дискотеки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskoteki/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 15:46:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дискотеки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskoteki/ 32 32 Трите дискотеки во Шпанија во кои загинаа 13 лица, немале лиценци за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trite-diskoteki-vo-shpanija-vo-koi-zaginaa-13-litsa-nemale-litsentsi-za-rabota/ Mon, 02 Oct 2023 15:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=687199

Трите дискотеки во градот Мурсија во југоисточна Шпанија, кои вчера беа зафатени со пожар во кој 13 луѓе го загубија животот, немале лиценци за работа, изјави денеска советникот за урбанистичко планирање во Мурсија, Антонио Наваро.

За две од нив имаше официјална наредба за затворање уште на почетокот на минатата година, рече Наваро.

Театре и Фонда работеа без лиценца по наредбата за прекин на работата во јануари 2022 година. Градските власти ќе ги гонат одговорните и ќе дејствуваат како тужител во истрагата, рече Наваро, според државната телевизија РТВЕ.

Наредбата за затворање на соседните дискотеки е издадена поради редизајн на внатрешниот простор кој не добил конечно одобрение.

Тринаесет лица загинаа, а 24 се повредени во пожарот што избувна вчера рано изутрината. Причината за пожарот не е утврдена.

Градоначалникот на Мурсија, Хозе Балеста прогласи тридневна жалост, а шпанската полиција почна истрага.

The post Трите дискотеки во Шпанија во кои загинаа 13 лица, немале лиценци за работа appeared first on Република.

]]>

Трите дискотеки во градот Мурсија во југоисточна Шпанија, кои вчера беа зафатени со пожар во кој 13 луѓе го загубија животот, немале лиценци за работа, изјави денеска советникот за урбанистичко планирање во Мурсија, Антонио Наваро. За две од нив имаше официјална наредба за затворање уште на почетокот на минатата година, рече Наваро.
Театре и Фонда работеа без лиценца по наредбата за прекин на работата во јануари 2022 година. Градските власти ќе ги гонат одговорните и ќе дејствуваат како тужител во истрагата, рече Наваро, според државната телевизија РТВЕ.
Наредбата за затворање на соседните дискотеки е издадена поради редизајн на внатрешниот простор кој не добил конечно одобрение. Тринаесет лица загинаа, а 24 се повредени во пожарот што избувна вчера рано изутрината. Причината за пожарот не е утврдена. Градоначалникот на Мурсија, Хозе Балеста прогласи тридневна жалост, а шпанската полиција почна истрага.

The post Трите дискотеки во Шпанија во кои загинаа 13 лица, немале лиценци за работа appeared first on Република.

]]>
Протест пред Влада во среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protest-pred-vlada-vo-sreda/ Sat, 23 Jul 2022 10:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=532376

Преку пораката „Младите треба да живеат, Скопје треба да живее!“, иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ најави протест пред Владата на 27 јули, со почеток во 20 часот.

Ниту еден летен клуб во Скопје сè уште нема добиено лиценца за работа. За таа цел ги повикуваме надлежните да го решат проблемот на метрополата со немањето на понуда за ноќен живот, се вели во најавата.

Синоќа, претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски, во име на летните ноќни клубови истакна дека за разлика од минати години пред пандемијата, кога Скопје сè уште Скопје имал можност да се натпреварува со останати балкански градови во квалитетот на понуда на полноќните настани и програми, ова лето познатите забави веќе не постојат.

После долг период затворени и изолирани од дружење и забава младите повторно немаат каде да се социјализираат и забавуваат. Каде и што е тоа што се променило оваа година за да Mинистерството за економија не може да издаде лиценци, кога три децении летните ноќни клубови истата документација ја добивале? И наместо да се најдат начини и можности да го одржиме барем на минимално ниво ноќниот живот во градот ова лето, скопскиот полноќен живот е во целосен мрак, рече Јосифовски на вчерашната прес-конференција.

Од МВР, пак, велат дека се работи за неколку угостители со објекти во Градски парк, чии барања се правно неиздржани и не исполнуваат сообраќајни услови.

The post Протест пред Влада во среда appeared first on Република.

„Почувствував болка, па омалаксав…“: Страшен тренд се шири низ франсцуските дискотеки, десетици напади со инекции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochuvstvuvav-bolka-pa-omalaksav-strashen-trend-se-shiri-niz-franscuskite-diskoteki-desetici-napadi-so-inekcii/ Sat, 30 Apr 2022 08:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=495628

Најмалку 53 лица тврдат дека имале гадење, вртоглавица, несвестица и дека не можеле да одат откако биле избодени со инјекција на подиумот во неколку француски дискотеки. Обвинителите во голем број градови, вклучувајќи ги Рен, Нант, Тулуз и Гренобл, започнале истрага за инјектирање на штетни материи, иако не нашле докази за да ги потврдат тие тврдења.

Франција го вклучила алармот откако слични случаи биле пријавени и во Британија и во Ирска. Тврдењата дека силувачите сега користат нов метод на зашеметување жртви сè уште се под истрага во овие земји. Вообичаена е претпоставката дека дрогата се става во пијалоци. Но, во овие случаи, дрогата се инјектирала во нозете, рацете, грбот или рамената.

