диригент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dirigent/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 08:00:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png диригент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dirigent/ 32 32 Концерт на Филхармонијата со диригентот Томас Херцог од Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-filharmonijata-so-dirigentot-tomas-hertsog-od-shvajtsarija/ Thu, 19 Sep 2024 08:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=817662

Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе одржи концерт во рамки на 47. „Денови на македонската музика“. Оркестарот ќе го води диригентот од Швајцарија - Томас Херцог.

На програмата се „Девет минијатури за симфониски оркестар“ од Томислав Зографски, Прелудиум бр.2/ CON DELICATEZZA од Панде Шахов, „The apple t(h)ree (to the unmercenaries)“ од Дамјан Темков, а премиерно ќе бидат изведени и делата „Дијада“ бр. 2 од Јана Андреевска и „Disturbance“ од Бојана Петровиќ-Алексова.

Како што соопшти Филхармонијата, диригентот Херцог во периодот од 2014 до 2024 година бил постојан балетски диригент во Театарот Базел. Од 2019 година, често бил гостин-диригент на балетски продукции во „Семперопер“ во Дрезден и Државната опера во Будимпешта.

Меѓу неговите неодамнешни деби настапи се вбројуваат и концертите со Шпанскиот радио оркестар РТВЕ во Мадрид, Холандскиот национален балет во Амстердам, Нирнбершкиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Виртемберг во Хајлброн, Националната опера на Рајна во Стразбур и Мулуз, и Резиденцискиот оркестар во Хаг, посочува Филхармонијата.

Повеќе од 15 години Херцог соработува како редовен гостин-диригент со Филхармонијата на Виртемберг во Ројтлинген, Филхармонијата на Монтевидео и симфониските оркестри во Мишколц, Сегед и Сомбатхељ во Унгарија. Во сезоната 2024/25, Херцог ќе дебитира во Дојче Опер ам Рајн во Дизелдорф, Музичкото театар Аалто во Есен и Операта во Рим, а исто така повторно ќе настапи во Дрезден и Будимпешта во неколку уметнички продукции.

Роден во Базел, Херцог, кој има унгарски корени, студирал ударни инструменти, композиција и диригирање. Во 1997 година, тој ја освои првата награда на натпреварот за композиција на Камерниот оркестар на Лозана. Како диригент, Херцог развива особен афинитет кон изведба на дела од шпански и француски композитори, современа музика и педагошки културни проекти. Неговиот балетски репертоар опфаќа класични ремек-дела како што се „Жизел“, „Дон Кихот“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и современи танцови композиции. Како реномиран експерт, Херцог редовно добива покани за диригирање со реномирани ансамбли, како што се Радио оркестарот на Унгарија во Будимпешта, Државната филхармонија на Рајнска-Пфалц, Симфонискиот оркестар на Берн и Симфонискиот оркестар на Кипар, се наведува во соопштението.

The post Концерт на Филхармонијата со диригентот Томас Херцог од Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе одржи концерт во рамки на 47. „Денови на македонската музика“. Оркестарот ќе го води диригентот од Швајцарија - Томас Херцог. На програмата се „Девет минијатури за симфониски оркестар“ од Томислав Зографски, Прелудиум бр.2/ CON DELICATEZZA од Панде Шахов, „The apple t(h)ree (to the unmercenaries)“ од Дамјан Темков, а премиерно ќе бидат изведени и делата „Дијада“ бр. 2 од Јана Андреевска и „Disturbance“ од Бојана Петровиќ-Алексова. Како што соопшти Филхармонијата, диригентот Херцог во периодот од 2014 до 2024 година бил постојан балетски диригент во Театарот Базел. Од 2019 година, често бил гостин-диригент на балетски продукции во „Семперопер“ во Дрезден и Државната опера во Будимпешта.
Меѓу неговите неодамнешни деби настапи се вбројуваат и концертите со Шпанскиот радио оркестар РТВЕ во Мадрид, Холандскиот национален балет во Амстердам, Нирнбершкиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Виртемберг во Хајлброн, Националната опера на Рајна во Стразбур и Мулуз, и Резиденцискиот оркестар во Хаг, посочува Филхармонијата.
Повеќе од 15 години Херцог соработува како редовен гостин-диригент со Филхармонијата на Виртемберг во Ројтлинген, Филхармонијата на Монтевидео и симфониските оркестри во Мишколц, Сегед и Сомбатхељ во Унгарија. Во сезоната 2024/25, Херцог ќе дебитира во Дојче Опер ам Рајн во Дизелдорф, Музичкото театар Аалто во Есен и Операта во Рим, а исто така повторно ќе настапи во Дрезден и Будимпешта во неколку уметнички продукции.
Роден во Базел, Херцог, кој има унгарски корени, студирал ударни инструменти, композиција и диригирање. Во 1997 година, тој ја освои првата награда на натпреварот за композиција на Камерниот оркестар на Лозана. Како диригент, Херцог развива особен афинитет кон изведба на дела од шпански и француски композитори, современа музика и педагошки културни проекти. Неговиот балетски репертоар опфаќа класични ремек-дела како што се „Жизел“, „Дон Кихот“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и современи танцови композиции. Како реномиран експерт, Херцог редовно добива покани за диригирање со реномирани ансамбли, како што се Радио оркестарот на Унгарија во Будимпешта, Државната филхармонија на Рајнска-Пфалц, Симфонискиот оркестар на Берн и Симфонискиот оркестар на Кипар, се наведува во соопштението.
 
