Дневникот на една собарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dnevnikot-na-edna-sobarka/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 12:49:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дневникот на една собарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dnevnikot-na-edna-sobarka/ 32 32 Филозофски филмски фестивал: „Дневникот на една собарка“ вечерва во рамките на Ретроспективата Буњуел https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-dnevnikot-na-edna-sobarka-vecherva-vo-ramkite-na-retrospektivata-bunjuel/ Mon, 23 May 2022 12:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=505986

Вечерва, со почеток во 21 часот, во кинотечната сала на Кинотека на Македонија продолжува Ретроспективата Буњуел, а на програмата е ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964, 97').

По филмот ќе следува излагањето „Поглед низ клучалката во перверзиите на буржоазијата: Од дневникот на Мирбо до атипичниот реализам на Буњуел“ на Златко Ѓелески.

Криминалистички филм, прв во низата филмови во кои Буњуел до крајот на кариерата соработува со продуцентот Серж Силберман и сценаристот Жан-Клод Кариер, а работен e според истоимениот роман на францускиот писател Октав Мирбо. Критиката го смета за едно од најреалистичните остварувања на режисерот, во кое отсуствуваат надреалистичните и фантастичните елементи од претходните, но и од следните филмови. Централен лик во приказната е атрактивната Селестин, која ја игра француската актерка Жана Моро, која од Париз доаѓа да работи како слугинка во замок на богат брачен пар во внатрешноста и таму се запознава со низа впечатливи ликови. Повторно сатиричен и критички настроен кон богатата граѓанска класа и кон екстремните политички ставови, Буњуел во филмот ги проблематизира и корупцијата, насилството, сексуалните опсесии и перверзии, како и чинот на силување и убиство.

ЗЛАТКО ЃЕЛЕСКИ е писател, филмски, музички и книжевен критичар. Дипломира на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје и од 2008 активно се занимава со филмска критика. Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, а печатените во: „Кошмар“ „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „Филмски печат“. Водител е на филмските радио емисии „Danse Macabre“ и „ТВ 103“ на радио Канал 103. Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013. Режисер е на кратките филмови ОД ДРУГАТА СТРАНА и МЕМОАРИ и организатор на ревијата на хорор филмови „Мрак Фест“. Член бил на жири комисии на неколку филмски фестивали: „Синедејс“, „Филмај“, „Мобил фестивал“ и „Филозофски филмски фестивал“. Водител е на јутјуб емисиите: „Видеологија“ и „Ревизија“. Во 2021 ја објави неговата прва збирка на филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019-2020)“ во издание на ПНВ Публикации.

The post Филозофски филмски фестивал: „Дневникот на една собарка“ вечерва во рамките на Ретроспективата Буњуел appeared first on Република.

]]>