дизајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dizajn/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 19:43:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дизајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dizajn/ 32 32 14. издание на „100 илјади поети за промена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/14-izdanie-na-100-iljadi-poeti-za-promena/ Fri, 23 Aug 2024 20:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=809601

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание на Фестивалот.

Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

На конкурсот секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.

-Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе четиринаесет години по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот, велат организаторите.

Покрај конкурсот за поезија, распишан е и тој за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој и мирот.

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истата електронска пошта- (poetizapromena@gmail.com) или на фејсбук профилот на оваа манифестација најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2024 година во Струмица.

Дизајнот на плакатот за годинашното издание на оваа манифестација е на Стефан Јакимовски, универзитетски професор и мултимедијален уметник.

The post 14. издание на „100 илјади поети за промена“ appeared first on Република.

]]>

Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание на Фестивалот. Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. На конкурсот секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација. -Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе четиринаесет години по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот, велат организаторите. Покрај конкурсот за поезија, распишан е и тој за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој и мирот. Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истата електронска пошта- (poetizapromena@gmail.com) или на фејсбук профилот на оваа манифестација најдоцна до 15 септември 2024 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 28 септември 2024 година во Струмица. Дизајнот на плакатот за годинашното издание на оваа манифестација е на Стефан Јакимовски, универзитетски професор и мултимедијален уметник.

The post 14. издание на „100 илјади поети за промена“ appeared first on Република.

]]>
Ученици од Виница приредија изложба во која оризовиот отпад се користи како дизајн материјал https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/uchenitsi-od-vinitsa-priredija-izlozhba-vo-koja-orizoviot-otpad-se-koristi-kako-dizajn-materijal/ Mon, 18 Dec 2023 07:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=724121

Оризовиот отпад како дизајн материјал

Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение - Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ - Виница, во петокот приредија изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница.

Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков беа дел од гостите на изложбата.

Имено, под менторство на истакнати дизајнери, уметници и креативци кои помагаа во реализација на овој единствен проект, младите креативци имаа можност да ги прикажат резултатите од творењето во изминатите неколку месеци токму во рамките на изложбата. Овој проект беше финансиран од страна на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

Инхерентните врски помеѓу културното наследство, образованието, земјоделството, дизајнот, занаетчиството и економијата се активираат во контекст на проектот. Зголемената свест за оваа меѓузависност ја поттикнува размената на различни вредности, знаења, вештини и компетенции, генерирајќи увид за сите вклучени, но и за еволуција на проектот.

Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност од страна на талентираните ученици под менторство на уметниците Викторија Митрева и Орхан Камилов од Здружението „Одоната“ – Кочани (изработка на хартија од оризова слама), мајстор - занаетчија Љубинка Механџиска (традиционален разбој), дизајнер Ирина Тошева (мода), Анита Гајтановска од „Lotus Lounge Chair“ (продукт дизајн), Натали Ристовска од „YOVA“ во соработка со студентите од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (истражување и продукт дизајн), асист. м-р Иво Митрушев и асист. м-р Бранкица Спасева од УКИМ (Нов живот за биоотпад од ориз), Зоран Тодоров од НВО „За здрав живот во Кочани“ (екотеорија), Андријана и Димитар Петровски (фотографија), Благоја Ангеловски (режија и видео).

Преку практични работилници, теоретска настава и креации, учениците од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница покажаа како може да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад (арпа/ слама), како главен предмет за истражување. Со уметност и иновација, тие покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот.

Станува збор за иновации во рамките на овој проект, односно оризовата слама се претвори во вреден квалитетен производ – предиво од оризова слама и волна. Модни креации изработени од текстилни остатоци (добиени од локалната фабрика) и од ткаенина рачно изработена на разбој од предиво од влакна од оризова слама и волна. Ткаенините, направени на рачен разбој, создадоа хармоничен спој на елеганција низ еколошка изработка. Оваа врвна иновација нуди силен потенцијал за да се намали екстензивното согорување на оризовата слама и неговото негативно влијание врз животната средина и климата воопшто.

