Диво месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divo-meso/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 09:21:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Диво месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divo-meso/ 32 32 Духот на Горан Стефановски во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/duhot-na-goran-stefanovski-vo-tirana/ Sun, 05 May 2024 09:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=774429

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.

Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите актери, кои на крајот, беа наградени со огромен и долг аплауз, соопштија од Културно - информативниот центар.

Директорот на КИЦ Златко Ориѓански, потсетува дека текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, е напишан и изведен далечната 1979 година.

За својата драма Горан Стефановски ќе каже: „Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.

По претставата, нашите актери, заедно со своите колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно Информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски, посочува Ориѓански.

Културно - информативниот центар во Тирана на 10 и 12 мај, продолжува со својте активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР од Скопје.

The post Духот на Горан Стефановски во Тирана appeared first on Република.

]]>

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.
Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите актери, кои на крајот, беа наградени со огромен и долг аплауз, соопштија од Културно - информативниот центар.
Директорот на КИЦ Златко Ориѓански, потсетува дека текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, е напишан и изведен далечната 1979 година. За својата драма Горан Стефановски ќе каже: „Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.
По претставата, нашите актери, заедно со своите колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно Информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски, посочува Ориѓански.
Културно - информативниот центар во Тирана на 10 и 12 мај, продолжува со својте активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР од Скопје.

The post Духот на Горан Стефановски во Тирана appeared first on Република.

]]>
На Онкологија свесно бил создаван хаос за да се прават манипулации со скапата терапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-onkologija-svesno-bil-sozdavan-haos-za-da-se-pravat-manipulatsii-so-skapata-terapija/ Thu, 23 Nov 2023 07:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=715329

Скандалот Диво месо на Клиниката за онкологија на виделина ја извади целата канцер мафија која печалела на грбот на најтешко болните во Македонија.
На Онкологија владеело хаос. Свесно било дозволено да нема ниту софтверски КАТО систем, ниту протоколи, ниту писмена евиденција, се со цел да се случуваат манипулации со скапата терапија. Скапата терапија без усул била набавувана од омилената веледрогерија на власта, без консултации со Фондот за здравство, со што бил трупан огромен долг на клиниката кон добавувачот. Во исто време иако биле потрошени тешки милиони, пациентите се соочувале со недостаток на лекови, терапија и термини за лекување - стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

Оттаму додаваат дека според сведоштвата на пациенти и медиуми скапите лекови платени со народни пари „исчезнувале“ и завршувале на црниот пазар во државата и странство, а на најтешко болните им бил даван само физиолошки раствор.

Овој грозоморен криминал за кој се зборува две години веќе, обвинителството нема абер да го расчисти. Јовески и Абази, ставени во скутот на власта, од петни жили се обидуваат да го развлечат случајот, да го релативизираат, гневот да го насочат кон сите здравствени работници, а не кон вистинските одговорни и на крај да го прогласат „кабелот за виновен“.

Ваков криминал не било возможно да се случува без знаење и одобрување од страна на раководните структури на институциите и власта. Тоа е причината поради која обвинителството молчи веќе два месеци откако отпочна предистрага која никако да премине во истрага, а уште помалку обвиненија.

Но многу скоро ќе се промени власта и ќе се спроведе темелна и целосна истрага која одговорните ќе ги донесе пред лицето на правдата, но и оние кое ова го дозволувале и го прикривале - велат од ВМРО-ДМНЕ

The post На Онкологија свесно бил создаван хаос за да се прават манипулации со скапата терапија appeared first on Република.

]]>

Скандалот Диво месо на Клиниката за онкологија на виделина ја извади целата канцер мафија која печалела на грбот на најтешко болните во Македонија. На Онкологија владеело хаос. Свесно било дозволено да нема ниту софтверски КАТО систем, ниту протоколи, ниту писмена евиденција, се со цел да се случуваат манипулации со скапата терапија. Скапата терапија без усул била набавувана од омилената веледрогерија на власта, без консултации со Фондот за здравство, со што бил трупан огромен долг на клиниката кон добавувачот. Во исто време иако биле потрошени тешки милиони, пациентите се соочувале со недостаток на лекови, терапија и термини за лекување - стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите. Оттаму додаваат дека според сведоштвата на пациенти и медиуми скапите лекови платени со народни пари „исчезнувале“ и завршувале на црниот пазар во државата и странство, а на најтешко болните им бил даван само физиолошки раствор.
Овој грозоморен криминал за кој се зборува две години веќе, обвинителството нема абер да го расчисти. Јовески и Абази, ставени во скутот на власта, од петни жили се обидуваат да го развлечат случајот, да го релативизираат, гневот да го насочат кон сите здравствени работници, а не кон вистинските одговорни и на крај да го прогласат „кабелот за виновен“. Ваков криминал не било возможно да се случува без знаење и одобрување од страна на раководните структури на институциите и власта. Тоа е причината поради која обвинителството молчи веќе два месеци откако отпочна предистрага која никако да премине во истрага, а уште помалку обвиненија. Но многу скоро ќе се промени власта и ќе се спроведе темелна и целосна истрага која одговорните ќе ги донесе пред лицето на правдата, но и оние кое ова го дозволувале и го прикривале - велат од ВМРО-ДМНЕ

