дискриминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskriminacija/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дискриминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskriminacija/ 32 32 Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trigodishno-teshko-podvizhno-dete-so-tserebralna-paraliza-izbrkano-od-skopska-igroteka-komiisijata-utvrdila-diskriminatsija/ Tue, 18 Jun 2024 08:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=788629

Тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.

Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.

Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката.

Комисијата донела препорака игротеката да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

The post Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација appeared first on Република.

]]>

Тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.
Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.
Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката. Комисијата донела препорака игротеката да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

The post Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација appeared first on Република.

]]>
Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/emilija-mizo-dimkov-nominirana-za-javen-obvinitel-za-sledene-krivichni-dela-od-omraza-i-diskriminatsija/ Sat, 08 Jun 2024 08:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=785669

Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор.

Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа, велат од ЈО.

Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети.

The post Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација appeared first on Република.

]]>

Емилија Мизо Димков е номинирана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација. Од Јавното обвинителство денеска информираа дека одлуката за номинација е донесена врз основа на заклучоците од средбата одржана на 20 мај годинава со претставници од невладиниот сектор.
Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на првична иницијатива од КВИР Центар Скопје – Здружението за сексуални и родови малцинства, кое најави дека во следниот период ќе иницира формирање и на мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа, велат од ЈО.
Номинираната јавна обвинителка ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации кои ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во ваквите предмети.

The post Емилија Мизо Димков номинирана за јавен обвинител за следење кривични дела од омраза и дискриминација appeared first on Република.

]]>
Сексуалната ориентација и етничката припадност меѓу најчестите основи за пријава: Двојно зголемување на бројот на претставки до КСЗД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/seksualnata-orientatsija-i-etnichkata-pripadnost-megu-najchestite-osnovi-za-prijava-dvojno-zgolemuvane-na-brojot-na-pretstavki-do-kszd/ Tue, 21 May 2024 11:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=780490

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) бележи двојно зголемување на бројот на претставки во однос на минатата година, покажува Годишниот извештај за работата на Комисијата за 2023 година. Сексуалната ориентација, родовиот идентитет, националната и етничка припадност, како и политичкото уверување остануваат најчестата основа за пријава на дискриминација.

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Игор Јадровски, на денешната презентација на Годишниот извештај истакна дека, иако се забележува зголемена видливост на Комисијата како адреса на која граѓаните бараат заштита на своите права, степенот на запознаеност на граѓаните за надлежностите на КСЗД е низок.

Комисијата работеше на 523 претставки, што е повеќе од 100 отсто зголемување во однос на претходната година, што веројатно говори дека Комисијата добива на видливост, дека граѓаните се поинформирани и дека институцијата можеби добива уште повеќе на доверба. Забележуваме тренд на поистоветување на истите области на дискриминација претходната година, па така медиумите, јавното информирање, работата, работните односи, образованието и пристапот до добра и услуги, во 2023 година, исто како и во 2022 година, остануваат најчести области во кои што се пријавува дискриминацијата - истакна Јадровски.

Во споредба со 2022 година, вели Јадровски, има тренд на намалување на дискриминацијата врз национална и етничка припадност, но пораст на случаите на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и етничкиот родов идентитет.

Предизвиците со кои се соочува Комисијата се намалените човечки капацитети. Јадровски упати апел до законодавниот дом, како и останатите надлежни институции, да имаат слух за лимитираниот буџет на Комисијата и континуираното прекршување на нејзината финансиска независност.

Апелирам пред се Собранието, кое што го гласа буџетот, меѓутоа и останатите надлежни институции да имаат слух за нашите предизвици. Комисијата иако имаше квантитативно и квалитативно повеќе работа во 2023 година во споредба со 2022 година, работевме со намалени човечки капацитети во 2023 година. Комисијата се уште останува со прилично лимитиран буџет и континуирано се прекршува финансиската независност на Комисијата - изјави Јадровски.

The post Сексуалната ориентација и етничката припадност меѓу најчестите основи за пријава: Двојно зголемување на бројот на претставки до КСЗД appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) бележи двојно зголемување на бројот на претставки во однос на минатата година, покажува Годишниот извештај за работата на Комисијата за 2023 година. Сексуалната ориентација, родовиот идентитет, националната и етничка припадност, како и политичкото уверување остануваат најчестата основа за пријава на дискриминација. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Игор Јадровски, на денешната презентација на Годишниот извештај истакна дека, иако се забележува зголемена видливост на Комисијата како адреса на која граѓаните бараат заштита на своите права, степенот на запознаеност на граѓаните за надлежностите на КСЗД е низок.
Комисијата работеше на 523 претставки, што е повеќе од 100 отсто зголемување во однос на претходната година, што веројатно говори дека Комисијата добива на видливост, дека граѓаните се поинформирани и дека институцијата можеби добива уште повеќе на доверба. Забележуваме тренд на поистоветување на истите области на дискриминација претходната година, па така медиумите, јавното информирање, работата, работните односи, образованието и пристапот до добра и услуги, во 2023 година, исто како и во 2022 година, остануваат најчести области во кои што се пријавува дискриминацијата - истакна Јадровски.
Во споредба со 2022 година, вели Јадровски, има тренд на намалување на дискриминацијата врз национална и етничка припадност, но пораст на случаите на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и етничкиот родов идентитет. Предизвиците со кои се соочува Комисијата се намалените човечки капацитети. Јадровски упати апел до законодавниот дом, како и останатите надлежни институции, да имаат слух за лимитираниот буџет на Комисијата и континуираното прекршување на нејзината финансиска независност.
Апелирам пред се Собранието, кое што го гласа буџетот, меѓутоа и останатите надлежни институции да имаат слух за нашите предизвици. Комисијата иако имаше квантитативно и квалитативно повеќе работа во 2023 година во споредба со 2022 година, работевме со намалени човечки капацитети во 2023 година. Комисијата се уште останува со прилично лимитиран буџет и континуирано се прекршува финансиската независност на Комисијата - изјави Јадровски.

The post Сексуалната ориентација и етничката припадност меѓу најчестите основи за пријава: Двојно зголемување на бројот на претставки до КСЗД appeared first on Република.

]]>
Поднесена претставка за дискриминација против општина Тетово и градоначалникот Касами за настанот со стадионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podnesena-pretstavka-za-diskriminatsija-protiv-opshtina-tetovo-i-gradonachalnikot-kasami-za-nastanot-so-stadionot/ Tue, 16 Apr 2024 16:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=766824

Актуелниот директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој е жител на Тетово, преку Фејсбук објави дека поднел претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари.

Сотировски образложува дека жителите со македонска национална припадност биле дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.

Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик. Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик. На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови, се вели во објавата на Сотировски.

Според Сотировски, постапувањето на општината е дискриминациско и ги сегрегира граѓаните.

Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме, вели Сотировски во објавато.

На 12 април, Општина Тетово презентираше нов изглед на Градскиот стадион, а притоа градоначалникот самиот рушеше дел од трибините. Покрај видео презентацијата на новиот изглед на стадионот имаше ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик.

https://republika.mk/sport/fudbal/vaka-treba-da-izgleda-noviot-stadion-na-shkendija-kade-ke-igra-teteks/

Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ го распиша тендерот, по што договорот со фирмата се направи во март 2024 година. Предмет на договорот за јавна набавка е со проценета вредност од околу 600 милиони денари или околу 10 милиони евра.

The post Поднесена претставка за дискриминација против општина Тетово и градоначалникот Касами за настанот со стадионот appeared first on Република.

]]>

Актуелниот директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој е жител на Тетово, преку Фејсбук објави дека поднел претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари. Сотировски образложува дека жителите со македонска национална припадност биле дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.
Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик. Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик. На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови, се вели во објавата на Сотировски.
Според Сотировски, постапувањето на општината е дискриминациско и ги сегрегира граѓаните.
Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме, вели Сотировски во објавато.
На 12 април, Општина Тетово презентираше нов изглед на Градскиот стадион, а притоа градоначалникот самиот рушеше дел од трибините. Покрај видео презентацијата на новиот изглед на стадионот имаше ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик. https://republika.mk/sport/fudbal/vaka-treba-da-izgleda-noviot-stadion-na-shkendija-kade-ke-igra-teteks/ Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ го распиша тендерот, по што договорот со фирмата се направи во март 2024 година. Предмет на договорот за јавна набавка е со проценета вредност од околу 600 милиони денари или околу 10 милиони евра.

