Диши љубов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dishi-ljubov/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Mar 2022 08:13:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Диши љубов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dishi-ljubov/ 32 32 „Диши љубов“ – музика за љубовта, за градот, за воздухот вечерва премиерно во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dishi-ljubov-muzika-za-ljubovta-za-gradot-za-vozduhot-vecherva-premierno-vo-filharmonija/ Fri, 25 Mar 2022 08:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=478192

Музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера на 25 март (петок) во Концертната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот. Станува збор за сосема нов и уникатен проект со музика на композиторот и диригентот Џијан Емин и текстови на музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни раскажува љубовна приказна полна со емоции – микс на носталгија и надеж за подобро утре.

Музиката ќе биде изведена од бендот „оВо“ составен од извонредните и веќе добро познати музичари на македонската јавност: Џијан Емин – гитара и вокал; Драган Гиновски Гино – гитара; Ади Имери – гитара и вокал; Дарко Мучев Мучо – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани, заедно со „Магичниот гудачки ансамбл“ во кој членуваат музички уметници од Филхармонија и хорот „Магични гласови“. Сцената ќе биде збогатена со визуелни ефекти специјално создадени за овој настан од страна на уметникот Емил Петров.

„Диши љубов“ пее за љубовта прикажана во сите нејзини лица - тажна, меланхолична, дури и трагична, среќна, возбудлива или полна со страст. Љубовта која сите не „демне“ во текот на сиот наш живот, љубовта без која не би можеле да опстоиме, без која не би можеле да дишеме, љубовта по која копнееме. Пее за Скопје, за здивот и духот на градот. Всушност, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои - воздухот и љубовта.

Инспирацијата да се реализира овој концерт првично произлезе од проблемот со кој годиниве наназад се соочува Македонија – загадениот воздух и се што тоа повлекува со себе, особено свеста за екологијата и за човечкото здравје. Од друга страна, проектот се доживува и како чисто љубовен, бидејќи самата тематика се базира на онаа првична, наивна љубов, на взаемна страст помеѓу двајца партнери. Концертот е замислен да се реализира на две нивоа. Првото ниво е изведба на песни кои во себе ја содржат веќе споменатата идеја, а второто ниво е нарација на расказ со љубовна тематика поткрепена со инструментална музика, што на целиот проект му дава една сосема нова и поинаква димензија“, велат авторите на „Диши љубов“.

Песните ќе бидат испеани целосно на македонски јазик, а музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од 80-тите и особено од музиката од 90-тите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје.

The post „Диши љубов“ – музика за љубовта, за градот, за воздухот вечерва премиерно во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера на 25 март (петок) во Концертната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот. Станува збор за сосема нов и уникатен проект со музика на композиторот и диригентот Џијан Емин и текстови на музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни раскажува љубовна приказна полна со емоции – микс на носталгија и надеж за подобро утре. Музиката ќе биде изведена од бендот „оВо“ составен од извонредните и веќе добро познати музичари на македонската јавност: Џијан Емин – гитара и вокал; Драган Гиновски Гино – гитара; Ади Имери – гитара и вокал; Дарко Мучев Мучо – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани, заедно со „Магичниот гудачки ансамбл“ во кој членуваат музички уметници од Филхармонија и хорот „Магични гласови“. Сцената ќе биде збогатена со визуелни ефекти специјално создадени за овој настан од страна на уметникот Емил Петров. „Диши љубов“ пее за љубовта прикажана во сите нејзини лица - тажна, меланхолична, дури и трагична, среќна, возбудлива или полна со страст. Љубовта која сите не „демне“ во текот на сиот наш живот, љубовта без која не би можеле да опстоиме, без која не би можеле да дишеме, љубовта по која копнееме. Пее за Скопје, за здивот и духот на градот. Всушност, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои - воздухот и љубовта.
Инспирацијата да се реализира овој концерт првично произлезе од проблемот со кој годиниве наназад се соочува Македонија – загадениот воздух и се што тоа повлекува со себе, особено свеста за екологијата и за човечкото здравје. Од друга страна, проектот се доживува и како чисто љубовен, бидејќи самата тематика се базира на онаа првична, наивна љубов, на взаемна страст помеѓу двајца партнери. Концертот е замислен да се реализира на две нивоа. Првото ниво е изведба на песни кои во себе ја содржат веќе споменатата идеја, а второто ниво е нарација на расказ со љубовна тематика поткрепена со инструментална музика, што на целиот проект му дава една сосема нова и поинаква димензија“, велат авторите на „Диши љубов“.
Песните ќе бидат испеани целосно на македонски јазик, а музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од 80-тите и особено од музиката од 90-тите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје.

The post „Диши љубов“ – музика за љубовта, за градот, за воздухот вечерва премиерно во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Музичко-поетски-визуелен перформанс „Диши љубов“ в петок во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichko-poetski-vizuelen-performans-dishi-ljubov-v-petok-vo-filharmonija/ Tue, 22 Mar 2022 11:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=476564

Music Incubator & ЗЏМ ви претставуваат: Музичко-поетски-визуелен перформанс ДИШИ ЉУБОВ

Магично патување низ сите лица на љубовта, заедно со: „оVo“- Џијан Емин – гитара, вокал Драган Гиновски – гитара, Ади Имери – гитара, вокал, Дарко Мучев – бас гитара, Гоце Стевковски – тапани, The Magical Strings Ensmeble & The Magical Voices.