The post На Онкологија свесно бил создаван хаос за да се прават манипулации со скапата терапија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го забошотува скандалот „Диво месо“ на Онкологија – сакаат да се фрла дамка по сите во здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-obvinitelstvoto-go-zaboshotuva-skandalot-divo-meso-na-onkologija-sakaat-da-se-frla-damka-po-site-vo-zdravstvo/ Sat, 18 Nov 2023 08:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=702762

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Обвинителството се обидува да го забошоти скандалот со Онкологија.

Како што велат, и по два месеца нема никаква реакција, нема информација, не се отвора истрага, а камо ли пак да се покрене обвинение.

Во јавноста и медиумите, но и на анкетната комисија во Собранието на виделина излегоа грозоморни податоци дека на Онкологија бил создаван вештачки недостаток на лекови, дека се набавувало на ангро скапа терапија од омилената владина веледрогерија, дека лековите биле изнесувани без протокол и без евиденција, дека дел од терапијата завршувал на црниот пазар, дека не се користил софтвер и Като систем кој ќе водел контрола на трошењето на скапата терапија, дека пациентите не биле соодветно третирани, немало термини и уште десетици други застрашувачки податоци.

 

Овој скандал „Диво Месо“ на виделина ја извади целата канцер мафија која на грбот на најтешко болните се богатела.

 

И сега наместо да излезе Обвинителство со конкретни имиња кои се виновници, тие молчат и се обидуваат да фрлат дамка на сите за да ги спасат вистинските одговорни.

 

Тоа не е ништо друго туку нова операција „кабелот е крив“. Ако оваа власт нема волја да ги разоткрие криминалите на клиниката на Онкологија, ако нема интерес овој врв на обвинителството да го разреши скандалот, за многу скоро ќе има промена на власта, по што ќе следи сериозна истрага и одговорност.

 

Одговорност ќе има и за канцер мафијата, но и за сите оние кое ова го дозволувале и го прикривале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го забошотува скандалот „Диво месо“ на Онкологија – сакаат да се фрла дамка по сите во здравство appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Обвинителството се обидува да го забошоти скандалот со Онкологија. Како што велат, и по два месеца нема никаква реакција, нема информација, не се отвора истрага, а камо ли пак да се покрене обвинение.
Во јавноста и медиумите, но и на анкетната комисија во Собранието на виделина излегоа грозоморни податоци дека на Онкологија бил создаван вештачки недостаток на лекови, дека се набавувало на ангро скапа терапија од омилената владина веледрогерија, дека лековите биле изнесувани без протокол и без евиденција, дека дел од терапијата завршувал на црниот пазар, дека не се користил софтвер и Като систем кој ќе водел контрола на трошењето на скапата терапија, дека пациентите не биле соодветно третирани, немало термини и уште десетици други застрашувачки податоци.   Овој скандал „Диво Месо“ на виделина ја извади целата канцер мафија која на грбот на најтешко болните се богатела.   И сега наместо да излезе Обвинителство со конкретни имиња кои се виновници, тие молчат и се обидуваат да фрлат дамка на сите за да ги спасат вистинските одговорни.   Тоа не е ништо друго туку нова операција „кабелот е крив“. Ако оваа власт нема волја да ги разоткрие криминалите на клиниката на Онкологија, ако нема интерес овој врв на обвинителството да го разреши скандалот, за многу скоро ќе има промена на власта, по што ќе следи сериозна истрага и одговорност.   Одговорност ќе има и за канцер мафијата, но и за сите оние кое ова го дозволувале и го прикривале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го забошотува скандалот „Диво месо“ на Онкологија – сакаат да се фрла дамка по сите во здравство appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски во Албанскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-divo-meso-vo-rezhija-na-martin-kochovski-vo-albanskiot-teatar/ Wed, 08 Nov 2023 07:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=699360

Вечерва во Алабанскиот театар во Скопје (20 часот) премиерно ќе биде изведена претставата „Диво месо“, по култниот текст на Горан Стефановски и во режија на Мартин Кочовски.

„Диво месо’ е кратка историја на подемот и падот на индивидуата од почетокот на минатиот век до денес, со субјективна визија за судбината на индивидуата во блиска иднина. Горан Стефановски ни обезбедува простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното ‘наше’, човечко постоење и делување и со забележителен успех нѐ потсеќа дека човекот и никој друг е во центарот на светот и нештото. Сега кога конечно е завршено со постмодерната уметност и со ‘третата модерна’, а неокласицизмот се бори за здив, се издига новата ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност неизбежно е да се бавиме со ‘Диво месо’“, вели режисерот Кочовски.

Играат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етеми, Ментор Курти и Арбен Расими.

Сценографијата е на Енес Деари, костимите на Едлира Ќушка, а музиката – на Оливер Јосифовски.

The post Премиера на „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски во Албанскиот театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Алабанскиот театар во Скопје (20 часот) премиерно ќе биде изведена претставата „Диво месо“, по култниот текст на Горан Стефановски и во режија на Мартин Кочовски.
„Диво месо’ е кратка историја на подемот и падот на индивидуата од почетокот на минатиот век до денес, со субјективна визија за судбината на индивидуата во блиска иднина. Горан Стефановски ни обезбедува простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното ‘наше’, човечко постоење и делување и со забележителен успех нѐ потсеќа дека човекот и никој друг е во центарот на светот и нештото. Сега кога конечно е завршено со постмодерната уметност и со ‘третата модерна’, а неокласицизмот се бори за здив, се издига новата ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност неизбежно е да се бавиме со ‘Диво месо’“, вели режисерот Кочовски.
Играат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Дритеро Аме, Џевдет Јашари, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Генци Мирзо, Хетем Етеми, Ментор Курти и Арбен Расими. Сценографијата е на Енес Деари, костимите на Едлира Ќушка, а музиката – на Оливер Јосифовски.

The post Премиера на „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски во Албанскиот театар appeared first on Република.

]]>
Со неказнивост за канцер-мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-nekaznivost-za-kantser-mafijata-vlasta-potvrduva-deka-e-tselosno-korumpirana/ Sun, 05 Nov 2023 08:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=698329

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека со неказнивостa за канцер-мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана.

Од партијата обвинуваат дека наместо да има одговорност, канцер-мафијата продолжува да си поигрува со животите на луѓето.

Според информациите кои ги имаме злоупотребите се поголеми, власта распишува милионски набавки за снабдување од омилените веледрогерии, кои доцнеле со испораки, и никој од надлежните не реагирал, молчеле и директорот на Онкологија и министерот. Зошто? За да не стават негативни референци за учество на тендер на омилената веледрогерија на власта.

 

Дополнително нема никаков писмен траг, интерна книга во која се води колку единици од определен лек се аплицирани, на колку пациенти. Ова е така со години, бидејќи нема никаква контрола, а токму на овој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Имаме информации дека им се дава терапија на пациенти да ја изнесуваат надвор од клиниката, а нема информации дали истите ја примиле или не.

 

Канцер мафијата бездушно профитирала на животите на голем број на луѓе. Одговорност мора да има, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Со неказнивост за канцер-мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека со неказнивостa за канцер-мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана. Од партијата обвинуваат дека наместо да има одговорност, канцер-мафијата продолжува да си поигрува со животите на луѓето.
Според информациите кои ги имаме злоупотребите се поголеми, власта распишува милионски набавки за снабдување од омилените веледрогерии, кои доцнеле со испораки, и никој од надлежните не реагирал, молчеле и директорот на Онкологија и министерот. Зошто? За да не стават негативни референци за учество на тендер на омилената веледрогерија на власта.   Дополнително нема никаков писмен траг, интерна книга во која се води колку единици од определен лек се аплицирани, на колку пациенти. Ова е така со години, бидејќи нема никаква контрола, а токму на овој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Имаме информации дека им се дава терапија на пациенти да ја изнесуваат надвор од клиниката, а нема информации дали истите ја примиле или не.   Канцер мафијата бездушно профитирала на животите на голем број на луѓе. Одговорност мора да има, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post Со неказнивост за канцер-мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер-мафија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-aferata-divo-meso-na-onkologija-pokazhuva-postoene-na-kantser-mafija/ Sat, 04 Nov 2023 08:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=698038

Скандалот на Клиниката за онкологија само кажува дека со Владата на СДС и ДУИ, криминалот и корупцијата се во сите пори на општеството, а најмногу доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Едноставно е, аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер мафија која работи и денес затоа што нема институција која реагира, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека документите доставени до ВМРО-ДПМНЕ отвораат сомнеж дека има и други слични проблеми на Клиниката за онкологија или евидентно е, како што велат, дека канцер-мафијата оперира континуирано.

Зошто се сомневаме дека има простор за уште неправилности кои не и се познати на јавноста? Прво, затоа што на ниту еден начин никој од надлежните на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Министерството за здравство, па и целата Влада не реагираат по укажувања на Државната ревизија. Второ, Извештајот покажува дека добавувачите доцнеле со достава на лекови, а никој не реагирал до надлежните. Трето, нема никаков писмен траг, интерна книга во која се води колку единици од определен лек се аплицирани, на колку пациенти. Ова е така со години, бидејќи нема никаква контрола, а токму на овој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани.

 

Канцер мафијата заработува на грбот на граѓаните, а се уште има само предистрага, нема официјален обвинителен акт. Запрепастувачки е криминалот и бездушноста на оваа Влада на СДС и ДУИ.

 

Оваа канцер мафија мора да биде победена и мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ по преземање на власт детално ќе го испита случајот во кој некои лица се богатат на грбот на граѓаните и им ја земаат последната надеж, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер-мафија appeared first on Република.

]]>

Скандалот на Клиниката за онкологија само кажува дека со Владата на СДС и ДУИ, криминалот и корупцијата се во сите пори на општеството, а најмногу доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Едноставно е, аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер мафија која работи и денес затоа што нема институција која реагира, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека документите доставени до ВМРО-ДПМНЕ отвораат сомнеж дека има и други слични проблеми на Клиниката за онкологија или евидентно е, како што велат, дека канцер-мафијата оперира континуирано.
Зошто се сомневаме дека има простор за уште неправилности кои не и се познати на јавноста? Прво, затоа што на ниту еден начин никој од надлежните на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Министерството за здравство, па и целата Влада не реагираат по укажувања на Државната ревизија. Второ, Извештајот покажува дека добавувачите доцнеле со достава на лекови, а никој не реагирал до надлежните. Трето, нема никаков писмен траг, интерна книга во која се води колку единици од определен лек се аплицирани, на колку пациенти. Ова е така со години, бидејќи нема никаква контрола, а токму на овој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани.   Канцер мафијата заработува на грбот на граѓаните, а се уште има само предистрага, нема официјален обвинителен акт. Запрепастувачки е криминалот и бездушноста на оваа Влада на СДС и ДУИ.   Оваа канцер мафија мора да биде победена и мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ по преземање на власт детално ќе го испита случајот во кој некои лица се богатат на грбот на граѓаните и им ја земаат последната надеж, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер-мафија appeared first on Република.

]]>
Београдско драмско позориште вечерва со „Диво месо“ во Драмски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/beogradsko-dramsko-pozorishte-vecherva-so-divo-meso-vo-dramski/ Sat, 15 Oct 2022 09:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=561398

Београдското драмско позориште вечерва со почеток во 20 часот ќе ја изведе „Диво месо“, во Драмски театар во Скопје.

„Диво месо“ е по текст на Горан Стефановски, а претставата ќе биде во режија на Јагош Марковиќ. Настапот на театарот е дел од фестивалот на Регионалната унија на театри Група Триглав, во која членуваат и Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче од Љубљана и Градско позориште од Подгорица.

Улогите во „Диво месо“ ги играат Јово Максиќ, Сандра Бугарски, Лука Грбиќ, Марко Тодоровиќ, Александар Вучковиќ, Андријана Ѓорѓевиќ, Љубинка Клариќ, Вања Ненадиќ, Павле Пекиќ, Стефан Радоњиќ, Милан Чучиловиќ, Јана Милосављевиќ и Александар Јовановиќ

Македонскиот режисер Александар Поповски ќе се претстави со „Хероини“, според Овидиј, а во изведба на Месно гледалишче од Љубљана. Таа се игра утревечер од 20 часот.

Билетите се распродадени за двете претстави.

The post Београдско драмско позориште вечерва со „Диво месо“ во Драмски appeared first on Република.

]]>

Београдското драмско позориште вечерва со почеток во 20 часот ќе ја изведе „Диво месо“, во Драмски театар во Скопје. „Диво месо“ е по текст на Горан Стефановски, а претставата ќе биде во режија на Јагош Марковиќ. Настапот на театарот е дел од фестивалот на Регионалната унија на театри Група Триглав, во која членуваат и Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче од Љубљана и Градско позориште од Подгорица. Улогите во „Диво месо“ ги играат Јово Максиќ, Сандра Бугарски, Лука Грбиќ, Марко Тодоровиќ, Александар Вучковиќ, Андријана Ѓорѓевиќ, Љубинка Клариќ, Вања Ненадиќ, Павле Пекиќ, Стефан Радоњиќ, Милан Чучиловиќ, Јана Милосављевиќ и Александар Јовановиќ Македонскиот режисер Александар Поповски ќе се претстави со „Хероини“, според Овидиј, а во изведба на Месно гледалишче од Љубљана. Таа се игра утревечер од 20 часот. Билетите се распродадени за двете претстави.

The post Београдско драмско позориште вечерва со „Диво месо“ во Драмски appeared first on Република.

]]>