The post Поднесена претставка за дискриминација против општина Тетово и градоначалникот Касами за настанот со стадионот appeared first on Република.

]]>
Бајрамовска Мустафа: Најизразена е дискриминацијата во пристапот до работно место, потребна е мултисекторска соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bajramovska-mustafa-najizrazena-e-diskriminatsijata-vo-pristapot-do-rabotno-mesto-potrebna-e-multisektorska-sorabotka/ Tue, 24 Oct 2023 13:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=694569

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа денеска изјави дека во областа на заштитата од дискриминација, Народниот правобранител наоѓа повреда или незадоволство на граѓаните и чувство на нееднаквост во сите сфери.

Најмногу претставки, како што посочи Бајрамовска, има во однос на пристапот до работното место, во однос на чувството на нееднаквост и вознемирување или мобинг, но се уште е присутна и појавата на сегрегација во одредени училишта.

Важно е да се напоменат и генералните појави кои уште се присутни во општеството, како што е сегрегација во некои училишта кон учениците Роми, односно постоењето на чисто ромски училишта или чисто ромски паралелки за кои што, впрочем, минатата година Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против државата, изјави Бајрамовска Мустафа по денешната конференција на Обединетите Нации во Скопје, посветена на теми поврзани со човековите права.

Таа додаде дека постои потреба од мултисекторска соработка со вклучување на засегнатите страни, со вклучување на претставници на маргинализираните групи.

Народниот правобранител уште од 2011 година алармира за постоење на проблемот со сегрегација во училиштата, уште во време кога првпат почнаа измените на Законот, да се вршат уписи на деца во прво одделение согласно одлуки за реонизација. Ние отворивме широка рамка за дискусија и преку нашите годишни извештаи, но и посебните извештаи од истражувањата, укажавме на тоа дека е потребно да се направи сеопфатна анализа што е тоа што доведува до сегрегирање на паралелки и што ги прави децата нееднакви во пристапот до правото, додаде Бајрамовска Мустафа.

Според Бајрамовска Мустафа, податокот дека се уште е отежнат пристапот на граѓаните во остварувањето на правата од социјална заштита, правата во делот на образованието, особено од аспект на учесниците, укажува на тоа дека недоволно посветено работиме на основата во надминување на проблемот.

Сметам дека укажувањата и препораките што Народниот правобранител ги дава се секогаш конструктивно насочени и треба сериозно да се земаат во предвид, имајќи ја предвид и важноста која што по неговите препораки ја има Собранието, а тоа е да утврдува мерки за да може да се надминат ваквите состојби. Мерките можат многу да придонесат во надминување на слабостите и конечно да зборуваме за еднаквост кшто ќе значи многу повеќе од еднаквост на хартија, потенцираше Бајрамовска Мустафа.

Дискриминацијата, како што посочи, е една од најболните прашања што може да ја почувствува кој било граѓанин во општеството.

Како институција Народен правобранител, која одбележува 25 години од своето работење, како институција која што 25 години се бори за еднаквост на граѓаните во пристапот и остварувањето на правата, на конференцијата денеска ја испративме пораката за потребата од подигање на свеста за еднаквост и за создавање на практични услови за имплементација на словото на Законот во пракса во однос на остварувањето на правата на граѓаните.

Постојниот координатор на Обединетите Нации во Македонија, Росана Дуџак, денеска по конференцијата изјави дека со дискриминација се соочуваме во сите области во општеството. Исто така, како што рече, се забележува зголемено присуство на лажните вести.

Годинашната конференција се фокусира на две важни прашања. Првото е човековите права во однос на одржливиот развој, каде посебен акцент посветивме на прашањето на дискриминацијата, а на вториот панел се зборуваше на темата за неточни информации, дезинформациите и лажните вести. Во оваа земја активни се 18 агенции на Обединетите Нации што покриваат многу полиња, како што се вработувањата, социјалните услуги, доброто управување, додаде Дуџак.

Таа информираше дека денеска е распишан и конкурс во чии рамки се доставени 200 цртежи од деца кои сликовито имаат објаснето на кој начин ги гледаат и разбираат човековите права. Откако ќе бидат објавени победниците, овие цртежи три дена ќе бидат поставени во Музејот на современа уметност во Скопје.

The post Бајрамовска Мустафа: Најизразена е дискриминацијата во пристапот до работно место, потребна е мултисекторска соработка appeared first on Република.

]]>

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа денеска изјави дека во областа на заштитата од дискриминација, Народниот правобранител наоѓа повреда или незадоволство на граѓаните и чувство на нееднаквост во сите сфери. Најмногу претставки, како што посочи Бајрамовска, има во однос на пристапот до работното место, во однос на чувството на нееднаквост и вознемирување или мобинг, но се уште е присутна и појавата на сегрегација во одредени училишта.
Важно е да се напоменат и генералните појави кои уште се присутни во општеството, како што е сегрегација во некои училишта кон учениците Роми, односно постоењето на чисто ромски училишта или чисто ромски паралелки за кои што, впрочем, минатата година Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против државата, изјави Бајрамовска Мустафа по денешната конференција на Обединетите Нации во Скопје, посветена на теми поврзани со човековите права.
Таа додаде дека постои потреба од мултисекторска соработка со вклучување на засегнатите страни, со вклучување на претставници на маргинализираните групи.
Народниот правобранител уште од 2011 година алармира за постоење на проблемот со сегрегација во училиштата, уште во време кога првпат почнаа измените на Законот, да се вршат уписи на деца во прво одделение согласно одлуки за реонизација. Ние отворивме широка рамка за дискусија и преку нашите годишни извештаи, но и посебните извештаи од истражувањата, укажавме на тоа дека е потребно да се направи сеопфатна анализа што е тоа што доведува до сегрегирање на паралелки и што ги прави децата нееднакви во пристапот до правото, додаде Бајрамовска Мустафа.
Според Бајрамовска Мустафа, податокот дека се уште е отежнат пристапот на граѓаните во остварувањето на правата од социјална заштита, правата во делот на образованието, особено од аспект на учесниците, укажува на тоа дека недоволно посветено работиме на основата во надминување на проблемот.
Сметам дека укажувањата и препораките што Народниот правобранител ги дава се секогаш конструктивно насочени и треба сериозно да се земаат во предвид, имајќи ја предвид и важноста која што по неговите препораки ја има Собранието, а тоа е да утврдува мерки за да може да се надминат ваквите состојби. Мерките можат многу да придонесат во надминување на слабостите и конечно да зборуваме за еднаквост кшто ќе значи многу повеќе од еднаквост на хартија, потенцираше Бајрамовска Мустафа.
Дискриминацијата, како што посочи, е една од најболните прашања што може да ја почувствува кој било граѓанин во општеството.
Како институција Народен правобранител, која одбележува 25 години од своето работење, како институција која што 25 години се бори за еднаквост на граѓаните во пристапот и остварувањето на правата, на конференцијата денеска ја испративме пораката за потребата од подигање на свеста за еднаквост и за создавање на практични услови за имплементација на словото на Законот во пракса во однос на остварувањето на правата на граѓаните.
Постојниот координатор на Обединетите Нации во Македонија, Росана Дуџак, денеска по конференцијата изјави дека со дискриминација се соочуваме во сите области во општеството. Исто така, како што рече, се забележува зголемено присуство на лажните вести.
Годинашната конференција се фокусира на две важни прашања. Првото е човековите права во однос на одржливиот развој, каде посебен акцент посветивме на прашањето на дискриминацијата, а на вториот панел се зборуваше на темата за неточни информации, дезинформациите и лажните вести. Во оваа земја активни се 18 агенции на Обединетите Нации што покриваат многу полиња, како што се вработувањата, социјалните услуги, доброто управување, додаде Дуџак.
Таа информираше дека денеска е распишан и конкурс во чии рамки се доставени 200 цртежи од деца кои сликовито имаат објаснето на кој начин ги гледаат и разбираат човековите права. Откако ќе бидат објавени победниците, овие цртежи три дена ќе бидат поставени во Музејот на современа уметност во Скопје.  

