диви кампери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divi-kamperi/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 16:17:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png диви кампери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/divi-kamperi/ 32 32 Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zabranite-i-kaznite-ne-pomagaat-divi-kamperi-pak-postavija-shatori-kaj-avtokampot-lubanishta/ Thu, 27 Jul 2023 16:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=665980

Без оглед на забраната за поставување опрема за кампување на недозволени места, диви кампери повторно го запоседнаа просторот во близина на автокампот „Љубаништа“.

Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места.

Пред само неколку дена, надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата кај локалитетот наречен „Рајце“ и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на тоа место.

Тогаш на лице место беа затекнати дваесетина диви кампери, како и неколку несоодветно направени септички јами.

Сега повторно во неспоредна близина се поставени шатори.

Локалитетот наречен „Рајце“ што се граничи со атарот на Националниот парк е предвиден како слободен простор, без соодветни услови за кампување односно нема тоалети и контејнери за отпад, така што покрај узурпирањето на просторот, се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро.

Години наназад тој простор непосредно до Автокампот „Љубаништа“ кон Свети Наум се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот.

The post Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ appeared first on Република.

]]>

Без оглед на забраната за поставување опрема за кампување на недозволени места, диви кампери повторно го запоседнаа просторот во близина на автокампот „Љубаништа“. Ниту забраната ниту мандатните казни ниту соодветните пријави како да не ги заплашуваат дивите кампери да поставуваат шатори на недозволени места. Пред само неколку дена, надлежните служби спроведоа акција за дислоцирање на дивите кампери од плажата кај локалитетот наречен „Рајце“ и оневозможување на повторно поставување опрема за кампување на тоа место. Тогаш на лице место беа затекнати дваесетина диви кампери, како и неколку несоодветно направени септички јами. Сега повторно во неспоредна близина се поставени шатори. Локалитетот наречен „Рајце“ што се граничи со атарот на Националниот парк е предвиден како слободен простор, без соодветни услови за кампување односно нема тоалети и контејнери за отпад, така што покрај узурпирањето на просторот, се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро. Години наназад тој простор непосредно до Автокампот „Љубаништа“ кон Свети Наум се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот.

The post Забраните и казните не помагаат: Диви кампери пак поставија шатори кај автокампот „Љубаништа“ appeared first on Република.

]]>