Различните активности во рамки на проектот за користење на оризовиот отпад се развиени со крајна цел за негова поширока релевантност. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 21 декември 2023 година.

 

The post Ученици од Виница приредија изложба во која оризовиот отпад се користи како дизајн материјал appeared first on Република.

]]>

Оризовиот отпад како дизајн материјал Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение - Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ - Виница, во петокот приредија изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница. Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков беа дел од гостите на изложбата. Имено, под менторство на истакнати дизајнери, уметници и креативци кои помагаа во реализација на овој единствен проект, младите креативци имаа можност да ги прикажат резултатите од творењето во изминатите неколку месеци токму во рамките на изложбата. Овој проект беше финансиран од страна на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). Инхерентните врски помеѓу културното наследство, образованието, земјоделството, дизајнот, занаетчиството и економијата се активираат во контекст на проектот. Зголемената свест за оваа меѓузависност ја поттикнува размената на различни вредности, знаења, вештини и компетенции, генерирајќи увид за сите вклучени, но и за еволуција на проектот. Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност од страна на талентираните ученици под менторство на уметниците Викторија Митрева и Орхан Камилов од Здружението „Одоната“ – Кочани (изработка на хартија од оризова слама), мајстор - занаетчија Љубинка Механџиска (традиционален разбој), дизајнер Ирина Тошева (мода), Анита Гајтановска од „Lotus Lounge Chair“ (продукт дизајн), Натали Ристовска од „YOVA“ во соработка со студентите од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (истражување и продукт дизајн), асист. м-р Иво Митрушев и асист. м-р Бранкица Спасева од УКИМ (Нов живот за биоотпад од ориз), Зоран Тодоров од НВО „За здрав живот во Кочани“ (екотеорија), Андријана и Димитар Петровски (фотографија), Благоја Ангеловски (режија и видео). Преку практични работилници, теоретска настава и креации, учениците од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница покажаа како може да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад (арпа/ слама), како главен предмет за истражување. Со уметност и иновација, тие покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот. Станува збор за иновации во рамките на овој проект, односно оризовата слама се претвори во вреден квалитетен производ – предиво од оризова слама и волна. Модни креации изработени од текстилни остатоци (добиени од локалната фабрика) и од ткаенина рачно изработена на разбој од предиво од влакна од оризова слама и волна. Ткаенините, направени на рачен разбој, создадоа хармоничен спој на елеганција низ еколошка изработка. Оваа врвна иновација нуди силен потенцијал за да се намали екстензивното согорување на оризовата слама и неговото негативно влијание врз животната средина и климата воопшто. Различните активности во рамки на проектот за користење на оризовиот отпад се развиени со крајна цел за негова поширока релевантност. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 21 декември 2023 година.  

The post Ученици од Виница приредија изложба во која оризовиот отпад се користи како дизајн материјал appeared first on Република.

]]>
Ѕвездите од хит-серијата „Беверли Хилс“ лансираа колекцијата BFF на домашен дизајн и декори https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zvezdite-od-hit-serijata-beverli-hils-lansiraa-kolektsijata-bff-na-domashen-dizajn-i-dekori/ Wed, 01 Feb 2023 11:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=603314

Ѕвездите од хит-серијата „Беверли Хилс, 90210“, поранешните актерки Џени Гарт и Тори Спелинг повторно се здружија, лансирајќи ја колекцијата BFF на домашни декори исклучиво за QVC.

Дизајнот и декорот на домот е нешто што и двете отсекогаш сме го сакале, вели Спелинг (49) ексклузивно за PEOPLE. И нема ништо подобро од тоа да работите со вашиот најдобар пријател!

Линијата, достапна сега, содржи предмети како украсни перници и отомани, во розови и смарагдно зелени нијанси.

Тоа е малку Тори, малку е Џени. Тоа е нашата естетика споена заедно. Таа е јин, а јас сум јанг!, вели Гарт.

The post Ѕвездите од хит-серијата „Беверли Хилс“ лансираа колекцијата BFF на домашен дизајн и декори appeared first on Република.

]]>

Ѕвездите од хит-серијата „Беверли Хилс, 90210“, поранешните актерки Џени Гарт и Тори Спелинг повторно се здружија, лансирајќи ја колекцијата BFF на домашни декори исклучиво за QVC.
Дизајнот и декорот на домот е нешто што и двете отсекогаш сме го сакале, вели Спелинг (49) ексклузивно за PEOPLE. И нема ништо подобро од тоа да работите со вашиот најдобар пријател!
Линијата, достапна сега, содржи предмети како украсни перници и отомани, во розови и смарагдно зелени нијанси.
Тоа е малку Тори, малку е Џени. Тоа е нашата естетика споена заедно. Таа е јин, а јас сум јанг!, вели Гарт.

The post Ѕвездите од хит-серијата „Беверли Хилс“ лансираа колекцијата BFF на домашен дизајн и декори appeared first on Република.

]]>
Eколошка мода и дизајн во КСП „Центар-јадро“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ekoloshka-moda-i-dizajn-vo-ksp-centar-jadro/ Thu, 29 Sep 2022 07:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=555413

Во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ во Скопје од денеска ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes”.

За ова издание на изложбата беше објавен отворен повик, при што стручното жири ги одбра брендовите и дизајнери – „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине.

Како што е најавија од македонскиот моден бренд „Лудус“, изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина.

Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Исто така, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно, соопштија од „Лудус“.

Изложбата ќе биде отворен до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

The post Eколошка мода и дизајн во КСП „Центар-јадро“ appeared first on Република.

]]>

Во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ во Скопје од денеска ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes”. За ова издание на изложбата беше објавен отворен повик, при што стручното жири ги одбра брендовите и дизајнери – „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине. Како што е најавија од македонскиот моден бренд „Лудус“, изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина.
Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Исто така, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно, соопштија од „Лудус“.
Изложбата ќе биде отворен до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

The post Eколошка мода и дизајн во КСП „Центар-јадро“ appeared first on Република.

]]>
Гугл го менува логото на „Хром“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/gugl-go-menuva-logoto-na-hrom/ Tue, 08 Feb 2022 09:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=455564

Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека компанијата одлучила да го промени знакчето на својот пребарувач „Хром“.

Според дизајнерот на „Гугл Хром“, Елвин Ху, иконата на прелистувачот е поедноставена без светли сенки, пофини пропорции и посветли бои во хармонија со помодерниот стил на брендот.

Да! Го освежуваме знакот, првпат по осум години - напиша Елвин Ху на Твитер.

https://twitter.com/elvin_not_11/status/1489647023410212869

Кога пребарувачот првпат се појави во 2008 година, логото изгледаше како светкав, шарен тридимензионален знак, па со тек на годините изгледот се промени во малку „подводимензионален“ симбол.

The post Гугл го менува логото на „Хром“ appeared first on Република.

]]>

Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека компанијата одлучила да го промени знакчето на својот пребарувач „Хром“. Според дизајнерот на „Гугл Хром“, Елвин Ху, иконата на прелистувачот е поедноставена без светли сенки, пофини пропорции и посветли бои во хармонија со помодерниот стил на брендот.
Да! Го освежуваме знакот, првпат по осум години - напиша Елвин Ху на Твитер.
https://twitter.com/elvin_not_11/status/1489647023410212869 Кога пребарувачот првпат се појави во 2008 година, логото изгледаше како светкав, шарен тридимензионален знак, па со тек на годините изгледот се промени во малку „подводимензионален“ симбол.

The post Гугл го менува логото на „Хром“ appeared first on Република.

]]>