The post Концерт на Филхармонијата со диригентот Томас Херцог од Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerot-za-kultura-na-bugarija-ke-dirigira-so-sofiskata-filharmonija-vo-skopje/ Sat, 11 Mar 2023 14:39:01 +0000 https://republika.mk/?p=618506

Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. Ќе прозвучи програма со дела од Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс.

Концертот е насловен „Новата класика“, а солист ќе биде обоистот Владимир Лазаревски. Концертот се организира во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите како „Пиратите од Карибите“, „1492: Conquest of Paradise“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“.

Повеќе од три децении талентот на Најден Тодоров достигнува нови врвови во различни жанрови и се наметнува на најпрестижните сцени ширум светот. На крајот на 2022 година, неговите концерти во Богота со Националната филхармонија на Колумбија, со познатиот виолончелист Сантијаго Канон-Валенсија како солист, како и концертот со Симфонискиот оркестар на Сан Ремо, доживеаја голем успех. Во ноември 2022 година со Софиската филхармонија тој гостуваше во Загреб, а во декември – во големата сала на Берлинската филхармонија. Во меѓувреме, во октомври Најден Тодоров го презеде својот втор мандат како директор на Софиската филхармонија, по презентирањето на брилијантно одбранетиот концепт за просперитет на националниот оркестар на Р. Бугарија“, соопштија организаторите.

Како што посочуваат, неговата професионална кариера почнува во Пловдивското музичко училиште „Добрин Петков“, каде што на 16-годишна возраст дебитирал како диригент, а го создава Младинскиот оркестар „Пловдив“ со кој учествува на неколку европски турнеи. Студирал диригирање кај Крстју Марев и Александар Владигеров, од 1993 година бил студент на Урош Лајовиц и Карл Остеррајхер на Универзитетот во Виена, во 1996 година специјализирал на Музичката академија „Рубин“ во Ерусалим кај Менди Родан. Магистрирал на Новиот бугарски универзитет, докторирал на Универзитетот во Лондон и насока културен менаџмент на Новиот бугарски универзитет. Бил стипендист на Меѓународната фондација „Св. Св. Кирил и Методиј“, Фондацијата Боргезе, Ротари клуб - Виена и Швајцарската фондација „Георг Вехтер“.

The post Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. Ќе прозвучи програма со дела од Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс. Концертот е насловен „Новата класика“, а солист ќе биде обоистот Владимир Лазаревски. Концертот се организира во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите како „Пиратите од Карибите“, „1492: Conquest of Paradise“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“.
Повеќе од три децении талентот на Најден Тодоров достигнува нови врвови во различни жанрови и се наметнува на најпрестижните сцени ширум светот. На крајот на 2022 година, неговите концерти во Богота со Националната филхармонија на Колумбија, со познатиот виолончелист Сантијаго Канон-Валенсија како солист, како и концертот со Симфонискиот оркестар на Сан Ремо, доживеаја голем успех. Во ноември 2022 година со Софиската филхармонија тој гостуваше во Загреб, а во декември – во големата сала на Берлинската филхармонија. Во меѓувреме, во октомври Најден Тодоров го презеде својот втор мандат како директор на Софиската филхармонија, по презентирањето на брилијантно одбранетиот концепт за просперитет на националниот оркестар на Р. Бугарија“, соопштија организаторите.
Како што посочуваат, неговата професионална кариера почнува во Пловдивското музичко училиште „Добрин Петков“, каде што на 16-годишна возраст дебитирал како диригент, а го создава Младинскиот оркестар „Пловдив“ со кој учествува на неколку европски турнеи. Студирал диригирање кај Крстју Марев и Александар Владигеров, од 1993 година бил студент на Урош Лајовиц и Карл Остеррајхер на Универзитетот во Виена, во 1996 година специјализирал на Музичката академија „Рубин“ во Ерусалим кај Менди Родан. Магистрирал на Новиот бугарски универзитет, докторирал на Универзитетот во Лондон и насока културен менаџмент на Новиот бугарски универзитет. Бил стипендист на Меѓународната фондација „Св. Св. Кирил и Методиј“, Фондацијата Боргезе, Ротари клуб - Виена и Швајцарската фондација „Георг Вехтер“.