The post Бајрамовска Мустафа: Најизразена е дискриминацијата во пристапот до работно место, потребна е мултисекторска соработка appeared first on Република.

]]>
Дали поради тоа што сме Македонци немаме право на стадионите, туку има само Шкендија?“ – Тетекс се жали на дискриминација https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dali-poradi-toa-shto-sme-makedontsi-nemame-pravo-na-stadionite-tuku-ima-samo-shkendija-teteks-se-zhali-na-diskriminatsija/ Fri, 18 Aug 2023 12:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=673416

Фудбалскиот клуб Тетекс почнува институционална битка за докажување на дискриминација затоа што не им се дозволува користење на новиот и стариот градски стадион. Тие велат дека од март попусто ги чекаат општинските власти за спроведување на договорот дека ќе добијат терен со природна терен во селото Сараќино.

Од денес почнуваме со борба преку нашите институции, ќе се запознаат сите фактори, народен правобранител, меѓународна заедница, амбасада, Комисија за антидискриминација. Од март бараме средба за да се реши овој проблем, немаме добиено одговор, што уште да се чекаме. Второ коло веќе играме, дали треба уште да се чека. Има комуникација со општина Тетово, ама тоа останува на тоа дека ќе биде теренот во Сараќино, ама што до тогаш. Бараме писмени гаранции дека клубот ќе може да се натпреварува на Градскиот стадион, зошто да не го користиме стариот градски стадион, да видиме дали има договор кој било клуб, зошто не и Тетекс. И ако нема зошто само еден клуб може да го користи тој терен. Во Сараќино ништо не е почнато. Секоја општина помага во спортот ние немаме денар видено, изјави на денешната прес-конференција Бобан Мишевски, спортски директор.

Тој ја оспорува реакцијата на Општина Тетово дека новиот стадион е само за клубови од Прва лига

Општина вели дека градски стадион е само за прволигашки екипи, па ЖФК Љуботен е Прва лига. Како е осмислено дека само прволигашка екипа може да го користи. Таму е јасно наведено дека 24 часа пред одигрување на прволигашки натпревар не може да се користи теренот. Може да играме во гости кога другите ќе бидат домашни. Има примери каде се користи ист терен пример Воска и Охрид, пример Караорман и Струга, не гледам зошто е проблем, рече Мишевски.

Воедно клубот бара додека не се изгради нов терен за тренирање во Сараќино да им се овозможи подготвување на стариот градски стадион.

Бараме средба со сите клубови, градоначалникот и млади и женски клубови и да се најде решение да се најдат термини да се тренираат на овој терен тука. На тој терен не може да се излезе од нашите простории. Ограден е и само го користи екипата на првиот тим на Шкендија. Единствено нешто што бараме во моментов е само разумен договор каде што ќе може да се излезе и да се тренира на овој терен, поточно стариот градски стадион. На овој терен секогаш без никаков проблем тренирале првите тимови на Тетекс, Шкендија, прв тим на Љуботен, младите категории на овие три споменати клубови дури и една школа без никаков проблем со добра ординација. Немало апсолутно никаков проблем, истакна Мишевски.

Шефот на стручниот штаб Филип Деспотовски рече дека имаат многу тешки услови за работа на теренот со вештачка трева. Имаат термин во 10.30 часот кога е многу топло, што негативно влијание на здравствената состојба на фудбалерите.

Би било многу добро кога би имале избор за повеќе терени да користиме, затоа што развојот на децата кои сакаат да бидат фудбалери од Тетовско, тоа ќе им дозволи да им бидат достапни учењата кои ќе ги дадат тренерите. Но немаме такви услови за младите, а да не зборам за првиот тим, се натпреваруваме во Втора лига, искрено сакаме да идеме и понапред, имаме добри деца во клубот затоа што знаеме дека Тетово бил секогаш расадник на дорби фудбалери. Да се најде решение за да може да имаме мирна работа, да се сконцентрираме на фудбал, ние сме фудбалски работници, не сме политичари. Сакаме да си ја работиме нашата работа, затоа сме тука. И сакаме да си имаме мир во нашата работа. За прв тим може да кажам дека тренирам во термин во 10.30. кога е многу топло а тоа е вештачка трева, која се вжарува од топлината и многу играчи се повредуваат, што за сметка на теренот кој е со лоши услови, што за сметка на време топло е, се разболуваат, имаат добивано температура од сончаница и такви работи, потенцираше Деспотовски.

Капитенот Трајче Стојковски вели дека од просториите на ФК Тетекс фудбалерите самите возат комбе за до теренот со вештачка трева.

Се враќаме назад испотени, едно ниво коешто не доликува на фудбалско име како што е ФК Тетекс. Ни една школа не толерира такви работи, а ова е клуб со реноме, еден од најголемите македонски клубови и не заслужува ваков третман од кој било и да е. Ова тргаме политика на страна. Овде се замешани и многу други работи и затоа спортот оди назад. Не бараме многу, бараме да имаме многу, бараме да имаме терен, рече Стојковски.

Од раководството на Тетекс потенцираат иако Министерството за транспорт и врски дава позитивно мислење за легализација на нивните простории тоа не е одобрено од досегашните градоначалници Теута Арифи и Биљал Касами.

The post Дали поради тоа што сме Македонци немаме право на стадионите, туку има само Шкендија?“ – Тетекс се жали на дискриминација appeared first on Република.

22 проценти од вработените во Велика Британија пријавиле дискриминација на работното место https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/22-protsenti-od-vrabotenite-vo-velika-britanija-prijavile-diskriminatsija-na-rabotnoto-mesto/ Wed, 09 Aug 2023 07:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=670183

Повеќе од една петтина од вработените во Велика Британија изјавија дека се соочиле со дискриминација на работното место поради нивниот идентитет, но бројката е помала отколку во САД и другите европски земји, според новото истражување.

Црнци и лица со азиско потекло, како и оние кои припаѓаат на ЛГБТ+ заедницата имале поголема веројатност да доживеат такви проблеми, сугерира истражувањето.

Околу 4.973 луѓе од САД, Велика Британија, Франција, Шведска, Германија и Холандија беа анкетирани на интернет во мај и јуни оваа година од компанијата за податоци и истражување на пазарот Саванта.

Од 1.523 кои биле со седиште во Велика Британија, 22 отсто рекле дека доживеале дискриминација на работа поради аспект на нивниот идентитет.

Ова беше под просекот од 28 посто во шесте земји, при што луѓето се чини дека се најпогодени во САД (33 проценти) и Шведска (32 отсто).

Но, наодите за луѓето во Велика Британија меѓу недоволно застапените групи сугерираат повеќе искуства на дискриминација, со бројка од 45 отсто за црнците и 41 посто за луѓето од азиско потекло.

Третина (33 проценти) од луѓето од ЛГБТ+ заедницата изјавиле дека доживеале дискриминација на работното место.

Околу 42 отсто од анкетираните вработени во Велика Британија се согласија дека има нееднаквости во платите и унапредувањето во нивната организација - нешто под просекот од 45 проценти во сите земји.

Скоро четвртина (24 посто) од вработените во Велика Британија изјавиле дека ја напуштиле улогата или размислуваат за преселба во блиска иднина затоа што не се чувствуваат удобно да ги изразат своите ставови, според истражувањето.

The post 22 проценти од вработените во Велика Британија пријавиле дискриминација на работното место appeared first on Република.

