дневна евтина тарифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dnevna-evtina-tarifa/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Nov 2023 21:00:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дневна евтина тарифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dnevna-evtina-tarifa/ 32 32 „Дојде живот“: Од следниот петок стартува евтината дневна тарифа на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dojde-zhivot-od-sledniot-petok-startuva-evtinata-dnevna-tarifa-na-strujata/ Fri, 24 Nov 2023 21:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=716063

Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата, рече во интервју за Телевизија 21, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ и Директор на Агенцијата за енергетика.

-Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинставата ќе имаат 11 часа во текот на денот евтина тарифа. Праксата покажува дека декември е поладен месец и затоа и тогаш се става на располагање на граѓаните. Реално овие часови најмногу ќе ги користат пензионерите - така е и таргетирана и димензионирана затоа што во државата во која се вградиле треба да чувствуваат сигурност и стабилност, рече Николовски.

Следува период за пресметки на цените но не очекуваме струјата да поскапи, додаде тој потецирајќи дека блок тарифите ќе останат затоа што дадоа ефект.

-Блок тарифите дадоа ефект и потрошувачката се намали за 16 % минатата година. Со обновливите извори ние имаме намалено увоз на струја значително и од 30%. За 140% имаме раст за само десет месеци во споредба со минатата година, а неспоредливо е со пред 10 години кога практично и да немало обновливи извори на енергија, рече Николовски.

После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект, кој ниту една претходна влада не покажа капацитет да го реализра - тоа е хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра. Државата, идните герации, се сакаат со реализирање на овие важни проекти. Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на земјава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 Мега Вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја, додаде Николовски во интервју за ТВ 21.

The post „Дојде живот“: Од следниот петок стартува евтината дневна тарифа на струјата appeared first on Република.

]]>

Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-dnevna-evtina-tarifa-ke-startuva-vo-dekemvri-vo-periodot-od-13-chasot-do-15-chasot/ Thu, 05 Oct 2023 11:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=688180

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.

Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и  се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори.  Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува  15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно“ посочи Бислимоски.

Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

Претседателот Бислимоски ја презентираше иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

„Субвенциите ги намалија значајно  сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош  за сметките.“ изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот appeared first on Република.

]]>

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.
Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и  се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори.  Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува  15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно“ посочи Бислимоски.
Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања. Претседателот Бислимоски ја презентираше иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.
„Субвенциите ги намалија значајно  сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош  за сметките.“ изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот appeared first on Република.

]]>
Kонечно добра вест: Oд први декември се враќа етвината дневна тарифа на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/konechno-dobra-vest-od-prvi-dekemvri-se-vraka-etvinata-dnevna-tarifa-na-strujata/ Tue, 27 Jun 2023 11:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=655665

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика  (РКЕ) Марко Бислимовски.

Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата.

-Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Цената на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената после 24 часот, рече Бислимовски.

The post Kонечно добра вест: Oд први декември се враќа етвината дневна тарифа на струјата appeared first on Република.

]]>

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика  (РКЕ) Марко Бислимовски.   Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата.
-Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Цената на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената после 24 часот, рече Бислимовски.

The post Kонечно добра вест: Oд први декември се враќа етвината дневна тарифа на струјата appeared first on Република.

]]>
Има можност да се врати дневната евтина тарифа, најави Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ima-mozhnost-da-se-vrati-dnevnata-evtina-tarifa-najavi-bekteshi/ Tue, 28 Feb 2023 10:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=614138

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата.

Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.

Тој најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат, како што истакна, најранливите категории граѓани.

-Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.

The post Има можност да се врати дневната евтина тарифа, најави Бектеши appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата. Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата. Тој најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат, како што истакна, најранливите категории граѓани. -Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.