до 16 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/do-16-godini/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 16:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png до 16 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/do-16-godini/ 32 32 Флорида со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/florida-so-zakon-gi-zabrani-sotsijalnite-mrezhi-za-litsa-pod-16-godini/ Sat, 24 Feb 2024 16:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=747892

Парламентот на Флорида, под контрола на републиканците, усвои нацрт- закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16 години, потег што поддржувачите велат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризиците за нивното ментално здравје.

Мерката, која сега треба да ја потпише републиканскиот гувернер Рон ДеСантис, бара од социјалните мрежи да ги укинат сметките на сите помлади од 17 години.

Претставничкиот дом го усвои законот со 108 гласа „за“ и седум „против“, неколку часа откако Сенатот го даде конечното одобрување.

ДеСантис, кој не кажа дали ќе ја потпише мерката, минатиот месец изрази загриженост за потенцијалното прекршување на правата на приватност.

Поддржувачите сметаат дека законот ќе ги заштити децата од штетните ефекти на социјалните мрежи, како што се анксиозноста, депресијата и другите ментални болести, и ќе биде од корист за оние кои прекумерно користат такви платформи.

Критичарите велат дека законот го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД, кој гарантира слобода на говорот и дека родителите, а не Владата треба да носат такви одлуки.

Во март 2023 година, Јута стана првата американска држава која донесе закони за регулирање на пристапот на децата до социјалните мрежи, а наскоро ќе им се придружат и Арканзас, Луизијана, Охајо и Тексас, според анализата подготвена пред носењето на законот на Флорида.

Според анализата, голем број други држави размислуваат за слични регулативи.

 

The post Флорида со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Флорида, под контрола на републиканците, усвои нацрт- закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 16 години, потег што поддржувачите велат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризиците за нивното ментално здравје. Мерката, која сега треба да ја потпише републиканскиот гувернер Рон ДеСантис, бара од социјалните мрежи да ги укинат сметките на сите помлади од 17 години. Претставничкиот дом го усвои законот со 108 гласа „за“ и седум „против“, неколку часа откако Сенатот го даде конечното одобрување. ДеСантис, кој не кажа дали ќе ја потпише мерката, минатиот месец изрази загриженост за потенцијалното прекршување на правата на приватност. Поддржувачите сметаат дека законот ќе ги заштити децата од штетните ефекти на социјалните мрежи, како што се анксиозноста, депресијата и другите ментални болести, и ќе биде од корист за оние кои прекумерно користат такви платформи. Критичарите велат дека законот го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД, кој гарантира слобода на говорот и дека родителите, а не Владата треба да носат такви одлуки. Во март 2023 година, Јута стана првата американска држава која донесе закони за регулирање на пристапот на децата до социјалните мрежи, а наскоро ќе им се придружат и Арканзас, Луизијана, Охајо и Тексас, според анализата подготвена пред носењето на законот на Флорида. Според анализата, голем број други држави размислуваат за слични регулативи.  

The post Флорида со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години appeared first on Република.

]]>