Диво Насеље Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divo-naselje/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 09:40:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Диво Насеље Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divo-naselje/ 32 32 Курти бара најстроги казни за убијците на Вања а ги крие терористите од Диво Насеље https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-bara-najstrogi-kazni-za-ubijtsite-na-vana-a-gi-krie-teroristite-od-divo-naseln/ Thu, 07 Dec 2023 09:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=720590

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона Адемај во Косово од страна на нејзиниот сопруг, мора да им се изрече заслужената казна, за таквите злосторства да не се повторуваат во иднина,

Курти рече дека двете убиства „натежнуваат врз умовите и срцата на сите“ во двете земји.

Според косовскиот премиер, ставањето зад решетки на нарачателите и извршителите на убиставата на Лиридона Адемај и Вања Ѓорчевска не е доволно, туку и судовите треба да ги третираат случаите на насилство врз жени и девојчиња како приоритет.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-e-ova-teloto-na-vana/

– Неодамнешните убиства, нарачаното убиство на Лиридона Адемај од страна на нејзиниот сопруг и киднапирањето и убиството на 14-годишната (Вања Ѓорчевска) во Скопје, натежнуваат врз умовите и срцата на сите. Нарачателите и извршителите на инцидентот во Лиридона се уапсени и ставени зад решетки, рече Курти.

Од друга страна Косово одбива да ги испорача терористите од Диво насеље а на тие што загинаа им приредуваа погреби со државни почести

The post Курти бара најстроги казни за убијците на Вања а ги крие терористите од Диво Насеље appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона Адемај во Косово од страна на нејзиниот сопруг, мора да им се изрече заслужената казна, за таквите злосторства да не се повторуваат во иднина, Курти рече дека двете убиства „натежнуваат врз умовите и срцата на сите“ во двете земји. Според косовскиот премиер, ставањето зад решетки на нарачателите и извршителите на убиставата на Лиридона Адемај и Вања Ѓорчевска не е доволно, туку и судовите треба да ги третираат случаите на насилство врз жени и девојчиња како приоритет. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-e-ova-teloto-na-vana/
– Неодамнешните убиства, нарачаното убиство на Лиридона Адемај од страна на нејзиниот сопруг и киднапирањето и убиството на 14-годишната (Вања Ѓорчевска) во Скопје, натежнуваат врз умовите и срцата на сите. Нарачателите и извршителите на инцидентот во Лиридона се уапсени и ставени зад решетки, рече Курти.
Од друга страна Косово одбива да ги испорача терористите од Диво насеље а на тие што загинаа им приредуваа погреби со државни почести

The post Курти бара најстроги казни за убијците на Вања а ги крие терористите од Диво Насеље appeared first on Република.

]]>
Рафиз Алити: Kовачевски и Ахмети разговараа за закон за амнестија за „Диво Насеље“ и воениот конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rafiz-aliti-kovachevski-i-ahmeti-razgovaraa-za-zakon-za-amnestija-za-divo-nasele-i-voeniot-konflikt/ Wed, 04 Oct 2023 09:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=687772

Али Ахмети, лидерот на ДУИ,  разговарал со премиерот Димитар Ковачевски за законско решение кое ќе ги вклучи сите категории кои настрадаа во вооружениот конфликт во 2001 година.

Ова во интервју за ТВ Алсат го откри поранешниот заменик-претседател на Парламентот од редовите на ДУИ, Рафиз Алити.

Според Алити договорот меѓу двајцата лидери на политички партии покрај борците на УЧК вклучувал амнестија и за други категории како лица вклучени во случајот со Куманово, случајот со Порој и други.

Тој додава дека пред неколку месеци претседателот на ДУИ го отворил ова прашање со премиерот Ковачевски и со поранешниот генерал Ангелов и изразил подготвеност да се донесе закон бидејќи тоа би било полезно за сите граѓани независно кој на чија страна бил или кого поддржувал во 2001 година.

Ковачевски претходно ги негираше ваквите тврдења. ДУИ и нејзиниот шеф Али Ахмети од крајот на војната повеќепати ветуваа правно решение за статусот на УЧК, но ова прашање остана нерешено и 22 години по конфликтот

The post Рафиз Алити: Kовачевски и Ахмети разговараа за закон за амнестија за „Диво Насеље“ и воениот конфликт appeared first on Република.

