дизајнери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dizajneri/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 08:16:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дизајнери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dizajneri/ 32 32 До 20 јули е отворениот повик на „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ за дизајнери и визуелни уметници https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/do-20-juli-e-otvoreniot-povik-na-laboratorium-i-lab-dizajn-market-za-dizajneri-i-vizuelni-umetnitsi/ Fri, 12 Jul 2024 08:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=796042

„Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ објавуваат отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи, како и визуелни уметници кои живеат или работат во Скопје или како инспирација и тематика во својата работа го имаат градот Скопје.

Линковите за пријавувањето може да се најдат на социјалните медиуми на „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ како и на вебсајтот https://cl.gy/LCfQZ.

Рокот за пријавување е сабота 20 јули.

Од 23 јули до 1 август ова лето, во индустриската хала на центарот „Лабораториум“ ќе се одржи привремената изложба „Скопје вибрира поп ап“ чија што цел е да понуди содржини во културниот и социјалниот живот во летниот период во градот Скопје. Истовремено им дава можност на младите дизајнери и уметници да ги прикажат своите колекции и уметнички дела, при што им се дава предност на младите учесници и оние кои за прв пат се претставуваат во јавноста.

„Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ ги повикуваат сите изработувачи на производи од категориите мода, накит, додатоци, мебел, осветлување, други рачни изработки како и визуелни уметници од областите сликарство, вајарство, графика, графички дизајн, илустрации, инсталации, перформативни уметности итн.

 

The post До 20 јули е отворениот повик на „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ за дизајнери и визуелни уметници appeared first on Република.

]]>

„Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ објавуваат отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи, како и визуелни уметници кои живеат или работат во Скопје или како инспирација и тематика во својата работа го имаат градот Скопје. Линковите за пријавувањето може да се најдат на социјалните медиуми на „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ како и на вебсајтот https://cl.gy/LCfQZ. Рокот за пријавување е сабота 20 јули. Од 23 јули до 1 август ова лето, во индустриската хала на центарот „Лабораториум“ ќе се одржи привремената изложба „Скопје вибрира поп ап“ чија што цел е да понуди содржини во културниот и социјалниот живот во летниот период во градот Скопје. Истовремено им дава можност на младите дизајнери и уметници да ги прикажат своите колекции и уметнички дела, при што им се дава предност на младите учесници и оние кои за прв пат се претставуваат во јавноста. „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ ги повикуваат сите изработувачи на производи од категориите мода, накит, додатоци, мебел, осветлување, други рачни изработки како и визуелни уметници од областите сликарство, вајарство, графика, графички дизајн, илустрации, инсталации, перформативни уметности итн.  

The post До 20 јули е отворениот повик на „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ за дизајнери и визуелни уметници appeared first on Република.

]]>
Конкурс за средношколци за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/konkurs-za-srednoshkoltsi-za-reshenie-za-poster-na-tema-transplantatsija-i-organodonorstvo/ Tue, 13 Feb 2024 08:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=743497

Учениците од сите државни средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство и да аплицираат на повикот кој денеска е распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација во Република Македонија“.

Проектот е финансиран од ЕУ и се спроведува во соработка со Министерството за здравство, во реализација на Agriconsulting S.A. од Италија и PLANET S.A. од Грција.

Со повикот од средношколците се бара да креираат дигитален изложбен постер, цртеж или друг тип визуелна порака која поттикнува размислување за органодонорството и трансплантацијата.

Секој средношколец може да достави најмногу две креативни дела, а за доставените решенија ќе одлучува петчлено жири.

Како што соопшти тимот за комуникации Поддршка на системот за трансплантација, најдобрите три дела ќе добијат наградни ваучери за електронски уреди, во вредност од 500 евра, 300 евра и 200 евра.

Најдобрите 10 дела ќе бидат претставени на јавна изложба, заедно со професионалните решенија за графички дизајн од вториот повик.

Рокот за пријавување е 4 март 2024. Повеќе информации се достапни на www.transplantacija.mk

Освен што спасува животи, трансплантацијата на органи ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство, наведуваат организатгорите на повикот. 

The post Конкурс за средношколци за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство appeared first on Република.

]]>

Учениците од сите државни средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство и да аплицираат на повикот кој денеска е распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација во Република Македонија“. Проектот е финансиран од ЕУ и се спроведува во соработка со Министерството за здравство, во реализација на Agriconsulting S.A. од Италија и PLANET S.A. од Грција. Со повикот од средношколците се бара да креираат дигитален изложбен постер, цртеж или друг тип визуелна порака која поттикнува размислување за органодонорството и трансплантацијата. Секој средношколец може да достави најмногу две креативни дела, а за доставените решенија ќе одлучува петчлено жири. Како што соопшти тимот за комуникации Поддршка на системот за трансплантација, најдобрите три дела ќе добијат наградни ваучери за електронски уреди, во вредност од 500 евра, 300 евра и 200 евра. Најдобрите 10 дела ќе бидат претставени на јавна изложба, заедно со професионалните решенија за графички дизајн од вториот повик. Рокот за пријавување е 4 март 2024. Повеќе информации се достапни на www.transplantacija.mk
Освен што спасува животи, трансплантацијата на органи ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство, наведуваат организатгорите на повикот. 

The post Конкурс за средношколци за решение за постер на тема трансплантација и органодонорство appeared first on Република.

]]>