Дмитриј Кулеба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dmitrij-kuleba/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Nov 2023 13:40:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дмитриј Кулеба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dmitrij-kuleba/ 32 32 Кулеба не доаѓа во Скопје поради Лавров https://arhiva3.republika.mk/vesti/kuleba-ne-doaga-vo-skopje-poradi-lavrov/ Tue, 28 Nov 2023 13:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=717211

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, нема да учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија поради присуството на руска делегација, изјавил портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Украинската делегација нема да учествува на министерскиот самит на ОБСЕ на ниво на министер за надворешни работи… Руската Федерација доследно го уништува ОБСЕ злоупотребувајќи го правилото за консензус, напишал Николенко на социјалните мрежи.

Потсетуваме, Русија претходно доби покана за учество на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје, за што Македонија донесе одлука да дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи да пристигне во земјата. Потоа и Бугарија го отвори својот воздушен простор за да присуствува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Скопје, потврдија од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

ОБСЕ соопшти дека годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември 2023 година во Скопје. Во соопштението на организацијата се појаснува дека оваа годишна средба ќе се одржи на покана на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.

The post Кулеба не доаѓа во Скопје поради Лавров appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, нема да учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија поради присуството на руска делегација, изјавил портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко. Украинската делегација нема да учествува на министерскиот самит на ОБСЕ на ниво на министер за надворешни работи… Руската Федерација доследно го уништува ОБСЕ злоупотребувајќи го правилото за консензус, напишал Николенко на социјалните мрежи. Потсетуваме, Русија претходно доби покана за учество на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје, за што Македонија донесе одлука да дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи да пристигне во земјата. Потоа и Бугарија го отвори својот воздушен простор за да присуствува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Скопје, потврдија од Министерството за надворешни работи на Бугарија. ОБСЕ соопшти дека годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември 2023 година во Скопје. Во соопштението на организацијата се појаснува дека оваа годишна средба ќе се одржи на покана на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.

The post Кулеба не доаѓа во Скопје поради Лавров appeared first on Република.

]]>
Кулеба: На 24 февруари на Путин ќе му биде испратен многу јасен сигнал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kuleba-na-24-fevruari-na-putin-ke-mu-bide-ispraten-mnogu-jasen-signal/ Mon, 13 Feb 2023 07:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=608210

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека ќе биде испратен „многу јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Кулеба, одговарајќи на прашањето за акциите за поддршка на Украина до 24 февруари, рече дека ќе има различни настани во ОН, во Киев и во многу светски метрополи и оти тоа ќе испрати многу јасен сигнал до Путин дека сериозно греши ако игра на исцрпеност и смета дека времето е на негова страна, бидејќи единството со Украина расте секој ден.

Кулеба оцени дека е многу важно што американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја посети Полска од 20 до 22 февруари, но додаде дека не се работи само за таа посета, туку за неколку настани во различни градови, чиј ефект ќе биде кумулативен.

The post Кулеба: На 24 февруари на Путин ќе му биде испратен многу јасен сигнал appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека ќе биде испратен „многу јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина. Кулеба, одговарајќи на прашањето за акциите за поддршка на Украина до 24 февруари, рече дека ќе има различни настани во ОН, во Киев и во многу светски метрополи и оти тоа ќе испрати многу јасен сигнал до Путин дека сериозно греши ако игра на исцрпеност и смета дека времето е на негова страна, бидејќи единството со Украина расте секој ден. Кулеба оцени дека е многу важно што американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја посети Полска од 20 до 22 февруари, но додаде дека не се работи само за таа посета, туку за неколку настани во различни градови, чиј ефект ќе биде кумулативен.

The post Кулеба: На 24 февруари на Путин ќе му биде испратен многу јасен сигнал appeared first on Република.

]]>
Кулеба: Русија води енергетска војна против Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kuleba-rusija-vodi-energetska-vojna-protiv-evropa/ Tue, 21 Jun 2022 10:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=517985

Русија води енергетска војна против Европа, тврди министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Русија со децении ги користи гасот и нафтата како оружје. Затоа, не треба да изненадува сега, под овие околности, истото го прави. Русија ги направи гасот и нафтата оружје и води енергетска војна против Европа, изјави Кулеба за австриската телевизија „Пулс24“.

Тој истакнува дека само транзицијата кон обновлива енергија може да ја ослободи Европа од зависноста од рускиот гас.

Мислам дека употребата на гасот како оружје е јасна порака до германската и австриската економија дека мора да ја забрзаат зелената агенда и транзицијата кон обновливи извори на енергија, вели шефот на украинската дипломатија.

Кулеба изрази уверување дека намалувањето на испораките на гас нема да доведе до распаѓање на ЕУ и посочи дека на крајот Русија ќе загуби, а Украина и Унијата ќе победат.

Не верувам дека ќе бидат укинати санкциите или ќе се намали притисокот врз Русија, додаде тој.

На прашањето дали Русија нема проблеми со пристапувањето на Украина во ЕУ, Кулеба посочи дека однесувањето на Русија е секогаш исто, без разлика дали се работи за Украина или некоја друга земја.