]]>

Али Ахмети, лидерот на ДУИ,  разговарал со премиерот Димитар Ковачевски за законско решение кое ќе ги вклучи сите категории кои настрадаа во вооружениот конфликт во 2001 година. Ова во интервју за ТВ Алсат го откри поранешниот заменик-претседател на Парламентот од редовите на ДУИ, Рафиз Алити. Според Алити договорот меѓу двајцата лидери на политички партии покрај борците на УЧК вклучувал амнестија и за други категории како лица вклучени во случајот со Куманово, случајот со Порој и други. Тој додава дека пред неколку месеци претседателот на ДУИ го отворил ова прашање со премиерот Ковачевски и со поранешниот генерал Ангелов и изразил подготвеност да се донесе закон бидејќи тоа би било полезно за сите граѓани независно кој на чија страна бил или кого поддржувал во 2001 година. Ковачевски претходно ги негираше ваквите тврдења. ДУИ и нејзиниот шеф Али Ахмети од крајот на војната повеќепати ветуваа правно решение за статусот на УЧК, но ова прашање остана нерешено и 22 години по конфликтот

The post Рафиз Алити: Kовачевски и Ахмети разговараа за закон за амнестија за „Диво Насеље“ и воениот конфликт appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за терористите од „Диво насеље“: Убија македонски полицајци а имаа државни погреби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-teroristite-od-divo-nasele-ubija-makedonski-politsajtsi-a-imaa-drzhavni-pogrebi/ Tue, 03 Oct 2023 06:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=687286

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во вчерашната емисија „Кирилица “потсети на општата амнестија за Албанците кои убиваа македонски полицајци во Диво Насеље..

– Ова се слики од пред осум години кога беа убиени осуммина македонски полицајци. Ги убиле вистински терористи од Косово, 14 од нив загинале. Тоа се таканаречените државни погреби во Спортската сала во Приштина. Таму беше и Иса Мустафа. Ова е споменикот на Риза Бег во Приштина. Погледнете го тоа, и тие некому му кажуваат нешто. Не само што имаше денови на жалост, туку беа подигнати и споменици. Тогаш беа убиени осум полицајци, а тие не беа терористи, туку следеше општа амнестија. За нас важат посебни правила. Ќе продолжи да важи додека еден ден некој не го признае  Косово или нема да има поголем пресврт во светот – рече Вучиќ вчера на ТВ Хепи.

The post Вучиќ за терористите од „Диво насеље“: Убија македонски полицајци а имаа државни погреби appeared first on Република.

Со фотографии од погребите на албанските терористи од Диво Насеље, Вучиќ го покажа „лицемерието на албанските власти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-fotografii-od-pogrebite-na-albanskite-teroristi-od-divo-nasele-vuchik-go-pokazha-litsemerieto-na-albanskite-vlasti/ Thu, 28 Sep 2023 07:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=685823

Сакајќи да го претстави, како што кажа, лицемерието на Приштина и на Тирана, и осудата за прогласениот ден на жалост за сите загинати во Бањска, претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на РТС покажа фотографии од погребите на албанските терористи кои во 2015 година убија македонски полицајци во Диво Насеље. Тој потсети дека во 2015 година во Куманово имаше голем конфликт меѓу „вистински албански терористи кои ја нападнаа суверената и меѓународно призната држава Република Македонија, земја на ОН“.

Србија го одбележува Денот на жалоста поради трагични настани. Одбележуваме Ден на жалост за тројцата загинати Срби и за убиениот полицаец. Тоа е цивилизациска одлука и сериозна одлука. Еди Рама не ја кажа вистината, прогласивме Ден на жалост за сите убиени, рече Вучиќ.

Тој вели дека албанските власти се лицемерни и држат предавања за европски вредности, а албански терористи нападнале во Куманово и убиле осум македонски полицајци.

Загинаа дури осуммина македонски полицајци, рече Вучиќ, прикажувајќи го државниот погреб во Приштина на кој имаше знамиња на терористичката ОВК, а присуствуваше и Иса Мустафа.

Aleksandar Vučić

Што се случи? Во тоа време, ниту Рама, ниту некој од ЕУ не држеше предавања. Правеа комеморација за сите Албанци убиени во Куманово. Цела сала, сите беа организирани. И никому ништо. И тоа не е крај, рече тој покажувајќи фотографија и од споменикот на Бег Ризај.

Aleksandar Vučić

Ова е Бег Ризај, еден од убиените терористи, а ова е споменик поставен на него во Дечани. Околу споменикот поставува свеќи Рамуш Харадинај. Толку за нивните принципи, иднината на Европа и сè друго. Ова секако го искористија на највалкан начин. За нив ова е чин на ослободување, а Србите се дивјаци и терористи. Знам низ што минуваат овие луѓе. Веќе една година предупредувам за ова. Ситуацијата врие. Луѓето таму се маченици и светци. Курти на секој можен начин ги обедини Србите. Што очекувате следно? Да биде како од Карабах? Нема да биде, рече тој.

The post Со фотографии од погребите на албанските терористи од Диво Насеље, Вучиќ го покажа „лицемерието на албанските власти“ appeared first on Република.