]]>

Повеќе од една петтина од вработените во Велика Британија изјавија дека се соочиле со дискриминација на работното место поради нивниот идентитет, но бројката е помала отколку во САД и другите европски земји, според новото истражување. Црнци и лица со азиско потекло, како и оние кои припаѓаат на ЛГБТ+ заедницата имале поголема веројатност да доживеат такви проблеми, сугерира истражувањето. Околу 4.973 луѓе од САД, Велика Британија, Франција, Шведска, Германија и Холандија беа анкетирани на интернет во мај и јуни оваа година од компанијата за податоци и истражување на пазарот Саванта. Од 1.523 кои биле со седиште во Велика Британија, 22 отсто рекле дека доживеале дискриминација на работа поради аспект на нивниот идентитет. Ова беше под просекот од 28 посто во шесте земји, при што луѓето се чини дека се најпогодени во САД (33 проценти) и Шведска (32 отсто). Но, наодите за луѓето во Велика Британија меѓу недоволно застапените групи сугерираат повеќе искуства на дискриминација, со бројка од 45 отсто за црнците и 41 посто за луѓето од азиско потекло. Третина (33 проценти) од луѓето од ЛГБТ+ заедницата изјавиле дека доживеале дискриминација на работното место. Околу 42 отсто од анкетираните вработени во Велика Британија се согласија дека има нееднаквости во платите и унапредувањето во нивната организација - нешто под просекот од 45 проценти во сите земји. Скоро четвртина (24 посто) од вработените во Велика Британија изјавиле дека ја напуштиле улогата или размислуваат за преселба во блиска иднина затоа што не се чувствуваат удобно да ги изразат своите ставови, според истражувањето.

The post 22 проценти од вработените во Велика Британија пријавиле дискриминација на работното место appeared first on Република.

]]>
Во Њујорк забранета дискриминација врз основа на висина и тежина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-nujork-zabraneta-diskriminatsija-vrz-osnova-na-visina-i-tezhina/ Sat, 27 May 2023 15:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=645237

Луѓето кои се дебели, високи или ниски, во американскиот град Њујорк ќе бидат заштитени од дискриминација врз основа на тие карактеристики според законот кој синоќа го потпиша градоначалникот Ерик Адамс - мерка за која неговите поддржувачи се надеваат дека ќе биде спроведена и во други градови.

Законот, презентиран од градскиот советник Шон Абреу, забранува дискриминација врз основа на висина и тежина на работното место и во пристапот до јавното и приватното сместување.

Не треба да е важно колку сте високи или тешки. Кога барате работа или сте надвор во градот или се обидувате да добиете некој вид сместување или стан за изнајмување, не треба да постои поинаков третман, рече Адамс.

Законот стапува во сила за шест месеци и ги надополнува веќе постоечките мерки за заштита од дискриминација врз основа на раса, религија, боја на кожа, национално потекло и пол, меѓу другото.

The post Во Њујорк забранета дискриминација врз основа на висина и тежина appeared first on Република.

]]>

Луѓето кои се дебели, високи или ниски, во американскиот град Њујорк ќе бидат заштитени од дискриминација врз основа на тие карактеристики според законот кој синоќа го потпиша градоначалникот Ерик Адамс - мерка за која неговите поддржувачи се надеваат дека ќе биде спроведена и во други градови. Законот, презентиран од градскиот советник Шон Абреу, забранува дискриминација врз основа на висина и тежина на работното место и во пристапот до јавното и приватното сместување.
Не треба да е важно колку сте високи или тешки. Кога барате работа или сте надвор во градот или се обидувате да добиете некој вид сместување или стан за изнајмување, не треба да постои поинаков третман, рече Адамс.
Законот стапува во сила за шест месеци и ги надополнува веќе постоечките мерки за заштита од дискриминација врз основа на раса, религија, боја на кожа, национално потекло и пол, меѓу другото.

The post Во Њујорк забранета дискриминација врз основа на висина и тежина appeared first on Република.

]]>
Сопругот на Јанкуловска: Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-jankulovska-osudenite-litsa-se-tretiraat-kako-gragani-od-tret-red/ Sat, 01 Apr 2023 12:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=626021

На екс министерката Гордана Јанкуловска, како и на останатите затвореници од женски пол им е оневозможено да ги користат законските погодности коишто ги имаат затворениците мажи. Ова неодамна го посочи Комисијата за заштита од дискриминација, а на оваа тема вечерва, во емисијата „360 Степени“ на Алсат, говореше и сопругот на Јанкуловска, Влатко Илиевски.

Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред. Ги множат со нула. Никој не се грижи за нивните законски загарантирани права. Со оглед на тоа дека станува збор за женскиот дел од осудените лица, кадешто изминативе години немало звучни имиња коишто би можеле да го артикулираат овој проблем, биле оставени сами на себе. Тука работата не си ја завршиле ниту Народниот правобранител, ниту Хелсиншки, ниту други органи, вели Илиевски.

The post Сопругот на Јанкуловска: Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред appeared first on Република.

Лога ветува дека за месец дена ќе има решение за проблемот со дискриминација на жените затворенички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-vetuva-deka-za-mesets-dena-ke-ima-reshenie-za-problemot-so-diskriminatsija-na-zhenite-zatvorenichki/ Mon, 27 Mar 2023 16:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=624345

Верувам дека за еден месец ќе имаме соодветно решение за проблемот со дискриминација на жените затворенички во Затворот „Идризово“, најави министерот за правда Кренар Лога.

Лога, на брифинг со медиуми, рече дека Затворот „Идризово“ останува „црна точка“ за повеќе прашања, не само за проблемот со условите на затвореничките.

Формирана е работна група. Ќе треба да имаме и измени на правилникот, за да може да ги користат сите поволности кои им следуваат со закон, изјави Лога.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-2023-godina-vo-makedonija-e-bitno-dali-si-zhena-ili-mazh-zatvorenik/

Прашан за колку точно време ќе биде надминат овој проблем, Лога рече дека како и за сите работи и за оваа, инсистира првата недела да ги добие информациите, втората да има некакви ставови на хартија и за месец дена да има некакво решение.

Во однос на тунелот кој беше откриен во дворот на затворот, Лога рече институциите се благовремено известени и дека МВР и ЈО ќе излезат со повеќе детали

The post Лога ветува дека за месец дена ќе има решение за проблемот со дискриминација на жените затворенички appeared first on Република.

]]>

Верувам дека за еден месец ќе имаме соодветно решение за проблемот со дискриминација на жените затворенички во Затворот „Идризово“, најави министерот за правда Кренар Лога. Лога, на брифинг со медиуми, рече дека Затворот „Идризово“ останува „црна точка“ за повеќе прашања, не само за проблемот со условите на затвореничките.
Формирана е работна група. Ќе треба да имаме и измени на правилникот, за да може да ги користат сите поволности кои им следуваат со закон, изјави Лога.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-2023-godina-vo-makedonija-e-bitno-dali-si-zhena-ili-mazh-zatvorenik/ Прашан за колку точно време ќе биде надминат овој проблем, Лога рече дека како и за сите работи и за оваа, инсистира првата недела да ги добие информациите, втората да има некакви ставови на хартија и за месец дена да има некакво решение. Во однос на тунелот кој беше откриен во дворот на затворот, Лога рече институциите се благовремено известени и дека МВР и ЈО ќе излезат со повеќе детали

The post Лога ветува дека за месец дена ќе има решение за проблемот со дискриминација на жените затворенички appeared first on Република.

]]>
Детска клиника продолжува со дискриминација – таткото не може да биде придружник на болно дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detska-klinika-prodolzhuva-so-diskriminatsija-tatkoto-ne-mozhe-da-bide-pridruzhnik-na-bolno-dete/ Tue, 28 Feb 2023 10:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=614098

Ве известуваме дека со цел спречување на родова дискриминација, на ЈЗУ У Клиника за детски болести ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа. Пациентот и таткото придружник треба да бидат сместени во соба каде исто така престојуваат пациент и татко придружник, доколку тоа го дозволува карактерот на болеста.

