дива депонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diva-deponija/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 06:37:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дива депонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diva-deponija/ 32 32 Една третина од вчерашните пожари биле на диви депонии https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/edna-tretina-od-vcherashnite-pozhari-bile-na-divi-deponii/ Wed, 10 Jul 2024 06:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=795127

Еден пожар е активен утринава меѓу селата Отишино и Оризари во општина Велес каде гори ниска вегетација. Пожарникарите од Велес вчера интервенирале со три противпожарни возила и 11 пожарникари, а утринава, според информациите на Центарот за управување со кризи, ќе продолжат да дејствуваат.

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено од кои една третина биле на повик за гаснење депонии.

Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот. Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба, за што граѓаните коишто гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и освен што претставува опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина. ЦУК, покрај тоа што редовно ги известува надлежните служби и институции, апелира до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата, се наведува во утринската информација од ЦУК.

Вчера гореше дивата депонија „Вардариште“ поради што се ширеше остар и непријатен мирис во населбите кои гравитират во тој дел.

The post Една третина од вчерашните пожари биле на диви депонии appeared first on Република.

]]>

Еден пожар е активен утринава меѓу селата Отишино и Оризари во општина Велес каде гори ниска вегетација. Пожарникарите од Велес вчера интервенирале со три противпожарни возила и 11 пожарникари, а утринава, според информациите на Центарот за управување со кризи, ќе продолжат да дејствуваат. Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено од кои една третина биле на повик за гаснење депонии.
Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот. Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба, за што граѓаните коишто гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и освен што претставува опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина. ЦУК, покрај тоа што редовно ги известува надлежните служби и институции, апелира до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата, се наведува во утринската информација од ЦУК.
Вчера гореше дивата депонија „Вардариште“ поради што се ширеше остар и непријатен мирис во населбите кои гравитират во тој дел.

The post Една третина од вчерашните пожари биле на диви депонии appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот бесен: Повторно е исчистена дивата депонија на последна 4 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-besen-povtorno-e-ischistena-divata-deponija-na-posledna-4/ Thu, 25 Aug 2022 08:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=543883

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров информира дека повторно е исчистена дивата депонија на последна 4.

Реакциите за расфрланиот отпад се оправдани. Но не и неодговорноста на поединци, вели тој.

Ова е локација, која жителите на Ѓорче Петров често ја посочуваат поради нехигиена, е десетици пати чистена.

Но, по десетина дена, тука повторно е полно со отпад, од домашно ѓубре до кабаст отпад.

Со ова, не само што се оптоварува општината и комуналната служба, туку се гази по жителите. Тие секојдневно живеат во смрдеа и отпад. Катастрофа. Се повеќе се размислува во насока на формирање на страници на социјалните мрежи, каде секое лице кое ќе биде фатено и снимено како нелегално депонира отпад и ја загадува околината, со тоа, загрозува здравјето, јавно да биде објавено. Се прават консултации како тоа би се регулирало од правен аспект. До тогаш, би било добро секој од нас, секогаш кога ќе затече лице кое нелегално депонира отпад, да го сними, фотографира, да испрати податоци и да алармира, апелира градоначалникот.

The post Градоначалникот бесен: Повторно е исчистена дивата депонија на последна 4 appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров информира дека повторно е исчистена дивата депонија на последна 4.
Реакциите за расфрланиот отпад се оправдани. Но не и неодговорноста на поединци, вели тој.
Ова е локација, која жителите на Ѓорче Петров често ја посочуваат поради нехигиена, е десетици пати чистена. Но, по десетина дена, тука повторно е полно со отпад, од домашно ѓубре до кабаст отпад.
Со ова, не само што се оптоварува општината и комуналната служба, туку се гази по жителите. Тие секојдневно живеат во смрдеа и отпад. Катастрофа. Се повеќе се размислува во насока на формирање на страници на социјалните мрежи, каде секое лице кое ќе биде фатено и снимено како нелегално депонира отпад и ја загадува околината, со тоа, загрозува здравјето, јавно да биде објавено. Се прават консултации како тоа би се регулирало од правен аспект. До тогаш, би било добро секој од нас, секогаш кога ќе затече лице кое нелегално депонира отпад, да го сними, фотографира, да испрати податоци и да алармира, апелира градоначалникот.

The post Градоначалникот бесен: Повторно е исчистена дивата депонија на последна 4 appeared first on Република.

]]>
Расчистена долгодишна дива депонија и одложени над 20 кубни метри кабаст отпад во општина Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/raschistena-dolgodishna-diva-deponija-i-odlozeni-nad-20-kubni-metri-kabast-otpad-vo-opshtina-chair/ Thu, 21 Apr 2022 18:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=491950

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Чаир успешно ја спроведуваат работната пролетна акција на територија на оваа општина.

