дискотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskoteka/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 17:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дискотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diskoteka/ 32 32 Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-shest-luge-zaginaa-vo-vooruzhen-intsident-vo-diskoteka-vo-meksiko/ Sun, 24 Nov 2024 17:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=841362

Најмалку шест лица загинаа, а десет се повредени откако група непознати напаѓачи отворија оган во дискотека во мексиканскиот град Виљаермос.

Окружното обвинителство соопшти дека напаѓачите влегле во дискотеката да убијат едно лице, а другите жртви се „колатерална штета“.

По инцидентот напаѓачите побегнаа, а властите немаат информации каде се наоѓаат, ниту колку луѓе биле вклучени во нападот.

The post Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест лица загинаа, а десет се повредени откако група непознати напаѓачи отворија оган во дискотека во мексиканскиот град Виљаермос. Окружното обвинителство соопшти дека напаѓачите влегле во дискотеката да убијат едно лице, а другите жртви се „колатерална штета“. По инцидентот напаѓачите побегнаа, а властите немаат информации каде се наоѓаат, ниту колку луѓе биле вклучени во нападот.

The post Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико appeared first on Република.

]]>
Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста, тврдат дека ги нападнало обезбедувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-pred-diskoteka-vo-skopje-momche-zavrshi-so-dupnata-glava-a-negovata-devojka-so-rastsepena-usta-tvrdat-deka-gi-napadnalo-obezbeduvaneto/ Fri, 01 Nov 2024 18:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=833271

Инцидент се случил синоќа пред дискотека во Скопје, кога 20-годишно момче завршило со дупната глава, а на неговата девојка, исто така 20 години, и била расцепена устата. Тие тврдат дека ги нападнало обезбедувањето на дискотеката која се наоѓа во центарот на градот.

Вечерта биле во болница, каде што им биле третирани раните, а случајот е пријавен во полиција.

Нападнатата девојка за „Фактор“ вели дека на ниту еден начин не придонеле за да бидат нападнати. Вели дека само затоа што нејзното момче зборувало со хостесата, човекот од обезбедувањето ги нападнал.

Сите тројца беа на возраст од околу 25/26 години, едниот од нив прво го удри момчето, па мене, но јас откако бев удрена не можев да помогнам“, вели таа. Потоа, како што вели, уште двајца од обезбедувањето му се фрлиле на момчето.

Вели дека откако повикале полиција, напаѓачите избегале. Според неа биле вратари во дискотеката.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека „денеска (01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

The post Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста, тврдат дека ги нападнало обезбедувањето appeared first on Република.

Тепачка на паркинг пред дискотека во Охрид, нападнади жена и маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-na-parking-pred-diskoteka-vo-ohrid-napadnadi-zhena-i-mazh/ Sun, 12 Nov 2023 15:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=700759

На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид. Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки телесни повреди. Околу  10.30 часот во СВР Охрид, Б.Ј. и лично го пријави настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Тепачка на паркинг пред дискотека во Охрид, нападнади жена и маж appeared first on Република.

Страотен пожар, двајца загинати: Изгоре поранешна дискотека на Петроварадин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/straoten-pozhar-dvajtsa-zaginati-izgore-poraneshna-diskoteka-na-petrovaradin/ Sun, 22 Jan 2023 08:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=599525

Две лица загинаа во голем пожар во кој утрово целосно изгоре куќа во Петроварадин, Нови Сад, пренесуваат српските медиуми.

Засега не се познати идентитетот и возраста на жртвите, а се знае само дека се работи за двајца мажи. Полицијата и обвинителството вршат увид, а нешто по 08:00 часот тој улицата е повторно пуштена за сообраќај, јавува Радио 021.

Портпаролот на Итната помош д-р Зоран Круљ вели дека нивна екипа интервенирала околу 5:30 часот. Тие брзо го спречиле ширењето на пожарот на целата зграда, а потоа го изгаснале.

На лице место се пронајдени две јагленосани тела, а тимот им помогна на жени на возраст од 67 и 43 години кои имале стресна реакција. Не се префрлени во болница, туку им била укажана помош на лице место – вели д-р Круљ.