Вандализиран споменикот на загинатиот бранител Горан Стојменовиќ кој загина во акцијата во Диво насеље https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vandaliziran-spomenikot-na-zaginatiot-branitel-goran-stojmenovik-koj-zagina-vo-aktsijata-vo-divo-nasele/ Thu, 03 Aug 2023 07:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=668120

На празникот Илинден во скопско Инџиково со сина боја е вандализиран споменикот на убиениот бранител Горан Стојменовиќ во полициската акција против териристичка група стационирана во Диво Насеље во 2015 година. Со спреј е прекриена неговата биста, но и иконите од осветениот крст во селото.

Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветениот крст поставен во истиот парк во Инџиково. Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда, објави на Фејсбук градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Тој побара итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за внатрешни работи и откривање на сторителите на овој чин.

На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!, порача Стефковски.

The post Вандализиран споменикот на загинатиот бранител Горан Стојменовиќ кој загина во акцијата во Диво насеље appeared first on Република.

Осуден за „Диво Насеље“ на ТВ во живо од затвор тврди дека се ослободители на албанскиот народ во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osuden-za-divo-nasele-na-tv-vo-zhivo-od-zatvor-tvrdi-deka-se-osloboditeli-na-albanskiot-narod-vo-makedonija/ Fri, 19 May 2023 12:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=642653

Фатмир Речица, еден од осудените за „Диво Насеље“ во живо од затворот „Идризово“ даде изјава за косовска телевизија.

Речица кажа дека тој и неговите соборци биле ослободители на албанскиот народ во Македонија.

Ние сме ослободители и херои за Албанците во Македонија. Дојдовме со желба за национално единство, кажа Речица.

Toj кажа дека имале поддршка од Косово, но ќе ги откри имињата кога ќе дојде време.

За жал, во Косово не се зборува. Затоа што имавме поддршка од Косово. Ќе дојде ден кога ќе ги кажеме по име и презиме, кој ни даде поддршка, вели тој.

The post Осуден за „Диво Насеље“ на ТВ во живо од затвор тврди дека се ослободители на албанскиот народ во Македонија appeared first on Република.

]]>

Фатмир Речица, еден од осудените за „Диво Насеље“ во живо од затворот „Идризово“ даде изјава за косовска телевизија. Речица кажа дека тој и неговите соборци биле ослободители на албанскиот народ во Македонија.
Ние сме ослободители и херои за Албанците во Македонија. Дојдовме со желба за национално единство, кажа Речица.
Toj кажа дека имале поддршка од Косово, но ќе ги откри имињата кога ќе дојде време.
За жал, во Косово не се зборува. Затоа што имавме поддршка од Косово. Ќе дојде ден кога ќе ги кажеме по име и презиме, кој ни даде поддршка, вели тој.

The post Осуден за „Диво Насеље“ на ТВ во живо од затвор тврди дека се ослободители на албанскиот народ во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во Кисела Вода поставен споменик на загинатиот бранител во Диво насеље, Љубиша Аранѓеловиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-kisela-voda-postaven-spomenik-na-zaginatiot-branitel-vo-divo-nasele-lubisha-arangelovik/ Sun, 14 May 2023 14:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=640695

Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денеска ја открија неговата спомен-плоча.

Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот Аранѓеловиќ, како и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Со неизмерна почит кон Љубиша Аранѓеловиќ, големиот херој кој загина бранејќи ја својата земја од терористите кои извршија напад во Диво Насеље, денес го откриваме неговиот споменик. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минува Република Македонија. Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговиот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Слава му!, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потоа, заедно со делегација од Општина Кисела Вода се поклони пред споменикот и постави свежо цвеќе.

The post Во Кисела Вода поставен споменик на загинатиот бранител во Диво насеље, Љубиша Аранѓеловиќ appeared first on Република.

]]>

Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денеска ја открија неговата спомен-плоча. Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот Аранѓеловиќ, како и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
Со неизмерна почит кон Љубиша Аранѓеловиќ, големиот херој кој загина бранејќи ја својата земја од терористите кои извршија напад во Диво Насеље, денес го откриваме неговиот споменик. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минува Република Македонија. Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговиот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Слава му!, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потоа, заедно со делегација од Општина Кисела Вода се поклони пред споменикот и постави свежо цвеќе.

The post Во Кисела Вода поставен споменик на загинатиот бранител во Диво насеље, Љубиша Аранѓеловиќ appeared first on Република.

]]>
Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можно префрлање во Косово на осудените во „Диво насеље“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-ke-se-kompletira-dokumentatsijata-ke-se-razmisluva-za-mozhno-prefrlane-vo-kosovo-na-osudenite-vo-divo-nasele/ Thu, 11 May 2023 13:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=639773

Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Документацијата се уште не е комплетирана. Откако ќе се комплетира, ќе се размислува за можните варијанти и во координација со МВР и косовските власти ќе се утврдува дали постои можност за такво нешто, наведуваат од Министерството за правда по пишувањата во дел од медиумите дека не е исклучена можноста 13-те затвореници од т.н. Кумановска група за случајот „Диво насеље“ од „Идризово“ да бидат префрлени на Косово.

Косовска „Коха“, го пренесува интервјуто на министерот за правда Кренар Лога за косовскиот сервис за „Радио Слободна Европа“, во кое, како што пишува, истакнал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

Она што го добив од предметната документација и на која се повикаа вработените во администрацијата во рамките на министерството е дека дел од барањата не се целосни. Започнавме со процесот на комплетирање на документацијата, потоа една по една почнуваат фазите кои течат до моментот кога мора да се изврши нивното префрлање во затворите на Косово, рекол Лога за РСЕ, пренесува косовска „Коха“. 

The post Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можно префрлање во Косово на осудените во „Диво насеље“ appeared first on Република.

]]>

Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Документацијата се уште не е комплетирана. Откако ќе се комплетира, ќе се размислува за можните варијанти и во координација со МВР и косовските власти ќе се утврдува дали постои можност за такво нешто, наведуваат од Министерството за правда по пишувањата во дел од медиумите дека не е исклучена можноста 13-те затвореници од т.н. Кумановска група за случајот „Диво насеље“ од „Идризово“ да бидат префрлени на Косово. Косовска „Коха“, го пренесува интервјуто на министерот за правда Кренар Лога за косовскиот сервис за „Радио Слободна Европа“, во кое, како што пишува, истакнал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.
Она што го добив од предметната документација и на која се повикаа вработените во администрацијата во рамките на министерството е дека дел од барањата не се целосни. Започнавме со процесот на комплетирање на документацијата, потоа една по една почнуваат фазите кои течат до моментот кога мора да се изврши нивното префрлање во затворите на Косово, рекол Лога за РСЕ, пренесува косовска „Коха“. 

The post Откако ќе се комплетира документацијата, ќе се размислува за можно префрлање во Косово на осудените во „Диво насеље“ appeared first on Република.

]]>
13 затвореници за „Дивo насеље“ од „Идризово“ ќе бидат префрлени на Косово, Лога вели се комплетира документацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/13-zatvorenitsi-za-divo-nasele-od-idrizovo-ke-bidat-prefrleni-na-kosovo-loga-veli-se-kompletira-dokumentatsijata/ Mon, 08 May 2023 12:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=638410

Тринаесет затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово.

Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа. Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

The post 13 затвореници за „Дивo насеље“ од „Идризово“ ќе бидат префрлени на Косово, Лога вели се комплетира документацијата appeared first on Република.

]]>

Тринаесет затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово. Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа. Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

The post 13 затвореници за „Дивo насеље“ од „Идризово“ ќе бидат префрлени на Косово, Лога вели се комплетира документацијата appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат дали Зарко Милошевски направил погрешна проценка за Диво Насеље https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kovachevski-i-zechevikj-da-odgovorat-dali-zarko-miloshevski-napravil-pogreshna-procenka-za-divo-naselje/ Sun, 18 Dec 2022 12:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=587177

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ се уште не даваат конкретни одговори за именувањето на Зарко Милошевски за наследник на Виктор Димовски во АНБ, по огромниот скандал Онишченко којшто покажа изигрување на домашни и меѓународни процедури и стандарди токму од нив двајцата, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тоа што Ковачевски и Зечевиќ не даваат одговори не значи дека прашањата бледеат. Напротив се појавуваат нови сознанија за вмешаност на пуленот на Зечевиќ во настани што се уште ја потресуваат Македонија.

Па затоа:

Ковачевски и Зечевиќ би требало да одговорат каква е улогата на Зарко Милошевски во случајот Диво Насеље од 9 мај 2015 година?

Дали Зарко Милошевски тогаш началник на единицата за екстремизам бил одговорен?

Дали тогаш Зарко Милошевски е директно одговорен во УБК за проценка на состојбата, а толкава група да се сместила во градот?

Да потсетам, во интервју од 2017 година, Горан Николовски од позиција директор на УБК, посочи на „лоша проценка“ на УБК за Диво Насеље.

Одиме понатаму. Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски е парично награден со одлука на владата за Диво Насеље?

Дали неговото име е меѓу оние за коишто токму СДС гласно бараа списокот со наградени да се објави а парите да се вратат?

Па сега, Ковачевски и Зечевиќ нека се изјаснат, треба ли или не Зарко Милошевски да ги врати парите како награда за Диво Насеље?

Почитувани, Македонија тоне од кризи во кризи, корупција и криминал, а се повеќе и во безбедносен лавиринт, токму затоа што безбедносните служби ги претворија во пашалак за свои миленици и за свои партиски потреби, наведува Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=Gt512RnU2rU&feature=youtu.be

The post Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат дали Зарко Милошевски направил погрешна проценка за Диво Насеље appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ се уште не даваат конкретни одговори за именувањето на Зарко Милошевски за наследник на Виктор Димовски во АНБ, по огромниот скандал Онишченко којшто покажа изигрување на домашни и меѓународни процедури и стандарди токму од нив двајцата, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тоа што Ковачевски и Зечевиќ не даваат одговори не значи дека прашањата бледеат. Напротив се појавуваат нови сознанија за вмешаност на пуленот на Зечевиќ во настани што се уште ја потресуваат Македонија.   Па затоа:   Ковачевски и Зечевиќ би требало да одговорат каква е улогата на Зарко Милошевски во случајот Диво Насеље од 9 мај 2015 година?   Дали Зарко Милошевски тогаш началник на единицата за екстремизам бил одговорен?   Дали тогаш Зарко Милошевски е директно одговорен во УБК за проценка на состојбата, а толкава група да се сместила во градот?   Да потсетам, во интервју од 2017 година, Горан Николовски од позиција директор на УБК, посочи на „лоша проценка“ на УБК за Диво Насеље.   Одиме понатаму. Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски е парично награден со одлука на владата за Диво Насеље?   Дали неговото име е меѓу оние за коишто токму СДС гласно бараа списокот со наградени да се објави а парите да се вратат?   Па сега, Ковачевски и Зечевиќ нека се изјаснат, треба ли или не Зарко Милошевски да ги врати парите како награда за Диво Насеље?   Почитувани, Македонија тоне од кризи во кризи, корупција и криминал, а се повеќе и во безбедносен лавиринт, токму затоа што безбедносните служби ги претворија во пашалак за свои миленици и за свои партиски потреби, наведува Стоилковски.
https://www.youtube.com/watch?v=Gt512RnU2rU&feature=youtu.be

The post Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат дали Зарко Милошевски направил погрешна проценка за Диво Насеље appeared first on Република.

]]>
Teрористите од „Диво насеље“ бараат групна екстрадиција во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/teroristite-od-divo-naselje-baraat-grupna-ekstradicija-vo-kosovo/ Tue, 17 May 2022 13:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=503406

Таканаречената „Кумановската група“ односно осудените од терористичкиот напад во „Диво насеље“ бараат да бидат екстрадирани на Косово, но не одделно. Како што пишуваа косовските медиуми, еден од нив нема косовско државјанство, што ја оневозможува екстрадицијата на Косово, бидејќи законите тоа не го дозволуваат.

Осудените, вкупно 29, од кои седуммина се со казни доживотен затвор, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни, во најголем дел се во затворот „Идризово“. Дел од нив до сега повеќе пати бараа казната да ја служат во косовските затвори.

Од осудените, 17 имаат косовско државјанство, додека еден не може да добие државјанство иако барал. Затворениците во писмо до косовските институции велат дека на Енвер Хоџа, познат како Клејн, му е одбиено државјанството од Република Косово, но тоа му е соопштено усно, за што очекуваат повеќе информации.

Ние, соборците на Енвер Хоџа Клајн, инсистираме на адекватен одговор во врска со одбивањето на косовското државјанство на Енвер. Енвер е воен инвалид на Ослободителната војска, односно борец на 138 бригада Агим Рамадани. Енвер бил тешко ранет во битката кај Кошаре. Енвер ги остави сите добри работи што ги имаше во Германија и премина во редовите на Ослободителната војска на Косово, пишуваат во писмото осудените од Кумановската група упатено до Претседателот, Владата, Министерството за внатрешни работи и МНР на Косово.

Косовските медиуми го цитираат адвокатот Антон Ндрецај, кој објаснува зошто треба да се отфрли ова барање.

За да се добие косовско државјанство потребни се докази, на пример од земјата на потекло ако постои преседан, отворено досие или ако лицето не е барано од Интерпол или Европол. Кумановската група има правосилна пресуда и секако оние кои имаат криминално досие не можат да бидат државјани на Косово се’ додека не ги исполнуваат законските критериуми, изјави Ндрецај.

Членовите на Кумановската група, кои 28 часа пукаа на македонската полиција во Куманово, судот ги осуди на вкупно 746 години затвор. Обвинети се за тероризам за настаните во Куманово од 9 до 10 мај 2015 година, во кои загинаа осум полицајци.

The post Teрористите од „Диво насеље“ бараат групна екстрадиција во Косово appeared first on Република.

]]>

Таканаречената „Кумановската група“ односно осудените од терористичкиот напад во „Диво насеље“ бараат да бидат екстрадирани на Косово, но не одделно. Како што пишуваа косовските медиуми, еден од нив нема косовско државјанство, што ја оневозможува екстрадицијата на Косово, бидејќи законите тоа не го дозволуваат. Осудените, вкупно 29, од кои седуммина се со казни доживотен затвор, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни, во најголем дел се во затворот „Идризово“. Дел од нив до сега повеќе пати бараа казната да ја служат во косовските затвори. Од осудените, 17 имаат косовско државјанство, додека еден не може да добие државјанство иако барал. Затворениците во писмо до косовските институции велат дека на Енвер Хоџа, познат како Клејн, му е одбиено државјанството од Република Косово, но тоа му е соопштено усно, за што очекуваат повеќе информации.
Ние, соборците на Енвер Хоџа Клајн, инсистираме на адекватен одговор во врска со одбивањето на косовското државјанство на Енвер. Енвер е воен инвалид на Ослободителната војска, односно борец на 138 бригада Агим Рамадани. Енвер бил тешко ранет во битката кај Кошаре. Енвер ги остави сите добри работи што ги имаше во Германија и премина во редовите на Ослободителната војска на Косово, пишуваат во писмото осудените од Кумановската група упатено до Претседателот, Владата, Министерството за внатрешни работи и МНР на Косово.
Косовските медиуми го цитираат адвокатот Антон Ндрецај, кој објаснува зошто треба да се отфрли ова барање.
За да се добие косовско државјанство потребни се докази, на пример од земјата на потекло ако постои преседан, отворено досие или ако лицето не е барано од Интерпол или Европол. Кумановската група има правосилна пресуда и секако оние кои имаат криминално досие не можат да бидат државјани на Косово се’ додека не ги исполнуваат законските критериуми, изјави Ндрецај.
Членовите на Кумановската група, кои 28 часа пукаа на македонската полиција во Куманово, судот ги осуди на вкупно 746 години затвор. Обвинети се за тероризам за настаните во Куманово од 9 до 10 мај 2015 година, во кои загинаа осум полицајци.

The post Teрористите од „Диво насеље“ бараат групна екстрадиција во Косово appeared first on Република.

]]>
Осудените терористи од Диво насеље протестираат во затвор, бараат семејни посети и слободни викенди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osudenite-teroristi-od-divo-naselje-protestiraat-vo-zatvor-baraat-semejni-poseti-i-slobodni-vikendi/ Tue, 10 May 2022 17:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=500648

Веќе седум дена, осуденици за тероризам во случајот „Диво насеље“ штрајкуваат со глад и се жалат дека надлежните немаат одговор во врска со нивните барања, објави ТВ21.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, вели дека директорот на Управата за извршување на санкции се сретнал со осудениците и дека се работи во насока на стопирање на штрајкот и позитивен одговор за барањата.

Осудениците велат дека уште пред 19 месеци барале да им се дозволат семејни посети и користење слободни викенди.

-Сакаме да им порачаме дека утре навршуваат цели седум години. Во целосна изолација сме. Не ни е понудена можност за ресоцијализација и убедени сме дека доколку не ни помогне гласот на народот и претставниците на меѓународната заедница акредитирани во земјава, тогаш ќе продолжат да ни ги негираат сите права, а ќе ни биде нарушено и здравјето, вели за ТВ21 Арсим Бајрами, еден од осудените.

Затворениците се жалат дека нивната здравствена состојба по седумдневниот штрајк со глад се влошува, но иако имало интервенции и од Брзата помош, тие не се откажуваат од штрајкот.

Во случајот „Диво насеље“, седуммина осудени добија доживотни затворски казни, 13-мина се осудени на 40 години затвор, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Уште 16 обвинети беа трајно протерани од земјава.

The post Осудените терористи од Диво насеље протестираат во затвор, бараат семејни посети и слободни викенди appeared first on Република.

]]>

Веќе седум дена, осуденици за тероризам во случајот „Диво насеље“ штрајкуваат со глад и се жалат дека надлежните немаат одговор во врска со нивните барања, објави ТВ21.
Министерот за правда, Никола Тупанчески, вели дека директорот на Управата за извршување на санкции се сретнал со осудениците и дека се работи во насока на стопирање на штрајкот и позитивен одговор за барањата. Осудениците велат дека уште пред 19 месеци барале да им се дозволат семејни посети и користење слободни викенди.
-Сакаме да им порачаме дека утре навршуваат цели седум години. Во целосна изолација сме. Не ни е понудена можност за ресоцијализација и убедени сме дека доколку не ни помогне гласот на народот и претставниците на меѓународната заедница акредитирани во земјава, тогаш ќе продолжат да ни ги негираат сите права, а ќе ни биде нарушено и здравјето, вели за ТВ21 Арсим Бајрами, еден од осудените.
Затворениците се жалат дека нивната здравствена состојба по седумдневниот штрајк со глад се влошува, но иако имало интервенции и од Брзата помош, тие не се откажуваат од штрајкот. Во случајот „Диво насеље“, седуммина осудени добија доживотни затворски казни, 13-мина се осудени на 40 години затвор, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Уште 16 обвинети беа трајно протерани од земјава.