Во рамките на големата акција за генерално чистење на општината Чаир, ЈП „Комунална хигиена“ ја исчисти долгодишната дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј. Од оваа локација, отстранети се 10 кубни метри отпад.

Од почетокот на акцијата за чистење на општината Чаир, во специјалните садови што ЈП „Комунална хигиена“ ги постави на шест локации во оваа скопска општина беа одложени над 20 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ рачно и машински ги исчистија булеварите и улиците, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа ударните дупки на булеварите и улиците. На булеварот Христијан Тодоровски Карпош и на улиците Џон Кенеди и Цветан Димов санирани се ударни дупки со вкупна површина од 105 квадратни метри. На улицата Цветан Димов се санирани и уредени жардиниерите околу дрвјата, а со цел ослободување на дел од дрвјата направено е проширување со ископ на бекатонот и прередување.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршија контрола на сообраќајната сигнализација при што исправени се сообраќајните знаци на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а на крстосницата на улицата Џон Кенеди со улица Цветан Димов извршена е демонтажа на оштетен семафорски столб и монтиран е нов семафорски столб со возачка и пешачка латерна и истиот е пуштен во работа.

Во рамките на акцијата е извршена контрола и обиколка на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општината и заменети се оштетените делови на семафорите на 7 крстосници.

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ реализираа голем број активности за уредување на зеленилото на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Христијан Тодоровски Карпош, Македонско косовска бригада, како и на улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула. На овие улици и булевари се искосени тревните површини и уредени дрворедите, а беа собрани лисја, хартии и отпадоци. Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ искосија околу 100.000 квадратни метри тревна површина и собраа 10 полни камиони со отпадоци.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“, во рамките на работните активности од пролетната акција на булеварите Крсте Мисирков, Македонско косовска бригада, Крсте Мисирков, Никола Карев и на улицата Цветан Димов извршија контрола на 55 шахти, рачно се исчистени 29 шахти, 177 сливници, а извршено е и перење и на канализационите линии со цистерни вакуум и прочистување со цистерна притисок.

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Чаир пролетната акција ја спроведува од 18 април до 22 април на територијата на целата општина.

The post Расчистена долгодишна дива депонија и одложени над 20 кубни метри кабаст отпад во општина Чаир appeared first on Република.

]]>

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Чаир успешно ја спроведуваат работната пролетна акција на територија на оваа општина. Во рамките на големата акција за генерално чистење на општината Чаир, ЈП „Комунална хигиена“ ја исчисти долгодишната дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј. Од оваа локација, отстранети се 10 кубни метри отпад. Од почетокот на акцијата за чистење на општината Чаир, во специјалните садови што ЈП „Комунална хигиена“ ги постави на шест локации во оваа скопска општина беа одложени над 20 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ рачно и машински ги исчистија булеварите и улиците, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа ударните дупки на булеварите и улиците. На булеварот Христијан Тодоровски Карпош и на улиците Џон Кенеди и Цветан Димов санирани се ударни дупки со вкупна површина од 105 квадратни метри. На улицата Цветан Димов се санирани и уредени жардиниерите околу дрвјата, а со цел ослободување на дел од дрвјата направено е проширување со ископ на бекатонот и прередување. Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршија контрола на сообраќајната сигнализација при што исправени се сообраќајните знаци на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а на крстосницата на улицата Џон Кенеди со улица Цветан Димов извршена е демонтажа на оштетен семафорски столб и монтиран е нов семафорски столб со возачка и пешачка латерна и истиот е пуштен во работа. Во рамките на акцијата е извршена контрола и обиколка на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општината и заменети се оштетените делови на семафорите на 7 крстосници. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ реализираа голем број активности за уредување на зеленилото на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Христијан Тодоровски Карпош, Македонско косовска бригада, како и на улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула. На овие улици и булевари се искосени тревните површини и уредени дрворедите, а беа собрани лисја, хартии и отпадоци. Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ искосија околу 100.000 квадратни метри тревна површина и собраа 10 полни камиони со отпадоци. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“, во рамките на работните активности од пролетната акција на булеварите Крсте Мисирков, Македонско косовска бригада, Крсте Мисирков, Никола Карев и на улицата Цветан Димов извршија контрола на 55 шахти, рачно се исчистени 29 шахти, 177 сливници, а извршено е и перење и на канализационите линии со цистерни вакуум и прочистување со цистерна притисок. Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Чаир пролетната акција ја спроведува од 18 април до 22 април на територијата на целата општина.

