Дирекција за спасување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direktsija-za-spasuvane/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 11:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дирекција за спасување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direktsija-za-spasuvane/ 32 32 Министерот Тошковски во работна посета на Дирекцијата за заштита и спасување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-toshkovski-vo-rabotna-poseta-na-direktsijata-za-zashtita-i-spasuvane/ Fri, 09 Aug 2024 11:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=804944

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на Одделението при Дирекцијата за заштита и спасување под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите.

 

За време на посетата, соопшти МВР, Тошковски се сретнал со дел од пилотите и екипажот, при што им искажа признание за храброста и пожртвуваноста во борбата со пожарите.

 

Притоа, тој изразил жалење за условите во кои работат, како и недостигот на кадар во ова одделение и ниските плати.

– Имавме можност да ги погледнеме ер тракторите, да поразговараме со пилотите и да се сретнеме и со екипите од Кипар и Германија, кои преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ учествуваат во гасењето на пожарите.

 

Овие луѓе, од кои некои се вратија и од пензија, заедно со екипите на Одделот за воздухопловни единици на МВР и Воздухопловниот винг на армијата се хероите кои секојдневно се во битката со пожарите со кои се соочува нашата татковина.

Ја изразив мојата огромна благодарност за се она што го прават и разменивме мислења за планираните реформи на системот за справување со кризи, како од оперативен така и од материјално-технички карактер.

 

Се сложивме дека потребата од реформата на системот е голема, а тие остануваат тука се додека е потребно, заедно да ги спасиме нашите шуми и природни богатства.

Министерството за внатрешни работи останува со сите свои капацитети да учествува во гасењето на пожарите и во пронаоѓањето на лица кои учествуваат во нивно подметнување и ширење, истакнал меѓу другото министерот Тошковски за време на посетата на Дирекцијата за заштита и спасување.

The post Министерот Тошковски во работна посета на Дирекцијата за заштита и спасување appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на Одделението при Дирекцијата за заштита и спасување под чија надлежност се воздухопловите за гасење на пожарите.
  За време на посетата, соопшти МВР, Тошковски се сретнал со дел од пилотите и екипажот, при што им искажа признание за храброста и пожртвуваноста во борбата со пожарите.   Притоа, тој изразил жалење за условите во кои работат, како и недостигот на кадар во ова одделение и ниските плати. – Имавме можност да ги погледнеме ер тракторите, да поразговараме со пилотите и да се сретнеме и со екипите од Кипар и Германија, кои преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ учествуваат во гасењето на пожарите.   Овие луѓе, од кои некои се вратија и од пензија, заедно со екипите на Одделот за воздухопловни единици на МВР и Воздухопловниот винг на армијата се хероите кои секојдневно се во битката со пожарите со кои се соочува нашата татковина. Ја изразив мојата огромна благодарност за се она што го прават и разменивме мислења за планираните реформи на системот за справување со кризи, како од оперативен така и од материјално-технички карактер.   Се сложивме дека потребата од реформата на системот е голема, а тие остануваат тука се додека е потребно, заедно да ги спасиме нашите шуми и природни богатства. Министерството за внатрешни работи останува со сите свои капацитети да учествува во гасењето на пожарите и во пронаоѓањето на лица кои учествуваат во нивно подметнување и ширење, истакнал меѓу другото министерот Тошковски за време на посетата на Дирекцијата за заштита и спасување.

The post Министерот Тошковски во работна посета на Дирекцијата за заштита и спасување appeared first on Република.

]]>