На денешната прес-конференцијата Џијан Емин истакна дека концерот зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас.

Концерот во основа зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас и за се она што се случува помеѓу нас како луѓе, за нашето општество, за социјалниот дефект во светски рамки и ова е обид да ако можеме некако да придонесеме овој свет во кој што живееме, барем за момент да стане малку поубав, додаде Џијан Емин.

Музиката има две нивоа, а четири димензии на доживување. Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гудачки ансамбл.

Едниот елемент се песните кои ќе бидат изведени со бендот, поткрепени со гудачкиот ансмбл и вокалната група, и тие се релативно кратки форми, околу 5 минути трае секоја композиција. Помеѓу тие композиции ќе имаме визуализација и додека трае, ќе имаме и нарација. Наратор е Атанас Атанасовски и тој ќе ја раскаже приказната. Додека тој раскажува ќе имаме дополнителна музика која е исто многу важна но е различна од она што ние го свириме, објасни Џијан Емин.

Емил Петров ќе биде задолжен за визуелизациите на самиот проект, ќе има поставени визуелни елементи во самиот простор.

Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гуадчки ансамбл, а ќе имаме и шест прекрасни млади дами кои со нивните гласови дополнитлено ќе ја збогатат убавината на целата музика. Материјалот кој што ќе го свириме на музичко поетско визуелниот перформанс е веќе снимен, и треба дополнително да се доснимаат уште неколку рбаоти, по завршување на настанот во петок ќе влеземе во продукцијска акција и ќе имаме издание од песните кои ќе бидат изведени под настанот во петок, додаде Џијан Емин.

Автор на текстови: Тина Иванова, Визуелизации: Емил Петров, Музика: Џијан Емин
Билетите може да се набават на билетарницата на Филхармонија, како и онлајн преку веб-страницата на Филхармонија www.filharmonija.mk, или директно на линкот подолу.
https://filharmonijaonline.mk/index.php?id=553

На 25 март ќе се одржи концерт под наслов „Диши љубов”, концерт на кој ќе бидат изведени песни чиј автор на музиката, како и на аранжманите е Џијан Емин, веќе добро познато име за музичката култура. Автор на текстовите на песните и на расказот којшто ќе биде наратив на настанот, сум јас. Со нетрпение го чекаме овој мултимедијален проект, кој настана пред две години, но не се одржа поради пандемијата. Станува збор за љубовен концерт, со меланхолична содржина, дури темна и трагична, музика која ја опејува љубовта во сите нејзини лица, вели Иванова.

The post Музичко-поетски-визуелен перформанс „Диши љубов“ в петок во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Music Incubator & ЗЏМ ви претставуваат: Музичко-поетски-визуелен перформанс ДИШИ ЉУБОВ

Магично патување низ сите лица на љубовта, заедно со: „оVo“- Џијан Емин – гитара, вокал Драган Гиновски – гитара, Ади Имери – гитара, вокал, Дарко Мучев – бас гитара, Гоце Стевковски – тапани, The Magical Strings Ensmeble & The Magical Voices.

На денешната прес-конференцијата Џијан Емин истакна дека концерот зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас.
Концерот во основа зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас и за се она што се случува помеѓу нас како луѓе, за нашето општество, за социјалниот дефект во светски рамки и ова е обид да ако можеме некако да придонесеме овој свет во кој што живееме, барем за момент да стане малку поубав, додаде Џијан Емин.
Музиката има две нивоа, а четири димензии на доживување. Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гудачки ансамбл.
Едниот елемент се песните кои ќе бидат изведени со бендот, поткрепени со гудачкиот ансмбл и вокалната група, и тие се релативно кратки форми, околу 5 минути трае секоја композиција. Помеѓу тие композиции ќе имаме визуализација и додека трае, ќе имаме и нарација. Наратор е Атанас Атанасовски и тој ќе ја раскаже приказната. Додека тој раскажува ќе имаме дополнителна музика која е исто многу важна но е различна од она што ние го свириме, објасни Џијан Емин.
Емил Петров ќе биде задолжен за визуелизациите на самиот проект, ќе има поставени визуелни елементи во самиот простор.
Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гуадчки ансамбл, а ќе имаме и шест прекрасни млади дами кои со нивните гласови дополнитлено ќе ја збогатат убавината на целата музика. Материјалот кој што ќе го свириме на музичко поетско визуелниот перформанс е веќе снимен, и треба дополнително да се доснимаат уште неколку рбаоти, по завршување на настанот во петок ќе влеземе во продукцијска акција и ќе имаме издание од песните кои ќе бидат изведени под настанот во петок, додаде Џијан Емин.

Автор на текстови: Тина Иванова, Визуелизации: Емил Петров, Музика: Џијан Емин Билетите може да се набават на билетарницата на Филхармонија, како и онлајн преку веб-страницата на Филхармонија www.filharmonija.mk, или директно на линкот подолу. https://filharmonijaonline.mk/index.php?id=553