The post Расчистена долгодишна дива депонија и одложени над 20 кубни метри кабаст отпад во општина Чаир appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Ѓорѓиевски чистеше дива депонија заедно со „Не биди ѓубре“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-gjorgjievski-chisteshe-diva-deponija-zaedno-so-ne-bidi-gjubre/ Sun, 20 Mar 2022 17:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=475744

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го предводеше тимот од Општина Кисела Вода, кој заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре” предводена од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ, волонтерскиот центар „Скопје” и други доброволци го расчистуваа потегот кај „Хемтекс” кај патот од Пинтија за Лисиче.

Во оваа еколошка акција, која симболично се случува на првиот ден на пролетта, учествуваа преку 70 лица. Сите работеа на собирање на огромната количина отпад која од оваа локација денес беше пренесена на депонијата во Дрисла.

Ова, до денес, место претворено во депонија, сега доби поубав лик, а во иднина ќе се потрудиме да го оплемениме со зеленило, дрвца, пешачка патека бидејќи е често посетувано место од нашите сограѓани. Со ваквата акција испраќаме и една силна порака, порака на разум и одговорност: Чистата животна средина значи и подобро здравје за сите нас и нашите деца. Затоа да ја чуваме, негуваме, да бидеме општествено одговорни и да поттикнеме и да ја подигнеме свеста и кај другите да го променат односот кон природата, порача градоначалникот Ѓорѓиевски, заблагодарувајќи им се на сите кои денес дадоа свој придонес во овој убав настан, посебно до здружението „Не биди ѓубре” кое преку своите активности влева надеж дека сето ова ќе се промени и со кое, како што истакна, договориле и други активности во насока на подобрување на чистотата на животната средина.

Од општината велат дека ваквите акции за расчистување на дивите депонии во Општина Кисела Вода се редовнии дека за овие четири месеци, од доаѓањето на градоначалникот Ѓорѓиевски, исчистени се триесетина огромни диви депонии и на нивно место, секаде каде што е можно, се градат паркови или нови паркинзи.

The post Градоначалникот Ѓорѓиевски чистеше дива депонија заедно со „Не биди ѓубре“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го предводеше тимот од Општина Кисела Вода, кој заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре” предводена од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ, волонтерскиот центар „Скопје” и други доброволци го расчистуваа потегот кај „Хемтекс” кај патот од Пинтија за Лисиче. Во оваа еколошка акција, која симболично се случува на првиот ден на пролетта, учествуваа преку 70 лица. Сите работеа на собирање на огромната количина отпад која од оваа локација денес беше пренесена на депонијата во Дрисла.
Ова, до денес, место претворено во депонија, сега доби поубав лик, а во иднина ќе се потрудиме да го оплемениме со зеленило, дрвца, пешачка патека бидејќи е често посетувано место од нашите сограѓани. Со ваквата акција испраќаме и една силна порака, порака на разум и одговорност: Чистата животна средина значи и подобро здравје за сите нас и нашите деца. Затоа да ја чуваме, негуваме, да бидеме општествено одговорни и да поттикнеме и да ја подигнеме свеста и кај другите да го променат односот кон природата, порача градоначалникот Ѓорѓиевски, заблагодарувајќи им се на сите кои денес дадоа свој придонес во овој убав настан, посебно до здружението „Не биди ѓубре” кое преку своите активности влева надеж дека сето ова ќе се промени и со кое, како што истакна, договориле и други активности во насока на подобрување на чистотата на животната средина.
Од општината велат дека ваквите акции за расчистување на дивите депонии во Општина Кисела Вода се редовнии дека за овие четири месеци, од доаѓањето на градоначалникот Ѓорѓиевски, исчистени се триесетина огромни диви депонии и на нивно место, секаде каде што е можно, се градат паркови или нови паркинзи.

The post Градоначалникот Ѓорѓиевски чистеше дива депонија заедно со „Не биди ѓубре“ appeared first on Република.

]]>
Исчистена дива депонија од две илјади квадратни метри во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ischistena-diva-deponija-od-dve-iljadi-kvadratni-metri-vo-gorno-lisiche-sobrani-250-kubni-metri-smet/ Sun, 23 Jan 2022 17:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=448399

На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација денеска успешно исчистија дива депонија по должината на кејот.

Како што посочи Град Скопје, станува збор за исчистена површина од две илјади квадратни метри, а биле собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут.

Градоначалничката Арсовска извршила надзор над работата, а биле истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија.

Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани, се вели во соопштението.

The post Исчистена дива депонија од две илјади квадратни метри во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет appeared first on Република.

]]>

На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација денеска успешно исчистија дива депонија по должината на кејот. Како што посочи Град Скопје, станува збор за исчистена површина од две илјади квадратни метри, а биле собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут. Градоначалничката Арсовска извршила надзор над работата, а биле истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија.