дискусија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskusija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 19:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дискусија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskusija/ 32 32 По Андреј Петров и Стефан Богоев со коментар: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-andrej-petrov-i-stefan-bogoev-so-komentar-pratenitsite-treba-da-znaat-deka-se-izbrani-od-narodot-za-vo-sobranie-da-argumentiraat-i-diskutiraat-a-ne-da-se-slikaat-i-da-molchat/ Tue, 28 May 2024 19:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=782584

Потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев попладнево на социјалните мрежи ја коментираше денешната седница во Собранието на која се верифицирани мандатите на пратениците, а на која Африм Гаши (коалиција ВРЕДИ) е избран за собраниски спикер.

Според Богоев, пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.

The post По Андреј Петров и Стефан Богоев со коментар: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев попладнево на социјалните мрежи ја коментираше денешната седница во Собранието на која се верифицирани мандатите на пратениците, а на која Африм Гаши (коалиција ВРЕДИ) е избран за собраниски спикер. Според Богоев, пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.

The post По Андреј Петров и Стефан Богоев со коментар: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! appeared first on Република.

]]>
Како да го заштитиме биодиверзитетот? – студенти и експерти дискутираа во резиденцијата на ЕУ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kako-da-go-zashtitime-biodiverzitetot-studenti-i-eksperti-diskutiraa-vo-rezidencijata-na-eu-vo-skopje/ Wed, 25 May 2022 08:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=506603

„Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ беше темата на четвртата дебата инспирирана од изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Зелениот договор на Европската Унија и предизвиците со кои се соочуваме се суштината на сите дебати. Колку се грижиме за заштита на биодиверзитетот и зошто ова прашање е дел од Зелениот договор? Можно ли е заштитата на природата и економскиот развој да се одвиваат како паралелни процеси - беа дел од прашањата начнати на дебатата.

Домаќините, ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот ги поздравија учесниците Даниел Богнер, експерт и поранешен тим-лидер на проектот „Натура 2000“ на ЕУ, Маја Богдановска-Зенделска, проект-менаџер во Делегацијата на ЕУ, д-р Светислав Крстиќ, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), д-р Ивана Трајаноска, професорка на „Американ колеџ“, Диме Меловски од Македонското еколошко друштво, Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при Националниот парк „Галичица“, Едита Зеќировиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Иван Дургутов, млад европски амбасадор и студентки од ПМФ и од „Американ колеџ“.

Модератор на дебатата беше активистот Горјан Јовановски од AirCare.

Дијана Томиќ-Радевска е куратор на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“ како еден од начините преку уметноста да се зборува за глобалните проблеми. Таа го претстави концептот преку делата на Андреј Жерновски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин, Озбек Ајваз, а се задржа на делото на Маја Кировска. Поттикнати од пандемијата, карантините и ограничувањето на движење во природата, Кировски создале домашна градина. Почнале да ги проучуваат видовите што ги одгледуваат, да истражуваат за нив.

Тоа го споив со социјалните мрежи што ги користам како медиум. Се прашав кој јазик на комуникација го користат инфлуенсерите за да постигнат нешто. Постојано ги освежувам информациите и бројот на публиката расте - вели Кировска.

Модераторот Јовановски направи интересен пресврт на почетокот на дебатата и ги насочи студентите тие да поставуваат прашања на кои одговараа експертите.

Ана Варелова, активистка и апсолвентка на студии по екологија при Институтот за биологија, се интересираше за пристапите за заштита на биодиверзитетот и можностите да се направат промени во легислативата и на политичко ниво.

Диме Меловски го вброи сочувувањето на биодиверзитетот во две групи – заштита на конкретен вид (како во случајот со балканскиот рис) и заштита на цели екосистеми. Според него, кога би имале повеќе подрачја „Натура 2000“, најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, би добиле заштита и на самите елементи на екосистемот, вклучувајќи заштита на видовите и интеракција на човекот со нив.

Проф. Светислав Крстиќ посочи дека исчезнувањето на видовите постоело и пред човекот. Главното прашање е колку човекот влијае врз забрзувањето на исчезнувањето на видовите.

Има податок дека фрапантни 10.000 вида исчезнуваат годишно. Ако ги додадете тука и климатските промени и загадувањето, повеќе од очигледно е колку човекот придонесува во овој процес. Но, видовите мора да ги гледате како дел од екосистемот, не можете да ги изземете од него - вели Крстиќ.

