дкск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dksk/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:38:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дкск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dksk/ 32 32 Антикорупциска: Законот важи за сите, судиите не се „сите“?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-zakonot-vazhi-za-site-sudiite-ne-se-site/ Thu, 21 Nov 2024 12:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=840375

Како што е утврдено со закон, ДКСК има обврска да спроведува превенција и спречување на можни злоупотреби на службената положба, судир на интереси и незаконско постапување. Во текот на спроведувањето на своите надлежности, ДКСК не ги оценува личните ставови или политичките интереси на засегнатите лица, туку исклучиво се води од факти и законски утврдени обврски, соопштија од комисијата.

Секој е должен, според напишаното од страна на комисијата, да го почитува Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вклучувајќи ги и правосудните органи.

ДКСК како самостојна и независна институција има законска надлежност и обврска да се грижи за доследно почитување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и нема да отстапи од својата мисија и цел. Констатирана повреда на законот со одлука на ДКСК, во никој случај не претставува мешање во било која власт, бидејќи законите важат подеднакво за сите. Дејствијата и одлуките кои се во спротивност со Законот за спречување на корупција и судир на интереси создаваат ризици од корупција и судир на интереси и не смеат да опстојуваат како такви во правниот промет.

Државната комисија го реафирмира својот став изразен во Одлуката бр. 09-2838/12 донесена на седницата одржана на ден 08.11.2024 година, дека Одлуките на Судскиот совет на РМ и Советот на јавните обвинители на РСМ за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не се во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и со Законот за академијата за судии и јавни обвинители. Имено, пропишаната забрана за вршење на други дејности и членување во управни и надзорни одбори за време на вршење на функцијата важи и во конкретниот случај. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители кои се од редот на обвинителите и судиите се избрани да ја вршат функцијата член на совет професионално и за времетраењето на нивниот мандат како членови на советот не ја извршуваат функцијата судија, односно јавен обвинител, туку истата им мирува. Истовремено, со членот 9 од Законот за академијата за судии и јавни обвинители е јасно пропишано дека советите назначуваат по двајца членови од редот на судиите, односно од редот на јавните обвинители, а не од сопствените редови.

ДКСК изразува благодарност до сите институции кои ја следат работата на ДКСК и покажуваат подготвеност за соработка и ги почитуваат укажувањата и препораките од ДКСК и на тој начин даваат придонес кон остварување на заедничката цел – спречување на корупцијата во општеството.

ДКСК останува посветена на својата мисија и уверува дека секоја преземена активност е со целосна одговорност, транспарентност и во интерес на граѓаните на Република Македонија, се прецизира во информацијата.

The post Антикорупциска: Законот важи за сите, судиите не се „сите“?! appeared first on Република.

]]>

Како што е утврдено со закон, ДКСК има обврска да спроведува превенција и спречување на можни злоупотреби на службената положба, судир на интереси и незаконско постапување. Во текот на спроведувањето на своите надлежности, ДКСК не ги оценува личните ставови или политичките интереси на засегнатите лица, туку исклучиво се води од факти и законски утврдени обврски, соопштија од комисијата. Секој е должен, според напишаното од страна на комисијата, да го почитува Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вклучувајќи ги и правосудните органи. ДКСК како самостојна и независна институција има законска надлежност и обврска да се грижи за доследно почитување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и нема да отстапи од својата мисија и цел. Констатирана повреда на законот со одлука на ДКСК, во никој случај не претставува мешање во било која власт, бидејќи законите важат подеднакво за сите. Дејствијата и одлуките кои се во спротивност со Законот за спречување на корупција и судир на интереси создаваат ризици од корупција и судир на интереси и не смеат да опстојуваат како такви во правниот промет. Државната комисија го реафирмира својот став изразен во Одлуката бр. 09-2838/12 донесена на седницата одржана на ден 08.11.2024 година, дека Одлуките на Судскиот совет на РМ и Советот на јавните обвинители на РСМ за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не се во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и со Законот за академијата за судии и јавни обвинители. Имено, пропишаната забрана за вршење на други дејности и членување во управни и надзорни одбори за време на вршење на функцијата важи и во конкретниот случај. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители кои се од редот на обвинителите и судиите се избрани да ја вршат функцијата член на совет професионално и за времетраењето на нивниот мандат како членови на советот не ја извршуваат функцијата судија, односно јавен обвинител, туку истата им мирува. Истовремено, со членот 9 од Законот за академијата за судии и јавни обвинители е јасно пропишано дека советите назначуваат по двајца членови од редот на судиите, односно од редот на јавните обвинители, а не од сопствените редови. ДКСК изразува благодарност до сите институции кои ја следат работата на ДКСК и покажуваат подготвеност за соработка и ги почитуваат укажувањата и препораките од ДКСК и на тој начин даваат придонес кон остварување на заедничката цел – спречување на корупцијата во општеството. ДКСК останува посветена на својата мисија и уверува дека секоја преземена активност е со целосна одговорност, транспарентност и во интерес на граѓаните на Република Македонија, се прецизира во информацијата.

The post Антикорупциска: Законот важи за сите, судиите не се „сите“?! appeared first on Република.

]]>
ДКСК поднесе иницијатива до Судски совет и Здружението на судии за поведување дисциплинска постапка против член на Судскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-podnese-initsijativa-do-sudski-sovet-i-zdruzhenieto-na-sudii-za-poveduvane-distsiplinska-postapka-protiv-chlen-na-sudskiot-sovet/ Fri, 08 Nov 2024 12:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=835562

ДКСК на денешната 10. седница донесе одлука да поднесе иницијатива до Судскиот совет и Здружението на судии за поведување на дисциплинска постапка против член на Судскиот совет за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ јавувајќи се во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувало негово блиско лице, сестра.

Членот на Судски совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, казнив по член 107 за што ДКСК ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог.

По предметот реферираше членот на ДКСК Цвета Ристовска, која рече дека станува збор за претставка против член на Судски совет од познат подносител, во која се наведува дека пријавениот се наоѓа во состојба на судир на интереси и при вршењето на функцијата член на Судски совет покажува пристрасност раководејќи се од приватен интерес.

Во претставката се наведува дека член на Судскиот совет поднел барање до Судскиот совет за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии на Врховен суд, кои воедно биле и членови на Судечкиот совет кој одлучувал по вонреден правен лек, ревизија по предмет РЕФ1 бр. 158/2019. Во претставката се наведува дека во предметот заведен пред Врховниот суд кој е основ за поведување на оваа постапка и по која е оформен предметот за ревизија, тужителот поднел одговор на ревизијата преку полномошник, односно адвокатско друштво во кое сестра на член на Судски совет обавува адвокатска дејност, кој член на Судски совет воедно е и подносител на барањето - изјави Ристовска.

За утврдување на фактичката состојба, ДКСК се обратила до подносителот на пријавата со барање за допрецизирање на пријавата, односно да го посочи името и презимето на блиското лице – сестра на член на Судски совет, која обавува дејност во адвокатското друштво. По допрецизирањето, ДКСК прибавила документација од Централен регистар и од Судскиот совет.