The post Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Францускиот диригент Паскал Галоа ќе одржи концерт со ученици од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/francuskiot-dirigent-paskal-galoa-kje-odrzi-koncert-so-uchenici-od-mbuc-ilija-nikolovski-luj/ Fri, 18 Nov 2022 14:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=575491

Концертот на класична музика на кој францускиот диригент Паскал Галоа ќе настапи заедно со учениците од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ ќе се одржи на 18 ноември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба.

Претходните денови, од 12 до 18 ноември, познатиот француски музичар и диригент одржа оркестарски работилници со учениците, а концертот ќе биде завршниот чин од работата.

Паскал Галоа е повеќестран уметник и апсолутен мајстор на фаготот, инструмент за кој некогаш се сметало дека е енигматичен и бурен. Тој е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба.

Галоа е уметник посветен на родниот град, а од 2015 година го иницираше фестивалот „Musicales de Quiberon“, којшто ги соединува класицизмот и модерноста. Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија, а следејќи ја желбата да ја пренесе неговата страст и за музиката и за делата, како на современиците, така и на класиците.

Паскал Галоа е директор на Конзерваториумот „Моцарт“ во Париз, Франција.

Како диригент досега двапати настапил на фестивалот „Охридско лето“ со дела од современи композитори, а минатата година го изведе делото „Музика за 18 музичари“ од Стив Рајх со музичари од македонската филхармонија.

The post Францускиот диригент Паскал Галоа ќе одржи концерт со ученици од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ appeared first on Република.

]]>

Концертот на класична музика на кој францускиот диригент Паскал Галоа ќе настапи заедно со учениците од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ ќе се одржи на 18 ноември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба. Претходните денови, од 12 до 18 ноември, познатиот француски музичар и диригент одржа оркестарски работилници со учениците, а концертот ќе биде завршниот чин од работата. Паскал Галоа е повеќестран уметник и апсолутен мајстор на фаготот, инструмент за кој некогаш се сметало дека е енигматичен и бурен. Тој е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба. Галоа е уметник посветен на родниот град, а од 2015 година го иницираше фестивалот „Musicales de Quiberon“, којшто ги соединува класицизмот и модерноста. Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија, а следејќи ја желбата да ја пренесе неговата страст и за музиката и за делата, како на современиците, така и на класиците. Паскал Галоа е директор на Конзерваториумот „Моцарт“ во Париз, Франција. Како диригент досега двапати настапил на фестивалот „Охридско лето“ со дела од современи композитори, а минатата година го изведе делото „Музика за 18 музичари“ од Стив Рајх со музичари од македонската филхармонија.

The post Францускиот диригент Паскал Галоа ќе одржи концерт со ученици од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ appeared first on Република.

]]>
Милано му забрани на славниот диригент Валери Гергиев да ја води операта Ла Скала поради блискоста со Путин https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/milano-mu-zabrani-na-slavniot-dirigent-valeri-gergiev-da-ja-vodi-operata-la-skala-poradi-bliskosta-so-putin/ Fri, 25 Feb 2022 16:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=463936

Градоначалникот на Милано му рекол на Валери Гергиев, прославениот диригент близок до рускиот претседател Владимир Путин, дека нема да му биде дозволено да води оркестар во престижната опера Ла Скала во март, освен ако не ја осуди руската инвазија на Украина.

Градоначалникот Џузепе Сала, кој е и претседател на Ла Скала, рече:

Бараме од него да заземе јасна позиција против оваа инвазија, а во случај да не го стори тоа, ќе мораме да се откажеме од соработката.

Гергиев, музички директор на театарот Марински од Санкт Петербург, на кого Путин му ја додели наградата Херој на трудот на Руската Федерација, треба да се врати во Скала на 5 март за да ја заврши програмата на Чајковски „Пикова дама“.

The post Милано му забрани на славниот диригент Валери Гергиев да ја води операта Ла Скала поради блискоста со Путин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Милано му рекол на Валери Гергиев, прославениот диригент близок до рускиот претседател Владимир Путин, дека нема да му биде дозволено да води оркестар во престижната опера Ла Скала во март, освен ако не ја осуди руската инвазија на Украина. Градоначалникот Џузепе Сала, кој е и претседател на Ла Скала, рече: