Дмитри Медведев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dmitri-medvedev/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 10:59:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дмитри Медведев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dmitri-medvedev/ 32 32 Медведев се заканува со одмазда: Бесен поради новиот удар врз Русија, го изнесе пеколниот план https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-se-zakanuva-so-odmazda-besen-poradi-noviot-udar-vrz-rusija-go-iznese-pekolniot-plan/ Mon, 26 Feb 2024 10:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=748456

Москва треба жестоко да му се одмазди на Западот за неселективни санкции кои им штетат на обичните граѓани, изјави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Медведев на Телеграм напиша дека ограничувањата не се наметнати само на функционери и деловни субјекти, туку се насочени против сите граѓани на Русија.

Идејата е јасна: колку повеќе Русите страдаат, толку подобро за Западот, напиша поранешниот претседател, сега потпретседател на рускиот Совет за безбедност и еден од најгласните критичари на Западот.

Медведев презентираше и контраплан. Според него, Русија треба да ги казни своите непријатели создавајќи проблеми за западните економии, поттикнувајќи го јавното незадоволство од „глупавите политики“ на западните влади и промовирајќи меѓународни одлуки кои ги поткопуваат интересите на западниот свет.

Тој е лут на последните американски и европски санкции. Соединетите Американски Држави во петокот објавија дека ставаат на црната листа 500 поединци и компании, а Советот на Европската Унија го посочи тоа за околу 200 субјекти.

Министерството за финансии на САД одлучи да го ограничи државниот оператор на платниот систем „Мир“, чија популарност порасна откако Русија беше отсечена од глобалниот финансиски систем Свифт, а Виза и Мастеркард ја откажаа соработката.

Кремљ упорно повторува дека санкциите се незаконски и дека нивната цел е да ја дестабилизираат Русија.

The post Медведев се заканува со одмазда: Бесен поради новиот удар врз Русија, го изнесе пеколниот план appeared first on Република.

]]>

Москва треба жестоко да му се одмазди на Западот за неселективни санкции кои им штетат на обичните граѓани, изјави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.
Медведев на Телеграм напиша дека ограничувањата не се наметнати само на функционери и деловни субјекти, туку се насочени против сите граѓани на Русија.
Идејата е јасна: колку повеќе Русите страдаат, толку подобро за Западот, напиша поранешниот претседател, сега потпретседател на рускиот Совет за безбедност и еден од најгласните критичари на Западот.
Медведев презентираше и контраплан. Според него, Русија треба да ги казни своите непријатели создавајќи проблеми за западните економии, поттикнувајќи го јавното незадоволство од „глупавите политики“ на западните влади и промовирајќи меѓународни одлуки кои ги поткопуваат интересите на западниот свет. Тој е лут на последните американски и европски санкции. Соединетите Американски Држави во петокот објавија дека ставаат на црната листа 500 поединци и компании, а Советот на Европската Унија го посочи тоа за околу 200 субјекти. Министерството за финансии на САД одлучи да го ограничи државниот оператор на платниот систем „Мир“, чија популарност порасна откако Русија беше отсечена од глобалниот финансиски систем Свифт, а Виза и Мастеркард ја откажаа соработката. Кремљ упорно повторува дека санкциите се незаконски и дека нивната цел е да ја дестабилизираат Русија.

The post Медведев се заканува со одмазда: Бесен поради новиот удар врз Русија, го изнесе пеколниот план appeared first on Република.

]]>
Медведев: Западот се приближува кон светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-zapadot-se-priblizuva-kon-svetska-vojna/ Wed, 16 Nov 2022 07:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=574314

Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитри Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажува дека Западот се приближува кон уште една светска војна.

Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна, напиша Медведев на Твитер.

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно изјави дека земјата нема конкретни докази кои покажуваат кој го испукал проектилот што погоди погон за жито и уби две лица.

