дивоградби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divogradbi/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 09:38:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дивоградби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divogradbi/ 32 32 Државниот имот е во многу лоша состојба, претседателските вили во Скопје и Охрид немаат имотен лист https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-imot-e-vo-mnogu-losha-sostojba-pretsedatelskite-vili-vo-skopje-i-ohrid-nemaat-imoten-list/ Mon, 23 Sep 2024 09:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=818942

Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ зборуваше дека државниот имот е во многу лоша состојба. Тој рече дека вилите на претседателот во Охрид и во Скопје немаат имотни листови, односно се дивоградби.

Државниот имот е многу лоша состојба. Вилата во Свети Стефан е во многу лоша состојба, или вилата во Лазарополе. Немаше никаков пристап до овие објекти, и планот наш како ново раководство да ги ставиме во употреба сите објекти кои се во државна состојба. Но пред тоа да го решиме имотно правниот статус. Замислете, премиерските и претседателските вили во Охрид и во Скопје се дивоградби и немаат имотен лист - рече Томовски.

The post Државниот имот е во многу лоша состојба, претседателските вили во Скопје и Охрид немаат имотен лист appeared first on Република.

]]>

Државниот инспекторат за градежништво: Градоначалниците во Општина Чаир дозволиле хаотично бесправно градење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/drzhavniot-inspektorat-za-gradezhnishtvo-gradonachalnitsite-vo-opshtina-chair-dozvolile-haotichno-bespravno-gradene/ Mon, 01 Apr 2024 14:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=760989

До инспекторат за градежништво и  урбанизам од 2010 година до крај на 2023 година  пристигнати се 327 претставки поднесени од страна на  физички или правни лица од Општина Чаир, кои пријавувале бесправни градби или незапазување на законските одредби од Закон за градење при градење, сооппштуваат од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ).

Во продолжение го пренесуваме сооопштението во целост.

„Бидејќи станувало збор за  градби од локално значење за кои во врска со чл.58 став 2 од  Закон за градење (Сл.Весник на РМ со 6p.124/10......,64/18,  168/18 и Сл.Весник на РСМ со бр.244/19,18/20 и 279/20,  227/22 w 111/23) одобренија за градење издава  градоначалникот на Општина Чаир како и надлежен да  изврши инспекциски надзор над овие градби од втора  категорија од членот 57 став 2 од овој закон и согласна  чл.128 став 2 од истиот закон се во надлежност на овластен  градежен инспектор при Општина Чаир, од страна на  Државен инспекторат за градежништво и урбанизам истите  претставки беа проследени на надлежност за постапување  на Градоначалник на Општина Чаир.

Воедно сакаме да Ве известиме дека до Државен  инспекторат за градежништво и урбанизам доставени се и  кривични пријави за бесправни градби кои се изведени или  се изведуваат во Општина Чаир, кои од страна на  инспекторатот се процесирани и доставени на разгледување
и надлежност за понатамошно постапување до надлежните  институции. Поради голем број на пријави в.д. директорот  на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам на
13.11.2023 год. издаде налог за вршење на вонреден  инспекциски надзор во Општина Чаир.

Градежен инспектор при Државен  градежништво и урбанизам врз основа на одредбите од
Законот за градење (Сл.Весник на РМ со 6p.124/10......,64/18,  168/18 и Сл.Весник на РСМ со бр.244/19,18/20 и 279/20, 227/22 и 111/23) и налогот за вршење на вонреден  инспекциски надзор согласно чл.128 став 1 и чл. 131 став 4  од Закон за градење изврши вонреден инспекциски надзор во Општина Чаир. Од извршениот инспекциски надзор е  составен Записник при што е констатирано дека Општина  Чаир нема назначено Општински градежен инспектор.  Поради тоа, а во согласност со чл.144 став 1 од Закон за  градење, до Министерство за транспорт и врски од страна на Градежен при Државен инспекторат 3a  градежништво и урбанизам е доставен Предлог за добивање на овластување за вршење на работите од надлежност на општински градежен инспектор во Општина Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир имал законски можности да го избегне овој правен вакум при што не назначил Општински градежен инспектор кој би го спровел Законот за  градење и би спречил бесправно градење во самата  општина, и тоа согласно чл.14 од Законот за локална
самоуправа (Сл. Весник на РМ, со бр. 5/2002) можел да  склучи меѓуопштински договор со некоја од соседните  општини кои имаат Општински градежни инспектори или да  овласти од постојната општинска  администрација и тоа согласно чл.50 став 2 од Законот за  локална самоуправа кој ќе ги врши работите на Општински  градежен инспектор, кој треба да ги исполни условите
согласно чл.130 од Законот за градење (Сл. весник на РМ  бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/14,......... „ 35/18,  64/18,168/18 и Сл.весник на РСМ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23) како и чл.40, чл.41, чл.42 и чл.43 од Закон за инспекциски надзор (Сл. весник на РСМ бр.102/2019).

Согласно чл.21 став 1 од Закон за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ со 6p.5/2002) општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за нивното вршење, чл.50 став 1 точка 5 од истиот закон градоначалникот го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината. Од јавно достапните информации објавени на веб страната на Државен завод за статистика, објавени се извештаји за бесправно изградени објекти на државно ниво почнувајќи од 2009 па се до крај на 2022 година. Како извор и методи на прибирање на податоците во Извештајите од Државен завод за статистика е наведено дека податоците за бесправно изградените објекти се прибираат со Годишниот статистички извештај за бесправно изградени објекти, ГРАД. 714, кој го пополнуваат општините.

Општина Чаир во период од 2013 година до крај на 20 година има издадено во управна постапка, 24 Одобренија за "градење, 8 Одобренија за надградба и доградба, 1 - Одобрение надградба на индивидуална куќа, 12 Решенија за адаптација, 4 Решенија за пренамена, 47 Решенија за реконструкција, 1 Решение за реконструкција со адаптација.

Од горенаведените податоци може да се види дека во Општина Чаир споредено на бесправно изградените објекти со легални, има поголем број на бесправно изградени  објекти за разлика на законски издадени Одобренија или Решенија. Тоа се должи на нефункционирање на општината
и на општинската администрација односно одделение за инспекциски надзор од областа на градежништвото.

Со ваквата појава и неспречување на истата е дозволено изградба на голем број на згради и деловни објекти со што е причинета штета кон јавниот интерес со неплаќање на комуналии за истите како и е дозволено самоволие на оединци да профитираат на грб Ha чесните граѓани со поигрување на законите а на штета на обичниот граѓанин. Тука не станува збор за минорни прекршувања на Законот за градење, кои и текако треба да се санкционираат, тука станува збор за грубо кршење на сите закони CO дозволување на градби на колективни станбени згради без соодветни одобренија и на места каде истите не се предвидени со Детален урбанистички план да се градат како и на државно земјиште што е преседан пар екселанс. Со таквите градби во Општина Чаир се доведува BO опасност и нормалното функционирање на жителите на веќе најгустата населена општина водржавата со неможност за исполнување на минималните стандарди на хумана урбанизација и тоа на грб на самите жители а за сметка и придобивка на одредени луѓе познати само на општината.

Во однос на самата легализација, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам согласно чл.27-а став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти нема законска надлежност за постапување. Согласно чл.4 став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект ја спроведуваат органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот и единиците на локалната самоуправа. Од тука произлегува дека правото за одлучување во управна постапка за легализирање на бесправно изградените објекти на локално ниво е во надлежност на самите општини поточно на градоначалниците.

Од сето погоре наведеното, градоначалникот/-иците на Општина Чаир не ги исполниле законските надлежности дадени со чл.50 став 1 точка 5, точка 12, точка 13 и точка 14 од Закон за локална самоуправа, со што во територијата на Општина Чаир е дозволено хаотично бесправно градење без истите да се санкционират согласно законските одредби од Закон за градење и Закон за инспекциски надзор а во врска со Кривичниот законик поточно во согласност со чл.244-а од истиот закон“.

The post Државниот инспекторат за градежништво: Градоначалниците во Општина Чаир дозволиле хаотично бесправно градење appeared first on Република.

]]>

До инспекторат за градежништво и  урбанизам од 2010 година до крај на 2023 година  пристигнати се 327 претставки поднесени од страна на  физички или правни лица од Општина Чаир, кои пријавувале бесправни градби или незапазување на законските одредби од Закон за градење при градење, сооппштуваат од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ). Во продолжение го пренесуваме сооопштението во целост. „Бидејќи станувало збор за  градби од локално значење за кои во врска со чл.58 став 2 од  Закон за градење (Сл.Весник на РМ со 6p.124/10......,64/18,  168/18 и Сл.Весник на РСМ со бр.244/19,18/20 и 279/20,  227/22 w 111/23) одобренија за градење издава  градоначалникот на Општина Чаир како и надлежен да  изврши инспекциски надзор над овие градби од втора  категорија од членот 57 став 2 од овој закон и согласна  чл.128 став 2 од истиот закон се во надлежност на овластен  градежен инспектор при Општина Чаир, од страна на  Државен инспекторат за градежништво и урбанизам истите  претставки беа проследени на надлежност за постапување  на Градоначалник на Општина Чаир. Воедно сакаме да Ве известиме дека до Државен  инспекторат за градежништво и урбанизам доставени се и  кривични пријави за бесправни градби кои се изведени или  се изведуваат во Општина Чаир, кои од страна на  инспекторатот се процесирани и доставени на разгледување и надлежност за понатамошно постапување до надлежните  институции. Поради голем број на пријави в.д. директорот  на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам на 13.11.2023 год. издаде налог за вршење на вонреден  инспекциски надзор во Општина Чаир. Градежен инспектор при Државен  градежништво и урбанизам врз основа на одредбите од Законот за градење (Сл.Весник на РМ со 6p.124/10......,64/18,  168/18 и Сл.Весник на РСМ со бр.244/19,18/20 и 279/20, 227/22 и 111/23) и налогот за вршење на вонреден  инспекциски надзор согласно чл.128 став 1 и чл. 131 став 4  од Закон за градење изврши вонреден инспекциски надзор во Општина Чаир. Од извршениот инспекциски надзор е  составен Записник при што е констатирано дека Општина  Чаир нема назначено Општински градежен инспектор.  Поради тоа, а во согласност со чл.144 став 1 од Закон за  градење, до Министерство за транспорт и врски од страна на Градежен при Државен инспекторат 3a  градежништво и урбанизам е доставен Предлог за добивање на овластување за вршење на работите од надлежност на општински градежен инспектор во Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир имал законски можности да го избегне овој правен вакум при што не назначил Општински градежен инспектор кој би го спровел Законот за  градење и би спречил бесправно градење во самата  општина, и тоа согласно чл.14 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ, со бр. 5/2002) можел да  склучи меѓуопштински договор со некоја од соседните  општини кои имаат Општински градежни инспектори или да  овласти од постојната општинска  администрација и тоа согласно чл.50 став 2 од Законот за  локална самоуправа кој ќе ги врши работите на Општински  градежен инспектор, кој треба да ги исполни условите согласно чл.130 од Законот за градење (Сл. весник на РМ  бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/14,......... „ 35/18,  64/18,168/18 и Сл.весник на РСМ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23) како и чл.40, чл.41, чл.42 и чл.43 од Закон за инспекциски надзор (Сл. весник на РСМ бр.102/2019). Согласно чл.21 став 1 од Закон за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ со 6p.5/2002) општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за нивното вршење, чл.50 став 1 точка 5 од истиот закон градоначалникот го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината. Од јавно достапните информации објавени на веб страната на Државен завод за статистика, објавени се извештаји за бесправно изградени објекти на државно ниво почнувајќи од 2009 па се до крај на 2022 година. Како извор и методи на прибирање на податоците во Извештајите од Државен завод за статистика е наведено дека податоците за бесправно изградените објекти се прибираат со Годишниот статистички извештај за бесправно изградени објекти, ГРАД. 714, кој го пополнуваат општините. Општина Чаир во период од 2013 година до крај на 20 година има издадено во управна постапка, 24 Одобренија за "градење, 8 Одобренија за надградба и доградба, 1 - Одобрение надградба на индивидуална куќа, 12 Решенија за адаптација, 4 Решенија за пренамена, 47 Решенија за реконструкција, 1 Решение за реконструкција со адаптација. Од горенаведените податоци може да се види дека во Општина Чаир споредено на бесправно изградените објекти со легални, има поголем број на бесправно изградени  објекти за разлика на законски издадени Одобренија или Решенија. Тоа се должи на нефункционирање на општината и на општинската администрација односно одделение за инспекциски надзор од областа на градежништвото. Со ваквата појава и неспречување на истата е дозволено изградба на голем број на згради и деловни објекти со што е причинета штета кон јавниот интерес со неплаќање на комуналии за истите како и е дозволено самоволие на оединци да профитираат на грб Ha чесните граѓани со поигрување на законите а на штета на обичниот граѓанин. Тука не станува збор за минорни прекршувања на Законот за градење, кои и текако треба да се санкционираат, тука станува збор за грубо кршење на сите закони CO дозволување на градби на колективни станбени згради без соодветни одобренија и на места каде истите не се предвидени со Детален урбанистички план да се градат како и на државно земјиште што е преседан пар екселанс. Со таквите градби во Општина Чаир се доведува BO опасност и нормалното функционирање на жителите на веќе најгустата населена општина водржавата со неможност за исполнување на минималните стандарди на хумана урбанизација и тоа на грб на самите жители а за сметка и придобивка на одредени луѓе познати само на општината. Во однос на самата легализација, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам согласно чл.27-а став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти нема законска надлежност за постапување. Согласно чл.4 став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект ја спроведуваат органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот и единиците на локалната самоуправа. Од тука произлегува дека правото за одлучување во управна постапка за легализирање на бесправно изградените објекти на локално ниво е во надлежност на самите општини поточно на градоначалниците. Од сето погоре наведеното, градоначалникот/-иците на Општина Чаир не ги исполниле законските надлежности дадени со чл.50 став 1 точка 5, точка 12, точка 13 и точка 14 од Закон за локална самоуправа, со што во територијата на Општина Чаир е дозволено хаотично бесправно градење без истите да се санкционират согласно законските одредби од Закон за градење и Закон за инспекциски надзор а во врска со Кривичниот законик поточно во согласност со чл.244-а од истиот закон“.

The post Државниот инспекторат за градежништво: Градоначалниците во Општина Чаир дозволиле хаотично бесправно градење appeared first on Република.

]]>
Функционери на ДУИ живееле во дивоградби во Чаир, Меџити им средил да ги легализираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/funktsioneri-na-dui-zhiveele-vo-divogradbi-vo-chair-medhiti-im-sredil-da-gi-legaliziraat/ Tue, 26 Mar 2024 13:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=758964

Лидерот на партијата „Демократско движење“, Изет Меџити вчeра во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 проговори за дивоградбите во Чаир.

Меџити како поранешен градоначалник на општината рече дека на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.

The post Функционери на ДУИ живееле во дивоградби во Чаир, Меџити им средил да ги легализираат appeared first on Република.

Меџити: Османи куќата, а Груби и неговите браќа становите, ги изградија и ги проширија на диво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-osmani-kukata-a-grubi-i-negovite-braka-stanovite-gi-izgradija-i-gi-proshirija-na-divo/ Tue, 26 Mar 2024 11:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=758856

Синоќа, во емисијата Клик Плус на ТВ21, лидерот на Демократското движење Изет Меџити, меѓу другото, за прв пат даде до знаење дека како и многу други граѓани, така и функционери на ДУИ, имено кандидатот за претседател Бујар Османи и заменик премиерот Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале.

За прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво. Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани, откри Меџити.

Од ДУИ, пак, реагираат на интервјуто на поранешниот прв човек на општина Чаир, Изет Меџити и најостро го осудуваат „неговиот обид да избега од одговорноста за сторениот криминал со легализацијата на објектите и зградите во Чаир, префрлувајќи ја вината на апсурден начин и без правна основа врз граѓаните на Чаир“.

Изет Меџити јавно на телевизија призна дека одлуките за легализација на објекти или згради ги носел тој сам како градоначалник на општината и со политички/коруптивни преференции, а не строго како што предвидуваат законските и подзаконските одредби. Го поставуваме прашањето, зошто, доколку знаел дека тешко го прекршува законот, решил да ги потпише актите за легализација на објектите што ги споменува заедно со над 30 колективни згради изградени по 2011 година и не ги презел потребните правни дејствија за нивно уривање. Изет Меџити синоќа со своја уста го призна она што сите го знаат и она што медиумите го објавија, а тоа е дека тој самиот одлучувал за легализација на бесправно изградени објекти, а не законот! Ги повикуваме правосудните органи да постапат според нивните овластувањапо ова флагрантно признание на одговорноста. Демократската унија за интеграција посочува дека никој не треба да биде над законот и дека назначените носители на јавни функции се апсолутно одговорни за неговото спроведување и во никој случај за неспроведувањето на законите не треба вината да се префрла на граѓаните, велат од ДУИ.

The post Меџити: Османи куќата, а Груби и неговите браќа становите, ги изградија и ги проширија на диво appeared first on Република.

Граѓански организации: Повлекување на измени на законот со кој се легализираат дивоградби изградени до 31.12.2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/graganski-organizatsii-povlekuvane-na-izmeni-na-zakonot-so-koj-se-legaliziraat-divogradbi-izgradeni-do-31-12-2022/ Mon, 18 Dec 2023 13:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=724307

Граѓански организации и експерти бараат од претседателот на Собранието и пратениците повлекување на измени на законот со кој се легализираат дивоградби изградени до 31.12.2022, по скратена постапка, а во случај да не биде повлечен, да не го гласаат овој штетен Предлог-закон со далекусежни последици. Предлог-измените на законот се ставени на дневен ред на пленарна седница на 22.12.2023.

Нивните аргументи се следни:

1. За Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти кој беше изгласан во Собранието на 11.5.2021, претседателот Пендаровски не го потпиша указот поради силните забелешки на стручната, засегната и широка јавност, неговата спротивност со Уставот и го врати на повторно разгледување во Собранието. Тој закон не се донесе. Сега имаме многу полоша ситуација, каде со мали измени на стариот Закон за постапување со бесправно изградени објекти се предлага да се легализираат бесправно изградени објекти до 31.12.2022 година. На овој начин се дозволува да

- се легализираат објекти во заштитени подрачја вклучително и во границите на УНЕСКО светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, во заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење, во подрачја на заштитено недвижно културно наследство (поединечни добра, целини и археолошки локалитети), во заштитни зони на аеродроми, во зони на гранични премини во радиус од 100 метри од граничната линија, во подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на инфраструктурни објекти и водови како и други објекти од јавен интерес утврдени со закон, во заштитен појас на државни и локални патишта, односно во заштитен појас на железничка инфраструктура;

- се легализираат базени, станбени згради за колективно домување, викенд куќи, хотели, ресторани, трговски центри, рекреативни центри, индустриски, стопански и деловни објекти, хидроцентрали, објекти за производство на енергија од обновливи извори, складишта за нафтени деривати, објекти за сепарација на материјал за производство на бетон, бетонски бази, асфалтни бази, депонии на инертен, неопасен и опасен отпад, објекти за складирање, третман и/или преработка на отпад, рудници, автокампови, времени објекти, доградби, надградби, остави, гаражи, итн.;

- странски правни и физички лица можат да бидат баратели;

- државното земјиште на кое се легализираат бесправно изградените објекти е предмет на откупување.

2. Со овој закон се запираат управните, судските (кривичните) и граѓанските постапки кои се поведени или се водат за изградба на бесправните објекти предмет на овој закон.

3. Овој закон не е во согласност со Уставот. Со овој закон се руши секаков правен поредок во државата, се рушат еклатантно две темелни вредности на уставниот поредок на РСМ: владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата.

4. Со овој закон се поништуваат законските одредби од бројни закони, како законот за градење, законот за урбанистичко планирање, законот за заштита на природата, законот за земјоделското земјиште, законот за води, законот за шумите, законот за заштита на културно наследство, кривичниот законик, просторните и урбанистичките планови, итн.

5. Со овој закон се упаѓа во судскиот систем и се запираат веќе покренати управни, судски (кривични) и граѓански постапки.

6. Со овој закон се испраќа силна порака дека не треба да се почитуваат низа на закони, правилници и стандарди за добивање дозвола за легална градба, се поддржува криминал.

7. Со овој закон се мотивираат сите оние кои со години бесправно узурпираат земјишта, а се демотивираат сите чесни граѓани кои ги следат законските чекори и ги почитуваат сите прописи. Особено се мотивираат оние со повисоки приходи кои градат на места каде никако не би смеело да се гради.

8. Со овој закон се ставаат во нерамноправна положба граѓаните, што е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите.

9. Со овој закон оневозможени се сите постапки со кои се одредува влијанието врз животната средина на бесправните објекти и се дозволува легализација на градби во заштитени подрачја и зони.

10. За овој закон не е подготвена проценка на ризиците, која би била неопходна за вистински да се увидат влијанијата од истиот.

11. Овој закон е спротивен на препораките на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во однос на легализацијата на дивоградби:

Точка 7 од Препорака бр. 211 од 2021 година на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во врска со случајот 2013/01: Македонија: хидроенергетски развој на територијата на Националниот парк Маврово - Осигурајте дека нема понатамошни прoдолжувања на рокот за апликации за легализација на објекти кои биле изградени без дозвола во Националниот парк Маврово, другите заштитени подрачја и локалитетите на светско наследство.

Точка 6 од Препораката бр. 221 од 2023 година на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во рамки на Случајот 2017/2: Можни негативни влијанија од планирани инфраструктурни проекти врз кандидат Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица - Воспоставете политика на нулта толеранција за секоја нова бесправна градба со рационализирање на процесот за нивно отстранување во закон, зголемување на казните за прекршување на правилата за урбанистичко планирање во локалитетите на светско наследство и зајакнување на персоналот, процедурите и професионалните стандарди на релевантните инспекторати.

12. Овој закон е во собраниска процедура по скратена постапка, иако неговите последици се огромни и далекусежни и по владеење на правото и по самата животна средина и урбанистичкото планирање. Тоа значи дека нема јавна расправа, нема консултации со стручната јавност од разните области кој овој закон ги опфаќа, а тие се бројни, не е објавен на ЕНЕР со можност да се дадат коментари и да се влијае во процесот на негово (не)донесување, не е направено задолжително известување на сите засегнати здруженија на граѓани и невладини организации.

13. Се повикуваме и на заклучните согледувања од одржаната јавна дебата на тема “Уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти” од 25.5.2021 во организација на ДКСК и препораките на ДКСК.

Потписници на барањето се:

1. О2 ИНИЦИЈАТИВА
2. ГРИН-ОРГ-КО Кочани
3. Мегународен центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт-Гумно
4. ЕКО ГЕРИЛА Тетово
5. Институт за комуникациски студии
6. ЕКО-ЛОГИК
7. Здружение НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР Куманово
8. Центар за истражување и креирање политики-ЦИКП
9. ГО САКАМ ВОДНО
10. ФРОНТ 21/42
11. ФЛОРОЗОН
12. ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ
13. ЗДРАВА КОТЛИНА Струмица
14. ГОУ ГРИН
15. ОХРИД ЅОЅ
16. Доцент Д-р Златко Илијовски, дипл. инж. геол., Директор на оддел
хидрогеологија при Градежен Институт Македонија АД Скопје
17. ЕКО ДОЛИНА Ново Село
18. Институт за демократија „Социетас Цивилис“
19. Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
20. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД
21. ШАНСА ЗА ЦЕНТАР

The post Граѓански организации: Повлекување на измени на законот со кој се легализираат дивоградби изградени до 31.12.2022 appeared first on Република.

]]>

Граѓански организации и експерти бараат од претседателот на Собранието и пратениците повлекување на измени на законот со кој се легализираат дивоградби изградени до 31.12.2022, по скратена постапка, а во случај да не биде повлечен, да не го гласаат овој штетен Предлог-закон со далекусежни последици. Предлог-измените на законот се ставени на дневен ред на пленарна седница на 22.12.2023. Нивните аргументи се следни: 1. За Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти кој беше изгласан во Собранието на 11.5.2021, претседателот Пендаровски не го потпиша указот поради силните забелешки на стручната, засегната и широка јавност, неговата спротивност со Уставот и го врати на повторно разгледување во Собранието. Тој закон не се донесе. Сега имаме многу полоша ситуација, каде со мали измени на стариот Закон за постапување со бесправно изградени објекти се предлага да се легализираат бесправно изградени објекти до 31.12.2022 година. На овој начин се дозволува да - се легализираат објекти во заштитени подрачја вклучително и во границите на УНЕСКО светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, во заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење, во подрачја на заштитено недвижно културно наследство (поединечни добра, целини и археолошки локалитети), во заштитни зони на аеродроми, во зони на гранични премини во радиус од 100 метри од граничната линија, во подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на инфраструктурни објекти и водови како и други објекти од јавен интерес утврдени со закон, во заштитен појас на државни и локални патишта, односно во заштитен појас на железничка инфраструктура; - се легализираат базени, станбени згради за колективно домување, викенд куќи, хотели, ресторани, трговски центри, рекреативни центри, индустриски, стопански и деловни објекти, хидроцентрали, објекти за производство на енергија од обновливи извори, складишта за нафтени деривати, објекти за сепарација на материјал за производство на бетон, бетонски бази, асфалтни бази, депонии на инертен, неопасен и опасен отпад, објекти за складирање, третман и/или преработка на отпад, рудници, автокампови, времени објекти, доградби, надградби, остави, гаражи, итн.; - странски правни и физички лица можат да бидат баратели; - државното земјиште на кое се легализираат бесправно изградените објекти е предмет на откупување. 2. Со овој закон се запираат управните, судските (кривичните) и граѓанските постапки кои се поведени или се водат за изградба на бесправните објекти предмет на овој закон. 3. Овој закон не е во согласност со Уставот. Со овој закон се руши секаков правен поредок во државата, се рушат еклатантно две темелни вредности на уставниот поредок на РСМ: владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата. 4. Со овој закон се поништуваат законските одредби од бројни закони, како законот за градење, законот за урбанистичко планирање, законот за заштита на природата, законот за земјоделското земјиште, законот за води, законот за шумите, законот за заштита на културно наследство, кривичниот законик, просторните и урбанистичките планови, итн. 5. Со овој закон се упаѓа во судскиот систем и се запираат веќе покренати управни, судски (кривични) и граѓански постапки. 6. Со овој закон се испраќа силна порака дека не треба да се почитуваат низа на закони, правилници и стандарди за добивање дозвола за легална градба, се поддржува криминал. 7. Со овој закон се мотивираат сите оние кои со години бесправно узурпираат земјишта, а се демотивираат сите чесни граѓани кои ги следат законските чекори и ги почитуваат сите прописи. Особено се мотивираат оние со повисоки приходи кои градат на места каде никако не би смеело да се гради. 8. Со овој закон се ставаат во нерамноправна положба граѓаните, што е спротивно на принципот на владеење на правото и еднаквост на граѓаните пред законите. 9. Со овој закон оневозможени се сите постапки со кои се одредува влијанието врз животната средина на бесправните објекти и се дозволува легализација на градби во заштитени подрачја и зони. 10. За овој закон не е подготвена проценка на ризиците, која би била неопходна за вистински да се увидат влијанијата од истиот. 11. Овој закон е спротивен на препораките на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во однос на легализацијата на дивоградби: Точка 7 од Препорака бр. 211 од 2021 година на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во врска со случајот 2013/01: Македонија: хидроенергетски развој на територијата на Националниот парк Маврово - Осигурајте дека нема понатамошни прoдолжувања на рокот за апликации за легализација на објекти кои биле изградени без дозвола во Националниот парк Маврово, другите заштитени подрачја и локалитетите на светско наследство. Точка 6 од Препораката бр. 221 од 2023 година на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во рамки на Случајот 2017/2: Можни негативни влијанија од планирани инфраструктурни проекти врз кандидат Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица - Воспоставете политика на нулта толеранција за секоја нова бесправна градба со рационализирање на процесот за нивно отстранување во закон, зголемување на казните за прекршување на правилата за урбанистичко планирање во локалитетите на светско наследство и зајакнување на персоналот, процедурите и професионалните стандарди на релевантните инспекторати. 12. Овој закон е во собраниска процедура по скратена постапка, иако неговите последици се огромни и далекусежни и по владеење на правото и по самата животна средина и урбанистичкото планирање. Тоа значи дека нема јавна расправа, нема консултации со стручната јавност од разните области кој овој закон ги опфаќа, а тие се бројни, не е објавен на ЕНЕР со можност да се дадат коментари и да се влијае во процесот на негово (не)донесување, не е направено задолжително известување на сите засегнати здруженија на граѓани и невладини организации. 13. Се повикуваме и на заклучните согледувања од одржаната јавна дебата на тема “Уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти” од 25.5.2021 во организација на ДКСК и препораките на ДКСК. Потписници на барањето се: 1. О2 ИНИЦИЈАТИВА 2. ГРИН-ОРГ-КО Кочани 3. Мегународен центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт-Гумно 4. ЕКО ГЕРИЛА Тетово 5. Институт за комуникациски студии 6. ЕКО-ЛОГИК 7. Здружение НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР Куманово 8. Центар за истражување и креирање политики-ЦИКП 9. ГО САКАМ ВОДНО 10. ФРОНТ 21/42 11. ФЛОРОЗОН 12. ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ 13. ЗДРАВА КОТЛИНА Струмица 14. ГОУ ГРИН 15. ОХРИД ЅОЅ 16. Доцент Д-р Златко Илијовски, дипл. инж. геол., Директор на оддел хидрогеологија при Градежен Институт Македонија АД Скопје 17. ЕКО ДОЛИНА Ново Село 18. Институт за демократија „Социетас Цивилис“ 19. Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. 20. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД 21. ШАНСА ЗА ЦЕНТАР

The post Граѓански организации: Повлекување на измени на законот со кој се легализираат дивоградби изградени до 31.12.2022 appeared first on Република.

]]>
ДКСК за постапувањето со дивоградбите во Охрид: Неусогласена регулатива и префрлање на надлежностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-za-postapuvaneto-so-divogradbite-vo-ohrid-neusoglasena-regulativa-i-prefrlane-na-nadlezhnostite/ Fri, 13 Oct 2023 12:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=690955

Државната комисија за спречување на комисијата (ДКСК) на денешната седница по предметот оформен по сопствена иницијатива во однос на склучени договори за јавна набавка меѓу Општина Охрид и правни лица за уривање на бесправно изградено објекти на територијата на Охрид, констатира дека постои неусогласена законска регулатива, а надлежностите се префрлаат од централна на локална власт.

По спроведената постапка, констатирано е дека надлежностите само се префрлаат од централната на локалната власт, од еден орган на друг орган, а од инспекциските органи и Министерството за транспорт и врски исто така детектирани се состојби на слабости. Имаме неусогласена законска регулатива, поточно за Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градежно земјиште, Законот за градење, Правилникот за формата и содржината на барањето, потребната документација, образецот и решението за изведување на градбите, рече на денешната седница Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Таа додаде дека ДКСК препорачува при спроведената анализа и проверка на одредбите да се преземат чекори за надминување на оваа состојба. Според она што е утврдено, Ивановска хронолошки образложувајќи го предметот, потсети дека во 2019 година Општина Охрид засилено работела на воспоставување на градежна дисциплина.

Во 2020 година Владата донесува план за управување со светско природно културно наследство. Планот предвидувал изработка на урбанистички план од државно значење, за површина со кој ќе се овозможи зачувување на крајбрежната функционалност и постапна ревитализација на клучните еко системи кои требало да бидат готови до крајот на 2021 година. ДКСК упатува барање со кое ја повикува Владата да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите за уривање на бесправно изградени објекти на сите општини во регионот кој е под заштита на УНЕСКО, а Владата како носител на извршната власт да се справи со проблемот за бесправно изградени објекти. Ова барање го упативме до Владата во 2020 година, рече Ивановска.

Таа додаде дека Владата го разгледала барањето на ДКСК и го задолжила Министерството за транспорт и врски да достави мислења со соодветни насоки за постапување до ДКСК.

Министерството за култура ја известува ДКСК дека студиите за оценка на влијанието за животната средина и оценка на културното наследство за бесправно изградени објекти не се донесени. Управата за животна средина ја известува ДКСК дека немала издадено решение за оцена на влијанието врз животната средина, рече Ивановска.

Ивановска посочи дека е донесен заклучок да запре постапувањето по овој предмет, а да продолжи по новоформираниот предмет.

The post ДКСК за постапувањето со дивоградбите во Охрид: Неусогласена регулатива и префрлање на надлежностите appeared first on Република.

Во Струга има само двајца спасители, а плажите се узурпирани на диво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-struga-ima-samo-dvajtsa-spasiteli-a-plazhite-se-uzurpirani-na-divo/ Fri, 21 Jul 2023 15:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=664011

Градските плажи долж езерото во Струга се узурпирани, а на нив се изградени бесправни објекти, паркинзи и поставени лежалки, со што граѓаните се спречени да ги користат капалиштата.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се узурпирани што е казниво со закон.

На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители.

Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи.

Целата сторија на „Сител

The post Во Струга има само двајца спасители, а плажите се узурпирани на диво appeared first on Република.

]]>

Градските плажи долж езерото во Струга се узурпирани, а на нив се изградени бесправни објекти, паркинзи и поставени лежалки, со што граѓаните се спречени да ги користат капалиштата. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се узурпирани што е казниво со закон. На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители. Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи. Целата сторија на „Сител

The post Во Струга има само двајца спасители, а плажите се узурпирани на диво appeared first on Република.

]]>
Бакраческа: Договорите треба да се во согласност со законот а не обратно, власта поднесува измени под превез на европското знаменце со кои го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bakracheska-dogovorite-treba-da-se-vo-soglasnost-so-zakonot-a-ne-obratno-vlasta-podnesuva-izmeni-pod-prevez-na-evropskoto-znamentse-so-koi-go-zagrozuva-evrointegrativniot-protses-na-makedonija/ Fri, 19 May 2023 14:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=642730

Повторна злоупотреба на европското знаменце и ова стана секојдневна пракса. Оваа власт покажа кршење на законите, непочитување на правото и склучува договори спротивни на законската регулатива.  Така да и овој договор со Бехтел и Енка е склучен врз основа на непостоечки законски одредби, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

Таа појасни дека договорите треба да се во согласност со законот а не обратно.

- Со предвидените измени во законот, се предвидува да се започне со урбанистички проект, наместо планска документација и ова е недозволиво. Ваквото законско решение за урбанистичко планирање е спротивно на законските и уставните норми. Законите  не смее да се менуваат заради одреден проект, рече Бакраческа.

Додаде и дека комората на овластени архитекти и инженери искажаа став дека процесите за урбанистичко планирање, проектирање, возобновување и изградба не смее да отстапуваат од пропишаните прописи и не смеат да бидат тие заобиколени

- Тие ја искажа загриженоста дека власта носи закони под превезот на европското знаменце, спротивни на европските вредности. Правниците исто така изразија загриженост за степенот на усогласеност на македонското и европското законодавство. Се нанесува штета на евроинтеграцискиот процес на Македонија, изјави Бакраческа.

Потенцираше дека негативностите ќе бидат нотирани во следниот извештај на ЕК бидејќи вакви закони се носат по скратена постапка.

- Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградба на коридорите да бидат легализирани и обесштетени дивоградби кои сега ќе бидат изградени. Нелегалните објекти ќе вредат исто колку и законски изградени објекти. Тоа значи дека во наредниот период може да никнат многу дивоградби, рече Бакраческа.

The post Бакраческа: Договорите треба да се во согласност со законот а не обратно, власта поднесува измени под превез на европското знаменце со кои го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија appeared first on Република.

Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-22-litsa-za-divogradbi-na-chetiri-grchki-ostrovi/ Tue, 02 May 2023 17:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=636166

Во рамките на контролите за борба со дивоградбите, грчката полиција во периодот од 29 април до 1 мај уапсила вкупно 22 лица на островите Миконос, Родос, Милос и Фолегандрос, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од полицијата, против сторителите биле поднесени одвоени кривични пријави за незаконски градежни работи и вработување на нелегални странски државјани.

На островот Миконос биле уапсени лица кои бојадисувале дивоградби во рамките на хотелски бизнис, на Родос уапсените пренесувале градежен материјал во крајбрежен простор, а на Милос и Фолегандрос уапсените лица без дозвола вршеле градежни работи во објект во изградба.

The post Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови appeared first on Република.

]]>

Во рамките на контролите за борба со дивоградбите, грчката полиција во периодот од 29 април до 1 мај уапсила вкупно 22 лица на островите Миконос, Родос, Милос и Фолегандрос, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата, против сторителите биле поднесени одвоени кривични пријави за незаконски градежни работи и вработување на нелегални странски државјани. На островот Миконос биле уапсени лица кои бојадисувале дивоградби во рамките на хотелски бизнис, на Родос уапсените пренесувале градежен материјал во крајбрежен простор, а на Милос и Фолегандрос уапсените лица без дозвола вршеле градежни работи во објект во изградба.

The post Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Груби ги изедначуваат легалните градби и дивоградбите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-grubi-gi-izednachuvaat-legalnite-gradbi-i-divogradbite/ Tue, 18 Apr 2023 07:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=631615

Криминалниот тандем Груби- Ковачевски има моќ се што ќе допре да криминализира. Тие со законски измени неправдата ја претвораат во извитоперена правда. Легалните градби и дивоградбите ги изедначуваат во нивните права со новите измени на законот за експропријација, напоменува ВМРО-ДПМНЕ.

Со измената на законското решение за потребите на изградбата на коридорите Груби и Ковачевски го изедначуваат статусот на легалните и нелегалните објекти, односно нелегалните објекти кои се градени без дозвола, без документи, ќе бидат обештетувани со иста мерка како и легалните објекти во процесот на експропријација. Тоа значи дека ако утре некој изгради нелегален објект на трасата, Груби и Ковачевски ќе потрошат огромна сума народни пари да го платат сето тоа.Ваквите решенија на крими дуото Груби-

Според партијата, Ковачевски стимулираат неправда и неправо, стимулира урбанистички јавашлук и хаос, а сето тоа да го плаќаат даночните обврзници. Но што да се очекува од такви ликови кои во политиката функционираат со заобиловувања на законите и прописите. Не е ни чудо што ја осиромашија државата. Изборите се единствено решение за нив, најпрво да одговараат пред народот, а потоа да одговараат и пред правосудните органи.

The post Ковачевски и Груби ги изедначуваат легалните градби и дивоградбите appeared first on Република.

Герасимовски: За да оневозможиме функционирање на две дивоградби потрошивме околу 5 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-za-da-onevozmozhime-funktsionirane-na-dve-divogradbi-potroshivme-okolu-5-milioni-denari/ Sun, 09 Apr 2023 08:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=628897

За два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. А за да го отстраниме целите објекти потребни се неколкупати повеќе средства, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во интервју за РСЕ.

-Се соочуваме со проблем со одредени дивоградби коишто се градат на државно земјиште, во зелен појас. Иако е постапено целосно од наша страна како општина, поставени жолти ленти, пишани казни за отстранување и уривање на диво изграден објект, се соочуваме со огромни финансиски средства кои треба да ги искористиме за нивно отстранување. Нам, за два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. Се соочуваме со проблем зашто ќе се урнат неколку столба од објектот, тој не е функционален, но во истиот се населуваат бездомници, создаваат дополнителни проблеми во околината, а за да го отстраниме целиот објекти потребни се неколкупати повеќе средства и претставува огромен проблем на општината и на општинскиот буџет.

The post Герасимовски: За да оневозможиме функционирање на две дивоградби потрошивме околу 5 милиони денари appeared first on Република.

Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/loga-ja-poddrzha-initsijativata-na-opshtina-tsentar-za-konfiskatsija-na-bespravno-izgradeni-objekti/ Fri, 07 Apr 2023 13:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=628374

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда.

Како што посочуваат од Министертсвото, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти.

Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

The post Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда. Како што посочуваат од Министертсвото, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти.
Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството.
Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

The post Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти appeared first on Република.

]]>
Герасимовски до ЗЕЛС ја достави иницијативата за конфискација на дивоградби https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-do-zels-ja-dostavi-initsijativata-za-konfiskatsija-na-divogradbi/ Tue, 04 Apr 2023 11:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=627097

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска до ЗЕЛС ја достави иницијативата за конфискација на дивоградби.

Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени што ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, Општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Општина Центар има неколку големи дивоградби на своја територија, чие рушење чини стотици илјади евра“, објави тој на фејсбук.

Според него, време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичкото насилство.

The post Герасимовски до ЗЕЛС ја достави иницијативата за конфискација на дивоградби appeared first on Република.

Костадиновска-Стојчевска: Ќе најдеме стручен тим за да се мапираат дивоградбите во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-ke-najdeme-struchen-tim-za-da-se-mapiraat-divogradbite-vo-struga/ Fri, 31 Mar 2023 20:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=625962

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека доколку Општина Струга нема капацитети или средства, може да и се помогне со стручен тим кој ќе ги мапира дивоградбите.

Можеме да помогнеме во Струга, ако немаат капацитети или средства. Ќе најдеме стручен тим за да се мапираат дивоградбите. Доколку не одговорат на последното задолжување од Владата, имаме начин како да пратиме таму некој да ги мапира бесправно изградените објекти, рече Костадиновска-Стојчевска во вестите на Сител.

Додаде дека одземањето на надлежностите на општината не е едноставно, но е една од опциите доколку не се постапува по барањата на Владата.

Ако некој не постапува, ние ќе направиме наш стручен тим, ќе побараме и странска помош доколку е потребно и ќе направиме се што можеме за да го зачуваме статусот што го имаме во УНЕСКО, вели Костадиновска-Стојчевска.

Според неа, нема да е крај на светот дококлу сме ставени на листата на наследство во опасност, но тоа ќе значи поголеми контроли и реферирање до УНЕСКО секоја година.

Првата реактивна мисија на УНЕСКО дошла во земајва во 2017 година, кога се воочило преголемо дерогирање на карактеристиките на Охридскиот регион. Има седум години вакуум, кога не се постапувало воопшто по планот за управување со Охридскиот регион. Сега ги гледаме последиците од тоа, вели Костадиновска-Стојчевска.

Во контекст на тоа додаде дека Законот за управувањето со Охридскиот регион бил донесен во 2010 години, меѓутоа до 2017 година не се преземале мерки поради што се загрози статусот во УНЕСКО.

Процесот за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион е процес на кој не може да се стави точка. Не може да кажеме дека сме задоволни и тука да застанеме. Овој процес ќе продолжи и по исполнувањето на 19 препораки, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Министерката смета дека целата држава треба да биде вклучена во процесот за зачувување статусот на заштитено наследство во УНЕСКО, бидејќи тоа не е процес кој може да го направи едно министерство, една општина или една агенција.

The post Костадиновска-Стојчевска: Ќе најдеме стручен тим за да се мапираат дивоградбите во Струга appeared first on Република.

Полицијата во последен момент откажала асистенција за рушење дивоградба на Пластичарска, две скинати ленти и на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/politsijata-vo-posleden-moment-otkazhala-asistentsija-za-rushene-divogradba-na-plasticharska-dve-skinati-lenti-i-na-vodno/ Wed, 15 Mar 2023 11:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=619842

Општински инспектори им ставиле жолти ленти, но сопствениците ги отстраниле и продолжиле со градењето на диво на два идентични објекта на Водно, открива „360 степени“.

На Пластичарска, пак, Општина Центар договорила рушење на дивоградба, но полицијата откажала асистенција во последен момент, пишува порталот.

Одговори за ваквото урбано дивеење во најцентралната скопска општина побараа од градоначалникот Горан Герасимовски, кој вели дека има повеќе решенија за рушење уште од минатата година, но не се руши зошто „средствата на општината не се доволни“.

Мал е градот, сите ги знаеме, дури не само горе што градат, туку знаеме луѓе и на други места. Од наша страна е дадена насока дека тоа е кривично дело и дека мора да се престане со дивоградбата поради тоа што гледаме дека некои реагираат некои не реагираат, ние ќе го почитуваме законот и ќе постапуваме по истиот, вели тој.

Целата сторија на „360 степени

The post Полицијата во последен момент откажала асистенција за рушење дивоградба на Пластичарска, две скинати ленти и на Водно appeared first on Република.

]]>

Општински инспектори им ставиле жолти ленти, но сопствениците ги отстраниле и продолжиле со градењето на диво на два идентични објекта на Водно, открива „360 степени“. На Пластичарска, пак, Општина Центар договорила рушење на дивоградба, но полицијата откажала асистенција во последен момент, пишува порталот. Одговори за ваквото урбано дивеење во најцентралната скопска општина побараа од градоначалникот Горан Герасимовски, кој вели дека има повеќе решенија за рушење уште од минатата година, но не се руши зошто „средствата на општината не се доволни“.
Мал е градот, сите ги знаеме, дури не само горе што градат, туку знаеме луѓе и на други места. Од наша страна е дадена насока дека тоа е кривично дело и дека мора да се престане со дивоградбата поради тоа што гледаме дека некои реагираат некои не реагираат, ние ќе го почитуваме законот и ќе постапуваме по истиот, вели тој.
Целата сторија на „360 степени

The post Полицијата во последен момент откажала асистенција за рушење дивоградба на Пластичарска, две скинати ленти и на Водно appeared first on Република.

]]>
Можеби луѓето не веруваат, но земјотресите од 2015 докажаа дека новите згради во Скопје се безбедни, ама дивоградбите и доградбите се слаба алка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mozhebi-lugeto-ne-veruvaat-no-zemjotresite-od-2015-dokazhaa-deka-novite-zgradi-vo-skopje-se-bezbedni-ama-divogradbite-i-dogradbite-se-slaba-alka/ Sat, 18 Feb 2023 08:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=610405

Од 90-тите години на минатиот век во најголем број случаи при изведбата на згради се почитуваат сеизмичките прописи, а од 2013 година Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) доби дополнително мандат од Владата да врши контрола за нивната примена, како при проектот, така и при изведбата, што заедно со одговорноста која сè уште постои кај најголем број проектанти и градежници, придонесува да имаме сигурни градби, вели директорот на ИЗИИС, Влатко Шешов, во интервју за МИА во однос на стравувањата кај граѓаните за сигурноста на објектите и почитувањето на сеизмичките стандарди при нивната изградба.

Во едно вакво време во коешто живееме, каде што кај населението е изгубена секаква доверба во институциите, и градежништвото нормално ја дели таа судбина. Една од работите на коишто се должи таквото мнение кај јавноста, пред сè, можеби е во непланското градење, во недобро изработените детални урбанистички планови, каде што никнуваат објекти едни до други, онаму каде што можеби не ги очекуваме, и сега населението кога гледа такви објекти, мисли дека тие се небезбедни, вели Шешов.

Тој нагласува дека дури и населението да не верува дека објектите се безбедни, самиот факт што при серијата земјотреси што се случија во Скопје во 2015 година нигде немаше значајни оштетувања, покажа дека новите згради се безбедни.

Тоа беше реална проверка какви ни се зградите. Бевме на терен на многу објекти како инспектори од ИЗИИС, имаше само неконструктивни оштетувања - на контактот меѓу греди, преградни ѕидови, паѓање негде на малтер..., што апсолутно е во согласност со техничките прописи, нагласува Шешов, додавајќи дека не постојат 100 отсто сигурни згради и во случај на земјотрес сите треба да знаеме дека ќе има оштетувања, но никако не треба да дојде до колапс на градбите.

Шешов потенцира дека Институтот е вклучен во надзорот уште од изработката на техничката документација и фазата на статистика, бидејќи сите проекти што се изработуваат во државата согласно Законот за градење мора да поминат контрола.

Ние ги контролираме проектите дали се во согласност со техничките прописи и даваме мислење за проектираниот степен. Потоа со тоа мислење и останатата техничка документација инвеститорот оди во општина или во Министерството за транспорт и добива одобрение за градење. Потоа, на ниво во фаза на изведба за поголеми објекти од 300 квадрати двапати во текот на изведбата на објектот наши тимови излегуваат на увид и правиме, да кажеме, контрола дали објектот што се изведува е во согласност со тоа што го дал во општина, истакнува Шешов.

Тој потенцира дека се проверува дали е задоволен квалитетот, се врши контрола на квалитетот на бетон и челик и на направената арматура, по што изведувачот, односно инвеститорот добива мислење кое ќе му овозможи да добие употребна дозвола и објектот да си се завери во Катастар.

Шешов потенцира дека овие стандарди важат за објекти што се градат според план, но една од слабите алки во овој синџир кога станува збор за сигурноста се дивоградбите, доградбите и уривањето на внатрешни ѕидови во становите.

Тоа се некои од, да кажам, клучните сегменти каде што мораме и требаме повеќе да работиме за да можеме да зборуваме за една генерална слика на сигурни згради. За овие нелегални градби, да ги кажам – дивоградби, повторно ќе се оградам - може се добри, може не се добри, меѓутоа не постои доказ за нивната сигурност. Информациите се многу оскудни, значи само со геодетски елаборат, со изјава од сопственикот и со сметки од комунално и од струја, се легализираат и се ставаат во фондот на објекти, вели Шешов.

Според него, дополнителен проблем е што за голем број од постојните објекти на кои се прават надградби, секогаш не постои техничка документација, со што, како што вели, „на една непознаница се става уште еден поголем ризик“.

Генерално политиката на Институтот е овие надградби и доградби да се намалат или да ги нема воопшто, особено во вакви трусни подрачја тоа е голема слабост, додава Шешов.

Токму затоа, според Шешов, Институтот континуирано прави напори за подобрување на јавната свест кај населението и за негово едуцирање, посочувајќи дека кога ќе има земјотрес не треба да се излегува низ врата и да се оди по скали, а и многу малку од граѓаните што живеат во згради знаат каде им е точката на евакуација. Тој потенцира дека првиот чекор е да се намали сеизмичкиот ризик и секој граѓанин да знае што треба да прави во случај на катастрофа.

Не на мобилен, прво што ќе падне, ќе падне мрежата на мобилна телефонија. Не ќе може да дознаете каде е вашето дете. Значи, на тие работи треба да работиме континуирано, така што е потребно подигање на јавната свест, додава директорот на ИЗИИС.

Шешов потенцира дека иако Институтот во соработка со Центарот за управување со кризи и со Дирекцијата за заштита и спасување спроведува активности на тој план, сепак треба и понатаму да се работи ако сакаме да имаме подобри резултати од овие што ги имаме досега.

Јас во неколку наврати изјавив дека стравот е добро да го има, бидејќи тој нè држи будни, тој секогаш ќе нè тера да бидеме што подобри, потенцира Шешов.

Целосното видеоинтервју со директорот на ИЗИИС, Шешов, во кое тој говори и за соработката на Институтот со експерти од странство, за методот на сеизмичка изолација, последниот земјотрес во Турција и Сирија, за одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес во 1963 година...., МИА ќе го објави утре.

The post Можеби луѓето не веруваат, но земјотресите од 2015 докажаа дека новите згради во Скопје се безбедни, ама дивоградбите и доградбите се слаба алка appeared first on Република.

Дали нешто ќе научиме? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/dali-neshto-ke-nauchime/ Wed, 15 Feb 2023 16:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=609407

Атанас Кирјаковски

Илјадници исчезнаа во тоа кобно ранофевруарско утро на југот од Турција и северот од Сирија. Светот е во неверување, длабока тага и стаписаност додека сѐ уште трае трката со студот во обидот за спасување на што е можно повеќе луѓе од урнатините на провинциите Кахраманмараш и Газиантеп и околните погодени предели. Досега повеќе од 37,000 загинале што го прави овој земјотрес еден од најсмртоностните во историјата на регионот. За жал, ваквите апокалиптични земјотреси не се случуваат за првпат. Иста магнитуда од 7.8 според Рихтеровата скала имал и земјотресот од декември 1939 г. во Ерзинџан во кој имало сличен број загинати, а многумина сѐ уште јасно се сеќаваат и на земјотресот од Измит во 1999 г. во која загинаа преку 17,000 лица. За жал, Турција, Сирија и целиот тој поширок регион се трусно подрачје поради поставеноста на Анатолиската тектонска плоча која одвреме-навреме се поместува предизвикувајќи сериозни потреси.

Зарем има зборови што можат да ја опишат човечката трагедија од овој земјотрес или од било кој друг земјотрес со слични последици? Добро познати ни се сликите на прав и пепел, бескрајното бетонско сивило кое голта сѐ што ќе му се најде на патот, во чија утроба се заробени илјадници. Едноставно не постојат зборови кои можат да го опишат траурот. Но мора да си го поставиме насушното прашање, барем ние тука, во Република Македонија, во земјата која еднаш не така одамна – исто така настрадала од разорен земјотрес и во која има потенцијал повторно да настрада. Што може да извлечеме како поука?

Пред сѐ, последните трагични земјотреси се само уште едно потсетување дека природата е сурова и дека човекот е премногу ранлив. Природата ни е мајка, но и маќеа. Во најголем дел од времето е прекрасна, но понекогаш знае да биде исклучително брутална кон нас. Не смееме да се опуштаме, мора да бидеме скромни и да гледаме на неа со почит. Мора да ја сфатиме сериозно и да не забораваме со леснотија зошто цивилизациите постојат, зошто постојат општествата, зошто упорно човекот се организира, бира влади, создава секакви институции и организиран труд – болници, училишта, спасувачки служби, инспекторати и контролни тела, армии, земјоделие, сточарство, фабрики, цели градови, комуникациски нексузи и што ли уште не – токму со цел да се заштити и да си помогне на самиот себеси кога природата ќе се налути. Или барем така би требало да биде.

Следејќи го тој принцип, мудра и одговорна влада веднаш би почнала со проверка на градбите во Република Македонија поучена од огромната трагедија во Турција и Сирија. Веднаш би организирала обуки на своето население, веднаш би почнала да создава капацитети од секаков вид (од збиралишта до залихи), би ги подготвила веќе постоечките јавни капацитети како што се училишните згради на пример, за брза трансформација доколу – не дај боже – тоа би било потребно. Толку многу несреќа може да се спречи ако некој мисли и планира за иднината, ако работи одговорно, ако се грижи за другите наместо да мисли само на сопствениот џеб и партија. Дали на терен гледаме нешто такво? Дали сме сигурни во какви згради живееме, дали се чувствуваме безбедни? Колку вредат евтините пораки на сочувство, моралното сигнализирање и деновите на жалост? Ќе им помогнат ли суштински на настраданите? Не.

Можеме себеси бескрајно да се самозалажуваме, да одбиваме да ја прифатиме реалноста цицајќи од игнорантниот нектар на социјалните мрежи, да замижуваме на опасноста и неправдата само затоа што не можеме да се соочиме со негативните емоции кои ги носат. Одбираме да бидеме игноратни заради удобност и целосно забораваме всушност дека сето ова „уживање“ може да го снема за миг. Забораваме дека едно општество мора активно и напорно постојано да работи на својата кондиција, да биде подготвено кога несреќата ќе се случи, а некој ден – сигурно ќе се случи. Но тогаш, веќе ќе биде предоцна.