The post Осудените терористи од Диво насеље протестираат во затвор, бараат семејни посети и слободни викенди appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски потврди дека Косово бара екстрадиција на дел од терористите од „Диво Насеље“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-potvrdi-deka-kosovo-bara-ekstradicija-na-del-od-teroristite-od-divo-naselje/ Tue, 10 May 2022 10:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=500364

Доколку се утврди дека осудени лица за настаните во Диво Насеље, кои штрајкуваат со глад не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Коментирајќи го овој случај министерот Тупанчевски, нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања.

– Директорот втор пат стапи во контакт со осудените лица и мислам дека работите се одвиваат во позитивна насока, да ги добијат сите права и погодности кои им следуваат по закон. Не сакаме да имаме селективен пристап и не сакаме да правиме парабола со некои други осудени лица. Секое осудено лице преставува „приказна за себе” треба да се има индивидуален пристап, доколку се утврди дека не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, рече Тупачевски.

Воедно, тој наведе дека заради природата на кривичното дело се работи за комплексна проблематика, и дека се во постојана комуникација и со други институции кои прават проверка од безбедносен карактер.

– Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции, рече Тупачевски и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за ектрадиција на дел од осудениците.

– Министерството за правда постапува, не е донесена одлука во таа насока, се работи за процес, правна ситуација каде треба да бидат анализирани повеќе фактори и Министерството за правда да ја донесе адекватната одлука, изјави Тупачевски.

The post Тупанчевски потврди дека Косово бара екстрадиција на дел од терористите од „Диво Насеље“ appeared first on Република.

Терористите во живо од затвор: И од тука ќе ја бранам УЧК и идеалот за обединување на албанските територии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/teroristite-vo-zivo-od-zatvor-i-od-tuka-kje-ja-branam-uchk-i-idealot-za-obedinuvanje-na-albanskite-teritorii/ Tue, 10 May 2022 06:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=500167

Припадниците на Кумановската група, обвинети и осудени за тероризам поради настаните на 9 и 10 мај 2015 година, и понатаму се чувствуваат за тоа што го направија. Во директна врска од затворот за емисијата „Фронтал“ на ТВ 7 двајца од припадниците на оваа група рекоа дека „не завршил нивниот стремеж за националното обединување“, пренесува информативниот портал „Економија онлајн“ од Приштина, Косово во текстот насловен „Припадниците на Кумановската група: Не се покајавме, нашиот идеал ќе биде секогаш националното обединување“.

На 7-годишнината од она што тие го нарекуваат „битка за Куманово“, еден од двајцата осуденици рече дека „не се покајал“.

Никогаш во животот нема да зажалиме. Нашиот идеал е и ќе остане обединувањето на албанските територии. Ми рекоа дека никогаш нема да излезам од затворот, но јас ќе ја бранам УЧК и од затворот, вели тој.

Инаку, „припадниците на Кумановската група“ се членовите на вооружената група упаднати од Косово, кои во мај 2015 година во кумановската населба Диво насеље учествуваа во дводневниот жесток оружен судир со припадниците на специјалните полициски единици и на кои подоцна им беше судено поради „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“ на Република Македонија.

The post Терористите во живо од затвор: И од тука ќе ја бранам УЧК и идеалот за обединување на албанските територии appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Кумановската група, обвинети и осудени за тероризам поради настаните на 9 и 10 мај 2015 година, и понатаму се чувствуваат за тоа што го направија. Во директна врска од затворот за емисијата „Фронтал“ на ТВ 7 двајца од припадниците на оваа група рекоа дека „не завршил нивниот стремеж за националното обединување“, пренесува информативниот портал „Економија онлајн“ од Приштина, Косово во текстот насловен „Припадниците на Кумановската група: Не се покајавме, нашиот идеал ќе биде секогаш националното обединување“. На 7-годишнината од она што тие го нарекуваат „битка за Куманово“, еден од двајцата осуденици рече дека „не се покајал“.
Никогаш во животот нема да зажалиме. Нашиот идеал е и ќе остане обединувањето на албанските територии. Ми рекоа дека никогаш нема да излезам од затворот, но јас ќе ја бранам УЧК и од затворот, вели тој.
Инаку, „припадниците на Кумановската група“ се членовите на вооружената група упаднати од Косово, кои во мај 2015 година во кумановската населба Диво насеље учествуваа во дводневниот жесток оружен судир со припадниците на специјалните полициски единици и на кои подоцна им беше судено поради „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“ на Република Македонија.

