директор на агенција за храна и ветеринарство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direktor-na-agentsija-za-hrana-i-veterinarstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Jun 2023 09:44:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png директор на агенција за храна и ветеринарство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direktor-na-agentsija-za-hrana-i-veterinarstvo/ 32 32 Овошјето и зеленчукот се безбедни, нема присуство на тешки метали, тврди директорот на Агенцијата за храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ovoshjeto-i-zelenchukot-se-bezbedni-nema-prisustvo-na-teshki-metali-tvrdi-direktorot-na-agentsijata-za-hrana/ Mon, 05 Jun 2023 09:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=647966

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали во овошјето и зеленчукот, како што соопшти опозицијата.

Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава, ќе се знае, потенцира, наредните денови.

Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој порача дека кога се излегува да се каже нешто во јавноста, тоа треба да биде точно и вистинито.

Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.

The post Овошјето и зеленчукот се безбедни, нема присуство на тешки метали, тврди директорот на Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека се негативни резултатите од анализите за наводно присуство на резидуи од метали и тешки метали во овошјето и зеленчукот, како што соопшти опозицијата. Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава, ќе се знае, потенцира, наредните денови.
Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.
Тој порача дека кога се излегува да се каже нешто во јавноста, тоа треба да биде точно и вистинито. Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.

The post Овошјето и зеленчукот се безбедни, нема присуство на тешки метали, тврди директорот на Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>