The post Медведев: Западот се приближува кон светска војна appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитри Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажува дека Западот се приближува кон уште една светска војна. Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна, напиша Медведев на Твитер. Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно изјави дека земјата нема конкретни докази кои покажуваат кој го испукал проектилот што погоди погон за жито и уби две лица.

The post Медведев: Западот се приближува кон светска војна appeared first on Република.

]]>
Медведев: Русија поради заштита на цивилите, сè уште не го искористила воениот потенцијал во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusija-poradi-zashtita-na-civilite-se-ushte-ne-go-iskoristila-voeniot-potencijal-vo-ukraina/ Sat, 12 Nov 2022 16:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=573081

Русија сѐ уште не го искористила целиот воен арсенал на можни средства за уништување, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Тој забележал дека „во рутината на тешкото секојдневие и под влијание на не лесни воени одлуки почнале да се бришат постигнатите резултати оваа година“, кои се исклучиво важни за Русија и нејзините граѓани, па решил да ги потсети на нив.

– Сакам да ве потсетам дека Русија, од причини кои се очигледни за сите разумни луѓе, сè уште не го искористила целиот арсенал на можни средства за уништување. И не ги гаѓаше сите можни непријателски цели лоцирани во населени места. И не само поради нашата вродена човечка добрина. Се во свое време, напиша Медведев на својот Телеграм канал.

Тој исто така додаде дека Русија за време на борбите се труди максимално да ги зачува животите на своите војници и цивили, додека противникот не се грижи за животот на својот народ, а тоа ја одразува големата морална разлика меѓу двете страни.

The post Медведев: Русија поради заштита на цивилите, сè уште не го искористила воениот потенцијал во Украина appeared first on Република.

]]>

Русија сѐ уште не го искористила целиот воен арсенал на можни средства за уништување, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев. Тој забележал дека „во рутината на тешкото секојдневие и под влијание на не лесни воени одлуки почнале да се бришат постигнатите резултати оваа година“, кои се исклучиво важни за Русија и нејзините граѓани, па решил да ги потсети на нив.
– Сакам да ве потсетам дека Русија, од причини кои се очигледни за сите разумни луѓе, сè уште не го искористила целиот арсенал на можни средства за уништување. И не ги гаѓаше сите можни непријателски цели лоцирани во населени места. И не само поради нашата вродена човечка добрина. Се во свое време, напиша Медведев на својот Телеграм канал.
Тој исто така додаде дека Русија за време на борбите се труди максимално да ги зачува животите на своите војници и цивили, додека противникот не се грижи за животот на својот народ, а тоа ја одразува големата морална разлика меѓу двете страни.

The post Медведев: Русија поради заштита на цивилите, сè уште не го искористила воениот потенцијал во Украина appeared first on Република.

]]>
Најди си бункер за да се сокриеш, му порача шефот на украинската безбедност на Медведев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najdi-si-bunker-za-da-se-sokriesh-mu-poracha-shefot-na-ukrainskata-bezbednost-na-medvedev/ Tue, 13 Sep 2022 08:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=550266

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев, порачувајќи му да си најде бункер во кој ќе се сокрие.

Претходно Медведев испрати порака до Киев „дека тоа што досега се случуваше во Украина е само загревање и детска игра за ултиматумите што ќе следат“.
Украинскиот претседател, пак, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава, како Северна Кореја, и бункерот во кој ќе се сокрие. Конечно нека престане да ја пишува „русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле“, напиша вчера Данилов на Твитер.

The post Најди си бункер за да се сокриеш, му порача шефот на украинската безбедност на Медведев appeared first on Република.

]]>

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев, порачувајќи му да си најде бункер во кој ќе се сокрие. Претходно Медведев испрати порака до Киев „дека тоа што досега се случуваше во Украина е само загревање и детска игра за ултиматумите што ќе следат“. Украинскиот претседател, пак, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми. „Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава, како Северна Кореја, и бункерот во кој ќе се сокрие. Конечно нека престане да ја пишува „русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле“, напиша вчера Данилов на Твитер.