The post Терористите во живо од затвор: И од тука ќе ја бранам УЧК и идеалот за обединување на албанските територии appeared first on Република.

]]>
Пред 7 години нè пробудија рафали, почна терористичкиот напад во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pred-7-godini-ne-probudija-rafali-pochna-teroristichkiot-napad-vo-kumanovo/ Mon, 09 May 2022 13:48:14 +0000 https://republika.mk/?p=499990

Денеска се навршуваат седум години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Тоа утро на 9 мај 2015 година, никој од кумановци нема да го заборави, секој со својата приказна. Пукотниците се слушаа од раните утрински часови, во тој дел од Куманово се гледаше густ црн чад. Дел од „Трета МУБ“ целосно беше затворен за сообраќај. Жителите кои живеат накај „Тоде Мендол“ раскажуваа дека почнала војна. Хеликоптери го надлетуваа Куманово, работници не можеа да отидат на работни места. Градот занеме. Овој трагичен настан во кој животите ги загубија осум припадници на македонските безбедносни сили ги длабоко ги вознемири кумановци. Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Престрелките со различен интензитет траеја 28 часа.

Во оружената престрелка животот го загубија 8 припадници на полициските сили,   Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

Беа убиени и 10 припадници на вооружената терористичка група.

Два дена градот живееше во неизвесност и страв. Исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци.

За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.

На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Пресудите подоцна ги потврди и Апелацискиот суд во Скопје.

The post Пред 7 години нè пробудија рафали, почна терористичкиот напад во Куманово appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат седум години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Тоа утро на 9 мај 2015 година, никој од кумановци нема да го заборави, секој со својата приказна. Пукотниците се слушаа од раните утрински часови, во тој дел од Куманово се гледаше густ црн чад. Дел од „Трета МУБ“ целосно беше затворен за сообраќај. Жителите кои живеат накај „Тоде Мендол“ раскажуваа дека почнала војна. Хеликоптери го надлетуваа Куманово, работници не можеа да отидат на работни места. Градот занеме. Овој трагичен настан во кој животите ги загубија осум припадници на македонските безбедносни сили ги длабоко ги вознемири кумановци. Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Престрелките со различен интензитет траеја 28 часа. Во оружената престрелка животот го загубија 8 припадници на полициските сили,   Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Беа убиени и 10 припадници на вооружената терористичка група. Два дена градот живееше во неизвесност и страв. Исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци. За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37. Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. Пресудите подоцна ги потврди и Апелацискиот суд во Скопје.

The post Пред 7 години нè пробудија рафали, почна терористичкиот напад во Куманово appeared first on Република.

]]>
За терористите правда ќе се бара во Стразбур откако Врховен одлучи да нема ново судење за „Диво насеље“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-teroristite-pravda-kje-se-bara-vo-strazbur-otkako-vrhoven-odluchi-da-nema-novo-sudenje-za-divo-naselje/ Tue, 04 Jan 2022 21:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=440673

Врховниот суд ја потврди пресудата за членовите на т.н. Кумановска група во случајот „Диво Насеље“. Според одбраната, одлуката да не се повтори судењето за случајот е флагрантно прекршување на законот, бидејќи не биле земени предвид нивните докази.

Адвокатот Насер Рауфи смета дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур.

Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици, рече адвокатот Рауфи.

Основниот суд Скопје на 02.11.2017 ги осуди членовите на Кумановската група обвинети за тероризам на вкупно 746 години затвор за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово.

Вкупно 37 лица се обвинети за тероризам, од кои 7 се осудени на доживотен затвор.

The post За терористите правда ќе се бара во Стразбур откако Врховен одлучи да нема ново судење за „Диво насеље“ appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд ја потврди пресудата за членовите на т.н. Кумановска група во случајот „Диво Насеље“. Според одбраната, одлуката да не се повтори судењето за случајот е флагрантно прекршување на законот, бидејќи не биле земени предвид нивните докази. Адвокатот Насер Рауфи смета дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур.
Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици, рече адвокатот Рауфи.
Основниот суд Скопје на 02.11.2017 ги осуди членовите на Кумановската група обвинети за тероризам на вкупно 746 години затвор за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово. Вкупно 37 лица се обвинети за тероризам, од кои 7 се осудени на доживотен затвор.

The post За терористите правда ќе се бара во Стразбур откако Врховен одлучи да нема ново судење за „Диво насеље“ appeared first on Република.

]]>