„.

Диџеј Мац и Бојан Кирковски ви закажуваат следна средба уште утре, 19.04.2024 во Градски парк во Кочани, а караванот ќе патува и во Куманово - Градски плоштад (20.04.), Скопје, Центар – Школка (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Скопје, Ѓорче Петров – Парк (23.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04).
Исто така, голем дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од оваа кампања, затоа што сите имаат една цел - заедно со граѓаните да се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Искористете го викендот и оваа недела дојдете во Градски парк во Скопје, на Школка за да се насмеете на ваша сметка и низ урнебесна комедија да се уверите дека навистина, „Не е до нив, до тебе е“. Ако и ова неделно попладне не одвоите време за природа, стенд ап забава и за храбра одлука, тогаш дефинитивно, не е до нив, до вас е.

The post Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка appeared first on Република.

]]>

Пораката „Не е до нив, до тебе е“ пристигна до многумина, затоа што караванот од оваа кампања отпатува низ повеќе градови низ Македонија. А во недела, диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски доаѓаат во Скопје, во Градски парк на Школка. Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и оваа недела (21.04.2024) во 15:00 часот, бидете во првите редови од публиката на Школка на стенд ап настапот на Бојан Кирковски. Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе посвети многу поголемо внимание на правото на глас и на одговорноста што ја имаме кон нашата најголема граѓанска должност. Но, доколку ти сеуште со недоверба си го поставуваш прашањето „Што ќе смени баш мојот глас“, тогаш дефинитивно треба да ги зачуваш следните локации и датуми на караванот, за да го добиеш вистинскиот одговор – „Не е до нив, до тебе е„. Диџеј Мац и Бојан Кирковски ви закажуваат следна средба уште утре, 19.04.2024 во Градски парк во Кочани, а караванот ќе патува и во Куманово - Градски плоштад (20.04.), Скопје, Центар – Школка (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Скопје, Ѓорче Петров – Парк (23.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04). Исто така, голем дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од оваа кампања, затоа што сите имаат една цел - заедно со граѓаните да се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво. Искористете го викендот и оваа недела дојдете во Градски парк во Скопје, на Школка за да се насмеете на ваша сметка и низ урнебесна комедија да се уверите дека навистина, „Не е до нив, до тебе е“. Ако и ова неделно попладне не одвоите време за природа, стенд ап забава и за храбра одлука, тогаш дефинитивно, не е до нив, до вас е.

The post Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка appeared first on Република.

]]>
Караванот „Не е до нив, до тебе е“ почна вчера во Струмица, денеска продолжува во Штип https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/karavanot-ne-e-do-niv-do-tebe-e-pochna-vchera-vo-strumitsa-deneska-prodolzhuva-vo-shtip/ Tue, 09 Apr 2024 12:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=764277

„Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе се запраша каков е нашиот став кога станува збор за гласање и зошто толку малку внимание посветуваме на правото на глас.

Дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од кампањата “Не е до нив, до тебе е” и заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Вистинскиот одговор на прашањето “Што ќе смени еден глас?”, ќе патува низ повеќе градови во Македонија. Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започна денеска, во Градскиот парк во Струмица.

Актерот Бојан Кирковски вечерва го имаше првиот стенд ап настсан, со кој предизвика овации и гласни аплаузи кај многубројната струмичка публика.

Денеска во Градскиот парк во Струмица, имаше неверојатна атмосфера благодарение на диџеј Мац и позитивна енергија во огромни количини, предизвикана од стенд ап настапот на Бојан Кирковски.

Освен тоа што струмичани вечерва се забавуваа и се насмеаа до солзи, ја примија и пораката – “Не е до нив, до тебе е” и дознаа дека тие се најважни во креирањето на нивната иднина и дека најдоброто нешто што можат да го направат за нивниот град и за државата, е да гласаат.Мисијата е успешна, во Струмица секој знае дека не е до нив, до сите нас е, а караванот продолжува и низ другите градови во Македонија, за да разбереш и ти дека “Не е до нив, до тебе е!”.

Утре Бојан Кирковски и диџеј Мац патуваат во Штип - Плоштад Слобода. Следните дестинации на караванот се: Карпош - Антички театар (11.04), Аеродром - Парк Авионче (14.04), Велес - Градски парк (15.04), Ѓорче Петров – Парк (17.04), Куманово - Градски плоштад (18.04), Кочани - Градски плоштад (19.04), Центар – Школка, Градски парк (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04).

Зачувајте ги датумите, одвојте време за одлична забава со диџеј Мац и урнебесна комедија со Бојан Кирковски и ќе дознаете зошто не е до нив, туку е до вас, до нас.

The post Караванот „Не е до нив, до тебе е“ почна вчера во Струмица, денеска продолжува во Штип appeared first on Република.

]]>

„Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе се запраша каков е нашиот став кога станува збор за гласање и зошто толку малку внимание посветуваме на правото на глас. Дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од кампањата “Не е до нив, до тебе е” и заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво. Вистинскиот одговор на прашањето “Што ќе смени еден глас?”, ќе патува низ повеќе градови во Македонија. Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започна денеска, во Градскиот парк во Струмица. Актерот Бојан Кирковски вечерва го имаше првиот стенд ап настсан, со кој предизвика овации и гласни аплаузи кај многубројната струмичка публика. Денеска во Градскиот парк во Струмица, имаше неверојатна атмосфера благодарение на диџеј Мац и позитивна енергија во огромни количини, предизвикана од стенд ап настапот на Бојан Кирковски. Освен тоа што струмичани вечерва се забавуваа и се насмеаа до солзи, ја примија и пораката – “Не е до нив, до тебе е” и дознаа дека тие се најважни во креирањето на нивната иднина и дека најдоброто нешто што можат да го направат за нивниот град и за државата, е да гласаат.Мисијата е успешна, во Струмица секој знае дека не е до нив, до сите нас е, а караванот продолжува и низ другите градови во Македонија, за да разбереш и ти дека “Не е до нив, до тебе е!”. Утре Бојан Кирковски и диџеј Мац патуваат во Штип - Плоштад Слобода. Следните дестинации на караванот се: Карпош - Антички театар (11.04), Аеродром - Парк Авионче (14.04), Велес - Градски парк (15.04), Ѓорче Петров – Парк (17.04), Куманово - Градски плоштад (18.04), Кочани - Градски плоштад (19.04), Центар – Школка, Градски парк (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04). Зачувајте ги датумите, одвојте време за одлична забава со диџеј Мац и урнебесна комедија со Бојан Кирковски и ќе дознаете зошто не е до нив, туку е до вас, до нас.

The post Караванот „Не е до нив, до тебе е“ почна вчера во Струмица, денеска продолжува во Штип appeared first on Република.

]]>