The post Најди си бункер за да се сокриеш, му порача шефот на украинската безбедност на Медведев appeared first on Република.

]]>
Медведев: Молдавија може во ЕУ само како дел од „нова Голема Романија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-moldavija-moze-vo-eu-samo-kako-del-od-nova-golema-romanija/ Sat, 25 Jun 2022 16:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=519673

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, не размислува за можно директно членство на Молдавија во Европската унија, туку само за создавање на „нова Голема Романија“.

„Молдавија влезе во долгиот ред за влез во ЕУ, кој се протега со децении. Со среќа! Но, вие сакате да одите побрзо. Затоа, уште еден начин за добивање членство во ЕУ станува многу поактуелен преку создавањето на нова Голема Романија“, напиша Медведев.

Медведев тврди дека романските власти отворено бараат различни можности за „легално преземање“ на Молдавија.

Тој ја обвини молдавската претседателка Маја Санда дека е „подготвена да се откаже од државноста со еден потег“, бидејќи, како што наведува, има и романско државјанство и и било ветено висока позиција во „новата Голема Романија“.

„Во обид да ги задоволат своите нови господари, тие се подготвени да се приклучат на европските санкции против Русија. Па, нека се обидат. Во тој случај, можат да бидат сигурни дека нема да добиваат енергенси од нас по висока цена, туку воопшто нема да добиваат“, заклучи Медведев.

The post Медведев: Молдавија може во ЕУ само како дел од „нова Голема Романија“ appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, не размислува за можно директно членство на Молдавија во Европската унија, туку само за создавање на „нова Голема Романија“.
„Молдавија влезе во долгиот ред за влез во ЕУ, кој се протега со децении. Со среќа! Но, вие сакате да одите побрзо. Затоа, уште еден начин за добивање членство во ЕУ станува многу поактуелен преку создавањето на нова Голема Романија“, напиша Медведев.
Медведев тврди дека романските власти отворено бараат различни можности за „легално преземање“ на Молдавија. Тој ја обвини молдавската претседателка Маја Санда дека е „подготвена да се откаже од државноста со еден потег“, бидејќи, како што наведува, има и романско државјанство и и било ветено висока позиција во „новата Голема Романија“.
„Во обид да ги задоволат своите нови господари, тие се подготвени да се приклучат на европските санкции против Русија. Па, нека се обидат. Во тој случај, можат да бидат сигурни дека нема да добиваат енергенси од нас по висока цена, туку воопшто нема да добиваат“, заклучи Медведев.

The post Медведев: Молдавија може во ЕУ само како дел од „нова Голема Романија“ appeared first on Република.

]]>
Медведев: А, кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-a-koj-reche-deka-za-dve-godini-ukraina-voopshto-kje-postoi/ Wed, 15 Jun 2022 09:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=515402

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина.

А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе не им е гајле, тие толку вложија во антируски проект, што сè друго за нив е ситница, напиша тој на Телеграм.

Тој информираше дека видел објава, каде се наведува оти Украина „сака да добие течен гас (LNG) од своите странски партнери на лизинг и да плати за две години“.

Според неговите зборови, без западниот течен гас „Украина зимава едноставно ќе смрзне“.

The post Медведев: А, кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои? appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина.
А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе не им е гајле, тие толку вложија во антируски проект, што сè друго за нив е ситница, напиша тој на Телеграм.
Тој информираше дека видел објава, каде се наведува оти Украина „сака да добие течен гас (LNG) од своите странски партнери на лизинг и да плати за две години“. Според неговите зборови, без западниот течен гас „Украина зимава едноставно ќе смрзне“.

The post Медведев: А, кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои? appeared first on Република.

]]>
Медведев: Санкциите кон Русија ќе доведат до низа кризи и судири во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-sankciite-kon-rusija-kje-dovedat-do-niza-krizi-i-sudiri-vo-svetot/ Fri, 13 May 2022 09:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=501808

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев во текст насловен „Петок 13. Што ќе биде понатаму или Светот по антируските санкции (воопшто не е прогноза)“ наведува дека следат низи кризи и судири и уривање на идејата за свет фокусиран на Америка.

Поранешниот руски претседател и близок сојузник на актуелниот шеф на руската држава посочува дека поради санкциите кон Москва ќе има енергетски, логистички, прехранбени и други кризи во светот.

Како резултат на тоа, ќе се создаде нова безбедносна архитектура во која постојните реалности ќе бидат де факто, а потоа де јуре ќе се препознаваат: а) слабоста на западните концепти за меѓународните односи како што се „редот заснован на правила“ и друго бесмислено западно ѓубре, б) колапс на американско-центричниот свет; в) присуство на интереси кои ги почитува светската заедница во оние земји кои се во акутна фаза на конфликт со западниот свет - истакна Медведев.

Тој потенцира дека санкциите кон Русија ќе доведат до уништување на многу глобални синџири на снабдување и оти е можна голема логистичка криза, вклучително и колапс на странски авиокомпании, на кои им беше забрането да летаат над руска територија. Тој исто така предвидува и енергетската криза.

Цената на фосилните горива ќе продолжи да расте, а развојот на дигиталната економија во светот ќе забави - посочува Медведев.

Според него санкциите ќе имаат негативно влијание и врз глобалниот финансиски состав, што ќе резултира со евентуална монетарна и финансиска криза и галопирачка инфлација.

Медведев наведува дека следат и нови регионални воени судири, а терористите ќе бидат се поактивни бидејќи западните власти се насочени кон пресметка со Русија.

Најверојатно ќе има и нови епидемии предизвикани од одбивањето на фер меѓународна соработка во санитарната и епидемиолошката сфера или директните последици од употребата на биолошко оружје, посочува Медведев.

Тој заклучува дека „ќе се создадат нови меѓународни сојузи помеѓу земјите засновани на прагматични, а не идеолошки англосаксонски критериуми“.

The post Медведев: Санкциите кон Русија ќе доведат до низа кризи и судири во светот appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев во текст насловен „Петок 13. Што ќе биде понатаму или Светот по антируските санкции (воопшто не е прогноза)“ наведува дека следат низи кризи и судири и уривање на идејата за свет фокусиран на Америка. Поранешниот руски претседател и близок сојузник на актуелниот шеф на руската држава посочува дека поради санкциите кон Москва ќе има енергетски, логистички, прехранбени и други кризи во светот.
Како резултат на тоа, ќе се создаде нова безбедносна архитектура во која постојните реалности ќе бидат де факто, а потоа де јуре ќе се препознаваат: а) слабоста на западните концепти за меѓународните односи како што се „редот заснован на правила“ и друго бесмислено западно ѓубре, б) колапс на американско-центричниот свет; в) присуство на интереси кои ги почитува светската заедница во оние земји кои се во акутна фаза на конфликт со западниот свет - истакна Медведев.
Тој потенцира дека санкциите кон Русија ќе доведат до уништување на многу глобални синџири на снабдување и оти е можна голема логистичка криза, вклучително и колапс на странски авиокомпании, на кои им беше забрането да летаат над руска територија. Тој исто така предвидува и енергетската криза.
Цената на фосилните горива ќе продолжи да расте, а развојот на дигиталната економија во светот ќе забави - посочува Медведев.
Според него санкциите ќе имаат негативно влијание и врз глобалниот финансиски состав, што ќе резултира со евентуална монетарна и финансиска криза и галопирачка инфлација. Медведев наведува дека следат и нови регионални воени судири, а терористите ќе бидат се поактивни бидејќи западните власти се насочени кон пресметка со Русија. Најверојатно ќе има и нови епидемии предизвикани од одбивањето на фер меѓународна соработка во санитарната и епидемиолошката сфера или директните последици од употребата на биолошко оружје, посочува Медведев. Тој заклучува дека „ќе се создадат нови меѓународни сојузи помеѓу земјите засновани на прагматични, а не идеолошки англосаксонски критериуми“.