Прво се закануваат дека ќе те казнат на најлош начин ако направиш нешто. Потоа, кога ќе увидат дека изгубиле, велат дека никогаш не било проблем, и дека е во ред да се прави тоа што се сака. Погледнете како тие го коментираа приемот на Шведска и Финска во НАТО. Истата шема, подвлече тој.

Кулеба апелираше до Европа и светот да достават оружје во Украина.

Најдобар и најбрз начин да се стави крај на оваа војна е да се снабди Украина со неопходното оружје, рече тој.

Тој уште рече дека моменталната состојба на фронтот на истокот е тензична.

Не можам да зборувам за бројки, но за жал нашите загуби се болни, не само кога се во прашање загинатите, туку и за повредените. Секој ден зборуваме за десетици повредени и мртви, рече Кулеба.

The post Кулеба: Русија води енергетска војна против Европа appeared first on Република.

]]>

Русија води енергетска војна против Европа, тврди министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба. Русија со децении ги користи гасот и нафтата како оружје. Затоа, не треба да изненадува сега, под овие околности, истото го прави. Русија ги направи гасот и нафтата оружје и води енергетска војна против Европа, изјави Кулеба за австриската телевизија „Пулс24“. Тој истакнува дека само транзицијата кон обновлива енергија може да ја ослободи Европа од зависноста од рускиот гас. Мислам дека употребата на гасот како оружје е јасна порака до германската и австриската економија дека мора да ја забрзаат зелената агенда и транзицијата кон обновливи извори на енергија, вели шефот на украинската дипломатија. Кулеба изрази уверување дека намалувањето на испораките на гас нема да доведе до распаѓање на ЕУ и посочи дека на крајот Русија ќе загуби, а Украина и Унијата ќе победат. Не верувам дека ќе бидат укинати санкциите или ќе се намали притисокот врз Русија, додаде тој. На прашањето дали Русија нема проблеми со пристапувањето на Украина во ЕУ, Кулеба посочи дека однесувањето на Русија е секогаш исто, без разлика дали се работи за Украина или некоја друга земја. Прво се закануваат дека ќе те казнат на најлош начин ако направиш нешто. Потоа, кога ќе увидат дека изгубиле, велат дека никогаш не било проблем, и дека е во ред да се прави тоа што се сака. Погледнете како тие го коментираа приемот на Шведска и Финска во НАТО. Истата шема, подвлече тој. Кулеба апелираше до Европа и светот да достават оружје во Украина. Најдобар и најбрз начин да се стави крај на оваа војна е да се снабди Украина со неопходното оружје, рече тој. Тој уште рече дека моменталната состојба на фронтот на истокот е тензична. Не можам да зборувам за бројки, но за жал нашите загуби се болни, не само кога се во прашање загинатите, туку и за повредените. Секој ден зборуваме за десетици повредени и мртви, рече Кулеба.

The post Кулеба: Русија води енергетска војна против Европа appeared first on Република.

]]>
Украинскиот министер за надворешни: Нашата цел е да ја принудиме Русија да направи отстапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-minister-za-nadvoreshni-nashata-cel-e-da-ja-prinudime-rusija-da-napravi-otstapki/ Tue, 01 Feb 2022 09:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=452249

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитрo Кулеба порача дека неговата земја е подготвена за конструктивни преговори со Русија, но под услов Москва да го направи првиот чекор.

Украина е подготвена за конструктивни преговори, но никој нема да врши притисок врз нас, никој нема да не принуди на ништо, бидејќи Украина веќе направи доволно за мир. Русија сега треба да направи чекор - изјави Кулеба.

Тој додаде дека Русија е таа што „сега мора да направи отстапки“.

Нашата цел - и ние тоа искрено им го кажуваме на нашите партнери - е да ја принудиме Русија да направи отстапки, дојде време таа да направи отстапки и да го покаже својот вистински интерес за постигнување мир - изјави Кулеба.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно во неколку наврати изјави дека Русија не е страна во конфликтот во источна Украина.

The post Украинскиот министер за надворешни: Нашата цел е да ја принудиме Русија да направи отстапки appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитрo Кулеба порача дека неговата земја е подготвена за конструктивни преговори со Русија, но под услов Москва да го направи првиот чекор.
Украина е подготвена за конструктивни преговори, но никој нема да врши притисок врз нас, никој нема да не принуди на ништо, бидејќи Украина веќе направи доволно за мир. Русија сега треба да направи чекор - изјави Кулеба.
Тој додаде дека Русија е таа што „сега мора да направи отстапки“.
Нашата цел - и ние тоа искрено им го кажуваме на нашите партнери - е да ја принудиме Русија да направи отстапки, дојде време таа да направи отстапки и да го покаже својот вистински интерес за постигнување мир - изјави Кулеба.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно во неколку наврати изјави дека Русија не е страна во конфликтот во источна Украина.

The post Украинскиот министер за надворешни: Нашата цел е да ја принудиме Русија да направи отстапки appeared first on Република.

]]>