Ова е соопштение кое стои на огласната табла на Детска Клиника. Доаѓа откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) пред неколку месеци ѝ препорача на Клиниката за детски болести во Скопје во рок од 90 дена да ја отстрани дискриминаторската практика и да пронајде начин да овозможи услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца.

Но дали ова се почитува во пракса или е само одлука на хартија, зошто хартијата трпи сѐ?! Родителите и понатаму се жалат дека имаат проблем затоа што не се дозволува таткото да биде придружник додека детето лежи во болница.

-Двете деца ми беа со висока температура која тешко се спушташе. Постарото и повраќаше поради што морав ноќта да го однесам на преглед. Сопругата остана дома со помалото. На Детска Клиника ми рекоа дека е дехидриран и мора да биде хоспитализиран. Реков дека јас ќе останам со него, но не ми дозволија под изговор дека има само еден слободен кревет, а во таа соба веќе лежи мајка. Морало да дојде мајката, која беше дома со мало дете со висока температура. Останав јас дома сам со мало болно дете, сопругата со големиот во болница иако сметав дека за детето дома кое е болно е подобро да остане со мајка му, а јас да бидам со поголемиот со оглед дека сепак во болница има доктори, сестри, нема да сум сам со болно дете. Но немало соба... Наводно. Сопругата беше сместена сама во соба со детето, сосема спротивно од она што ми го кажаа кога ги хоспитализираа. Очигледно во нивното соопштение она „ ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа“ е ставено за изговор за да не се примаат татковци. Праксата со родова дискриминација немаат намера да ја променат - вели татко на 6 годишно дете кое било хоспитализирано.

Тој не е единствениот кој се соочил со ваков проблем. Мајка на бебе раскажува дека била приморана да го остави бебето, доенче дома, затоа што болницата не дозволила таткото да лежи со болно дете.

-Имам три деца, едно доенче. Најстарото се разболе и мораше да биде хоспитализирано. Сметавме дека е најдобро таткото да остане со него, а јас да бидам дома со останатите две, од кои едното неполни 3 години, другото неполна година. Но не ни дозволија, немало соба во која може татко да биде сместен. А имаше празни соби на катот каде што бев сместена. Прашав, ми креваа раменици, не знаеле зошто дежурниот доктор кој не хоспитализираше проценил дека нема услови таткото да биде придружник - изјавува мајка на хоспитализирано дете.

Со истиот проблем се соочило и семејство со дете со пречки во развој. Се работи за 7 годишно детенце, на кое му треба помош при движење, станување, одење во тоалет.

-Детето веќе е големо и е тешко за кревање. Мајка му доби хернија од кревање, треба да се оперира. Побаравме дали има можност јас да бидам придружник но не ни дозволија, немале услови и пракса за такво нешто. Не се објаснувавме зошто бараме јас да останам, а не мајката. Рековме такви се правилата, ќе стиснеме заби ќе истуркаме. Дури откако излеговме од болница разбравме дека има одлука од Комисијата за дискриминација дека треба да се дозволи татко да остане со детето во болница наместо мајка - коментира татко на кој му била ускратена законската можност тој да остане во болница со болното дете.

Родителите бараат да се преземат мерки и да и се оневозможи на Детска Клиника да ја заобиколува одлуката на Комисијата за дискриминација со која се бара да се пронајде начин да се овозможат услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца. Со самото соопштение на огласна табла дека ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа Клиниката си остава простор да продолжи со дискриминаторскиот однос.

-Не е Клиниката таа која треба да процени дали е неопходно таткото да остане со детето наместо мајката. Тоа е одлука на семејството, а клиниката да не дискриминира. Ако и се дозволат вакви изговори на Клиника одлуката на Комисијата останува само на хартија - велат родителите.

Во одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација стои дека ако лицето кон кое е упатена препораката не постапи по истата, ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. Според нив продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

Но уште при објавување на одлуката Клиниката ја известила Комисијата дека како јавна здравствена установа постојано прави напори за да обезбеди колку што е можно подобри и посоодветни услови за заштита и грижа на здравјето на децата, но има ограничен простор на располагање, па поради тоа просторните услови не дозволуваат физички односно во различни простории да се поделат децата кои се со придружник мајка и децата кои се со придружник татко.

Клиниката наведува дека и во ваква ситуација кога болничките соби се сместени повеќе лица во придружба со нивните мајки, за мајките би било несоодветно во истата соба да биде сместено и возрасно лице од машки пол имајќи предвид дека во истите простории придружниците поминуваат повеќе денови па истите користат тоалет, се пресоблекуваат итн. Единствена причина поради која евентуално би можело да се случи на родител-татко да не му биде дозволено да биде придружник на своето дете во нивната клиника е поради тоа што не е соодветно родители од различни полови заедно со своите деца да престојуваат во заеднички простории.

Во својата одлука, Комисијата посочува дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација се забранува секоја дискриминација врз која било дискриминаторска основа, вклучително и полот.

Продолжена дискриминација претставува потежок облик на дискриминација-дискриминација што е вршена врз едно лице или група непрекинато, во подолг временски период , врз дискриминаторски основи е утврден во случајот од причина што е земен во предвид и фактот дека дискриминација по ова прашање се констатирала и во 2016 од Народниот правобранител и дека и покрај тоа што се дадени препораки и насоки за отстранување на дискриминацијата до Универзитетската клиника и директорите на клиниките каде што постојат детски одделенија сѐ уште не се спроведени.

The post Детска клиника продолжува со дискриминација – таткото не може да биде придружник на болно дете appeared first on Република.

]]>

Ве известуваме дека со цел спречување на родова дискриминација, на ЈЗУ У Клиника за детски болести ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа. Пациентот и таткото придружник треба да бидат сместени во соба каде исто така престојуваат пациент и татко придружник, доколку тоа го дозволува карактерот на болеста. Ова е соопштение кое стои на огласната табла на Детска Клиника. Доаѓа откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) пред неколку месеци ѝ препорача на Клиниката за детски болести во Скопје во рок од 90 дена да ја отстрани дискриминаторската практика и да пронајде начин да овозможи услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца. Но дали ова се почитува во пракса или е само одлука на хартија, зошто хартијата трпи сѐ?! Родителите и понатаму се жалат дека имаат проблем затоа што не се дозволува таткото да биде придружник додека детето лежи во болница.
-Двете деца ми беа со висока температура која тешко се спушташе. Постарото и повраќаше поради што морав ноќта да го однесам на преглед. Сопругата остана дома со помалото. На Детска Клиника ми рекоа дека е дехидриран и мора да биде хоспитализиран. Реков дека јас ќе останам со него, но не ми дозволија под изговор дека има само еден слободен кревет, а во таа соба веќе лежи мајка. Морало да дојде мајката, која беше дома со мало дете со висока температура. Останав јас дома сам со мало болно дете, сопругата со големиот во болница иако сметав дека за детето дома кое е болно е подобро да остане со мајка му, а јас да бидам со поголемиот со оглед дека сепак во болница има доктори, сестри, нема да сум сам со болно дете. Но немало соба... Наводно. Сопругата беше сместена сама во соба со детето, сосема спротивно од она што ми го кажаа кога ги хоспитализираа. Очигледно во нивното соопштение она „ ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа“ е ставено за изговор за да не се примаат татковци. Праксата со родова дискриминација немаат намера да ја променат - вели татко на 6 годишно дете кое било хоспитализирано.
Тој не е единствениот кој се соочил со ваков проблем. Мајка на бебе раскажува дека била приморана да го остави бебето, доенче дома, затоа што болницата не дозволила таткото да лежи со болно дете.
-Имам три деца, едно доенче. Најстарото се разболе и мораше да биде хоспитализирано. Сметавме дека е најдобро таткото да остане со него, а јас да бидам дома со останатите две, од кои едното неполни 3 години, другото неполна година. Но не ни дозволија, немало соба во која може татко да биде сместен. А имаше празни соби на катот каде што бев сместена. Прашав, ми креваа раменици, не знаеле зошто дежурниот доктор кој не хоспитализираше проценил дека нема услови таткото да биде придружник - изјавува мајка на хоспитализирано дете.
Со истиот проблем се соочило и семејство со дете со пречки во развој. Се работи за 7 годишно детенце, на кое му треба помош при движење, станување, одење во тоалет.
-Детето веќе е големо и е тешко за кревање. Мајка му доби хернија од кревање, треба да се оперира. Побаравме дали има можност јас да бидам придружник но не ни дозволија, немале услови и пракса за такво нешто. Не се објаснувавме зошто бараме јас да останам, а не мајката. Рековме такви се правилата, ќе стиснеме заби ќе истуркаме. Дури откако излеговме од болница разбравме дека има одлука од Комисијата за дискриминација дека треба да се дозволи татко да остане со детето во болница наместо мајка - коментира татко на кој му била ускратена законската можност тој да остане во болница со болното дете.
Родителите бараат да се преземат мерки и да и се оневозможи на Детска Клиника да ја заобиколува одлуката на Комисијата за дискриминација со која се бара да се пронајде начин да се овозможат услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца. Со самото соопштение на огласна табла дека ќе се примаат и татковци придружници кога тоа е неопходно и доколку одделот има можност за тоа Клиниката си остава простор да продолжи со дискриминаторскиот однос.
-Не е Клиниката таа која треба да процени дали е неопходно таткото да остане со детето наместо мајката. Тоа е одлука на семејството, а клиниката да не дискриминира. Ако и се дозволат вакви изговори на Клиника одлуката на Комисијата останува само на хартија - велат родителите.
Во одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација стои дека ако лицето кон кое е упатена препораката не постапи по истата, ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци. Според нив продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација. Но уште при објавување на одлуката Клиниката ја известила Комисијата дека како јавна здравствена установа постојано прави напори за да обезбеди колку што е можно подобри и посоодветни услови за заштита и грижа на здравјето на децата, но има ограничен простор на располагање, па поради тоа просторните услови не дозволуваат физички односно во различни простории да се поделат децата кои се со придружник мајка и децата кои се со придружник татко. Клиниката наведува дека и во ваква ситуација кога болничките соби се сместени повеќе лица во придружба со нивните мајки, за мајките би било несоодветно во истата соба да биде сместено и возрасно лице од машки пол имајќи предвид дека во истите простории придружниците поминуваат повеќе денови па истите користат тоалет, се пресоблекуваат итн. Единствена причина поради која евентуално би можело да се случи на родител-татко да не му биде дозволено да биде придружник на своето дете во нивната клиника е поради тоа што не е соодветно родители од различни полови заедно со своите деца да престојуваат во заеднички простории. Во својата одлука, Комисијата посочува дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација се забранува секоја дискриминација врз која било дискриминаторска основа, вклучително и полот. Продолжена дискриминација претставува потежок облик на дискриминација-дискриминација што е вршена врз едно лице или група непрекинато, во подолг временски период , врз дискриминаторски основи е утврден во случајот од причина што е земен во предвид и фактот дека дискриминација по ова прашање се констатирала и во 2016 од Народниот правобранител и дека и покрај тоа што се дадени препораки и насоки за отстранување на дискриминацијата до Универзитетската клиника и директорите на клиниките каде што постојат детски одделенија сѐ уште не се спроведени.

The post Детска клиника продолжува со дискриминација – таткото не може да биде придружник на болно дете appeared first on Република.

]]>
Се стравува од дискриминаторски напади: Турција ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни ако патуваат во Европа и САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-stravuva-od-diskriminatorski-napadi-turtsija-gi-predupredi-svoite-gragani-da-bidat-vnimatelni-ako-patuvaat-vo-evropa-i-sad/ Sun, 29 Jan 2023 12:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=602234

Турција ги предупреди своите граѓани за можни дискриминаторски напади во Европа и САД по серијата исламофобични инциденти и откако Шведска, Норвешка и Данска издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција.

Граѓаните кои живеат или патуваат во Европа или САД треба да бидат внимателни и да избегнуваат области со големи демонстрации. Неодамнешните исламофобични и расистички дејствија против Турција, извршени од групи поврзани со терористички организации, покажаа опасно ниво на верска нетрпеливост и омраза во Европа“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Тензиите меѓу Турција и некои европски земји, вклучително и Шведска, која сака да стане членка на НАТО алијансата, неодамна се зголемија поради протестите кои Анкара ги смета за исламофобични или антитурски.

The post Се стравува од дискриминаторски напади: Турција ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни ако патуваат во Европа и САД appeared first on Република.

Усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/usvoen-aktsiskiot-plan-za-realizatsija-i-sproveduvane-na-natsionalnata-strategija-za-ednakvost-i-nediskriminatsija/ Tue, 10 Jan 2023 14:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=595461

На владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година.

Како што информира владината прес-служба, усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година.

Националната стратегија, велат од Владата, е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа

The post Усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација appeared first on Република.

]]>

На владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година. Како што информира владината прес-служба, усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година. Националната стратегија, велат од Владата, е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа

The post Усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација appeared first on Република.

]]>
Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/godinite-prechka-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-nadomestok-poradi-poprechenost/ Sun, 27 Nov 2022 08:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=578634

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда.

Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.

Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.

Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право.

Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител.

Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Република Македонија за 2020 година.

Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.

The post Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост appeared first on Република.

]]>

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита. Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда. Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице. Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот. Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право. Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител. Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Република Македонија за 2020 година. Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.

The post Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост appeared first on Република.

]]>
„Ромка си, можеш само да чистиш“: Жените Ромки сè уште се дискриминирани при вработување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/romka-si-mozesh-samo-da-chistish-zenite-romki-se-ushte-se-diskriminirani-pri-vrabotuvanje/ Sun, 09 Oct 2022 09:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=559001

Истражувањата недвосмислено ја потврдуваат дискриминацијата при вработување на жените Ромки локално во Куманово и во државата. И во 21 век, резултати практично нема, иако на хартија „цветаат рози“.

Жените Ромки двојно се дискриминирани при вработување, покажуваат податоците на граѓанските здруженија. Првичната дискриминација почнува во семејствата каде сè уште има остра поделба на улогите помеѓу мажите и жените. Дискриминацијата продолжува и во општеството, бидејќи жените Ромки влегуваат во првите три места по најмалку вработени во државата.

„Ромка си, можеш само да чистиш!“

Две млади жени сведочат за нивната засега, безуспешна, десетгодишна борба за работно место како продавачки во трговски објекти. Кумановките раскажуваат дека штом ќе влезат на интервју за работа, задолжените за избор ги одмеруваат каква облека носат и како изгледаат. Често велат сведочеле на наизменични погледи со омаловажување. Никогаш никој не им кажал дека не ги вработува затоа што се Ромки, туку дека во моментов е пополнето работното место.

Дваесет и петгодишната кумановка Рубија Агуши има слично искуство. Таа вели дека често се чувствувала дискриминирано, бидејќи е одбивана да најде работа поради етничката припадност, пред сè вели, заради бојата на кожата. Тврди дека го забележала, тој крајно дискриминаторски поглед.

Знам дека ме одбиваат дека сум Ромка, никој не може да ми докаже спротивно - вели Агуши.

Таа вели дека често конкурирала со познаници од други етнички заедници и оти обично на места продавачки се вработувале Македонки, Албанки, речиси никогаш Ромка.

Пред две години вели, за чудо, првпат ја примиле како продавачка во месарница, и работела одреден период. Сега повторно е без работа, бидејќи при повреда за време на боледувањето ја замениле со друга работничка. Во моментов повторно бара работа, но ќе се доедуцира за работа со деца што и е дамнешна желба.

Три години постарата Неврија Иљазова во моментов бара работа каде било. Често е одбивана заради различни причини, најчесто поради недоволно искуство, никогаш директно бидејќи е Ромка, но потенцира, знае дека токму заради нејзината етничка припадност не котира добро меѓу работодавците. Изминативе десет години упорно барала работа во приватниот сектор.

Сега од февруари барам интензивно, но бидејќи сум Ромка ме одбиваат секаде каде ќе аплицирам. Од приватни причини моите родители не ме запишаа во средно образование, останав само со основно, но сега разгледувам можности сама да продолжам со образованието и да земам диплома од средно. Пред 14 години завршив со основното образование, барав работа во приватниот сектор, ама за жал никаде не најдов - вели Иљазова.

Дискриминацијата тешко се докажува – нема пријави во КСЗД и Народниот правобранител.

Извор: МИА

The post „Ромка си, можеш само да чистиш“: Жените Ромки сè уште се дискриминирани при вработување appeared first on Република.

]]>

Истражувањата недвосмислено ја потврдуваат дискриминацијата при вработување на жените Ромки локално во Куманово и во државата. И во 21 век, резултати практично нема, иако на хартија „цветаат рози“. Жените Ромки двојно се дискриминирани при вработување, покажуваат податоците на граѓанските здруженија. Првичната дискриминација почнува во семејствата каде сè уште има остра поделба на улогите помеѓу мажите и жените. Дискриминацијата продолжува и во општеството, бидејќи жените Ромки влегуваат во првите три места по најмалку вработени во државата.

„Ромка си, можеш само да чистиш!“

Две млади жени сведочат за нивната засега, безуспешна, десетгодишна борба за работно место како продавачки во трговски објекти. Кумановките раскажуваат дека штом ќе влезат на интервју за работа, задолжените за избор ги одмеруваат каква облека носат и како изгледаат. Често велат сведочеле на наизменични погледи со омаловажување. Никогаш никој не им кажал дека не ги вработува затоа што се Ромки, туку дека во моментов е пополнето работното место. Дваесет и петгодишната кумановка Рубија Агуши има слично искуство. Таа вели дека често се чувствувала дискриминирано, бидејќи е одбивана да најде работа поради етничката припадност, пред сè вели, заради бојата на кожата. Тврди дека го забележала, тој крајно дискриминаторски поглед.
Знам дека ме одбиваат дека сум Ромка, никој не може да ми докаже спротивно - вели Агуши.
Таа вели дека често конкурирала со познаници од други етнички заедници и оти обично на места продавачки се вработувале Македонки, Албанки, речиси никогаш Ромка. Пред две години вели, за чудо, првпат ја примиле како продавачка во месарница, и работела одреден период. Сега повторно е без работа, бидејќи при повреда за време на боледувањето ја замениле со друга работничка. Во моментов повторно бара работа, но ќе се доедуцира за работа со деца што и е дамнешна желба. Три години постарата Неврија Иљазова во моментов бара работа каде било. Често е одбивана заради различни причини, најчесто поради недоволно искуство, никогаш директно бидејќи е Ромка, но потенцира, знае дека токму заради нејзината етничка припадност не котира добро меѓу работодавците. Изминативе десет години упорно барала работа во приватниот сектор.
Сега од февруари барам интензивно, но бидејќи сум Ромка ме одбиваат секаде каде ќе аплицирам. Од приватни причини моите родители не ме запишаа во средно образование, останав само со основно, но сега разгледувам можности сама да продолжам со образованието и да земам диплома од средно. Пред 14 години завршив со основното образование, барав работа во приватниот сектор, ама за жал никаде не најдов - вели Иљазова.
Дискриминацијата тешко се докажува – нема пријави во КСЗД и Народниот правобранител. Извор: МИА

The post „Ромка си, можеш само да чистиш“: Жените Ромки сè уште се дискриминирани при вработување appeared first on Република.

]]>
Во училиштата има булинг и дискриминација, ама не се пријавува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-uchilishtata-ima-buling-i-diskriminacija-ama-ne-se-prijavuva/ Tue, 10 May 2022 16:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=500631

Од декември 2021 до февруари 2022.година, во рамки на истражувањето спроведено од Институтот за човекови права, биле анкетирани 995 ученици и 255 наставници за темата булинг, говор на омраза и дискриминација.

И учениците и наставниците сметаат дека говорот на омраза е најраспостранет на социјалните мрежи.

Според наодите од истражувањето кои беа презентирани на денешната конференција, мнозинството испитаници сметаат дека само мал дел од булингот се пријавува, а најмногу се случува во основно училиште. Во однос на полот, девојчињата за разлика од момчињата, сметаат дека врсничкото насилство е поприсутно во нивното училиште. Учениците сметаат дека говорот на омраза најчесто го има на социјалните мрежи и во изминатата година oколу една четвртина од нив биле изложени на некоја форма на говор на омраза.

Истражувањето упатува на заклучок дека постои голема тешкотија да се зборува за личното искуство со говор на омраза од перспектива на жртва. Додека голем број ученици сметаат дека омразата е изразена преку говор во училиште е честа појава, само мал дел се спремни да зборуваат, а оттука и да пријават доколку биле жртви на говор на омраза.

Претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, изјави дека децата на различни начини се повредуваат меѓу себе – физички напади, кои може и да не се силни но да имаат дискриминаторска намера, потоа говорните навреди за изгледот, сексуална ориентација, родовата припадност итн. Наставниците и учениците, рече таа, биле пријатно изненадени и одговарале на нивните прашања, но се неподготвени овие проблеми да ги изнесат во јавност и да пријавуваат дискриминации, булинг и други вознемирувања.

„Зачудувачки лоши резултати има за тоа што се случува во училиштата – и во основните и во средните. Дискриминацијата е многу присутна, а социјалните мрежи имаат многу голема улога. Децата знаат да бидат неверојатно јаки во навредувањето, а од другата страна децата кои се навредувани и дискриминирани немаат големи можности за одбрана. Нивната единствена одбрана е тоа да го пријават, а прашање е каде ќе пријават и кој во моментот ќе реагира – дали наставниците или психолозите во училиштата кои се од голема важност. Сето тоа мора да биде многу поканализирано и да има поголема спремност да се преземат активности. Пошироката јавност да биде запозната и да можат и децата и родителите и наставниците да реагираат“, изјави Николовска.

Според неа, во наставните програми треба да има содржини за препознавање дискриминација, што значи таа кај децата, како да се избегнува и како тие да се заштитат. Во спречување на врсничкото насилство, нагласи таа, голема улога имаат родителите, наставниците, а и самите деца да се охрабруваат да пријавуваат и да има инструменти за да се реагира.

Гордана Блажевска-Спиридонова, училишен психолог во скопската гимназија „Никола Карев“, истакна дека е важно децата да ги разликуваат формите на насилство и да препознаат дека има, на пример и емоционално и социјално насилство.

„Може да биде форма на насилство ако некое дете го изолираме, не го дружиме, не го викнеме на роденден, го исфрлиме од групата на социјалната мрежа што сме ја формирале и тоа дете може да има последици. Тие мислат дека имаат право на вакво однесување. Присутни се сите форми на вербално и психичко насилство и ги практикуваат. И ние сме средина која нормализира различни форми на насилство поради што децата ги читаат ваквите пораки и сметаат дека е тоа социјално прифатливо однесување. Единствен начин за справување е редовно да се зборува со децата дека ова е неприфатливо однесување, да се развива емпатичност/сочувствителност, која е основна бариера пред суровоста. Ако не препознаваме како некој непријатно се чувствува кога ќе му кажеме вака или онака, тогаш ќе бидеме сурови мислејќи дека имаме право на изразување, рече Блажевска-Спиридонова.

Според заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу, за да се промени состојбата во која две третини од анкетираните средношколци потврдуваат присуство на булинг, потребна е поголема проактивност и на институционално и на лично ниво и дека битката за ваквата појава во општеството, рече, се почнува во семејството во кое детето ги учи моралните вредности.

„Образованието е најдобар механизам системски да се влијае на однесувањето на цели генерации и за позитивна трансформација на општеството. Во оваа насока, МОН со низа партнери спроведува повеќе проекти, активности и крупни реформски процеси со кои се менува основата на образовниот систем. Новите наставни програми и материјали за учење ги насочуваат учениците кон граѓански вредности поврзани со родовата еднаквост, инклузивноста, мултикултурализмот, толеранцијата и почитување на различностите. Новите наставни материјали не поддржуваат предрасуди и ги прикажуваат лицата од ранливите групи како рамноправни членови на општеството. Ние работиме на создавање училишна клима во која сите ученици се чувствуваат прифатени и поддржани“, рече Алиу и додаде дека МОН ќе ги земе предвид презентираните резултати од истражувањето и тие ќе му помогнат во креирање на идните политики.

Притоа соопшти дека се подготвува нова програма за психолошко советување на родителите на учениците и на самите ученици кои во текот на воспитно-образовниот процес покажуваат однесување несоодветно на нивната возраст, доживеале некоја форма на насилство, драстично го намалиле успехот во учењето итн.

The post Во училиштата има булинг и дискриминација, ама не се пријавува appeared first on Република.

]]>

Од декември 2021 до февруари 2022.година, во рамки на истражувањето спроведено од Институтот за човекови права, биле анкетирани 995 ученици и 255 наставници за темата булинг, говор на омраза и дискриминација. И учениците и наставниците сметаат дека говорот на омраза е најраспостранет на социјалните мрежи. Според наодите од истражувањето кои беа презентирани на денешната конференција, мнозинството испитаници сметаат дека само мал дел од булингот се пријавува, а најмногу се случува во основно училиште. Во однос на полот, девојчињата за разлика од момчињата, сметаат дека врсничкото насилство е поприсутно во нивното училиште. Учениците сметаат дека говорот на омраза најчесто го има на социјалните мрежи и во изминатата година oколу една четвртина од нив биле изложени на некоја форма на говор на омраза. Истражувањето упатува на заклучок дека постои голема тешкотија да се зборува за личното искуство со говор на омраза од перспектива на жртва. Додека голем број ученици сметаат дека омразата е изразена преку говор во училиште е честа појава, само мал дел се спремни да зборуваат, а оттука и да пријават доколку биле жртви на говор на омраза. Претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, изјави дека децата на различни начини се повредуваат меѓу себе – физички напади, кои може и да не се силни но да имаат дискриминаторска намера, потоа говорните навреди за изгледот, сексуална ориентација, родовата припадност итн. Наставниците и учениците, рече таа, биле пријатно изненадени и одговарале на нивните прашања, но се неподготвени овие проблеми да ги изнесат во јавност и да пријавуваат дискриминации, булинг и други вознемирувања. „Зачудувачки лоши резултати има за тоа што се случува во училиштата – и во основните и во средните. Дискриминацијата е многу присутна, а социјалните мрежи имаат многу голема улога. Децата знаат да бидат неверојатно јаки во навредувањето, а од другата страна децата кои се навредувани и дискриминирани немаат големи можности за одбрана. Нивната единствена одбрана е тоа да го пријават, а прашање е каде ќе пријават и кој во моментот ќе реагира – дали наставниците или психолозите во училиштата кои се од голема важност. Сето тоа мора да биде многу поканализирано и да има поголема спремност да се преземат активности. Пошироката јавност да биде запозната и да можат и децата и родителите и наставниците да реагираат“, изјави Николовска. Според неа, во наставните програми треба да има содржини за препознавање дискриминација, што значи таа кај децата, како да се избегнува и како тие да се заштитат. Во спречување на врсничкото насилство, нагласи таа, голема улога имаат родителите, наставниците, а и самите деца да се охрабруваат да пријавуваат и да има инструменти за да се реагира. Гордана Блажевска-Спиридонова, училишен психолог во скопската гимназија „Никола Карев“, истакна дека е важно децата да ги разликуваат формите на насилство и да препознаат дека има, на пример и емоционално и социјално насилство. „Може да биде форма на насилство ако некое дете го изолираме, не го дружиме, не го викнеме на роденден, го исфрлиме од групата на социјалната мрежа што сме ја формирале и тоа дете може да има последици. Тие мислат дека имаат право на вакво однесување. Присутни се сите форми на вербално и психичко насилство и ги практикуваат. И ние сме средина која нормализира различни форми на насилство поради што децата ги читаат ваквите пораки и сметаат дека е тоа социјално прифатливо однесување. Единствен начин за справување е редовно да се зборува со децата дека ова е неприфатливо однесување, да се развива емпатичност/сочувствителност, која е основна бариера пред суровоста. Ако не препознаваме како некој непријатно се чувствува кога ќе му кажеме вака или онака, тогаш ќе бидеме сурови мислејќи дека имаме право на изразување, рече Блажевска-Спиридонова. Според заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу, за да се промени состојбата во која две третини од анкетираните средношколци потврдуваат присуство на булинг, потребна е поголема проактивност и на институционално и на лично ниво и дека битката за ваквата појава во општеството, рече, се почнува во семејството во кое детето ги учи моралните вредности. „Образованието е најдобар механизам системски да се влијае на однесувањето на цели генерации и за позитивна трансформација на општеството. Во оваа насока, МОН со низа партнери спроведува повеќе проекти, активности и крупни реформски процеси со кои се менува основата на образовниот систем. Новите наставни програми и материјали за учење ги насочуваат учениците кон граѓански вредности поврзани со родовата еднаквост, инклузивноста, мултикултурализмот, толеранцијата и почитување на различностите. Новите наставни материјали не поддржуваат предрасуди и ги прикажуваат лицата од ранливите групи како рамноправни членови на општеството. Ние работиме на создавање училишна клима во која сите ученици се чувствуваат прифатени и поддржани“, рече Алиу и додаде дека МОН ќе ги земе предвид презентираните резултати од истражувањето и тие ќе му помогнат во креирање на идните политики. Притоа соопшти дека се подготвува нова програма за психолошко советување на родителите на учениците и на самите ученици кои во текот на воспитно-образовниот процес покажуваат однесување несоодветно на нивната возраст, доживеале некоја форма на насилство, драстично го намалиле успехот во учењето итн.

The post Во училиштата има булинг и дискриминација, ама не се пријавува appeared first on Република.

]]>
Велат дека Бугарите биле дискриминирани, а само еден досега се пожалил на Комисијата за дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velat-deka-bugarite-bile-diskriminirani-a-samo-eden-dosega-se-pozalil-na-komisijata-za-diskriminacija/ Mon, 31 Jan 2022 10:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=451864

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат.

– При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, појасни Бендевска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.

Таа истакна дека Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има веб-страна со детални податоци за случаите што ги имаат, колку се решени, до каде е постапката со одреден случај, а по ново можат електронски да поднесат претставка.

Претседателката на Комисијата ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата.

Бендевска додаде дека работата на Комисијата има ефект, иако некои од дискриминаторите не ја признаваат институцијата, поради тоа што не ја разбираат нејзината надлежност.

– Граѓанинот не мора ни да знае како да ја формулира претставката, доволно е да изнесе поради што ја поднесува претставката. Ние имаме право без најава да влеземе кај пријавениот за дискриминација и да извршиме увид па да го формулираме основот или основите на дискриминација, вели Бендевска.

Претставки може да поднесуваат и правни лица, односно здруженија кои се борат против дискриминациски основи. Најмногу од претставките што ги добиле, Бендевска посочи дека се поврзани со дискриминација на работното место

The post Велат дека Бугарите биле дискриминирани, а само еден досега се пожалил на Комисијата за дискриминација appeared first on Република.

]]>

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат.
– При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, појасни Бендевска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.
Таа истакна дека Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има веб-страна со детални податоци за случаите што ги имаат, колку се решени, до каде е постапката со одреден случај, а по ново можат електронски да поднесат претставка. Претседателката на Комисијата ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата. Бендевска додаде дека работата на Комисијата има ефект, иако некои од дискриминаторите не ја признаваат институцијата, поради тоа што не ја разбираат нејзината надлежност.