The post Медведев: Санкциите кон Русија ќе доведат до низа кризи и судири во светот appeared first on Република.

]]>
Можна е нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, предупреди Медведев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mozna-e-nuklearna-vojna-megju-rusija-i-nato-predupredi-medvedev/ Thu, 12 May 2022 11:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=501474

Снабдувањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

Обидите на НАТО земјите да ја преплават Украина со оружје, да ја обучат украинската армија со западна опрема, да испратат платеници и да одржуваат вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна, напиша Медведев на Телеграм.

Тој смета дека „секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во целосна нуклеарна војна“.

Тоа ќе биде катастрофално сценарио за сите, предупреди Медведев.

The post Можна е нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, предупреди Медведев appeared first on Република.

Медведев: Русија има моќ да ги постави сите дрски непријатели на нивно место https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusija-ima-mokj-da-gi-postavi-site-drski-neprijateli-na-nivno-mesto/ Thu, 17 Mar 2022 13:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=474277

Русија има сила да ги постави непријателите, предводени од САД, на нивно место и Москва ќе го спречи „русофобниот заговор“ на Западот да ја распарчи Русија, изјави денеска Дмитриј Медведев, еден од најблиските сојузници на претседателот Владимир Путин.

Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик-секретар на рускиот Совет за безбедност, истакна дека САД поттикнале „одвратна“ русофобија во обид да ја доведат Русија на колена и потоа да ја распарчат.

ема да успее. Русија има моќ да ги стави сите наши дрски непријатели на нивно место, нагласи Медведев.

The post Медведев: Русија има моќ да ги постави сите дрски непријатели на нивно место appeared first on Република.

]]>

Русија има сила да ги постави непријателите, предводени од САД, на нивно место и Москва ќе го спречи „русофобниот заговор“ на Западот да ја распарчи Русија, изјави денеска Дмитриј Медведев, еден од најблиските сојузници на претседателот Владимир Путин. Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик-секретар на рускиот Совет за безбедност, истакна дека САД поттикнале „одвратна“ русофобија во обид да ја доведат Русија на колена и потоа да ја распарчат.
ема да успее. Русија има моќ да ги стави сите наши дрски непријатели на нивно место, нагласи Медведев.

The post Медведев: Русија има моќ да ги постави сите дрски непријатели на нивно место appeared first on Република.

]]>
Медведев: Санкциите не значат ништо, операциите ќе бидат спроведени во целост https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-sankciite-ne-znachat-nishto-operaciite-kje-bidat-sprovedeni-vo-celost/ Sat, 26 Feb 2022 11:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=464199

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо и дека операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина.

Овие санкции дефинитивно нема да сменат ништо. Тоа им е јасно дури и на неупатените во Стејт департментот. Ова се однесува на одлуката да се спроведе воената операција за заштита на Донбас - порача Медведев.

Тој нагласи дека „операцијата ќе трае се додека не се исполнат целите што ги определил рускиот претседател“.

Медведев исто така порача дека Русија ќе одговори на заплената на парични средства на руските граѓани и компаниите во странство, на начин што ќе бидат запленети парите на странците и странските компании во Русија.

The post Медведев: Санкциите не значат ништо, операциите ќе бидат спроведени во целост appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо и дека операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина.
Овие санкции дефинитивно нема да сменат ништо. Тоа им е јасно дури и на неупатените во Стејт департментот. Ова се однесува на одлуката да се спроведе воената операција за заштита на Донбас - порача Медведев.
Тој нагласи дека „операцијата ќе трае се додека не се исполнат целите што ги определил рускиот претседател“. Медведев исто така порача дека Русија ќе одговори на заплената на парични средства на руските граѓани и компаниите во странство, на начин што ќе бидат запленети парите на странците и странските компании во Русија.

The post Медведев: Санкциите не значат ништо, операциите ќе бидат спроведени во целост appeared first on Република.

]]>