По разгледување на целокупната доставена документација ДКСК ја констатира следната состојба:

Видно од барањето за поведување постапка за утврдување одговорност на судија е дека ваквото барање поднесено од член на Судски совет против судии на Врховен суд, поради тоа што подносителот, односно членот на Судски совет, смета дека истите постапувајќи во предметот РЕФ1 бр. 158/2019 при донесување на пресудата постапиле нестручно и несовесно при вршењето на својата судска функција. Од наведеното јасно произлегува дека членот на Судскиот совет поднел барање за постапување во предмет во кој предмет има блиско лице - изјави Ристовска.

Законските обврски на сите службени лица, меѓу кои се и судиите и членовите на Судски совет, нагласи Ристовска, ги обврзува во вршењето на функција, јавно овластување или службена должност да постапуваат совесно, стручно и одговорно, да ги почитуваат етичките норми, како и дека е должно да внимава на евентуален судир на интереси и е должно да го пријави постоењето на приватен интерес и да се изземе пред расправа и одлучување.

Со оглед дека блиско лице, сестра на член на Судски совет била полномошник од редот на адвокатите на странката која ја изгубила постапката пред Врховниот суд, не само што членот на Судскиот совет не смеел да постапува, туку до толку повеќе ниту да се јави во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во тој предмет, каде учествувало негово блиско лице, кое имало или може да има приватен интерес - нагласи Ристовска.

ДКСК, исто така, констатира дека гледано пошироко потенцијалните последици од игнорирање на судир на интерес на членовите на Судски совет, кои всушност вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките, каде што членовите на Судскиот совет имаат блиски лица, со што на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт, која самостојност и независност треба да ја гарантира Судскиот совет.

Со наведените дејствија, членот на Судски совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, казнив по член 107 за што ДКСК ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог.

Воедно членот на Судски совет постапил спротивно и на член 33, став 4 од Законот за Судски совет, кој е основ за поведување на дисциплинска одговорност на членот на Судскиот совет заради што ДКСК до Судски совет и до Здружението на судии ќе поднесе иницијатива за поведување на постапка за дисциплинска одговорност на членот на Судскиот совет.

Судскиот совет и Здружението на судии се должни по поднесената иницијатива за покренување дисциплинска постапка на член на Судски совет да донесе одлука најдоцна во рок од 60 дена од денот на доставување на иницијативата, како и обврска во рок од 60 дена да ја извести ДКСК за своето постапување.

The post ДКСК поднесе иницијатива до Судски совет и Здружението на судии за поведување дисциплинска постапка против член на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

ДКСК на денешната 10. седница донесе одлука да поднесе иницијатива до Судскиот совет и Здружението на судии за поведување на дисциплинска постапка против член на Судскиот совет за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ јавувајќи се во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувало негово блиско лице, сестра. Членот на Судски совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, казнив по член 107 за што ДКСК ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог. По предметот реферираше членот на ДКСК Цвета Ристовска, која рече дека станува збор за претставка против член на Судски совет од познат подносител, во која се наведува дека пријавениот се наоѓа во состојба на судир на интереси и при вршењето на функцијата член на Судски совет покажува пристрасност раководејќи се од приватен интерес.
Во претставката се наведува дека член на Судскиот совет поднел барање до Судскиот совет за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии на Врховен суд, кои воедно биле и членови на Судечкиот совет кој одлучувал по вонреден правен лек, ревизија по предмет РЕФ1 бр. 158/2019. Во претставката се наведува дека во предметот заведен пред Врховниот суд кој е основ за поведување на оваа постапка и по која е оформен предметот за ревизија, тужителот поднел одговор на ревизијата преку полномошник, односно адвокатско друштво во кое сестра на член на Судски совет обавува адвокатска дејност, кој член на Судски совет воедно е и подносител на барањето - изјави Ристовска.
За утврдување на фактичката состојба, ДКСК се обратила до подносителот на пријавата со барање за допрецизирање на пријавата, односно да го посочи името и презимето на блиското лице – сестра на член на Судски совет, која обавува дејност во адвокатското друштво. По допрецизирањето, ДКСК прибавила документација од Централен регистар и од Судскиот совет. По разгледување на целокупната доставена документација ДКСК ја констатира следната состојба:
Видно од барањето за поведување постапка за утврдување одговорност на судија е дека ваквото барање поднесено од член на Судски совет против судии на Врховен суд, поради тоа што подносителот, односно членот на Судски совет, смета дека истите постапувајќи во предметот РЕФ1 бр. 158/2019 при донесување на пресудата постапиле нестручно и несовесно при вршењето на својата судска функција. Од наведеното јасно произлегува дека членот на Судскиот совет поднел барање за постапување во предмет во кој предмет има блиско лице - изјави Ристовска.
Законските обврски на сите службени лица, меѓу кои се и судиите и членовите на Судски совет, нагласи Ристовска, ги обврзува во вршењето на функција, јавно овластување или службена должност да постапуваат совесно, стручно и одговорно, да ги почитуваат етичките норми, како и дека е должно да внимава на евентуален судир на интереси и е должно да го пријави постоењето на приватен интерес и да се изземе пред расправа и одлучување.
Со оглед дека блиско лице, сестра на член на Судски совет била полномошник од редот на адвокатите на странката која ја изгубила постапката пред Врховниот суд, не само што членот на Судскиот совет не смеел да постапува, туку до толку повеќе ниту да се јави во улога на иницијатор за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во тој предмет, каде учествувало негово блиско лице, кое имало или може да има приватен интерес - нагласи Ристовска.
ДКСК, исто така, констатира дека гледано пошироко потенцијалните последици од игнорирање на судир на интерес на членовите на Судски совет, кои всушност вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките, каде што членовите на Судскиот совет имаат блиски лица, со што на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт, која самостојност и независност треба да ја гарантира Судскиот совет. Со наведените дејствија, членот на Судски совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, казнив по член 107 за што ДКСК ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог. Воедно членот на Судски совет постапил спротивно и на член 33, став 4 од Законот за Судски совет, кој е основ за поведување на дисциплинска одговорност на членот на Судскиот совет заради што ДКСК до Судски совет и до Здружението на судии ќе поднесе иницијатива за поведување на постапка за дисциплинска одговорност на членот на Судскиот совет. Судскиот совет и Здружението на судии се должни по поднесената иницијатива за покренување дисциплинска постапка на член на Судски совет да донесе одлука најдоцна во рок од 60 дена од денот на доставување на иницијативата, како и обврска во рок од 60 дена да ја извести ДКСК за своето постапување.

The post ДКСК поднесе иницијатива до Судски совет и Здружението на судии за поведување дисциплинска постапка против член на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>
ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-bara-ponishtuvane-na-odlukite-za-naznachuvane-na-chlenovi-na-uo-na-asjo-od-sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli/ Fri, 08 Nov 2024 11:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=835508

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Оттаму истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители.

– ДКСК согласно член 40 од деловник предлага да побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки за надминување на начин што пред отпочнување на мандатот членови на АСЈО, а најдоцна до истекот на мандатот на сегашните членови на АСЈО, ќе ги стават вон сила своите одлуки кои се спротивни на Закон за судир на интереси и Закон за АСЈО, порачаа од Комисијата на денешната седница.

The post ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО. Оттаму истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители. – ДКСК согласно член 40 од деловник предлага да побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки за надминување на начин што пред отпочнување на мандатот членови на АСЈО, а најдоцна до истекот на мандатот на сегашните членови на АСЈО, ќе ги стават вон сила своите одлуки кои се спротивни на Закон за судир на интереси и Закон за АСЈО, порачаа од Комисијата на денешната седница.

The post ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Буџетски средства се злоупотребувале за приватни цели: ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/budhetski-sredstva-se-zloupotrebuvale-za-privatni-tseli-dksk-initsira-postapka-protiv-poraneshnata-ministerka-za-kultura/ Fri, 08 Nov 2024 10:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=835468

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На денешната седница од Комисијата информираа дека ги потврдуваат наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели при службеното патување на поранешната министерка во Велика Британија и Ирска по повод 30 години дипломатски односи.

Наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели се потврдуваат, со што се констатира дека биле потрошени средства за приватни цели. ДКСК ќе постапи во рамки на своите надлежности и ќе иницира постапка до надлежните органи - рече членот Зоран Богоевски.

Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1 300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување. Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле подмирени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што соопштија од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања.

The post Буџетски средства се злоупотребувале за приватни цели: ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. На денешната седница од Комисијата информираа дека ги потврдуваат наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели при службеното патување на поранешната министерка во Велика Британија и Ирска по повод 30 години дипломатски односи.
Наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели се потврдуваат, со што се констатира дека биле потрошени средства за приватни цели. ДКСК ќе постапи во рамки на своите надлежности и ќе иницира постапка до надлежните органи - рече членот Зоран Богоевски.
Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1 300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување. Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле подмирени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што соопштија од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања.

The post Буџетски средства се злоупотребувале за приватни цели: ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура appeared first on Република.

]]>
Нашата работа не ги одложува обврските на другите надлежни органи, велат од ДКСК за случајот со директорот на АНБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nashata-rabota-ne-gi-odlozhuva-obvrskite-na-drugite-nadlezhni-organi-velat-od-dksk-za-sluchajot-so-direktorot-na-anb/ Wed, 30 Oct 2024 14:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=832486

Во врска со јавните реакции во однос на улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата во предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, од Антикорупциска денеска реагираат дека ДКСК постапува во рамките на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции.

Потстуваат дека ДКСК е независен орган со точно утврдени надлежности и во своето работење се води исклучиво од потребата за законито и транспарентно функционирање на институциите.

Информациите во јавноста за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, бидејќи двете институции имаат различни функции и институционална поставеност. ДКСК исто така истакнува дека нејзиното постапување во ниту еден случај не ги запира постапувањата на останатите надлежни институции од спроведување на надлежностите. Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста. Укажуваме дека нашата работа не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи. Напротив, ДКСК ги поттикнува сите надлежни институции, да ги извршуваат должности во согласност со законските надлежности. ДКСК постапува во рамките на роковите утврдени со закон и тие рокови го диктираат постапувањето на ДКСК, обезбедувајќи така систематичен и транспарентен пристап во проверките. Потребно е сите надлежни органи да ја почитуваат институционалната рамка и надлежностите на ДКСК, со што ќе се обезбеди ефективно и транспарентно завршување на процесите од интерес на јавноста. Довербата во институционалниот интегритет на системот за спречување на корупцијата и одговорноста се градат преку доследност во извршувањето на надлежностите на секој орган поединечно, реагираат антикорупционерите.

The post Нашата работа не ги одложува обврските на другите надлежни органи, велат од ДКСК за случајот со директорот на АНБ appeared first on Република.

]]>

Во врска со јавните реакции во однос на улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата во предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, од Антикорупциска денеска реагираат дека ДКСК постапува во рамките на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции. Потстуваат дека ДКСК е независен орган со точно утврдени надлежности и во своето работење се води исклучиво од потребата за законито и транспарентно функционирање на институциите.
Информациите во јавноста за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, бидејќи двете институции имаат различни функции и институционална поставеност. ДКСК исто така истакнува дека нејзиното постапување во ниту еден случај не ги запира постапувањата на останатите надлежни институции од спроведување на надлежностите. Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста. Укажуваме дека нашата работа не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи. Напротив, ДКСК ги поттикнува сите надлежни институции, да ги извршуваат должности во согласност со законските надлежности. ДКСК постапува во рамките на роковите утврдени со закон и тие рокови го диктираат постапувањето на ДКСК, обезбедувајќи така систематичен и транспарентен пристап во проверките. Потребно е сите надлежни органи да ја почитуваат институционалната рамка и надлежностите на ДКСК, со што ќе се обезбеди ефективно и транспарентно завршување на процесите од интерес на јавноста. Довербата во институционалниот интегритет на системот за спречување на корупцијата и одговорноста се градат преку доследност во извршувањето на надлежностите на секој орган поединечно, реагираат антикорупционерите.

The post Нашата работа не ги одложува обврските на другите надлежни органи, велат од ДКСК за случајот со директорот на АНБ appeared first on Република.

]]>
Антикорупционерите почнаа постапка за новиот директор на АНБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsionerite-pochnaa-postapka-za-noviot-direktor-na-anb/ Tue, 22 Oct 2024 13:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=829923

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.

Според претседателката на ДКСК Татјана Димитровска предметот е отворен по анонимна претставка, која е во врска со условите за поставување на директор на АНБ. Подносителот ја оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба.

Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор на АНБ минатата недела и оттогаш не пресрануваат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за партизирање на тајните безбедносни служби.

Христовски до лани бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа бил вратен на работа во Министерството за внатрешни работи, по што се отчленил од партијата. Тој во медиумски настап потврди дека нема безбедносен сертификат „државна тајна“, а има сертификат „строго доверливо“. Рече дека по преземањето на функцијата ја почнал постапка да го добие и сертификатот „државна тајна“. Во 2019 година водел постапка, но таков сертификат не му бил одобрен, што Христовски го гледа како политичка пресметка со него од страна на претходната власт.

The post Антикорупционерите почнаа постапка за новиот директор на АНБ appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски. Според претседателката на ДКСК Татјана Димитровска предметот е отворен по анонимна претставка, која е во врска со условите за поставување на директор на АНБ. Подносителот ја оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба. Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор на АНБ минатата недела и оттогаш не пресрануваат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за партизирање на тајните безбедносни служби. Христовски до лани бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа бил вратен на работа во Министерството за внатрешни работи, по што се отчленил од партијата. Тој во медиумски настап потврди дека нема безбедносен сертификат „државна тајна“, а има сертификат „строго доверливо“. Рече дека по преземањето на функцијата ја почнал постапка да го добие и сертификатот „државна тајна“. Во 2019 година водел постапка, но таков сертификат не му бил одобрен, што Христовски го гледа како политичка пресметка со него од страна на претходната власт.

The post Антикорупционерите почнаа постапка за новиот директор на АНБ appeared first on Република.

]]>
Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrovska-od-analizata-shto-ja-napravivme-konstatiravme-deka-kartata-na-sinot-na-premierot-ne-e-platena-so-drzhavni-pari/ Mon, 14 Oct 2024 19:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=826807

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

Кога го отворивме овој предмет, имавме единствена цел да утврдиме дали претседателот на Владата, вршејќи ги своите надлежности, службена должност и јавни овластување, ги има прекршено законот и Уставот, односно дали со спроведеното дејствие има остварено своја лична корист или корист на некое друго лице. Врз основа на целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции, односно дополнително беше обезбедена документацијата за патување на физичко лице, во случајов синот на премиерот, од каде што констатиравме дека од буџетот на државата не се платени трошоци за физичко лице, рече Димитровска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Од документацијата која ја имаме добиено, додаде, авиобилтетите за физичкото лице се платени во готово, имаме прилог фискални сметки. Резервацијата не е извршена од ниедна државна институција, додека за сместувањето е издадена фактура со потпис и печат дека е платено во готово и гласи на физичкото лице.

Од целокупната документација која ја обезбедивме од буџетските корисници, од трансакциските сметки на тие институции, вклучително и амбасадата, утврдивме дека такви средства не се исплатени на физичко лице. Дали фактурата што има печат „пеид“ е веродостоен документ, сепак не навлеговме во правната регулатива на државата што ја има издадено таа фактура. За нас е доволен доказ, со сите алатки што ги применивме, да потврдиме дека буџетски средства не се користени за приватни цели, во случајов за патување на синот на премиерот, прецизира Димитровска.

На настанот во Њујорк, како што кажа, било патувано со јавен превоз, со воз, за што, додаде, имаме прилог фактура и секако документација дека е платено.

Платено е за таквиот превоз, што значи дека исто така и за оваа релација од Вашингтон до Њујорк не е платено од буџетот на државата за синот на премиерот, потенцира Димитровска.

The post Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари appeared first on Република.

Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sine-te-molam-prosti-mi-shto-mora-da-go-zhiveesh-ova/ Wed, 09 Oct 2024 12:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=824663

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ, пишува премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи коментирајќи ја последната одлука на Антикорупциска која денеска констатираше дека неговиот син во САД не патувал на државна сметка.

Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина, пишува премиерот Мицкоски во статус на фејсбук.

The post Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова appeared first on Република.

Владата за одлуката на ДКСК за патувањето на синот на премиерот во САД: Очекувана и разумна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-za-odlukata-na-dksk-za-patuvaneto-na-sinot-na-premierot-vo-sad-ochekuvana-i-razumna-odluka/ Wed, 09 Oct 2024 11:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=824644

Очекувана и разумна одлука, велат од Владата за одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која ја отфрли тужбата за патувањето на синот на премиерот во САД.

Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека она што сега се очекува е извинување за сите шпекулации изнесени во врска со овој случај.

– Очекувана и разумна одлука со што уште еднаш се потврдува начинот на којшто функционира Владата, а тоа е почитување на Уставот и законите. Денес јасно се гледа од каде доаѓаат тие шпелукации и очекуваме дека во најмала рака треба да се поднесе извинување за сите шпекулации, рече Митева, одговарајќи на новинарски прашања на првата прес-конференција откако вчера беше назначена на оваа функција.

Антикорупциската комисија денеска информираше дека е отфрлена тужбата за патувањето на синот на премиерот затоа што по извршената проверка на документацијата не е утврдено прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не е утврдено користење на буџетски средства за приватни цели.

Според ДКСК, од доставената документација за хотелското сместување на членовите на државната делегација во САД, констатирано е дека синот на премиерот не престојувал во истите хотели каде престојувале тие, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на Република Македонија.

The post Владата за одлуката на ДКСК за патувањето на синот на премиерот во САД: Очекувана и разумна одлука appeared first on Република.

]]>

Очекувана и разумна одлука, велат од Владата за одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која ја отфрли тужбата за патувањето на синот на премиерот во САД. Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека она што сега се очекува е извинување за сите шпекулации изнесени во врска со овој случај.
– Очекувана и разумна одлука со што уште еднаш се потврдува начинот на којшто функционира Владата, а тоа е почитување на Уставот и законите. Денес јасно се гледа од каде доаѓаат тие шпелукации и очекуваме дека во најмала рака треба да се поднесе извинување за сите шпекулации, рече Митева, одговарајќи на новинарски прашања на првата прес-конференција откако вчера беше назначена на оваа функција.
Антикорупциската комисија денеска информираше дека е отфрлена тужбата за патувањето на синот на премиерот затоа што по извршената проверка на документацијата не е утврдено прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не е утврдено користење на буџетски средства за приватни цели. Според ДКСК, од доставената документација за хотелското сместување на членовите на државната делегација во САД, констатирано е дека синот на премиерот не престојувал во истите хотели каде престојувале тие, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на Република Македонија.

The post Владата за одлуката на ДКСК за патувањето на синот на премиерот во САД: Очекувана и разумна одлука appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-potvrdi-sinot-na-mitskoski-ne-patuval-vo-vashington-na-drzhaven-troshok/ Wed, 09 Oct 2024 10:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=824507

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.

Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.

Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.

За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.

Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување.

Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.
Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.
Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.
Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.
За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.
Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување. Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>
ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-oformila-65-predmeti-za-povredi-na-izborniot-zakonik-i-zakonot-za-sprechuvane-na-koruptsijata-vo-vrska-so-izbornata-kampana-2024/ Tue, 24 Sep 2024 11:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=819287

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.

Според посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, за утврдените состојби во финансирање на изборните кампањи за избор на претседател и за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија 2024 година, од вкупно 61 поднесени пријави од граѓани и институции, ДКСК има постапено по 53 предмети, за кои има донесено 45 одлуки од своја надлежност.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, во Собранието денеска изјави дека извештаите укажуваат на потребата од унапредување на системот за мониторинг и надзор на изборните кампањи.

ДКСК препорачува воведување на нови механизми за следење на приходи и расходи, како и реорганизација на административните процеси. Овие два извештаи претставуваат значаен документ кој дава јасна слика за состојбата за финансирање на изборните програми и ја нагласува потребата од реформи и подобрувања кои ќе обезбедат фер и транспарентен изброен процес во иднина, посочи претседателката на ДКСК шри разлгедувањето на Посебен извештај на ДКСК за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Македонија 2024 година на 15. собраниска седница.

Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека 8 предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина.

Во рамките на своите надлежности ДКСК има покренато шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои има постапувано.

Исто така, ДКСК има покренато 4 иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица.

Анализата на ДКСК покажува дека најголем дел од пријавените изборни нерегуларности, вкупно 58 проценти се однесуваат на прекршување на член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик каде е уредено дека: „од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“.

Извештаите беа разгледани, а претресот беше завршен со прост преод.

The post ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024 appeared first on Република.

]]>

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања. Според посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, за утврдените состојби во финансирање на изборните кампањи за избор на претседател и за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија 2024 година, од вкупно 61 поднесени пријави од граѓани и институции, ДКСК има постапено по 53 предмети, за кои има донесено 45 одлуки од своја надлежност. Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, во Собранието денеска изјави дека извештаите укажуваат на потребата од унапредување на системот за мониторинг и надзор на изборните кампањи. ДКСК препорачува воведување на нови механизми за следење на приходи и расходи, како и реорганизација на административните процеси. Овие два извештаи претставуваат значаен документ кој дава јасна слика за состојбата за финансирање на изборните програми и ја нагласува потребата од реформи и подобрувања кои ќе обезбедат фер и транспарентен изброен процес во иднина, посочи претседателката на ДКСК шри разлгедувањето на Посебен извештај на ДКСК за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Македонија 2024 година на 15. собраниска седница. Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека 8 предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. Во рамките на своите надлежности ДКСК има покренато шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои има постапувано. Исто така, ДКСК има покренато 4 иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица. Анализата на ДКСК покажува дека најголем дел од пријавените изборни нерегуларности, вкупно 58 проценти се однесуваат на прекршување на член 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик каде е уредено дека: „од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“. Извештаите беа разгледани, а претресот беше завршен со прост преод.

