диви тркачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divi-trkachi/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 13:27:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png диви тркачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divi-trkachi/ 32 32 4,5 години затвор за вториот див тркач за несреќата во која на место загинаа сопружници од Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/4-5-godini-zatvor-za-vtoriot-div-trkach-za-nesrekata-vo-koja-na-mesto-zaginaa-sopruzhnitsi-od-shtip/ Wed, 19 Jul 2023 13:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=663187

Второобвинетиот во тешката сообраќајна несреќа во која лани загинаа двајца сопружници доби затворска казна од четири и пол години. Несреќата се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ штипската населба „Балканска“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/edniot-osuden-dobi-pet-godini-zatvor-se-cheka-vtora-presuda-za-teshkata-soobrakajka-vo-koja-zaginaa-shtipski-sopruzhnitsi/

Судијата кривичар во штипскиот Основен суд, Ацо Тасев денеска ја објави пресудата, со којашто второобвинетиот е огласен за виновен. Пресудата е донесена по основ на целата доказна постапка која заврши на судењето во понеделникот, кога беа искажани и завршните зборови против обвинетите. За второобвинетиот одлуката за затворска казна е донесена врз основа на супервештачењето во кое се вели дека обвинетиот има придонес во сообраќајната несреќа со смртни последици на две лица кои се сопружници.

Второобвинетиот не призна вина, а за првообвинетиот претходно беше донесена пресуда со казна затвор од пет години, за која олеснителна околност беше признавањето вина.

Според супервештачењето, возилата на обвинетите се движеле со брзина од 130 километри на час. Инаку, сообраќајната несреќа се случи на 31 мај 2022 година меѓу возила „југо“ и „опел астра“, а на лице место починаа две лица. Според Основното јавно обвинителство, кое издаде Наредба за спроведување истражна постапка, двајцата обвинети ја предизвикаа сообраќајната несреќа со тоа што со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден позади друг. Доближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил.

The post 4,5 години затвор за вториот див тркач за несреќата во која на место загинаа сопружници од Штип appeared first on Република.

]]>

Второобвинетиот во тешката сообраќајна несреќа во која лани загинаа двајца сопружници доби затворска казна од четири и пол години. Несреќата се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ штипската населба „Балканска“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/edniot-osuden-dobi-pet-godini-zatvor-se-cheka-vtora-presuda-za-teshkata-soobrakajka-vo-koja-zaginaa-shtipski-sopruzhnitsi/ Судијата кривичар во штипскиот Основен суд, Ацо Тасев денеска ја објави пресудата, со којашто второобвинетиот е огласен за виновен. Пресудата е донесена по основ на целата доказна постапка која заврши на судењето во понеделникот, кога беа искажани и завршните зборови против обвинетите. За второобвинетиот одлуката за затворска казна е донесена врз основа на супервештачењето во кое се вели дека обвинетиот има придонес во сообраќајната несреќа со смртни последици на две лица кои се сопружници. Второобвинетиот не призна вина, а за првообвинетиот претходно беше донесена пресуда со казна затвор од пет години, за која олеснителна околност беше признавањето вина. Според супервештачењето, возилата на обвинетите се движеле со брзина од 130 километри на час. Инаку, сообраќајната несреќа се случи на 31 мај 2022 година меѓу возила „југо“ и „опел астра“, а на лице место починаа две лица. Според Основното јавно обвинителство, кое издаде Наредба за спроведување истражна постапка, двајцата обвинети ја предизвикаа сообраќајната несреќа со тоа што со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден позади друг. Доближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил.

The post 4,5 години затвор за вториот див тркач за несреќата во која на место загинаа сопружници од Штип appeared first on Република.

]]>
Едниот осуден доби пет години затвор, се чека втора пресуда за тешката сообраќајка во која загинаа штипски сопружници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/edniot-osuden-dobi-pet-godini-zatvor-se-cheka-vtora-presuda-za-teshkata-soobrakajka-vo-koja-zaginaa-shtipski-sopruzhnitsi/ Mon, 17 Jul 2023 16:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=662407

Во штипскиот Основен суд заврши доказната постапка, но и завршните зборови против еден од обвинетите за сообраќајната несреќа, што се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ населбата Балканска, а животот го загубија брачна двојка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/divi-trkachi-im-presudija-na-sopruznicite-koi-so-nivnoto-jugo-zaginaa-vo-shtip/

За несреќата беа обвинети две лица, едното од нив ја има признато вината и за него е донесена пресуда со казна затвор од пет години.

На денешното рочишто исказ дададе обвинетиот кој не признал вина за учеството во несреќата. Судијата кривичар во Основниот суд во Штип, Ацо Тасев најави дека деновиве ќе биде донесена пресудата за обвинетиот.

Инаку, несреќата се случи на 31 мај меѓу возила „југо“ и „опел астра“, на лице место загинаа две лица. МИА тогаш информираше дека во „југото“ на лице место од силниот удар починале возачот 68 годишниот Г.П и 62 годишната сопатничка Ј.П. Од Основното јавно обвинителство- Штип тогаш беше донесена Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен – автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден позади друг. Доближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил. Како резултат на сударот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници, известија ОЈО-Штип.

The post Едниот осуден доби пет години затвор, се чека втора пресуда за тешката сообраќајка во која загинаа штипски сопружници appeared first on Република.

]]>

Во штипскиот Основен суд заврши доказната постапка, но и завршните зборови против еден од обвинетите за сообраќајната несреќа, што се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ населбата Балканска, а животот го загубија брачна двојка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/divi-trkachi-im-presudija-na-sopruznicite-koi-so-nivnoto-jugo-zaginaa-vo-shtip/ За несреќата беа обвинети две лица, едното од нив ја има признато вината и за него е донесена пресуда со казна затвор од пет години. На денешното рочишто исказ дададе обвинетиот кој не признал вина за учеството во несреќата. Судијата кривичар во Основниот суд во Штип, Ацо Тасев најави дека деновиве ќе биде донесена пресудата за обвинетиот. Инаку, несреќата се случи на 31 мај меѓу возила „југо“ и „опел астра“, на лице место загинаа две лица. МИА тогаш информираше дека во „југото“ на лице место од силниот удар починале возачот 68 годишниот Г.П и 62 годишната сопатничка Ј.П. Од Основното јавно обвинителство- Штип тогаш беше донесена Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен – автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден позади друг. Доближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил. Како резултат на сударот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници, известија ОЈО-Штип.

The post Едниот осуден доби пет години затвор, се чека втора пресуда за тешката сообраќајка во која загинаа штипски сопружници appeared first on Република.

]]>
Фатени 15 возила кои се подготвувале за диви трки на автопатот Тетово-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-15-vozila-koi-se-podgotvuvale-za-divi-trki-na-avtopatot-tetovo-skopje/ Thu, 21 Jul 2022 15:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=531891

Петнаесет возила со македонски и странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, бидејќи вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи.

Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

The post Фатени 15 возила кои се подготвувале за диви трки на автопатот Тетово-Скопје appeared first on Република.

]]>

Петнаесет возила со македонски и странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, бидејќи вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи. Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

The post Фатени 15 возила кои се подготвувале за диви трки на автопатот Тетово-Скопје appeared first on Република.

]]>
Диви тркачи им пресудија на сопружниците кои со нивното „југо“ загинаа во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/divi-trkachi-im-presudija-na-sopruznicite-koi-so-nivnoto-jugo-zaginaa-vo-shtip/ Thu, 02 Jun 2022 13:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=510241

Штипското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/brachen-par-zagina-vo-teshka-soobrakjajka-vo-shtip/

Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден зад друг. Приближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил, соопшти ЈО.

Како резултат на судирот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Диви тркачи им пресудија на сопружниците кои со нивното „југо“ загинаа во Штип appeared first on Република.

]]>

Штипското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/brachen-par-zagina-vo-teshka-soobrakjajka-vo-shtip/ Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден зад друг. Приближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил, соопшти ЈО. Како резултат на судирот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Диви тркачи им пресудија на сопружниците кои со нивното „југо“ загинаа во Штип appeared first on Република.

]]>