директор на Управата за извршување санкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Feb 2023 12:01:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png директор на Управата за извршување санкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/ 32 32 Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-ke-go-menuva-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-na-sanktsii/ Mon, 16 Jan 2023 12:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=597503

Не сум задоволен од работата на Управата за извршување анкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството.

Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-begstvoto-od-zatvor-go-organiziraat-srgan-dimitrievski-od-sds-i-idriz-asani-zatvorski-politsaets-od-dui/

За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.

Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.

За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

The post Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции appeared first on Република.

]]>

Не сум задоволен од работата на Управата за извршување анкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството. Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-begstvoto-od-zatvor-go-organiziraat-srgan-dimitrievski-od-sds-i-idriz-asani-zatvorski-politsaets-od-dui/ За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.