Пожарот избувнал утринава околу 5 часот, а причината сè уште не е позната. Во тој објект, според околните жители, порано била сместена дискотеката „Кабаре авантура“.

The post Страотен пожар, двајца загинати: Изгоре поранешна дискотека на Петроварадин appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа во голем пожар во кој утрово целосно изгоре куќа во Петроварадин, Нови Сад, пренесуваат српските медиуми. Засега не се познати идентитетот и возраста на жртвите, а се знае само дека се работи за двајца мажи. Полицијата и обвинителството вршат увид, а нешто по 08:00 часот тој улицата е повторно пуштена за сообраќај, јавува Радио 021. Портпаролот на Итната помош д-р Зоран Круљ вели дека нивна екипа интервенирала околу 5:30 часот. Тие брзо го спречиле ширењето на пожарот на целата зграда, а потоа го изгаснале. На лице место се пронајдени две јагленосани тела, а тимот им помогна на жени на возраст од 67 и 43 години кои имале стресна реакција. Не се префрлени во болница, туку им била укажана помош на лице место – вели д-р Круљ. Пожарот избувнал утринава околу 5 часот, а причината сè уште не е позната. Во тој објект, според околните жители, порано била сместена дискотеката „Кабаре авантура“.

The post Страотен пожар, двајца загинати: Изгоре поранешна дискотека на Петроварадин appeared first on Република.

]]>
Рација во струмичка дискотека: Пронајдени малолетници, непријавени работници и неевидентиран промет од 125.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/racija-vo-strumichka-diskoteka-pronajdeni-maloletnici-neprijaveni-rabotnici-i-neevidentiran-promet-od-125-000-denari/ Sun, 05 Jun 2022 13:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=511415

Во полициска акција реализирана на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица, се детектирани повеќе неправилности во работењето.

Како што соопштија од МВР, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции.

Од страна на полициските службеници биле извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица.

The post Рација во струмичка дискотека: Пронајдени малолетници, непријавени работници и неевидентиран промет од 125.000 денари appeared first on Република.

]]>

Во полициска акција реализирана на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица, се детектирани повеќе неправилности во работењето. Како што соопштија од МВР, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност. Од полицијата додаваат дека по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции. Од страна на полициските службеници биле извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица.

The post Рација во струмичка дискотека: Пронајдени малолетници, непријавени работници и неевидентиран промет од 125.000 денари appeared first on Република.

]]>
Во дискотека затекнати малолетници, објектот не издавал ниту фискални сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-diskoteka-zateknati-maloletnici-objektot-ne-izdaval-nitu-fiskalni-smetki/ Sun, 24 Apr 2022 11:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=493053

МВР информира дека синоќа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спровеле заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница.

При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца.

Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Во дискотека затекнати малолетници, објектот не издавал ниту фискални сметки appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека синоќа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спровеле заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница. При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца. Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.  

The post Во дискотека затекнати малолетници, објектот не издавал ниту фискални сметки appeared first on Република.

]]>
Дискотеката пред која беше убиен Тот, работи без лиценца: Министерот Бектеши бара инспекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/diskotekata-pred-koja-beshe-ubien-tot-raboti-bez-licenca-ministerot-bekteshi-bara-inspekcija/ Tue, 12 Apr 2022 11:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=487317

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа, тврди „Слободен печат“.

Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова – додаде Бектеши.

Истиот извор наведува дека од државниот пазарен инспекторат најавиле дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако наводно и претходно постапувале.

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, претепан до смрт беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.

The post Дискотеката пред која беше убиен Тот, работи без лиценца: Министерот Бектеши бара инспекција appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа, тврди „Слободен печат“. Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова – додаде Бектеши. Истиот извор наведува дека од државниот пазарен инспекторат најавиле дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако наводно и претходно постапувале. Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, претепан до смрт беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.

The post Дискотеката пред која беше убиен Тот, работи без лиценца: Министерот Бектеши бара инспекција appeared first on Република.

]]>