дмитри кулеба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dmitri-kuleba/ За подобро да се разбереме Sun, 01 May 2022 20:33:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дмитри кулеба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dmitri-kuleba/ 32 32 Кулеба ја повика Германија да донесе „храбри и визионерки одлуки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kuleba-ja-povika-germanija-da-donese-hrabri-i-vizionerki-odluki/ Sun, 01 May 2022 21:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=496158

Германскиот одговор на руската војна против Украина е колеблив во споредба со другите европски земји, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Берлин треба „да ја преземе водечката улога во Европа, особено во прашањата на источната политика“, рече тој, нагласувајќи дека ова се однесува на испораката на оружје за Украина, санкциите кон Русија и доделувањето статус кандидат за ЕУ ​​на Украина. Генерално, рече тој, Украина се надева на „храбри, визионерски одлуки“ од германската влада.

Кулеба предупреди дека ако рускиот претседател Владимир Путин победи во војната, „Европа нема да ужива стабилност и безбедност со децении“. Сепак, рече тој, ако Украина излезе како победник, ова ќе ја зајакне Европа во иднина.

Коментирајќи ги заканувачките референци на Русија за нуклеарно оружје, Кулеба рече: „Тука мора да се ограничи Русија, каде што на чело на режимот е лудак. Заканите со нуклеарно оружје се поефективни отолку употреба на оружјето“, јави ДПА.

The post Кулеба ја повика Германија да донесе „храбри и визионерки одлуки“ appeared first on Република.

]]>

Германскиот одговор на руската војна против Украина е колеблив во споредба со другите европски земји, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Берлин треба „да ја преземе водечката улога во Европа, особено во прашањата на источната политика“, рече тој, нагласувајќи дека ова се однесува на испораката на оружје за Украина, санкциите кон Русија и доделувањето статус кандидат за ЕУ ​​на Украина. Генерално, рече тој, Украина се надева на „храбри, визионерски одлуки“ од германската влада. Кулеба предупреди дека ако рускиот претседател Владимир Путин победи во војната, „Европа нема да ужива стабилност и безбедност со децении“. Сепак, рече тој, ако Украина излезе како победник, ова ќе ја зајакне Европа во иднина. Коментирајќи ги заканувачките референци на Русија за нуклеарно оружје, Кулеба рече: „Тука мора да се ограничи Русија, каде што на чело на режимот е лудак. Заканите со нуклеарно оружје се поефективни отолку употреба на оружјето“, јави ДПА.

The post Кулеба ја повика Германија да донесе „храбри и визионерки одлуки“ appeared first on Република.

]]>