The post ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024 appeared first on Република.

]]>
Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vmro-dpmne-ke-podnese-pretstavka-do-dksk-za-razlichnite-imotni-listovi-na-venko-filipche-od-2018-i-2024/ Tue, 10 Sep 2024 10:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=814922

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот.

ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг.

Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат.

Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот. ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг. Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година. Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер. Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат. Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-od-jo-da-ja-goni-lukarevska-za-shteta-od-292-iljadi-evra/ Wed, 04 Sep 2024 19:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=813232

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“.

Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати.

Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.

Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра.

Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“.

-Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.

The post Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“. Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати. Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа. Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра. Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“. -Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.

The post Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра appeared first on Република.

]]>
ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-preporacha-da-se-ukine-drzhavnoto-finansirane-na-partiite-i-da-se-kaznuvaat-institutsiite-shto-krijat-podatotsi/ Fri, 30 Aug 2024 10:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=811500

Во извештајот, ДКСК меѓу другото забележува дека помалку од половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. Од 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства.

„Најзагрижувачки е фактот дека 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. Ова претставува сериозен недостаток во исполнувањето на законските обврски и може да укаже на свесно прикривање на информации за избегнување на надзор. Недоставувањето на податоци од страна на голем број институции, вклучително и министерства, е особено проблематично бидејќи овие институции управуваат со значителни ресурси и јавни средства, што може да укаже на потенцијални злоупотреби, каде што службените возила се користат за лични или партиски цели, наместо за потреби на институцијата. Од аспект на превенција, оваа ситуација бара итна реакција. Потребно е да се зајакнат механизмите за надзор и контрола, како и да се воведат построги санкции за институциите кои не ги исполнуваат своите обврски во однос на доставување на информации. Исто така, треба да се разгледа можноста за автоматизирање на процесите за поднесување и обработка на овие податоци“, велат од ДКСК.

Од вкупните извори на финансирање на изборната кампања во износ од 385.022.129 денари, 64 отсто се пари од Буџетот на државата, поради што ДКСК укажува на потребата државното финансирање на партиите да се укине, поради постоење на ризици од корупција и идното влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите.

„Истакнавме дека Државната изборна комисија има исплатено само 3 проценти од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, соопштуваат од ДКСК.

Што се однесува до парите од донации што се влеваат во партските каси, од Антикорупциска констатирале дека пријавувањето на донациите и трошоците е премногу комплексно и неефикасно, што доведува до зголемени административни трошоци и одложувања.

„Неопходна е реформа на овие процеси за постигнување поголема ефикасност и намалување на можностите за корупција“, препорачуваат од Комисијата.

Извештајот исто така посочува на потребата од зајакнување на системите за мониторинг и надзор за обезбедување поголема транспарентност и отчетност во финансирањето на изборните кампањи.

„Финансиското управување останува сериозен предизвик. ДКСК препорачува воведување нови механизми за следење на приходите и расходите, како и реорганизација на административните процеси за поефикасно управување со ресурсите и намалување на можностите за корупција“, се наведува во извештајот.

Во однос на постапувањето по предмети за овој изборен процес, ДКСК оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предмети оформени по сопствена иницијатива, по поднесени пријави, како и приговор поднесен од една политичка партија.

„Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека осум предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. По предметите за парламентарните избори, покренавме шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење, како и четири иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица“, посочуваат од ДКСК.

Во однос на законската обврска за доставување на извештаи, ДКСК констатира дека четири партии што учествувале на изборите немаат доставено вкупен финансиски извештај, додека значително мал број од фирмите кои вршат платено политичко рекламирање имаат доставено извештаи до ДКСК, со што, како што велат, се нарушува принципот на транспарентност на изборната кампања и се намалува довербата во целокупниот изборен процес, за што не се изречени санкции од страна на надлежните институции.

The post ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци appeared first on Република.

]]>

Во извештајот, ДКСК меѓу другото забележува дека помалку од половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. Од 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства.
„Најзагрижувачки е фактот дека 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. Ова претставува сериозен недостаток во исполнувањето на законските обврски и може да укаже на свесно прикривање на информации за избегнување на надзор. Недоставувањето на податоци од страна на голем број институции, вклучително и министерства, е особено проблематично бидејќи овие институции управуваат со значителни ресурси и јавни средства, што може да укаже на потенцијални злоупотреби, каде што службените возила се користат за лични или партиски цели, наместо за потреби на институцијата. Од аспект на превенција, оваа ситуација бара итна реакција. Потребно е да се зајакнат механизмите за надзор и контрола, како и да се воведат построги санкции за институциите кои не ги исполнуваат своите обврски во однос на доставување на информации. Исто така, треба да се разгледа можноста за автоматизирање на процесите за поднесување и обработка на овие податоци“, велат од ДКСК. Од вкупните извори на финансирање на изборната кампања во износ од 385.022.129 денари, 64 отсто се пари од Буџетот на државата, поради што ДКСК укажува на потребата државното финансирање на партиите да се укине, поради постоење на ризици од корупција и идното влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите. „Истакнавме дека Државната изборна комисија има исплатено само 3 проценти од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, соопштуваат од ДКСК. Што се однесува до парите од донации што се влеваат во партските каси, од Антикорупциска констатирале дека пријавувањето на донациите и трошоците е премногу комплексно и неефикасно, што доведува до зголемени административни трошоци и одложувања. „Неопходна е реформа на овие процеси за постигнување поголема ефикасност и намалување на можностите за корупција“, препорачуваат од Комисијата. Извештајот исто така посочува на потребата од зајакнување на системите за мониторинг и надзор за обезбедување поголема транспарентност и отчетност во финансирањето на изборните кампањи. „Финансиското управување останува сериозен предизвик. ДКСК препорачува воведување нови механизми за следење на приходите и расходите, како и реорганизација на административните процеси за поефикасно управување со ресурсите и намалување на можностите за корупција“, се наведува во извештајот. Во однос на постапувањето по предмети за овој изборен процес, ДКСК оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предмети оформени по сопствена иницијатива, по поднесени пријави, како и приговор поднесен од една политичка партија. „Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека осум предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. По предметите за парламентарните избори, покренавме шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење, како и четири иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица“, посочуваат од ДКСК. Во однос на законската обврска за доставување на извештаи, ДКСК констатира дека четири партии што учествувале на изборите немаат доставено вкупен финансиски извештај, додека значително мал број од фирмите кои вршат платено политичко рекламирање имаат доставено извештаи до ДКСК, со што, како што велат, се нарушува принципот на транспарентност на изборната кампања и се намалува довербата во целокупниот изборен процес, за што не се изречени санкции од страна на надлежните институции.

The post ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска: Отворивме предмет по допрен глас за злоупотреба на буџетски пари од екс министерката Костадиновска-Стојчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-otvorivme-predmet-po-dopren-glas-za-zloupotreba-na-budhetski-pari-od-eks-ministerkata-kostadinovska-stojchevska/ Tue, 27 Aug 2024 11:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=810582

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека утре ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.

ВМРО-ДПМНЕ од вчера почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.

Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција рече дека ќе одговара, ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

The post Антикорупциска: Отворивме предмет по допрен глас за злоупотреба на буџетски пари од екс министерката Костадиновска-Стојчевска appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека утре ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата. ВМРО-ДПМНЕ од вчера почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели. Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција рече дека ќе одговара, ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Антикорупциска: Отворивме предмет по допрен глас за злоупотреба на буџетски пари од екс министерката Костадиновска-Стојчевска appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Заменик-министер во техничката влада, иако не смеел, распоредил 189 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-zamenik-minister-vo-tehnichkata-vlada-iako-ne-smeel-rasporedil-189-vraboteni/ Wed, 24 Jul 2024 17:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=799927

Заменик-министер во техничката влада што ја предводеше Талат Џафери, донел 189 решенија за распоредување на вработени, иако тоа било спротивно на одредби од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик.

Ваква оценка донесе Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) чија претседателка Татјана Димитровска на денешната седница (24 јули) најави дека „ќе иницираат постапка до надлежен орган“ против поранешниот функционер.

За отворањето на овој предмет шефицата на Антикорупциска информираше и претходно кога одговараше на прашања од пратеници за време на седница на Комисијата за политички систем во Собранието на која се разгледуваше годишниот извештај за работата на ДКСК. Тогаш таа информираше и дека станува збор за предмет за поранешен заменик во Министерството за внатрешни работи. Во техничката влада, на оваа функција беше Назим Буши од ДУИ.

Во време на изборниот период, согласно Пржинскиот договор, со МВР раководеше кадар на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Од редовите на СДСМ, пак, имаше дополнителен заменик, Митко Бојмацалиев.

Меѓутоа, двајцата, согласно закон, ги напуштија функции откако ДИК ги објави конечните резултати, па со МВР остана да раководи Буши.

„На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со Министерството, се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада. Во тој период – од 31 мај до 23 јуни, во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија – 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата“, рече претседателката на ДКСК на денешната седница.

Ставот на антикорупционерите е дека во тој период со оглед дека не бил извршен изборот на новата Влада не можело да се прават распоредување односно дека не се почитувани забраните во Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик.

„Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган“, рече Димитровска.

The post ДКСК: Заменик-министер во техничката влада, иако не смеел, распоредил 189 вработени appeared first on Република.

]]>

Заменик-министер во техничката влада што ја предводеше Талат Џафери, донел 189 решенија за распоредување на вработени, иако тоа било спротивно на одредби од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик. Ваква оценка донесе Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) чија претседателка Татјана Димитровска на денешната седница (24 јули) најави дека „ќе иницираат постапка до надлежен орган“ против поранешниот функционер. За отворањето на овој предмет шефицата на Антикорупциска информираше и претходно кога одговараше на прашања од пратеници за време на седница на Комисијата за политички систем во Собранието на која се разгледуваше годишниот извештај за работата на ДКСК. Тогаш таа информираше и дека станува збор за предмет за поранешен заменик во Министерството за внатрешни работи. Во техничката влада, на оваа функција беше Назим Буши од ДУИ.
Во време на изборниот период, согласно Пржинскиот договор, со МВР раководеше кадар на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Од редовите на СДСМ, пак, имаше дополнителен заменик, Митко Бојмацалиев. Меѓутоа, двајцата, согласно закон, ги напуштија функции откако ДИК ги објави конечните резултати, па со МВР остана да раководи Буши. „На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со Министерството, се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада. Во тој период – од 31 мај до 23 јуни, во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија – 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата“, рече претседателката на ДКСК на денешната седница. Ставот на антикорупционерите е дека во тој период со оглед дека не бил извршен изборот на новата Влада не можело да се прават распоредување односно дека не се почитувани забраните во Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик. „Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган“, рече Димитровска.

The post ДКСК: Заменик-министер во техничката влада, иако не смеел, распоредил 189 вработени appeared first on Република.

]]>
ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-pobarala-podatotsi-za-imotnata-sostojba-na-generalniot-sekretar-na-vladata-i-za-patuvaneto-na-sinot-na-premierot-vo-sad/ Wed, 24 Jul 2024 13:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=799892

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има оформено предмет и во тек е постапката за утврдување на вистинитоста и точноста на податоците искажани во анкетниот лист за имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, информира претседателката на ДКСК Татјана Димитровска по завршувањето на денешната 8-ма седница на Државната комисија.

Побарани се податоци и по нивното обезбедување од сите институции до кои е доставено барањето ќе ја изанализираме состојбата и ќе донесеме одлука на јавна седница, рече Димитровска во одговор на новинарско прашање.

Членот на ДКСК Зоран Богоевски, пак, истакна дека Државната комисија по сопствена иницијатива отвори предмет за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД.

По неа се постапува. На 16 јули доставено е барање за обезбедување на потребната документација до генералниот секретар на Владата. Согласно доставницата барањето е примено на 23 јули од страна на генералниот секретар и очекуваме достава на документација по чие добивање ќе го разгледаме предметот и во најбрзо време ќе биде донесена одлука на седница на ДКСК, рече Богоевски.

The post ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД appeared first on Република.

Заменик-министер распределил 189 вработени за време на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-minister-raspredelil-189-vraboteni-za-vreme-na-izbori/ Wed, 24 Jul 2024 11:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=799843

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска на денешната осма седница информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик министер за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори.

Таа нагласи дека на 28.6.2024 година до ДКСК пристигнала претставка од познат подносител со укажување за сторена повреда на член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 став 1 алинеја 3 од Изборниот законик. Како што посочи, наводите се однесуваат на заменик министер на одредено Министерство при што се донесени вкупно 189 решенија, од кои 98 решенија се однесуваат за хоризонталнораспоредување на вработените во Министерството, 68 решенија за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството и 23 решенија за распоредување со кои што им се намалува платат на вработените.

Димитровска неодамна образложувајќи го Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одговарајќи на пратеничко прашање соопшти дека оформиле предмет против претходниот заменик министер за внатрешни работи за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција.

На денешната седница претседателката на Антикорупциска објасни дека ДКСК ја обезбедила целокупната документација од надлежните институции со цел потврдување на фактичката состојба.

Од извршениот увид во целокупната документација доставена од Министерството по оформениот предмет, ДКСК следната фактичка состојба – на 14.2.2024 година претседателот на Собранието донесе решение за распишување на избор на пратеници и за избор на претседател на Република С Македонија. На ден 30.5.2024 година, ДКСК донесе заклучок со завршување на изборите за пратеници. Согласно член 3 од Законот за изменување и диполнување на Законот за Владата, по престанување на функцијата на министер, заменикот на министерот во Министерството ја презема надлежноста односно ја врши функцијата министер наредниот ден по денот на објавување на конечните резултати од ДИК за спроведените избори за пратеници во Собранието. На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со министерството, односно бил назначен за заменик министер се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада на Република С Македонија. Во периодот од 31.5.2024 до денот на изборот на Владата 23.6.2024 година во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија, 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата, рече Димитровска.

Таа објасни дека согласно член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на судир на интереси, од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување на изборот на претседател на Република Македонија се до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица, постапки за престанок на работен однос освен во случај на итни и неодложни работи.