Тој посочи дека нема време да се навлегува во правни лавиринти. За почеток доволно е да се почитува постојната регулатива за квалитет на водите, што само по себе ќе донесе огромни придобивки за видовите што живеат во екосистемите. Таа легислатива постои, но треба да се почитува.

Законите за овие прашања се максимално приближени до европската легислатива, дури 95 отсто. Дали се доволни? Не, зашто мора да се имплементираат и да се почитуваат - вели Крстиќ.

Според Едита Зеќировиќ од МТСП, проблем е што во нашата држава не постои национален мониторинг-систем што ќе води сметка за биолошката разновидност. Постојат истражувања, но тие се базирани на индивидуални проекти и нема континуитет. Министерството соработува со невладиниот сектор, со научната заедница и со меѓународни експерти и институции. Добра вест е што за 13,5 отсто е зголемен бројот на заштитени подрачја во земјава – Шар Планина, Малешево и Осоговските Планини. Според Зеќировиќ, еден од најголемите предизвици е сериозниот недостиг на експерти кои во иднина ќе работат на овие прашања.

Андон Бојаџи инспиративно зборуваше за својата работа.

Јас 31 година работам во Националниот парк „Галичица“ и уште ми се оди на работа! Оваа земја е мала по површина, но има исклучително богата разновидност, како и сите земји на Балканот. А за видовите не важат политичките граници. Затоа, соработката меѓу земјите од регионот е неопходна ако сакаме навистина да ги заштитиме видовите - рече Бојаџи.

Тој нагласи дека веќе вложуваат во обука на млади кадри и дека сами си го изработиле Планот за управување со НП „Галичица“. Тој потенцира дека имаат многу активности и ги покани младите и сите заинтересирани граѓани да се вклучат во нив.

Според Даниел Богнер, токму поради распространетоста на биодиверзитетот надвор од границите на една земја, многу се важни и корисни прекуграничните проекти. Во однос на заштита на биодиверзитетот, свесноста кај луѓето е исклучително важна.

Многу е важно луѓето да ја почувствуваат врската со природата. Сум ги видел изразите на лицата на луѓе кои првпат ќе мириснат цвеќе или ќе чујат птици, шумолење на поток. Овие луѓе треба да се вклучат во работата на заштитата на природата. Во многу земји функционира т.н. граѓанска наука (citizens science), каде што обичните граѓани се вклучени во мониторирање на видовите - рече Богнер.

И тој и Крстиќ се согласуваат дека овие процеси мора да се водат под надзор на научната заедница.

Ивана Трајаноска вели дека на „Американ колеџ“ не се изучуваат природните науки, но ја користат секоја можност да вградат компоненти преку кои студентите ќе можат подобро да го разберат биодиверзитетот. Студентките од АК ја потенцираа свесноста на студентите за проблемите на биодиверзитетот и потребата за поактивно информирање и вклучување на студентите во овие процеси.

Младиот европски амбасадор Иван Дургутов ги повика младите да ги користат сите начини за заштита на животната средина – да користат јавен превоз, велосипед или да се движат пеш, а модераторот Јовановски повика да ја искористат секоја можност активно да се вклучат во решавање на овие прашања.

Евроамбасадорот Гир рече дека ги забележал сите прашања и аспекти начнати на дебатата.

Еден од проблемите во оваа земја е чувството на безнадежност кај граѓаните. Општиот впечаток е дека ништо не чини и не функционира. Тоа треба да го смениме. Во делот на заштитата на биодиверзитетот има и позитивни примери на посветеност како во НП „Галичица“. Сè што дискутираме тука, не смее тука да заврши - поентира Гир.

Бускот е импресиониран од ентузијазмот на младите да дискутираат за проблемите и да се вклучат во нивното решавање. Тој и Гир неодамна се вратиле од Австралија, каде што биле очевидци на климатските промени и последиците врз биодиверзитетот, особено во океанот. Бускот ја потенцира својата загриженост за пчелите – наше национално богатство. Тој е одушевен од филмот „Медена земја“ каде што на прекрасен, инспиративен начин вниманието е свртено токму кон овие инсекти.

Потребни се поголеми напори за заштита на пчелите и биодиверзитетот. Тука ја гледам улогата на младите, тие се круна на сè, тие се надеж. Имаат кревки рамена, но тежината што ја носат на нив е голема. Ние, возрасните, мора да сториме сè за дел од таа тежина да понесеме и на нашите рамена - рече Бускот.

Според Гир, европскиот Зелен договор треба да одговори на троен предизвик: климатските промени, колапс на биодиверзитетот и деградација на животната средина.

Веќе подолго време отвораме дебати, организираме кампањи за овие прашања. Но, договорите на политичко ниво не се доволни. Во овие процеси неопходно е да се вклучат сите, особено младите. Ним сум им особено благодарен што се присутни - заврши Гир.

 

 

 

 

The post Како да го заштитиме биодиверзитетот? – студенти и експерти дискутираа во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ беше темата на четвртата дебата инспирирана од изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Зелениот договор на Европската Унија и предизвиците со кои се соочуваме се суштината на сите дебати. Колку се грижиме за заштита на биодиверзитетот и зошто ова прашање е дел од Зелениот договор? Можно ли е заштитата на природата и економскиот развој да се одвиваат како паралелни процеси - беа дел од прашањата начнати на дебатата. Домаќините, ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот ги поздравија учесниците Даниел Богнер, експерт и поранешен тим-лидер на проектот „Натура 2000“ на ЕУ, Маја Богдановска-Зенделска, проект-менаџер во Делегацијата на ЕУ, д-р Светислав Крстиќ, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), д-р Ивана Трајаноска, професорка на „Американ колеџ“, Диме Меловски од Македонското еколошко друштво, Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при Националниот парк „Галичица“, Едита Зеќировиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Иван Дургутов, млад европски амбасадор и студентки од ПМФ и од „Американ колеџ“. Модератор на дебатата беше активистот Горјан Јовановски од AirCare. Дијана Томиќ-Радевска е куратор на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“ како еден од начините преку уметноста да се зборува за глобалните проблеми. Таа го претстави концептот преку делата на Андреј Жерновски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин, Озбек Ајваз, а се задржа на делото на Маја Кировска. Поттикнати од пандемијата, карантините и ограничувањето на движење во природата, Кировски создале домашна градина. Почнале да ги проучуваат видовите што ги одгледуваат, да истражуваат за нив.
Тоа го споив со социјалните мрежи што ги користам како медиум. Се прашав кој јазик на комуникација го користат инфлуенсерите за да постигнат нешто. Постојано ги освежувам информациите и бројот на публиката расте - вели Кировска.
Модераторот Јовановски направи интересен пресврт на почетокот на дебатата и ги насочи студентите тие да поставуваат прашања на кои одговараа експертите. Ана Варелова, активистка и апсолвентка на студии по екологија при Институтот за биологија, се интересираше за пристапите за заштита на биодиверзитетот и можностите да се направат промени во легислативата и на политичко ниво. Диме Меловски го вброи сочувувањето на биодиверзитетот во две групи – заштита на конкретен вид (како во случајот со балканскиот рис) и заштита на цели екосистеми. Според него, кога би имале повеќе подрачја „Натура 2000“, најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, би добиле заштита и на самите елементи на екосистемот, вклучувајќи заштита на видовите и интеракција на човекот со нив. Проф. Светислав Крстиќ посочи дека исчезнувањето на видовите постоело и пред човекот. Главното прашање е колку човекот влијае врз забрзувањето на исчезнувањето на видовите.
Има податок дека фрапантни 10.000 вида исчезнуваат годишно. Ако ги додадете тука и климатските промени и загадувањето, повеќе од очигледно е колку човекот придонесува во овој процес. Но, видовите мора да ги гледате како дел од екосистемот, не можете да ги изземете од него - вели Крстиќ.
Тој посочи дека нема време да се навлегува во правни лавиринти. За почеток доволно е да се почитува постојната регулатива за квалитет на водите, што само по себе ќе донесе огромни придобивки за видовите што живеат во екосистемите. Таа легислатива постои, но треба да се почитува.
Законите за овие прашања се максимално приближени до европската легислатива, дури 95 отсто. Дали се доволни? Не, зашто мора да се имплементираат и да се почитуваат - вели Крстиќ.
Според Едита Зеќировиќ од МТСП, проблем е што во нашата држава не постои национален мониторинг-систем што ќе води сметка за биолошката разновидност. Постојат истражувања, но тие се базирани на индивидуални проекти и нема континуитет. Министерството соработува со невладиниот сектор, со научната заедница и со меѓународни експерти и институции. Добра вест е што за 13,5 отсто е зголемен бројот на заштитени подрачја во земјава – Шар Планина, Малешево и Осоговските Планини. Според Зеќировиќ, еден од најголемите предизвици е сериозниот недостиг на експерти кои во иднина ќе работат на овие прашања. Андон Бојаџи инспиративно зборуваше за својата работа.
Јас 31 година работам во Националниот парк „Галичица“ и уште ми се оди на работа! Оваа земја е мала по површина, но има исклучително богата разновидност, како и сите земји на Балканот. А за видовите не важат политичките граници. Затоа, соработката меѓу земјите од регионот е неопходна ако сакаме навистина да ги заштитиме видовите - рече Бојаџи.
Тој нагласи дека веќе вложуваат во обука на млади кадри и дека сами си го изработиле Планот за управување со НП „Галичица“. Тој потенцира дека имаат многу активности и ги покани младите и сите заинтересирани граѓани да се вклучат во нив. Според Даниел Богнер, токму поради распространетоста на биодиверзитетот надвор од границите на една земја, многу се важни и корисни прекуграничните проекти. Во однос на заштита на биодиверзитетот, свесноста кај луѓето е исклучително важна.
Многу е важно луѓето да ја почувствуваат врската со природата. Сум ги видел изразите на лицата на луѓе кои првпат ќе мириснат цвеќе или ќе чујат птици, шумолење на поток. Овие луѓе треба да се вклучат во работата на заштитата на природата. Во многу земји функционира т.н. граѓанска наука (citizens science), каде што обичните граѓани се вклучени во мониторирање на видовите - рече Богнер.
И тој и Крстиќ се согласуваат дека овие процеси мора да се водат под надзор на научната заедница. Ивана Трајаноска вели дека на „Американ колеџ“ не се изучуваат природните науки, но ја користат секоја можност да вградат компоненти преку кои студентите ќе можат подобро да го разберат биодиверзитетот. Студентките од АК ја потенцираа свесноста на студентите за проблемите на биодиверзитетот и потребата за поактивно информирање и вклучување на студентите во овие процеси. Младиот европски амбасадор Иван Дургутов ги повика младите да ги користат сите начини за заштита на животната средина – да користат јавен превоз, велосипед или да се движат пеш, а модераторот Јовановски повика да ја искористат секоја можност активно да се вклучат во решавање на овие прашања. Евроамбасадорот Гир рече дека ги забележал сите прашања и аспекти начнати на дебатата.
Еден од проблемите во оваа земја е чувството на безнадежност кај граѓаните. Општиот впечаток е дека ништо не чини и не функционира. Тоа треба да го смениме. Во делот на заштитата на биодиверзитетот има и позитивни примери на посветеност како во НП „Галичица“. Сè што дискутираме тука, не смее тука да заврши - поентира Гир.
Бускот е импресиониран од ентузијазмот на младите да дискутираат за проблемите и да се вклучат во нивното решавање. Тој и Гир неодамна се вратиле од Австралија, каде што биле очевидци на климатските промени и последиците врз биодиверзитетот, особено во океанот. Бускот ја потенцира својата загриженост за пчелите – наше национално богатство. Тој е одушевен од филмот „Медена земја“ каде што на прекрасен, инспиративен начин вниманието е свртено токму кон овие инсекти.
Потребни се поголеми напори за заштита на пчелите и биодиверзитетот. Тука ја гледам улогата на младите, тие се круна на сè, тие се надеж. Имаат кревки рамена, но тежината што ја носат на нив е голема. Ние, возрасните, мора да сториме сè за дел од таа тежина да понесеме и на нашите рамена - рече Бускот.
Според Гир, европскиот Зелен договор треба да одговори на троен предизвик: климатските промени, колапс на биодиверзитетот и деградација на животната средина.
Веќе подолго време отвораме дебати, организираме кампањи за овие прашања. Но, договорите на политичко ниво не се доволни. Во овие процеси неопходно е да се вклучат сите, особено младите. Ним сум им особено благодарен што се присутни - заврши Гир.
       

The post Како да го заштитиме биодиверзитетот? – студенти и експерти дискутираа во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Следете во живо дискусија на тема: Што наследија општините? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zivo-diskusija-na-tema-shto-nasledija-opshtinite/ Sun, 13 Feb 2022 10:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=457800

Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите 100 дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Слоганот под кој ќе се одржи настанот е “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.

Свое обраќање на настанот во 17:00 часот ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми.

Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ.

Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.

Овој настан можете да го следите во живо на Фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Следете во живо дискусија на тема: Што наследија општините? appeared first on Република.

]]>

Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите 100 дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Слоганот под кој ќе се одржи настанот е “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена. Свое обраќање на настанот во 17:00 часот ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми. Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ. Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков. Модератор: Марија Митева. Овој настан можете да го следите во живо на Фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Следете во живо дискусија на тема: Што наследија општините? appeared first on Република.

]]>