Лекарите во Франција забележале дека на телата на жртвите се видливи црвени траги што укажуваат на тоа дека биле избодени со инекција. На жртвите им се советува да преземат превентивни третмани за ХИВ во случај иглите да се користат неколку пати.

Имало неколку извештаи во медиумите за убоди од игли. Зое Стопиља, 20-годишна студентка од Гренобл, била во ноќен клуб претходно овој месец. Испила чаша алкохол, а откако отишла да дише свеж воздух, почувствувала дека повеќе не може да зборува, да се движи или да гледа.

Тоа траеше 10 минути. Испив една чаша кога пристигнав и веднаш сфатив дека тоа не е алкохол.

Пријателите ја однеле во болница и лекар од брзата помош открил црвена дамка на нејзината нога што докажува дека добила убод од инекција. Таа сега зема терапија за превенција на ХИВ.

„Ова ми уништи добар дел од животот.“, вели Лу-Ан Ле Ру, 16-годишна од Лориен, Бретања, која вели дека почувствувала остра болка во рамото во еден момент за време на музички фестивал. „Почнав да чувствувам напад на паника. Не се чувствував добро. Се грчев, а главата ме болеше сѐ повеќе и повеќе.

Извештаите за напади се широко распространети. Во еден клуб во Монтобан, во југозападниот дел на земјата, две девојки се онесвестиле во неделата наутро, откако околу 50 луѓе истрчале кон излезот од ноќен клуб кога маж на шега извикал: „Избоден сум!“.

Француските истражители во моментов се обидуваат да одговорат на тешкото прашање зошто луѓето биле прободени во клубовите. Тестовите на крв и урина не покажале траги од дрогата што ја користеле силувачите. GHB, психоактивна супстанца позната како дрога за силување, останува во крвта на жртвите само неколку часа, што го отежнува утврдувањето на можноста за нејзино инјектирање. Во клубовите не се пронајдени шприцеви. Исто така, снимките од видео надзор не покажале убоди. Она што уште повеќе ги збунува истражителите е фактот што досега не се пронајдени докази дека боцкањето со игла е поврзано со сексуален напад или кражба.

The post „Почувствував болка, па омалаксав…“: Страшен тренд се шири низ франсцуските дискотеки, десетици напади со инекции appeared first on Република.

]]>

Најмалку 53 лица тврдат дека имале гадење, вртоглавица, несвестица и дека не можеле да одат откако биле избодени со инјекција на подиумот во неколку француски дискотеки. Обвинителите во голем број градови, вклучувајќи ги Рен, Нант, Тулуз и Гренобл, започнале истрага за инјектирање на штетни материи, иако не нашле докази за да ги потврдат тие тврдења. Франција го вклучила алармот откако слични случаи биле пријавени и во Британија и во Ирска. Тврдењата дека силувачите сега користат нов метод на зашеметување жртви сè уште се под истрага во овие земји. Вообичаена е претпоставката дека дрогата се става во пијалоци. Но, во овие случаи, дрогата се инјектирала во нозете, рацете, грбот или рамената. Лекарите во Франција забележале дека на телата на жртвите се видливи црвени траги што укажуваат на тоа дека биле избодени со инекција. На жртвите им се советува да преземат превентивни третмани за ХИВ во случај иглите да се користат неколку пати. Имало неколку извештаи во медиумите за убоди од игли. Зое Стопиља, 20-годишна студентка од Гренобл, била во ноќен клуб претходно овој месец. Испила чаша алкохол, а откако отишла да дише свеж воздух, почувствувала дека повеќе не може да зборува, да се движи или да гледа. Тоа траеше 10 минути. Испив една чаша кога пристигнав и веднаш сфатив дека тоа не е алкохол. Пријателите ја однеле во болница и лекар од брзата помош открил црвена дамка на нејзината нога што докажува дека добила убод од инекција. Таа сега зема терапија за превенција на ХИВ. „Ова ми уништи добар дел од животот.“, вели Лу-Ан Ле Ру, 16-годишна од Лориен, Бретања, која вели дека почувствувала остра болка во рамото во еден момент за време на музички фестивал. „Почнав да чувствувам напад на паника. Не се чувствував добро. Се грчев, а главата ме болеше сѐ повеќе и повеќе. Извештаите за напади се широко распространети. Во еден клуб во Монтобан, во југозападниот дел на земјата, две девојки се онесвестиле во неделата наутро, откако околу 50 луѓе истрчале кон излезот од ноќен клуб кога маж на шега извикал: „Избоден сум!“. Француските истражители во моментов се обидуваат да одговорат на тешкото прашање зошто луѓето биле прободени во клубовите. Тестовите на крв и урина не покажале траги од дрогата што ја користеле силувачите. GHB, психоактивна супстанца позната како дрога за силување, останува во крвта на жртвите само неколку часа, што го отежнува утврдувањето на можноста за нејзино инјектирање. Во клубовите не се пронајдени шприцеви. Исто така, снимките од видео надзор не покажале убоди. Она што уште повеќе ги збунува истражителите е фактот што досега не се пронајдени докази дека боцкањето со игла е поврзано со сексуален напад или кражба.

The post „Почувствував болка, па омалаксав…“: Страшен тренд се шири низ франсцуските дискотеки, десетици напади со инекции appeared first on Република.

]]>