Од фактичката состојба за случајот, ДКСК утврди дека наводите изнесени во поднесената претставка се основани поради тоа што содејствијата преземени од страна на заменик министерот по однос на донесените решенија за распоредување не се испочитувани забраните утврдени во член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, односно донесени се решенија за распоредување во период кога се уште не бил завршен изборот на Влада. Исто така, ваквото постапување е спротивно и на член 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, односно претставува повреда на начелото на законитост согласно кое никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање дејствија што според закон не смее. ДКСК констатира дека во конкретниот случај наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Изборниот законик се основани, поради што предлага постапката да се запре. Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган, рече Димитровска.

Претседателката Димитровска на почетокот информира дека во рамки на денешната седница планирано е да се реферираат предлог-одлуки за вкупно 123 предмети, од областа на имотната состојба ќе се реферираат 60 предмети, од кои 53 предмети имаат предлог-одлука за постапката да се запре поради застареност, седум постапки од областа конкретно за проверување на имотната состојба, 51 предмет од областа на сомнеж од корупција и 27 предмети со сомнежи од судир на интереси.

The post Заменик-министер распределил 189 вработени за време на избори appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска на денешната осма седница информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик министер за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори. Таа нагласи дека на 28.6.2024 година до ДКСК пристигнала претставка од познат подносител со укажување за сторена повреда на член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 став 1 алинеја 3 од Изборниот законик. Како што посочи, наводите се однесуваат на заменик министер на одредено Министерство при што се донесени вкупно 189 решенија, од кои 98 решенија се однесуваат за хоризонталнораспоредување на вработените во Министерството, 68 решенија за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството и 23 решенија за распоредување со кои што им се намалува платат на вработените. Димитровска неодамна образложувајќи го Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одговарајќи на пратеничко прашање соопшти дека оформиле предмет против претходниот заменик министер за внатрешни работи за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција. На денешната седница претседателката на Антикорупциска објасни дека ДКСК ја обезбедила целокупната документација од надлежните институции со цел потврдување на фактичката состојба.
Од извршениот увид во целокупната документација доставена од Министерството по оформениот предмет, ДКСК следната фактичка состојба – на 14.2.2024 година претседателот на Собранието донесе решение за распишување на избор на пратеници и за избор на претседател на Република С Македонија. На ден 30.5.2024 година, ДКСК донесе заклучок со завршување на изборите за пратеници. Согласно член 3 од Законот за изменување и диполнување на Законот за Владата, по престанување на функцијата на министер, заменикот на министерот во Министерството ја презема надлежноста односно ја врши функцијата министер наредниот ден по денот на објавување на конечните резултати од ДИК за спроведените избори за пратеници во Собранието. На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со министерството, односно бил назначен за заменик министер се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада на Република С Македонија. Во периодот од 31.5.2024 до денот на изборот на Владата 23.6.2024 година во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија, 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата, рече Димитровска.
Таа објасни дека согласно член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на судир на интереси, од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување на изборот на претседател на Република Македонија се до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица, постапки за престанок на работен однос освен во случај на итни и неодложни работи.
Од фактичката состојба за случајот, ДКСК утврди дека наводите изнесени во поднесената претставка се основани поради тоа што содејствијата преземени од страна на заменик министерот по однос на донесените решенија за распоредување не се испочитувани забраните утврдени во член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, односно донесени се решенија за распоредување во период кога се уште не бил завршен изборот на Влада. Исто така, ваквото постапување е спротивно и на член 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, односно претставува повреда на начелото на законитост согласно кое никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање дејствија што според закон не смее. ДКСК констатира дека во конкретниот случај наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Изборниот законик се основани, поради што предлага постапката да се запре. Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган, рече Димитровска.
Претседателката Димитровска на почетокот информира дека во рамки на денешната седница планирано е да се реферираат предлог-одлуки за вкупно 123 предмети, од областа на имотната состојба ќе се реферираат 60 предмети, од кои 53 предмети имаат предлог-одлука за постапката да се запре поради застареност, седум постапки од областа конкретно за проверување на имотната состојба, 51 предмет од областа на сомнеж од корупција и 27 предмети со сомнежи од судир на интереси.

The post Заменик-министер распределил 189 вработени за време на избори appeared first on Република.

]]>
Возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам: Антикорупциска удри по претходниот состав на ДКСК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozeneto-velosipedi-ili-odeneto-so-avtobus-na-rabota-e-chist-populizam-antikoruptsiska-udri-po-prethodniot-sostav-na-dksk/ Sat, 20 Jul 2024 11:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=798710

ДКСК во објава на нивната веб-страница се повикува на член 11 од Законот за патни исправи за да појасни дека „право, а не привилегија“ е тоа што претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, добила од МНР дипломатски пасош, а нејзините шест колеги членови поднеле барање за да го добијат.

Откако Димитровска деновиве тоа го соопшти во ТВ-интервју, ДКСК денеска во објавата, цитирајќи го членот 11 од Законот, наведува: „дипломатски пасош се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на дипломатско-конзуларни службеници вработени во Министерството за надворешни работи или упатени на работа во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели. Ова право не си го доделува самата ДКСК, туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност, го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа, истакнува ДКСК во објавената реакција.

Во соопштението посочуваат дека во новиот состав на Антикорупциска работат „врвни професионалци избрани од Собранието со консензус од сите политички партии“ и дека „Собранието е првото место за контрола и оценка на нашата работа, а јавноста секогаш ќе биде навремено информирана за нашата работа“.

Во оваа насока, а наспроти популизмот, наскоро на јавноста ќе и го презентираме извештајот за извршената внатрешната ревизија на институцијата, при што ќе побараме од сите надлежни институции да постапат согласно своите законски надлежности, пишува во објавата на ДКСК.

Комисијата нагласува и дека е „целосна дезинформација“ веста дека побарале нови возила за секој член на Комисијата и „одговорно изјавуваат“ дека „до ниту една државна институција никогаш не е испратено барање за доделување службени автомобили на членовите на ДКСК, вклучувајќи ја и претседателката Димитровска“.

Во рамките на ребалансот на Буџетот на РМ, ДКСК не побарува финансиски средства за купување автомобили. ДКСК како институција има потреба од службени возила и за нив ќе се бара соодветно решение, но потенцираме ниту се побарани, ниту ќе бидат барани одделни возила за членовите на ДКСК, се додава во соопштението.

Во објавата која е насловена „Бројот на успешно затворени предмети ќе биде единствената ’морална вертикала“ според која јавноста ќе може да ја оцени нашата работа“, ДКСК истакнува и дека единствено со факти ќе ја презентираат успешноста на нивната работа, „наспроти популизмот наметнат во јавноста“.

Сметаме дека возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам со кој не се оправдува бројот на незатворени предмети од претходниот состав на ДКСК. Дополнително, поранешната претседателка во јавноста беше присутна со паушални поединечни изјави за секакви случаи без претходно да се провери документацијата и да се направи проценка дали има основи за отворање предмети. Ваквиот начин на работа не треба да биде мерило за успешност или можеби треба бидејќи факт е дека на претходната ДКСК за цел мандат и беа прифатени исклучително мал број иницијативи за поведување постапка за кривично гонење од страна на Јавното обвинителство, наведува ДКСК во реакцијата.

Според Комисијата, иако според претходниот состав на ДКСК тоа се должело на несоодветната работа на Јавното обвинителство, „можеби причините треба да се бараат во немањето доволно аргументи, површноста и квалитетот на иницијативите“.

Новиот состав на ДКСК (Татјана Димитровска – претседател и Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски – членови) мандатот го почна на 8 февруари 2024. Оттогаш, како што информираат во објавеното соопштение, затвориле 21 предмет од областа на судир на интереси, 61 предмет од областа на спречување корупција и 107 предмети од следење имотна состојба.

На седницата закажана за в среда, 24 јули, ќе бидат разгледувани околу 150 предлог-одлуки по оформени предмети од новиот состав на ДКСК. Дополнително, започнати се и активно се постапува на точно 103 постапки за прекршоци предвидени во Законот за спречување корупција и судирот на интереси, се наведува во објавата на Антикорупциската комисија.

The post Возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам: Антикорупциска удри по претходниот состав на ДКСК appeared first on Република.

]]>

ДКСК во објава на нивната веб-страница се повикува на член 11 од Законот за патни исправи за да појасни дека „право, а не привилегија“ е тоа што претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, добила од МНР дипломатски пасош, а нејзините шест колеги членови поднеле барање за да го добијат. Откако Димитровска деновиве тоа го соопшти во ТВ-интервју, ДКСК денеска во објавата, цитирајќи го членот 11 од Законот, наведува: „дипломатски пасош се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на дипломатско-конзуларни службеници вработени во Министерството за надворешни работи или упатени на работа во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Дипломатскиот пасош според закон не е привилегија, туку е само право кое служи единствено за извршување на службената должност на членовите на ДКСК и тоа право никогаш нема да се употребува за приватни цели. Ова право не си го доделува самата ДКСК, туку законот кој го донел парламентот и министерот кој е овластен со процедура според законот. За да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност, го повикуваме и новиот министер за надворешни работи да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа, истакнува ДКСК во објавената реакција. Во соопштението посочуваат дека во новиот состав на Антикорупциска работат „врвни професионалци избрани од Собранието со консензус од сите политички партии“ и дека „Собранието е првото место за контрола и оценка на нашата работа, а јавноста секогаш ќе биде навремено информирана за нашата работа“. Во оваа насока, а наспроти популизмот, наскоро на јавноста ќе и го презентираме извештајот за извршената внатрешната ревизија на институцијата, при што ќе побараме од сите надлежни институции да постапат согласно своите законски надлежности, пишува во објавата на ДКСК. Комисијата нагласува и дека е „целосна дезинформација“ веста дека побарале нови возила за секој член на Комисијата и „одговорно изјавуваат“ дека „до ниту една државна институција никогаш не е испратено барање за доделување службени автомобили на членовите на ДКСК, вклучувајќи ја и претседателката Димитровска“. Во рамките на ребалансот на Буџетот на РМ, ДКСК не побарува финансиски средства за купување автомобили. ДКСК како институција има потреба од службени возила и за нив ќе се бара соодветно решение, но потенцираме ниту се побарани, ниту ќе бидат барани одделни возила за членовите на ДКСК, се додава во соопштението. Во објавата која е насловена „Бројот на успешно затворени предмети ќе биде единствената ’морална вертикала“ според која јавноста ќе може да ја оцени нашата работа“, ДКСК истакнува и дека единствено со факти ќе ја презентираат успешноста на нивната работа, „наспроти популизмот наметнат во јавноста“. Сметаме дека возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам со кој не се оправдува бројот на незатворени предмети од претходниот состав на ДКСК. Дополнително, поранешната претседателка во јавноста беше присутна со паушални поединечни изјави за секакви случаи без претходно да се провери документацијата и да се направи проценка дали има основи за отворање предмети. Ваквиот начин на работа не треба да биде мерило за успешност или можеби треба бидејќи факт е дека на претходната ДКСК за цел мандат и беа прифатени исклучително мал број иницијативи за поведување постапка за кривично гонење од страна на Јавното обвинителство, наведува ДКСК во реакцијата. Според Комисијата, иако според претходниот состав на ДКСК тоа се должело на несоодветната работа на Јавното обвинителство, „можеби причините треба да се бараат во немањето доволно аргументи, површноста и квалитетот на иницијативите“. Новиот состав на ДКСК (Татјана Димитровска – претседател и Цвета Ристовска, Софија Спасова Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски – членови) мандатот го почна на 8 февруари 2024. Оттогаш, како што информираат во објавеното соопштение, затвориле 21 предмет од областа на судир на интереси, 61 предмет од областа на спречување корупција и 107 предмети од следење имотна состојба. На седницата закажана за в среда, 24 јули, ќе бидат разгледувани околу 150 предлог-одлуки по оформени предмети од новиот состав на ДКСК. Дополнително, започнати се и активно се постапува на точно 103 постапки за прекршоци предвидени во Законот за спречување корупција и судирот на интереси, се наведува во објавата на Антикорупциската комисија.

The post Возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам: Антикорупциска удри по претходниот состав на ДКСК appeared first on Република.

]]>
Новите антикорупционери побараа дипломатски пасоши, а екс-претседателката користеше јавен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novite-antikoruptsioneri-pobaraa-diplomatski-pasoshi-a-eks-pretsedatelkata-koristeshe-javen-prevoz/ Fri, 19 Jul 2024 15:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=798519

Додека некои членови на поранешниот состав на антикорупциска заедно со граѓаните и по неколку месеци чекаат да подигнат нормални пасоши, актуелните членови како приоритет во борбата против корупцијата го издигнале добивањето на дипломатски пасоши.

Претседателката и сите членови на ДКСК побарале МНР да им издаде вакви привилегирани патни исправи, а досега пасош во сина боја, добила само првата Антикорупционерка Татјана Димитровска. Таа во интервју за ТВ 24 потврди дека сите барале пасоши затоа што имаат патувања и надвор од државата.

Минатата година во рамки на скрининг процесот во ЕУ, поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска дваесетина пати била во Брисел.

На прашање на „Телма“ дали имала за таа цел дипломатски пасош, таа одговори дека никој од стариот состав не барал таква привилегија. Oд аеродром до градот Брисел патувала со јавен превоз кој чинел 9,9 евра без да бара посебни услови од мисијата на државата во ЕУ.

Повеќе на Телма

The post Новите антикорупционери побараа дипломатски пасоши, а екс-претседателката користеше јавен превоз appeared first on Република.

]]>

Додека некои членови на поранешниот состав на антикорупциска заедно со граѓаните и по неколку месеци чекаат да подигнат нормални пасоши, актуелните членови како приоритет во борбата против корупцијата го издигнале добивањето на дипломатски пасоши. Претседателката и сите членови на ДКСК побарале МНР да им издаде вакви привилегирани патни исправи, а досега пасош во сина боја, добила само првата Антикорупционерка Татјана Димитровска. Таа во интервју за ТВ 24 потврди дека сите барале пасоши затоа што имаат патувања и надвор од државата. Минатата година во рамки на скрининг процесот во ЕУ, поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска дваесетина пати била во Брисел. На прашање на „Телма“ дали имала за таа цел дипломатски пасош, таа одговори дека никој од стариот состав не барал таква привилегија. Oд аеродром до градот Брисел патувала со јавен превоз кој чинел 9,9 евра без да бара посебни услови од мисијата на државата во ЕУ. Повеќе на Телма

The post Новите антикорупционери побараа дипломатски пасоши, а екс-претседателката користеше јавен превоз appeared first on Република.

]]>