The post Дали нешто ќе научиме? appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Илјадници исчезнаа во тоа кобно ранофевруарско утро на југот од Турција и северот од Сирија. Светот е во неверување, длабока тага и стаписаност додека сѐ уште трае трката со студот во обидот за спасување на што е можно повеќе луѓе од урнатините на провинциите Кахраманмараш и Газиантеп и околните погодени предели. Досега повеќе од 37,000 загинале што го прави овој земјотрес еден од најсмртоностните во историјата на регионот. За жал, ваквите апокалиптични земјотреси не се случуваат за првпат. Иста магнитуда од 7.8 според Рихтеровата скала имал и земјотресот од декември 1939 г. во Ерзинџан во кој имало сличен број загинати, а многумина сѐ уште јасно се сеќаваат и на земјотресот од Измит во 1999 г. во која загинаа преку 17,000 лица. За жал, Турција, Сирија и целиот тој поширок регион се трусно подрачје поради поставеноста на Анатолиската тектонска плоча која одвреме-навреме се поместува предизвикувајќи сериозни потреси. Зарем има зборови што можат да ја опишат човечката трагедија од овој земјотрес или од било кој друг земјотрес со слични последици? Добро познати ни се сликите на прав и пепел, бескрајното бетонско сивило кое голта сѐ што ќе му се најде на патот, во чија утроба се заробени илјадници. Едноставно не постојат зборови кои можат да го опишат траурот. Но мора да си го поставиме насушното прашање, барем ние тука, во Република Македонија, во земјата која еднаш не така одамна – исто така настрадала од разорен земјотрес и во која има потенцијал повторно да настрада. Што може да извлечеме како поука? Пред сѐ, последните трагични земјотреси се само уште едно потсетување дека природата е сурова и дека човекот е премногу ранлив. Природата ни е мајка, но и маќеа. Во најголем дел од времето е прекрасна, но понекогаш знае да биде исклучително брутална кон нас. Не смееме да се опуштаме, мора да бидеме скромни и да гледаме на неа со почит. Мора да ја сфатиме сериозно и да не забораваме со леснотија зошто цивилизациите постојат, зошто постојат општествата, зошто упорно човекот се организира, бира влади, создава секакви институции и организиран труд – болници, училишта, спасувачки служби, инспекторати и контролни тела, армии, земјоделие, сточарство, фабрики, цели градови, комуникациски нексузи и што ли уште не – токму со цел да се заштити и да си помогне на самиот себеси кога природата ќе се налути. Или барем така би требало да биде. Следејќи го тој принцип, мудра и одговорна влада веднаш би почнала со проверка на градбите во Република Македонија поучена од огромната трагедија во Турција и Сирија. Веднаш би организирала обуки на своето население, веднаш би почнала да создава капацитети од секаков вид (од збиралишта до залихи), би ги подготвила веќе постоечките јавни капацитети како што се училишните згради на пример, за брза трансформација доколу – не дај боже – тоа би било потребно. Толку многу несреќа може да се спречи ако некој мисли и планира за иднината, ако работи одговорно, ако се грижи за другите наместо да мисли само на сопствениот џеб и партија. Дали на терен гледаме нешто такво? Дали сме сигурни во какви згради живееме, дали се чувствуваме безбедни? Колку вредат евтините пораки на сочувство, моралното сигнализирање и деновите на жалост? Ќе им помогнат ли суштински на настраданите? Не. Можеме себеси бескрајно да се самозалажуваме, да одбиваме да ја прифатиме реалноста цицајќи од игнорантниот нектар на социјалните мрежи, да замижуваме на опасноста и неправдата само затоа што не можеме да се соочиме со негативните емоции кои ги носат. Одбираме да бидеме игноратни заради удобност и целосно забораваме всушност дека сето ова „уживање“ може да го снема за миг. Забораваме дека едно општество мора активно и напорно постојано да работи на својата кондиција, да биде подготвено кога несреќата ќе се случи, а некој ден – сигурно ќе се случи. Но тогаш, веќе ќе биде предоцна.

The post Дали нешто ќе научиме? appeared first on Република.

]]>
Извршен вонреден инспекциски надзор на дивоградби во Старата скопска Чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/izvrshen-vonreden-inspektsiski-nadzor-na-divogradbi-vo-starata-skopska-charshija/ Mon, 16 Jan 2023 11:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=597445

Извршен е вонреден инспекциски надзор на дивоградби во Старата скопска Чаршија, објави Телма.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам потврдуваат дека утрово директорот Фатмир Арифи и надлежни инспектори извршиле надзор по што ќе изготват извештај за постапување. Надзорот е вршен со полициска асистенција, потенцираа од Инспекторатот.

Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам спроведе вонреден инспекциски надзор со придружба на полициски службеници во Стара скопска чаршија врз објекти кои се бесправни, а се изградени во заштитено старо градско јадро  од култорно наследство во Стара скопска чаршија, соопштија од Инспекторатот.

Станува збор за објекти кои се изградени без дозвола и без конзерваторско мислење кое е задолжително за заштитената скопска чаршија. Објектите биле доградувани и проширувани врз патеки и улички во чаршијата со што е попречувано и движењето во овој културно-историски споменик.

Инспекторатот ќе подготви извештај и ќе преземе дополнителни активности на отстранување на бесправно изградените објекти.

The post Извршен вонреден инспекциски надзор на дивоградби во Старата скопска Чаршија appeared first on Република.

]]>

Извршен е вонреден инспекциски надзор на дивоградби во Старата скопска Чаршија, објави Телма. Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам потврдуваат дека утрово директорот Фатмир Арифи и надлежни инспектори извршиле надзор по што ќе изготват извештај за постапување. Надзорот е вршен со полициска асистенција, потенцираа од Инспекторатот.
Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам спроведе вонреден инспекциски надзор со придружба на полициски службеници во Стара скопска чаршија врз објекти кои се бесправни, а се изградени во заштитено старо градско јадро  од култорно наследство во Стара скопска чаршија, соопштија од Инспекторатот.
Станува збор за објекти кои се изградени без дозвола и без конзерваторско мислење кое е задолжително за заштитената скопска чаршија. Објектите биле доградувани и проширувани врз патеки и улички во чаршијата со што е попречувано и движењето во овој културно-историски споменик. Инспекторатот ќе подготви извештај и ќе преземе дополнителни активности на отстранување на бесправно изградените објекти.

The post Извршен вонреден инспекциски надзор на дивоградби во Старата скопска Чаршија appeared first on Република.

]]>
Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не го прифатија предлогот за забрана за градби во национални паркови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-na-sdsm-ldp-i-dui-ne-go-prifatija-predlogot-za-zabrana-za-gradbi-vo-nacionalni-parkovi/ Tue, 18 Oct 2022 08:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=562421

Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, откако вчера пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП гласаа против амандманот на Законот за шумите. Станува збор за предлог на ВМРО-ДПМНЕ за вметнување на став во член 75 со кој би се забранило поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети.

За овој амандман од 110 присутни пратеници, само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 31 пратеник гласаа „за“, а 47 беа пратеници против.

По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира Стојаноска.

The post Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не го прифатија предлогот за забрана за градби во национални паркови appeared first on Република.

]]>

Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, откако вчера пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП гласаа против амандманот на Законот за шумите. Станува збор за предлог на ВМРО-ДПМНЕ за вметнување на став во член 75 со кој би се забранило поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети. За овој амандман од 110 присутни пратеници, само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 31 пратеник гласаа „за“, а 47 беа пратеници против.
По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира Стојаноска.

The post Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не го прифатија предлогот за забрана за градби во национални паркови appeared first on Република.

]]>
Си изградил објект на државно земјиште во Попова Шапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/si-izgradil-objekt-na-drzavno-zemjishte-vo-popova-shapka/ Tue, 10 May 2022 15:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=500605

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(69) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Во текот на 2021 година во викенд населба на Попова Шапка, на катастарска парцела во државна сопственост, пријавениот без да поседува соодветна дозвола – одобрение за градба од надлежен орган од Општина Тетово, изградил објект со површина од 98 м².

The post Си изградил објект на државно земјиште во Попова Шапка appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(69) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Во текот на 2021 година во викенд населба на Попова Шапка, на катастарска парцела во државна сопственост, пријавениот без да поседува соодветна дозвола – одобрение за градба од надлежен орган од Општина Тетово, изградил објект со површина од 98 м².

The post Си изградил објект на државно земјиште во Попова Шапка appeared first on Република.

]]>